Кетрин Мор гради еколошки
-
0:01 - 0:04Прво и основно, јас сум чудак.
-
0:04 - 0:06Јас сум чудак кој јаде органска храна,
-
0:06 - 0:09го минимизира својот јаглероден отисок, работи на операции со помош на роботи
-
0:09 - 0:12и навистина сакам да градам еколошки.
-
0:12 - 0:14Но многу се сомневам во
-
0:14 - 0:16сите оние добронамерни написи
-
0:16 - 0:18од луѓе со голем морален авторитет
-
0:18 - 0:20и малку податоци
-
0:20 - 0:22кои ми кажуваат како да го постигнам тоа.
-
0:22 - 0:24Па така мора да се снајдам самата.
-
0:24 - 0:27На пример: Дали ова е зло?
-
0:27 - 0:30Ми капнала капка од органски јогурт,
-
0:30 - 0:32од среќни крави од локална фарма,
-
0:32 - 0:34на мојата работна површина
-
0:34 - 0:37и земам хартиена крпа и сакам да ја избришам.
-
0:37 - 0:40Но смеам ли да користам хартиена крпа? (Смеа)
-
0:40 - 0:43Одговорот на ова може да се најде во целокупната внесена енергија.
-
0:43 - 0:45Тоа е количеството на енергија кое се
-
0:45 - 0:47внесува при производството на било која хартиена крпа, или преку искористена вода.
-
0:47 - 0:49Секогаш кога користам хартиена крпа,
-
0:49 - 0:51користам оволку
-
0:51 - 0:53виртуелна енергија и вода.
-
0:53 - 0:55Ја бришам и фрлам.
-
0:55 - 0:58Ако го споредам истово со памучна крпа,
-
0:58 - 1:00која можам да ја користам илјада пати,
-
1:00 - 1:03немам премногу внесена енергија
-
1:03 - 1:05сè додека не ја исперам крпата замачкана со јогурт.
-
1:05 - 1:08Ова сега е оперативна енергија.
-
1:08 - 1:10Па ако ја фрлам крпава во машина за перење,
-
1:10 - 1:12и додавам ново количество на
-
1:12 - 1:14енергија и вода,
-
1:14 - 1:16освен ако користам високо ефикасна машина за перење,
-
1:16 - 1:19што малку ја поправа целата слика.
-
1:19 - 1:21Но што е со крпите
-
1:21 - 1:23од рециклирана хартија?
-
1:23 - 1:25Па, сега хартиената крпа изгледа подобро.
-
1:25 - 1:27Заборавете ги хартиентие крпи. Да земеме сунѓер.
-
1:27 - 1:30Ја бришам со сунѓер и го ставам под чешмата која тече
-
1:30 - 1:32и имам многу помалку енергија и многу повеќе вода
-
1:32 - 1:34освен ако сте како мене и ја оставате рачката
-
1:34 - 1:36во позиција за пуштање на топла вода,
-
1:36 - 1:38па користите повеќе енергија,
-
1:38 - 1:40или уште полошо, ја оставате да тече додека се стопли
-
1:40 - 1:42за да ја исплакните крпата.
-
1:42 - 1:44И сега се пропаѓа.
-
1:44 - 1:46(смеа)
-
1:46 - 1:48Поентата на овој пример е дека
-
1:48 - 1:51понекогаш работи што најмалку очекувате,
-
1:51 - 1:53како позицијата во која ја оставате рачката на славината,
-
1:53 - 1:55имаат поголемо влијание од сите други
-
1:55 - 1:57работи што сте се обидувале да ги оптимизирате.
-
1:57 - 1:59Сега замислете некој забеган како мене
-
1:59 - 2:01да проба да гради куќа.
-
2:01 - 2:04(Смеа)
-
2:04 - 2:07Тоа го правиме со маж ми сега.
-
2:07 - 2:09Па така, сакавме да знаеме колку еколошки можеме да бидеме.
-
2:09 - 2:11Постојат илјада и една статија
-
2:11 - 2:13која ни кажува како да направиме еколошки избори.
-
2:13 - 2:15Истите се толку сконцентрирани да ни кажат
-
2:15 - 2:18како да оптимизираме мали работи по рабовите
-
2:18 - 2:20но не го гледаат слонот во дневната соба.
-
2:20 - 2:22Значи, просечната куќа
-
2:22 - 2:25има околу 300 мегават-часови
-
2:25 - 2:27внесена енергија.
-
2:27 - 2:29Тоа е енергијата употребена при нејзиното градење,
-
2:29 - 2:31милиони и милиони хартиени крпи.
-
2:31 - 2:34Сакавме да знаеме колку подобри можеме да бидеме.
-
2:34 - 2:36Па, како многу други,
-
2:36 - 2:38почнуваме со куќа на плац,
-
2:38 - 2:40горе е прикажана типична изградба
-
2:40 - 2:42а долу е она што ние го правиме.
-
2:42 - 2:44Па прво, ја уриваме.
-
2:44 - 2:47Потребно е одредено количество енергија, но ако ја размонтирате,
-
2:47 - 2:49дел по дел, ги користите деловите,
-
2:49 - 2:51може да вратите дел од таа енергија.
-
2:51 - 2:53Потоа ископавме голема дупка
-
2:53 - 2:55за да поставиме цистерна за дождовница
-
2:55 - 2:57за да имаме независен извор за вода за полевање.
-
2:57 - 2:59Потоа направивме големи темели
-
2:59 - 3:01за пасивни соларни панели.
-
3:01 - 3:03Внесената енергија може да се намали
-
3:03 - 3:05до околу 25%
-
3:05 - 3:08со користење на лесен бетон со голема количина на пепел.
-
3:08 - 3:10Потоа доаѓа на ред дрвената конструкција.
-
3:10 - 3:12Ова е дрвената конструкција, граѓа,
-
3:12 - 3:14композитни материјали,
-
3:14 - 3:17за кои е релативно тешко да се пресмета внесената енергија,
-
3:17 - 3:19но може да биде одржлив ресурс
-
3:19 - 3:22ако се користи граѓа со сертификат од FSC.
-
3:22 - 3:24Оттука одиме на првото
-
3:24 - 3:26нешто што многу нè изненади.
-
3:26 - 3:29Ако поставиме алуминиумски прозори
-
3:29 - 3:32би ја дуплирале потребната енергија веднаш.
-
3:32 - 3:34ПВЦ прозорците се малку подобри,
-
3:34 - 3:37но сепак не доволно добри како дрвените што го избравме.
-
3:37 - 3:39Потоа ги додаваме водоводните,
-
3:39 - 3:41електричните и инсталациите за греење и ладење
-
3:41 - 3:43и изолацијата.
-
3:43 - 3:46Пур пена е одличен изолатор, ги пополнува сите дупки,
-
3:46 - 3:49но има прилично висока внесена енергија.
-
3:49 - 3:52А распрскана целулоза или тексас
-
3:52 - 3:54е алтернатива со многу помала внесена енергија.
-
3:54 - 3:56Исто така, користевме и бали од
-
3:56 - 3:58слама како изолација во библиотеката,
-
3:58 - 4:00која воопшто нема внесена енергија.
-
4:00 - 4:02Кога е во прашање гипс-картон,
-
4:02 - 4:04ако се користи EcoRock, внесената енергија
-
4:04 - 4:07е околу една четвртина од внесената енергија од стандардниот гипс-картон.
-
4:07 - 4:09И дури тогаш се доаѓа до финесите,
-
4:09 - 4:12кои се предмет на сите оние статии за еколошка градба.
-
4:12 - 4:13Ако се разгледува куќата во целина,
-
4:13 - 4:16тие не прават никаква значајна разлика.
-
4:16 - 4:18А сепак, сите медиуми се концентрираат на нив.
-
4:18 - 4:20Освен подовите.
-
4:20 - 4:22Ако поставите килими во целата куќа,
-
4:22 - 4:25тоа е околу 1/10 од нејзината вкупна внесена енергија,
-
4:25 - 4:27освен ако не користите бетон или дрво
-
4:27 - 4:29со многу помала внесена енергија.
-
4:29 - 4:32Кога ќе се додаде и вкупната енергија користена при градбата, се соберат сите компоненти
-
4:32 - 4:34се добива дека сме изградиле куќа со помалку од половина
-
4:34 - 4:37од типичното количество енергија потребно да се изгради ваква куќа.
-
4:37 - 4:39Но пред да се пофалиме
-
4:39 - 4:41себе си за добро завршената работа,
-
4:41 - 4:44гледаме дека сме внеле 151 мегават часови
-
4:44 - 4:46енергија во градење на оваа куќа,
-
4:46 - 4:48иако тука веќе постоеше една.
-
4:48 - 4:50Па прашањето е:
-
4:50 - 4:52Како може да се поврати таа енергија?
-
4:52 - 4:55Па ако премотаме напред и ја споредиме потрошувачката
-
4:55 - 4:58на новата куќа и старата енергетски неефикасна куќа,
-
4:58 - 5:01таа енергија ќе се врати за околу 6 години.
-
5:01 - 5:03Веројатно би ја реновирала старата куќа за да биде
-
5:03 - 5:05со поголема енергетска ефикасност.
-
5:05 - 5:07А во тој случај,
-
5:07 - 5:10би ни требале повеќе од 20 години за да се изедначиме.
-
5:11 - 5:13Сега, ако не внимававме на внесената енергија,
-
5:13 - 5:15ќе ни требаа повеќе од 50 години
-
5:15 - 5:17да се изедначиме со
-
5:17 - 5:19потрошената енергија од реновираната куќа.
-
5:19 - 5:21Што значи ова?
-
5:21 - 5:24Во размер на мојот дел од куќата,
-
5:24 - 5:26тоа би било еднакво на
-
5:26 - 5:28онолку колку што трошам за возење во тек на една година,
-
5:28 - 5:30околу 5 пати повеќе отколку
-
5:30 - 5:32да бев вегетаријанец
-
5:32 - 5:35Но мојот слон во дневната соба лета.
-
5:35 - 5:38Секако, треба си одам пешки до дома од TED.
-
5:38 - 5:41Сите пресметки за
-
5:41 - 5:43внесена енергија се на блогот.
-
5:43 - 5:46И, запаметете, понекогаш нештата што не ги очекувате
-
5:46 - 5:49имаат најголемо влијание.
-
5:49 - 5:51Благодарам. (Аплауз)
- Title:
- Кетрин Мор гради еколошки
- Speaker:
- Catherine Mohr
- Description:
-
Во краткиот, забавен и полн со податоци говор на TED U, Кетрин Мор нè води низ сите невообичаени одлуки кои ги донела при изградбата на нова еколошка куќа - земајќи ги предвид вистинските податоци за потрошувачка на енергија, а не само од мода. Кои избори се најбитни? Не оние на кои прво помислувате.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 05:52