Прво и основно, јас сум чудак.
Јас сум чудак кој јаде органска храна,
го минимизира својот јаглероден отисок, работи на операции со помош на роботи
и навистина сакам да градам еколошки.
Но многу се сомневам во
сите оние добронамерни написи
од луѓе со голем морален авторитет
и малку податоци
кои ми кажуваат како да го постигнам тоа.
Па така мора да се снајдам самата.
На пример: Дали ова е зло?
Ми капнала капка од органски јогурт,
од среќни крави од локална фарма,
на мојата работна површина
и земам хартиена крпа и сакам да ја избришам.
Но смеам ли да користам хартиена крпа? (Смеа)
Одговорот на ова може да се најде во целокупната внесена енергија.
Тоа е количеството на енергија кое се
внесува при производството на било која хартиена крпа, или преку искористена вода.
Секогаш кога користам хартиена крпа,
користам оволку
виртуелна енергија и вода.
Ја бришам и фрлам.
Ако го споредам истово со памучна крпа,
која можам да ја користам илјада пати,
немам премногу внесена енергија
сè додека не ја исперам крпата замачкана со јогурт.
Ова сега е оперативна енергија.
Па ако ја фрлам крпава во машина за перење,
и додавам ново количество на
енергија и вода,
освен ако користам високо ефикасна машина за перење,
што малку ја поправа целата слика.
Но што е со крпите
од рециклирана хартија?
Па, сега хартиената крпа изгледа подобро.
Заборавете ги хартиентие крпи. Да земеме сунѓер.
Ја бришам со сунѓер и го ставам под чешмата која тече
и имам многу помалку енергија и многу повеќе вода
освен ако сте како мене и ја оставате рачката
во позиција за пуштање на топла вода,
па користите повеќе енергија,
или уште полошо, ја оставате да тече додека се стопли
за да ја исплакните крпата.
И сега се пропаѓа.
(смеа)
Поентата на овој пример е дека
понекогаш работи што најмалку очекувате,
како позицијата во која ја оставате рачката на славината,
имаат поголемо влијание од сите други
работи што сте се обидувале да ги оптимизирате.
Сега замислете некој забеган како мене
да проба да гради куќа.
(Смеа)
Тоа го правиме со маж ми сега.
Па така, сакавме да знаеме колку еколошки можеме да бидеме.
Постојат илјада и една статија
која ни кажува како да направиме еколошки избори.
Истите се толку сконцентрирани да ни кажат
како да оптимизираме мали работи по рабовите
но не го гледаат слонот во дневната соба.
Значи, просечната куќа
има околу 300 мегават-часови
внесена енергија.
Тоа е енергијата употребена при нејзиното градење,
милиони и милиони хартиени крпи.
Сакавме да знаеме колку подобри можеме да бидеме.
Па, како многу други,
почнуваме со куќа на плац,
горе е прикажана типична изградба
а долу е она што ние го правиме.
Па прво, ја уриваме.
Потребно е одредено количество енергија, но ако ја размонтирате,
дел по дел, ги користите деловите,
може да вратите дел од таа енергија.
Потоа ископавме голема дупка
за да поставиме цистерна за дождовница
за да имаме независен извор за вода за полевање.
Потоа направивме големи темели
за пасивни соларни панели.
Внесената енергија може да се намали
до околу 25%
со користење на лесен бетон со голема количина на пепел.
Потоа доаѓа на ред дрвената конструкција.
Ова е дрвената конструкција, граѓа,
композитни материјали,
за кои е релативно тешко да се пресмета внесената енергија,
но може да биде одржлив ресурс
ако се користи граѓа со сертификат од FSC.
Оттука одиме на првото
нешто што многу нè изненади.
Ако поставиме алуминиумски прозори
би ја дуплирале потребната енергија веднаш.
ПВЦ прозорците се малку подобри,
но сепак не доволно добри како дрвените што го избравме.
Потоа ги додаваме водоводните,
електричните и инсталациите за греење и ладење
и изолацијата.
Пур пена е одличен изолатор, ги пополнува сите дупки,
но има прилично висока внесена енергија.
А распрскана целулоза или тексас
е алтернатива со многу помала внесена енергија.
Исто така, користевме и бали од
слама како изолација во библиотеката,
која воопшто нема внесена енергија.
Кога е во прашање гипс-картон,
ако се користи EcoRock, внесената енергија
е околу една четвртина од внесената енергија од стандардниот гипс-картон.
И дури тогаш се доаѓа до финесите,
кои се предмет на сите оние статии за еколошка градба.
Ако се разгледува куќата во целина,
тие не прават никаква значајна разлика.
А сепак, сите медиуми се концентрираат на нив.
Освен подовите.
Ако поставите килими во целата куќа,
тоа е околу 1/10 од нејзината вкупна внесена енергија,
освен ако не користите бетон или дрво
со многу помала внесена енергија.
Кога ќе се додаде и вкупната енергија користена при градбата, се соберат сите компоненти
се добива дека сме изградиле куќа со помалку од половина
од типичното количество енергија потребно да се изгради ваква куќа.
Но пред да се пофалиме
себе си за добро завршената работа,
гледаме дека сме внеле 151 мегават часови
енергија во градење на оваа куќа,
иако тука веќе постоеше една.
Па прашањето е:
Како може да се поврати таа енергија?
Па ако премотаме напред и ја споредиме потрошувачката
на новата куќа и старата енергетски неефикасна куќа,
таа енергија ќе се врати за околу 6 години.
Веројатно би ја реновирала старата куќа за да биде
со поголема енергетска ефикасност.
А во тој случај,
би ни требале повеќе од 20 години за да се изедначиме.
Сега, ако не внимававме на внесената енергија,
ќе ни требаа повеќе од 50 години
да се изедначиме со
потрошената енергија од реновираната куќа.
Што значи ова?
Во размер на мојот дел од куќата,
тоа би било еднакво на
онолку колку што трошам за возење во тек на една година,
околу 5 пати повеќе отколку
да бев вегетаријанец
Но мојот слон во дневната соба лета.
Секако, треба си одам пешки до дома од TED.
Сите пресметки за
внесена енергија се на блогот.
И, запаметете, понекогаш нештата што не ги очекувате
имаат најголемо влијание.
Благодарам. (Аплауз)