Бенџамин Зандер зборува за музиката и страста
-
0:00 - 0:03Сигурно многумина од вас ја знаат приказната за двајцата трговци
-
0:03 - 0:06кои отишле во Африка во почетокот на 20ти век.
-
0:06 - 0:08Биле пратени за да видат дали има можност
-
0:08 - 0:10таму да се продаваат чевли.
-
0:10 - 0:13Испратиле телеграми до Манчестер.
-
0:13 - 0:17Едниот напишал „Безнадежно е. Стоп.
-
0:17 - 0:18Овде не носат чевли.“
-
0:18 - 0:21А, другиот напишал „Неверојатна шанса.
-
0:21 - 0:23Сеуште никој нема чевли.“
-
0:23 - 0:24(Смеа)
-
0:24 - 0:27Слична ситуација постои и во светот на класичната музика,
-
0:28 - 0:29затоа што има луѓе кои мислат
-
0:29 - 0:32дека класичната музика изумира.
-
0:33 - 0:36Но, нè има и такви кои мислиме дека најдоброто допрва доаѓа.
-
0:36 - 0:40И наместо да почнам со статистики и трендови,
-
0:40 - 0:42и да ви кажам за сите оркестри кои се растураат
-
0:42 - 0:45и продукциски куќи кои се затвораат,
-
0:45 - 0:49помислив дека е подобро да направиме експеримент вечерва.
-
0:49 - 0:53Всушност, ова баш и не е експеримент, затоа што веќе знам кој ќе биде резултатот.
-
0:54 - 0:56Но, наликува на експеримент. Пред да...
-
0:56 - 1:00(Смеа)
-
1:00 - 1:02...пред да почнеме, две работи.
-
1:02 - 1:06Прво, сакам да ве потсетам како свири пијано
-
1:07 - 1:08едно седум-годишно дете.
-
1:08 - 1:10Можеби и вие имате едно вакво дете дома.
-
1:11 - 1:12Тоа звучи вака некако...
-
1:12 - 1:32(пијано)
-
1:32 - 1:34Гледам дека ова ви е познато.
-
1:34 - 1:39Е, сега, ако тоа дете вежба и зема часови уште една година...
-
1:39 - 1:40сега има осум години и звучи вака.
-
1:40 - 1:47(пијано)
-
1:47 - 1:50Па, вежба и зема часови уште една година. Сега има девет години.
-
1:50 - 1:56(пијано)
-
1:56 - 1:59Па, уште една година... сега има десет.
-
1:59 - 2:06(пијано)
-
2:06 - 2:07И тука обично се откажуваат.
-
2:07 - 2:09(Смеа)
-
2:09 - 2:11(Аплауз)
-
2:11 - 2:13Но, да почекало уште една година,
-
2:14 - 2:15би го слушнале ова.
-
2:15 - 2:24(пијано)
-
2:24 - 2:27Можеби си помисливте дека детето
-
2:27 - 2:30одеднаш се внело во музиката, почнало да свири со страст,
-
2:30 - 2:33или има нов професор, влегло во пубертет, што ли ти не.
-
2:33 - 2:37Но, всушност, разликата е во тоа што се намалија импулсите.
-
2:38 - 2:39Првиот пат кога свиреше,
-
2:39 - 2:41свиреше со потенцирање на секоја нота.
-
2:42 - 2:44(пијано)
-
2:44 - 2:46Потоа, со потенцирање на секоја втора нота.
-
2:47 - 2:49(пијано)
-
2:49 - 2:50Ќе го забележите тоа ако ми ја гледате главата.
-
2:51 - 2:52(Смеа)
-
2:52 - 2:54Девет-годишното дете
-
2:54 - 2:55ја потенцира секоја четврта нота.
-
2:55 - 2:57(пијано)
-
2:58 - 2:59Десет-годишното секоја осма нота.
-
2:59 - 3:02(пијано)
-
3:02 - 3:04Единаесет-годишното потенцира само една нота во целиот сегмент.
-
3:04 - 3:07(пијано)
-
3:08 - 3:10Навистина не знам како се најдов во оваа позиција.
-
3:10 - 3:12(Смеа)
-
3:13 - 3:15Не го правам тоа намерно.
-
3:15 - 3:17Не... музиката ме турка,
-
3:17 - 3:19па затоа ова го нарекувам свирење со половина газе.
-
3:19 - 3:21(пијано)
-
3:21 - 3:22Може и со другата половина.
-
3:22 - 3:26(пијано)
-
3:26 - 3:29Еден господин еднаш гледаше една презентација која ја правев
-
3:29 - 3:30кога работев со еден млад пијанист.
-
3:31 - 3:33Тој беше претседател на една корпорација од Охајо.
-
3:33 - 3:35Додека работев со пијанистот му реков
-
3:36 - 3:38„Твојот проблем е што свириш со целото газе.
-
3:38 - 3:40Треба да свириш само со едната половина.“
-
3:40 - 3:42Му го поместив телото вака, додека свиреше,
-
3:42 - 3:44и музиката одеднаш како да полета.
-
3:45 - 3:47Публиката веднаш ја забележа разликата.
-
3:47 - 3:49Подоцна добив писмо од овој господин.
-
3:49 - 3:50Вели: „Бев толку трогнат,
-
3:50 - 3:52што ја трансформирав целата компанија
-
3:53 - 3:54во компанија која работи на половина газе.“
-
3:54 - 3:57(Смеа)
-
3:58 - 4:00Втората работа која сакав да ви ја кажам се однесува на вас.
-
4:00 - 4:03Мислам дека овде има околу 1.600 луѓе.
-
4:03 - 4:06Според моја проценка, околу 45 од вас
-
4:06 - 4:08се апсолутно вљубени во класичната музика.
-
4:09 - 4:14Ја обожавате. Радиото ви е наместено на тој канал,
-
4:14 - 4:17имате цедиња во кола, одите на симфониски концерти,
-
4:17 - 4:18децата ви свират на некој инструмент.
-
4:18 - 4:20Животот не можете да си го замислите без класичната музика.
-
4:21 - 4:23Тоа е првата група, која е доста мала.
-
4:23 - 4:25Втората група е малку поголема.
-
4:25 - 4:27Тоа се луѓето на кои класичната музика не им пречи.
-
4:27 - 4:28(Смеа)
-
4:28 - 4:30Се враќате дома, по напорниот ден,
-
4:30 - 4:32си ставате чаша вино и се опуштате.
-
4:33 - 4:35Малку Вивалди во позадина никому нема да наштети.
-
4:35 - 4:36(Смеа)
-
4:36 - 4:37Тоа е втората група.
-
4:37 - 4:38Е, сега доаѓа третата група.
-
4:38 - 4:40Тоа се луѓето кои никогаш не слушаат класична музика.
-
4:40 - 4:42Таа воопшто не е дел од нивниот живот.
-
4:43 - 4:45Ја слушате по аеродроми, но...
-
4:45 - 4:47(Смеа)
-
4:47 - 4:48можеби го слушнавте маршот од Аида
-
4:48 - 4:51кога влегувавте во салата, но тоа е тоа.
-
4:52 - 4:53Ова, најверојатно, е најголемата група.
-
4:53 - 4:55Но, постои и една многу мала група
-
4:55 - 4:58на луѓе кои мислат дека немаат слух за музика.
-
4:58 - 5:00Неверојатно многу луѓе мислат дека немаат слух.
-
5:01 - 5:03Често слушам коментари како „маж ми нема слух.“
-
5:03 - 5:04(Смеа)
-
5:04 - 5:07Всушност, не може да немате слух. Сите имаат слух.
-
5:07 - 5:10Да немате слух, не би можеле ни да ја смените брзината
-
5:10 - 5:12во кола со рачен менувач.
-
5:12 - 5:14Не би можеле да препознаете дали некој
-
5:14 - 5:16е од Тексас или Рим.
-
5:16 - 5:20А, телефонот, пак... да се јави сега мајка ви
-
5:21 - 5:23на тој мизерен телефон, и да каже „здраво“,
-
5:23 - 5:26не само што ќе знаете кој е, туку ќе знаете и во какво расположение е.
-
5:27 - 5:30Имате одлично уво. Сите ние имаме одлично уво.
-
5:30 - 5:32Сите имаме слух.
-
5:32 - 5:36Но, залудно е да ви го зборувам ова
-
5:36 - 5:39кога има толку голем јаз помеѓу оние кои ја разбираат
-
5:40 - 5:42и сакаат класичната музика
-
5:42 - 5:45и оние кои немаат никаква врска со неа.
-
5:45 - 5:47Значи, нема луѓе без слух.
-
5:47 - 5:51Но, дури и кај трите други групи, јазот е голем.
-
5:51 - 5:55Значи, не сопирам сè додека сите овде,
-
5:55 - 6:00долу, во Аспен, па и тие што нè гледаат,
-
6:01 - 6:04не ја засакаат и не почнат да ја разбираат класичната музика.
-
6:04 - 6:06Тоа ми е целта.
-
6:07 - 6:12Како што гледате, воопшто не се сомневам
-
6:12 - 6:15дека ова ќе успее... ако ме погледнете, така?
-
6:15 - 6:19Една од особините на лидерот е тоа што тој, ниту за момент,
-
6:19 - 6:22не се сомнева во капацитетот на луѓето што ги предводи
-
6:23 - 6:25да го согледаат неговиот сон.
-
6:25 - 6:28Замислете Мартин Лутер Кинг да кажеше: „Имам еден сон,
-
6:28 - 6:30ама не сум баш сигурен дека ќе ме сфатат.“
-
6:30 - 6:33(Смеа)
-
6:34 - 6:36Добро. Значи, ќе одам со едно дело од Шопен.
-
6:36 - 6:41Ова е една убава увертира. Некои од вас ќе ја препознаат.
-
6:42 - 7:10(музика)
-
7:10 - 7:12Знаете ли што мислам дека се случи сега?
-
7:13 - 7:15Кога почнав, си помисливте: „Колку убаво звучи тоа.“
-
7:15 - 7:28(музика)
-
7:29 - 7:30„Мислам дека догодина не треба
-
7:30 - 7:32да одиме на одмор на истово место.“
-
7:32 - 7:35(Смеа)
-
7:35 - 7:38Интересно, нели? Од каде одеднаш
-
7:38 - 7:41тие мисли во главата.
-
7:41 - 7:42И, секако...
-
7:42 - 7:45(Аплауз)
-
7:45 - 7:47...ако делото е долго, а вие сте изморени,
-
7:48 - 7:49би можеле и да задремете.
-
7:49 - 7:51Па, тој до вас ќе ве удри во ребра
-
7:51 - 7:55и ќе рече: „Разбуди се! Ова ти е култура!“ А, вие умирате од срам.
-
7:55 - 7:58Но, дали сте помислиле дека причината зошто ви се спие
-
7:59 - 8:01кога слушате класична музика е во нас?
-
8:01 - 8:03Дали некој си помисли, додека свирев сега,
-
8:03 - 8:05„Зошто користи толку импулси?“
-
8:05 - 8:08Да ја мрдав вака главата, сигурно ќе си го помислевте тоа.
-
8:09 - 8:14(музика)
-
8:14 - 8:18И, така, до крајот на животот, кога и да слушнете класична музика,
-
8:18 - 8:22секогаш ќе знаете дали ги слушате импулсите.
-
8:22 - 8:24Ајде, да видиме што, всушност, се случува тука.
-
8:24 - 8:29Имаме едно (си). Ова е (си). Следната нота е (до).
-
8:29 - 8:32Целата поента на нотата (до) е да направи (си) да звучи тажно. Нели?
-
8:32 - 8:35(Смеа)
-
8:35 - 8:37Композиторите го знаат тоа. Ако сакаат тажна музика,
-
8:37 - 8:38ги користат овие две ноти.
-
8:38 - 8:43(музика)
-
8:43 - 8:45Но, во основа, тоа е (си) со четири тажни ноти.
-
8:45 - 8:47(Смеа)
-
8:48 - 8:53Сега одиме на (ла)... па, на (сол)... па, на (фа).
-
8:53 - 8:57Значи, (си), (ла), (сол), (фа). Ако е така...
-
8:58 - 9:04тогаш, што очекуваме да биде следно? Не ни успеа...
-
9:04 - 9:10Ајде, пак... хорот на ТЕД.
-
9:10 - 9:13(Смеа)
-
9:13 - 9:17Гледате дека сите имаат слух? Сите.
-
9:17 - 9:19Дури и во селата во Бангладеш,
-
9:19 - 9:24или во селцата во Кина. Сите знаат...
-
9:25 - 9:28Сите знаат дека треба да дојде (ми).
-
9:28 - 9:31Но, Шопен не сакал веднаш да оди на (ми),
-
9:32 - 9:34затоа што... што ќе се случи? Ќе заврши, како Хамлет.
-
9:34 - 9:36Се сеќавате на Хамлет? Уште во чин 1, сцена 3,
-
9:37 - 9:38дознава дека чичко му го убил татко му.
-
9:38 - 9:40Па, доаѓа до чичко му
-
9:40 - 9:41и за малку да го убие, па се повлекува.
-
9:41 - 9:44Пак му се доближува и скоро го убива...
-
9:44 - 9:46Па, критичарите од задните редови,
-
9:46 - 9:49кои мора да кажат нешто, велат: „Да, Хамлет е нерешителен.“
-
9:49 - 9:50(Смеа)
-
9:50 - 9:52Или „Хамлет има Едипов комплекс.“
-
9:53 - 9:56Не бре, инаку претставата би завршила, смотани!
-
9:56 - 9:58Затоа Шекспир ја натрупал драмата со толку случки.
-
9:59 - 10:01Офелија полудува, па драма во драма,
-
10:01 - 10:02па черепот и гробарите.
-
10:03 - 10:06Сето тоа е одложување до чин 5, кога го убива.
-
10:06 - 10:11Истото е и со Шопен. Само што требаше да дојде до (ми),
-
10:11 - 10:13вели: „А, не, подобро да си се вратам.“
-
10:13 - 10:16И се враќа.
-
10:17 - 10:20Сега се возбудува... ова е возбуда,
-
10:20 - 10:21ништо страшно.
-
10:22 - 10:24Па, оди до повишено (фа), и конечно до (ми).
-
10:24 - 10:27Ама, акордот е погрешен. Се бара овој акорд...
-
10:28 - 10:31А, тој го дава овој...
-
10:31 - 10:35Тоа се нарекува лажна каденца, затоа што ве залажува.
-
10:36 - 10:38На студентите секогаш им велам: „Ако имате лажна каденца,
-
10:38 - 10:40само кренете ги веѓите и сите ќе знаат.“
-
10:40 - 10:43(Смеа)
-
10:43 - 10:46(Аплауз)
-
10:47 - 10:49Значи, доаѓа до (ми), но во погрешниот акорд.
-
10:49 - 10:52Пак се обидува со (ми). Акордот не чини.
-
10:52 - 10:55Пак... и тој акорд не чини.
-
10:55 - 10:57И пак... не чини.
-
10:58 - 11:01И конечно...
-
11:01 - 11:05Еден господин од првиот ред направи...
-
11:06 - 11:08Истиот гест како кога ќе се врати дома
-
11:08 - 11:11по долг ден, ја гаси колата и вели:
-
11:12 - 11:15„Ах, дома сум си.“ Сите знаеме каде е дома.
-
11:15 - 11:18Ова е дело кое тргнува од далеку и оди дома.
-
11:18 - 11:20Ќе го отсвирам целото
-
11:20 - 11:23и ќе видите... (си), (до), (си), (до)...
-
11:23 - 11:25до (ла), па (сол), па (фа),
-
11:25 - 11:27скоро доаѓа до (ми), но тука сè би завршило.
-
11:28 - 11:30Се враќа на (си), се возбудува, па на повишено (фа), па (ми).
-
11:30 - 11:32Погрешен акорд, погрешен акорд, погрешен акорд.
-
11:33 - 11:35И конечно оди до (ми) - оди дома.
-
11:35 - 11:38И ќе видите свирење со половина газе.
-
11:38 - 11:41(Смеа)
-
11:41 - 11:43За од (си) да дојдам до (ми),
-
11:44 - 11:49мора да престанам да мислам на секоја поединечна нота,
-
11:49 - 11:54туку треба да мислам на долгата низа од (си) до (ми).
-
11:55 - 11:59Бев во Јужна Африка, а не можете да отидете таму,
-
11:59 - 12:02а да не помислите на Мандела во затвор 27 години.
-
12:03 - 12:05За што ли размислувал? За ручекот?
-
12:05 - 12:08Не, размислувал за визијата за Јужна Африка
-
12:09 - 12:10и за човечките суштества.
-
12:10 - 12:13И овде зе работи за визијата, за долгата низа.
-
12:13 - 12:15Како птица која лета над некое поле
-
12:15 - 12:19и не размислува за оградите под неа, така?
-
12:19 - 12:22Значи, ќе ја проследиме низата од (си) до (ми).
-
12:22 - 12:26Имам една последна молба, пред да го отсвирам делото.
-
12:26 - 12:31Мислете на некого што го сакате, а кој повеќе не е тука.
-
12:31 - 12:34Вашата баба или саканиот.
-
12:35 - 12:38Некој што го сакате од сè срце,
-
12:38 - 12:41но кој повеќе не е со вас.
-
12:42 - 12:45Замислете ја таа личност, во исто време
-
12:45 - 12:49следете ја низата од (си) до (ми),
-
12:49 - 12:57и ќе слушнете што Шопен сакал да каже.
-
12:57 - 14:48(музика)
-
14:48 - 14:55(Аплауз)
-
14:55 - 15:00Можеби се прашувате...
-
15:00 - 15:06...зошто аплаудирам.
-
15:06 - 15:08Ова го направив и во едно училиште во Бостон,
-
15:08 - 15:12пред околу 70 шесто-одделенци, околу 12 години.
-
15:12 - 15:14Им го објаснив истото ова,
-
15:14 - 15:15им ја раскажав целата приказна.
-
15:15 - 15:17На крајот, побудалеа. Аплаудираа.
-
15:18 - 15:19Јас аплаудирав, тие аплаудираа.
-
15:19 - 15:21И реков: „Ма, зошто аплаудирам јас?“
-
15:21 - 15:22А, едно од децата рече: „Па, затоа што ние те слушавме.“
-
15:22 - 15:27(Смеа)
-
15:28 - 15:30Замислете... 1.600 зафатени луѓе,
-
15:30 - 15:32кои се зафатени со најразлични работи,
-
15:33 - 15:39ја слушаат, ја разбираат и уживаат во музиката на Шопен.
-
15:39 - 15:40Тоа е веќе нешто.
-
15:40 - 15:43Сигурен ли сум дека сите тука ја следевте музиката,
-
15:43 - 15:45ја разбравте и бевте трогнати од неа? Секако, не можам да бидам сигурен.
-
15:46 - 15:47Но, ќе ви кажам што ми се случи еднаш.
-
15:47 - 15:50Бев во Ирска за време на немирите пред 10 години,
-
15:50 - 15:53каде работев со деца од католичката и протeстантската заедница
-
15:53 - 15:57на тема разрешување на конфликт. Ова го направив и со нив.
-
15:58 - 16:00Што беше малку ризично, затоа што тоа беа улични деца.
-
16:00 - 16:03Едно од нив дојде следниот ден и рече:
-
16:04 - 16:07„Никогаш до сега не сум слушал класична музика,
-
16:07 - 16:08но кога го отсвири она од шопинг...
-
16:08 - 16:11(Смеа)
-
16:11 - 16:15Брат ми го убија лани, а јас не заплакав.
-
16:16 - 16:17Ама, вчера, кога свиреше,
-
16:17 - 16:20помислив на него.
-
16:20 - 16:22И солзите сами ми потекоа.
-
16:22 - 16:25Добро ми дојде, да се исплачам за брат ми.“
-
16:25 - 16:27Во тој момент сфатив
-
16:27 - 16:34дека класичната музика е за сите. За сите.
-
16:35 - 16:37Како би оделе... затоа што,
-
16:37 - 16:41во мојата професија не се размислува така.
-
16:41 - 16:44Велат дека 3% од популацијата сака класична музика.
-
16:44 - 16:48Кога само би можеле да дојдеме до 4%, би било супер!
-
16:49 - 16:52Јас велам „Како би оделе, како би зборувале, какви би биле
-
16:52 - 16:55ако мислите дека 3% од популацијата сака класична музика?
-
16:56 - 16:58Кога би дошле до 4%, како би оделе?
-
16:58 - 17:00Како би зборувале, какви би биле
-
17:00 - 17:02ако мислите дека сите сакаат класична музика,
-
17:02 - 17:04само не се свесни за тоа?“
-
17:04 - 17:05(Смеа)
-
17:05 - 17:07Тоа се два сосема различни света.
-
17:08 - 17:11Имав едно прекрасно искуство. Имав 45 години.
-
17:11 - 17:16Бев диригент веќе 20 години и одеднаш сфатив нешто.
-
17:17 - 17:20Диригентот не испушта ни звук.
-
17:20 - 17:22Сликата ми стои на цедето...
-
17:22 - 17:25(Смеа)
-
17:25 - 17:27ама, диригентот не испушта никаков звук.
-
17:28 - 17:32Неговата моќ и способност зависат од тоа дали ќе може другите да ги направи моќни.
-
17:32 - 17:36Тоа смени сè за мене. Ми се смени животот.
-
17:37 - 17:38Членовите на оркестарот ме прашуваа:
-
17:38 - 17:40„Бен, што се случи?“ Ете, тоа се случи.
-
17:40 - 17:45Сфатив дека мојата работа е да ги разбудам можностите во другите луѓе.
-
17:45 - 17:48И сакав да знам дали го правам тоа.
-
17:48 - 17:51Знаете како дознавате? Им погледнувате во очите.
-
17:51 - 17:55Ако очите им светкаат, сте успеале.
-
17:56 - 17:57Цело село може да осветлите со неговите очи.
-
17:57 - 17:59(Смеа)
-
17:59 - 18:01Ако очите светкаат, сте успеале.
-
18:01 - 18:04Ако очите не светкаат, треба да си поставите едно прашање.
-
18:04 - 18:05А, тоа е ова:
-
18:05 - 18:11Кој сум јас, па очите на моите музичари не светкаат?
-
18:12 - 18:13Тоа може да го направиме и со децата.
-
18:13 - 18:18Кој сум јас, па очите на моите деца не светкаат?
-
18:19 - 18:21Тоа е сосема друг свет.
-
18:21 - 18:26Скоро доаѓа крајот на оваа магична недела,
-
18:27 - 18:28по што се враќаме во вистинскиот свет.
-
18:28 - 18:32Време е да се запрашаме:
-
18:32 - 18:37Кои сме, како што се враќаме во светот?
-
18:37 - 18:39Јас имам една дефиниција за успехот.
-
18:40 - 18:42За мене, тоа е многу просто. Богатството, славата и моќта не се важни.
-
18:42 - 18:45Важно е колку светкави очи има околу мене.
-
18:46 - 18:49Сакам да кажам уште нешто,
-
18:49 - 18:52а тоа е дека навистина е важно што зборуваме.
-
18:52 - 18:54Зборовите што ги изговараме се важни.
-
18:54 - 18:58Ова го научив од една жена која го преживеала Аушвиц,
-
18:58 - 18:59една од ретките преживеани.
-
18:59 - 19:03Отишла во Аушвиц кога имала 15 години,
-
19:04 - 19:11нејзиниот брат имал 8, а родителите им умреле.
-
19:11 - 19:16И ми рече вака...
-
19:16 - 19:19Бевме во возот и одевме кон Аушвиц. Погледнав надолу
-
19:19 - 19:21и видов дека брат ми ги изгубил чевлите.
-
19:22 - 19:25Му реков: „Зошто си толку глупав? Пази си ги работите,
-
19:25 - 19:26аман веќе?!“ Како што една постара сестра
-
19:26 - 19:30би му рекла на помалиот брат.
-
19:30 - 19:33За жал, тоа било последното нешто што му го рекла,
-
19:33 - 19:37затоа што повеќе не го видела. Тој не преживеал.
-
19:37 - 19:39Па, кога излегла од Аушвиц, си ветила нешто.
-
19:40 - 19:44Рече: „Од Аушвиц излегов во нов живот
-
19:44 - 19:49и се заколнав. Се заколнав дека никогаш нема да кажам нешто
-
19:50 - 19:53што не е достојно да биде последното нешто што ќе го кажам.“
-
19:53 - 19:57Можеме ли и ние така? Не. Ќе грешиме и ќе бараме грешки во другите.
-
19:58 - 20:05Но, сепак, тоа е можност кон која може да се стремиме. Благодарам.
-
20:05 - 20:10(Аплауз)
-
20:11 - 20:22Очи што светкаат.
-
20:22 - 20:25Благодарам.
-
20:26 - 20:31(музика)
- Title:
- Бенџамин Зандер зборува за музиката и страста
- Speaker:
- Benjamin Zander
- Description:
-
Бенџамин Зандер има две заразни пасии: класичната музика и желбата да ни помогне да ја откриеме нашата скриена љубов кон неа, а со тоа и љубовта кон новите можности, новите искуства и новите врски.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 20:26