1 00:00:00,000 --> 00:00:03,000 Сигурно многумина од вас ја знаат приказната за двајцата трговци 2 00:00:03,000 --> 00:00:06,000 кои отишле во Африка во почетокот на 20ти век. 3 00:00:06,000 --> 00:00:08,000 Биле пратени за да видат дали има можност 4 00:00:08,000 --> 00:00:10,000 таму да се продаваат чевли. 5 00:00:10,000 --> 00:00:13,000 Испратиле телеграми до Манчестер. 6 00:00:13,000 --> 00:00:17,000 Едниот напишал „Безнадежно е. Стоп. 7 00:00:17,000 --> 00:00:18,000 Овде не носат чевли.“ 8 00:00:18,000 --> 00:00:21,000 А, другиот напишал „Неверојатна шанса. 9 00:00:21,000 --> 00:00:23,000 Сеуште никој нема чевли.“ 10 00:00:23,000 --> 00:00:24,000 (Смеа) 11 00:00:24,000 --> 00:00:27,000 Слична ситуација постои и во светот на класичната музика, 12 00:00:28,000 --> 00:00:29,000 затоа што има луѓе кои мислат 13 00:00:29,000 --> 00:00:32,000 дека класичната музика изумира. 14 00:00:33,000 --> 00:00:36,000 Но, нè има и такви кои мислиме дека најдоброто допрва доаѓа. 15 00:00:36,000 --> 00:00:40,000 И наместо да почнам со статистики и трендови, 16 00:00:40,000 --> 00:00:42,000 и да ви кажам за сите оркестри кои се растураат 17 00:00:42,000 --> 00:00:45,000 и продукциски куќи кои се затвораат, 18 00:00:45,000 --> 00:00:49,000 помислив дека е подобро да направиме експеримент вечерва. 19 00:00:49,000 --> 00:00:53,000 Всушност, ова баш и не е експеримент, затоа што веќе знам кој ќе биде резултатот. 20 00:00:54,000 --> 00:00:56,000 Но, наликува на експеримент. Пред да... 21 00:00:56,000 --> 00:01:00,000 (Смеа) 22 00:01:00,000 --> 00:01:02,000 ...пред да почнеме, две работи. 23 00:01:02,000 --> 00:01:06,000 Прво, сакам да ве потсетам како свири пијано 24 00:01:07,000 --> 00:01:08,000 едно седум-годишно дете. 25 00:01:08,000 --> 00:01:10,000 Можеби и вие имате едно вакво дете дома. 26 00:01:11,000 --> 00:01:12,000 Тоа звучи вака некако... 27 00:01:12,000 --> 00:01:32,000 (пијано) 28 00:01:32,000 --> 00:01:34,000 Гледам дека ова ви е познато. 29 00:01:34,000 --> 00:01:39,000 Е, сега, ако тоа дете вежба и зема часови уште една година... 30 00:01:39,000 --> 00:01:40,000 сега има осум години и звучи вака. 31 00:01:40,000 --> 00:01:47,000 (пијано) 32 00:01:47,000 --> 00:01:50,000 Па, вежба и зема часови уште една година. Сега има девет години. 33 00:01:50,000 --> 00:01:56,000 (пијано) 34 00:01:56,000 --> 00:01:59,000 Па, уште една година... сега има десет. 35 00:01:59,000 --> 00:02:06,000 (пијано) 36 00:02:06,000 --> 00:02:07,000 И тука обично се откажуваат. 37 00:02:07,000 --> 00:02:09,000 (Смеа) 38 00:02:09,000 --> 00:02:11,000 (Аплауз) 39 00:02:11,000 --> 00:02:13,000 Но, да почекало уште една година, 40 00:02:14,000 --> 00:02:15,000 би го слушнале ова. 41 00:02:15,000 --> 00:02:24,000 (пијано) 42 00:02:24,000 --> 00:02:27,000 Можеби си помисливте дека детето 43 00:02:27,000 --> 00:02:30,000 одеднаш се внело во музиката, почнало да свири со страст, 44 00:02:30,000 --> 00:02:33,000 или има нов професор, влегло во пубертет, што ли ти не. 45 00:02:33,000 --> 00:02:37,000 Но, всушност, разликата е во тоа што се намалија импулсите. 46 00:02:38,000 --> 00:02:39,000 Првиот пат кога свиреше, 47 00:02:39,000 --> 00:02:41,000 свиреше со потенцирање на секоја нота. 48 00:02:42,000 --> 00:02:44,000 (пијано) 49 00:02:44,000 --> 00:02:46,000 Потоа, со потенцирање на секоја втора нота. 50 00:02:47,000 --> 00:02:49,000 (пијано) 51 00:02:49,000 --> 00:02:50,000 Ќе го забележите тоа ако ми ја гледате главата. 52 00:02:51,000 --> 00:02:52,000 (Смеа) 53 00:02:52,000 --> 00:02:54,000 Девет-годишното дете 54 00:02:54,000 --> 00:02:55,000 ја потенцира секоја четврта нота. 55 00:02:55,000 --> 00:02:57,000 (пијано) 56 00:02:58,000 --> 00:02:59,000 Десет-годишното секоја осма нота. 57 00:02:59,000 --> 00:03:02,000 (пијано) 58 00:03:02,000 --> 00:03:04,000 Единаесет-годишното потенцира само една нота во целиот сегмент. 59 00:03:04,000 --> 00:03:07,000 (пијано) 60 00:03:08,000 --> 00:03:10,000 Навистина не знам како се најдов во оваа позиција. 61 00:03:10,000 --> 00:03:12,000 (Смеа) 62 00:03:13,000 --> 00:03:15,000 Не го правам тоа намерно. 63 00:03:15,000 --> 00:03:17,000 Не... музиката ме турка, 64 00:03:17,000 --> 00:03:19,000 па затоа ова го нарекувам свирење со половина газе. 65 00:03:19,000 --> 00:03:21,000 (пијано) 66 00:03:21,000 --> 00:03:22,000 Може и со другата половина. 67 00:03:22,000 --> 00:03:26,000 (пијано) 68 00:03:26,000 --> 00:03:29,000 Еден господин еднаш гледаше една презентација која ја правев 69 00:03:29,000 --> 00:03:30,000 кога работев со еден млад пијанист. 70 00:03:31,000 --> 00:03:33,000 Тој беше претседател на една корпорација од Охајо. 71 00:03:33,000 --> 00:03:35,000 Додека работев со пијанистот му реков 72 00:03:36,000 --> 00:03:38,000 „Твојот проблем е што свириш со целото газе. 73 00:03:38,000 --> 00:03:40,000 Треба да свириш само со едната половина.“ 74 00:03:40,000 --> 00:03:42,000 Му го поместив телото вака, додека свиреше, 75 00:03:42,000 --> 00:03:44,000 и музиката одеднаш како да полета. 76 00:03:45,000 --> 00:03:47,000 Публиката веднаш ја забележа разликата. 77 00:03:47,000 --> 00:03:49,000 Подоцна добив писмо од овој господин. 78 00:03:49,000 --> 00:03:50,000 Вели: „Бев толку трогнат, 79 00:03:50,000 --> 00:03:52,000 што ја трансформирав целата компанија 80 00:03:53,000 --> 00:03:54,000 во компанија која работи на половина газе.“ 81 00:03:54,000 --> 00:03:57,000 (Смеа) 82 00:03:58,000 --> 00:04:00,000 Втората работа која сакав да ви ја кажам се однесува на вас. 83 00:04:00,000 --> 00:04:03,000 Мислам дека овде има околу 1.600 луѓе. 84 00:04:03,000 --> 00:04:06,000 Според моја проценка, околу 45 од вас 85 00:04:06,000 --> 00:04:08,000 се апсолутно вљубени во класичната музика. 86 00:04:09,000 --> 00:04:14,000 Ја обожавате. Радиото ви е наместено на тој канал, 87 00:04:14,000 --> 00:04:17,000 имате цедиња во кола, одите на симфониски концерти, 88 00:04:17,000 --> 00:04:18,000 децата ви свират на некој инструмент. 89 00:04:18,000 --> 00:04:20,000 Животот не можете да си го замислите без класичната музика. 90 00:04:21,000 --> 00:04:23,000 Тоа е првата група, која е доста мала. 91 00:04:23,000 --> 00:04:25,000 Втората група е малку поголема. 92 00:04:25,000 --> 00:04:27,000 Тоа се луѓето на кои класичната музика не им пречи. 93 00:04:27,000 --> 00:04:28,000 (Смеа) 94 00:04:28,000 --> 00:04:30,000 Се враќате дома, по напорниот ден, 95 00:04:30,000 --> 00:04:32,000 си ставате чаша вино и се опуштате. 96 00:04:33,000 --> 00:04:35,000 Малку Вивалди во позадина никому нема да наштети. 97 00:04:35,000 --> 00:04:36,000 (Смеа) 98 00:04:36,000 --> 00:04:37,000 Тоа е втората група. 99 00:04:37,000 --> 00:04:38,000 Е, сега доаѓа третата група. 100 00:04:38,000 --> 00:04:40,000 Тоа се луѓето кои никогаш не слушаат класична музика. 101 00:04:40,000 --> 00:04:42,000 Таа воопшто не е дел од нивниот живот. 102 00:04:43,000 --> 00:04:45,000 Ја слушате по аеродроми, но... 103 00:04:45,000 --> 00:04:47,000 (Смеа) 104 00:04:47,000 --> 00:04:48,000 можеби го слушнавте маршот од Аида 105 00:04:48,000 --> 00:04:51,000 кога влегувавте во салата, но тоа е тоа. 106 00:04:52,000 --> 00:04:53,000 Ова, најверојатно, е најголемата група. 107 00:04:53,000 --> 00:04:55,000 Но, постои и една многу мала група 108 00:04:55,000 --> 00:04:58,000 на луѓе кои мислат дека немаат слух за музика. 109 00:04:58,000 --> 00:05:00,000 Неверојатно многу луѓе мислат дека немаат слух. 110 00:05:01,000 --> 00:05:03,000 Често слушам коментари како „маж ми нема слух.“ 111 00:05:03,000 --> 00:05:04,000 (Смеа) 112 00:05:04,000 --> 00:05:07,000 Всушност, не може да немате слух. Сите имаат слух. 113 00:05:07,000 --> 00:05:10,000 Да немате слух, не би можеле ни да ја смените брзината 114 00:05:10,000 --> 00:05:12,000 во кола со рачен менувач. 115 00:05:12,000 --> 00:05:14,000 Не би можеле да препознаете дали некој 116 00:05:14,000 --> 00:05:16,000 е од Тексас или Рим. 117 00:05:16,000 --> 00:05:20,000 А, телефонот, пак... да се јави сега мајка ви 118 00:05:21,000 --> 00:05:23,000 на тој мизерен телефон, и да каже „здраво“, 119 00:05:23,000 --> 00:05:26,000 не само што ќе знаете кој е, туку ќе знаете и во какво расположение е. 120 00:05:27,000 --> 00:05:30,000 Имате одлично уво. Сите ние имаме одлично уво. 121 00:05:30,000 --> 00:05:32,000 Сите имаме слух. 122 00:05:32,000 --> 00:05:36,000 Но, залудно е да ви го зборувам ова 123 00:05:36,000 --> 00:05:39,000 кога има толку голем јаз помеѓу оние кои ја разбираат 124 00:05:40,000 --> 00:05:42,000 и сакаат класичната музика 125 00:05:42,000 --> 00:05:45,000 и оние кои немаат никаква врска со неа. 126 00:05:45,000 --> 00:05:47,000 Значи, нема луѓе без слух. 127 00:05:47,000 --> 00:05:51,000 Но, дури и кај трите други групи, јазот е голем. 128 00:05:51,000 --> 00:05:55,000 Значи, не сопирам сè додека сите овде, 129 00:05:55,000 --> 00:06:00,000 долу, во Аспен, па и тие што нè гледаат, 130 00:06:01,000 --> 00:06:04,000 не ја засакаат и не почнат да ја разбираат класичната музика. 131 00:06:04,000 --> 00:06:06,000 Тоа ми е целта. 132 00:06:07,000 --> 00:06:12,000 Како што гледате, воопшто не се сомневам 133 00:06:12,000 --> 00:06:15,000 дека ова ќе успее... ако ме погледнете, така? 134 00:06:15,000 --> 00:06:19,000 Една од особините на лидерот е тоа што тој, ниту за момент, 135 00:06:19,000 --> 00:06:22,000 не се сомнева во капацитетот на луѓето што ги предводи 136 00:06:23,000 --> 00:06:25,000 да го согледаат неговиот сон. 137 00:06:25,000 --> 00:06:28,000 Замислете Мартин Лутер Кинг да кажеше: „Имам еден сон, 138 00:06:28,000 --> 00:06:30,000 ама не сум баш сигурен дека ќе ме сфатат.“ 139 00:06:30,000 --> 00:06:33,000 (Смеа) 140 00:06:34,000 --> 00:06:36,000 Добро. Значи, ќе одам со едно дело од Шопен. 141 00:06:36,000 --> 00:06:41,000 Ова е една убава увертира. Некои од вас ќе ја препознаат. 142 00:06:42,000 --> 00:07:10,000 (музика) 143 00:07:10,000 --> 00:07:12,000 Знаете ли што мислам дека се случи сега? 144 00:07:13,000 --> 00:07:15,000 Кога почнав, си помисливте: „Колку убаво звучи тоа.“ 145 00:07:15,000 --> 00:07:28,000 (музика) 146 00:07:29,000 --> 00:07:30,000 „Мислам дека догодина не треба 147 00:07:30,000 --> 00:07:32,000 да одиме на одмор на истово место.“ 148 00:07:32,000 --> 00:07:35,000 (Смеа) 149 00:07:35,000 --> 00:07:38,000 Интересно, нели? Од каде одеднаш 150 00:07:38,000 --> 00:07:41,000 тие мисли во главата. 151 00:07:41,000 --> 00:07:42,000 И, секако... 152 00:07:42,000 --> 00:07:45,000 (Аплауз) 153 00:07:45,000 --> 00:07:47,000 ...ако делото е долго, а вие сте изморени, 154 00:07:48,000 --> 00:07:49,000 би можеле и да задремете. 155 00:07:49,000 --> 00:07:51,000 Па, тој до вас ќе ве удри во ребра 156 00:07:51,000 --> 00:07:55,000 и ќе рече: „Разбуди се! Ова ти е култура!“ А, вие умирате од срам. 157 00:07:55,000 --> 00:07:58,000 Но, дали сте помислиле дека причината зошто ви се спие 158 00:07:59,000 --> 00:08:01,000 кога слушате класична музика е во нас? 159 00:08:01,000 --> 00:08:03,000 Дали некој си помисли, додека свирев сега, 160 00:08:03,000 --> 00:08:05,000 „Зошто користи толку импулси?“ 161 00:08:05,000 --> 00:08:08,000 Да ја мрдав вака главата, сигурно ќе си го помислевте тоа. 162 00:08:09,000 --> 00:08:14,000 (музика) 163 00:08:14,000 --> 00:08:18,000 И, така, до крајот на животот, кога и да слушнете класична музика, 164 00:08:18,000 --> 00:08:22,000 секогаш ќе знаете дали ги слушате импулсите. 165 00:08:22,000 --> 00:08:24,000 Ајде, да видиме што, всушност, се случува тука. 166 00:08:24,000 --> 00:08:29,000 Имаме едно (си). Ова е (си). Следната нота е (до). 167 00:08:29,000 --> 00:08:32,000 Целата поента на нотата (до) е да направи (си) да звучи тажно. Нели? 168 00:08:32,000 --> 00:08:35,000 (Смеа) 169 00:08:35,000 --> 00:08:37,000 Композиторите го знаат тоа. Ако сакаат тажна музика, 170 00:08:37,000 --> 00:08:38,000 ги користат овие две ноти. 171 00:08:38,000 --> 00:08:43,000 (музика) 172 00:08:43,000 --> 00:08:45,000 Но, во основа, тоа е (си) со четири тажни ноти. 173 00:08:45,000 --> 00:08:47,000 (Смеа) 174 00:08:48,000 --> 00:08:53,000 Сега одиме на (ла)... па, на (сол)... па, на (фа). 175 00:08:53,000 --> 00:08:57,000 Значи, (си), (ла), (сол), (фа). Ако е така... 176 00:08:58,000 --> 00:09:04,000 тогаш, што очекуваме да биде следно? Не ни успеа... 177 00:09:04,000 --> 00:09:10,000 Ајде, пак... хорот на ТЕД. 178 00:09:10,000 --> 00:09:13,000 (Смеа) 179 00:09:13,000 --> 00:09:17,000 Гледате дека сите имаат слух? Сите. 180 00:09:17,000 --> 00:09:19,000 Дури и во селата во Бангладеш, 181 00:09:19,000 --> 00:09:24,000 или во селцата во Кина. Сите знаат... 182 00:09:25,000 --> 00:09:28,000 Сите знаат дека треба да дојде (ми). 183 00:09:28,000 --> 00:09:31,000 Но, Шопен не сакал веднаш да оди на (ми), 184 00:09:32,000 --> 00:09:34,000 затоа што... што ќе се случи? Ќе заврши, како Хамлет. 185 00:09:34,000 --> 00:09:36,000 Се сеќавате на Хамлет? Уште во чин 1, сцена 3, 186 00:09:37,000 --> 00:09:38,000 дознава дека чичко му го убил татко му. 187 00:09:38,000 --> 00:09:40,000 Па, доаѓа до чичко му 188 00:09:40,000 --> 00:09:41,000 и за малку да го убие, па се повлекува. 189 00:09:41,000 --> 00:09:44,000 Пак му се доближува и скоро го убива... 190 00:09:44,000 --> 00:09:46,000 Па, критичарите од задните редови, 191 00:09:46,000 --> 00:09:49,000 кои мора да кажат нешто, велат: „Да, Хамлет е нерешителен.“ 192 00:09:49,000 --> 00:09:50,000 (Смеа) 193 00:09:50,000 --> 00:09:52,000 Или „Хамлет има Едипов комплекс.“ 194 00:09:53,000 --> 00:09:56,000 Не бре, инаку претставата би завршила, смотани! 195 00:09:56,000 --> 00:09:58,000 Затоа Шекспир ја натрупал драмата со толку случки. 196 00:09:59,000 --> 00:10:01,000 Офелија полудува, па драма во драма, 197 00:10:01,000 --> 00:10:02,000 па черепот и гробарите. 198 00:10:03,000 --> 00:10:06,000 Сето тоа е одложување до чин 5, кога го убива. 199 00:10:06,000 --> 00:10:11,000 Истото е и со Шопен. Само што требаше да дојде до (ми), 200 00:10:11,000 --> 00:10:13,000 вели: „А, не, подобро да си се вратам.“ 201 00:10:13,000 --> 00:10:16,000 И се враќа. 202 00:10:17,000 --> 00:10:20,000 Сега се возбудува... ова е возбуда, 203 00:10:20,000 --> 00:10:21,000 ништо страшно. 204 00:10:22,000 --> 00:10:24,000 Па, оди до повишено (фа), и конечно до (ми). 205 00:10:24,000 --> 00:10:27,000 Ама, акордот е погрешен. Се бара овој акорд... 206 00:10:28,000 --> 00:10:31,000 А, тој го дава овој... 207 00:10:31,000 --> 00:10:35,000 Тоа се нарекува лажна каденца, затоа што ве залажува. 208 00:10:36,000 --> 00:10:38,000 На студентите секогаш им велам: „Ако имате лажна каденца, 209 00:10:38,000 --> 00:10:40,000 само кренете ги веѓите и сите ќе знаат.“ 210 00:10:40,000 --> 00:10:43,000 (Смеа) 211 00:10:43,000 --> 00:10:46,000 (Аплауз) 212 00:10:47,000 --> 00:10:49,000 Значи, доаѓа до (ми), но во погрешниот акорд. 213 00:10:49,000 --> 00:10:52,000 Пак се обидува со (ми). Акордот не чини. 214 00:10:52,000 --> 00:10:55,000 Пак... и тој акорд не чини. 215 00:10:55,000 --> 00:10:57,000 И пак... не чини. 216 00:10:58,000 --> 00:11:01,000 И конечно... 217 00:11:01,000 --> 00:11:05,000 Еден господин од првиот ред направи... 218 00:11:06,000 --> 00:11:08,000 Истиот гест како кога ќе се врати дома 219 00:11:08,000 --> 00:11:11,000 по долг ден, ја гаси колата и вели: 220 00:11:12,000 --> 00:11:15,000 „Ах, дома сум си.“ Сите знаеме каде е дома. 221 00:11:15,000 --> 00:11:18,000 Ова е дело кое тргнува од далеку и оди дома. 222 00:11:18,000 --> 00:11:20,000 Ќе го отсвирам целото 223 00:11:20,000 --> 00:11:23,000 и ќе видите... (си), (до), (си), (до)... 224 00:11:23,000 --> 00:11:25,000 до (ла), па (сол), па (фа), 225 00:11:25,000 --> 00:11:27,000 скоро доаѓа до (ми), но тука сè би завршило. 226 00:11:28,000 --> 00:11:30,000 Се враќа на (си), се возбудува, па на повишено (фа), па (ми). 227 00:11:30,000 --> 00:11:32,000 Погрешен акорд, погрешен акорд, погрешен акорд. 228 00:11:33,000 --> 00:11:35,000 И конечно оди до (ми) - оди дома. 229 00:11:35,000 --> 00:11:38,000 И ќе видите свирење со половина газе. 230 00:11:38,000 --> 00:11:41,000 (Смеа) 231 00:11:41,000 --> 00:11:43,000 За од (си) да дојдам до (ми), 232 00:11:44,000 --> 00:11:49,000 мора да престанам да мислам на секоја поединечна нота, 233 00:11:49,000 --> 00:11:54,000 туку треба да мислам на долгата низа од (си) до (ми). 234 00:11:55,000 --> 00:11:59,000 Бев во Јужна Африка, а не можете да отидете таму, 235 00:11:59,000 --> 00:12:02,000 а да не помислите на Мандела во затвор 27 години. 236 00:12:03,000 --> 00:12:05,000 За што ли размислувал? За ручекот? 237 00:12:05,000 --> 00:12:08,000 Не, размислувал за визијата за Јужна Африка 238 00:12:09,000 --> 00:12:10,000 и за човечките суштества. 239 00:12:10,000 --> 00:12:13,000 И овде зе работи за визијата, за долгата низа. 240 00:12:13,000 --> 00:12:15,000 Како птица која лета над некое поле 241 00:12:15,000 --> 00:12:19,000 и не размислува за оградите под неа, така? 242 00:12:19,000 --> 00:12:22,000 Значи, ќе ја проследиме низата од (си) до (ми). 243 00:12:22,000 --> 00:12:26,000 Имам една последна молба, пред да го отсвирам делото. 244 00:12:26,000 --> 00:12:31,000 Мислете на некого што го сакате, а кој повеќе не е тука. 245 00:12:31,000 --> 00:12:34,000 Вашата баба или саканиот. 246 00:12:35,000 --> 00:12:38,000 Некој што го сакате од сè срце, 247 00:12:38,000 --> 00:12:41,000 но кој повеќе не е со вас. 248 00:12:42,000 --> 00:12:45,000 Замислете ја таа личност, во исто време 249 00:12:45,000 --> 00:12:49,000 следете ја низата од (си) до (ми), 250 00:12:49,000 --> 00:12:57,000 и ќе слушнете што Шопен сакал да каже. 251 00:12:57,000 --> 00:14:48,000 (музика) 252 00:14:48,000 --> 00:14:55,000 (Аплауз) 253 00:14:55,000 --> 00:15:00,000 Можеби се прашувате... 254 00:15:00,000 --> 00:15:06,000 ...зошто аплаудирам. 255 00:15:06,000 --> 00:15:08,000 Ова го направив и во едно училиште во Бостон, 256 00:15:08,000 --> 00:15:12,000 пред околу 70 шесто-одделенци, околу 12 години. 257 00:15:12,000 --> 00:15:14,000 Им го објаснив истото ова, 258 00:15:14,000 --> 00:15:15,000 им ја раскажав целата приказна. 259 00:15:15,000 --> 00:15:17,000 На крајот, побудалеа. Аплаудираа. 260 00:15:18,000 --> 00:15:19,000 Јас аплаудирав, тие аплаудираа. 261 00:15:19,000 --> 00:15:21,000 И реков: „Ма, зошто аплаудирам јас?“ 262 00:15:21,000 --> 00:15:22,000 А, едно од децата рече: „Па, затоа што ние те слушавме.“ 263 00:15:22,000 --> 00:15:27,000 (Смеа) 264 00:15:28,000 --> 00:15:30,000 Замислете... 1.600 зафатени луѓе, 265 00:15:30,000 --> 00:15:32,000 кои се зафатени со најразлични работи, 266 00:15:33,000 --> 00:15:39,000 ја слушаат, ја разбираат и уживаат во музиката на Шопен. 267 00:15:39,000 --> 00:15:40,000 Тоа е веќе нешто. 268 00:15:40,000 --> 00:15:43,000 Сигурен ли сум дека сите тука ја следевте музиката, 269 00:15:43,000 --> 00:15:45,000 ја разбравте и бевте трогнати од неа? Секако, не можам да бидам сигурен. 270 00:15:46,000 --> 00:15:47,000 Но, ќе ви кажам што ми се случи еднаш. 271 00:15:47,000 --> 00:15:50,000 Бев во Ирска за време на немирите пред 10 години, 272 00:15:50,000 --> 00:15:53,000 каде работев со деца од католичката и протeстантската заедница 273 00:15:53,000 --> 00:15:57,000 на тема разрешување на конфликт. Ова го направив и со нив. 274 00:15:58,000 --> 00:16:00,000 Што беше малку ризично, затоа што тоа беа улични деца. 275 00:16:00,000 --> 00:16:03,000 Едно од нив дојде следниот ден и рече: 276 00:16:04,000 --> 00:16:07,000 „Никогаш до сега не сум слушал класична музика, 277 00:16:07,000 --> 00:16:08,000 но кога го отсвири она од шопинг... 278 00:16:08,000 --> 00:16:11,000 (Смеа) 279 00:16:11,000 --> 00:16:15,000 Брат ми го убија лани, а јас не заплакав. 280 00:16:16,000 --> 00:16:17,000 Ама, вчера, кога свиреше, 281 00:16:17,000 --> 00:16:20,000 помислив на него. 282 00:16:20,000 --> 00:16:22,000 И солзите сами ми потекоа. 283 00:16:22,000 --> 00:16:25,000 Добро ми дојде, да се исплачам за брат ми.“ 284 00:16:25,000 --> 00:16:27,000 Во тој момент сфатив 285 00:16:27,000 --> 00:16:34,000 дека класичната музика е за сите. За сите. 286 00:16:35,000 --> 00:16:37,000 Како би оделе... затоа што, 287 00:16:37,000 --> 00:16:41,000 во мојата професија не се размислува така. 288 00:16:41,000 --> 00:16:44,000 Велат дека 3% од популацијата сака класична музика. 289 00:16:44,000 --> 00:16:48,000 Кога само би можеле да дојдеме до 4%, би било супер! 290 00:16:49,000 --> 00:16:52,000 Јас велам „Како би оделе, како би зборувале, какви би биле 291 00:16:52,000 --> 00:16:55,000 ако мислите дека 3% од популацијата сака класична музика? 292 00:16:56,000 --> 00:16:58,000 Кога би дошле до 4%, како би оделе? 293 00:16:58,000 --> 00:17:00,000 Како би зборувале, какви би биле 294 00:17:00,000 --> 00:17:02,000 ако мислите дека сите сакаат класична музика, 295 00:17:02,000 --> 00:17:04,000 само не се свесни за тоа?“ 296 00:17:04,000 --> 00:17:05,000 (Смеа) 297 00:17:05,000 --> 00:17:07,000 Тоа се два сосема различни света. 298 00:17:08,000 --> 00:17:11,000 Имав едно прекрасно искуство. Имав 45 години. 299 00:17:11,000 --> 00:17:16,000 Бев диригент веќе 20 години и одеднаш сфатив нешто. 300 00:17:17,000 --> 00:17:20,000 Диригентот не испушта ни звук. 301 00:17:20,000 --> 00:17:22,000 Сликата ми стои на цедето... 302 00:17:22,000 --> 00:17:25,000 (Смеа) 303 00:17:25,000 --> 00:17:27,000 ама, диригентот не испушта никаков звук. 304 00:17:28,000 --> 00:17:32,000 Неговата моќ и способност зависат од тоа дали ќе може другите да ги направи моќни. 305 00:17:32,000 --> 00:17:36,000 Тоа смени сè за мене. Ми се смени животот. 306 00:17:37,000 --> 00:17:38,000 Членовите на оркестарот ме прашуваа: 307 00:17:38,000 --> 00:17:40,000 „Бен, што се случи?“ Ете, тоа се случи. 308 00:17:40,000 --> 00:17:45,000 Сфатив дека мојата работа е да ги разбудам можностите во другите луѓе. 309 00:17:45,000 --> 00:17:48,000 И сакав да знам дали го правам тоа. 310 00:17:48,000 --> 00:17:51,000 Знаете како дознавате? Им погледнувате во очите. 311 00:17:51,000 --> 00:17:55,000 Ако очите им светкаат, сте успеале. 312 00:17:56,000 --> 00:17:57,000 Цело село може да осветлите со неговите очи. 313 00:17:57,000 --> 00:17:59,000 (Смеа) 314 00:17:59,000 --> 00:18:01,000 Ако очите светкаат, сте успеале. 315 00:18:01,000 --> 00:18:04,000 Ако очите не светкаат, треба да си поставите едно прашање. 316 00:18:04,000 --> 00:18:05,000 А, тоа е ова: 317 00:18:05,000 --> 00:18:11,000 Кој сум јас, па очите на моите музичари не светкаат? 318 00:18:12,000 --> 00:18:13,000 Тоа може да го направиме и со децата. 319 00:18:13,000 --> 00:18:18,000 Кој сум јас, па очите на моите деца не светкаат? 320 00:18:19,000 --> 00:18:21,000 Тоа е сосема друг свет. 321 00:18:21,000 --> 00:18:26,000 Скоро доаѓа крајот на оваа магична недела, 322 00:18:27,000 --> 00:18:28,000 по што се враќаме во вистинскиот свет. 323 00:18:28,000 --> 00:18:32,000 Време е да се запрашаме: 324 00:18:32,000 --> 00:18:37,000 Кои сме, како што се враќаме во светот? 325 00:18:37,000 --> 00:18:39,000 Јас имам една дефиниција за успехот. 326 00:18:40,000 --> 00:18:42,000 За мене, тоа е многу просто. Богатството, славата и моќта не се важни. 327 00:18:42,000 --> 00:18:45,000 Важно е колку светкави очи има околу мене. 328 00:18:46,000 --> 00:18:49,000 Сакам да кажам уште нешто, 329 00:18:49,000 --> 00:18:52,000 а тоа е дека навистина е важно што зборуваме. 330 00:18:52,000 --> 00:18:54,000 Зборовите што ги изговараме се важни. 331 00:18:54,000 --> 00:18:58,000 Ова го научив од една жена која го преживеала Аушвиц, 332 00:18:58,000 --> 00:18:59,000 една од ретките преживеани. 333 00:18:59,000 --> 00:19:03,000 Отишла во Аушвиц кога имала 15 години, 334 00:19:04,000 --> 00:19:11,000 нејзиниот брат имал 8, а родителите им умреле. 335 00:19:11,000 --> 00:19:16,000 И ми рече вака... 336 00:19:16,000 --> 00:19:19,000 Бевме во возот и одевме кон Аушвиц. Погледнав надолу 337 00:19:19,000 --> 00:19:21,000 и видов дека брат ми ги изгубил чевлите. 338 00:19:22,000 --> 00:19:25,000 Му реков: „Зошто си толку глупав? Пази си ги работите, 339 00:19:25,000 --> 00:19:26,000 аман веќе?!“ Како што една постара сестра 340 00:19:26,000 --> 00:19:30,000 би му рекла на помалиот брат. 341 00:19:30,000 --> 00:19:33,000 За жал, тоа било последното нешто што му го рекла, 342 00:19:33,000 --> 00:19:37,000 затоа што повеќе не го видела. Тој не преживеал. 343 00:19:37,000 --> 00:19:39,000 Па, кога излегла од Аушвиц, си ветила нешто. 344 00:19:40,000 --> 00:19:44,000 Рече: „Од Аушвиц излегов во нов живот 345 00:19:44,000 --> 00:19:49,000 и се заколнав. Се заколнав дека никогаш нема да кажам нешто 346 00:19:50,000 --> 00:19:53,000 што не е достојно да биде последното нешто што ќе го кажам.“ 347 00:19:53,000 --> 00:19:57,000 Можеме ли и ние така? Не. Ќе грешиме и ќе бараме грешки во другите. 348 00:19:58,000 --> 00:20:05,000 Но, сепак, тоа е можност кон која може да се стремиме. Благодарам. 349 00:20:05,000 --> 00:20:10,000 (Аплауз) 350 00:20:11,000 --> 00:20:22,000 Очи што светкаат. 351 00:20:22,000 --> 00:20:25,000 Благодарам. 352 00:20:26,000 --> 00:20:31,000 (музика)