0:00:00.000,0:00:03.000 Сигурно многумина од вас ја знаат приказната за двајцата трговци 0:00:03.000,0:00:06.000 кои отишле во Африка во почетокот на 20ти век. 0:00:06.000,0:00:08.000 Биле пратени за да видат дали има можност 0:00:08.000,0:00:10.000 таму да се продаваат чевли. 0:00:10.000,0:00:13.000 Испратиле телеграми до Манчестер. 0:00:13.000,0:00:17.000 Едниот напишал „Безнадежно е. Стоп. 0:00:17.000,0:00:18.000 Овде не носат чевли.“ 0:00:18.000,0:00:21.000 А, другиот напишал „Неверојатна шанса. 0:00:21.000,0:00:23.000 Сеуште никој нема чевли.“ 0:00:23.000,0:00:24.000 (Смеа) 0:00:24.000,0:00:27.000 Слична ситуација постои и во светот на класичната музика, 0:00:28.000,0:00:29.000 затоа што има луѓе кои мислат 0:00:29.000,0:00:32.000 дека класичната музика изумира. 0:00:33.000,0:00:36.000 Но, нè има и такви кои мислиме дека најдоброто допрва доаѓа. 0:00:36.000,0:00:40.000 И наместо да почнам со статистики и трендови, 0:00:40.000,0:00:42.000 и да ви кажам за сите оркестри кои се растураат 0:00:42.000,0:00:45.000 и продукциски куќи кои се затвораат, 0:00:45.000,0:00:49.000 помислив дека е подобро да направиме експеримент вечерва. 0:00:49.000,0:00:53.000 Всушност, ова баш и не е експеримент, затоа што веќе знам кој ќе биде резултатот. 0:00:54.000,0:00:56.000 Но, наликува на експеримент. Пред да... 0:00:56.000,0:01:00.000 (Смеа) 0:01:00.000,0:01:02.000 ...пред да почнеме, две работи. 0:01:02.000,0:01:06.000 Прво, сакам да ве потсетам како свири пијано 0:01:07.000,0:01:08.000 едно седум-годишно дете. 0:01:08.000,0:01:10.000 Можеби и вие имате едно вакво дете дома. 0:01:11.000,0:01:12.000 Тоа звучи вака некако... 0:01:12.000,0:01:32.000 (пијано) 0:01:32.000,0:01:34.000 Гледам дека ова ви е познато. 0:01:34.000,0:01:39.000 Е, сега, ако тоа дете вежба и зема часови уште една година... 0:01:39.000,0:01:40.000 сега има осум години и звучи вака. 0:01:40.000,0:01:47.000 (пијано) 0:01:47.000,0:01:50.000 Па, вежба и зема часови уште една година. Сега има девет години. 0:01:50.000,0:01:56.000 (пијано) 0:01:56.000,0:01:59.000 Па, уште една година... сега има десет. 0:01:59.000,0:02:06.000 (пијано) 0:02:06.000,0:02:07.000 И тука обично се откажуваат. 0:02:07.000,0:02:09.000 (Смеа) 0:02:09.000,0:02:11.000 (Аплауз) 0:02:11.000,0:02:13.000 Но, да почекало уште една година, 0:02:14.000,0:02:15.000 би го слушнале ова. 0:02:15.000,0:02:24.000 (пијано) 0:02:24.000,0:02:27.000 Можеби си помисливте дека детето 0:02:27.000,0:02:30.000 одеднаш се внело во музиката, почнало да свири со страст, 0:02:30.000,0:02:33.000 или има нов професор, влегло во пубертет, што ли ти не. 0:02:33.000,0:02:37.000 Но, всушност, разликата е во тоа што се намалија импулсите. 0:02:38.000,0:02:39.000 Првиот пат кога свиреше, 0:02:39.000,0:02:41.000 свиреше со потенцирање на секоја нота. 0:02:42.000,0:02:44.000 (пијано) 0:02:44.000,0:02:46.000 Потоа, со потенцирање на секоја втора нота. 0:02:47.000,0:02:49.000 (пијано) 0:02:49.000,0:02:50.000 Ќе го забележите тоа ако ми ја гледате главата. 0:02:51.000,0:02:52.000 (Смеа) 0:02:52.000,0:02:54.000 Девет-годишното дете 0:02:54.000,0:02:55.000 ја потенцира секоја четврта нота. 0:02:55.000,0:02:57.000 (пијано) 0:02:58.000,0:02:59.000 Десет-годишното секоја осма нота. 0:02:59.000,0:03:02.000 (пијано) 0:03:02.000,0:03:04.000 Единаесет-годишното потенцира само една нота во целиот сегмент. 0:03:04.000,0:03:07.000 (пијано) 0:03:08.000,0:03:10.000 Навистина не знам како се најдов во оваа позиција. 0:03:10.000,0:03:12.000 (Смеа) 0:03:13.000,0:03:15.000 Не го правам тоа намерно. 0:03:15.000,0:03:17.000 Не... музиката ме турка, 0:03:17.000,0:03:19.000 па затоа ова го нарекувам свирење со половина газе. 0:03:19.000,0:03:21.000 (пијано) 0:03:21.000,0:03:22.000 Може и со другата половина. 0:03:22.000,0:03:26.000 (пијано) 0:03:26.000,0:03:29.000 Еден господин еднаш гледаше една презентација која ја правев 0:03:29.000,0:03:30.000 кога работев со еден млад пијанист. 0:03:31.000,0:03:33.000 Тој беше претседател на една корпорација од Охајо. 0:03:33.000,0:03:35.000 Додека работев со пијанистот му реков 0:03:36.000,0:03:38.000 „Твојот проблем е што свириш со целото газе. 0:03:38.000,0:03:40.000 Треба да свириш само со едната половина.“ 0:03:40.000,0:03:42.000 Му го поместив телото вака, додека свиреше, 0:03:42.000,0:03:44.000 и музиката одеднаш како да полета. 0:03:45.000,0:03:47.000 Публиката веднаш ја забележа разликата. 0:03:47.000,0:03:49.000 Подоцна добив писмо од овој господин. 0:03:49.000,0:03:50.000 Вели: „Бев толку трогнат, 0:03:50.000,0:03:52.000 што ја трансформирав целата компанија 0:03:53.000,0:03:54.000 во компанија која работи на половина газе.“ 0:03:54.000,0:03:57.000 (Смеа) 0:03:58.000,0:04:00.000 Втората работа која сакав да ви ја кажам се однесува на вас. 0:04:00.000,0:04:03.000 Мислам дека овде има околу 1.600 луѓе. 0:04:03.000,0:04:06.000 Според моја проценка, околу 45 од вас 0:04:06.000,0:04:08.000 се апсолутно вљубени во класичната музика. 0:04:09.000,0:04:14.000 Ја обожавате. Радиото ви е наместено на тој канал, 0:04:14.000,0:04:17.000 имате цедиња во кола, одите на симфониски концерти, 0:04:17.000,0:04:18.000 децата ви свират на некој инструмент. 0:04:18.000,0:04:20.000 Животот не можете да си го замислите без класичната музика. 0:04:21.000,0:04:23.000 Тоа е првата група, која е доста мала. 0:04:23.000,0:04:25.000 Втората група е малку поголема. 0:04:25.000,0:04:27.000 Тоа се луѓето на кои класичната музика не им пречи. 0:04:27.000,0:04:28.000 (Смеа) 0:04:28.000,0:04:30.000 Се враќате дома, по напорниот ден, 0:04:30.000,0:04:32.000 си ставате чаша вино и се опуштате. 0:04:33.000,0:04:35.000 Малку Вивалди во позадина никому нема да наштети. 0:04:35.000,0:04:36.000 (Смеа) 0:04:36.000,0:04:37.000 Тоа е втората група. 0:04:37.000,0:04:38.000 Е, сега доаѓа третата група. 0:04:38.000,0:04:40.000 Тоа се луѓето кои никогаш не слушаат класична музика. 0:04:40.000,0:04:42.000 Таа воопшто не е дел од нивниот живот. 0:04:43.000,0:04:45.000 Ја слушате по аеродроми, но... 0:04:45.000,0:04:47.000 (Смеа) 0:04:47.000,0:04:48.000 можеби го слушнавте маршот од Аида 0:04:48.000,0:04:51.000 кога влегувавте во салата, но тоа е тоа. 0:04:52.000,0:04:53.000 Ова, најверојатно, е најголемата група. 0:04:53.000,0:04:55.000 Но, постои и една многу мала група 0:04:55.000,0:04:58.000 на луѓе кои мислат дека немаат слух за музика. 0:04:58.000,0:05:00.000 Неверојатно многу луѓе мислат дека немаат слух. 0:05:01.000,0:05:03.000 Често слушам коментари како „маж ми нема слух.“ 0:05:03.000,0:05:04.000 (Смеа) 0:05:04.000,0:05:07.000 Всушност, не може да немате слух. Сите имаат слух. 0:05:07.000,0:05:10.000 Да немате слух, не би можеле ни да ја смените брзината 0:05:10.000,0:05:12.000 во кола со рачен менувач. 0:05:12.000,0:05:14.000 Не би можеле да препознаете дали некој 0:05:14.000,0:05:16.000 е од Тексас или Рим. 0:05:16.000,0:05:20.000 А, телефонот, пак... да се јави сега мајка ви 0:05:21.000,0:05:23.000 на тој мизерен телефон, и да каже „здраво“, 0:05:23.000,0:05:26.000 не само што ќе знаете кој е, туку ќе знаете и во какво расположение е. 0:05:27.000,0:05:30.000 Имате одлично уво. Сите ние имаме одлично уво. 0:05:30.000,0:05:32.000 Сите имаме слух. 0:05:32.000,0:05:36.000 Но, залудно е да ви го зборувам ова 0:05:36.000,0:05:39.000 кога има толку голем јаз помеѓу оние кои ја разбираат 0:05:40.000,0:05:42.000 и сакаат класичната музика 0:05:42.000,0:05:45.000 и оние кои немаат никаква врска со неа. 0:05:45.000,0:05:47.000 Значи, нема луѓе без слух. 0:05:47.000,0:05:51.000 Но, дури и кај трите други групи, јазот е голем. 0:05:51.000,0:05:55.000 Значи, не сопирам сè додека сите овде, 0:05:55.000,0:06:00.000 долу, во Аспен, па и тие што нè гледаат, 0:06:01.000,0:06:04.000 не ја засакаат и не почнат да ја разбираат класичната музика. 0:06:04.000,0:06:06.000 Тоа ми е целта. 0:06:07.000,0:06:12.000 Како што гледате, воопшто не се сомневам 0:06:12.000,0:06:15.000 дека ова ќе успее... ако ме погледнете, така? 0:06:15.000,0:06:19.000 Една од особините на лидерот е тоа што тој, ниту за момент, 0:06:19.000,0:06:22.000 не се сомнева во капацитетот на луѓето што ги предводи 0:06:23.000,0:06:25.000 да го согледаат неговиот сон. 0:06:25.000,0:06:28.000 Замислете Мартин Лутер Кинг да кажеше: „Имам еден сон, 0:06:28.000,0:06:30.000 ама не сум баш сигурен дека ќе ме сфатат.“ 0:06:30.000,0:06:33.000 (Смеа) 0:06:34.000,0:06:36.000 Добро. Значи, ќе одам со едно дело од Шопен. 0:06:36.000,0:06:41.000 Ова е една убава увертира. Некои од вас ќе ја препознаат. 0:06:42.000,0:07:10.000 (музика) 0:07:10.000,0:07:12.000 Знаете ли што мислам дека се случи сега? 0:07:13.000,0:07:15.000 Кога почнав, си помисливте: „Колку убаво звучи тоа.“ 0:07:15.000,0:07:28.000 (музика) 0:07:29.000,0:07:30.000 „Мислам дека догодина не треба 0:07:30.000,0:07:32.000 да одиме на одмор на истово место.“ 0:07:32.000,0:07:35.000 (Смеа) 0:07:35.000,0:07:38.000 Интересно, нели? Од каде одеднаш 0:07:38.000,0:07:41.000 тие мисли во главата. 0:07:41.000,0:07:42.000 И, секако... 0:07:42.000,0:07:45.000 (Аплауз) 0:07:45.000,0:07:47.000 ...ако делото е долго, а вие сте изморени, 0:07:48.000,0:07:49.000 би можеле и да задремете. 0:07:49.000,0:07:51.000 Па, тој до вас ќе ве удри во ребра 0:07:51.000,0:07:55.000 и ќе рече: „Разбуди се! Ова ти е култура!“ А, вие умирате од срам. 0:07:55.000,0:07:58.000 Но, дали сте помислиле дека причината зошто ви се спие 0:07:59.000,0:08:01.000 кога слушате класична музика е во нас? 0:08:01.000,0:08:03.000 Дали некој си помисли, додека свирев сега, 0:08:03.000,0:08:05.000 „Зошто користи толку импулси?“ 0:08:05.000,0:08:08.000 Да ја мрдав вака главата, сигурно ќе си го помислевте тоа. 0:08:09.000,0:08:14.000 (музика) 0:08:14.000,0:08:18.000 И, така, до крајот на животот, кога и да слушнете класична музика, 0:08:18.000,0:08:22.000 секогаш ќе знаете дали ги слушате импулсите. 0:08:22.000,0:08:24.000 Ајде, да видиме што, всушност, се случува тука. 0:08:24.000,0:08:29.000 Имаме едно (си). Ова е (си). Следната нота е (до). 0:08:29.000,0:08:32.000 Целата поента на нотата (до) е да направи (си) да звучи тажно. Нели? 0:08:32.000,0:08:35.000 (Смеа) 0:08:35.000,0:08:37.000 Композиторите го знаат тоа. Ако сакаат тажна музика, 0:08:37.000,0:08:38.000 ги користат овие две ноти. 0:08:38.000,0:08:43.000 (музика) 0:08:43.000,0:08:45.000 Но, во основа, тоа е (си) со четири тажни ноти. 0:08:45.000,0:08:47.000 (Смеа) 0:08:48.000,0:08:53.000 Сега одиме на (ла)... па, на (сол)... па, на (фа). 0:08:53.000,0:08:57.000 Значи, (си), (ла), (сол), (фа). Ако е така... 0:08:58.000,0:09:04.000 тогаш, што очекуваме да биде следно? Не ни успеа... 0:09:04.000,0:09:10.000 Ајде, пак... хорот на ТЕД. 0:09:10.000,0:09:13.000 (Смеа) 0:09:13.000,0:09:17.000 Гледате дека сите имаат слух? Сите. 0:09:17.000,0:09:19.000 Дури и во селата во Бангладеш, 0:09:19.000,0:09:24.000 или во селцата во Кина. Сите знаат... 0:09:25.000,0:09:28.000 Сите знаат дека треба да дојде (ми). 0:09:28.000,0:09:31.000 Но, Шопен не сакал веднаш да оди на (ми), 0:09:32.000,0:09:34.000 затоа што... што ќе се случи? Ќе заврши, како Хамлет. 0:09:34.000,0:09:36.000 Се сеќавате на Хамлет? Уште во чин 1, сцена 3, 0:09:37.000,0:09:38.000 дознава дека чичко му го убил татко му. 0:09:38.000,0:09:40.000 Па, доаѓа до чичко му 0:09:40.000,0:09:41.000 и за малку да го убие, па се повлекува. 0:09:41.000,0:09:44.000 Пак му се доближува и скоро го убива... 0:09:44.000,0:09:46.000 Па, критичарите од задните редови, 0:09:46.000,0:09:49.000 кои мора да кажат нешто, велат: „Да, Хамлет е нерешителен.“ 0:09:49.000,0:09:50.000 (Смеа) 0:09:50.000,0:09:52.000 Или „Хамлет има Едипов комплекс.“ 0:09:53.000,0:09:56.000 Не бре, инаку претставата би завршила, смотани! 0:09:56.000,0:09:58.000 Затоа Шекспир ја натрупал драмата со толку случки. 0:09:59.000,0:10:01.000 Офелија полудува, па драма во драма, 0:10:01.000,0:10:02.000 па черепот и гробарите. 0:10:03.000,0:10:06.000 Сето тоа е одложување до чин 5, кога го убива. 0:10:06.000,0:10:11.000 Истото е и со Шопен. Само што требаше да дојде до (ми), 0:10:11.000,0:10:13.000 вели: „А, не, подобро да си се вратам.“ 0:10:13.000,0:10:16.000 И се враќа. 0:10:17.000,0:10:20.000 Сега се возбудува... ова е возбуда, 0:10:20.000,0:10:21.000 ништо страшно. 0:10:22.000,0:10:24.000 Па, оди до повишено (фа), и конечно до (ми). 0:10:24.000,0:10:27.000 Ама, акордот е погрешен. Се бара овој акорд... 0:10:28.000,0:10:31.000 А, тој го дава овој... 0:10:31.000,0:10:35.000 Тоа се нарекува лажна каденца, затоа што ве залажува. 0:10:36.000,0:10:38.000 На студентите секогаш им велам: „Ако имате лажна каденца, 0:10:38.000,0:10:40.000 само кренете ги веѓите и сите ќе знаат.“ 0:10:40.000,0:10:43.000 (Смеа) 0:10:43.000,0:10:46.000 (Аплауз) 0:10:47.000,0:10:49.000 Значи, доаѓа до (ми), но во погрешниот акорд. 0:10:49.000,0:10:52.000 Пак се обидува со (ми). Акордот не чини. 0:10:52.000,0:10:55.000 Пак... и тој акорд не чини. 0:10:55.000,0:10:57.000 И пак... не чини. 0:10:58.000,0:11:01.000 И конечно... 0:11:01.000,0:11:05.000 Еден господин од првиот ред направи... 0:11:06.000,0:11:08.000 Истиот гест како кога ќе се врати дома 0:11:08.000,0:11:11.000 по долг ден, ја гаси колата и вели: 0:11:12.000,0:11:15.000 „Ах, дома сум си.“ Сите знаеме каде е дома. 0:11:15.000,0:11:18.000 Ова е дело кое тргнува од далеку и оди дома. 0:11:18.000,0:11:20.000 Ќе го отсвирам целото 0:11:20.000,0:11:23.000 и ќе видите... (си), (до), (си), (до)... 0:11:23.000,0:11:25.000 до (ла), па (сол), па (фа), 0:11:25.000,0:11:27.000 скоро доаѓа до (ми), но тука сè би завршило. 0:11:28.000,0:11:30.000 Се враќа на (си), се возбудува, па на повишено (фа), па (ми). 0:11:30.000,0:11:32.000 Погрешен акорд, погрешен акорд, погрешен акорд. 0:11:33.000,0:11:35.000 И конечно оди до (ми) - оди дома. 0:11:35.000,0:11:38.000 И ќе видите свирење со половина газе. 0:11:38.000,0:11:41.000 (Смеа) 0:11:41.000,0:11:43.000 За од (си) да дојдам до (ми), 0:11:44.000,0:11:49.000 мора да престанам да мислам на секоја поединечна нота, 0:11:49.000,0:11:54.000 туку треба да мислам на долгата низа од (си) до (ми). 0:11:55.000,0:11:59.000 Бев во Јужна Африка, а не можете да отидете таму, 0:11:59.000,0:12:02.000 а да не помислите на Мандела во затвор 27 години. 0:12:03.000,0:12:05.000 За што ли размислувал? За ручекот? 0:12:05.000,0:12:08.000 Не, размислувал за визијата за Јужна Африка 0:12:09.000,0:12:10.000 и за човечките суштества. 0:12:10.000,0:12:13.000 И овде зе работи за визијата, за долгата низа. 0:12:13.000,0:12:15.000 Како птица која лета над некое поле 0:12:15.000,0:12:19.000 и не размислува за оградите под неа, така? 0:12:19.000,0:12:22.000 Значи, ќе ја проследиме низата од (си) до (ми). 0:12:22.000,0:12:26.000 Имам една последна молба, пред да го отсвирам делото. 0:12:26.000,0:12:31.000 Мислете на некого што го сакате, а кој повеќе не е тука. 0:12:31.000,0:12:34.000 Вашата баба или саканиот. 0:12:35.000,0:12:38.000 Некој што го сакате од сè срце, 0:12:38.000,0:12:41.000 но кој повеќе не е со вас. 0:12:42.000,0:12:45.000 Замислете ја таа личност, во исто време 0:12:45.000,0:12:49.000 следете ја низата од (си) до (ми), 0:12:49.000,0:12:57.000 и ќе слушнете што Шопен сакал да каже. 0:12:57.000,0:14:48.000 (музика) 0:14:48.000,0:14:55.000 (Аплауз) 0:14:55.000,0:15:00.000 Можеби се прашувате... 0:15:00.000,0:15:06.000 ...зошто аплаудирам. 0:15:06.000,0:15:08.000 Ова го направив и во едно училиште во Бостон, 0:15:08.000,0:15:12.000 пред околу 70 шесто-одделенци, околу 12 години. 0:15:12.000,0:15:14.000 Им го објаснив истото ова, 0:15:14.000,0:15:15.000 им ја раскажав целата приказна. 0:15:15.000,0:15:17.000 На крајот, побудалеа. Аплаудираа. 0:15:18.000,0:15:19.000 Јас аплаудирав, тие аплаудираа. 0:15:19.000,0:15:21.000 И реков: „Ма, зошто аплаудирам јас?“ 0:15:21.000,0:15:22.000 А, едно од децата рече: „Па, затоа што ние те слушавме.“ 0:15:22.000,0:15:27.000 (Смеа) 0:15:28.000,0:15:30.000 Замислете... 1.600 зафатени луѓе, 0:15:30.000,0:15:32.000 кои се зафатени со најразлични работи, 0:15:33.000,0:15:39.000 ја слушаат, ја разбираат и уживаат во музиката на Шопен. 0:15:39.000,0:15:40.000 Тоа е веќе нешто. 0:15:40.000,0:15:43.000 Сигурен ли сум дека сите тука ја следевте музиката, 0:15:43.000,0:15:45.000 ја разбравте и бевте трогнати од неа? Секако, не можам да бидам сигурен. 0:15:46.000,0:15:47.000 Но, ќе ви кажам што ми се случи еднаш. 0:15:47.000,0:15:50.000 Бев во Ирска за време на немирите пред 10 години, 0:15:50.000,0:15:53.000 каде работев со деца од католичката и протeстантската заедница 0:15:53.000,0:15:57.000 на тема разрешување на конфликт. Ова го направив и со нив. 0:15:58.000,0:16:00.000 Што беше малку ризично, затоа што тоа беа улични деца. 0:16:00.000,0:16:03.000 Едно од нив дојде следниот ден и рече: 0:16:04.000,0:16:07.000 „Никогаш до сега не сум слушал класична музика, 0:16:07.000,0:16:08.000 но кога го отсвири она од шопинг... 0:16:08.000,0:16:11.000 (Смеа) 0:16:11.000,0:16:15.000 Брат ми го убија лани, а јас не заплакав. 0:16:16.000,0:16:17.000 Ама, вчера, кога свиреше, 0:16:17.000,0:16:20.000 помислив на него. 0:16:20.000,0:16:22.000 И солзите сами ми потекоа. 0:16:22.000,0:16:25.000 Добро ми дојде, да се исплачам за брат ми.“ 0:16:25.000,0:16:27.000 Во тој момент сфатив 0:16:27.000,0:16:34.000 дека класичната музика е за сите. За сите. 0:16:35.000,0:16:37.000 Како би оделе... затоа што, 0:16:37.000,0:16:41.000 во мојата професија не се размислува така. 0:16:41.000,0:16:44.000 Велат дека 3% од популацијата сака класична музика. 0:16:44.000,0:16:48.000 Кога само би можеле да дојдеме до 4%, би било супер! 0:16:49.000,0:16:52.000 Јас велам „Како би оделе, како би зборувале, какви би биле 0:16:52.000,0:16:55.000 ако мислите дека 3% од популацијата сака класична музика? 0:16:56.000,0:16:58.000 Кога би дошле до 4%, како би оделе? 0:16:58.000,0:17:00.000 Како би зборувале, какви би биле 0:17:00.000,0:17:02.000 ако мислите дека сите сакаат класична музика, 0:17:02.000,0:17:04.000 само не се свесни за тоа?“ 0:17:04.000,0:17:05.000 (Смеа) 0:17:05.000,0:17:07.000 Тоа се два сосема различни света. 0:17:08.000,0:17:11.000 Имав едно прекрасно искуство. Имав 45 години. 0:17:11.000,0:17:16.000 Бев диригент веќе 20 години и одеднаш сфатив нешто. 0:17:17.000,0:17:20.000 Диригентот не испушта ни звук. 0:17:20.000,0:17:22.000 Сликата ми стои на цедето... 0:17:22.000,0:17:25.000 (Смеа) 0:17:25.000,0:17:27.000 ама, диригентот не испушта никаков звук. 0:17:28.000,0:17:32.000 Неговата моќ и способност зависат од тоа дали ќе може другите да ги направи моќни. 0:17:32.000,0:17:36.000 Тоа смени сè за мене. Ми се смени животот. 0:17:37.000,0:17:38.000 Членовите на оркестарот ме прашуваа: 0:17:38.000,0:17:40.000 „Бен, што се случи?“ Ете, тоа се случи. 0:17:40.000,0:17:45.000 Сфатив дека мојата работа е да ги разбудам можностите во другите луѓе. 0:17:45.000,0:17:48.000 И сакав да знам дали го правам тоа. 0:17:48.000,0:17:51.000 Знаете како дознавате? Им погледнувате во очите. 0:17:51.000,0:17:55.000 Ако очите им светкаат, сте успеале. 0:17:56.000,0:17:57.000 Цело село може да осветлите со неговите очи. 0:17:57.000,0:17:59.000 (Смеа) 0:17:59.000,0:18:01.000 Ако очите светкаат, сте успеале. 0:18:01.000,0:18:04.000 Ако очите не светкаат, треба да си поставите едно прашање. 0:18:04.000,0:18:05.000 А, тоа е ова: 0:18:05.000,0:18:11.000 Кој сум јас, па очите на моите музичари не светкаат? 0:18:12.000,0:18:13.000 Тоа може да го направиме и со децата. 0:18:13.000,0:18:18.000 Кој сум јас, па очите на моите деца не светкаат? 0:18:19.000,0:18:21.000 Тоа е сосема друг свет. 0:18:21.000,0:18:26.000 Скоро доаѓа крајот на оваа магична недела, 0:18:27.000,0:18:28.000 по што се враќаме во вистинскиот свет. 0:18:28.000,0:18:32.000 Време е да се запрашаме: 0:18:32.000,0:18:37.000 Кои сме, како што се враќаме во светот? 0:18:37.000,0:18:39.000 Јас имам една дефиниција за успехот. 0:18:40.000,0:18:42.000 За мене, тоа е многу просто. Богатството, славата и моќта не се важни. 0:18:42.000,0:18:45.000 Важно е колку светкави очи има околу мене. 0:18:46.000,0:18:49.000 Сакам да кажам уште нешто, 0:18:49.000,0:18:52.000 а тоа е дека навистина е важно што зборуваме. 0:18:52.000,0:18:54.000 Зборовите што ги изговараме се важни. 0:18:54.000,0:18:58.000 Ова го научив од една жена која го преживеала Аушвиц, 0:18:58.000,0:18:59.000 една од ретките преживеани. 0:18:59.000,0:19:03.000 Отишла во Аушвиц кога имала 15 години, 0:19:04.000,0:19:11.000 нејзиниот брат имал 8, а родителите им умреле. 0:19:11.000,0:19:16.000 И ми рече вака... 0:19:16.000,0:19:19.000 Бевме во возот и одевме кон Аушвиц. Погледнав надолу 0:19:19.000,0:19:21.000 и видов дека брат ми ги изгубил чевлите. 0:19:22.000,0:19:25.000 Му реков: „Зошто си толку глупав? Пази си ги работите, 0:19:25.000,0:19:26.000 аман веќе?!“ Како што една постара сестра 0:19:26.000,0:19:30.000 би му рекла на помалиот брат. 0:19:30.000,0:19:33.000 За жал, тоа било последното нешто што му го рекла, 0:19:33.000,0:19:37.000 затоа што повеќе не го видела. Тој не преживеал. 0:19:37.000,0:19:39.000 Па, кога излегла од Аушвиц, си ветила нешто. 0:19:40.000,0:19:44.000 Рече: „Од Аушвиц излегов во нов живот 0:19:44.000,0:19:49.000 и се заколнав. Се заколнав дека никогаш нема да кажам нешто 0:19:50.000,0:19:53.000 што не е достојно да биде последното нешто што ќе го кажам.“ 0:19:53.000,0:19:57.000 Можеме ли и ние така? Не. Ќе грешиме и ќе бараме грешки во другите. 0:19:58.000,0:20:05.000 Но, сепак, тоа е можност кон која може да се стремиме. Благодарам. 0:20:05.000,0:20:10.000 (Аплауз) 0:20:11.000,0:20:22.000 Очи што светкаат. 0:20:22.000,0:20:25.000 Благодарам. 0:20:26.000,0:20:31.000 (музика)