Return to Video

Брод со 500 бегалци потона во морето. приказна за двајцата преживеани

  • 0:01 - 0:08
    Секојдневно слушам ужасни приказни
    за луѓе кои бегаат за да се спасат,
  • 0:08 - 0:11
    преку опасни граници и безмилосни мориња.
  • 0:12 - 0:17
    Но, има една приказна која
    не ме остава да заспијам ноќе.
  • 0:17 - 0:18
    Тоа е приказната за Доа.
  • 0:18 - 0:21
    19 годишна бегалка од Сирија
  • 0:21 - 0:27
    живеела во беда работејќи за
    мизерна плата во Египет.
  • 0:27 - 0:32
    Татко ѝ со мислите постојано бил во Сирија
    мислејќи на својот надежен бизнис
  • 0:32 - 0:36
    кој бил уништен во бомбашки напад.
  • 0:36 - 0:42
    Војната која ги довела во Египет,
    беснее веќе четири години.
  • 0:43 - 0:46
    Заедницата која некогаш ги прифатила
  • 0:46 - 0:49
    се уморила од нив.
  • 0:49 - 0:52
    Еден ден, некои луѓе со мотори
    се обиделе да ја киднапираат.
  • 0:53 - 0:58
    Некогашната амбициозна студентка која
    размислувала за својата иднина,
  • 0:58 - 1:01
    сега, постојано била преплашена.
  • 1:02 - 1:04
    Но, истотака и се надевала,
  • 1:04 - 1:09
    бидејќи била вљубена во Басем-бегалец
    од Сирија
  • 1:09 - 1:14
    Басем истотака се измачувал
    во Египет и ѝ рекол на Доа:
  • 1:14 - 1:18
    „Ајде да одиме во Европа,
    да побараме азил и безбедност.
  • 1:18 - 1:22
    јас ќе работам, ти ќе студираш-
    ти ветувам нов живот.“
  • 1:23 - 1:26
    Ја побарал нејзината рака од татко ѝ.
  • 1:27 - 1:32
    Но, тие знаеле дека одењето во Европа
    значи ризикување на нивните животи.
  • 1:32 - 1:35
    Патување преку Медитеранот,
  • 1:35 - 1:40
    ставање на животот во рацете на криумчари
    познати по нивната свирепост.
  • 1:41 - 1:45
    Доа се плашела од вода.
  • 1:45 - 1:48
    Отсекогаш се плашела и никогаш
    не научила да плива.
  • 1:50 - 1:55
    Беше август таа година, и веќе
    2.000 луѓе беа загинале
  • 1:55 - 1:57
    во обидот да го преминат Медитеранот.
  • 1:57 - 2:01
    Доа имала некој пријател кој успеал
    да пребегне во Северна Европа,
  • 2:01 - 2:03
    мислела: „И ние би можеле да успееме“.
  • 2:04 - 2:07
    Побарала дозвола од своите
    родители да заминат
  • 2:07 - 2:10
    и после жолчна расправа, тие се согласиле.
  • 2:10 - 2:17
    Басем платил со својата заштеда-
    по 2.500 долари
  • 2:17 - 2:18
    на секој од криумчарите.
  • 2:19 - 2:22
    Во сабота наутро стигнал повикот,
  • 2:22 - 2:27
    стотици луѓе биле однесени
    со автобус до плажата
  • 2:27 - 2:31
    Потоа биле префрлени со мали чамци
    на еден стар рибарски брод.
  • 2:31 - 2:34
    500 луѓе биле натоварени на бродот
  • 2:34 - 2:36
    300 долу и 500 горе.
  • 2:37 - 2:42
    Имало сиријци, палестинци, африканци,
    муслимани и христијани.
  • 2:42 - 2:47
    100 деца заедно со Сандра,
    малечката Сандра, 6 годишна-
  • 2:47 - 2:50
    и Маса, 18 месеци.
  • 2:51 - 2:55
    Имало семејства на бродот,
    збиени рамо до рамо,
  • 2:55 - 2:57
    стапало до стапало.
  • 2:57 - 3:01
    Доа седела со колената
    потпрени на градите,
  • 3:01 - 3:03
    Басем ја држел за рака.
  • 3:04 - 3:07
    Вториот ден во морето тие
    биле избезумени од грижи
  • 3:07 - 3:10
    со стомачни болки од немирните води.
  • 3:11 - 3:14
    На третиот ден Доа имала лошо претчувство.
  • 3:15 - 3:20
    Му рекла на Басем:„Се плашам дека нема да успееме.
  • 3:20 - 3:22
    Се плашам дека бродот ќе потоне.
  • 3:23 - 3:26
    Басем ѝ рекол: „Стрпи се, те молам.
  • 3:26 - 3:29
    Ќе стигнеме до Шведска, ќе се венчаме
  • 3:29 - 3:30
    и ќе имаме иднина.“
  • 3:32 - 3:36
    Четвртиот ден патниците
    станале вознемирени.
  • 3:36 - 3:39
    Го прашале капетанот: „Кога ќе стигнеме?“
  • 3:39 - 3:42
    Тој им рекол да замолчат и ги навредувал.
  • 3:43 - 3:46
    Им рекол дека за 16 часа ќе стигнат
    до брегот на Италија.
  • 3:47 - 3:50
    Луѓето биле слаби и изнемоштени.
  • 3:50 - 3:54
    По некое време забележале како им се
    приближува мал брод со 10-ина луѓе,
  • 3:54 - 3:57
    кои почнале да им викаат
    и дофрлуваат навреди,
  • 3:57 - 4:02
    фрлајќи со стапови и наредувајќи
    им да се симнат
  • 4:02 - 4:06
    и да се качат на помалиот
    и понесигурен брод.
  • 4:06 - 4:09
    Родителите биле уплашени за своите деца,
  • 4:09 - 4:13
    и едногласно одбиле да се префрлат.
  • 4:14 - 4:17
    Бродот бесно заминал,
  • 4:17 - 4:22
    но, по половина час се вратиле
  • 4:22 - 4:28
    и започнале намерно да го дупчат
    бродот од страната
  • 4:28 - 4:30
    на која седеле Доа и Басем.
  • 4:32 - 4:35
    Таа ги слушала како викаат,
  • 4:35 - 4:38
    „Нека ве изедат рибите.“
  • 4:40 - 4:45
    И се смееле кога бродот се превртел
    и потонал.
  • 4:46 - 4:49
    Оние 300 луѓе кои биле долу
    биле осудени на смрт.
  • 4:50 - 4:54
    Доа се држела на страната
    на бродот додека тонел
  • 4:54 - 5:01
    и со ужас гледала како пропелерот го
    сече на парчиња едно мало дете.
  • 5:02 - 5:05
    Басем ѝ рекол:„Те молам, пушти се
  • 5:05 - 5:08
    инаку ќе те повлече и
    пропелерот ќе те убие и тебе.“
  • 5:08 - 5:10
    Сетете се, таа не знае да плива.
  • 5:11 - 5:15
    Но, се пуштила и почнала да мафта
    со рацете и нозете,
  • 5:15 - 5:17
    и си рекла: „Ова е пливање“.
  • 5:17 - 5:21
    За чудо, Басем нашол гума за спасување,
  • 5:22 - 5:24
    тоа била детска гума
  • 5:24 - 5:28
    како оние со кои си играат по
    базените и мирните води.
  • 5:28 - 5:30
    Доа ја навлекла гумата,
  • 5:30 - 5:34
    рацете и нозете ѝ виселе од страните.
  • 5:35 - 5:37
    Басем бил добар пливач,
  • 5:37 - 5:41
    ја држел за рака и се пробивал
    низ водата.
  • 5:42 - 5:44
    Околу нив имало лешеви.
  • 5:44 - 5:46
    На почетокот се спасиле околу 100 луѓе,
  • 5:47 - 5:51
    и се собирале во групи молејќи се за спас.
  • 5:51 - 5:55
    Но, кога денот изминал и никој не дошол
  • 5:55 - 5:57
    некои изгубиле надеж.
  • 5:57 - 5:59
    Басем и Доа гледале
  • 5:59 - 6:06
    како луѓето ги соблекуваат елеците
    за спасување и тонат во водата.
  • 6:07 - 6:13
    Еден човек им се приближил
    со бебе на рамото,
  • 6:13 - 6:15
    девет месечната Малек.
  • 6:15 - 6:20
    Се потпирал на плинска боца за да
    се одржи на површина и им рекол:
  • 6:20 - 6:22
    „Се плашам дека нема да преживеам.
  • 6:22 - 6:24
    Премногу сум слаб, немам храброст веќе. “
  • 6:25 - 6:30
    Потоа им ја предал Малек на Басем и Доа,
  • 6:30 - 6:33
    а тие ја сместиле на гумата.
  • 6:34 - 6:39
    Сега биле тројца, Доа, Басем
    и малата Малек.
  • 6:39 - 6:42
    Дозволете ми да застанам овде
  • 6:42 - 6:45
    и да прашам:
  • 6:45 - 6:49
    Зошто бегалци како Доа
    преземаат ваков ризик?
  • 6:51 - 6:56
    Милиони бегалци живеат
    прогонети, заборавени.
  • 6:57 - 7:02
    Живеат во земји бегајќи од војната
    која беснее
  • 7:02 - 7:04
    веќе четири години.
  • 7:06 - 7:09
    Дури и да сакаат да се вратат, не можат.
  • 7:09 - 7:12
    Нивните домови, нивната работа,
  • 7:12 - 7:15
    нивните градови и села
    се целосно уништени.
  • 7:15 - 7:18
    Ова е град под заштита на УНЕСКО.
  • 7:18 - 7:20
    Хомс, во Сирија.
  • 7:21 - 7:26
    Луѓето продолжуваат да бегаат
    во соседните земји
  • 7:26 - 7:29
    и се градат бегалски кампови
    за нив во пустините.
  • 7:29 - 7:33
    Стотици, илјадници луѓе живеат
    во кампови како овие,
  • 7:33 - 7:38
    и стотици илјадници живеат
    по градовите, селата.
  • 7:38 - 7:40
    А заедниците,
  • 7:40 - 7:42
    соседните земји кои некогаш ги прифатија
  • 7:42 - 7:44
    со отворени раце и срца,
  • 7:44 - 7:46
    се пренатрупани.
  • 7:47 - 7:51
    Едноставно нема доволно училишта,
    водоводни мрежи и санитација.
  • 7:52 - 7:56
    Дури и богатите европски држави
    не можат да се справат со толкав прилив
  • 7:56 - 8:00
    доколку не вложат огромни средства.
  • 8:01 - 8:06
    Војната во Сирија протера речиси
    4 милиони луѓе преку граници
  • 8:06 - 8:11
    но, околу 7 милиони се во бегство
    во самата држава.
  • 8:11 - 8:15
    Тоа значи дека повеќе од половина
    жители на Сирија
  • 8:15 - 8:17
    биле приморани да ја напуштат земјата.
  • 8:18 - 8:22
    Да се вратиме на соседните држави
    кои прифатиле голем број на бегалци.
  • 8:23 - 8:28
    Тие сметаат дека богатиот свет
    не направил доволно за да им помогне.
  • 8:29 - 8:34
    Деновите се претворија во месеци, а
    месеците во години.
  • 8:34 - 8:38
    Но, престојот на бегалците треба да биде
    само привремен.
  • 8:38 - 8:41
    Да се вратиме на Басем и Доа во морето.
  • 8:41 - 8:46
    Вториот ден Басем
    се чувствуваше исцрпен.
  • 8:47 - 8:51
    Сега Доа му се обратила на Басем:
  • 8:51 - 8:56
    „Љубов моја, те молам издржи во надежта
    за нашата иднина. Ќе успееме.“
  • 8:57 - 9:00
    А тој ѝ одговорил:
  • 9:00 - 9:05
    “ Прости ми, љубов моја, што те доведов
    до оваа состојба.
  • 9:05 - 9:09
    Никогаш не сум сакал некого
    колку тебе што те сакам.“
  • 9:11 - 9:14
    И се препуштил во длабочините на водата.
  • 9:14 - 9:21
    Доа гледала како љубовта на нејзиниот
    живот се дави пред нејзините очи.
  • 9:24 - 9:26
    Истиот ден, подоцна,
  • 9:26 - 9:32
    една мајка ѝ пришла на Доа со нејзината
    18-месечна ќерка, Маса.
  • 9:33 - 9:36
    Тоа е девојчето што претходно
    го видовте на сликата
  • 9:36 - 9:38
    со елекот за спасување.
  • 9:38 - 9:40
    Сестра ѝ Сандра штотуку се удавила.
  • 9:40 - 9:44
    Мајката знаела дека мора
    да стори сé што може
  • 9:44 - 9:45
    за да ја спаси ќеркичката,
  • 9:46 - 9:50
    и се обратила на Доа: „Те молам,
    земи го ова дете.
  • 9:50 - 9:54
    Нека биде дел од тебе,
    јас нема да преживеам.“
  • 9:55 - 9:58
    Потоа заминала и се удавила.
  • 10:00 - 10:04
    Така, Доа, 19 годишна бегалка,
    престрашена од водата,
  • 10:04 - 10:06
    која не умеела да плива,
  • 10:06 - 10:12
    се затекнала да се грижи за две мали деца
  • 10:12 - 10:15
    гладни, жедни и вознемирени.
  • 10:15 - 10:18
    Таа се трудела да ги развесели,
  • 10:18 - 10:22
    им пеела и им кажувала зборови од Куранот.
  • 10:23 - 10:28
    Околу нив телата станувале
    подуени и темни.
  • 10:28 - 10:29
    Сонцето печело преку ден,
  • 10:29 - 10:32
    а ноќе светела студената месечина
    и имало магла.
  • 10:32 - 10:34
    Било многу страшно.
  • 10:35 - 10:40
    Четвртиот ден во морето,
    веројатно вака изгледала Доа
  • 10:40 - 10:42
    во гумата со двете деца.
  • 10:42 - 10:45
    Четвртот ден една жена ѝ се приближила
  • 10:45 - 10:49
    и ја замолила да земе уште едно дете-
  • 10:49 - 10:52
    мало момче од четири години.
  • 10:53 - 10:57
    Кога Доа го зела момчето
    и мајката се удавила,
  • 10:57 - 10:59
    таа му рекла на расплаканото дете:
  • 10:59 - 11:02
    „Таа отиде да најде вода и храна за тебе.“
  • 11:04 - 11:06
    Но, неговото срце не издржа
  • 11:06 - 11:10
    и Доа морала да го пушти
    детето во водата.
  • 11:11 - 11:13
    Истиот ден, подоцна,
  • 11:13 - 11:16
    погледнала кон небото со надеж,
  • 11:16 - 11:20
    бидејќи забележала два авиони
    како се движат.
  • 11:20 - 11:25
    Мафтала со рацете надевајќи се
    дека ќе ја забележат,
  • 11:25 - 11:27
    но, авионите заминале.
  • 11:27 - 11:30
    Но, попладнето, на зајдисонце
  • 11:30 - 11:33
    таа здогледала еден трговски брод.
  • 11:34 - 11:38
    Си рекла:„Те молам, Господе,
    нека ме спасат.“
  • 11:38 - 11:42
    Почнала да мафта со рацете и ѝ се чинело
    дека вика цели два часа.
  • 11:42 - 11:47
    Се смрачило кога конечно ја најдоа
    со помош на рефлектори
  • 11:47 - 11:49
    и ѝ подадоа јаже,
  • 11:49 - 11:54
    и зачудени видоа жена
    која стиска две бебиња.
  • 11:55 - 11:58
    Ги извлекоа на бродот и им дадоа
    кислород и ќебиња.
  • 11:58 - 12:01
    Еден грчки хеликоптер ги зеде
  • 12:01 - 12:03
    и ги одведе на островот Крит.
  • 12:04 - 12:08
    Доа погледнала надолу и запрашала:
    „Што е со Малек?“
  • 12:08 - 12:12
    Ѝ рекле дека бебето не преживеа-
  • 12:12 - 12:15
    издивна во бродската амбуланта.
  • 12:16 - 12:22
    Но, Доа била убедена дека,
    кога ги извлекуваа од водата,
  • 12:22 - 12:25
    малото девојче се смееше.
  • 12:27 - 12:33
    Само 11 луѓе од 500 ја преживеаја
    несреќата.
  • 12:34 - 12:39
    Никогаш немаше меѓународна
    истрага за тоа што се случи.
  • 12:39 - 12:43
    Имаше само некои медиумски вести
    за масовно убиство во морето.
  • 12:43 - 12:44
    Ужасна трагедија,
  • 12:44 - 12:47
    но, тоа траеше само еден ден,
  • 12:47 - 12:51
    и потоа, нови вести дојдоа.
  • 12:53 - 12:57
    Во меѓувреме, на детското
    одделение на Крит,
  • 12:57 - 13:00
    малечката Маса беше на работ на смртта.
  • 13:02 - 13:05
    Беше дехидрирана, бубрезите
    ѝ откажуваа
  • 13:05 - 13:07
    и глукозата опасно намалена.
  • 13:07 - 13:11
    Лекарите сторија сè што беше
    во нивна моќ да ги спасат
  • 13:11 - 13:15
    и грчките медицински сестри никогаш
    не ја напуштија нејзината постела.
  • 13:15 - 13:17
    Ја гушкаа и ѝ пееја.
  • 13:17 - 13:22
    И еден мој колега ја посети и
    ѝ прозборе на арапски.
  • 13:22 - 13:27
    За чудо, малата Маса преживеа.
  • 13:28 - 13:34
    Наскоро грчките медиуми почнаа
    да известуваат за детето-чудо
  • 13:34 - 13:40
    кое преживеа 4 дена во водата
    без храна и вода.
  • 13:40 - 13:45
    Почнаа да пристигнуваат понуди
    за посвојување од цела држава.
  • 13:45 - 13:49
    За тоа време Доа беше
    во друга болница на Крит,
  • 13:49 - 13:50
    слаба, дехидрирана.
  • 13:52 - 13:57
    Кога ја испуштија, едно египетско
    семејство се погрижи за неа.
  • 13:58 - 14:03
    Наскоро насекаде се
    дозна за случајот на Доа,
  • 14:03 - 14:06
    Се објави и еден телефонски
    број на Фејсбук.
  • 14:07 - 14:10
    Почнаа пораки да пристигнуваат.
  • 14:11 - 14:16
    „Доа, дали знаеш што се случи со брат ми?
  • 14:16 - 14:22
    Сестра ми? Родителите? Пријателите?
    Знаеш дали се живи?“
  • 14:23 - 14:27
    Во една порака пишуваше:
  • 14:27 - 14:31
    „ Верувам дека ти ја спаси
    мојата внука Маса.“
  • 14:32 - 14:35
    Оваа слика беше со пораката.
  • 14:36 - 14:38
    Ова беше од вујкото на Маса,
  • 14:38 - 14:43
    сириски бегалец кој успеа да пребегне
    со семејството во Шведска
  • 14:43 - 14:45
    и постарата сестра на Маса.
  • 14:46 - 14:51
    Наскоро, се надеваме дека Маса
    ќе се сретне со нив во Шведска.
  • 14:51 - 14:57
    Дотогаш, таа е згрижена во едно
    убаво сиропиталиште во Атина.
  • 14:58 - 15:04
    А Доа? Се дозна и за нејзиното
    преживување.
  • 15:05 - 15:09
    Медиумите зборуваа за оваа кревка жена,
  • 15:09 - 15:13
    и не можеа да веруваат како
    успеала да преживее
  • 15:13 - 15:16
    во такви околности во водата
  • 15:16 - 15:19
    и да спаси друг живот.
  • 15:20 - 15:26
    Грчката Академија во Атина, една
    од најпрестижните установи,
  • 15:26 - 15:29
    ѝ додели награда за храброст,
  • 15:29 - 15:32
    а таа ги заслужи сите пофалби,
  • 15:32 - 15:35
    и заслужува втора шанса.
  • 15:36 - 15:39
    Tаа сè уште сака да замине во Шведска,
  • 15:39 - 15:42
    Сака да биде таму заедно
    со нејзините блиски.
  • 15:42 - 15:46
    Сака да ги одведе родителите и
    помладите браќа и сестри
  • 15:46 - 15:48
    далеку од Египет,
  • 15:48 - 15:51
    а јас верувам дека ќе успее.
  • 15:51 - 15:54
    Таа сака да стане адвокат или политичар
  • 15:54 - 15:59
    или нешто што ќе ѝ овозможи
    да ја победи неправдата.
  • 15:59 - 16:02
    Таа е исклучителен борец.
  • 16:03 - 16:06
    Но, јас морам да прашам:
  • 16:06 - 16:08
    Што ако не мораше
    да го преземе тој ризик?
  • 16:08 - 16:11
    Зошто мораше да помине низ сето тоа?
  • 16:11 - 16:16
    Зошто не постои легален
    начин таа да студира во Европа?
  • 16:16 - 16:21
    Зошто не можеше Маса да замине
    со авион за Шведска?
  • 16:21 - 16:23
    Зошто да не можеше Басем да најде работа?
  • 16:24 - 16:30
    Зошто не постои поширока програма
    за населување на сириските бегалци,
  • 16:30 - 16:33
    кои се жртви на најужасната
    војна во поново време?
  • 16:34 - 16:39
    Светот го направи тоа за виетнамците
    во 70-те. Зошто не и сега?
  • 16:41 - 16:45
    Зошто има толку мали инвестиции
    во соседните земји
  • 16:45 - 16:48
    кои прифатија толку многу бегалци?
  • 16:49 - 16:52
    И суштинското прашање-Зошто
  • 16:52 - 16:58
    толку малку е направено да се запрат
    војните, прогонувањата
  • 16:58 - 17:03
    и сиромаштијата што фрла толку многу луѓе
  • 17:03 - 17:05
    на бреговите на Европа?
  • 17:06 - 17:09
    Додека не се решат овие проблеми
  • 17:09 - 17:12
    луѓето ќе продолжат да одат кон морињата
  • 17:12 - 17:15
    и да бараат сигурност и азил.
  • 17:16 - 17:18
    И што ќе се случи следно?
  • 17:18 - 17:21
    Во најголема мера тоа ќе биде
    одлука на Европа.
  • 17:21 - 17:24
    Го разбирам стравот на јавноста.
  • 17:25 - 17:31
    Луѓето се загрижени за својата безбедност,
    економија и култура.
  • 17:32 - 17:36
    Но, дали тоа е поважно од
    спасување човечки животи?
  • 17:37 - 17:40
    Бидејќи има нешто суштествено овде
  • 17:40 - 17:42
    што сметам дека надминува сé друго,
  • 17:42 - 17:46
    а тоа е дека сите сме дел од човештвото.
  • 17:47 - 17:51
    Ниту еден човек, кој бега
    од војна и прогонување
  • 17:51 - 17:56
    не треба да умре преминувајќи преку
    море за да најде сигурност.
  • 17:56 - 18:03
    (аплауз)
  • 18:03 - 18:04
    Едно нешто е сигурно,
  • 18:04 - 18:07
    ниту еден бегалец не би бил
    на тие опасни бродови
  • 18:07 - 18:09
    ако може да успее таму каде што живее.
  • 18:10 - 18:13
    И ниту еден имигрант не би одел
    на такво опасно патување
  • 18:13 - 18:17
    ако има доволно храна за себе
    и за своите деца.
  • 18:17 - 18:19
    И никој не би ја дал својата заштеда
  • 18:19 - 18:22
    на озлогласени криумчари
  • 18:22 - 18:25
    ако постои легален начин за емигрирање.
  • 18:25 - 18:29
    Во името на малечката Маса
  • 18:29 - 18:31
    и во името на Доа
  • 18:31 - 18:33
    и на Басем
  • 18:33 - 18:38
    и на сите 500 души кои се удавија со нив,
  • 18:38 - 18:41
    ќе може ли да се потрудиме да не биде
    залудна нивната смрт ?
  • 18:42 - 18:46
    Може ли барем да извлечеме поука
    од тоа што се случи
  • 18:46 - 18:52
    и да се бориме за свет во кој
    сечиј живот ќе вреди?
  • 18:53 - 18:54
    Ви благодарам!
  • 18:54 - 19:01
    (аплауз)
Title:
Брод со 500 бегалци потона во морето. приказна за двајцата преживеани
Speaker:
Мелиса Флеминг
Description:

На брод претоварен со повеќе од 500 бегалци, една млада жена станува неверојатен херој. Ова едноставна, силна приказна раскажана од Мелиса Флеминг, претставник на Агенцијата за бегалци при Обединетите Нации, ги отсликува човечките животи во нивниот обид да пребегнат кон подобар живот...додека бегалските бродови наидуваат...

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
19:15

Macedonian subtitles

Revisions