0:00:01.372,0:00:07.521 Секојдневно слушам ужасни приказни [br]за луѓе кои бегаат за да се спасат, 0:00:07.545,0:00:11.458 преку опасни граници и безмилосни мориња. 0:00:12.109,0:00:16.604 Но, има една приказна која[br]не ме остава да заспијам ноќе. 0:00:16.628,0:00:18.184 Тоа е приказната за Доа. 0:00:18.208,0:00:21.031 19 годишна бегалка од Сирија 0:00:21.055,0:00:26.891 живеела во беда работејќи за [br]мизерна плата во Египет. 0:00:26.915,0:00:32.302 Татко ѝ со мислите постојано бил во Сирија[br]мислејќи на својот надежен бизнис 0:00:32.326,0:00:35.674 кој бил уништен во бомбашки напад. 0:00:36.238,0:00:42.294 Војната која ги довела во Египет,[br]беснее веќе четири години. 0:00:42.999,0:00:46.208 Заедницата која некогаш ги прифатила 0:00:46.232,0:00:48.597 се уморила од нив. 0:00:49.248,0:00:52.306 Еден ден, некои луѓе со мотори [br]се обиделе да ја киднапираат. 0:00:53.084,0:00:57.833 Некогашната амбициозна студентка која[br]размислувала за својата иднина, 0:00:57.857,0:01:01.435 сега, постојано била преплашена. 0:01:02.269,0:01:04.278 Но, истотака и се надевала, 0:01:04.302,0:01:09.325 бидејќи била вљубена во Басем-бегалец[br]од Сирија 0:01:09.349,0:01:14.359 Басем истотака се измачувал [br]во Египет и ѝ рекол на Доа: 0:01:14.383,0:01:17.749 „Ајде да одиме во Европа,[br]да побараме азил и безбедност. 0:01:17.773,0:01:21.916 јас ќе работам, ти ќе студираш-[br]ти ветувам нов живот.“ 0:01:22.829,0:01:26.057 Ја побарал нејзината рака од татко ѝ. 0:01:26.724,0:01:32.240 Но, тие знаеле дека одењето во Европа[br]значи ризикување на нивните животи. 0:01:32.264,0:01:34.764 Патување преку Медитеранот, 0:01:34.788,0:01:40.245 ставање на животот во рацете на криумчари [br]познати по нивната свирепост. 0:01:41.173,0:01:44.562 Доа се плашела од вода. 0:01:45.292,0:01:48.342 Отсекогаш се плашела и никогаш [br]не научила да плива. 0:01:50.222,0:01:54.975 Беше август таа година, и веќе [br]2.000 луѓе беа загинале 0:01:54.999,0:01:56.953 во обидот да го преминат Медитеранот. 0:01:56.977,0:02:00.947 Доа имала некој пријател кој успеал [br]да пребегне во Северна Европа, 0:02:00.971,0:02:03.240 мислела: „И ние би можеле да успееме“. 0:02:03.999,0:02:07.001 Побарала дозвола од своите [br]родители да заминат 0:02:07.025,0:02:10.367 и после жолчна расправа, тие се согласиле. 0:02:10.391,0:02:16.521 Басем платил со својата заштеда-[br]по 2.500 долари 0:02:16.545,0:02:17.941 на секој од криумчарите. 0:02:18.821,0:02:22.036 Во сабота наутро стигнал повикот, 0:02:22.060,0:02:26.539 стотици луѓе биле однесени[br]со автобус до плажата 0:02:26.873,0:02:30.921 Потоа биле префрлени со мали чамци [br]на еден стар рибарски брод. 0:02:30.945,0:02:33.503 500 луѓе биле натоварени на бродот 0:02:33.527,0:02:36.403 300 долу и 500 горе. 0:02:37.466,0:02:42.004 Имало сиријци, палестинци, африканци, [br]муслимани и христијани. 0:02:42.028,0:02:47.356 100 деца заедно со Сандра, [br]малечката Сандра, 6 годишна- 0:02:47.380,0:02:50.196 и Маса, 18 месеци. 0:02:51.498,0:02:55.396 Имало семејства на бродот, [br]збиени рамо до рамо, 0:02:55.420,0:02:56.952 стапало до стапало. 0:02:56.976,0:03:00.784 Доа седела со колената[br]потпрени на градите, 0:03:00.808,0:03:03.323 Басем ја држел за рака. 0:03:04.386,0:03:07.093 Вториот ден во морето тие[br]биле избезумени од грижи 0:03:07.117,0:03:10.196 со стомачни болки од немирните води. 0:03:11.109,0:03:14.084 На третиот ден Доа имала лошо претчувство. 0:03:15.068,0:03:19.621 Му рекла на Басем:„Се плашам дека нема да успееме. 0:03:19.645,0:03:21.684 Се плашам дека бродот ќе потоне. 0:03:22.517,0:03:25.666 Басем ѝ рекол: „Стрпи се, те молам. 0:03:25.690,0:03:28.872 Ќе стигнеме до Шведска, ќе се венчаме 0:03:28.896,0:03:30.450 и ќе имаме иднина.“ 0:03:31.751,0:03:35.604 Четвртиот ден патниците [br]станале вознемирени. 0:03:35.628,0:03:38.764 Го прашале капетанот: „Кога ќе стигнеме?“ 0:03:38.788,0:03:42.176 Тој им рекол да замолчат и ги навредувал. 0:03:42.740,0:03:46.482 Им рекол дека за 16 часа ќе стигнат[br]до брегот на Италија. 0:03:46.506,0:03:49.680 Луѓето биле слаби и изнемоштени. 0:03:49.704,0:03:53.975 По некое време забележале како им се [br]приближува мал брод со 10-ина луѓе, 0:03:53.999,0:03:57.414 кои почнале да им викаат [br]и дофрлуваат навреди, 0:03:57.438,0:04:01.788 фрлајќи со стапови и наредувајќи[br]им да се симнат 0:04:01.812,0:04:05.527 и да се качат на помалиот[br]и понесигурен брод. 0:04:05.551,0:04:09.069 Родителите биле уплашени за своите деца, 0:04:09.093,0:04:13.094 и едногласно одбиле да се префрлат. 0:04:14.157,0:04:17.273 Бродот бесно заминал, 0:04:17.297,0:04:21.527 но, по половина час се вратиле 0:04:21.551,0:04:27.603 и започнале намерно да го дупчат[br]бродот од страната 0:04:27.627,0:04:30.240 на која седеле Доа и Басем. 0:04:31.764,0:04:35.103 Таа ги слушала како викаат, 0:04:35.127,0:04:38.488 „Нека ве изедат рибите.“ 0:04:39.599,0:04:45.437 И се смееле кога бродот се превртел[br]и потонал. 0:04:45.999,0:04:49.058 Оние 300 луѓе кои биле долу [br]биле осудени на смрт. 0:04:49.757,0:04:54.346 Доа се држела на страната[br]на бродот додека тонел 0:04:54.370,0:05:01.188 и со ужас гледала како пропелерот го[br]сече на парчиња едно мало дете. 0:05:02.355,0:05:04.554 Басем ѝ рекол:„Те молам, пушти се 0:05:04.578,0:05:07.743 инаку ќе те повлече и [br]пропелерот ќе те убие и тебе.“ 0:05:08.267,0:05:10.315 Сетете се, таа не знае да плива. 0:05:10.999,0:05:15.187 Но, се пуштила и почнала да мафта [br]со рацете и нозете, 0:05:15.211,0:05:16.647 и си рекла: „Ова е пливање“. 0:05:16.671,0:05:21.044 За чудо, Басем нашол гума за спасување, 0:05:21.806,0:05:23.854 тоа била детска гума 0:05:23.878,0:05:27.975 како оние со кои си играат по[br]базените и мирните води. 0:05:27.999,0:05:30.044 Доа ја навлекла гумата, 0:05:30.068,0:05:33.788 рацете и нозете ѝ виселе од страните. 0:05:34.835,0:05:36.776 Басем бил добар пливач, 0:05:36.800,0:05:40.594 ја држел за рака и се пробивал [br]низ водата. 0:05:42.064,0:05:44.002 Околу нив имало лешеви. 0:05:44.026,0:05:46.494 На почетокот се спасиле околу 100 луѓе, 0:05:46.518,0:05:51.059 и се собирале во групи молејќи се за спас. 0:05:51.083,0:05:55.400 Но, кога денот изминал и никој не дошол 0:05:55.424,0:05:57.249 некои изгубиле надеж. 0:05:57.273,0:05:59.447 Басем и Доа гледале 0:05:59.471,0:06:06.052 како луѓето ги соблекуваат елеците [br]за спасување и тонат во водата. 0:06:07.052,0:06:12.975 Еден човек им се приближил [br]со бебе на рамото, 0:06:12.999,0:06:14.649 девет месечната Малек. 0:06:14.673,0:06:19.752 Се потпирал на плинска боца за да[br]се одржи на површина и им рекол: 0:06:19.776,0:06:21.726 „Се плашам дека нема да преживеам. 0:06:21.750,0:06:24.416 Премногу сум слаб, немам храброст веќе. “ 0:06:24.829,0:06:29.975 Потоа им ја предал Малек на Басем и Доа, 0:06:29.999,0:06:32.711 а тие ја сместиле на гумата. 0:06:33.774,0:06:39.188 Сега биле тројца, Доа, Басем [br]и малата Малек. 0:06:39.212,0:06:42.341 Дозволете ми да застанам овде 0:06:42.365,0:06:44.663 и да прашам: 0:06:44.687,0:06:49.480 Зошто бегалци како Доа[br]преземаат ваков ризик? 0:06:51.061,0:06:55.904 Милиони бегалци живеат [br]прогонети, заборавени. 0:06:57.232,0:07:01.532 Живеат во земји бегајќи од војната [br]која беснее 0:07:01.556,0:07:03.840 веќе четири години. 0:07:05.634,0:07:08.795 Дури и да сакаат да се вратат, не можат. 0:07:08.819,0:07:11.581 Нивните домови, нивната работа, 0:07:11.605,0:07:15.127 нивните градови и села [br]се целосно уништени. 0:07:15.151,0:07:17.975 Ова е град под заштита на УНЕСКО. 0:07:17.999,0:07:19.756 Хомс, во Сирија. 0:07:21.097,0:07:25.662 Луѓето продолжуваат да бегаат[br]во соседните земји 0:07:25.686,0:07:29.285 и се градат бегалски кампови [br]за нив во пустините. 0:07:29.309,0:07:33.319 Стотици, илјадници луѓе живеат[br]во кампови како овие, 0:07:33.343,0:07:38.316 и стотици илјадници живеат[br]по градовите, селата. 0:07:38.340,0:07:39.558 А заедниците, 0:07:39.582,0:07:42.438 соседните земји кои некогаш ги прифатија 0:07:42.462,0:07:44.224 со отворени раце и срца, 0:07:44.248,0:07:45.866 се пренатрупани. 0:07:46.731,0:07:51.183 Едноставно нема доволно училишта,[br]водоводни мрежи и санитација. 0:07:51.747,0:07:56.370 Дури и богатите европски држави[br]не можат да се справат со толкав прилив 0:07:56.394,0:07:59.637 доколку не вложат огромни средства. 0:08:01.407,0:08:06.433 Војната во Сирија протера речиси[br]4 милиони луѓе преку граници 0:08:06.457,0:08:11.394 но, околу 7 милиони се во бегство[br]во самата држава. 0:08:11.418,0:08:15.109 Тоа значи дека повеќе од половина [br]жители на Сирија 0:08:15.133,0:08:17.393 биле приморани да ја напуштат земјата. 0:08:17.766,0:08:22.059 Да се вратиме на соседните држави [br]кои прифатиле голем број на бегалци. 0:08:23.114,0:08:28.147 Тие сметаат дека богатиот свет [br]не направил доволно за да им помогне. 0:08:29.401,0:08:33.798 Деновите се претворија во месеци, а [br]месеците во години. 0:08:34.483,0:08:38.055 Но, престојот на бегалците треба да биде[br]само привремен. 0:08:38.079,0:08:41.400 Да се вратиме на Басем и Доа во морето. 0:08:41.424,0:08:45.773 Вториот ден Басем[br]се чувствуваше исцрпен. 0:08:46.764,0:08:50.765 Сега Доа му се обратила на Басем: 0:08:50.789,0:08:56.472 „Љубов моја, те молам издржи во надежта[br]за нашата иднина. Ќе успееме.“ 0:08:57.376,0:09:00.057 А тој ѝ одговорил: 0:09:00.081,0:09:04.518 “ Прости ми, љубов моја, што те доведов [br]до оваа состојба. 0:09:04.542,0:09:09.219 Никогаш не сум сакал некого [br]колку тебе што те сакам.“ 0:09:10.871,0:09:14.269 И се препуштил во длабочините на водата. 0:09:14.293,0:09:20.549 Доа гледала како љубовта на нејзиниот [br]живот се дави пред нејзините очи. 0:09:23.888,0:09:26.304 Истиот ден, подоцна, 0:09:26.328,0:09:31.979 една мајка ѝ пришла на Доа со нејзината [br]18-месечна ќерка, Маса. 0:09:32.741,0:09:35.666 Тоа е девојчето што претходно [br]го видовте на сликата 0:09:35.690,0:09:37.538 со елекот за спасување. 0:09:37.562,0:09:39.755 Сестра ѝ Сандра штотуку се удавила. 0:09:39.779,0:09:43.898 Мајката знаела дека мора[br]да стори сé што може 0:09:43.922,0:09:45.414 за да ја спаси ќеркичката, 0:09:45.993,0:09:49.850 и се обратила на Доа: „Те молам, [br]земи го ова дете. 0:09:49.874,0:09:53.902 Нека биде дел од тебе,[br]јас нема да преживеам.“ 0:09:55.125,0:09:58.467 Потоа заминала и се удавила. 0:09:59.825,0:10:04.059 Така, Доа, 19 годишна бегалка,[br]престрашена од водата, 0:10:04.083,0:10:05.975 која не умеела да плива, 0:10:05.999,0:10:11.591 се затекнала да се грижи за две мали деца 0:10:11.615,0:10:15.296 гладни, жедни и вознемирени. 0:10:15.320,0:10:18.018 Таа се трудела да ги развесели, 0:10:18.042,0:10:22.075 им пеела и им кажувала зборови од Куранот. 0:10:23.234,0:10:27.668 Околу нив телата станувале[br]подуени и темни. 0:10:27.692,0:10:29.438 Сонцето печело преку ден, 0:10:29.462,0:10:32.182 а ноќе светела студената месечина [br]и имало магла. 0:10:32.206,0:10:34.182 Било многу страшно. 0:10:34.976,0:10:39.715 Четвртиот ден во морето, [br]веројатно вака изгледала Доа 0:10:39.739,0:10:41.860 во гумата со двете деца. 0:10:41.884,0:10:45.431 Четвртот ден една жена ѝ се приближила 0:10:45.455,0:10:48.566 и ја замолила да земе уште едно дете- 0:10:48.590,0:10:51.605 мало момче од четири години. 0:10:52.999,0:10:57.016 Кога Доа го зела момчето [br]и мајката се удавила, 0:10:57.040,0:10:59.000 таа му рекла на расплаканото дете: 0:10:59.024,0:11:02.460 „Таа отиде да најде вода и храна за тебе.“ 0:11:04.388,0:11:06.381 Но, неговото срце не издржа 0:11:06.405,0:11:10.078 и Доа морала да го пушти [br]детето во водата. 0:11:11.023,0:11:13.048 Истиот ден, подоцна, 0:11:13.072,0:11:16.351 погледнала кон небото со надеж, 0:11:16.375,0:11:20.390 бидејќи забележала два авиони [br]како се движат. 0:11:20.414,0:11:24.913 Мафтала со рацете надевајќи се [br]дека ќе ја забележат, 0:11:24.937,0:11:26.793 но, авионите заминале. 0:11:27.317,0:11:30.220 Но, попладнето, на зајдисонце 0:11:30.244,0:11:33.100 таа здогледала еден трговски брод. 0:11:34.109,0:11:38.126 Си рекла:„Те молам, Господе, [br]нека ме спасат.“ 0:11:38.150,0:11:42.110 Почнала да мафта со рацете и ѝ се чинело[br]дека вика цели два часа. 0:11:42.134,0:11:46.744 Се смрачило кога конечно ја најдоа[br]со помош на рефлектори 0:11:46.768,0:11:48.975 и ѝ подадоа јаже, 0:11:48.999,0:11:53.968 и зачудени видоа жена[br]која стиска две бебиња. 0:11:54.770,0:11:58.258 Ги извлекоа на бродот и им дадоа[br]кислород и ќебиња. 0:11:58.282,0:12:01.289 Еден грчки хеликоптер ги зеде [br] 0:12:01.313,0:12:03.425 и ги одведе на островот Крит. 0:12:04.353,0:12:07.860 Доа погледнала надолу и запрашала:[br]„Што е со Малек?“ 0:12:08.400,0:12:11.975 Ѝ рекле дека бебето не преживеа- 0:12:11.999,0:12:15.386 издивна во бродската амбуланта. 0:12:16.203,0:12:21.975 Но, Доа била убедена дека, [br]кога ги извлекуваа од водата, 0:12:21.999,0:12:25.246 малото девојче се смееше. 0:12:27.278,0:12:33.280 Само 11 луѓе од 500 ја преживеаја [br]несреќата. 0:12:34.304,0:12:38.975 Никогаш немаше меѓународна [br]истрага за тоа што се случи. 0:12:38.999,0:12:43.094 Имаше само некои медиумски вести[br]за масовно убиство во морето. 0:12:43.118,0:12:44.443 Ужасна трагедија, 0:12:44.467,0:12:46.934 но, тоа траеше само еден ден, 0:12:47.490,0:12:51.314 и потоа, нови вести дојдоа. 0:12:52.536,0:12:57.078 Во меѓувреме, на детското [br]одделение на Крит, 0:12:57.102,0:13:00.474 малечката Маса беше на работ на смртта. 0:13:01.681,0:13:05.391 Беше дехидрирана, бубрезите[br]ѝ откажуваа 0:13:05.415,0:13:07.439 и глукозата опасно намалена. 0:13:07.463,0:13:11.029 Лекарите сторија сè што беше [br]во нивна моќ да ги спасат 0:13:11.053,0:13:14.713 и грчките медицински сестри никогаш[br]не ја напуштија нејзината постела. 0:13:14.737,0:13:16.864 Ја гушкаа и ѝ пееја. 0:13:16.888,0:13:22.457 И еден мој колега ја посети и[br]ѝ прозборе на арапски. 0:13:22.481,0:13:26.677 За чудо, малата Маса преживеа. 0:13:28.192,0:13:34.128 Наскоро грчките медиуми почнаа[br]да известуваат за детето-чудо 0:13:34.152,0:13:39.819 кое преживеа 4 дена во водата[br]без храна и вода. 0:13:39.843,0:13:44.577 Почнаа да пристигнуваат понуди[br]за посвојување од цела држава. 0:13:45.466,0:13:48.856 За тоа време Доа беше[br]во друга болница на Крит, 0:13:48.880,0:13:50.492 слаба, дехидрирана. 0:13:51.571,0:13:57.116 Кога ја испуштија, едно египетско [br]семејство се погрижи за неа. 0:13:58.248,0:14:02.995 Наскоро насекаде се [br]дозна за случајот на Доа, 0:14:03.019,0:14:06.197 Се објави и еден телефонски[br]број на Фејсбук. 0:14:07.300,0:14:09.865 Почнаа пораки да пристигнуваат. 0:14:10.999,0:14:15.787 „Доа, дали знаеш што се случи со брат ми? 0:14:15.811,0:14:22.352 Сестра ми? Родителите? Пријателите? [br]Знаеш дали се живи?“ 0:14:23.201,0:14:26.975 Во една порака пишуваше: 0:14:26.999,0:14:31.447 „ Верувам дека ти ја спаси [br]мојата внука Маса.“ 0:14:32.249,0:14:34.741 Оваа слика беше со пораката. 0:14:35.741,0:14:38.003 Ова беше од вујкото на Маса, 0:14:38.027,0:14:42.749 сириски бегалец кој успеа да пребегне[br]со семејството во Шведска 0:14:42.773,0:14:44.980 и постарата сестра на Маса. 0:14:45.647,0:14:51.331 Наскоро, се надеваме дека Маса [br]ќе се сретне со нив во Шведска. 0:14:51.355,0:14:56.879 Дотогаш, таа е згрижена во едно [br]убаво сиропиталиште во Атина. 0:14:58.221,0:15:04.003 А Доа? Се дозна и за нејзиното[br]преживување. 0:15:04.999,0:15:08.712 Медиумите зборуваа за оваа кревка жена, 0:15:08.736,0:15:12.648 и не можеа да веруваат како[br]успеала да преживее 0:15:12.672,0:15:15.666 во такви околности во водата 0:15:15.690,0:15:18.721 и да спаси друг живот. 0:15:20.459,0:15:25.846 Грчката Академија во Атина, една [br]од најпрестижните установи, 0:15:25.870,0:15:29.226 ѝ додели награда за храброст, 0:15:29.250,0:15:32.241 а таа ги заслужи сите пофалби, 0:15:32.265,0:15:34.686 и заслужува втора шанса. 0:15:35.999,0:15:39.439 Tаа сè уште сака да замине во Шведска, 0:15:39.463,0:15:41.693 Сака да биде таму заедно[br]со нејзините блиски. 0:15:41.717,0:15:45.828 Сака да ги одведе родителите и [br]помладите браќа и сестри 0:15:45.852,0:15:48.170 далеку од Египет, 0:15:48.194,0:15:51.375 а јас верувам дека ќе успее. 0:15:51.399,0:15:54.121 Таа сака да стане адвокат или политичар 0:15:54.145,0:15:59.039 или нешто што ќе ѝ овозможи[br]да ја победи неправдата. 0:15:59.063,0:16:02.127 Таа е исклучителен борец. 0:16:03.215,0:16:05.779 Но, јас морам да прашам: 0:16:05.803,0:16:08.075 Што ако не мораше [br]да го преземе тој ризик? 0:16:08.099,0:16:10.575 Зошто мораше да помине низ сето тоа? 0:16:11.226,0:16:16.290 Зошто не постои легален [br]начин таа да студира во Европа? 0:16:16.314,0:16:20.610 Зошто не можеше Маса да замине [br]со авион за Шведска? 0:16:20.634,0:16:23.006 Зошто да не можеше Басем да најде работа? 0:16:24.125,0:16:29.547 Зошто не постои поширока програма [br]за населување на сириските бегалци, 0:16:29.571,0:16:33.191 кои се жртви на најужасната [br]војна во поново време? 0:16:33.778,0:16:39.283 Светот го направи тоа за виетнамците[br]во 70-те. Зошто не и сега? 0:16:40.624,0:16:45.241 Зошто има толку мали инвестиции [br]во соседните земји 0:16:45.265,0:16:47.931 кои прифатија толку многу бегалци? 0:16:49.113,0:16:51.975 И суштинското прашање-Зошто 0:16:51.999,0:16:58.395 толку малку е направено да се запрат[br]војните, прогонувањата 0:16:58.419,0:17:02.975 и сиромаштијата што фрла толку многу луѓе 0:17:02.999,0:17:04.851 на бреговите на Европа? 0:17:05.999,0:17:08.608 Додека не се решат овие проблеми 0:17:08.632,0:17:11.967 луѓето ќе продолжат да одат кон морињата 0:17:11.991,0:17:15.420 и да бараат сигурност и азил. 0:17:16.103,0:17:17.761 И што ќе се случи следно? 0:17:18.253,0:17:21.084 Во најголема мера тоа ќе биде[br]одлука на Европа. 0:17:21.108,0:17:24.139 Го разбирам стравот на јавноста. 0:17:25.005,0:17:30.932 Луѓето се загрижени за својата безбедност,[br]економија и култура. 0:17:31.893,0:17:36.034 Но, дали тоа е поважно од[br]спасување човечки животи? 0:17:36.859,0:17:39.638 Бидејќи има нешто суштествено овде 0:17:39.662,0:17:42.466 што сметам дека надминува сé друго, 0:17:42.490,0:17:46.052 а тоа е дека сите сме дел од човештвото. 0:17:46.719,0:17:51.188 Ниту еден човек, кој бега [br]од војна и прогонување 0:17:51.212,0:17:56.373 не треба да умре преминувајќи преку [br]море за да најде сигурност. 0:17:56.397,0:18:02.729 (аплауз) 0:18:02.753,0:18:03.920 Едно нешто е сигурно, 0:18:03.944,0:18:07.127 ниту еден бегалец не би бил[br]на тие опасни бродови 0:18:07.151,0:18:09.499 ако може да успее таму каде што живее. 0:18:09.523,0:18:12.801 И ниту еден имигрант не би одел[br]на такво опасно патување 0:18:12.825,0:18:16.711 ако има доволно храна за себе[br]и за своите деца. 0:18:16.735,0:18:19.354 И никој не би ја дал својата заштеда 0:18:19.378,0:18:22.171 на озлогласени криумчари 0:18:22.195,0:18:24.622 ако постои легален начин за емигрирање. 0:18:25.471,0:18:29.066 Во името на малечката Маса 0:18:29.090,0:18:31.359 и во името на Доа 0:18:31.383,0:18:33.107 и на Басем 0:18:33.131,0:18:38.268 и на сите 500 души кои се удавија со нив, 0:18:38.292,0:18:41.435 ќе може ли да се потрудиме да не биде [br]залудна нивната смрт ? 0:18:42.308,0:18:45.975 Може ли барем да извлечеме поука[br]од тоа што се случи 0:18:45.999,0:18:51.950 и да се бориме за свет во кој [br]сечиј живот ќе вреди? 0:18:52.999,0:18:54.310 Ви благодарам! 0:18:54.334,0:19:00.928 (аплауз)