WEBVTT 00:00:01.372 --> 00:00:07.521 Секојдневно слушам ужасни приказни за луѓе кои бегаат за да се спасат, 00:00:07.545 --> 00:00:11.458 преку опасни граници и безмилосни мориња. 00:00:12.109 --> 00:00:16.604 Но, има една приказна која не ме остава да заспијам ноќе. 00:00:16.628 --> 00:00:18.184 Тоа е приказната за Доа. NOTE Paragraph 00:00:18.208 --> 00:00:21.031 19 годишна бегалка од Сирија 00:00:21.055 --> 00:00:26.891 живеела во беда работејќи за мизерна плата во Египет. 00:00:26.915 --> 00:00:32.302 Татко ѝ со мислите постојано бил во Сирија мислејќи на својот надежен бизнис 00:00:32.326 --> 00:00:35.674 кој бил уништен во бомбашки напад. 00:00:36.238 --> 00:00:42.294 Војната која ги довела во Египет, беснее веќе четири години. 00:00:42.999 --> 00:00:46.208 Заедницата која некогаш ги прифатила 00:00:46.232 --> 00:00:48.597 се уморила од нив. 00:00:49.248 --> 00:00:52.306 Еден ден, некои луѓе со мотори се обиделе да ја киднапираат. 00:00:53.084 --> 00:00:57.833 Некогашната амбициозна студентка која размислувала за својата иднина, 00:00:57.857 --> 00:01:01.435 сега, постојано била преплашена. NOTE Paragraph 00:01:02.269 --> 00:01:04.278 Но, истотака и се надевала, 00:01:04.302 --> 00:01:09.325 бидејќи била вљубена во Басем-бегалец од Сирија 00:01:09.349 --> 00:01:14.359 Басем истотака се измачувал во Египет и ѝ рекол на Доа: 00:01:14.383 --> 00:01:17.749 „Ајде да одиме во Европа, да побараме азил и безбедност. 00:01:17.773 --> 00:01:21.916 јас ќе работам, ти ќе студираш- ти ветувам нов живот.“ 00:01:22.829 --> 00:01:26.057 Ја побарал нејзината рака од татко ѝ. NOTE Paragraph 00:01:26.724 --> 00:01:32.240 Но, тие знаеле дека одењето во Европа значи ризикување на нивните животи. 00:01:32.264 --> 00:01:34.764 Патување преку Медитеранот, 00:01:34.788 --> 00:01:40.245 ставање на животот во рацете на криумчари познати по нивната свирепост. 00:01:41.173 --> 00:01:44.562 Доа се плашела од вода. 00:01:45.292 --> 00:01:48.342 Отсекогаш се плашела и никогаш не научила да плива. NOTE Paragraph 00:01:50.222 --> 00:01:54.975 Беше август таа година, и веќе 2.000 луѓе беа загинале 00:01:54.999 --> 00:01:56.953 во обидот да го преминат Медитеранот. 00:01:56.977 --> 00:02:00.947 Доа имала некој пријател кој успеал да пребегне во Северна Европа, 00:02:00.971 --> 00:02:03.240 мислела: „И ние би можеле да успееме“. 00:02:03.999 --> 00:02:07.001 Побарала дозвола од своите родители да заминат 00:02:07.025 --> 00:02:10.367 и после жолчна расправа, тие се согласиле. 00:02:10.391 --> 00:02:16.521 Басем платил со својата заштеда- по 2.500 долари 00:02:16.545 --> 00:02:17.941 на секој од криумчарите. NOTE Paragraph 00:02:18.821 --> 00:02:22.036 Во сабота наутро стигнал повикот, 00:02:22.060 --> 00:02:26.539 стотици луѓе биле однесени со автобус до плажата 00:02:26.873 --> 00:02:30.921 Потоа биле префрлени со мали чамци на еден стар рибарски брод. 00:02:30.945 --> 00:02:33.503 500 луѓе биле натоварени на бродот 00:02:33.527 --> 00:02:36.403 300 долу и 500 горе. 00:02:37.466 --> 00:02:42.004 Имало сиријци, палестинци, африканци, муслимани и христијани. 00:02:42.028 --> 00:02:47.356 100 деца заедно со Сандра, малечката Сандра, 6 годишна- 00:02:47.380 --> 00:02:50.196 и Маса, 18 месеци. 00:02:51.498 --> 00:02:55.396 Имало семејства на бродот, збиени рамо до рамо, 00:02:55.420 --> 00:02:56.952 стапало до стапало. 00:02:56.976 --> 00:03:00.784 Доа седела со колената потпрени на градите, 00:03:00.808 --> 00:03:03.323 Басем ја држел за рака. NOTE Paragraph 00:03:04.386 --> 00:03:07.093 Вториот ден во морето тие биле избезумени од грижи 00:03:07.117 --> 00:03:10.196 со стомачни болки од немирните води. NOTE Paragraph 00:03:11.109 --> 00:03:14.084 На третиот ден Доа имала лошо претчувство. 00:03:15.068 --> 00:03:19.621 Му рекла на Басем:„Се плашам дека нема да успееме. 00:03:19.645 --> 00:03:21.684 Се плашам дека бродот ќе потоне. 00:03:22.517 --> 00:03:25.666 Басем ѝ рекол: „Стрпи се, те молам. 00:03:25.690 --> 00:03:28.872 Ќе стигнеме до Шведска, ќе се венчаме 00:03:28.896 --> 00:03:30.450 и ќе имаме иднина.“ NOTE Paragraph 00:03:31.751 --> 00:03:35.604 Четвртиот ден патниците станале вознемирени. 00:03:35.628 --> 00:03:38.764 Го прашале капетанот: „Кога ќе стигнеме?“ 00:03:38.788 --> 00:03:42.176 Тој им рекол да замолчат и ги навредувал. 00:03:42.740 --> 00:03:46.482 Им рекол дека за 16 часа ќе стигнат до брегот на Италија. 00:03:46.506 --> 00:03:49.680 Луѓето биле слаби и изнемоштени. 00:03:49.704 --> 00:03:53.975 По некое време забележале како им се приближува мал брод со 10-ина луѓе, 00:03:53.999 --> 00:03:57.414 кои почнале да им викаат и дофрлуваат навреди, 00:03:57.438 --> 00:04:01.788 фрлајќи со стапови и наредувајќи им да се симнат 00:04:01.812 --> 00:04:05.527 и да се качат на помалиот и понесигурен брод. 00:04:05.551 --> 00:04:09.069 Родителите биле уплашени за своите деца, 00:04:09.093 --> 00:04:13.094 и едногласно одбиле да се префрлат. 00:04:14.157 --> 00:04:17.273 Бродот бесно заминал, 00:04:17.297 --> 00:04:21.527 но, по половина час се вратиле 00:04:21.551 --> 00:04:27.603 и започнале намерно да го дупчат бродот од страната 00:04:27.627 --> 00:04:30.240 на која седеле Доа и Басем. 00:04:31.764 --> 00:04:35.103 Таа ги слушала како викаат, 00:04:35.127 --> 00:04:38.488 „Нека ве изедат рибите.“ 00:04:39.599 --> 00:04:45.437 И се смееле кога бродот се превртел и потонал. NOTE Paragraph 00:04:45.999 --> 00:04:49.058 Оние 300 луѓе кои биле долу биле осудени на смрт. 00:04:49.757 --> 00:04:54.346 Доа се држела на страната на бродот додека тонел 00:04:54.370 --> 00:05:01.188 и со ужас гледала како пропелерот го сече на парчиња едно мало дете. 00:05:02.355 --> 00:05:04.554 Басем ѝ рекол:„Те молам, пушти се 00:05:04.578 --> 00:05:07.743 инаку ќе те повлече и пропелерот ќе те убие и тебе.“ 00:05:08.267 --> 00:05:10.315 Сетете се, таа не знае да плива. 00:05:10.999 --> 00:05:15.187 Но, се пуштила и почнала да мафта со рацете и нозете, 00:05:15.211 --> 00:05:16.647 и си рекла: „Ова е пливање“. 00:05:16.671 --> 00:05:21.044 За чудо, Басем нашол гума за спасување, 00:05:21.806 --> 00:05:23.854 тоа била детска гума 00:05:23.878 --> 00:05:27.975 како оние со кои си играат по базените и мирните води. 00:05:27.999 --> 00:05:30.044 Доа ја навлекла гумата, 00:05:30.068 --> 00:05:33.788 рацете и нозете ѝ виселе од страните. 00:05:34.835 --> 00:05:36.776 Басем бил добар пливач, 00:05:36.800 --> 00:05:40.594 ја држел за рака и се пробивал низ водата. 00:05:42.064 --> 00:05:44.002 Околу нив имало лешеви. 00:05:44.026 --> 00:05:46.494 На почетокот се спасиле околу 100 луѓе, 00:05:46.518 --> 00:05:51.059 и се собирале во групи молејќи се за спас. 00:05:51.083 --> 00:05:55.400 Но, кога денот изминал и никој не дошол 00:05:55.424 --> 00:05:57.249 некои изгубиле надеж. 00:05:57.273 --> 00:05:59.447 Басем и Доа гледале 00:05:59.471 --> 00:06:06.052 како луѓето ги соблекуваат елеците за спасување и тонат во водата. NOTE Paragraph 00:06:07.052 --> 00:06:12.975 Еден човек им се приближил со бебе на рамото, 00:06:12.999 --> 00:06:14.649 девет месечната Малек. 00:06:14.673 --> 00:06:19.752 Се потпирал на плинска боца за да се одржи на површина и им рекол: 00:06:19.776 --> 00:06:21.726 „Се плашам дека нема да преживеам. 00:06:21.750 --> 00:06:24.416 Премногу сум слаб, немам храброст веќе. “ 00:06:24.829 --> 00:06:29.975 Потоа им ја предал Малек на Басем и Доа, 00:06:29.999 --> 00:06:32.711 а тие ја сместиле на гумата. 00:06:33.774 --> 00:06:39.188 Сега биле тројца, Доа, Басем и малата Малек. NOTE Paragraph 00:06:39.212 --> 00:06:42.341 Дозволете ми да застанам овде 00:06:42.365 --> 00:06:44.663 и да прашам: 00:06:44.687 --> 00:06:49.480 Зошто бегалци како Доа преземаат ваков ризик? 00:06:51.061 --> 00:06:55.904 Милиони бегалци живеат прогонети, заборавени. 00:06:57.232 --> 00:07:01.532 Живеат во земји бегајќи од војната која беснее 00:07:01.556 --> 00:07:03.840 веќе четири години. 00:07:05.634 --> 00:07:08.795 Дури и да сакаат да се вратат, не можат. 00:07:08.819 --> 00:07:11.581 Нивните домови, нивната работа, 00:07:11.605 --> 00:07:15.127 нивните градови и села се целосно уништени. 00:07:15.151 --> 00:07:17.975 Ова е град под заштита на УНЕСКО. 00:07:17.999 --> 00:07:19.756 Хомс, во Сирија. 00:07:21.097 --> 00:07:25.662 Луѓето продолжуваат да бегаат во соседните земји 00:07:25.686 --> 00:07:29.285 и се градат бегалски кампови за нив во пустините. 00:07:29.309 --> 00:07:33.319 Стотици, илјадници луѓе живеат во кампови како овие, 00:07:33.343 --> 00:07:38.316 и стотици илјадници живеат по градовите, селата. 00:07:38.340 --> 00:07:39.558 А заедниците, 00:07:39.582 --> 00:07:42.438 соседните земји кои некогаш ги прифатија 00:07:42.462 --> 00:07:44.224 со отворени раце и срца, 00:07:44.248 --> 00:07:45.866 се пренатрупани. 00:07:46.731 --> 00:07:51.183 Едноставно нема доволно училишта, водоводни мрежи и санитација. 00:07:51.747 --> 00:07:56.370 Дури и богатите европски држави не можат да се справат со толкав прилив 00:07:56.394 --> 00:07:59.637 доколку не вложат огромни средства. 00:08:01.407 --> 00:08:06.433 Војната во Сирија протера речиси 4 милиони луѓе преку граници 00:08:06.457 --> 00:08:11.394 но, околу 7 милиони се во бегство во самата држава. 00:08:11.418 --> 00:08:15.109 Тоа значи дека повеќе од половина жители на Сирија 00:08:15.133 --> 00:08:17.393 биле приморани да ја напуштат земјата. 00:08:17.766 --> 00:08:22.059 Да се вратиме на соседните држави кои прифатиле голем број на бегалци. 00:08:23.114 --> 00:08:28.147 Тие сметаат дека богатиот свет не направил доволно за да им помогне. 00:08:29.401 --> 00:08:33.798 Деновите се претворија во месеци, а месеците во години. 00:08:34.483 --> 00:08:38.055 Но, престојот на бегалците треба да биде само привремен. NOTE Paragraph 00:08:38.079 --> 00:08:41.400 Да се вратиме на Басем и Доа во морето. 00:08:41.424 --> 00:08:45.773 Вториот ден Басем се чувствуваше исцрпен. 00:08:46.764 --> 00:08:50.765 Сега Доа му се обратила на Басем: 00:08:50.789 --> 00:08:56.472 „Љубов моја, те молам издржи во надежта за нашата иднина. Ќе успееме.“ 00:08:57.376 --> 00:09:00.057 А тој ѝ одговорил: 00:09:00.081 --> 00:09:04.518 “ Прости ми, љубов моја, што те доведов до оваа состојба. 00:09:04.542 --> 00:09:09.219 Никогаш не сум сакал некого колку тебе што те сакам.“ 00:09:10.871 --> 00:09:14.269 И се препуштил во длабочините на водата. 00:09:14.293 --> 00:09:20.549 Доа гледала како љубовта на нејзиниот живот се дави пред нејзините очи. NOTE Paragraph 00:09:23.888 --> 00:09:26.304 Истиот ден, подоцна, 00:09:26.328 --> 00:09:31.979 една мајка ѝ пришла на Доа со нејзината 18-месечна ќерка, Маса. 00:09:32.741 --> 00:09:35.666 Тоа е девојчето што претходно го видовте на сликата 00:09:35.690 --> 00:09:37.538 со елекот за спасување. 00:09:37.562 --> 00:09:39.755 Сестра ѝ Сандра штотуку се удавила. 00:09:39.779 --> 00:09:43.898 Мајката знаела дека мора да стори сé што може 00:09:43.922 --> 00:09:45.414 за да ја спаси ќеркичката, 00:09:45.993 --> 00:09:49.850 и се обратила на Доа: „Те молам, земи го ова дете. 00:09:49.874 --> 00:09:53.902 Нека биде дел од тебе, јас нема да преживеам.“ 00:09:55.125 --> 00:09:58.467 Потоа заминала и се удавила. NOTE Paragraph 00:09:59.825 --> 00:10:04.059 Така, Доа, 19 годишна бегалка, престрашена од водата, 00:10:04.083 --> 00:10:05.975 која не умеела да плива, 00:10:05.999 --> 00:10:11.591 се затекнала да се грижи за две мали деца 00:10:11.615 --> 00:10:15.296 гладни, жедни и вознемирени. 00:10:15.320 --> 00:10:18.018 Таа се трудела да ги развесели, 00:10:18.042 --> 00:10:22.075 им пеела и им кажувала зборови од Куранот. 00:10:23.234 --> 00:10:27.668 Околу нив телата станувале подуени и темни. 00:10:27.692 --> 00:10:29.438 Сонцето печело преку ден, 00:10:29.462 --> 00:10:32.182 а ноќе светела студената месечина и имало магла. 00:10:32.206 --> 00:10:34.182 Било многу страшно. 00:10:34.976 --> 00:10:39.715 Четвртиот ден во морето, веројатно вака изгледала Доа 00:10:39.739 --> 00:10:41.860 во гумата со двете деца. NOTE Paragraph 00:10:41.884 --> 00:10:45.431 Четвртот ден една жена ѝ се приближила 00:10:45.455 --> 00:10:48.566 и ја замолила да земе уште едно дете- 00:10:48.590 --> 00:10:51.605 мало момче од четири години. 00:10:52.999 --> 00:10:57.016 Кога Доа го зела момчето и мајката се удавила, 00:10:57.040 --> 00:10:59.000 таа му рекла на расплаканото дете: 00:10:59.024 --> 00:11:02.460 „Таа отиде да најде вода и храна за тебе.“ 00:11:04.388 --> 00:11:06.381 Но, неговото срце не издржа 00:11:06.405 --> 00:11:10.078 и Доа морала да го пушти детето во водата. NOTE Paragraph 00:11:11.023 --> 00:11:13.048 Истиот ден, подоцна, 00:11:13.072 --> 00:11:16.351 погледнала кон небото со надеж, 00:11:16.375 --> 00:11:20.390 бидејќи забележала два авиони како се движат. 00:11:20.414 --> 00:11:24.913 Мафтала со рацете надевајќи се дека ќе ја забележат, 00:11:24.937 --> 00:11:26.793 но, авионите заминале. NOTE Paragraph 00:11:27.317 --> 00:11:30.220 Но, попладнето, на зајдисонце 00:11:30.244 --> 00:11:33.100 таа здогледала еден трговски брод. 00:11:34.109 --> 00:11:38.126 Си рекла:„Те молам, Господе, нека ме спасат.“ 00:11:38.150 --> 00:11:42.110 Почнала да мафта со рацете и ѝ се чинело дека вика цели два часа. 00:11:42.134 --> 00:11:46.744 Се смрачило кога конечно ја најдоа со помош на рефлектори 00:11:46.768 --> 00:11:48.975 и ѝ подадоа јаже, 00:11:48.999 --> 00:11:53.968 и зачудени видоа жена која стиска две бебиња. NOTE Paragraph 00:11:54.770 --> 00:11:58.258 Ги извлекоа на бродот и им дадоа кислород и ќебиња. 00:11:58.282 --> 00:12:01.289 Еден грчки хеликоптер ги зеде 00:12:01.313 --> 00:12:03.425 и ги одведе на островот Крит. NOTE Paragraph 00:12:04.353 --> 00:12:07.860 Доа погледнала надолу и запрашала: „Што е со Малек?“ 00:12:08.400 --> 00:12:11.975 Ѝ рекле дека бебето не преживеа- 00:12:11.999 --> 00:12:15.386 издивна во бродската амбуланта. 00:12:16.203 --> 00:12:21.975 Но, Доа била убедена дека, кога ги извлекуваа од водата, 00:12:21.999 --> 00:12:25.246 малото девојче се смееше. NOTE Paragraph 00:12:27.278 --> 00:12:33.280 Само 11 луѓе од 500 ја преживеаја несреќата. 00:12:34.304 --> 00:12:38.975 Никогаш немаше меѓународна истрага за тоа што се случи. 00:12:38.999 --> 00:12:43.094 Имаше само некои медиумски вести за масовно убиство во морето. 00:12:43.118 --> 00:12:44.443 Ужасна трагедија, 00:12:44.467 --> 00:12:46.934 но, тоа траеше само еден ден, 00:12:47.490 --> 00:12:51.314 и потоа, нови вести дојдоа. NOTE Paragraph 00:12:52.536 --> 00:12:57.078 Во меѓувреме, на детското одделение на Крит, 00:12:57.102 --> 00:13:00.474 малечката Маса беше на работ на смртта. 00:13:01.681 --> 00:13:05.391 Беше дехидрирана, бубрезите ѝ откажуваа 00:13:05.415 --> 00:13:07.439 и глукозата опасно намалена. 00:13:07.463 --> 00:13:11.029 Лекарите сторија сè што беше во нивна моќ да ги спасат 00:13:11.053 --> 00:13:14.713 и грчките медицински сестри никогаш не ја напуштија нејзината постела. 00:13:14.737 --> 00:13:16.864 Ја гушкаа и ѝ пееја. 00:13:16.888 --> 00:13:22.457 И еден мој колега ја посети и ѝ прозборе на арапски. 00:13:22.481 --> 00:13:26.677 За чудо, малата Маса преживеа. NOTE Paragraph 00:13:28.192 --> 00:13:34.128 Наскоро грчките медиуми почнаа да известуваат за детето-чудо 00:13:34.152 --> 00:13:39.819 кое преживеа 4 дена во водата без храна и вода. 00:13:39.843 --> 00:13:44.577 Почнаа да пристигнуваат понуди за посвојување од цела држава. NOTE Paragraph 00:13:45.466 --> 00:13:48.856 За тоа време Доа беше во друга болница на Крит, 00:13:48.880 --> 00:13:50.492 слаба, дехидрирана. 00:13:51.571 --> 00:13:57.116 Кога ја испуштија, едно египетско семејство се погрижи за неа. 00:13:58.248 --> 00:14:02.995 Наскоро насекаде се дозна за случајот на Доа, 00:14:03.019 --> 00:14:06.197 Се објави и еден телефонски број на Фејсбук. 00:14:07.300 --> 00:14:09.865 Почнаа пораки да пристигнуваат. NOTE Paragraph 00:14:10.999 --> 00:14:15.787 „Доа, дали знаеш што се случи со брат ми? 00:14:15.811 --> 00:14:22.352 Сестра ми? Родителите? Пријателите? Знаеш дали се живи?“ NOTE Paragraph 00:14:23.201 --> 00:14:26.975 Во една порака пишуваше: 00:14:26.999 --> 00:14:31.447 „ Верувам дека ти ја спаси мојата внука Маса.“ 00:14:32.249 --> 00:14:34.741 Оваа слика беше со пораката. 00:14:35.741 --> 00:14:38.003 Ова беше од вујкото на Маса, 00:14:38.027 --> 00:14:42.749 сириски бегалец кој успеа да пребегне со семејството во Шведска 00:14:42.773 --> 00:14:44.980 и постарата сестра на Маса. 00:14:45.647 --> 00:14:51.331 Наскоро, се надеваме дека Маса ќе се сретне со нив во Шведска. 00:14:51.355 --> 00:14:56.879 Дотогаш, таа е згрижена во едно убаво сиропиталиште во Атина. NOTE Paragraph 00:14:58.221 --> 00:15:04.003 А Доа? Се дозна и за нејзиното преживување. 00:15:04.999 --> 00:15:08.712 Медиумите зборуваа за оваа кревка жена, 00:15:08.736 --> 00:15:12.648 и не можеа да веруваат како успеала да преживее 00:15:12.672 --> 00:15:15.666 во такви околности во водата 00:15:15.690 --> 00:15:18.721 и да спаси друг живот. 00:15:20.459 --> 00:15:25.846 Грчката Академија во Атина, една од најпрестижните установи, 00:15:25.870 --> 00:15:29.226 ѝ додели награда за храброст, 00:15:29.250 --> 00:15:32.241 а таа ги заслужи сите пофалби, 00:15:32.265 --> 00:15:34.686 и заслужува втора шанса. 00:15:35.999 --> 00:15:39.439 Tаа сè уште сака да замине во Шведска, 00:15:39.463 --> 00:15:41.693 Сака да биде таму заедно со нејзините блиски. 00:15:41.717 --> 00:15:45.828 Сака да ги одведе родителите и помладите браќа и сестри 00:15:45.852 --> 00:15:48.170 далеку од Египет, 00:15:48.194 --> 00:15:51.375 а јас верувам дека ќе успее. 00:15:51.399 --> 00:15:54.121 Таа сака да стане адвокат или политичар 00:15:54.145 --> 00:15:59.039 или нешто што ќе ѝ овозможи да ја победи неправдата. 00:15:59.063 --> 00:16:02.127 Таа е исклучителен борец. NOTE Paragraph 00:16:03.215 --> 00:16:05.779 Но, јас морам да прашам: 00:16:05.803 --> 00:16:08.075 Што ако не мораше да го преземе тој ризик? 00:16:08.099 --> 00:16:10.575 Зошто мораше да помине низ сето тоа? 00:16:11.226 --> 00:16:16.290 Зошто не постои легален начин таа да студира во Европа? 00:16:16.314 --> 00:16:20.610 Зошто не можеше Маса да замине со авион за Шведска? 00:16:20.634 --> 00:16:23.006 Зошто да не можеше Басем да најде работа? 00:16:24.125 --> 00:16:29.547 Зошто не постои поширока програма за населување на сириските бегалци, 00:16:29.571 --> 00:16:33.191 кои се жртви на најужасната војна во поново време? 00:16:33.778 --> 00:16:39.283 Светот го направи тоа за виетнамците во 70-те. Зошто не и сега? 00:16:40.624 --> 00:16:45.241 Зошто има толку мали инвестиции во соседните земји 00:16:45.265 --> 00:16:47.931 кои прифатија толку многу бегалци? 00:16:49.113 --> 00:16:51.975 И суштинското прашање-Зошто 00:16:51.999 --> 00:16:58.395 толку малку е направено да се запрат војните, прогонувањата 00:16:58.419 --> 00:17:02.975 и сиромаштијата што фрла толку многу луѓе 00:17:02.999 --> 00:17:04.851 на бреговите на Европа? 00:17:05.999 --> 00:17:08.608 Додека не се решат овие проблеми 00:17:08.632 --> 00:17:11.967 луѓето ќе продолжат да одат кон морињата 00:17:11.991 --> 00:17:15.420 и да бараат сигурност и азил. NOTE Paragraph 00:17:16.103 --> 00:17:17.761 И што ќе се случи следно? 00:17:18.253 --> 00:17:21.084 Во најголема мера тоа ќе биде одлука на Европа. 00:17:21.108 --> 00:17:24.139 Го разбирам стравот на јавноста. 00:17:25.005 --> 00:17:30.932 Луѓето се загрижени за својата безбедност, економија и култура. 00:17:31.893 --> 00:17:36.034 Но, дали тоа е поважно од спасување човечки животи? 00:17:36.859 --> 00:17:39.638 Бидејќи има нешто суштествено овде 00:17:39.662 --> 00:17:42.466 што сметам дека надминува сé друго, 00:17:42.490 --> 00:17:46.052 а тоа е дека сите сме дел од човештвото. 00:17:46.719 --> 00:17:51.188 Ниту еден човек, кој бега од војна и прогонување 00:17:51.212 --> 00:17:56.373 не треба да умре преминувајќи преку море за да најде сигурност. NOTE Paragraph 00:17:56.397 --> 00:18:02.729 (аплауз) NOTE Paragraph 00:18:02.753 --> 00:18:03.920 Едно нешто е сигурно, 00:18:03.944 --> 00:18:07.127 ниту еден бегалец не би бил на тие опасни бродови 00:18:07.151 --> 00:18:09.499 ако може да успее таму каде што живее. 00:18:09.523 --> 00:18:12.801 И ниту еден имигрант не би одел на такво опасно патување 00:18:12.825 --> 00:18:16.711 ако има доволно храна за себе и за своите деца. 00:18:16.735 --> 00:18:19.354 И никој не би ја дал својата заштеда 00:18:19.378 --> 00:18:22.171 на озлогласени криумчари 00:18:22.195 --> 00:18:24.622 ако постои легален начин за емигрирање. NOTE Paragraph 00:18:25.471 --> 00:18:29.066 Во името на малечката Маса 00:18:29.090 --> 00:18:31.359 и во името на Доа 00:18:31.383 --> 00:18:33.107 и на Басем 00:18:33.131 --> 00:18:38.268 и на сите 500 души кои се удавија со нив, 00:18:38.292 --> 00:18:41.435 ќе може ли да се потрудиме да не биде залудна нивната смрт ? 00:18:42.308 --> 00:18:45.975 Може ли барем да извлечеме поука од тоа што се случи 00:18:45.999 --> 00:18:51.950 и да се бориме за свет во кој сечиј живот ќе вреди? NOTE Paragraph 00:18:52.999 --> 00:18:54.310 Ви благодарам! NOTE Paragraph 00:18:54.334 --> 00:19:00.928 (аплауз)