1 00:00:01,372 --> 00:00:07,521 Секојдневно слушам ужасни приказни за луѓе кои бегаат за да се спасат, 2 00:00:07,545 --> 00:00:11,458 преку опасни граници и безмилосни мориња. 3 00:00:12,109 --> 00:00:16,604 Но, има една приказна која не ме остава да заспијам ноќе. 4 00:00:16,628 --> 00:00:18,184 Тоа е приказната за Доа. 5 00:00:18,208 --> 00:00:21,031 19 годишна бегалка од Сирија 6 00:00:21,055 --> 00:00:26,891 живеела во беда работејќи за мизерна плата во Египет. 7 00:00:26,915 --> 00:00:32,302 Татко ѝ со мислите постојано бил во Сирија мислејќи на својот надежен бизнис 8 00:00:32,326 --> 00:00:35,674 кој бил уништен во бомбашки напад. 9 00:00:36,238 --> 00:00:42,294 Војната која ги довела во Египет, беснее веќе четири години. 10 00:00:42,999 --> 00:00:46,208 Заедницата која некогаш ги прифатила 11 00:00:46,232 --> 00:00:48,597 се уморила од нив. 12 00:00:49,248 --> 00:00:52,306 Еден ден, некои луѓе со мотори се обиделе да ја киднапираат. 13 00:00:53,084 --> 00:00:57,833 Некогашната амбициозна студентка која размислувала за својата иднина, 14 00:00:57,857 --> 00:01:01,435 сега, постојано била преплашена. 15 00:01:02,269 --> 00:01:04,278 Но, истотака и се надевала, 16 00:01:04,302 --> 00:01:09,325 бидејќи била вљубена во Басем-бегалец од Сирија 17 00:01:09,349 --> 00:01:14,359 Басем истотака се измачувал во Египет и ѝ рекол на Доа: 18 00:01:14,383 --> 00:01:17,749 „Ајде да одиме во Европа, да побараме азил и безбедност. 19 00:01:17,773 --> 00:01:21,916 јас ќе работам, ти ќе студираш- ти ветувам нов живот.“ 20 00:01:22,829 --> 00:01:26,057 Ја побарал нејзината рака од татко ѝ. 21 00:01:26,724 --> 00:01:32,240 Но, тие знаеле дека одењето во Европа значи ризикување на нивните животи. 22 00:01:32,264 --> 00:01:34,764 Патување преку Медитеранот, 23 00:01:34,788 --> 00:01:40,245 ставање на животот во рацете на криумчари познати по нивната свирепост. 24 00:01:41,173 --> 00:01:44,562 Доа се плашела од вода. 25 00:01:45,292 --> 00:01:48,342 Отсекогаш се плашела и никогаш не научила да плива. 26 00:01:50,222 --> 00:01:54,975 Беше август таа година, и веќе 2.000 луѓе беа загинале 27 00:01:54,999 --> 00:01:56,953 во обидот да го преминат Медитеранот. 28 00:01:56,977 --> 00:02:00,947 Доа имала некој пријател кој успеал да пребегне во Северна Европа, 29 00:02:00,971 --> 00:02:03,240 мислела: „И ние би можеле да успееме“. 30 00:02:03,999 --> 00:02:07,001 Побарала дозвола од своите родители да заминат 31 00:02:07,025 --> 00:02:10,367 и после жолчна расправа, тие се согласиле. 32 00:02:10,391 --> 00:02:16,521 Басем платил со својата заштеда- по 2.500 долари 33 00:02:16,545 --> 00:02:17,941 на секој од криумчарите. 34 00:02:18,821 --> 00:02:22,036 Во сабота наутро стигнал повикот, 35 00:02:22,060 --> 00:02:26,539 стотици луѓе биле однесени со автобус до плажата 36 00:02:26,873 --> 00:02:30,921 Потоа биле префрлени со мали чамци на еден стар рибарски брод. 37 00:02:30,945 --> 00:02:33,503 500 луѓе биле натоварени на бродот 38 00:02:33,527 --> 00:02:36,403 300 долу и 500 горе. 39 00:02:37,466 --> 00:02:42,004 Имало сиријци, палестинци, африканци, муслимани и христијани. 40 00:02:42,028 --> 00:02:47,356 100 деца заедно со Сандра, малечката Сандра, 6 годишна- 41 00:02:47,380 --> 00:02:50,196 и Маса, 18 месеци. 42 00:02:51,498 --> 00:02:55,396 Имало семејства на бродот, збиени рамо до рамо, 43 00:02:55,420 --> 00:02:56,952 стапало до стапало. 44 00:02:56,976 --> 00:03:00,784 Доа седела со колената потпрени на градите, 45 00:03:00,808 --> 00:03:03,323 Басем ја држел за рака. 46 00:03:04,386 --> 00:03:07,093 Вториот ден во морето тие биле избезумени од грижи 47 00:03:07,117 --> 00:03:10,196 со стомачни болки од немирните води. 48 00:03:11,109 --> 00:03:14,084 На третиот ден Доа имала лошо претчувство. 49 00:03:15,068 --> 00:03:19,621 Му рекла на Басем:„Се плашам дека нема да успееме. 50 00:03:19,645 --> 00:03:21,684 Се плашам дека бродот ќе потоне. 51 00:03:22,517 --> 00:03:25,666 Басем ѝ рекол: „Стрпи се, те молам. 52 00:03:25,690 --> 00:03:28,872 Ќе стигнеме до Шведска, ќе се венчаме 53 00:03:28,896 --> 00:03:30,450 и ќе имаме иднина.“ 54 00:03:31,751 --> 00:03:35,604 Четвртиот ден патниците станале вознемирени. 55 00:03:35,628 --> 00:03:38,764 Го прашале капетанот: „Кога ќе стигнеме?“ 56 00:03:38,788 --> 00:03:42,176 Тој им рекол да замолчат и ги навредувал. 57 00:03:42,740 --> 00:03:46,482 Им рекол дека за 16 часа ќе стигнат до брегот на Италија. 58 00:03:46,506 --> 00:03:49,680 Луѓето биле слаби и изнемоштени. 59 00:03:49,704 --> 00:03:53,975 По некое време забележале како им се приближува мал брод со 10-ина луѓе, 60 00:03:53,999 --> 00:03:57,414 кои почнале да им викаат и дофрлуваат навреди, 61 00:03:57,438 --> 00:04:01,788 фрлајќи со стапови и наредувајќи им да се симнат 62 00:04:01,812 --> 00:04:05,527 и да се качат на помалиот и понесигурен брод. 63 00:04:05,551 --> 00:04:09,069 Родителите биле уплашени за своите деца, 64 00:04:09,093 --> 00:04:13,094 и едногласно одбиле да се префрлат. 65 00:04:14,157 --> 00:04:17,273 Бродот бесно заминал, 66 00:04:17,297 --> 00:04:21,527 но, по половина час се вратиле 67 00:04:21,551 --> 00:04:27,603 и започнале намерно да го дупчат бродот од страната 68 00:04:27,627 --> 00:04:30,240 на која седеле Доа и Басем. 69 00:04:31,764 --> 00:04:35,103 Таа ги слушала како викаат, 70 00:04:35,127 --> 00:04:38,488 „Нека ве изедат рибите.“ 71 00:04:39,599 --> 00:04:45,437 И се смееле кога бродот се превртел и потонал. 72 00:04:45,999 --> 00:04:49,058 Оние 300 луѓе кои биле долу биле осудени на смрт. 73 00:04:49,757 --> 00:04:54,346 Доа се држела на страната на бродот додека тонел 74 00:04:54,370 --> 00:05:01,188 и со ужас гледала како пропелерот го сече на парчиња едно мало дете. 75 00:05:02,355 --> 00:05:04,554 Басем ѝ рекол:„Те молам, пушти се 76 00:05:04,578 --> 00:05:07,743 инаку ќе те повлече и пропелерот ќе те убие и тебе.“ 77 00:05:08,267 --> 00:05:10,315 Сетете се, таа не знае да плива. 78 00:05:10,999 --> 00:05:15,187 Но, се пуштила и почнала да мафта со рацете и нозете, 79 00:05:15,211 --> 00:05:16,647 и си рекла: „Ова е пливање“. 80 00:05:16,671 --> 00:05:21,044 За чудо, Басем нашол гума за спасување, 81 00:05:21,806 --> 00:05:23,854 тоа била детска гума 82 00:05:23,878 --> 00:05:27,975 како оние со кои си играат по базените и мирните води. 83 00:05:27,999 --> 00:05:30,044 Доа ја навлекла гумата, 84 00:05:30,068 --> 00:05:33,788 рацете и нозете ѝ виселе од страните. 85 00:05:34,835 --> 00:05:36,776 Басем бил добар пливач, 86 00:05:36,800 --> 00:05:40,594 ја држел за рака и се пробивал низ водата. 87 00:05:42,064 --> 00:05:44,002 Околу нив имало лешеви. 88 00:05:44,026 --> 00:05:46,494 На почетокот се спасиле околу 100 луѓе, 89 00:05:46,518 --> 00:05:51,059 и се собирале во групи молејќи се за спас. 90 00:05:51,083 --> 00:05:55,400 Но, кога денот изминал и никој не дошол 91 00:05:55,424 --> 00:05:57,249 некои изгубиле надеж. 92 00:05:57,273 --> 00:05:59,447 Басем и Доа гледале 93 00:05:59,471 --> 00:06:06,052 како луѓето ги соблекуваат елеците за спасување и тонат во водата. 94 00:06:07,052 --> 00:06:12,975 Еден човек им се приближил со бебе на рамото, 95 00:06:12,999 --> 00:06:14,649 девет месечната Малек. 96 00:06:14,673 --> 00:06:19,752 Се потпирал на плинска боца за да се одржи на површина и им рекол: 97 00:06:19,776 --> 00:06:21,726 „Се плашам дека нема да преживеам. 98 00:06:21,750 --> 00:06:24,416 Премногу сум слаб, немам храброст веќе. “ 99 00:06:24,829 --> 00:06:29,975 Потоа им ја предал Малек на Басем и Доа, 100 00:06:29,999 --> 00:06:32,711 а тие ја сместиле на гумата. 101 00:06:33,774 --> 00:06:39,188 Сега биле тројца, Доа, Басем и малата Малек. 102 00:06:39,212 --> 00:06:42,341 Дозволете ми да застанам овде 103 00:06:42,365 --> 00:06:44,663 и да прашам: 104 00:06:44,687 --> 00:06:49,480 Зошто бегалци како Доа преземаат ваков ризик? 105 00:06:51,061 --> 00:06:55,904 Милиони бегалци живеат прогонети, заборавени. 106 00:06:57,232 --> 00:07:01,532 Живеат во земји бегајќи од војната која беснее 107 00:07:01,556 --> 00:07:03,840 веќе четири години. 108 00:07:05,634 --> 00:07:08,795 Дури и да сакаат да се вратат, не можат. 109 00:07:08,819 --> 00:07:11,581 Нивните домови, нивната работа, 110 00:07:11,605 --> 00:07:15,127 нивните градови и села се целосно уништени. 111 00:07:15,151 --> 00:07:17,975 Ова е град под заштита на УНЕСКО. 112 00:07:17,999 --> 00:07:19,756 Хомс, во Сирија. 113 00:07:21,097 --> 00:07:25,662 Луѓето продолжуваат да бегаат во соседните земји 114 00:07:25,686 --> 00:07:29,285 и се градат бегалски кампови за нив во пустините. 115 00:07:29,309 --> 00:07:33,319 Стотици, илјадници луѓе живеат во кампови како овие, 116 00:07:33,343 --> 00:07:38,316 и стотици илјадници живеат по градовите, селата. 117 00:07:38,340 --> 00:07:39,558 А заедниците, 118 00:07:39,582 --> 00:07:42,438 соседните земји кои некогаш ги прифатија 119 00:07:42,462 --> 00:07:44,224 со отворени раце и срца, 120 00:07:44,248 --> 00:07:45,866 се пренатрупани. 121 00:07:46,731 --> 00:07:51,183 Едноставно нема доволно училишта, водоводни мрежи и санитација. 122 00:07:51,747 --> 00:07:56,370 Дури и богатите европски држави не можат да се справат со толкав прилив 123 00:07:56,394 --> 00:07:59,637 доколку не вложат огромни средства. 124 00:08:01,407 --> 00:08:06,433 Војната во Сирија протера речиси 4 милиони луѓе преку граници 125 00:08:06,457 --> 00:08:11,394 но, околу 7 милиони се во бегство во самата држава. 126 00:08:11,418 --> 00:08:15,109 Тоа значи дека повеќе од половина жители на Сирија 127 00:08:15,133 --> 00:08:17,393 биле приморани да ја напуштат земјата. 128 00:08:17,766 --> 00:08:22,059 Да се вратиме на соседните држави кои прифатиле голем број на бегалци. 129 00:08:23,114 --> 00:08:28,147 Тие сметаат дека богатиот свет не направил доволно за да им помогне. 130 00:08:29,401 --> 00:08:33,798 Деновите се претворија во месеци, а месеците во години. 131 00:08:34,483 --> 00:08:38,055 Но, престојот на бегалците треба да биде само привремен. 132 00:08:38,079 --> 00:08:41,400 Да се вратиме на Басем и Доа во морето. 133 00:08:41,424 --> 00:08:45,773 Вториот ден Басем се чувствуваше исцрпен. 134 00:08:46,764 --> 00:08:50,765 Сега Доа му се обратила на Басем: 135 00:08:50,789 --> 00:08:56,472 „Љубов моја, те молам издржи во надежта за нашата иднина. Ќе успееме.“ 136 00:08:57,376 --> 00:09:00,057 А тој ѝ одговорил: 137 00:09:00,081 --> 00:09:04,518 “ Прости ми, љубов моја, што те доведов до оваа состојба. 138 00:09:04,542 --> 00:09:09,219 Никогаш не сум сакал некого колку тебе што те сакам.“ 139 00:09:10,871 --> 00:09:14,269 И се препуштил во длабочините на водата. 140 00:09:14,293 --> 00:09:20,549 Доа гледала како љубовта на нејзиниот живот се дави пред нејзините очи. 141 00:09:23,888 --> 00:09:26,304 Истиот ден, подоцна, 142 00:09:26,328 --> 00:09:31,979 една мајка ѝ пришла на Доа со нејзината 18-месечна ќерка, Маса. 143 00:09:32,741 --> 00:09:35,666 Тоа е девојчето што претходно го видовте на сликата 144 00:09:35,690 --> 00:09:37,538 со елекот за спасување. 145 00:09:37,562 --> 00:09:39,755 Сестра ѝ Сандра штотуку се удавила. 146 00:09:39,779 --> 00:09:43,898 Мајката знаела дека мора да стори сé што може 147 00:09:43,922 --> 00:09:45,414 за да ја спаси ќеркичката, 148 00:09:45,993 --> 00:09:49,850 и се обратила на Доа: „Те молам, земи го ова дете. 149 00:09:49,874 --> 00:09:53,902 Нека биде дел од тебе, јас нема да преживеам.“ 150 00:09:55,125 --> 00:09:58,467 Потоа заминала и се удавила. 151 00:09:59,825 --> 00:10:04,059 Така, Доа, 19 годишна бегалка, престрашена од водата, 152 00:10:04,083 --> 00:10:05,975 која не умеела да плива, 153 00:10:05,999 --> 00:10:11,591 се затекнала да се грижи за две мали деца 154 00:10:11,615 --> 00:10:15,296 гладни, жедни и вознемирени. 155 00:10:15,320 --> 00:10:18,018 Таа се трудела да ги развесели, 156 00:10:18,042 --> 00:10:22,075 им пеела и им кажувала зборови од Куранот. 157 00:10:23,234 --> 00:10:27,668 Околу нив телата станувале подуени и темни. 158 00:10:27,692 --> 00:10:29,438 Сонцето печело преку ден, 159 00:10:29,462 --> 00:10:32,182 а ноќе светела студената месечина и имало магла. 160 00:10:32,206 --> 00:10:34,182 Било многу страшно. 161 00:10:34,976 --> 00:10:39,715 Четвртиот ден во морето, веројатно вака изгледала Доа 162 00:10:39,739 --> 00:10:41,860 во гумата со двете деца. 163 00:10:41,884 --> 00:10:45,431 Четвртот ден една жена ѝ се приближила 164 00:10:45,455 --> 00:10:48,566 и ја замолила да земе уште едно дете- 165 00:10:48,590 --> 00:10:51,605 мало момче од четири години. 166 00:10:52,999 --> 00:10:57,016 Кога Доа го зела момчето и мајката се удавила, 167 00:10:57,040 --> 00:10:59,000 таа му рекла на расплаканото дете: 168 00:10:59,024 --> 00:11:02,460 „Таа отиде да најде вода и храна за тебе.“ 169 00:11:04,388 --> 00:11:06,381 Но, неговото срце не издржа 170 00:11:06,405 --> 00:11:10,078 и Доа морала да го пушти детето во водата. 171 00:11:11,023 --> 00:11:13,048 Истиот ден, подоцна, 172 00:11:13,072 --> 00:11:16,351 погледнала кон небото со надеж, 173 00:11:16,375 --> 00:11:20,390 бидејќи забележала два авиони како се движат. 174 00:11:20,414 --> 00:11:24,913 Мафтала со рацете надевајќи се дека ќе ја забележат, 175 00:11:24,937 --> 00:11:26,793 но, авионите заминале. 176 00:11:27,317 --> 00:11:30,220 Но, попладнето, на зајдисонце 177 00:11:30,244 --> 00:11:33,100 таа здогледала еден трговски брод. 178 00:11:34,109 --> 00:11:38,126 Си рекла:„Те молам, Господе, нека ме спасат.“ 179 00:11:38,150 --> 00:11:42,110 Почнала да мафта со рацете и ѝ се чинело дека вика цели два часа. 180 00:11:42,134 --> 00:11:46,744 Се смрачило кога конечно ја најдоа со помош на рефлектори 181 00:11:46,768 --> 00:11:48,975 и ѝ подадоа јаже, 182 00:11:48,999 --> 00:11:53,968 и зачудени видоа жена која стиска две бебиња. 183 00:11:54,770 --> 00:11:58,258 Ги извлекоа на бродот и им дадоа кислород и ќебиња. 184 00:11:58,282 --> 00:12:01,289 Еден грчки хеликоптер ги зеде 185 00:12:01,313 --> 00:12:03,425 и ги одведе на островот Крит. 186 00:12:04,353 --> 00:12:07,860 Доа погледнала надолу и запрашала: „Што е со Малек?“ 187 00:12:08,400 --> 00:12:11,975 Ѝ рекле дека бебето не преживеа- 188 00:12:11,999 --> 00:12:15,386 издивна во бродската амбуланта. 189 00:12:16,203 --> 00:12:21,975 Но, Доа била убедена дека, кога ги извлекуваа од водата, 190 00:12:21,999 --> 00:12:25,246 малото девојче се смееше. 191 00:12:27,278 --> 00:12:33,280 Само 11 луѓе од 500 ја преживеаја несреќата. 192 00:12:34,304 --> 00:12:38,975 Никогаш немаше меѓународна истрага за тоа што се случи. 193 00:12:38,999 --> 00:12:43,094 Имаше само некои медиумски вести за масовно убиство во морето. 194 00:12:43,118 --> 00:12:44,443 Ужасна трагедија, 195 00:12:44,467 --> 00:12:46,934 но, тоа траеше само еден ден, 196 00:12:47,490 --> 00:12:51,314 и потоа, нови вести дојдоа. 197 00:12:52,536 --> 00:12:57,078 Во меѓувреме, на детското одделение на Крит, 198 00:12:57,102 --> 00:13:00,474 малечката Маса беше на работ на смртта. 199 00:13:01,681 --> 00:13:05,391 Беше дехидрирана, бубрезите ѝ откажуваа 200 00:13:05,415 --> 00:13:07,439 и глукозата опасно намалена. 201 00:13:07,463 --> 00:13:11,029 Лекарите сторија сè што беше во нивна моќ да ги спасат 202 00:13:11,053 --> 00:13:14,713 и грчките медицински сестри никогаш не ја напуштија нејзината постела. 203 00:13:14,737 --> 00:13:16,864 Ја гушкаа и ѝ пееја. 204 00:13:16,888 --> 00:13:22,457 И еден мој колега ја посети и ѝ прозборе на арапски. 205 00:13:22,481 --> 00:13:26,677 За чудо, малата Маса преживеа. 206 00:13:28,192 --> 00:13:34,128 Наскоро грчките медиуми почнаа да известуваат за детето-чудо 207 00:13:34,152 --> 00:13:39,819 кое преживеа 4 дена во водата без храна и вода. 208 00:13:39,843 --> 00:13:44,577 Почнаа да пристигнуваат понуди за посвојување од цела држава. 209 00:13:45,466 --> 00:13:48,856 За тоа време Доа беше во друга болница на Крит, 210 00:13:48,880 --> 00:13:50,492 слаба, дехидрирана. 211 00:13:51,571 --> 00:13:57,116 Кога ја испуштија, едно египетско семејство се погрижи за неа. 212 00:13:58,248 --> 00:14:02,995 Наскоро насекаде се дозна за случајот на Доа, 213 00:14:03,019 --> 00:14:06,197 Се објави и еден телефонски број на Фејсбук. 214 00:14:07,300 --> 00:14:09,865 Почнаа пораки да пристигнуваат. 215 00:14:10,999 --> 00:14:15,787 „Доа, дали знаеш што се случи со брат ми? 216 00:14:15,811 --> 00:14:22,352 Сестра ми? Родителите? Пријателите? Знаеш дали се живи?“ 217 00:14:23,201 --> 00:14:26,975 Во една порака пишуваше: 218 00:14:26,999 --> 00:14:31,447 „ Верувам дека ти ја спаси мојата внука Маса.“ 219 00:14:32,249 --> 00:14:34,741 Оваа слика беше со пораката. 220 00:14:35,741 --> 00:14:38,003 Ова беше од вујкото на Маса, 221 00:14:38,027 --> 00:14:42,749 сириски бегалец кој успеа да пребегне со семејството во Шведска 222 00:14:42,773 --> 00:14:44,980 и постарата сестра на Маса. 223 00:14:45,647 --> 00:14:51,331 Наскоро, се надеваме дека Маса ќе се сретне со нив во Шведска. 224 00:14:51,355 --> 00:14:56,879 Дотогаш, таа е згрижена во едно убаво сиропиталиште во Атина. 225 00:14:58,221 --> 00:15:04,003 А Доа? Се дозна и за нејзиното преживување. 226 00:15:04,999 --> 00:15:08,712 Медиумите зборуваа за оваа кревка жена, 227 00:15:08,736 --> 00:15:12,648 и не можеа да веруваат како успеала да преживее 228 00:15:12,672 --> 00:15:15,666 во такви околности во водата 229 00:15:15,690 --> 00:15:18,721 и да спаси друг живот. 230 00:15:20,459 --> 00:15:25,846 Грчката Академија во Атина, една од најпрестижните установи, 231 00:15:25,870 --> 00:15:29,226 ѝ додели награда за храброст, 232 00:15:29,250 --> 00:15:32,241 а таа ги заслужи сите пофалби, 233 00:15:32,265 --> 00:15:34,686 и заслужува втора шанса. 234 00:15:35,999 --> 00:15:39,439 Tаа сè уште сака да замине во Шведска, 235 00:15:39,463 --> 00:15:41,693 Сака да биде таму заедно со нејзините блиски. 236 00:15:41,717 --> 00:15:45,828 Сака да ги одведе родителите и помладите браќа и сестри 237 00:15:45,852 --> 00:15:48,170 далеку од Египет, 238 00:15:48,194 --> 00:15:51,375 а јас верувам дека ќе успее. 239 00:15:51,399 --> 00:15:54,121 Таа сака да стане адвокат или политичар 240 00:15:54,145 --> 00:15:59,039 или нешто што ќе ѝ овозможи да ја победи неправдата. 241 00:15:59,063 --> 00:16:02,127 Таа е исклучителен борец. 242 00:16:03,215 --> 00:16:05,779 Но, јас морам да прашам: 243 00:16:05,803 --> 00:16:08,075 Што ако не мораше да го преземе тој ризик? 244 00:16:08,099 --> 00:16:10,575 Зошто мораше да помине низ сето тоа? 245 00:16:11,226 --> 00:16:16,290 Зошто не постои легален начин таа да студира во Европа? 246 00:16:16,314 --> 00:16:20,610 Зошто не можеше Маса да замине со авион за Шведска? 247 00:16:20,634 --> 00:16:23,006 Зошто да не можеше Басем да најде работа? 248 00:16:24,125 --> 00:16:29,547 Зошто не постои поширока програма за населување на сириските бегалци, 249 00:16:29,571 --> 00:16:33,191 кои се жртви на најужасната војна во поново време? 250 00:16:33,778 --> 00:16:39,283 Светот го направи тоа за виетнамците во 70-те. Зошто не и сега? 251 00:16:40,624 --> 00:16:45,241 Зошто има толку мали инвестиции во соседните земји 252 00:16:45,265 --> 00:16:47,931 кои прифатија толку многу бегалци? 253 00:16:49,113 --> 00:16:51,975 И суштинското прашање-Зошто 254 00:16:51,999 --> 00:16:58,395 толку малку е направено да се запрат војните, прогонувањата 255 00:16:58,419 --> 00:17:02,975 и сиромаштијата што фрла толку многу луѓе 256 00:17:02,999 --> 00:17:04,851 на бреговите на Европа? 257 00:17:05,999 --> 00:17:08,608 Додека не се решат овие проблеми 258 00:17:08,632 --> 00:17:11,967 луѓето ќе продолжат да одат кон морињата 259 00:17:11,991 --> 00:17:15,420 и да бараат сигурност и азил. 260 00:17:16,103 --> 00:17:17,761 И што ќе се случи следно? 261 00:17:18,253 --> 00:17:21,084 Во најголема мера тоа ќе биде одлука на Европа. 262 00:17:21,108 --> 00:17:24,139 Го разбирам стравот на јавноста. 263 00:17:25,005 --> 00:17:30,932 Луѓето се загрижени за својата безбедност, економија и култура. 264 00:17:31,893 --> 00:17:36,034 Но, дали тоа е поважно од спасување човечки животи? 265 00:17:36,859 --> 00:17:39,638 Бидејќи има нешто суштествено овде 266 00:17:39,662 --> 00:17:42,466 што сметам дека надминува сé друго, 267 00:17:42,490 --> 00:17:46,052 а тоа е дека сите сме дел од човештвото. 268 00:17:46,719 --> 00:17:51,188 Ниту еден човек, кој бега од војна и прогонување 269 00:17:51,212 --> 00:17:56,373 не треба да умре преминувајќи преку море за да најде сигурност. 270 00:17:56,397 --> 00:18:02,729 (аплауз) 271 00:18:02,753 --> 00:18:03,920 Едно нешто е сигурно, 272 00:18:03,944 --> 00:18:07,127 ниту еден бегалец не би бил на тие опасни бродови 273 00:18:07,151 --> 00:18:09,499 ако може да успее таму каде што живее. 274 00:18:09,523 --> 00:18:12,801 И ниту еден имигрант не би одел на такво опасно патување 275 00:18:12,825 --> 00:18:16,711 ако има доволно храна за себе и за своите деца. 276 00:18:16,735 --> 00:18:19,354 И никој не би ја дал својата заштеда 277 00:18:19,378 --> 00:18:22,171 на озлогласени криумчари 278 00:18:22,195 --> 00:18:24,622 ако постои легален начин за емигрирање. 279 00:18:25,471 --> 00:18:29,066 Во името на малечката Маса 280 00:18:29,090 --> 00:18:31,359 и во името на Доа 281 00:18:31,383 --> 00:18:33,107 и на Басем 282 00:18:33,131 --> 00:18:38,268 и на сите 500 души кои се удавија со нив, 283 00:18:38,292 --> 00:18:41,435 ќе може ли да се потрудиме да не биде залудна нивната смрт ? 284 00:18:42,308 --> 00:18:45,975 Може ли барем да извлечеме поука од тоа што се случи 285 00:18:45,999 --> 00:18:51,950 и да се бориме за свет во кој сечиј живот ќе вреди? 286 00:18:52,999 --> 00:18:54,310 Ви благодарам! 287 00:18:54,334 --> 00:19:00,928 (аплауз)