Како едно пени ме натера да се чувствувам како милионерка
-
0:00 - 0:04Имам пет години и сум многу горда.
-
0:04 - 0:08Татко ми само што го изгради
најдобриот полски клозет -
0:08 - 0:10во нашето селце во Украина.
-
0:10 - 0:14Внатре смрди, со дупка која зјае во земјата,
-
0:14 - 0:18но однадвор - тој е со бисерно бел ламинат
-
0:18 - 0:22и буквално блеска на сонцето.
-
0:22 - 0:25Ова ме прави толку горда, толку важна,
-
0:25 - 0:28што се назначувам себеси како предводник
на мојата малечка група пријатели -
0:28 - 0:31и смислувам мисии за нас.
-
0:31 - 0:33Така, скитаме од куќа до куќа,
-
0:33 - 0:37барајќи муви заробени во пајакови мрежи
-
0:37 - 0:39и ги ослободуваме.
-
0:39 - 0:41Четири години претходно, кога имав една година,
-
0:41 - 0:43по несреќата во Чернобил,
-
0:43 - 0:45паѓаше црн дожд,
-
0:45 - 0:47а косата на мојата сестра отпадна во грутки,
-
0:47 - 0:50додека јас поминав девет месеци во болница.
-
0:50 - 0:51Не беа дозволени посетители,
-
0:51 - 0:55па мајка ми поткупи еден од болничарите.
-
0:55 - 0:58Доби болничка униформа,
-
0:58 - 1:03и се прикрадуваше секоја вечер
за да седи покрај мене. -
1:03 - 1:06Пет години подоцна - се појави зрнце надеж.
-
1:06 - 1:10Благодарение на Чернобил,
добивме азил во САД. -
1:10 - 1:14Имав шест години, и не плачев кога
го напуштавме домот -
1:14 - 1:15и се преселувавме во Америка,
-
1:15 - 1:19затоа што очекував дека тоа ќе биде место
исполнето со ретки -
1:19 - 1:23и прекрасни работи,
како банани и чоколадо -
1:23 - 1:25и гумите за џвакање Bazooka,
-
1:25 - 1:29оние со малечки сликички обвиткани однатре.
-
1:29 - 1:33Bazooka кои ги добивавме
еднаш годишно во Украина -
1:33 - 1:37и моравме да џвакаме едно парче цела недела.
-
1:37 - 1:38Така, првиот ден кога пристигнавме во Њујорк,
-
1:38 - 1:41јас и баба ми најдовме пени
-
1:41 - 1:44на подот на прибежиштето за бездомници.
-
1:44 - 1:46Само што - не знаевме дека тоа е
прибежиште за бездомници. -
1:46 - 1:49Мислевме дека е хотел
- хотел со многу стаорци. -
1:49 - 1:54Така, го најдовме тоа пени,
залепено за подот -
1:54 - 1:57и мислевме дека некој
многу богат човек мора да го оставил тука, -
1:57 - 1:59затоа што обичните луѓе не ги губат
своите пари туку-така. -
1:59 - 2:02И така, го држев тоа пени во дланката,
-
2:02 - 2:04а тоа целото лепливо и за'рѓано,
-
2:04 - 2:07но ми се чинеше како да држам цело богатство.
-
2:07 - 2:09Одлучив да си купам
-
2:09 - 2:11гума за џвакање Bazooka.
-
2:11 - 2:15И во тој момент,
се чувствував како милионерка. -
2:15 - 2:17Година дена подоцна, повторно истото чувство,
-
2:17 - 2:20кога најдовме торба полна со
плишани животни во ѓубрето, -
2:20 - 2:22и наеднаш имав повеќе играчки
-
2:22 - 2:25отколку што некогаш сум имала во својот живот.
-
2:25 - 2:27И повторно, тоа чувство ми се јави
кога некој затропа -
2:27 - 2:29на вратата на нашиот стан во Бруклин,
-
2:29 - 2:32и кога јас и мојата сестра здогледавме доставувач
-
2:32 - 2:34со пица која ние не сме ја нарачале.
-
2:34 - 2:37Ја зедовме пицата
- нашата прва пица во животот, -
2:37 - 2:40и ненаситно јадевме парче по парче,
-
2:40 - 2:44а доставувачот стоеше на прагот и зјапаше во нас.
-
2:44 - 2:47Ни рече да платиме,
но ние не зборувавме англиски. -
2:47 - 2:49Излезе мајка ми,
и тој ѝ побара пари, -
2:49 - 2:50но таа немаше доволно.
-
2:50 - 2:54Таа пешачеше 50 блокови
до и од работа секој ден, -
2:54 - 2:56само за да го одбегне
плаќањето на автобуски билет. -
2:56 - 2:58Потоа, нашата сосетка ѕирна од вратата
-
2:58 - 3:01и целосно збесна кога сфати
-
3:01 - 3:03дека имигрантите од долниот кат
-
3:03 - 3:07некако ѝ ја зеле пицата.
-
3:07 - 3:09Сите беа вознемирени.
-
3:09 - 3:13Но, пицата беше превкусна.
-
3:13 - 3:19Не сфатив колку малку имаме
сè додека не поминаа години. -
3:19 - 3:21На нашата 10 годишнина
од пристигнувањето во САД, -
3:21 - 3:23одлучивме да прославиме
во собата -
3:23 - 3:26во хотелот во којшто за првпат отседнавме
кога дојдовме во САД. -
3:26 - 3:28Човекот на рецепција ни се насмеа, и ни рече:
-
3:28 - 3:31„Не можете да резервирате соба тука.
Ова е прибежиште за бездомници.“ -
3:31 - 3:33Бевме шокирани.
-
3:33 - 3:37И мојот сопруг Брајан бил
бездомник како дете. -
3:37 - 3:40Неговото семејство изгубило сè,
и на 11 години, -
3:40 - 3:43морал да живее по мотели со неговиот татко,
-
3:43 - 3:46мотели кои ја земале сета нивна храна
-
3:46 - 3:50и ја задржувале, сè додека не ја исплателе сметката.
-
3:50 - 3:52Еднаш, кога конечно ја добил назад својата кутија
-
3:52 - 3:56со овесни снегулки Frosted Flakes,
целата била полна со лебарки. -
3:56 - 3:58Но, тој поседувал нешто.
-
3:58 - 4:00Тој поседувал кутија за чевли
која секаде ја носел со себе, -
4:00 - 4:03а која содржела девет стрипови,
-
4:03 - 4:06два G.I.Joes насликани да
потсетуваат на Спајдермен, -
4:06 - 4:09и пет Gobots. Тоа било неговото богатство.
-
4:09 - 4:12Тоа било неговото друштво на херои
-
4:12 - 4:14кои го чувале настрана од дроги и банди,
-
4:14 - 4:17и не му дозволиле да се откаже од соништата.
-
4:17 - 4:18Ќе ви раскажам за уште еден
-
4:18 - 4:21поранешен бездомник
- член на нашето семејство. -
4:21 - 4:22Ова е Скарлет.
-
4:22 - 4:25На времето, Скарлет била користена како мамка за борби со кучиња.
-
4:25 - 4:28Била врзувана и фрлана во ринг
-
4:28 - 4:32за другите кучиња да ја нападнат и така да станат поагресивни пред борбата.
-
4:32 - 4:36Денеска, таа јаде органска храна,
-
4:36 - 4:39и спие на ортопетски кревет
со нејзиното име на него, -
4:39 - 4:43но, кога ќе ставиме вода во нејзината чинија,
-
4:43 - 4:47таа сè уште погледнува нагоре и мафта со нејзината опашка во знак на благодарност.
-
4:47 - 4:50Понекогаш, Брајан и јас
шетаме низ паркот со Скарлет, -
4:50 - 4:53и таа се тркала низ тревата,
-
4:53 - 4:55а ние само погледнуваме во неа,
-
4:55 - 4:57а потоа и еден во друг
-
4:57 - 5:01и чувствуваме благодарност.
-
5:01 - 5:05Забораваме на сите наши фрустрации
-
5:05 - 5:06и разочарувања,
-
5:06 - 5:09и се чувствуваме како милионери.
-
5:09 - 5:10Ви благодарам.
-
5:10 - 5:14(Аплауз)
- Title:
- Како едно пени ме натера да се чувствувам како милионерка
- Speaker:
- Тања Луна
- Description:
-
Како малечка, Тања Луна го напуштила нејзиниот дом во пост - Чернобилска Украина, за да добие азил во САД. Еден ден, на подот на њујоршкото прибежиште за бездомници, каде таа и нејзиното семејство живееле, пронашла пени. Никогаш повторно не се почуствувала толку богато. Медитација на слатко-горчливите задоволства од детството - и како да ги зачувате во себе.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 05:31
![]() |
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for How a penny made me feel like a millionaire | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for How a penny made me feel like a millionaire | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How a penny made me feel like a millionaire | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How a penny made me feel like a millionaire | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How a penny made me feel like a millionaire | |
![]() |
k.melanija | к.меланија edited Macedonian subtitles for How a penny made me feel like a millionaire |