1 00:00:00,000 --> 00:00:04,000 Имам пет години и сум многу горда. 2 00:00:04,000 --> 00:00:08,000 Татко ми само што го изгради најдобриот полски клозет 3 00:00:08,000 --> 00:00:10,000 во нашето селце во Украина. 4 00:00:10,000 --> 00:00:14,000 Внатре смрди, со дупка која зјае во земјата, 5 00:00:14,000 --> 00:00:18,000 но однадвор - тој е со бисерно бел ламинат 6 00:00:18,000 --> 00:00:22,000 и буквално блеска на сонцето. 7 00:00:22,000 --> 00:00:25,000 Ова ме прави толку горда, толку важна, 8 00:00:25,000 --> 00:00:28,000 што се назначувам себеси како предводник на мојата малечка група пријатели 9 00:00:28,000 --> 00:00:31,000 и смислувам мисии за нас. 10 00:00:31,000 --> 00:00:33,000 Така, скитаме од куќа до куќа, 11 00:00:33,000 --> 00:00:37,000 барајќи муви заробени во пајакови мрежи 12 00:00:37,000 --> 00:00:39,000 и ги ослободуваме. 13 00:00:39,000 --> 00:00:41,000 Четири години претходно, кога имав една година, 14 00:00:41,000 --> 00:00:43,000 по несреќата во Чернобил, 15 00:00:43,000 --> 00:00:45,000 паѓаше црн дожд, 16 00:00:45,000 --> 00:00:47,000 а косата на мојата сестра отпадна во грутки, 17 00:00:47,000 --> 00:00:50,000 додека јас поминав девет месеци во болница. 18 00:00:50,000 --> 00:00:51,000 Не беа дозволени посетители, 19 00:00:51,000 --> 00:00:55,000 па мајка ми поткупи еден од болничарите. 20 00:00:55,000 --> 00:00:58,000 Доби болничка униформа, 21 00:00:58,000 --> 00:01:03,000 и се прикрадуваше секоја вечер за да седи покрај мене. 22 00:01:03,000 --> 00:01:06,000 Пет години подоцна - се појави зрнце надеж. 23 00:01:06,000 --> 00:01:10,000 Благодарение на Чернобил, добивме азил во САД. 24 00:01:10,000 --> 00:01:14,000 Имав шест години, и не плачев кога го напуштавме домот 25 00:01:14,000 --> 00:01:15,000 и се преселувавме во Америка, 26 00:01:15,000 --> 00:01:19,000 затоа што очекував дека тоа ќе биде место исполнето со ретки 27 00:01:19,000 --> 00:01:23,000 и прекрасни работи, како банани и чоколадо 28 00:01:23,000 --> 00:01:25,000 и гумите за џвакање Bazooka, 29 00:01:25,000 --> 00:01:29,000 оние со малечки сликички обвиткани однатре. 30 00:01:29,000 --> 00:01:33,000 Bazooka кои ги добивавме еднаш годишно во Украина 31 00:01:33,000 --> 00:01:37,000 и моравме да џвакаме едно парче цела недела. 32 00:01:37,000 --> 00:01:38,000 Така, првиот ден кога пристигнавме во Њујорк, 33 00:01:38,000 --> 00:01:41,000 јас и баба ми најдовме пени 34 00:01:41,000 --> 00:01:44,000 на подот на прибежиштето за бездомници. 35 00:01:44,000 --> 00:01:46,000 Само што - не знаевме дека тоа е прибежиште за бездомници. 36 00:01:46,000 --> 00:01:49,000 Мислевме дека е хотел - хотел со многу стаорци. 37 00:01:49,000 --> 00:01:54,000 Така, го најдовме тоа пени, залепено за подот 38 00:01:54,000 --> 00:01:57,000 и мислевме дека некој многу богат човек мора да го оставил тука, 39 00:01:57,000 --> 00:01:59,000 затоа што обичните луѓе не ги губат своите пари туку-така. 40 00:01:59,000 --> 00:02:02,000 И така, го држев тоа пени во дланката, 41 00:02:02,000 --> 00:02:04,000 а тоа целото лепливо и за'рѓано, 42 00:02:04,000 --> 00:02:07,000 но ми се чинеше како да држам цело богатство. 43 00:02:07,000 --> 00:02:09,000 Одлучив да си купам 44 00:02:09,000 --> 00:02:11,000 гума за џвакање Bazooka. 45 00:02:11,000 --> 00:02:15,000 И во тој момент, се чувствував како милионерка. 46 00:02:15,000 --> 00:02:17,000 Година дена подоцна, повторно истото чувство, 47 00:02:17,000 --> 00:02:20,000 кога најдовме торба полна со плишани животни во ѓубрето, 48 00:02:20,000 --> 00:02:22,000 и наеднаш имав повеќе играчки 49 00:02:22,000 --> 00:02:25,000 отколку што некогаш сум имала во својот живот. 50 00:02:25,000 --> 00:02:27,000 И повторно, тоа чувство ми се јави кога некој затропа 51 00:02:27,000 --> 00:02:29,000 на вратата на нашиот стан во Бруклин, 52 00:02:29,000 --> 00:02:32,000 и кога јас и мојата сестра здогледавме доставувач 53 00:02:32,000 --> 00:02:34,000 со пица која ние не сме ја нарачале. 54 00:02:34,000 --> 00:02:37,000 Ја зедовме пицата - нашата прва пица во животот, 55 00:02:37,000 --> 00:02:40,000 и ненаситно јадевме парче по парче, 56 00:02:40,000 --> 00:02:44,000 а доставувачот стоеше на прагот и зјапаше во нас. 57 00:02:44,000 --> 00:02:47,000 Ни рече да платиме, но ние не зборувавме англиски. 58 00:02:47,000 --> 00:02:49,000 Излезе мајка ми, и тој ѝ побара пари, 59 00:02:49,000 --> 00:02:50,000 но таа немаше доволно. 60 00:02:50,000 --> 00:02:54,000 Таа пешачеше 50 блокови до и од работа секој ден, 61 00:02:54,000 --> 00:02:56,000 само за да го одбегне плаќањето на автобуски билет. 62 00:02:56,000 --> 00:02:58,000 Потоа, нашата сосетка ѕирна од вратата 63 00:02:58,000 --> 00:03:01,000 и целосно збесна кога сфати 64 00:03:01,000 --> 00:03:03,000 дека имигрантите од долниот кат 65 00:03:03,000 --> 00:03:07,000 некако ѝ ја зеле пицата. 66 00:03:07,000 --> 00:03:09,000 Сите беа вознемирени. 67 00:03:09,000 --> 00:03:13,000 Но, пицата беше превкусна. 68 00:03:13,000 --> 00:03:19,000 Не сфатив колку малку имаме сè додека не поминаа години. 69 00:03:19,000 --> 00:03:21,000 На нашата 10 годишнина од пристигнувањето во САД, 70 00:03:21,000 --> 00:03:23,000 одлучивме да прославиме во собата 71 00:03:23,000 --> 00:03:26,000 во хотелот во којшто за првпат отседнавме кога дојдовме во САД. 72 00:03:26,000 --> 00:03:28,000 Човекот на рецепција ни се насмеа, и ни рече: 73 00:03:28,000 --> 00:03:31,000 „Не можете да резервирате соба тука. Ова е прибежиште за бездомници.“ 74 00:03:31,000 --> 00:03:33,000 Бевме шокирани. 75 00:03:33,000 --> 00:03:37,000 И мојот сопруг Брајан бил бездомник како дете. 76 00:03:37,000 --> 00:03:40,000 Неговото семејство изгубило сè, и на 11 години, 77 00:03:40,000 --> 00:03:43,000 морал да живее по мотели со неговиот татко, 78 00:03:43,000 --> 00:03:46,000 мотели кои ја земале сета нивна храна 79 00:03:46,000 --> 00:03:50,000 и ја задржувале, сè додека не ја исплателе сметката. 80 00:03:50,000 --> 00:03:52,000 Еднаш, кога конечно ја добил назад својата кутија 81 00:03:52,000 --> 00:03:56,000 со овесни снегулки Frosted Flakes, целата била полна со лебарки. 82 00:03:56,000 --> 00:03:58,000 Но, тој поседувал нешто. 83 00:03:58,000 --> 00:04:00,000 Тој поседувал кутија за чевли која секаде ја носел со себе, 84 00:04:00,000 --> 00:04:03,000 а која содржела девет стрипови, 85 00:04:03,000 --> 00:04:06,000 два G.I.Joes насликани да потсетуваат на Спајдермен, 86 00:04:06,000 --> 00:04:09,000 и пет Gobots. Тоа било неговото богатство. 87 00:04:09,000 --> 00:04:12,000 Тоа било неговото друштво на херои 88 00:04:12,000 --> 00:04:14,000 кои го чувале настрана од дроги и банди, 89 00:04:14,000 --> 00:04:17,000 и не му дозволиле да се откаже од соништата. 90 00:04:17,000 --> 00:04:18,000 Ќе ви раскажам за уште еден 91 00:04:18,000 --> 00:04:21,000 поранешен бездомник - член на нашето семејство. 92 00:04:21,000 --> 00:04:22,000 Ова е Скарлет. 93 00:04:22,000 --> 00:04:25,000 На времето, Скарлет била користена како мамка за борби со кучиња. 94 00:04:25,000 --> 00:04:28,000 Била врзувана и фрлана во ринг 95 00:04:28,000 --> 00:04:32,000 за другите кучиња да ја нападнат и така да станат поагресивни пред борбата. 96 00:04:32,000 --> 00:04:36,000 Денеска, таа јаде органска храна, 97 00:04:36,000 --> 00:04:39,000 и спие на ортопетски кревет со нејзиното име на него, 98 00:04:39,000 --> 00:04:43,000 но, кога ќе ставиме вода во нејзината чинија, 99 00:04:43,000 --> 00:04:47,000 таа сè уште погледнува нагоре и мафта со нејзината опашка во знак на благодарност. 100 00:04:47,000 --> 00:04:50,000 Понекогаш, Брајан и јас шетаме низ паркот со Скарлет, 101 00:04:50,000 --> 00:04:53,000 и таа се тркала низ тревата, 102 00:04:53,000 --> 00:04:55,000 а ние само погледнуваме во неа, 103 00:04:55,000 --> 00:04:57,000 а потоа и еден во друг 104 00:04:57,000 --> 00:05:01,000 и чувствуваме благодарност. 105 00:05:01,000 --> 00:05:05,000 Забораваме на сите наши фрустрации 106 00:05:05,000 --> 00:05:06,000 и разочарувања, 107 00:05:06,000 --> 00:05:09,000 и се чувствуваме како милионери. 108 00:05:09,000 --> 00:05:10,000 Ви благодарам. 109 00:05:10,000 --> 00:05:14,000 (Аплауз)