0:00:00.000,0:00:04.000 Имам пет години и сум многу горда. 0:00:04.000,0:00:08.000 Татко ми само што го изгради [br]најдобриот полски клозет 0:00:08.000,0:00:10.000 во нашето селце во Украина. 0:00:10.000,0:00:14.000 Внатре смрди, со дупка која зјае во земјата, 0:00:14.000,0:00:18.000 но однадвор - тој е со бисерно бел ламинат 0:00:18.000,0:00:22.000 и буквално блеска на сонцето. 0:00:22.000,0:00:25.000 Ова ме прави толку горда, толку важна, 0:00:25.000,0:00:28.000 што се назначувам себеси како предводник [br]на мојата малечка група пријатели 0:00:28.000,0:00:31.000 и смислувам мисии за нас. 0:00:31.000,0:00:33.000 Така, скитаме од куќа до куќа, 0:00:33.000,0:00:37.000 барајќи муви заробени во пајакови мрежи 0:00:37.000,0:00:39.000 и ги ослободуваме. 0:00:39.000,0:00:41.000 Четири години претходно, кога имав една година, 0:00:41.000,0:00:43.000 по несреќата во Чернобил, 0:00:43.000,0:00:45.000 паѓаше црн дожд, 0:00:45.000,0:00:47.000 а косата на мојата сестра отпадна во грутки, 0:00:47.000,0:00:50.000 додека јас поминав девет месеци во болница. 0:00:50.000,0:00:51.000 Не беа дозволени посетители, 0:00:51.000,0:00:55.000 па мајка ми поткупи еден од болничарите. 0:00:55.000,0:00:58.000 Доби болничка униформа, 0:00:58.000,0:01:03.000 и се прикрадуваше секоја вечер [br]за да седи покрај мене. 0:01:03.000,0:01:06.000 Пет години подоцна - се појави зрнце надеж. 0:01:06.000,0:01:10.000 Благодарение на Чернобил, [br]добивме азил во САД. 0:01:10.000,0:01:14.000 Имав шест години, и не плачев кога [br]го напуштавме домот 0:01:14.000,0:01:15.000 и се преселувавме во Америка, 0:01:15.000,0:01:19.000 затоа што очекував дека тоа ќе биде место [br]исполнето со ретки 0:01:19.000,0:01:23.000 и прекрасни работи, [br]како банани и чоколадо 0:01:23.000,0:01:25.000 и гумите за џвакање Bazooka, 0:01:25.000,0:01:29.000 оние со малечки сликички обвиткани однатре. 0:01:29.000,0:01:33.000 Bazooka кои ги добивавме [br]еднаш годишно во Украина 0:01:33.000,0:01:37.000 и моравме да џвакаме едно парче цела недела. 0:01:37.000,0:01:38.000 Така, првиот ден кога пристигнавме во Њујорк, 0:01:38.000,0:01:41.000 јас и баба ми најдовме пени 0:01:41.000,0:01:44.000 на подот на прибежиштето за бездомници. 0:01:44.000,0:01:46.000 Само што - не знаевме дека тоа е [br]прибежиште за бездомници. 0:01:46.000,0:01:49.000 Мислевме дека е хотел[br]- хотел со многу стаорци. 0:01:49.000,0:01:54.000 Така, го најдовме тоа пени, [br]залепено за подот 0:01:54.000,0:01:57.000 и мислевме дека некој [br]многу богат човек мора да го оставил тука, 0:01:57.000,0:01:59.000 затоа што обичните луѓе не ги губат [br]своите пари туку-така. 0:01:59.000,0:02:02.000 И така, го држев тоа пени во дланката, 0:02:02.000,0:02:04.000 а тоа целото лепливо и за'рѓано, 0:02:04.000,0:02:07.000 но ми се чинеше како да држам цело богатство. 0:02:07.000,0:02:09.000 Одлучив да си купам 0:02:09.000,0:02:11.000 гума за џвакање Bazooka. 0:02:11.000,0:02:15.000 И во тој момент, [br]се чувствував како милионерка. 0:02:15.000,0:02:17.000 Година дена подоцна, повторно истото чувство, 0:02:17.000,0:02:20.000 кога најдовме торба полна со [br]плишани животни во ѓубрето, 0:02:20.000,0:02:22.000 и наеднаш имав повеќе играчки 0:02:22.000,0:02:25.000 отколку што некогаш сум имала во својот живот. 0:02:25.000,0:02:27.000 И повторно, тоа чувство ми се јави[br]кога некој затропа 0:02:27.000,0:02:29.000 на вратата на нашиот стан во Бруклин, 0:02:29.000,0:02:32.000 и кога јас и мојата сестра здогледавме доставувач 0:02:32.000,0:02:34.000 со пица која ние не сме ја нарачале. 0:02:34.000,0:02:37.000 Ја зедовме пицата[br]- нашата прва пица во животот, 0:02:37.000,0:02:40.000 и ненаситно јадевме парче по парче, 0:02:40.000,0:02:44.000 а доставувачот стоеше на прагот и зјапаше во нас. 0:02:44.000,0:02:47.000 Ни рече да платиме, [br]но ние не зборувавме англиски. 0:02:47.000,0:02:49.000 Излезе мајка ми, [br]и тој ѝ побара пари, 0:02:49.000,0:02:50.000 но таа немаше доволно. 0:02:50.000,0:02:54.000 Таа пешачеше 50 блокови [br]до и од работа секој ден, 0:02:54.000,0:02:56.000 само за да го одбегне [br]плаќањето на автобуски билет. 0:02:56.000,0:02:58.000 Потоа, нашата сосетка ѕирна од вратата 0:02:58.000,0:03:01.000 и целосно збесна кога сфати 0:03:01.000,0:03:03.000 дека имигрантите од долниот кат 0:03:03.000,0:03:07.000 некако ѝ ја зеле пицата. 0:03:07.000,0:03:09.000 Сите беа вознемирени. 0:03:09.000,0:03:13.000 Но, пицата беше превкусна. 0:03:13.000,0:03:19.000 Не сфатив колку малку имаме [br]сè додека не поминаа години. 0:03:19.000,0:03:21.000 На нашата 10 годишнина [br]од пристигнувањето во САД, 0:03:21.000,0:03:23.000 одлучивме да прославиме [br]во собата 0:03:23.000,0:03:26.000 во хотелот во којшто за првпат отседнавме [br]кога дојдовме во САД. 0:03:26.000,0:03:28.000 Човекот на рецепција ни се насмеа, и ни рече: 0:03:28.000,0:03:31.000 „Не можете да резервирате соба тука. [br]Ова е прибежиште за бездомници.“ 0:03:31.000,0:03:33.000 Бевме шокирани. 0:03:33.000,0:03:37.000 И мојот сопруг Брајан бил [br]бездомник како дете. 0:03:37.000,0:03:40.000 Неговото семејство изгубило сè, [br]и на 11 години, 0:03:40.000,0:03:43.000 морал да живее по мотели со неговиот татко, 0:03:43.000,0:03:46.000 мотели кои ја земале сета нивна храна 0:03:46.000,0:03:50.000 и ја задржувале, сè додека не ја исплателе сметката. 0:03:50.000,0:03:52.000 Еднаш, кога конечно ја добил назад својата кутија 0:03:52.000,0:03:56.000 со овесни снегулки Frosted Flakes, [br]целата била полна со лебарки. 0:03:56.000,0:03:58.000 Но, тој поседувал нешто. 0:03:58.000,0:04:00.000 Тој поседувал кутија за чевли [br]која секаде ја носел со себе, 0:04:00.000,0:04:03.000 а која содржела девет стрипови, 0:04:03.000,0:04:06.000 два G.I.Joes насликани да [br]потсетуваат на Спајдермен, 0:04:06.000,0:04:09.000 и пет Gobots. Тоа било неговото богатство. 0:04:09.000,0:04:12.000 Тоа било неговото друштво на херои 0:04:12.000,0:04:14.000 кои го чувале настрана од дроги и банди, 0:04:14.000,0:04:17.000 и не му дозволиле да се откаже од соништата. 0:04:17.000,0:04:18.000 Ќе ви раскажам за уште еден 0:04:18.000,0:04:21.000 поранешен бездомник[br]- член на нашето семејство. 0:04:21.000,0:04:22.000 Ова е Скарлет. 0:04:22.000,0:04:25.000 На времето, Скарлет била користена како мамка за борби со кучиња. 0:04:25.000,0:04:28.000 Била врзувана и фрлана во ринг 0:04:28.000,0:04:32.000 за другите кучиња да ја нападнат и така да станат поагресивни пред борбата. 0:04:32.000,0:04:36.000 Денеска, таа јаде органска храна, 0:04:36.000,0:04:39.000 и спие на ортопетски кревет [br]со нејзиното име на него, 0:04:39.000,0:04:43.000 но, кога ќе ставиме вода во нејзината чинија, 0:04:43.000,0:04:47.000 таа сè уште погледнува нагоре и мафта со нејзината опашка во знак на благодарност. 0:04:47.000,0:04:50.000 Понекогаш, Брајан и јас [br]шетаме низ паркот со Скарлет, 0:04:50.000,0:04:53.000 и таа се тркала низ тревата, 0:04:53.000,0:04:55.000 а ние само погледнуваме во неа, 0:04:55.000,0:04:57.000 а потоа и еден во друг 0:04:57.000,0:05:01.000 и чувствуваме благодарност. 0:05:01.000,0:05:05.000 Забораваме на сите наши фрустрации 0:05:05.000,0:05:06.000 и разочарувања, 0:05:06.000,0:05:09.000 и се чувствуваме како милионери. 0:05:09.000,0:05:10.000 Ви благодарам. 0:05:10.000,0:05:14.000 (Аплауз)