ЏејДи Шрам: Прекинете ја штамата за преживеаните од самоубиство
-
0:00 - 0:03Гледано од страна,
-
0:03 - 0:06сите би рекле дека Џон имал сè.
-
0:06 - 0:08Штотуку го потпишал договорот
-
0:08 - 0:10за продажба на својот стан во Њујорк
-
0:10 - 0:12со шестоцифрен профит,
-
0:12 - 0:15а го поседувал само пет години.
-
0:15 - 0:17Факултетот каде ги завршил магистерските студии
-
0:17 - 0:19само што му понудил место на предавач,
-
0:19 - 0:21што значи не само плата,
-
0:21 - 0:24туку и бенефиции за прв пат по подолго време.
-
0:25 - 0:28Но, и покрај тоа што сè му одело од рака,
-
0:28 - 0:30Џон страдал.
-
0:30 - 0:33Се борел со зависности и депресија.
-
0:35 - 0:37Ноќта на 11 јуни 2003 година,
-
0:37 - 0:39се качил на работ
-
0:39 - 0:42на оградата на мостот Менхетн
-
0:42 - 0:46и скокнал во опасните води под него.
-
0:47 - 0:49Сепак...
-
0:49 - 0:51за чудо
-
0:51 - 0:54тој преживеал.
-
0:54 - 0:57При падот ја скршил десната рака,
-
0:57 - 0:59сите ребра,
-
0:59 - 1:01го пробил белодробното крило,
-
1:01 - 1:03и на моменти ја губел свеста
-
1:03 - 1:06додека бил носен по текот на Ист Ривер,
-
1:06 - 1:08минувајќи под Бруклинскиот мост,
-
1:08 - 1:11сè додека не поминал пред траектот од Стејтен Ајланд,
-
1:11 - 1:13каде патниците
-
1:13 - 1:15ги слушнале неговите извици на болка,
-
1:15 - 1:17го известиле капетанот на бродот,
-
1:17 - 1:19кој пак јавил на крајбрежната стража,
-
1:19 - 1:21а тие потоа го извлекле од Ист Ривер
-
1:21 - 1:24и го однеле во болницата Белвју.
-
1:24 - 1:27Тука, всушност, започнува нашата приказна,
-
1:27 - 1:29бидејќи штом Џон си ветил
-
1:29 - 1:32дека ќе си го врати животот назад -
-
1:32 - 1:35прво физички, потоа емотивно,
-
1:35 - 1:37а и духовно -
-
1:37 - 1:40открил дека постојат само неколку расположиви ресурси
-
1:40 - 1:42за некој кој се обидел да си го одземе животот,
-
1:42 - 1:45како што направил тој.
-
1:45 - 1:47Истражувањата покажуваат
-
1:47 - 1:49дека 19 од 20 луѓе
-
1:49 - 1:51кои се обидуваат да се самоубијат
-
1:51 - 1:53не успеваат во тоа.
-
1:54 - 1:56Но, оние кои нема да успеат
-
1:56 - 1:5937 пати е поверојатно дека ќе успеат
-
1:59 - 2:02во вториот обид.
-
2:02 - 2:04Ова навистина е
-
2:04 - 2:06популација изложена на ризик,
-
2:06 - 2:09за чија поддршка постојат многу малку ресурси.
-
2:09 - 2:11И, така, кога луѓето
-
2:11 - 2:14се обидуваат да се вратат во живот,
-
2:14 - 2:16поради нашите табуа околу самоубиствата,
-
2:16 - 2:18не знаеме што да кажеме,
-
2:18 - 2:21па затоа честопати не велиме ништо.
-
2:21 - 2:23Тоа само ја зголемува изолираноста
-
2:23 - 2:26во која се наоѓаат луѓето како Џон.
-
2:28 - 2:30Ја знам приказната на Џон многу добро,
-
2:30 - 2:33затоа што јас сум Џон.
-
2:34 - 2:37И ова, денеска,
-
2:37 - 2:40е прв пат при едно јавно излагање
-
2:40 - 2:42да потврдам
-
2:42 - 2:45низ какво патешествие поминав.
-
2:46 - 2:49Но, откако еден мој омилен професор се самоуби во 2006-та,
-
2:49 - 2:53а еден добар пријател тоа го направи минатата година,
-
2:53 - 2:56додека седев минатата година на TEDActive,
-
2:56 - 2:59сфатив дека мора да излезам од мојот молк
-
2:59 - 3:01и да ги надминам моите табуа,
-
3:01 - 3:04за да прозборам за една идеја вредна за споделување,
-
3:04 - 3:06а тоа е дека луѓето
-
3:06 - 3:09кои го направиле тешкиот избор
-
3:09 - 3:11да се вратат во живот
-
3:11 - 3:14имаат потреба од повеќе ресурси и поголема помош.
-
3:15 - 3:18Како што велат од организацијата Тревор Проџект, станува подобро.
-
3:18 - 3:21Станува многу подобро.
-
3:21 - 3:23Одбрав да излезам
-
3:23 - 3:25во јавноста денеска
-
3:25 - 3:28за да ве охрабрам, да ве поттикнам,
-
3:28 - 3:30доколку сте некој
-
3:30 - 3:34кој се обидел да изврши самоубиство,
-
3:34 - 3:37или знаете таков човек,
-
3:37 - 3:40тогаш прозборете за тоа, побарајте помош.
-
3:40 - 3:43Тоа е разговор кој вреди да го направите
-
3:43 - 3:46и идеја која е вредна за споделување.
-
3:46 - 3:48Ви благодарам.
-
3:48 - 3:53(Аплауз)
- Title:
- ЏејДи Шрам: Прекинете ја штамата за преживеаните од самоубиство
- Speaker:
- JD Schramm
- Description:
-
Дури и кога нашите животи изгледаат убаво однадвор, одвнатре може да постои свет на тивко страдање, што некои луѓе ги тера да се самоубијат. На TEDYou, ЏејДи Шрам нè замолува да ја прекинеме штамата за самоубиствата и за обидите за самоубиство, и да ги создадеме потребните ресурси за да им помогнеме на луѓето кои се обидуваат да се вратат во живот откако ја избегнале смртта.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 03:54