1 00:00:00,000 --> 00:00:03,000 Гледано од страна, 2 00:00:03,000 --> 00:00:06,000 сите би рекле дека Џон имал сè. 3 00:00:06,000 --> 00:00:08,000 Штотуку го потпишал договорот 4 00:00:08,000 --> 00:00:10,000 за продажба на својот стан во Њујорк 5 00:00:10,000 --> 00:00:12,000 со шестоцифрен профит, 6 00:00:12,000 --> 00:00:15,000 а го поседувал само пет години. 7 00:00:15,000 --> 00:00:17,000 Факултетот каде ги завршил магистерските студии 8 00:00:17,000 --> 00:00:19,000 само што му понудил место на предавач, 9 00:00:19,000 --> 00:00:21,000 што значи не само плата, 10 00:00:21,000 --> 00:00:24,000 туку и бенефиции за прв пат по подолго време. 11 00:00:25,000 --> 00:00:28,000 Но, и покрај тоа што сè му одело од рака, 12 00:00:28,000 --> 00:00:30,000 Џон страдал. 13 00:00:30,000 --> 00:00:33,000 Се борел со зависности и депресија. 14 00:00:35,000 --> 00:00:37,000 Ноќта на 11 јуни 2003 година, 15 00:00:37,000 --> 00:00:39,000 се качил на работ 16 00:00:39,000 --> 00:00:42,000 на оградата на мостот Менхетн 17 00:00:42,000 --> 00:00:46,000 и скокнал во опасните води под него. 18 00:00:47,000 --> 00:00:49,000 Сепак... 19 00:00:49,000 --> 00:00:51,000 за чудо 20 00:00:51,000 --> 00:00:54,000 тој преживеал. 21 00:00:54,000 --> 00:00:57,000 При падот ја скршил десната рака, 22 00:00:57,000 --> 00:00:59,000 сите ребра, 23 00:00:59,000 --> 00:01:01,000 го пробил белодробното крило, 24 00:01:01,000 --> 00:01:03,000 и на моменти ја губел свеста 25 00:01:03,000 --> 00:01:06,000 додека бил носен по текот на Ист Ривер, 26 00:01:06,000 --> 00:01:08,000 минувајќи под Бруклинскиот мост, 27 00:01:08,000 --> 00:01:11,000 сè додека не поминал пред траектот од Стејтен Ајланд, 28 00:01:11,000 --> 00:01:13,000 каде патниците 29 00:01:13,000 --> 00:01:15,000 ги слушнале неговите извици на болка, 30 00:01:15,000 --> 00:01:17,000 го известиле капетанот на бродот, 31 00:01:17,000 --> 00:01:19,000 кој пак јавил на крајбрежната стража, 32 00:01:19,000 --> 00:01:21,000 а тие потоа го извлекле од Ист Ривер 33 00:01:21,000 --> 00:01:24,000 и го однеле во болницата Белвју. 34 00:01:24,000 --> 00:01:27,000 Тука, всушност, започнува нашата приказна, 35 00:01:27,000 --> 00:01:29,000 бидејќи штом Џон си ветил 36 00:01:29,000 --> 00:01:32,000 дека ќе си го врати животот назад - 37 00:01:32,000 --> 00:01:35,000 прво физички, потоа емотивно, 38 00:01:35,000 --> 00:01:37,000 а и духовно - 39 00:01:37,000 --> 00:01:40,000 открил дека постојат само неколку расположиви ресурси 40 00:01:40,000 --> 00:01:42,000 за некој кој се обидел да си го одземе животот, 41 00:01:42,000 --> 00:01:45,000 како што направил тој. 42 00:01:45,000 --> 00:01:47,000 Истражувањата покажуваат 43 00:01:47,000 --> 00:01:49,000 дека 19 од 20 луѓе 44 00:01:49,000 --> 00:01:51,000 кои се обидуваат да се самоубијат 45 00:01:51,000 --> 00:01:53,000 не успеваат во тоа. 46 00:01:54,000 --> 00:01:56,000 Но, оние кои нема да успеат 47 00:01:56,000 --> 00:01:59,000 37 пати е поверојатно дека ќе успеат 48 00:01:59,000 --> 00:02:02,000 во вториот обид. 49 00:02:02,000 --> 00:02:04,000 Ова навистина е 50 00:02:04,000 --> 00:02:06,000 популација изложена на ризик, 51 00:02:06,000 --> 00:02:09,000 за чија поддршка постојат многу малку ресурси. 52 00:02:09,000 --> 00:02:11,000 И, така, кога луѓето 53 00:02:11,000 --> 00:02:14,000 се обидуваат да се вратат во живот, 54 00:02:14,000 --> 00:02:16,000 поради нашите табуа околу самоубиствата, 55 00:02:16,000 --> 00:02:18,000 не знаеме што да кажеме, 56 00:02:18,000 --> 00:02:21,000 па затоа честопати не велиме ништо. 57 00:02:21,000 --> 00:02:23,000 Тоа само ја зголемува изолираноста 58 00:02:23,000 --> 00:02:26,000 во која се наоѓаат луѓето како Џон. 59 00:02:28,000 --> 00:02:30,000 Ја знам приказната на Џон многу добро, 60 00:02:30,000 --> 00:02:33,000 затоа што јас сум Џон. 61 00:02:34,000 --> 00:02:37,000 И ова, денеска, 62 00:02:37,000 --> 00:02:40,000 е прв пат при едно јавно излагање 63 00:02:40,000 --> 00:02:42,000 да потврдам 64 00:02:42,000 --> 00:02:45,000 низ какво патешествие поминав. 65 00:02:46,000 --> 00:02:49,000 Но, откако еден мој омилен професор се самоуби во 2006-та, 66 00:02:49,000 --> 00:02:53,000 а еден добар пријател тоа го направи минатата година, 67 00:02:53,000 --> 00:02:56,000 додека седев минатата година на TEDActive, 68 00:02:56,000 --> 00:02:59,000 сфатив дека мора да излезам од мојот молк 69 00:02:59,000 --> 00:03:01,000 и да ги надминам моите табуа, 70 00:03:01,000 --> 00:03:04,000 за да прозборам за една идеја вредна за споделување, 71 00:03:04,000 --> 00:03:06,000 а тоа е дека луѓето 72 00:03:06,000 --> 00:03:09,000 кои го направиле тешкиот избор 73 00:03:09,000 --> 00:03:11,000 да се вратат во живот 74 00:03:11,000 --> 00:03:14,000 имаат потреба од повеќе ресурси и поголема помош. 75 00:03:15,000 --> 00:03:18,000 Како што велат од организацијата Тревор Проџект, станува подобро. 76 00:03:18,000 --> 00:03:21,000 Станува многу подобро. 77 00:03:21,000 --> 00:03:23,000 Одбрав да излезам 78 00:03:23,000 --> 00:03:25,000 во јавноста денеска 79 00:03:25,000 --> 00:03:28,000 за да ве охрабрам, да ве поттикнам, 80 00:03:28,000 --> 00:03:30,000 доколку сте некој 81 00:03:30,000 --> 00:03:34,000 кој се обидел да изврши самоубиство, 82 00:03:34,000 --> 00:03:37,000 или знаете таков човек, 83 00:03:37,000 --> 00:03:40,000 тогаш прозборете за тоа, побарајте помош. 84 00:03:40,000 --> 00:03:43,000 Тоа е разговор кој вреди да го направите 85 00:03:43,000 --> 00:03:46,000 и идеја која е вредна за споделување. 86 00:03:46,000 --> 00:03:48,000 Ви благодарам. 87 00:03:48,000 --> 00:03:53,000 (Аплауз)