WEBVTT 00:00:00.000 --> 00:00:03.000 Гледано од страна, 00:00:03.000 --> 00:00:06.000 сите би рекле дека Џон имал сè. 00:00:06.000 --> 00:00:08.000 Штотуку го потпишал договорот 00:00:08.000 --> 00:00:10.000 за продажба на својот стан во Њујорк 00:00:10.000 --> 00:00:12.000 со шестоцифрен профит, 00:00:12.000 --> 00:00:15.000 а го поседувал само пет години. 00:00:15.000 --> 00:00:17.000 Факултетот каде ги завршил магистерските студии 00:00:17.000 --> 00:00:19.000 само што му понудил место на предавач, 00:00:19.000 --> 00:00:21.000 што значи не само плата, 00:00:21.000 --> 00:00:24.000 туку и бенефиции за прв пат по подолго време. 00:00:25.000 --> 00:00:28.000 Но, и покрај тоа што сè му одело од рака, 00:00:28.000 --> 00:00:30.000 Џон страдал. 00:00:30.000 --> 00:00:33.000 Се борел со зависности и депресија. NOTE Paragraph 00:00:35.000 --> 00:00:37.000 Ноќта на 11 јуни 2003 година, 00:00:37.000 --> 00:00:39.000 се качил на работ 00:00:39.000 --> 00:00:42.000 на оградата на мостот Менхетн 00:00:42.000 --> 00:00:46.000 и скокнал во опасните води под него. 00:00:47.000 --> 00:00:49.000 Сепак... 00:00:49.000 --> 00:00:51.000 за чудо 00:00:51.000 --> 00:00:54.000 тој преживеал. 00:00:54.000 --> 00:00:57.000 При падот ја скршил десната рака, 00:00:57.000 --> 00:00:59.000 сите ребра, 00:00:59.000 --> 00:01:01.000 го пробил белодробното крило, 00:01:01.000 --> 00:01:03.000 и на моменти ја губел свеста 00:01:03.000 --> 00:01:06.000 додека бил носен по текот на Ист Ривер, 00:01:06.000 --> 00:01:08.000 минувајќи под Бруклинскиот мост, 00:01:08.000 --> 00:01:11.000 сè додека не поминал пред траектот од Стејтен Ајланд, 00:01:11.000 --> 00:01:13.000 каде патниците 00:01:13.000 --> 00:01:15.000 ги слушнале неговите извици на болка, 00:01:15.000 --> 00:01:17.000 го известиле капетанот на бродот, 00:01:17.000 --> 00:01:19.000 кој пак јавил на крајбрежната стража, 00:01:19.000 --> 00:01:21.000 а тие потоа го извлекле од Ист Ривер 00:01:21.000 --> 00:01:24.000 и го однеле во болницата Белвју. NOTE Paragraph 00:01:24.000 --> 00:01:27.000 Тука, всушност, започнува нашата приказна, 00:01:27.000 --> 00:01:29.000 бидејќи штом Џон си ветил 00:01:29.000 --> 00:01:32.000 дека ќе си го врати животот назад - 00:01:32.000 --> 00:01:35.000 прво физички, потоа емотивно, 00:01:35.000 --> 00:01:37.000 а и духовно - 00:01:37.000 --> 00:01:40.000 открил дека постојат само неколку расположиви ресурси 00:01:40.000 --> 00:01:42.000 за некој кој се обидел да си го одземе животот, 00:01:42.000 --> 00:01:45.000 како што направил тој. NOTE Paragraph 00:01:45.000 --> 00:01:47.000 Истражувањата покажуваат 00:01:47.000 --> 00:01:49.000 дека 19 од 20 луѓе 00:01:49.000 --> 00:01:51.000 кои се обидуваат да се самоубијат 00:01:51.000 --> 00:01:53.000 не успеваат во тоа. 00:01:54.000 --> 00:01:56.000 Но, оние кои нема да успеат 00:01:56.000 --> 00:01:59.000 37 пати е поверојатно дека ќе успеат 00:01:59.000 --> 00:02:02.000 во вториот обид. 00:02:02.000 --> 00:02:04.000 Ова навистина е 00:02:04.000 --> 00:02:06.000 популација изложена на ризик, 00:02:06.000 --> 00:02:09.000 за чија поддршка постојат многу малку ресурси. 00:02:09.000 --> 00:02:11.000 И, така, кога луѓето 00:02:11.000 --> 00:02:14.000 се обидуваат да се вратат во живот, 00:02:14.000 --> 00:02:16.000 поради нашите табуа околу самоубиствата, 00:02:16.000 --> 00:02:18.000 не знаеме што да кажеме, 00:02:18.000 --> 00:02:21.000 па затоа честопати не велиме ништо. 00:02:21.000 --> 00:02:23.000 Тоа само ја зголемува изолираноста 00:02:23.000 --> 00:02:26.000 во која се наоѓаат луѓето како Џон. NOTE Paragraph 00:02:28.000 --> 00:02:30.000 Ја знам приказната на Џон многу добро, 00:02:30.000 --> 00:02:33.000 затоа што јас сум Џон. 00:02:34.000 --> 00:02:37.000 И ова, денеска, 00:02:37.000 --> 00:02:40.000 е прв пат при едно јавно излагање 00:02:40.000 --> 00:02:42.000 да потврдам 00:02:42.000 --> 00:02:45.000 низ какво патешествие поминав. 00:02:46.000 --> 00:02:49.000 Но, откако еден мој омилен професор се самоуби во 2006-та, 00:02:49.000 --> 00:02:53.000 а еден добар пријател тоа го направи минатата година, 00:02:53.000 --> 00:02:56.000 додека седев минатата година на TEDActive, 00:02:56.000 --> 00:02:59.000 сфатив дека мора да излезам од мојот молк 00:02:59.000 --> 00:03:01.000 и да ги надминам моите табуа, 00:03:01.000 --> 00:03:04.000 за да прозборам за една идеја вредна за споделување, 00:03:04.000 --> 00:03:06.000 а тоа е дека луѓето 00:03:06.000 --> 00:03:09.000 кои го направиле тешкиот избор 00:03:09.000 --> 00:03:11.000 да се вратат во живот 00:03:11.000 --> 00:03:14.000 имаат потреба од повеќе ресурси и поголема помош. NOTE Paragraph 00:03:15.000 --> 00:03:18.000 Како што велат од организацијата Тревор Проџект, станува подобро. 00:03:18.000 --> 00:03:21.000 Станува многу подобро. 00:03:21.000 --> 00:03:23.000 Одбрав да излезам 00:03:23.000 --> 00:03:25.000 во јавноста денеска 00:03:25.000 --> 00:03:28.000 за да ве охрабрам, да ве поттикнам, 00:03:28.000 --> 00:03:30.000 доколку сте некој 00:03:30.000 --> 00:03:34.000 кој се обидел да изврши самоубиство, 00:03:34.000 --> 00:03:37.000 или знаете таков човек, 00:03:37.000 --> 00:03:40.000 тогаш прозборете за тоа, побарајте помош. 00:03:40.000 --> 00:03:43.000 Тоа е разговор кој вреди да го направите 00:03:43.000 --> 00:03:46.000 и идеја која е вредна за споделување. NOTE Paragraph 00:03:46.000 --> 00:03:48.000 Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:03:48.000 --> 00:03:53.000 (Аплауз)