0:00:00.000,0:00:03.000 Гледано од страна, 0:00:03.000,0:00:06.000 сите би рекле дека Џон имал сè. 0:00:06.000,0:00:08.000 Штотуку го потпишал договорот 0:00:08.000,0:00:10.000 за продажба на својот стан во Њујорк 0:00:10.000,0:00:12.000 со шестоцифрен профит, 0:00:12.000,0:00:15.000 а го поседувал само пет години. 0:00:15.000,0:00:17.000 Факултетот каде ги завршил магистерските студии 0:00:17.000,0:00:19.000 само што му понудил место на предавач, 0:00:19.000,0:00:21.000 што значи не само плата, 0:00:21.000,0:00:24.000 туку и бенефиции за прв пат по подолго време. 0:00:25.000,0:00:28.000 Но, и покрај тоа што сè му одело од рака, 0:00:28.000,0:00:30.000 Џон страдал. 0:00:30.000,0:00:33.000 Се борел со зависности и депресија. 0:00:35.000,0:00:37.000 Ноќта на 11 јуни 2003 година, 0:00:37.000,0:00:39.000 се качил на работ 0:00:39.000,0:00:42.000 на оградата на мостот Менхетн 0:00:42.000,0:00:46.000 и скокнал во опасните води под него. 0:00:47.000,0:00:49.000 Сепак... 0:00:49.000,0:00:51.000 за чудо 0:00:51.000,0:00:54.000 тој преживеал. 0:00:54.000,0:00:57.000 При падот ја скршил десната рака, 0:00:57.000,0:00:59.000 сите ребра, 0:00:59.000,0:01:01.000 го пробил белодробното крило, 0:01:01.000,0:01:03.000 и на моменти ја губел свеста 0:01:03.000,0:01:06.000 додека бил носен по текот на Ист Ривер, 0:01:06.000,0:01:08.000 минувајќи под Бруклинскиот мост, 0:01:08.000,0:01:11.000 сè додека не поминал пред траектот од Стејтен Ајланд, 0:01:11.000,0:01:13.000 каде патниците 0:01:13.000,0:01:15.000 ги слушнале неговите извици на болка, 0:01:15.000,0:01:17.000 го известиле капетанот на бродот, 0:01:17.000,0:01:19.000 кој пак јавил на крајбрежната стража, 0:01:19.000,0:01:21.000 а тие потоа го извлекле од Ист Ривер 0:01:21.000,0:01:24.000 и го однеле во болницата Белвју. 0:01:24.000,0:01:27.000 Тука, всушност, започнува нашата приказна, 0:01:27.000,0:01:29.000 бидејќи штом Џон си ветил 0:01:29.000,0:01:32.000 дека ќе си го врати животот назад - 0:01:32.000,0:01:35.000 прво физички, потоа емотивно, 0:01:35.000,0:01:37.000 а и духовно - 0:01:37.000,0:01:40.000 открил дека постојат само неколку расположиви ресурси 0:01:40.000,0:01:42.000 за некој кој се обидел да си го одземе животот, 0:01:42.000,0:01:45.000 како што направил тој. 0:01:45.000,0:01:47.000 Истражувањата покажуваат 0:01:47.000,0:01:49.000 дека 19 од 20 луѓе 0:01:49.000,0:01:51.000 кои се обидуваат да се самоубијат 0:01:51.000,0:01:53.000 не успеваат во тоа. 0:01:54.000,0:01:56.000 Но, оние кои нема да успеат 0:01:56.000,0:01:59.000 37 пати е поверојатно дека ќе успеат 0:01:59.000,0:02:02.000 во вториот обид. 0:02:02.000,0:02:04.000 Ова навистина е 0:02:04.000,0:02:06.000 популација изложена на ризик, 0:02:06.000,0:02:09.000 за чија поддршка постојат многу малку ресурси. 0:02:09.000,0:02:11.000 И, така, кога луѓето 0:02:11.000,0:02:14.000 се обидуваат да се вратат во живот, 0:02:14.000,0:02:16.000 поради нашите табуа околу самоубиствата, 0:02:16.000,0:02:18.000 не знаеме што да кажеме, 0:02:18.000,0:02:21.000 па затоа честопати не велиме ништо. 0:02:21.000,0:02:23.000 Тоа само ја зголемува изолираноста 0:02:23.000,0:02:26.000 во која се наоѓаат луѓето како Џон. 0:02:28.000,0:02:30.000 Ја знам приказната на Џон многу добро, 0:02:30.000,0:02:33.000 затоа што јас сум Џон. 0:02:34.000,0:02:37.000 И ова, денеска, 0:02:37.000,0:02:40.000 е прв пат при едно јавно излагање 0:02:40.000,0:02:42.000 да потврдам 0:02:42.000,0:02:45.000 низ какво патешествие поминав. 0:02:46.000,0:02:49.000 Но, откако еден мој омилен професор се самоуби во 2006-та, 0:02:49.000,0:02:53.000 а еден добар пријател тоа го направи минатата година, 0:02:53.000,0:02:56.000 додека седев минатата година на TEDActive, 0:02:56.000,0:02:59.000 сфатив дека мора да излезам од мојот молк 0:02:59.000,0:03:01.000 и да ги надминам моите табуа, 0:03:01.000,0:03:04.000 за да прозборам за една идеја вредна за споделување, 0:03:04.000,0:03:06.000 а тоа е дека луѓето 0:03:06.000,0:03:09.000 кои го направиле тешкиот избор 0:03:09.000,0:03:11.000 да се вратат во живот 0:03:11.000,0:03:14.000 имаат потреба од повеќе ресурси и поголема помош. 0:03:15.000,0:03:18.000 Како што велат од организацијата Тревор Проџект, станува подобро. 0:03:18.000,0:03:21.000 Станува многу подобро. 0:03:21.000,0:03:23.000 Одбрав да излезам 0:03:23.000,0:03:25.000 во јавноста денеска 0:03:25.000,0:03:28.000 за да ве охрабрам, да ве поттикнам, 0:03:28.000,0:03:30.000 доколку сте некој 0:03:30.000,0:03:34.000 кој се обидел да изврши самоубиство, 0:03:34.000,0:03:37.000 или знаете таков човек, 0:03:37.000,0:03:40.000 тогаш прозборете за тоа, побарајте помош. 0:03:40.000,0:03:43.000 Тоа е разговор кој вреди да го направите 0:03:43.000,0:03:46.000 и идеја која е вредна за споделување. 0:03:46.000,0:03:48.000 Ви благодарам. 0:03:48.000,0:03:53.000 (Аплауз)