Кис Муликер: Како мртвата патка ми го промени животот
-
0:00 - 0:04Ова е „Природонаучниот музеј“ во Ротердам,
-
0:04 - 0:06каде што работам како куратор.
-
0:06 - 0:09Работа ми е да ја одржувам колекцијата во најдобар ред
-
0:09 - 0:11и да ја зголемувам,
-
0:11 - 0:17а тоа значи дека собирам мртви животни.
-
0:17 - 0:19Во 1995,
-
0:19 - 0:23добивме ново крило веднаш до музејот.
-
0:23 - 0:26Беше направено од стакло,
-
0:26 - 0:31и токму оваа зграда навистина ми помогна во работата.
-
0:31 - 0:35Зградата беше вистински убиец на птици.
-
0:35 - 0:38Можеби знаете дека птиците не го разбираат
-
0:38 - 0:41концептот на стакло. Не го гледаат,
-
0:41 - 0:45па затоа влетуваат во прозорците и загинуваат.
-
0:45 - 0:47Јас само треба да излезам,
-
0:47 - 0:51да ги соберам и да ги препарирам за во колекцијата.
-
0:51 - 0:54(Смеа)
-
0:54 - 0:56Во тие денови,
-
0:56 - 0:59можев да ги идентификувам птиците
-
0:59 - 1:05само преку звукот кој го произведуваа удирајќи во стаклото.
-
1:05 - 1:09Беше 5-ти јуни, 1995,
-
1:09 - 1:13кога слушнав силен тресок во стаклото
-
1:13 - 1:17кој го промени мојот живот и стави крај на животот на една патка.
-
1:17 - 1:23И еве што видов кога погледнав низ прозорецот.
-
1:23 - 1:26Ова е мртвата патка. Влета во прозорецот.
-
1:26 - 1:28Лежи мртва на стомакот.
-
1:28 - 1:31Но веднаш до мртвата патка се наоѓа жива патка,
-
1:31 - 1:33и ве молам обрнете внимание.
-
1:33 - 1:37И двете се од машки пол.
-
1:38 - 1:41И тогаш еве што се случи.
-
1:41 - 1:44Живата патка се качи врз мртвата патка,
-
1:44 - 1:46и започна со копулација.
-
1:46 - 1:49Бидејќи сум биолог, односно орнитолог,
-
1:49 - 1:52си реков, „Нешто не е во ред овде.“
-
1:52 - 1:58Едната е мртва, а другата жива. Ова мора да е некрофилија.
-
1:58 - 2:01Погледнав. Двете се од машки пол.
-
2:01 - 2:05Хомосексуална некрофилија.
-
2:05 - 2:10И така -- (Смеа)
-
2:10 - 2:13Го зедов фотоапаратот, го зедов бележникот,
-
2:13 - 2:19зедов стол и започнав да го набљудувам ова однесување.
-
2:19 - 2:24После 75 минути - (Смеа) -
-
2:24 - 2:29Доволно видов, огладнев
-
2:29 - 2:32и сакав да си одам дома.
-
2:32 - 2:35И така излегов, ја собрав патката
-
2:35 - 2:37и пред да ја ставам во замрзнувач,
-
2:37 - 2:42проверив дали жртвата е навистина од машки пол.
-
2:42 - 2:46И еве една ретка слика на која е прикажан пенис од патка,
-
2:46 - 2:49значи навистина беше од машки пол.
-
2:49 - 2:52Ретка е бидејќи постојат 10.000 видови на птици,
-
2:52 - 2:57а само 300 од нив поседуваат пенис.
-
2:57 - 2:59[Првиот случај на хомосексуална некрофилија кај патката Anas platyrhynchos (Aves:Anatidae)]
-
2:59 - 3:03Знаев дека видов нешто посебно,
-
3:03 - 3:09но ми требаа шест години за да одлучам да го објавам.
-
3:09 - 3:11(Смеа)
-
3:11 - 3:15Мислам, ова е убава тема за на роденден
-
3:15 - 3:17или покрај кафемат,
-
3:17 - 3:20но да го споделите ова со вашите колеги е нешто сосема поразлично.
-
3:20 - 3:22Ја немав рамката.
-
3:22 - 3:25И така после шест години, пријателите и колегите ме натераа да го објавам,
-
3:25 - 3:28и така го објавив „Првиот случај на хомосексуална некрофилија
-
3:28 - 3:30кај дивата патка.“
-
3:30 - 3:32И еве ја ситуацијата повторно.
-
3:32 - 3:35A e мојата канцеларија,
-
3:35 - 3:37Б е местото каде патката удри во стаклото
-
3:37 - 3:40и Ц е местото од каде набљудував.
-
3:40 - 3:43И еве ги патките уште еднаш.
-
3:43 - 3:45Како што веројатно знаете, во науката,
-
3:45 - 3:47кога ќе напишете некоја важна статија,
-
3:47 - 3:50само шест или седум луѓе ќе ја прочитаат.
-
3:50 - 3:55(Смеа)
-
3:57 - 3:59Но тогаш се случи нешто добро.
-
3:59 - 4:04Добив телефонски повик од еден човек кој се вика Марк Абрахамс,
-
4:04 - 4:09кој ми рече, „Освоивте награда со вашата статија за патката:
-
4:09 - 4:12Нобеловата Награда Иг.“
-
4:12 - 4:14Нобеловата Награда Иг -
-
4:14 - 4:19(Смеа) (Аплауз) -
-
4:19 - 4:21Нобеловата Награда Иг се доделува на истражувањата
-
4:21 - 4:24кои отпрвин ги засмејуваат луѓето, а потоа ги тераат да размислуваат,
-
4:24 - 4:27со крајна цел, што повеќе луѓе да станат
-
4:27 - 4:30заинтересирани за наука.
-
4:30 - 4:34Тоа е добра работа, па така ја прифатив наградата.
-
4:34 - 4:37(Смеа)
-
4:37 - 4:40Отидов -- само да ве потсетам дека Марк Абрахамс
-
4:40 - 4:42не ми се јави од Стокхолм.
-
4:42 - 4:44Ми се јави од Кембриџ, Масачусетс.
-
4:44 - 4:47Така отпатував во Бостон, во Кембриџ,
-
4:47 - 4:50и отидов на оваа прекрасна церемонија за Нобеловата Награда Иг
-
4:50 - 4:53која се одржуваше на Универзитетот Харвард
-
4:53 - 4:58и беше многу убаво искуство.
-
4:58 - 5:01Наградата ви ја врачуваат вистински нобеловци.
-
5:01 - 5:03Тоа е првата работа.
-
5:03 - 5:06И има уште девет други победници кои добиваат награда.
-
5:06 - 5:09Еве еден мој колега победник. Ова е Чарлс Пакстон
-
5:09 - 5:14кој во 2000-та ја освои наградата за биологија со неговата статија,
-
5:14 - 5:18„Сексуално однесување на ноевите кон луѓето
-
5:18 - 5:21под фармерски услови во Британија.“
-
5:21 - 5:25(Смеа)
-
5:25 - 5:28Мислам дека има еден или двајца
-
5:28 - 5:31освојувачи на Нобеловата Награда Иг во оваа просторија.
-
5:31 - 5:35Ден, каде си? Ден Ариели?
-
5:35 - 5:37Аплауз за Ден.
-
5:37 - 5:40(Аплауз)
-
5:40 - 5:44Ден освои награда во медицината
-
5:44 - 5:48покажувајќи дека скапите лажни лекови делуваат
-
5:48 - 5:51подобро, отколку ефтините лажни лекови.
-
5:51 - 5:55(Смеа)
-
5:55 - 5:58Еве ја мојата едноминутна слава,
-
5:58 - 6:02мојот говор кога ја примив наградата,
-
6:02 - 6:05и еве ја патката.
-
6:05 - 6:09Ова за првпат се случува на американскиот Западен Брег.
-
6:09 - 6:12Ќе ви ја дадам да ја разгледате.
-
6:12 - 6:17(Смеа)
-
6:17 - 6:19Да?
-
6:19 - 6:20Пуштете ја нека кружи.
-
6:20 - 6:23Забележете дека е музејски примерок,
-
6:23 - 6:28но нема шанси да добиете птичји грип.
-
6:28 - 6:32Откако ја освоив оваа награда, животот ми се промени.
-
6:32 - 6:34Најпрвин, луѓето почнаа да ми испраќаат
-
6:34 - 6:38секакви работи поврзани со патки
-
6:38 - 6:41и добив навистина добра колекција.
-
6:41 - 6:43(Смеа)
-
6:43 - 6:50Уште поважно,
-
6:50 - 6:54луѓето почнаа да ми ги испраќаат нивните опсервации
-
6:54 - 6:56на неверојатни животински однесувања
-
6:56 - 6:59и верувајте ми, ако има некое безобразно животно на планетава,
-
6:59 - 7:01јас знам за него.
-
7:01 - 7:06(Смеа)
-
7:06 - 7:10Ова е лос.
-
7:10 - 7:12Ова е лос кој се обидува да копулира
-
7:12 - 7:15со бронзена статуа на бизон.
-
7:15 - 7:19Ова е во Монтана, 2008.
-
7:19 - 7:23Оваa жаба се обидува да копулира со златна рипка.
-
7:23 - 7:26Ова е Холандија, 2011.
-
7:26 - 7:31Ова се крастави жаби во Австралија.
-
7:31 - 7:32Прегазено животно.
-
7:32 - 7:35Забележете дека ова е некрофилија.
-
7:35 - 7:37Позата е неверојатна.
-
7:37 - 7:41Мисионерската поза е многу ретка во животинското царство.
-
7:41 - 7:46Ова се гулаби во Ротердам.
-
7:48 - 7:51Врапчиња во Хонг Конг, 2004.
-
7:51 - 7:55Оваа мисирка е од Висконсин,
-
7:55 - 8:01во дворот на поправниот дом за деликвенти, „Итан Ален.“
-
8:01 - 8:04Траеше цел ден,
-
8:04 - 8:09а затворениците си поминаа многу убаво.
-
8:09 - 8:11И што значи ова?
-
8:11 - 8:14Мислам, јас си го поставувам прашањето,
-
8:14 - 8:16зошто се случува ова во природата?
-
8:16 - 8:17И дојдов до заклучок,
-
8:17 - 8:20разгледувајќи ги сите овие случаи,
-
8:20 - 8:24дека ова се случува
-
8:24 - 8:28само кога смртта е моментална
-
8:28 - 8:30и драматична
-
8:30 - 8:33и во вистинската позиција за копулација.
-
8:33 - 8:39Барем така мислев, додека не ги добив овие слики.
-
8:39 - 8:41Овде гледате мртва патка.
-
8:41 - 8:44Таму се наоѓала три дена,
-
8:44 - 8:46и лежи на грб.
-
8:46 - 8:52И така, мојата теорија за некрофилија паѓа во вода.
-
8:52 - 8:53Уште еден пример за влијанието
-
8:53 - 8:55на стаклените згради врз животот на птиците.
-
8:55 - 8:58Ова е Лудиот Макс, црн кос кој живее во Ротердам.
-
8:58 - 9:04Во периодот од 2004 до 2008, оваа птица непрестано
-
9:04 - 9:09леташе и се удираше во прозорецот.
-
9:09 - 9:12Гледајте, и еве ви едно кратко видео.
-
9:12 - 9:14(Музика) (Удар)
-
9:20 - 9:21(Удар)
-
9:34 - 9:36(Удар)
-
9:45 - 9:46(Удар)
-
9:47 - 9:49Оваа птица во основа
-
9:49 - 9:53се бори со својата слика.
-
9:53 - 9:56Здогледува натрапник во неговата територија,
-
9:56 - 9:59и постојано лета кон него,
-
9:59 - 10:00и така до бескрај.
-
10:00 - 10:04Неколку години ја проучував оваа птица и на почетокот се прашував,
-
10:04 - 10:07добро, зарем не ѝ оштетен мозокот на оваа птица?
-
10:07 - 10:10Не. Еве неколку исечоци
-
10:10 - 10:12од видеото на кое се гледа
-
10:12 - 10:15дека во последен момент пред да удри во стаклото,
-
10:15 - 10:17птицата ги испружува нозете,
-
10:17 - 10:22а потоа удира во стаклото.
-
10:22 - 10:27За крај сакам да ве поканам на „Денот на мртвата патка.“
-
10:27 - 10:29Тоа е на 5-ти јуни секоја година.
-
10:29 - 10:33На пет минути до шест наутро,
-
10:33 - 10:37се собираме пред „Природонаучниот музеј“ во Ротердам,
-
10:37 - 10:39ја изнесувам патката од музејот,
-
10:39 - 10:42и дискутираме за нови начини
-
10:42 - 10:46како да го спречиме удирањето на птиците во прозори.
-
10:46 - 10:48И како што знаете, или можеби не знаете,
-
10:48 - 10:51ова е еден од најголемите причинители на смрт
-
10:51 - 10:52кај птиците во светот.
-
10:52 - 10:55Само во САД, милијарда птици умираат
-
10:55 - 10:58удирајќи се во стаклените згради.
-
10:58 - 11:04А кога ќе заврши средбата, одиме во кинески ресторан
-
11:04 - 11:09и за вечера јадеме патка со сите салтанати.
-
11:09 - 11:12Се надевам дека ќе се видиме
-
11:12 - 11:15следната година во Ротердам, во Холандија,
-
11:15 - 11:16на „Денот на мртвата патка.“
-
11:16 - 11:17Ви благодарам.
-
11:17 - 11:19(Аплауз)
-
11:19 - 11:25Уф, извинете.
-
11:25 - 11:27Може да ми ја вратите патката, ве молам?
-
11:27 - 11:30(Смеа) (Аплауз)
-
11:30 - 11:35Ви благодарам.
- Title:
- Кис Муликер: Како мртвата патка ми го промени животот
- Speaker:
- Kees Moeliker
- Description:
-
Едно утро, Кис Муликер добил прилика за истражување која малкумина орнитолози би ја посакале: Летачка патка се забила во стаклото на зградата во која се наоѓала неговата канцеларија, починала, а потоа ... наредното што се случило ќе го промени неговиот живот. [Внимание: Содржи вознемирувачки слики и описи на сексуално однесување кај животните.]
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 11:52
![]() |
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for How a dead duck changed my life | |
![]() |
Dimitar Dimitrovski accepted Macedonian subtitles for How a dead duck changed my life | |
![]() |
Dimitar Dimitrovski edited Macedonian subtitles for How a dead duck changed my life | |
![]() |
Dimitar Dimitrovski edited Macedonian subtitles for How a dead duck changed my life | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How a dead duck changed my life | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How a dead duck changed my life | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How a dead duck changed my life | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How a dead duck changed my life |