1 00:00:00,389 --> 00:00:03,629 Ова е „Природонаучниот музеј“ во Ротердам, 2 00:00:03,629 --> 00:00:06,189 каде што работам како куратор. 3 00:00:06,189 --> 00:00:09,237 Работа ми е да ја одржувам колекцијата во најдобар ред 4 00:00:09,237 --> 00:00:11,213 и да ја зголемувам, 5 00:00:11,213 --> 00:00:16,565 а тоа значи дека собирам мртви животни. 6 00:00:16,565 --> 00:00:18,956 Во 1995, 7 00:00:18,956 --> 00:00:23,452 добивме ново крило веднаш до музејот. 8 00:00:23,452 --> 00:00:25,593 Беше направено од стакло, 9 00:00:25,593 --> 00:00:31,099 и токму оваа зграда навистина ми помогна во работата. 10 00:00:31,099 --> 00:00:35,225 Зградата беше вистински убиец на птици. 11 00:00:35,225 --> 00:00:37,803 Можеби знаете дека птиците не го разбираат 12 00:00:37,803 --> 00:00:40,965 концептот на стакло. Не го гледаат, 13 00:00:40,965 --> 00:00:44,571 па затоа влетуваат во прозорците и загинуваат. 14 00:00:44,571 --> 00:00:46,811 Јас само треба да излезам, 15 00:00:46,811 --> 00:00:50,868 да ги соберам и да ги препарирам за во колекцијата. 16 00:00:50,868 --> 00:00:53,986 (Смеа) 17 00:00:53,986 --> 00:00:55,765 Во тие денови, 18 00:00:55,765 --> 00:00:59,203 можев да ги идентификувам птиците 19 00:00:59,203 --> 00:01:04,789 само преку звукот кој го произведуваа удирајќи во стаклото. 20 00:01:04,789 --> 00:01:08,771 Беше 5-ти јуни, 1995, 21 00:01:08,771 --> 00:01:12,537 кога слушнав силен тресок во стаклото 22 00:01:12,537 --> 00:01:17,147 кој го промени мојот живот и стави крај на животот на една патка. 23 00:01:17,147 --> 00:01:22,942 И еве што видов кога погледнав низ прозорецот. 24 00:01:22,942 --> 00:01:26,126 Ова е мртвата патка. Влета во прозорецот. 25 00:01:26,126 --> 00:01:27,820 Лежи мртва на стомакот. 26 00:01:27,820 --> 00:01:31,175 Но веднаш до мртвата патка се наоѓа жива патка, 27 00:01:31,175 --> 00:01:33,489 и ве молам обрнете внимание. 28 00:01:33,489 --> 00:01:36,979 И двете се од машки пол. 29 00:01:38,410 --> 00:01:41,083 И тогаш еве што се случи. 30 00:01:41,083 --> 00:01:43,789 Живата патка се качи врз мртвата патка, 31 00:01:43,789 --> 00:01:46,452 и започна со копулација. 32 00:01:46,452 --> 00:01:49,177 Бидејќи сум биолог, односно орнитолог, 33 00:01:49,177 --> 00:01:51,925 си реков, „Нешто не е во ред овде.“ 34 00:01:51,925 --> 00:01:57,897 Едната е мртва, а другата жива. Ова мора да е некрофилија. 35 00:01:57,897 --> 00:02:00,779 Погледнав. Двете се од машки пол. 36 00:02:00,779 --> 00:02:05,418 Хомосексуална некрофилија. 37 00:02:05,418 --> 00:02:10,463 И така -- (Смеа) 38 00:02:10,463 --> 00:02:13,407 Го зедов фотоапаратот, го зедов бележникот, 39 00:02:13,407 --> 00:02:18,818 зедов стол и започнав да го набљудувам ова однесување. 40 00:02:18,818 --> 00:02:24,435 После 75 минути - (Смеа) - 41 00:02:24,435 --> 00:02:29,244 Доволно видов, огладнев 42 00:02:29,244 --> 00:02:31,883 и сакав да си одам дома. 43 00:02:31,883 --> 00:02:35,443 И така излегов, ја собрав патката 44 00:02:35,443 --> 00:02:37,399 и пред да ја ставам во замрзнувач, 45 00:02:37,399 --> 00:02:42,275 проверив дали жртвата е навистина од машки пол. 46 00:02:42,275 --> 00:02:45,883 И еве една ретка слика на која е прикажан пенис од патка, 47 00:02:45,883 --> 00:02:48,924 значи навистина беше од машки пол. 48 00:02:48,924 --> 00:02:52,219 Ретка е бидејќи постојат 10.000 видови на птици, 49 00:02:52,219 --> 00:02:56,810 а само 300 од нив поседуваат пенис. 50 00:02:56,810 --> 00:02:59,197 [Првиот случај на хомосексуална некрофилија кај патката Anas platyrhynchos (Aves:Anatidae)] 51 00:02:59,197 --> 00:03:03,131 Знаев дека видов нешто посебно, 52 00:03:03,131 --> 00:03:08,553 но ми требаа шест години за да одлучам да го објавам. 53 00:03:08,553 --> 00:03:11,408 (Смеа) 54 00:03:11,408 --> 00:03:14,939 Мислам, ова е убава тема за на роденден 55 00:03:14,939 --> 00:03:16,678 или покрај кафемат, 56 00:03:16,678 --> 00:03:19,988 но да го споделите ова со вашите колеги е нешто сосема поразлично. 57 00:03:19,988 --> 00:03:21,806 Ја немав рамката. 58 00:03:21,806 --> 00:03:24,851 И така после шест години, пријателите и колегите ме натераа да го објавам, 59 00:03:24,851 --> 00:03:28,155 и така го објавив „Првиот случај на хомосексуална некрофилија 60 00:03:28,155 --> 00:03:29,750 кај дивата патка.“ 61 00:03:29,750 --> 00:03:32,299 И еве ја ситуацијата повторно. 62 00:03:32,299 --> 00:03:34,851 A e мојата канцеларија, 63 00:03:34,851 --> 00:03:37,315 Б е местото каде патката удри во стаклото 64 00:03:37,315 --> 00:03:40,373 и Ц е местото од каде набљудував. 65 00:03:40,373 --> 00:03:43,070 И еве ги патките уште еднаш. 66 00:03:43,070 --> 00:03:45,077 Како што веројатно знаете, во науката, 67 00:03:45,077 --> 00:03:47,260 кога ќе напишете некоја важна статија, 68 00:03:47,260 --> 00:03:50,259 само шест или седум луѓе ќе ја прочитаат. 69 00:03:50,259 --> 00:03:54,984 (Смеа) 70 00:03:56,844 --> 00:03:59,444 Но тогаш се случи нешто добро. 71 00:03:59,444 --> 00:04:03,952 Добив телефонски повик од еден човек кој се вика Марк Абрахамс, 72 00:04:03,952 --> 00:04:08,805 кој ми рече, „Освоивте награда со вашата статија за патката: 73 00:04:08,805 --> 00:04:12,488 Нобеловата Награда Иг.“ 74 00:04:12,488 --> 00:04:14,402 Нобеловата Награда Иг - 75 00:04:14,402 --> 00:04:18,819 (Смеа) (Аплауз) - 76 00:04:18,819 --> 00:04:20,838 Нобеловата Награда Иг се доделува на истражувањата 77 00:04:20,838 --> 00:04:23,915 кои отпрвин ги засмејуваат луѓето, а потоа ги тераат да размислуваат, 78 00:04:23,915 --> 00:04:26,699 со крајна цел, што повеќе луѓе да станат 79 00:04:26,699 --> 00:04:29,763 заинтересирани за наука. 80 00:04:29,763 --> 00:04:33,899 Тоа е добра работа, па така ја прифатив наградата. 81 00:04:33,899 --> 00:04:36,588 (Смеа) 82 00:04:36,588 --> 00:04:40,344 Отидов -- само да ве потсетам дека Марк Абрахамс 83 00:04:40,344 --> 00:04:41,917 не ми се јави од Стокхолм. 84 00:04:41,917 --> 00:04:44,070 Ми се јави од Кембриџ, Масачусетс. 85 00:04:44,070 --> 00:04:47,017 Така отпатував во Бостон, во Кембриџ, 86 00:04:47,017 --> 00:04:50,472 и отидов на оваа прекрасна церемонија за Нобеловата Награда Иг 87 00:04:50,472 --> 00:04:52,825 која се одржуваше на Универзитетот Харвард 88 00:04:52,825 --> 00:04:58,065 и беше многу убаво искуство. 89 00:04:58,065 --> 00:05:01,346 Наградата ви ја врачуваат вистински нобеловци. 90 00:05:01,346 --> 00:05:02,759 Тоа е првата работа. 91 00:05:02,759 --> 00:05:05,793 И има уште девет други победници кои добиваат награда. 92 00:05:05,793 --> 00:05:09,169 Еве еден мој колега победник. Ова е Чарлс Пакстон 93 00:05:09,169 --> 00:05:14,230 кој во 2000-та ја освои наградата за биологија со неговата статија, 94 00:05:14,230 --> 00:05:18,209 „Сексуално однесување на ноевите кон луѓето 95 00:05:18,209 --> 00:05:20,645 под фармерски услови во Британија.“ 96 00:05:20,645 --> 00:05:24,925 (Смеа) 97 00:05:24,925 --> 00:05:28,081 Мислам дека има еден или двајца 98 00:05:28,081 --> 00:05:31,002 освојувачи на Нобеловата Награда Иг во оваа просторија. 99 00:05:31,002 --> 00:05:34,729 Ден, каде си? Ден Ариели? 100 00:05:34,729 --> 00:05:36,651 Аплауз за Ден. 101 00:05:36,651 --> 00:05:39,953 (Аплауз) 102 00:05:39,953 --> 00:05:43,697 Ден освои награда во медицината 103 00:05:43,697 --> 00:05:47,872 покажувајќи дека скапите лажни лекови делуваат 104 00:05:47,872 --> 00:05:50,729 подобро, отколку ефтините лажни лекови. 105 00:05:50,729 --> 00:05:55,000 (Смеа) 106 00:05:55,000 --> 00:05:57,818 Еве ја мојата едноминутна слава, 107 00:05:57,818 --> 00:06:02,295 мојот говор кога ја примив наградата, 108 00:06:02,295 --> 00:06:04,508 и еве ја патката. 109 00:06:04,508 --> 00:06:09,430 Ова за првпат се случува на американскиот Западен Брег. 110 00:06:09,430 --> 00:06:12,104 Ќе ви ја дадам да ја разгледате. 111 00:06:12,104 --> 00:06:17,393 (Смеа) 112 00:06:17,393 --> 00:06:18,870 Да? 113 00:06:18,870 --> 00:06:20,179 Пуштете ја нека кружи. 114 00:06:20,179 --> 00:06:22,560 Забележете дека е музејски примерок, 115 00:06:22,560 --> 00:06:27,978 но нема шанси да добиете птичји грип. 116 00:06:27,978 --> 00:06:31,984 Откако ја освоив оваа награда, животот ми се промени. 117 00:06:31,984 --> 00:06:34,114 Најпрвин, луѓето почнаа да ми испраќаат 118 00:06:34,114 --> 00:06:37,661 секакви работи поврзани со патки 119 00:06:37,661 --> 00:06:40,713 и добив навистина добра колекција. 120 00:06:40,713 --> 00:06:43,040 (Смеа) 121 00:06:43,040 --> 00:06:49,704 Уште поважно, 122 00:06:49,704 --> 00:06:53,776 луѓето почнаа да ми ги испраќаат нивните опсервации 123 00:06:53,776 --> 00:06:56,310 на неверојатни животински однесувања 124 00:06:56,310 --> 00:06:59,482 и верувајте ми, ако има некое безобразно животно на планетава, 125 00:06:59,482 --> 00:07:01,183 јас знам за него. 126 00:07:01,183 --> 00:07:05,531 (Смеа) 127 00:07:05,531 --> 00:07:10,313 Ова е лос. 128 00:07:10,313 --> 00:07:11,840 Ова е лос кој се обидува да копулира 129 00:07:11,840 --> 00:07:15,329 со бронзена статуа на бизон. 130 00:07:15,329 --> 00:07:19,122 Ова е во Монтана, 2008. 131 00:07:19,122 --> 00:07:23,202 Оваa жаба се обидува да копулира со златна рипка. 132 00:07:23,202 --> 00:07:26,433 Ова е Холандија, 2011. 133 00:07:26,433 --> 00:07:30,709 Ова се крастави жаби во Австралија. 134 00:07:30,709 --> 00:07:31,964 Прегазено животно. 135 00:07:31,964 --> 00:07:35,208 Забележете дека ова е некрофилија. 136 00:07:35,208 --> 00:07:36,916 Позата е неверојатна. 137 00:07:36,916 --> 00:07:41,348 Мисионерската поза е многу ретка во животинското царство. 138 00:07:41,348 --> 00:07:45,532 Ова се гулаби во Ротердам. 139 00:07:47,895 --> 00:07:51,373 Врапчиња во Хонг Конг, 2004. 140 00:07:51,373 --> 00:07:55,137 Оваа мисирка е од Висконсин, 141 00:07:55,137 --> 00:08:01,216 во дворот на поправниот дом за деликвенти, „Итан Ален.“ 142 00:08:01,216 --> 00:08:03,664 Траеше цел ден, 143 00:08:03,664 --> 00:08:08,795 а затворениците си поминаа многу убаво. 144 00:08:08,795 --> 00:08:10,727 И што значи ова? 145 00:08:10,727 --> 00:08:13,975 Мислам, јас си го поставувам прашањето, 146 00:08:13,975 --> 00:08:15,676 зошто се случува ова во природата? 147 00:08:15,676 --> 00:08:17,487 И дојдов до заклучок, 148 00:08:17,487 --> 00:08:19,946 разгледувајќи ги сите овие случаи, 149 00:08:19,946 --> 00:08:23,914 дека ова се случува 150 00:08:23,914 --> 00:08:27,961 само кога смртта е моментална 151 00:08:27,961 --> 00:08:30,176 и драматична 152 00:08:30,176 --> 00:08:33,113 и во вистинската позиција за копулација. 153 00:08:33,113 --> 00:08:38,771 Барем така мислев, додека не ги добив овие слики. 154 00:08:38,771 --> 00:08:41,194 Овде гледате мртва патка. 155 00:08:41,194 --> 00:08:43,786 Таму се наоѓала три дена, 156 00:08:43,786 --> 00:08:45,840 и лежи на грб. 157 00:08:45,840 --> 00:08:51,698 И така, мојата теорија за некрофилија паѓа во вода. 158 00:08:51,698 --> 00:08:53,088 Уште еден пример за влијанието 159 00:08:53,088 --> 00:08:55,081 на стаклените згради врз животот на птиците. 160 00:08:55,081 --> 00:08:58,426 Ова е Лудиот Макс, црн кос кој живее во Ротердам. 161 00:08:58,426 --> 00:09:04,312 Во периодот од 2004 до 2008, оваа птица непрестано 162 00:09:04,312 --> 00:09:09,264 леташе и се удираше во прозорецот. 163 00:09:09,264 --> 00:09:12,213 Гледајте, и еве ви едно кратко видео. 164 00:09:12,213 --> 00:09:13,935 (Музика) (Удар) 165 00:09:20,073 --> 00:09:21,257 (Удар) 166 00:09:34,377 --> 00:09:36,019 (Удар) 167 00:09:44,905 --> 00:09:46,420 (Удар) 168 00:09:47,128 --> 00:09:49,175 Оваа птица во основа 169 00:09:49,175 --> 00:09:53,273 се бори со својата слика. 170 00:09:53,273 --> 00:09:55,551 Здогледува натрапник во неговата територија, 171 00:09:55,551 --> 00:09:58,623 и постојано лета кон него, 172 00:09:58,623 --> 00:10:00,466 и така до бескрај. 173 00:10:00,466 --> 00:10:03,649 Неколку години ја проучував оваа птица и на почетокот се прашував, 174 00:10:03,649 --> 00:10:06,895 добро, зарем не ѝ оштетен мозокот на оваа птица? 175 00:10:06,895 --> 00:10:09,943 Не. Еве неколку исечоци 176 00:10:09,943 --> 00:10:11,994 од видеото на кое се гледа 177 00:10:11,994 --> 00:10:15,241 дека во последен момент пред да удри во стаклото, 178 00:10:15,241 --> 00:10:17,252 птицата ги испружува нозете, 179 00:10:17,252 --> 00:10:22,071 а потоа удира во стаклото. 180 00:10:22,071 --> 00:10:26,715 За крај сакам да ве поканам на „Денот на мртвата патка.“ 181 00:10:26,715 --> 00:10:29,417 Тоа е на 5-ти јуни секоја година. 182 00:10:29,417 --> 00:10:32,649 На пет минути до шест наутро, 183 00:10:32,649 --> 00:10:36,563 се собираме пред „Природонаучниот музеј“ во Ротердам, 184 00:10:36,563 --> 00:10:39,202 ја изнесувам патката од музејот, 185 00:10:39,202 --> 00:10:41,697 и дискутираме за нови начини 186 00:10:41,697 --> 00:10:45,551 како да го спречиме удирањето на птиците во прозори. 187 00:10:45,551 --> 00:10:47,986 И како што знаете, или можеби не знаете, 188 00:10:47,986 --> 00:10:50,585 ова е еден од најголемите причинители на смрт 189 00:10:50,585 --> 00:10:52,090 кај птиците во светот. 190 00:10:52,090 --> 00:10:54,961 Само во САД, милијарда птици умираат 191 00:10:54,961 --> 00:10:58,186 удирајќи се во стаклените згради. 192 00:10:58,186 --> 00:11:04,113 А кога ќе заврши средбата, одиме во кинески ресторан 193 00:11:04,113 --> 00:11:08,871 и за вечера јадеме патка со сите салтанати. 194 00:11:08,871 --> 00:11:11,721 Се надевам дека ќе се видиме 195 00:11:11,721 --> 00:11:14,776 следната година во Ротердам, во Холандија, 196 00:11:14,776 --> 00:11:16,123 на „Денот на мртвата патка.“ 197 00:11:16,123 --> 00:11:17,394 Ви благодарам. 198 00:11:17,394 --> 00:11:19,412 (Аплауз) 199 00:11:19,412 --> 00:11:25,124 Уф, извинете. 200 00:11:25,124 --> 00:11:27,233 Може да ми ја вратите патката, ве молам? 201 00:11:27,233 --> 00:11:30,341 (Смеа) (Аплауз) 202 00:11:30,341 --> 00:11:35,019 Ви благодарам.