Return to Video

Две прашања да ја откриете вашата страст - и да ја претворите во кариера

  • 0:00 - 0:04
    Кога имате работа што ги покрива
    вашите основни потреби,
  • 0:04 - 0:07
    вашите сметки и имате плус за трошење,
  • 0:07 - 0:09
    претпоставката е дека би биле среќни,
  • 0:09 - 0:11
    или, уште подобро, исполнети.
  • 0:11 - 0:14
    И изгледа незамисливо кога
    ќе се разбудите и ќе кажете
  • 0:14 - 0:17
    дека ќе ја напуштите работата
    за да ја остварите вашата страст.
  • 0:18 - 0:20
    Тоа беше мојата дилема пред шест години.
  • 0:21 - 0:24
    Имав комфорна работа,
    живеев комфорен живот,
  • 0:24 - 0:27
    и луѓето очекуваа да бидам исполнет,
  • 0:27 - 0:29
    но не бев.
  • 0:29 - 0:32
    Имаше нешто во мене
    што сакаше повеќе.
  • 0:32 - 0:35
    Имаше неуспогласеност
    помеѓу работите што ги правев секој ден
  • 0:35 - 0:38
    и работите за кои навистина се грижев.
  • 0:39 - 0:41
    И одлучив да дадам отказ
  • 0:41 - 0:45
    и да ја истражам можноста да ја
    воведам страста во дневната рутина.
  • 0:46 - 0:49
    А наоѓањето на вашата пасија
  • 0:49 - 0:51
    не е едноставно.
  • 0:51 - 0:53
    Дури и луѓе со пари и дипломи,
  • 0:53 - 0:55
    тие сѐ уште се мачат
    да ја откријат својата страст.
  • 0:56 - 0:59
    И ете сум јас, 30 годишна,
  • 0:59 - 1:01
    зборувајќи за наоѓање на страста
  • 1:01 - 1:03
    и претворајќи ја во кариера.
  • 1:04 - 1:05
    Луѓето буквално ми велеа
  • 1:05 - 1:09
    „Не се зборува за страста сѐ додека
    немаш заработено доволно -
  • 1:09 - 1:10
    (смеа)
  • 1:10 - 1:13
    или барем додека
    не си спремна за пензионирање.“
  • 1:14 - 1:17
    Затоа што се мисли дека
    за да се погледнеме себеси
  • 1:17 - 1:20
    за да ги најдеме работите што ни даваат
    задоволство и исполнетост
  • 1:20 - 1:23
    е луксузност што само богатите можат
    да си ја дозволат,
  • 1:23 - 1:27
    или задоволство во кое
    само пензионираните можат да уживаат.
  • 1:28 - 1:29
    Тоа ме натера да се запрашам:
  • 1:30 - 1:32
    Дали е страста само за богатите,
  • 1:32 - 1:35
    или искуство во кое
    само пензионираните уживаат?
  • 1:36 - 1:39
    Многу од нас, биле научени дека
  • 1:39 - 1:41
    животот е трка на преживување.
  • 1:42 - 1:45
    Ние сме условени
    да се гледаме како преживувачи
  • 1:45 - 1:48
    што морат да направат сѐ за
    да преживеат.
  • 1:48 - 1:53
    Во Африка, научени сме само
    да поминеме низ училиште, да се подготвиме
  • 1:53 - 1:55
    со надеж дека ќе добиеме понуда за работа.
  • 1:55 - 1:59
    И ако најдеш работа, држи се до неа
    без разлика колку е лоша.
  • 1:59 - 2:01
    (смеа)
  • 2:01 - 2:04
    Сѐ додека не добиеш подобра понуда
    или не се пензионираш.
  • 2:06 - 2:08
    И, бидејќи го напуштив училиштето
  • 2:08 - 2:10
    знаев дека немам право
    на ништо.
  • 2:10 - 2:13
    Секоја прилика беше привилегија.
  • 2:14 - 2:17
    И кога помислив да дадам отказ,
  • 2:17 - 2:18
    тоа беше огромен ризик.
  • 2:19 - 2:21
    Ми дадоа две алтернативи,
  • 2:21 - 2:23
    најпопуларните во Африка.
  • 2:23 - 2:28
    Првата беше да се запишам на курс
    во стручно училиште и да го завршам.
  • 2:28 - 2:32
    Втората опција, да се
    задоволам со било која работна понуда
  • 2:32 - 2:35
    без разлика на условите за работа,
  • 2:35 - 2:36
    и да ја прифатам.
  • 2:36 - 2:39
    Тоа веројатно објаснува зошто имаме
    толку многу млади луѓе
  • 2:39 - 2:42
    кои се врбувани
    да бараат подобри можности.
  • 2:43 - 2:45
    Се одлучив за првата опција.
  • 2:45 - 2:47
    Разгледав неколку
    стручни институции
  • 2:47 - 2:51
    со надеж дека ќе најдам курс
    што соодвествува на мојот карактер,
  • 2:51 - 2:53
    мојот сон и аспирација.
  • 2:54 - 2:58
    Бев разочарана кога дознав дека
    нема простор за неприлагодени како мене
  • 2:58 - 2:59
    во овие институции.
  • 3:00 - 3:02
    Образовниот систем
    во многу делови од светот
  • 3:02 - 3:05
    е дизајниран околу
    однапред одбрани опции
  • 3:05 - 3:10
    и се очекува од младите да се
    вклопат или да ризикуваат неусогласување.
  • 3:10 - 3:13
    И низ годините во училиште,
    бев поттикната и условена
  • 3:13 - 3:16
    да размислувам во еден правец
    и да останам во тие рамки.
  • 3:17 - 3:20
    Но кога го напуштив училиштето,
    открив свет на можности.
  • 3:20 - 3:23
    Знаев дека можам да бидам што сакам,
    дека можам да учам сешто,
  • 3:24 - 3:26
    и така се пријавив на бесплатни
    онлајн курсеви.
  • 3:26 - 3:29
    Така ја наполнив биографијата,
    се вработив
  • 3:29 - 3:31
    и работев осум години.
  • 3:31 - 3:33
    По осумте години,
  • 3:33 - 3:35
    си реков мора да има и друго во животот
  • 3:35 - 3:38
    од само рутинско
    поминување низ животот.
  • 3:38 - 3:42
    Така, во 2014, започнав
    организација со име Кјуса
  • 3:42 - 3:44
    каде работиме со
    недообразовани млади луѓе
  • 3:44 - 3:46
    и ги поттикнуваме да ги претворат
    страстите
  • 3:46 - 3:50
    во исплатливи, скалабилни
    и одржливи бизниси.
  • 3:50 - 3:52
    Сега, кога зборуваме за страст,
  • 3:52 - 3:56
    едно од најпоставуваните прашања
    е „Што е страст?“
  • 3:56 - 3:58
    Како да ја најдам?“
  • 3:58 - 4:00
    И со наједноставната дефиниција,
  • 4:00 - 4:03
    страста е збир на вашите
    животни искуства
  • 4:03 - 4:06
    што ви го дава најдлабокото
    чувство на исполнетост.
  • 4:06 - 4:09
    И за да ја откриете страста
    треба да погледнете навнатре.
  • 4:10 - 4:12
    Притоа користиме две рефлективни прашања.
  • 4:13 - 4:15
    Првото прашање што го поставуваме е,
  • 4:15 - 4:18
    „Ако го имаш сето време и
    сите пари на светот,
  • 4:18 - 4:21
    на што ќе го потрошиш времето?“
  • 4:21 - 4:23
    Звучи како многу едноставно прашање,
  • 4:23 - 4:25
    но многу луѓе се мачат да
    го одговорат ова прашање
  • 4:25 - 4:28
    затоа што никогаш не
    размислиле за истото.
  • 4:28 - 4:30
    Второто прашање што го прашуваме
  • 4:30 - 4:32
    е „Што те прави среќен/на
  • 4:32 - 4:35
    или ти дава најдлабоко
    чувство на исполнетост?
  • 4:35 - 4:38
    Па, би претпоставиле дека сите знаеме
    што нѐ прави среќни,
  • 4:38 - 4:41
    но интересно е да се спомене дека
    многу луѓе не знаат
  • 4:41 - 4:43
    што ги прави среќни,
  • 4:44 - 4:47
    затоа што се презафатени
    правејќи ги рутините во животот,
  • 4:47 - 4:49
    и не застанале да погледат во себе.
  • 4:50 - 4:54
    И препознавањето на овие нешта
    што ни даваат чувство на исполнетост
  • 4:54 - 4:56
    и нештата што ни даваат длабока радост
  • 4:56 - 4:59
    се мисли што нѐ насочуваат
    во насока на нашата пасија.
  • 5:00 - 5:01
    И ако се прашувате
  • 5:02 - 5:04
    кои се вашите одговори
    на тие две прашања,
  • 5:04 - 5:07
    Ве поканувам да седнете и да размислите
    за одговорите на овие прашања.
  • 5:09 - 5:10
    Но, јас сум свесна
  • 5:10 - 5:14
    дека страста сама по себе
    не гарантира успех во животот.
  • 5:15 - 5:16
    И морам да напоменам
  • 5:16 - 5:19
    дека не секоја страст
    станува кариера.
  • 5:20 - 5:22
    За страста да стане кариера,
  • 5:22 - 5:27
    мора да е комбинирана со вистинскиот сет
    вештини, услови и позиција.
  • 5:28 - 5:30
    Кога ќе ги натераме нашите млади
    да погледат навнатре
  • 5:30 - 5:33
    ги прашуваме и кои вештини
    ги поседуваат,
  • 5:33 - 5:36
    кои таленти ги имаат,
    какво искуство имаат,
  • 5:36 - 5:39
    што може да се употреби за да се
    изгради позиција на пазарот.
  • 5:40 - 5:43
    Покрај тоа,
    ги гледаме трендовите на пазарот,
  • 5:43 - 5:46
    затоа што не е само важно колку
    ја сакате или уживате во неа.
  • 5:46 - 5:49
    Ако никој не ја сака
    или не сака да плати за неа,
  • 5:49 - 5:50
    не може да биде кариера.
  • 5:50 - 5:52
    Тоа е само хоби.
  • 5:54 - 5:58
    И третото нешто што го гледаме
    е како се позиционирате?
  • 5:58 - 6:00
    Кого го таргетирате?
    Кому сакате да продадете?
  • 6:00 - 6:03
    Зошто тие би купиле токму од вас?
  • 6:03 - 6:06
    И комбинацијата на овие три работи
    е тоа што овозможува да се движите
  • 6:06 - 6:09
    од страст кон бизнис.
  • 6:10 - 6:13
    Така многу млади луѓе
    ги претвориле своите идеи
  • 6:13 - 6:15
    и горливи желби
    во профитабилни бизниси
  • 6:15 - 6:17
    или општественo корисни претпријатија,
  • 6:17 - 6:19
    и не само што создаваат работни места,
  • 6:19 - 6:21
    туку и решаваат општествени предизвици.
  • 6:23 - 6:25
    Ќе споделам со вас два примери.
  • 6:25 - 6:27
    Еден од нив е Естер.
  • 6:27 - 6:29
    Ја запознав Естер пред две години.
  • 6:29 - 6:32
    Таа го напуштила училиштето
    пред две години
  • 6:32 - 6:34
    и тоа имало длабоко влијание брз неа.
  • 6:34 - 6:37
    Како резултат, добила
    тешка депресија
  • 6:37 - 6:40
    до точка каде пробала да си го
    одземе животот неколку пати.
  • 6:41 - 6:44
    Нејзините пријатели и фамилија
    не знаеја што да направат.
  • 6:44 - 6:45
    Едноставно, се молеа за неа.
  • 6:47 - 6:49
    Кога ја запознав Естер
    и започнав разговор со неа,
  • 6:49 - 6:51
    ја прашав едноставно прашање.
  • 6:51 - 6:54
    Реков, „Ако ги имаш сето време
    и сите пари на светот,
  • 6:54 - 6:55
    што би направила?“
  • 6:56 - 6:58
    Без размислување или двоумење,
  • 6:58 - 7:00
    очите и засветија и почна да ми кажува
  • 7:00 - 7:03
    како сакала да го промени
    животот на младите луѓе.
  • 7:03 - 7:05
    Сакала да ги врати
    надежта и гордоста на другите тинејџери
  • 7:05 - 7:09
    помагајќи им да направат
    правилна одлука за животот.
  • 7:11 - 7:14
    Бев сигурна во фактот дека
    оваа огромна желба во неа
  • 7:14 - 7:15
    беше несовладлива.
  • 7:16 - 7:19
    И така работевме со Естер
    да креираме развојна рамка за оваа желба.
  • 7:19 - 7:22
    Денес, таа води социјална
    компанија во нејзиното село,
  • 7:22 - 7:27
    подигање на свеста за злоупотреба на
    супстанци, ментално и сексуално здравје
  • 7:28 - 7:31
    и помага на други луѓе како неа
    да се здобијат со стручни вештини,
  • 7:31 - 7:33
    за да можат самостојно да заработат.
  • 7:34 - 7:36
    Естер годинава наполни 20 години,
  • 7:38 - 7:42
    и последните две години,
    организираше тинејџерски фестивал
  • 7:42 - 7:45
    што собира преку 500 тинејџери.
  • 7:46 - 7:49
    (аплауз)
  • 7:51 - 7:54
    Младите луѓе способни
    да се вмрежуваат и соработуваат
  • 7:54 - 7:55
    на различни проекти,
  • 7:55 - 7:59
    но уште поважно, да запознаат
    професионалци кои инаку не би ги сретнале.
  • 8:00 - 8:04
    Сѐ ова е создадено од девојка која
    верувала дека светот нема простор за неа,
  • 8:04 - 8:08
    дека без образование
    не би постигнала ништо.
  • 8:08 - 8:11
    Но, гледајќи во себе
    и остварувајќи огромна желба,
  • 8:11 - 8:13
    правејќи структура околу неа,
  • 8:13 - 8:16
    има станато модел
    што го промени не само нејзиниот живот
  • 8:16 - 8:20
    туку го променува животот
    на илјадници млади секоја година.
  • 8:21 - 8:23
    Мојот втор пример е Муса.
  • 8:23 - 8:25
    Муса по природа е по уметноста.
  • 8:25 - 8:29
    Тој е тип на човек што би погледнал
    во дизајн и лесно би го прецртал.
  • 8:29 - 8:32
    И тој се обидува да ја препознае
    таа способност во него.
  • 8:33 - 8:36
    Кога го запознав Муса,
    тој правеше секакви работи -
  • 8:36 - 8:37
    торби, каиши, паричници -
  • 8:37 - 8:40
    но тоа беше повеќе од краткотрајна работа
  • 8:40 - 8:43
    Или понекогаш, ако навистина му
    требаа брзо заработени пари,
  • 8:43 - 8:46
    тогаш тој би смислил дизајн
    и би го продал.
  • 8:46 - 8:48
    Но никогаш не го гледал тоа
    како бизнис.
  • 8:49 - 8:51
    Почнавме да работиме со Муса,
  • 8:51 - 8:54
    помагајќи му да го пренасочи
    размислувањето од хоби во бизнис
  • 8:54 - 8:58
    и да почне да размислува како би можел
    да прави производи за продавање
  • 8:58 - 9:00
    па дури и да го мултиплицира бизнисот.
  • 9:01 - 9:04
    Муса прави едни од најдобрите торби
    што некогаш сум ги видела,
  • 9:04 - 9:07
    и во текот на претходната година
    бизнисот на Муса растеше.
  • 9:07 - 9:09
    Него го препознаваат
    на различни места.
  • 9:09 - 9:12
    Моментално, тој планира да
    прави извоз во развиените земји.
  • 9:14 - 9:15
    Муса, како секој без образовние,
  • 9:15 - 9:17
    верувал дека без
    академски квалификации,
  • 9:17 - 9:20
    не би успеал ништо.
  • 9:20 - 9:22
    Мислел дека талентот што го имал
    не значи ништо
  • 9:22 - 9:26
    поради тоа што немал
    академска диплома да го дефинира.
  • 9:27 - 9:32
    Но гледајќи навнатре и сфаќајќи дека
    тоа што го има е негова најголема предност
  • 9:32 - 9:34
    и поддржувајќи го да го
    претвори во бизнис,
  • 9:34 - 9:36
    тој не само што живее - тој напредува.
  • 9:37 - 9:41
    Да се погледне во себе
    може да е страшно,
  • 9:42 - 9:44
    посебно ако го правите
    за прв пат.
  • 9:44 - 9:47
    Но вистината е дека
    не почнуваш да живееш
  • 9:47 - 9:50
    сѐ додека не научиш
    да живееш одвнатре нанадвор.
  • 9:52 - 9:56
    А за да го отклучиме потенцијалот, треба
    да гледаме навнатре за да ги откриеме
  • 9:56 - 9:58
    работите што ни даваат
    длабоко чувство на исполнетост,
  • 9:58 - 10:01
    работите што ни даваат најдлабока радост,
  • 10:01 - 10:04
    а потоа ги вткаеме
    во нашите дневни рутини.
  • 10:04 - 10:08
    Притоа, ние престануваме да работиме
    и почнуваме да живееме.
  • 10:09 - 10:14
    А за да живееш не треба
    да се пензионираш или дадеш оставка.
  • 10:14 - 10:16
    (смеа)
  • 10:16 - 10:21
    (аплауз)
  • 10:21 - 10:24
    И како што размислувате за
    ослободување на својот потенцијал,
  • 10:24 - 10:27
    за младите, за децата,
  • 10:27 - 10:29
    да не ги условуваме да гледаат нанадвор
  • 10:29 - 10:31
    туку да ги натераме да гледаат навнатре
  • 10:31 - 10:37
    да сфатат кои се, што носат во себе и тоа
    да го вткаат во она што го прават секој ден.
  • 10:37 - 10:39
    Кога ќе престанете да работите
    и почнете да живеете,
  • 10:39 - 10:41
    кога страста станува кариера,
  • 10:41 - 10:43
    нема само да се истакнете, туку
  • 10:43 - 10:45
    станувате незапирливи.
  • 10:46 - 10:47
    Ви благодарам.
  • 10:47 - 10:50
    (аплауз)
Title:
Две прашања да ја откриете вашата страст - и да ја претворите во кариера
Speaker:
Ноелин Кирабо
Description:

Која е вашата страст? Социјалниот претприемач Ноелин Кирабо ја објаснува својата работа која вклучува помагање млади кои не завршиле со образованието во Уганда, за да ги претворат своите пасии во профитабилни бизниси - и споделува две прашања кои можете да си ги поставите за да почнете и вие да го правите истото.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
11:06

Macedonian subtitles

Revisions