Кога имате работа што ги покрива вашите основни потреби, вашите сметки и имате плус за трошење, претпоставката е дека би биле среќни, или, уште подобро, исполнети. И изгледа незамисливо кога ќе се разбудите и ќе кажете дека ќе ја напуштите работата за да ја остварите вашата страст. Тоа беше мојата дилема пред шест години. Имав комфорна работа, живеев комфорен живот, и луѓето очекуваа да бидам исполнет, но не бев. Имаше нешто во мене што сакаше повеќе. Имаше неуспогласеност помеѓу работите што ги правев секој ден и работите за кои навистина се грижев. И одлучив да дадам отказ и да ја истражам можноста да ја воведам страста во дневната рутина. А наоѓањето на вашата пасија не е едноставно. Дури и луѓе со пари и дипломи, тие сѐ уште се мачат да ја откријат својата страст. И ете сум јас, 30 годишна, зборувајќи за наоѓање на страста и претворајќи ја во кариера. Луѓето буквално ми велеа „Не се зборува за страста сѐ додека немаш заработено доволно - (смеа) или барем додека не си спремна за пензионирање.“ Затоа што се мисли дека за да се погледнеме себеси за да ги најдеме работите што ни даваат задоволство и исполнетост е луксузност што само богатите можат да си ја дозволат, или задоволство во кое само пензионираните можат да уживаат. Тоа ме натера да се запрашам: Дали е страста само за богатите, или искуство во кое само пензионираните уживаат? Многу од нас, биле научени дека животот е трка на преживување. Ние сме условени да се гледаме како преживувачи што морат да направат сѐ за да преживеат. Во Африка, научени сме само да поминеме низ училиште, да се подготвиме со надеж дека ќе добиеме понуда за работа. И ако најдеш работа, држи се до неа без разлика колку е лоша. (смеа) Сѐ додека не добиеш подобра понуда или не се пензионираш. И, бидејќи го напуштив училиштето знаев дека немам право на ништо. Секоја прилика беше привилегија. И кога помислив да дадам отказ, тоа беше огромен ризик. Ми дадоа две алтернативи, најпопуларните во Африка. Првата беше да се запишам на курс во стручно училиште и да го завршам. Втората опција, да се задоволам со било која работна понуда без разлика на условите за работа, и да ја прифатам. Тоа веројатно објаснува зошто имаме толку многу млади луѓе кои се врбувани да бараат подобри можности. Се одлучив за првата опција. Разгледав неколку стручни институции со надеж дека ќе најдам курс што соодвествува на мојот карактер, мојот сон и аспирација. Бев разочарана кога дознав дека нема простор за неприлагодени како мене во овие институции. Образовниот систем во многу делови од светот е дизајниран околу однапред одбрани опции и се очекува од младите да се вклопат или да ризикуваат неусогласување. И низ годините во училиште, бев поттикната и условена да размислувам во еден правец и да останам во тие рамки. Но кога го напуштив училиштето, открив свет на можности. Знаев дека можам да бидам што сакам, дека можам да учам сешто, и така се пријавив на бесплатни онлајн курсеви. Така ја наполнив биографијата, се вработив и работев осум години. По осумте години, си реков мора да има и друго во животот од само рутинско поминување низ животот. Така, во 2014, започнав организација со име Кјуса каде работиме со недообразовани млади луѓе и ги поттикнуваме да ги претворат страстите во исплатливи, скалабилни и одржливи бизниси. Сега, кога зборуваме за страст, едно од најпоставуваните прашања е „Што е страст?“ Како да ја најдам?“ И со наједноставната дефиниција, страста е збир на вашите животни искуства што ви го дава најдлабокото чувство на исполнетост. И за да ја откриете страста треба да погледнете навнатре. Притоа користиме две рефлективни прашања. Првото прашање што го поставуваме е, „Ако го имаш сето време и сите пари на светот, на што ќе го потрошиш времето?“ Звучи како многу едноставно прашање, но многу луѓе се мачат да го одговорат ова прашање затоа што никогаш не размислиле за истото. Второто прашање што го прашуваме е „Што те прави среќен/на или ти дава најдлабоко чувство на исполнетост? Па, би претпоставиле дека сите знаеме што нѐ прави среќни, но интересно е да се спомене дека многу луѓе не знаат што ги прави среќни, затоа што се презафатени правејќи ги рутините во животот, и не застанале да погледат во себе. И препознавањето на овие нешта што ни даваат чувство на исполнетост и нештата што ни даваат длабока радост се мисли што нѐ насочуваат во насока на нашата пасија. И ако се прашувате кои се вашите одговори на тие две прашања, Ве поканувам да седнете и да размислите за одговорите на овие прашања. Но, јас сум свесна дека страста сама по себе не гарантира успех во животот. И морам да напоменам дека не секоја страст станува кариера. За страста да стане кариера, мора да е комбинирана со вистинскиот сет вештини, услови и позиција. Кога ќе ги натераме нашите млади да погледат навнатре ги прашуваме и кои вештини ги поседуваат, кои таленти ги имаат, какво искуство имаат, што може да се употреби за да се изгради позиција на пазарот. Покрај тоа, ги гледаме трендовите на пазарот, затоа што не е само важно колку ја сакате или уживате во неа. Ако никој не ја сака или не сака да плати за неа, не може да биде кариера. Тоа е само хоби. И третото нешто што го гледаме е како се позиционирате? Кого го таргетирате? Кому сакате да продадете? Зошто тие би купиле токму од вас? И комбинацијата на овие три работи е тоа што овозможува да се движите од страст кон бизнис. Така многу млади луѓе ги претвориле своите идеи и горливи желби во профитабилни бизниси или општественo корисни претпријатија, и не само што создаваат работни места, туку и решаваат општествени предизвици. Ќе споделам со вас два примери. Еден од нив е Естер. Ја запознав Естер пред две години. Таа го напуштила училиштето пред две години и тоа имало длабоко влијание брз неа. Како резултат, добила тешка депресија до точка каде пробала да си го одземе животот неколку пати. Нејзините пријатели и фамилија не знаеја што да направат. Едноставно, се молеа за неа. Кога ја запознав Естер и започнав разговор со неа, ја прашав едноставно прашање. Реков, „Ако ги имаш сето време и сите пари на светот, што би направила?“ Без размислување или двоумење, очите и засветија и почна да ми кажува како сакала да го промени животот на младите луѓе. Сакала да ги врати надежта и гордоста на другите тинејџери помагајќи им да направат правилна одлука за животот. Бев сигурна во фактот дека оваа огромна желба во неа беше несовладлива. И така работевме со Естер да креираме развојна рамка за оваа желба. Денес, таа води социјална компанија во нејзиното село, подигање на свеста за злоупотреба на супстанци, ментално и сексуално здравје и помага на други луѓе како неа да се здобијат со стручни вештини, за да можат самостојно да заработат. Естер годинава наполни 20 години, и последните две години, организираше тинејџерски фестивал што собира преку 500 тинејџери. (аплауз) Младите луѓе способни да се вмрежуваат и соработуваат на различни проекти, но уште поважно, да запознаат професионалци кои инаку не би ги сретнале. Сѐ ова е создадено од девојка која верувала дека светот нема простор за неа, дека без образование не би постигнала ништо. Но, гледајќи во себе и остварувајќи огромна желба, правејќи структура околу неа, има станато модел што го промени не само нејзиниот живот туку го променува животот на илјадници млади секоја година. Мојот втор пример е Муса. Муса по природа е по уметноста. Тој е тип на човек што би погледнал во дизајн и лесно би го прецртал. И тој се обидува да ја препознае таа способност во него. Кога го запознав Муса, тој правеше секакви работи - торби, каиши, паричници - но тоа беше повеќе од краткотрајна работа Или понекогаш, ако навистина му требаа брзо заработени пари, тогаш тој би смислил дизајн и би го продал. Но никогаш не го гледал тоа како бизнис. Почнавме да работиме со Муса, помагајќи му да го пренасочи размислувањето од хоби во бизнис и да почне да размислува како би можел да прави производи за продавање па дури и да го мултиплицира бизнисот. Муса прави едни од најдобрите торби што некогаш сум ги видела, и во текот на претходната година бизнисот на Муса растеше. Него го препознаваат на различни места. Моментално, тој планира да прави извоз во развиените земји. Муса, како секој без образовние, верувал дека без академски квалификации, не би успеал ништо. Мислел дека талентот што го имал не значи ништо поради тоа што немал академска диплома да го дефинира. Но гледајќи навнатре и сфаќајќи дека тоа што го има е негова најголема предност и поддржувајќи го да го претвори во бизнис, тој не само што живее - тој напредува. Да се погледне во себе може да е страшно, посебно ако го правите за прв пат. Но вистината е дека не почнуваш да живееш сѐ додека не научиш да живееш одвнатре нанадвор. А за да го отклучиме потенцијалот, треба да гледаме навнатре за да ги откриеме работите што ни даваат длабоко чувство на исполнетост, работите што ни даваат најдлабока радост, а потоа ги вткаеме во нашите дневни рутини. Притоа, ние престануваме да работиме и почнуваме да живееме. А за да живееш не треба да се пензионираш или дадеш оставка. (смеа) (аплауз) И како што размислувате за ослободување на својот потенцијал, за младите, за децата, да не ги условуваме да гледаат нанадвор туку да ги натераме да гледаат навнатре да сфатат кои се, што носат во себе и тоа да го вткаат во она што го прават секој ден. Кога ќе престанете да работите и почнете да живеете, кога страста станува кариера, нема само да се истакнете, туку станувате незапирливи. Ви благодарам. (аплауз)