ВС Рамахандран: Невроните што ја обликуваа цивилизацијата
-
0:00 - 0:03Би сакал да ви говорам денес за човечкиот мозок,
-
0:03 - 0:05кој ни е тема на истражувањето на Универзитетот во Калифорнија.
-
0:05 - 0:07Размислете за овој проблем за момент.
-
0:07 - 0:10Ова е грутка месо, околу кило и половина ,
-
0:10 - 0:12кое можете да го држите во вашите дланки.
-
0:12 - 0:16Но тоа може да размислува за просторноста на меѓуѕвездениот простор.
-
0:16 - 0:18може да размислува за значењето на бесконечноста
-
0:18 - 0:21поставува прашања за значењето на неговата егзистенција,
-
0:21 - 0:23за природата на Господ.
-
0:23 - 0:25И ова е навистина највчудувачкото нешто на светот.
-
0:25 - 0:28Тоа е најголемата мистерија која ги соочува човечките суштества:
-
0:28 - 0:30како се случува сето тоа ?
-
0:30 - 0:32Па мозокот , како што знаете, е изграден од неврони.
-
0:32 - 0:34Овде ги гледаме невроните.
-
0:34 - 0:37Има 100 милијарди неврони во возрасен човечки мозок.
-
0:37 - 0:40и секој неврон прави околу 1,000 до 10,000 контакти
-
0:40 - 0:42со други неврони во мозокот.
-
0:42 - 0:44Базирано на ова, постојат пресметки
-
0:44 - 0:47дека бројот на пермутации и комбинации на мозочна активност
-
0:47 - 0:50го надминуваат бројот на елементарни честички во космосот.
-
0:50 - 0:52Па, како да го проучите мозокот?
-
0:52 - 0:54Еден пристап е да разгледувате пациенти кои имале лезии
-
0:54 - 0:57во ралични делови на мозокот, и да ги учите промените во нивното однесување.
-
0:57 - 0:59За ова зборував на последниот ТED.
-
0:59 - 1:01Денес ќе зборувам за различен пристап
-
1:01 - 1:03со кој ставаме електрони на различни делови на мозокот,
-
1:03 - 1:07и во основа ги читаме активностите на индивидуални нервни ќелии во мозокот.
-
1:07 - 1:11Ја прислушкуваме на некој начин активноста на нервните ќелии во мозокот.
-
1:11 - 1:14Едно скоро откритие што беше направено
-
1:14 - 1:16од истражувачи во Италија , во Парма,
-
1:16 - 1:19од Џакомо Рицолати и неговите колеги,
-
1:19 - 1:21е група неврони наречени огледални неврони,
-
1:21 - 1:24кои се во предниот дел на мозокот во предните региони.
-
1:24 - 1:26Се испостави дека таму има неврони
-
1:26 - 1:29кои се наречени обични моторни командни неврони во предниот дел од мозокот,
-
1:29 - 1:31кои се познати околу 50 години.
-
1:31 - 1:34овие неврони ќе се вклучат кога изведуваме специфични активности.
-
1:34 - 1:37на пример, ако го направам ова, и пружам да земам јаболко,
-
1:37 - 1:41моторен команден неврон во предниот дел од мојот мозок, ќе се вклучи.
-
1:41 - 1:44ако пружам да повлечам објект, друг неврон ќе се активира,
-
1:44 - 1:46командувајќи ме да го повлечам објектот.
-
1:46 - 1:48Овие се наречени моторни командни неврони кои се познати долго време.
-
1:48 - 1:50Но она што Рицолати откри беше
-
1:50 - 1:52дека подгрупа од овие неврони,
-
1:52 - 1:54можеби околу 20%, исто така се активираат
-
1:54 - 1:57кога набљудувам некого како ја прави истата активност.
-
1:57 - 2:00Ова е неврон кој се активира кога се пружам да земам нешто,
-
2:00 - 2:03но тој исто така се активира ако го гледам Џо како се пружа и зема нешто.
-
2:03 - 2:05И ова е навистина вчудовидувачки.
-
2:05 - 2:07Бидејќи е како да невронот го прифаќа
-
2:07 - 2:09туѓиот аспект на гледање на работите.
-
2:09 - 2:13Тоа е како да изведува симулација на виртуелна реалност
-
2:13 - 2:15на акцијата на другата личност.
-
2:15 - 2:18Сега, кое е значењето на овие огледални неврони?
-
2:18 - 2:21Прво мора да се инволвирани во работи како имитација и емулација.
-
2:21 - 2:24Бидејќи да имитирате комплексна активност
-
2:24 - 2:27бара мозокот да го прифати начинот на гледање на другата личност.
-
2:27 - 2:29значи ова е важно за имитација и емулација.
-
2:29 - 2:31Па зошто е тоа важно?
-
2:31 - 2:34да го погледнеме следниот слајд.
-
2:34 - 2:37значи како правиме имитација? Зошто е имитацијата важна?
-
2:37 - 2:39Огледалните неврони и имитацијата и емулацијата.
-
2:39 - 2:43Да ја погледнеме културата, феноменот на човечката култура.
-
2:43 - 2:47ако одиме назад во време околу (75,000) до 100,000 години,
-
2:47 - 2:49да ја погледнеме човечката еволуција, како што изгледа
-
2:49 - 2:52нешто многу важно се случило пред околу 75,000 години.
-
2:52 - 2:54Се случило неаднаш појавување и рапидно ширење
-
2:54 - 2:57на одреден број на вештини кои се уникатни за човечките суштества
-
2:57 - 2:59како користење алатки,
-
2:59 - 3:02користење оган, скривалишта, и секако , јазикот,
-
3:02 - 3:04и можноста да се чита нечиј ум
-
3:04 - 3:06и да се интерпретира неговото однесување.
-
3:06 - 3:08Сето тоа се случило релативно брзо.
-
3:08 - 3:11Иако човечкиот мозок ја постигнал денешната големина
-
3:11 - 3:13пред околу 300 до 400 илјади години
-
3:13 - 3:15пред околу 100,000 години сето ова се случувало многу многу брзо.
-
3:15 - 3:18И тврдам дека тоа што се случило било
-
3:18 - 3:21ненадејното појавување на софистициран систем на огледални неврони
-
3:21 - 3:23кои дозволиле да емулираме и имитираме туѓи активности.
-
3:23 - 3:27Така ако се случило случајно откритие
-
3:27 - 3:30на еден член на групата, да речеме на оганот,
-
3:30 - 3:32или на специфичен алат, и наместо да изумре
-
3:32 - 3:35тоа се раширило рапидно, хоризонтално низ популацијата,
-
3:35 - 3:38или било пренесувано вертикално, низ генерациите.
-
3:38 - 3:40Така ова ја направило еволуцијата одеднаш Ламаркова,
-
3:40 - 3:42наместо Дарвинова.
-
3:42 - 3:45Дарвиновата еволуција е спора, треба стотици илјади години.
-
3:45 - 3:47Поларната мечка, за да ја еволуира крзнената покривка,
-
3:47 - 3:50и биле потребни илјадници на генерации, можеби 100,000 години.
-
3:50 - 3:53Човечко битие, дете, може да ги набљудува родителите
-
3:53 - 3:56како убиваат поларна мечка,
-
3:56 - 3:59и како и ја вадат кожата и ја облекуваат на своето тело,
-
3:59 - 4:01и ќе ја научи во еден чекор. Она што и требало на мечката
-
4:01 - 4:03100,000 години да научи,
-
4:03 - 4:06тоа може да научи за 5 до 10 минути.
-
4:06 - 4:08И кога еднаш е научен тоа се шири
-
4:08 - 4:11со геометриска прогресија низ популацијата.
-
4:11 - 4:14Ова е основата. Имитирањето на комплексни вештини
-
4:14 - 4:17е она што го нарекуваме култура и е основа на цивилизацијата.
-
4:17 - 4:19Сега, постојат и друг вид на огледални неврони,
-
4:19 - 4:21кои се инволвирани во нешто сосема поинакво.
-
4:21 - 4:23И тоа е, постојат огледални неврони,
-
4:23 - 4:26како што има огледални неврони за акција, огледални неврони за допир.
-
4:26 - 4:28со други зборови , ако некој ме допре,
-
4:28 - 4:30мојата рака, неврон во соматосензорниот кортекс
-
4:30 - 4:32во сензорниот регион на мозокот ќе се активира.
-
4:32 - 4:35Но истиот неврон, во некои случаи ќе се аткивира
-
4:35 - 4:37кога гледам како некоја личност ја допираат.
-
4:37 - 4:40тоа е емпатија со друга личност кога ќе биде допрена.
-
4:40 - 4:42Значи, повеќето од нив ќе се активираат кога ќе ме допрат
-
4:42 - 4:45на различни локации. Различни неврони за различни локации.
-
4:45 - 4:47Но нивна подгрупа ќе се активира дури и кога гледам како некој друг
-
4:47 - 4:49е допрен на истата локација.
-
4:49 - 4:51Така повторно имате неврони
-
4:51 - 4:53кои се вклучени во емпатија.
-
4:53 - 4:56Сега се појавува прашањето: Ако само гледам како некој друг го допираат,
-
4:56 - 5:00зошто не се збунувам и буквално го почуствувам допирот
-
5:00 - 5:02само со гледање како друг го допираат ?
-
5:02 - 5:06Значи, имам емпатија кон другата личност но не го чувстувам буквално допирот.
-
5:06 - 5:08Па, тоа е заради тоа што имаме рецептори во вашата кожа,
-
5:08 - 5:10рецептори за допир и болка, кои одат до мозокот
-
5:10 - 5:13и му кажуваат „Не се грижи, не те допираат тебе.
-
5:13 - 5:16Така, имај емпатија, колку сакаш со другата личност,
-
5:16 - 5:18но не го чувстувај допирот директно
-
5:18 - 5:20инаку ќе се испобуниш.“
-
5:20 - 5:22Ок, значи има повратна врска
-
5:22 - 5:24која става вето на сигналот од огледалните неврони
-
5:24 - 5:27спречувајќи свесно да го почуствуваме тој допир.
-
5:27 - 5:30Но ако ја извадите раката, едноставно ако ми дадете анестезија во раката,
-
5:30 - 5:32значи ми ставите инекција во раката,
-
5:32 - 5:34и го анестезирате брахијалниот плексус, така што раката е умртвена,
-
5:34 - 5:36и нема сензации од неа да доаѓаат,
-
5:36 - 5:38Ако сега ве набљудувам како ве допираат,
-
5:38 - 5:40тогаш буквално ја чувствувам на мојата рака.
-
5:40 - 5:42Со други зборови, сте ја раствориле бариерата
-
5:42 - 5:44меѓу вас и другите човечки суштества.
-
5:44 - 5:47Затоа ги нарекувам Ганди неврони, или емпатски неврони.
-
5:47 - 5:48(Смеа)
-
5:48 - 5:51И ова не е некое апстрактно метафорично значење,
-
5:51 - 5:53се што ве одделува од него,
-
5:53 - 5:55од другата личност, е вашата кожа.
-
5:55 - 5:59извадете ја кожата, и ќе го почуствувате туѓиот допир во вашиот мозок.
-
5:59 - 6:02Вие сте а раствориле бариерата меѓу вас и другите човечки битија.
-
6:02 - 6:04И ова, се разбира е основата на голем дел од Источната филозофија,
-
6:04 - 6:07А тоа е дека нема вистинско независно јас,
-
6:07 - 6:09одвоено од другите човечки суштества, кое го истражува светот,
-
6:09 - 6:11ги истражува другите луѓе.
-
6:11 - 6:14Вие всушност, сте поврзани не само преку Фејсбук, и интернетот,
-
6:14 - 6:17туку сосема буквално поврзано преку вашите неврони.
-
6:17 - 6:20и има цели вериги на неврони во собата ,кои си зборуваат еден на друг.
-
6:20 - 6:22и нема вистинска разлика
-
6:22 - 6:24на вашата свесност од нечија друга свесност.
-
6:24 - 6:26И ова не е некоја ти-реков-ми-рече филозофија.
-
6:26 - 6:29Тоа доаѓа од нашето разбирање на основната неврологија.
-
6:29 - 6:32Така, имате пациент со фантомска рака. Ако раката била пресечена
-
6:32 - 6:34и имате фантомска, и ако гледате некој друг како го
-
6:34 - 6:36допираат, ја чувстувате во вашата фантомска рака.
-
6:36 - 6:38Сега вчудовидувачкото нешто е,
-
6:38 - 6:41ако имате болка во вашата фантомска рака, и ја стиснете раката на другата личност,
-
6:41 - 6:43ја масирате туѓата рака,
-
6:43 - 6:45тоа ви ја намалува болката во вашата фантомска рака,
-
6:45 - 6:47речиси како да невроните
-
6:47 - 6:49добиваат олеснување само со
-
6:49 - 6:51гледање како некој друг е масиран.
-
6:51 - 6:54така, еве го мојот последен слајд.
-
6:54 - 6:56за најголем дел од времето, луѓето ја гледаат природната наука
-
6:56 - 6:58и хуманитарните науки како посебни.
-
6:58 - 7:01Ц.П. Сноу зборува за двете култури:
-
7:01 - 7:03Природни науки на една страна и , хуманитарните на друга;
-
7:03 - 7:05парот кој никогаш нема да се сретне.
-
7:05 - 7:07Велам дека огледалниот невронски систем го базира интерфејсот
-
7:07 - 7:10кој ни дозволува да ги разгледаме повторно темите како свесноста,
-
7:10 - 7:12себе репрезентацијата,
-
7:12 - 7:14она што не одделува од другите човечки битија,
-
7:14 - 7:16она што ни овозможува да имаме емпатија со другите луѓе,
-
7:16 - 7:19и дури и работи како појавувањето на културата и цивилизацијата,
-
7:19 - 7:21кое е уникатно за човечките битија.
-
7:21 - 7:23Ви благодарам. (Аплауз)
- Title:
- ВС Рамахандран: Невроните што ја обликуваа цивилизацијата
- Speaker:
- Vilayanur Ramachandran
- Description:
-
Неврологот Вилајнар Рамахандран ги објаснува фасцинантните функции на огледалните неврони. Откриени неодамна, овие неврони ни овозможуваат да учиме комплексни социјални односи, а некои од нив ги формираа основите на човечката цивилизација како што ја знаеме денес.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 07:25