0:00:00.000,0:00:03.000 Би сакал да ви говорам денес за човечкиот мозок, 0:00:03.000,0:00:05.000 кој ни е тема на истражувањето на Универзитетот во Калифорнија. 0:00:05.000,0:00:07.000 Размислете за овој проблем за момент. 0:00:07.000,0:00:10.000 Ова е грутка месо, околу кило и половина , 0:00:10.000,0:00:12.000 кое можете да го држите во вашите дланки. 0:00:12.000,0:00:16.000 Но тоа може да размислува за просторноста на меѓуѕвездениот простор. 0:00:16.000,0:00:18.000 може да размислува за значењето на бесконечноста 0:00:18.000,0:00:21.000 поставува прашања за значењето на неговата егзистенција, 0:00:21.000,0:00:23.000 за природата на Господ. 0:00:23.000,0:00:25.000 И ова е навистина највчудувачкото нешто на светот. 0:00:25.000,0:00:28.000 Тоа е најголемата мистерија која ги соочува човечките суштества: 0:00:28.000,0:00:30.000 како се случува сето тоа ? 0:00:30.000,0:00:32.000 Па мозокот , како што знаете, е изграден од неврони. 0:00:32.000,0:00:34.000 Овде ги гледаме невроните. 0:00:34.000,0:00:37.000 Има 100 милијарди неврони во возрасен човечки мозок. 0:00:37.000,0:00:40.000 и секој неврон прави околу 1,000 до 10,000 контакти 0:00:40.000,0:00:42.000 со други неврони во мозокот. 0:00:42.000,0:00:44.000 Базирано на ова, постојат пресметки 0:00:44.000,0:00:47.000 дека бројот на пермутации и комбинации на мозочна активност 0:00:47.000,0:00:50.000 го надминуваат бројот на елементарни честички во космосот. 0:00:50.000,0:00:52.000 Па, како да го проучите мозокот? 0:00:52.000,0:00:54.000 Еден пристап е да разгледувате пациенти кои имале лезии 0:00:54.000,0:00:57.000 во ралични делови на мозокот, и да ги учите промените во нивното однесување. 0:00:57.000,0:00:59.000 За ова зборував на последниот ТED. 0:00:59.000,0:01:01.000 Денес ќе зборувам за различен пристап 0:01:01.000,0:01:03.000 со кој ставаме електрони на различни делови на мозокот, 0:01:03.000,0:01:07.000 и во основа ги читаме активностите на индивидуални нервни ќелии во мозокот. 0:01:07.000,0:01:11.000 Ја прислушкуваме на некој начин активноста на нервните ќелии во мозокот. 0:01:11.000,0:01:14.000 Едно скоро откритие што беше направено 0:01:14.000,0:01:16.000 од истражувачи во Италија , во Парма, 0:01:16.000,0:01:19.000 од Џакомо Рицолати и неговите колеги, 0:01:19.000,0:01:21.000 е група неврони наречени огледални неврони, 0:01:21.000,0:01:24.000 кои се во предниот дел на мозокот во предните региони. 0:01:24.000,0:01:26.000 Се испостави дека таму има неврони 0:01:26.000,0:01:29.000 кои се наречени обични моторни командни неврони во предниот дел од мозокот, 0:01:29.000,0:01:31.000 кои се познати околу 50 години. 0:01:31.000,0:01:34.000 овие неврони ќе се вклучат кога изведуваме специфични активности. 0:01:34.000,0:01:37.000 на пример, ако го направам ова, и пружам да земам јаболко, 0:01:37.000,0:01:41.000 моторен команден неврон во предниот дел од мојот мозок, ќе се вклучи. 0:01:41.000,0:01:44.000 ако пружам да повлечам објект, друг неврон ќе се активира, 0:01:44.000,0:01:46.000 командувајќи ме да го повлечам објектот. 0:01:46.000,0:01:48.000 Овие се наречени моторни командни неврони кои се познати долго време. 0:01:48.000,0:01:50.000 Но она што Рицолати откри беше 0:01:50.000,0:01:52.000 дека подгрупа од овие неврони, 0:01:52.000,0:01:54.000 можеби околу 20%, исто така се активираат 0:01:54.000,0:01:57.000 кога набљудувам некого како ја прави истата активност. 0:01:57.000,0:02:00.000 Ова е неврон кој се активира кога се пружам да земам нешто, 0:02:00.000,0:02:03.000 но тој исто така се активира ако го гледам Џо како се пружа и зема нешто. 0:02:03.000,0:02:05.000 И ова е навистина вчудовидувачки. 0:02:05.000,0:02:07.000 Бидејќи е како да невронот го прифаќа 0:02:07.000,0:02:09.000 туѓиот аспект на гледање на работите. 0:02:09.000,0:02:13.000 Тоа е како да изведува симулација на виртуелна реалност 0:02:13.000,0:02:15.000 на акцијата на другата личност. 0:02:15.000,0:02:18.000 Сега, кое е значењето на овие огледални неврони? 0:02:18.000,0:02:21.000 Прво мора да се инволвирани во работи како имитација и емулација. 0:02:21.000,0:02:24.000 Бидејќи да имитирате комплексна активност 0:02:24.000,0:02:27.000 бара мозокот да го прифати начинот на гледање на другата личност. 0:02:27.000,0:02:29.000 значи ова е важно за имитација и емулација. 0:02:29.000,0:02:31.000 Па зошто е тоа важно? 0:02:31.000,0:02:34.000 да го погледнеме следниот слајд. 0:02:34.000,0:02:37.000 значи како правиме имитација? Зошто е имитацијата важна? 0:02:37.000,0:02:39.000 Огледалните неврони и имитацијата и емулацијата. 0:02:39.000,0:02:43.000 Да ја погледнеме културата, феноменот на човечката култура. 0:02:43.000,0:02:47.000 ако одиме назад во време околу (75,000) до 100,000 години, 0:02:47.000,0:02:49.000 да ја погледнеме човечката еволуција, како што изгледа 0:02:49.000,0:02:52.000 нешто многу важно се случило пред околу 75,000 години. 0:02:52.000,0:02:54.000 Се случило неаднаш појавување и рапидно ширење 0:02:54.000,0:02:57.000 на одреден број на вештини кои се уникатни за човечките суштества 0:02:57.000,0:02:59.000 како користење алатки, 0:02:59.000,0:03:02.000 користење оган, скривалишта, и секако , јазикот, 0:03:02.000,0:03:04.000 и можноста да се чита нечиј ум 0:03:04.000,0:03:06.000 и да се интерпретира неговото однесување. 0:03:06.000,0:03:08.000 Сето тоа се случило релативно брзо. 0:03:08.000,0:03:11.000 Иако човечкиот мозок ја постигнал денешната големина 0:03:11.000,0:03:13.000 пред околу 300 до 400 илјади години 0:03:13.000,0:03:15.000 пред околу 100,000 години сето ова се случувало многу многу брзо. 0:03:15.000,0:03:18.000 И тврдам дека тоа што се случило било 0:03:18.000,0:03:21.000 ненадејното појавување на софистициран систем на огледални неврони 0:03:21.000,0:03:23.000 кои дозволиле да емулираме и имитираме туѓи активности. 0:03:23.000,0:03:27.000 Така ако се случило случајно откритие 0:03:27.000,0:03:30.000 на еден член на групата, да речеме на оганот, 0:03:30.000,0:03:32.000 или на специфичен алат, и наместо да изумре 0:03:32.000,0:03:35.000 тоа се раширило рапидно, хоризонтално низ популацијата, 0:03:35.000,0:03:38.000 или било пренесувано вертикално, низ генерациите. 0:03:38.000,0:03:40.000 Така ова ја направило еволуцијата одеднаш Ламаркова, 0:03:40.000,0:03:42.000 наместо Дарвинова. 0:03:42.000,0:03:45.000 Дарвиновата еволуција е спора, треба стотици илјади години. 0:03:45.000,0:03:47.000 Поларната мечка, за да ја еволуира крзнената покривка, 0:03:47.000,0:03:50.000 и биле потребни илјадници на генерации, можеби 100,000 години. 0:03:50.000,0:03:53.000 Човечко битие, дете, може да ги набљудува родителите 0:03:53.000,0:03:56.000 како убиваат поларна мечка, 0:03:56.000,0:03:59.000 и како и ја вадат кожата и ја облекуваат на своето тело, 0:03:59.000,0:04:01.000 и ќе ја научи во еден чекор. Она што и требало на мечката 0:04:01.000,0:04:03.000 100,000 години да научи, 0:04:03.000,0:04:06.000 тоа може да научи за 5 до 10 минути. 0:04:06.000,0:04:08.000 И кога еднаш е научен тоа се шири 0:04:08.000,0:04:11.000 со геометриска прогресија низ популацијата. 0:04:11.000,0:04:14.000 Ова е основата. Имитирањето на комплексни вештини 0:04:14.000,0:04:17.000 е она што го нарекуваме култура и е основа на цивилизацијата. 0:04:17.000,0:04:19.000 Сега, постојат и друг вид на огледални неврони, 0:04:19.000,0:04:21.000 кои се инволвирани во нешто сосема поинакво. 0:04:21.000,0:04:23.000 И тоа е, постојат огледални неврони, 0:04:23.000,0:04:26.000 како што има огледални неврони за акција, огледални неврони за допир. 0:04:26.000,0:04:28.000 со други зборови , ако некој ме допре, 0:04:28.000,0:04:30.000 мојата рака, неврон во соматосензорниот кортекс 0:04:30.000,0:04:32.000 во сензорниот регион на мозокот ќе се активира. 0:04:32.000,0:04:35.000 Но истиот неврон, во некои случаи ќе се аткивира 0:04:35.000,0:04:37.000 кога гледам како некоја личност ја допираат. 0:04:37.000,0:04:40.000 тоа е емпатија со друга личност кога ќе биде допрена. 0:04:40.000,0:04:42.000 Значи, повеќето од нив ќе се активираат кога ќе ме допрат 0:04:42.000,0:04:45.000 на различни локации. Различни неврони за различни локации. 0:04:45.000,0:04:47.000 Но нивна подгрупа ќе се активира дури и кога гледам како некој друг 0:04:47.000,0:04:49.000 е допрен на истата локација. 0:04:49.000,0:04:51.000 Така повторно имате неврони 0:04:51.000,0:04:53.000 кои се вклучени во емпатија. 0:04:53.000,0:04:56.000 Сега се појавува прашањето: Ако само гледам како некој друг го допираат, 0:04:56.000,0:05:00.000 зошто не се збунувам и буквално го почуствувам допирот 0:05:00.000,0:05:02.000 само со гледање како друг го допираат ? 0:05:02.000,0:05:06.000 Значи, имам емпатија кон другата личност но не го чувстувам буквално допирот. 0:05:06.000,0:05:08.000 Па, тоа е заради тоа што имаме рецептори во вашата кожа, 0:05:08.000,0:05:10.000 рецептори за допир и болка, кои одат до мозокот 0:05:10.000,0:05:13.000 и му кажуваат „Не се грижи, не те допираат тебе. 0:05:13.000,0:05:16.000 Така, имај емпатија, колку сакаш со другата личност, 0:05:16.000,0:05:18.000 но не го чувстувај допирот директно 0:05:18.000,0:05:20.000 инаку ќе се испобуниш.“ 0:05:20.000,0:05:22.000 Ок, значи има повратна врска 0:05:22.000,0:05:24.000 која става вето на сигналот од огледалните неврони 0:05:24.000,0:05:27.000 спречувајќи свесно да го почуствуваме тој допир. 0:05:27.000,0:05:30.000 Но ако ја извадите раката, едноставно ако ми дадете анестезија во раката, 0:05:30.000,0:05:32.000 значи ми ставите инекција во раката, 0:05:32.000,0:05:34.000 и го анестезирате брахијалниот плексус, така што раката е умртвена, 0:05:34.000,0:05:36.000 и нема сензации од неа да доаѓаат, 0:05:36.000,0:05:38.000 Ако сега ве набљудувам како ве допираат, 0:05:38.000,0:05:40.000 тогаш буквално ја чувствувам на мојата рака. 0:05:40.000,0:05:42.000 Со други зборови, сте ја раствориле бариерата 0:05:42.000,0:05:44.000 меѓу вас и другите човечки суштества. 0:05:44.000,0:05:47.000 Затоа ги нарекувам Ганди неврони, или емпатски неврони. 0:05:47.000,0:05:48.000 (Смеа) 0:05:48.000,0:05:51.000 И ова не е некое апстрактно метафорично значење, 0:05:51.000,0:05:53.000 се што ве одделува од него, 0:05:53.000,0:05:55.000 од другата личност, е вашата кожа. 0:05:55.000,0:05:59.000 извадете ја кожата, и ќе го почуствувате туѓиот допир во вашиот мозок. 0:05:59.000,0:06:02.000 Вие сте а раствориле бариерата меѓу вас и другите човечки битија. 0:06:02.000,0:06:04.000 И ова, се разбира е основата на голем дел од Источната филозофија, 0:06:04.000,0:06:07.000 А тоа е дека нема вистинско независно јас, 0:06:07.000,0:06:09.000 одвоено од другите човечки суштества, кое го истражува светот, 0:06:09.000,0:06:11.000 ги истражува другите луѓе. 0:06:11.000,0:06:14.000 Вие всушност, сте поврзани не само преку Фејсбук, и интернетот, 0:06:14.000,0:06:17.000 туку сосема буквално поврзано преку вашите неврони. 0:06:17.000,0:06:20.000 и има цели вериги на неврони во собата ,кои си зборуваат еден на друг. 0:06:20.000,0:06:22.000 и нема вистинска разлика 0:06:22.000,0:06:24.000 на вашата свесност од нечија друга свесност. 0:06:24.000,0:06:26.000 И ова не е некоја ти-реков-ми-рече филозофија. 0:06:26.000,0:06:29.000 Тоа доаѓа од нашето разбирање на основната неврологија. 0:06:29.000,0:06:32.000 Така, имате пациент со фантомска рака. Ако раката била пресечена 0:06:32.000,0:06:34.000 и имате фантомска, и ако гледате некој друг како го 0:06:34.000,0:06:36.000 допираат, ја чувстувате во вашата фантомска рака. 0:06:36.000,0:06:38.000 Сега вчудовидувачкото нешто е, 0:06:38.000,0:06:41.000 ако имате болка во вашата фантомска рака, и ја стиснете раката на другата личност, 0:06:41.000,0:06:43.000 ја масирате туѓата рака, 0:06:43.000,0:06:45.000 тоа ви ја намалува болката во вашата фантомска рака, 0:06:45.000,0:06:47.000 речиси како да невроните 0:06:47.000,0:06:49.000 добиваат олеснување само со 0:06:49.000,0:06:51.000 гледање како некој друг е масиран. 0:06:51.000,0:06:54.000 така, еве го мојот последен слајд. 0:06:54.000,0:06:56.000 за најголем дел од времето, луѓето ја гледаат природната наука 0:06:56.000,0:06:58.000 и хуманитарните науки како посебни. 0:06:58.000,0:07:01.000 Ц.П. Сноу зборува за двете култури: 0:07:01.000,0:07:03.000 Природни науки на една страна и , хуманитарните на друга; 0:07:03.000,0:07:05.000 парот кој никогаш нема да се сретне. 0:07:05.000,0:07:07.000 Велам дека огледалниот невронски систем го базира интерфејсот 0:07:07.000,0:07:10.000 кој ни дозволува да ги разгледаме повторно темите како свесноста, 0:07:10.000,0:07:12.000 себе репрезентацијата, 0:07:12.000,0:07:14.000 она што не одделува од другите човечки битија, 0:07:14.000,0:07:16.000 она што ни овозможува да имаме емпатија со другите луѓе, 0:07:16.000,0:07:19.000 и дури и работи како појавувањето на културата и цивилизацијата, 0:07:19.000,0:07:21.000 кое е уникатно за човечките битија. 0:07:21.000,0:07:23.000 Ви благодарам. (Аплауз)