Би сакал да ви говорам денес за човечкиот мозок, кој ни е тема на истражувањето на Универзитетот во Калифорнија. Размислете за овој проблем за момент. Ова е грутка месо, околу кило и половина , кое можете да го држите во вашите дланки. Но тоа може да размислува за просторноста на меѓуѕвездениот простор. може да размислува за значењето на бесконечноста поставува прашања за значењето на неговата егзистенција, за природата на Господ. И ова е навистина највчудувачкото нешто на светот. Тоа е најголемата мистерија која ги соочува човечките суштества: како се случува сето тоа ? Па мозокот , како што знаете, е изграден од неврони. Овде ги гледаме невроните. Има 100 милијарди неврони во возрасен човечки мозок. и секој неврон прави околу 1,000 до 10,000 контакти со други неврони во мозокот. Базирано на ова, постојат пресметки дека бројот на пермутации и комбинации на мозочна активност го надминуваат бројот на елементарни честички во космосот. Па, како да го проучите мозокот? Еден пристап е да разгледувате пациенти кои имале лезии во ралични делови на мозокот, и да ги учите промените во нивното однесување. За ова зборував на последниот ТED. Денес ќе зборувам за различен пристап со кој ставаме електрони на различни делови на мозокот, и во основа ги читаме активностите на индивидуални нервни ќелии во мозокот. Ја прислушкуваме на некој начин активноста на нервните ќелии во мозокот. Едно скоро откритие што беше направено од истражувачи во Италија , во Парма, од Џакомо Рицолати и неговите колеги, е група неврони наречени огледални неврони, кои се во предниот дел на мозокот во предните региони. Се испостави дека таму има неврони кои се наречени обични моторни командни неврони во предниот дел од мозокот, кои се познати околу 50 години. овие неврони ќе се вклучат кога изведуваме специфични активности. на пример, ако го направам ова, и пружам да земам јаболко, моторен команден неврон во предниот дел од мојот мозок, ќе се вклучи. ако пружам да повлечам објект, друг неврон ќе се активира, командувајќи ме да го повлечам објектот. Овие се наречени моторни командни неврони кои се познати долго време. Но она што Рицолати откри беше дека подгрупа од овие неврони, можеби околу 20%, исто така се активираат кога набљудувам некого како ја прави истата активност. Ова е неврон кој се активира кога се пружам да земам нешто, но тој исто така се активира ако го гледам Џо како се пружа и зема нешто. И ова е навистина вчудовидувачки. Бидејќи е како да невронот го прифаќа туѓиот аспект на гледање на работите. Тоа е како да изведува симулација на виртуелна реалност на акцијата на другата личност. Сега, кое е значењето на овие огледални неврони? Прво мора да се инволвирани во работи како имитација и емулација. Бидејќи да имитирате комплексна активност бара мозокот да го прифати начинот на гледање на другата личност. значи ова е важно за имитација и емулација. Па зошто е тоа важно? да го погледнеме следниот слајд. значи како правиме имитација? Зошто е имитацијата важна? Огледалните неврони и имитацијата и емулацијата. Да ја погледнеме културата, феноменот на човечката култура. ако одиме назад во време околу (75,000) до 100,000 години, да ја погледнеме човечката еволуција, како што изгледа нешто многу важно се случило пред околу 75,000 години. Се случило неаднаш појавување и рапидно ширење на одреден број на вештини кои се уникатни за човечките суштества како користење алатки, користење оган, скривалишта, и секако , јазикот, и можноста да се чита нечиј ум и да се интерпретира неговото однесување. Сето тоа се случило релативно брзо. Иако човечкиот мозок ја постигнал денешната големина пред околу 300 до 400 илјади години пред околу 100,000 години сето ова се случувало многу многу брзо. И тврдам дека тоа што се случило било ненадејното појавување на софистициран систем на огледални неврони кои дозволиле да емулираме и имитираме туѓи активности. Така ако се случило случајно откритие на еден член на групата, да речеме на оганот, или на специфичен алат, и наместо да изумре тоа се раширило рапидно, хоризонтално низ популацијата, или било пренесувано вертикално, низ генерациите. Така ова ја направило еволуцијата одеднаш Ламаркова, наместо Дарвинова. Дарвиновата еволуција е спора, треба стотици илјади години. Поларната мечка, за да ја еволуира крзнената покривка, и биле потребни илјадници на генерации, можеби 100,000 години. Човечко битие, дете, може да ги набљудува родителите како убиваат поларна мечка, и како и ја вадат кожата и ја облекуваат на своето тело, и ќе ја научи во еден чекор. Она што и требало на мечката 100,000 години да научи, тоа може да научи за 5 до 10 минути. И кога еднаш е научен тоа се шири со геометриска прогресија низ популацијата. Ова е основата. Имитирањето на комплексни вештини е она што го нарекуваме култура и е основа на цивилизацијата. Сега, постојат и друг вид на огледални неврони, кои се инволвирани во нешто сосема поинакво. И тоа е, постојат огледални неврони, како што има огледални неврони за акција, огледални неврони за допир. со други зборови , ако некој ме допре, мојата рака, неврон во соматосензорниот кортекс во сензорниот регион на мозокот ќе се активира. Но истиот неврон, во некои случаи ќе се аткивира кога гледам како некоја личност ја допираат. тоа е емпатија со друга личност кога ќе биде допрена. Значи, повеќето од нив ќе се активираат кога ќе ме допрат на различни локации. Различни неврони за различни локации. Но нивна подгрупа ќе се активира дури и кога гледам како некој друг е допрен на истата локација. Така повторно имате неврони кои се вклучени во емпатија. Сега се појавува прашањето: Ако само гледам како некој друг го допираат, зошто не се збунувам и буквално го почуствувам допирот само со гледање како друг го допираат ? Значи, имам емпатија кон другата личност но не го чувстувам буквално допирот. Па, тоа е заради тоа што имаме рецептори во вашата кожа, рецептори за допир и болка, кои одат до мозокот и му кажуваат „Не се грижи, не те допираат тебе. Така, имај емпатија, колку сакаш со другата личност, но не го чувстувај допирот директно инаку ќе се испобуниш.“ Ок, значи има повратна врска која става вето на сигналот од огледалните неврони спречувајќи свесно да го почуствуваме тој допир. Но ако ја извадите раката, едноставно ако ми дадете анестезија во раката, значи ми ставите инекција во раката, и го анестезирате брахијалниот плексус, така што раката е умртвена, и нема сензации од неа да доаѓаат, Ако сега ве набљудувам како ве допираат, тогаш буквално ја чувствувам на мојата рака. Со други зборови, сте ја раствориле бариерата меѓу вас и другите човечки суштества. Затоа ги нарекувам Ганди неврони, или емпатски неврони. (Смеа) И ова не е некое апстрактно метафорично значење, се што ве одделува од него, од другата личност, е вашата кожа. извадете ја кожата, и ќе го почуствувате туѓиот допир во вашиот мозок. Вие сте а раствориле бариерата меѓу вас и другите човечки битија. И ова, се разбира е основата на голем дел од Источната филозофија, А тоа е дека нема вистинско независно јас, одвоено од другите човечки суштества, кое го истражува светот, ги истражува другите луѓе. Вие всушност, сте поврзани не само преку Фејсбук, и интернетот, туку сосема буквално поврзано преку вашите неврони. и има цели вериги на неврони во собата ,кои си зборуваат еден на друг. и нема вистинска разлика на вашата свесност од нечија друга свесност. И ова не е некоја ти-реков-ми-рече филозофија. Тоа доаѓа од нашето разбирање на основната неврологија. Така, имате пациент со фантомска рака. Ако раката била пресечена и имате фантомска, и ако гледате некој друг како го допираат, ја чувстувате во вашата фантомска рака. Сега вчудовидувачкото нешто е, ако имате болка во вашата фантомска рака, и ја стиснете раката на другата личност, ја масирате туѓата рака, тоа ви ја намалува болката во вашата фантомска рака, речиси како да невроните добиваат олеснување само со гледање како некој друг е масиран. така, еве го мојот последен слајд. за најголем дел од времето, луѓето ја гледаат природната наука и хуманитарните науки како посебни. Ц.П. Сноу зборува за двете култури: Природни науки на една страна и , хуманитарните на друга; парот кој никогаш нема да се сретне. Велам дека огледалниот невронски систем го базира интерфејсот кој ни дозволува да ги разгледаме повторно темите како свесноста, себе репрезентацијата, она што не одделува од другите човечки битија, она што ни овозможува да имаме емпатија со другите луѓе, и дури и работи како појавувањето на културата и цивилизацијата, кое е уникатно за човечките битија. Ви благодарам. (Аплауз)