Што е на дното на океанот - и како се стигнува дотаму
-
0:01 - 0:04Давид Биело: Па, Виктор,
со што се занимаваш во последно време? -
0:05 - 0:08Виктор Весково: Тоа е дното на
Атлантскиот Океан, -
0:08 - 0:11и изгледа како дете премногу
сум го читал Жил Верн, -
0:11 - 0:15па последниве 4 години
предводев тим кој ја конструираше -
0:15 - 0:18најнапредната нуркачка
направа на светот, -
0:18 - 0:21и умеам лично
да управувам со неа. -
0:21 - 0:23Ова беше декември минатата година,
-
0:23 - 0:26за прв пат -
дното на Атлантскиот Океан. -
0:26 - 0:28ДБ: Никој пред тебе не го
видел ова? -
0:28 - 0:29Само ти.
ВВ: Не. -
0:30 - 0:31Но сега и сите други.
-
0:31 - 0:33ДБ: Кој прави вакви работи?
-
0:33 - 0:35Па -
-
0:35 - 0:38ВВ: Мислам дека сите ги имаат видено
напредоците во последниве 10-15 години. -
0:38 - 0:42Имате еден куп луѓе што имаат
средства за истражување на вселената, -
0:42 - 0:44како СпејсЕкс или Блу Ориџин
-
0:44 - 0:46тие луѓе.
-
0:46 - 0:47Ние одиме во спротивниот правец.
-
0:47 - 0:49Ова е прекрасна ера
-
0:49 - 0:51на индивидуалци кои ги
трошат своите ресурси -
0:51 - 0:53да се развијат технологии
кои ќе нѐ носат на места -
0:53 - 0:55што не биле истражени досега,
-
0:55 - 0:57а светските океани се -
-
0:57 - 1:01дури е клише да се каже,
тие се 70 % од целата планета, -
1:01 - 1:03и од тоа, 95 % се неистражени.
-
1:03 - 1:05Па, преку експедицијава сакаме
-
1:06 - 1:08да конструираме и демонстрираме
подводно пловило -
1:08 - 1:11кое може да оди до секоја точка
на дното на планетата -
1:11 - 1:15за да ги истражи преостанатите 60 %
кои не се истражени. -
1:15 - 1:18ДБ: Ти треба екстра алатка
за да го направиш тоа, така? -
1:18 - 1:19ВВ: Точно.
-
1:19 - 1:21Алатката е подморницата
„Лимитинг фактор“. -
1:22 - 1:23Тоа е модерно пловило
-
1:23 - 1:25носено од бродот за поддршка,
„Прешер драп“. -
1:25 - 1:28Има титаниумска сфера за две
лица, дебела 90 мм, -
1:28 - 1:30што ја одржува на една атмосфера,
-
1:30 - 1:33и може во повеќе наврати да нурнува
-
1:33 - 1:35до најдлабоката
точка на океанот. -
1:35 - 1:39ДБ: Значи како СпејсЕкс
за истражување океани? -
1:39 - 1:42ВВ: Да, налик на СпејсЕкс
за истражување океани, -
1:42 - 1:44но јас управувам со моите возила.
-
1:44 - 1:46(смеа)
-
1:46 - 1:49ДБ: Ќе го земеш со себе Илон или...?
-
1:49 - 1:51ВВ: Да, можам да земам некој долу.
-
1:51 - 1:52Па Илон, ако слушаш,
-
1:52 - 1:55ќе те повозам со моево
ако ти ме повозиш со твоето. -
1:55 - 1:57(смеа)
-
1:58 - 2:01ДБ: Па, кажи ни како е таму долу.
-
2:01 - 2:04Зборуваме за место каде притисокот
е многу силен. -
2:04 - 2:07Тоа е како да ја ставиш Ајфеловата
кула врз прстот на ногата. -
2:07 - 2:08ВВ: Посилен е и од тоа.
-
2:08 - 2:10Околу 16,000 паскали.
-
2:10 - 2:12Имаме титаниумска сфера
-
2:12 - 2:15која овозможува повторливо нурнување
до екстремни длабочини -
2:15 - 2:16и испливување.
-
2:16 - 2:18Тоа досега не е направено.
-
2:18 - 2:20„Челинџер дип“ бил нурнат двапати,
-
2:20 - 2:23еднаш во 1960 и еднаш во 2012 г.,
од Џејмс Камерон. -
2:23 - 2:26Тие се спуштија и се вратија горе.
Тоа беше експериментално пловило. -
2:26 - 2:29Ова е првото комерцијално
одобрено подводно пловило -
2:29 - 2:32кое може да оди горе-долу
илјадници пати со две лица, -
2:32 - 2:33вклучувајќи научник.
-
2:33 - 2:35Горди сме што го однесовме долу
-
2:35 - 2:37Британецот кој има
нурнато најдлабоко -
2:37 - 2:40пред 3 недели,
Др. Алан Џејмисон од универзитетот Њукасл. -
2:40 - 2:43Тој беше долу со нас,
кај Јаванската бразда. -
2:43 - 2:48ДБ: Па, не те плашат многу работи,
претпоставувам. -
2:48 - 2:50ВВ: Па, многу е поинаку
да се нурка. -
2:50 - 2:53Ако си клаустрофобичен,
не би сакал да си во подморницата. -
2:53 - 2:55Одиме прилично длабоко
-
2:55 - 2:58и мисиите траат од 8 до 9 часа
во затворен простор. -
2:58 - 3:01Поразлично е од мојата
претходна кариера, -
3:01 - 3:03искачување на планини,
каде имате отворен простор, -
3:03 - 3:05каде ветрот дува
и е многу студено. -
3:05 - 3:07Ова е обратно.
Ова е многу потехничко. -
3:07 - 3:10Овде многу поважна е прецизноста при
употреба на инструментите -
3:10 - 3:12и решавање на сите
евентуални проблеми. -
3:12 - 3:15Но ако нешто тргне наопаку
во пловилото, -
3:15 - 3:16нема да знаете.
-
3:16 - 3:17(смеа)
-
3:18 - 3:20ДБ: Сакаш да кажеш,
се плашиш од пукнатини. -
3:20 - 3:23ВВ: Пукнатините не чинат,
но ако се случат, -
3:23 - 3:25не е толку страшно.
Кога би било страшно, -
3:25 - 3:27не би знаеле.
-
3:27 - 3:30Ни пожар во капсулата не чини.
-
3:30 - 3:32Всушност, ова е многу безбедно пловило.
-
3:32 - 3:34Јас не верувам
на многу работи во животот, -
3:34 - 3:36но му верувам на титаниумот,
математиката, -
3:36 - 3:38и верувам во анализа на конечни елементи,
-
3:38 - 3:40што е начин на утврдување
-
3:40 - 3:42дали работи како оваа
ќе ги преживеат -
3:42 - 3:44овие неверојатни
притисоци и услови. -
3:44 - 3:47ДБ: А оваа сфера е совршено
направена, така? -
3:47 - 3:49Ова е навистина уникатно пловило.
-
3:49 - 3:50ВВ: Тоа е трикот -
-
3:50 - 3:52правење на титаниумска сфера
-
3:52 - 3:55прецизна во граници на 0.1%
-
3:56 - 3:57Титаниум е тежок метал за работа
-
3:57 - 3:59и многу луѓе
не го разбираат, -
3:59 - 4:01но ние имавме многу среќа.
-
4:01 - 4:04Нашиот извонреден тим успеа
да направи речиси совршена сфера. -
4:04 - 4:06Кога се подложува
нешто под притисок, -
4:06 - 4:09тоа е најцврстата геометрија
што можете да ја имате. -
4:09 - 4:11Кога сум во пловилото,
кога се затвора отворот, -
4:11 - 4:13уверен сум дека ќе нурнам
и ќе се вратам назад. -
4:13 - 4:16ДБ: Двапати проверуваш
дали отворот е затворен? -
4:16 - 4:18ВВ: Има само две правила при
нуркање со подморница. -
4:18 - 4:20Број еден: цврсто затвори го отворот.
-
4:20 - 4:23Број два: врати се на правилото број еден.
-
4:23 - 4:27ДБ: Значи, Атлантски Океан: поминато.
-
4:27 - 4:28Јужен Океан: поминато.
-
4:28 - 4:31ВВ: Никој нема нуркано
во Јужниот Океан претходно. -
4:31 - 4:32Знам и зошто.
-
4:32 - 4:34Навистина е непријателски.
-
4:34 - 4:35Времето е одвратно.
-
4:35 - 4:37Зборот „судир“ ми паѓа на памет.
-
4:37 - 4:39Но, и тоа го направивме, да.
-
4:39 - 4:41Мило ми е што заврши -
ДБ: Да - -
4:41 - 4:42ВВ: Благодарам.
-
4:42 - 4:43(аплауз)
-
4:43 - 4:45ДБ: Како да јурите низ него.
-
4:45 - 4:48И сега Индискиот Океан,
како што спомна Кели. -
4:48 - 4:49ВВ: Да, тоа беше пред три недели.
-
4:49 - 4:52Имавме доволно среќа
всушност да ја решиме мистеријата. -
4:52 - 4:54Ако некој ме прашаше пред три недели,
-
4:54 - 4:56„Која е најдлабоката точка
во Индискиот Океан?" - -
4:56 - 4:58никој не знаеше.
-
4:58 - 4:59Имаше двајца кандидати,
-
4:59 - 5:02еден кај Западна Австралија
и еден во Јаванската бразда. -
5:02 - 5:04Имаме прекрасен брод
со извонреден сонар. -
5:04 - 5:08Испративме сонди на дното
и проверивме. -
5:08 - 5:10Всушност, се наоѓа во центарот
на Јаванската бразда, -
5:10 - 5:12каде никој не помисли дека е.
-
5:12 - 5:15Секојпат кога ќе завршевме
со едно од главните нуркања, -
5:15 - 5:17моравме да одиме
на Википедија и да коригираме, -
5:17 - 5:19затоа што беше неточно.
-
5:19 - 5:20(смеа)
-
5:20 - 5:23ДБ: Веројатно спуштањето трае подолго
-
5:23 - 5:26отколку престојот долу?
-
5:26 - 5:29VV: Не, ние долу остануваме
всушност доста долго. -
5:29 - 5:31Во пловилото имам кислород за 4 дена.
-
5:32 - 5:33Ако сум долу 4 дена,
-
5:33 - 5:36и нешто тргне наопаку,
веројатно нема да го искористам. -
5:36 - 5:39Спуштањето до најдлабокиот
дел на океанот трае околу 3 часа, -
5:39 - 5:41па остануваме долу околу 3-4 часа
-
5:41 - 5:43и уште 3 часа
до површината. -
5:43 - 5:46Не треба да се останува таму
повеќе од 10 или 11 часа. -
5:46 - 5:50ДБ: Добро. Дното
на Индискиот Океан. -
5:50 - 5:54Ова е нешто што никој,
освен ти, го нема видено. -
5:54 - 5:58VV: Ова се слики
од една од нашите сонди. -
5:58 - 6:01На дното десно можете
да видите „газриба“ - -
6:01 - 6:02така всушност се вика.
-
6:02 - 6:04(смеа)
-
6:04 - 6:06Но од лево се гледа
суштество кое никогаш не било видено. -
6:06 - 6:10Тоа е, всушност медуза што живее на дното
наречена трупест асцидијан, -
6:10 - 6:13и ниедна не
изгледала вака порано. -
6:13 - 6:15Всушност има мало дете
на дното на нејзиниот труп. -
6:15 - 6:18Едноставно си отплива.
-
6:18 - 6:20При секое нуркање,
-
6:20 - 6:23иако сме само долу
само неколку часа, -
6:23 - 6:25откриваме 3-4 нови видови,
-
6:25 - 6:28затоа што овие места
биле изолирани милијарди години -
6:28 - 6:31и ниту еден човек досега
не било таму за да ги снима -
6:31 - 6:33или зема примероци.
-
6:33 - 6:35Ова е извонредно за нас -
-
6:35 - 6:37(аплауз)
-
6:37 - 6:38Се надеваме -
-
6:38 - 6:42главната цел на нашата мисија
е да се направи оваа алатка. -
6:42 - 6:43Оваа алатка е врата,
-
6:43 - 6:45затоа што со оваа алатка,
-
6:45 - 6:47ќе може да направиме
и други такви -
6:47 - 6:49и да ги однесеме научниците
долу на 1000 нуркања -
6:49 - 6:51да ја отворат вратата на истражувањето
-
6:51 - 6:55и да најдат работи што
немавме поим дека постојат. -
6:55 - 6:59ДБ: Повеќе луѓе биле
во вселената отколку на дното на океанот. -
6:59 - 7:01Ти си еден од трите.
-
7:01 - 7:04Ќе го зголемиш тој број.
-
7:04 - 7:07ВВ: Да, три лица имаат нурнато
до дното на Тихиот океан. -
7:07 - 7:09УСС Трст во 1960 година
со две лица. -
7:10 - 7:12Џејмс Камерон во 2012
со неговиот Дип Си Џелинџер - -
7:12 - 7:14благодарам, Џим.
-
7:14 - 7:16Ова е технологија
од третата генерација. -
7:16 - 7:18Ние не само што ќе одиме долу
за две недели, -
7:18 - 7:21туку и ќе се обидеме да го сториме
тоа повеќепати. -
7:22 - 7:24Ако успееме,
ќе ја докажеме технологијата -
7:24 - 7:27и таа врата не само што ќе се отвори,
туку и ќе остане отворена. -
7:28 - 7:31(аплауз)
-
7:31 - 7:32ДБ: Фантастично. Со среќа.
-
7:32 - 7:34ВВ: Благодарам многу.
ДБ: Благодарам. -
7:34 - 7:35ВВ: Благодарам на сите.
-
7:35 - 7:38(аплауз)
- Title:
- Што е на дното на океанот - и како се стигнува дотаму
- Speaker:
- Виктор Весково
- Description:
-
Виктор Весково ја предводи првата експедиција до најдлабоката точка на секој од петте светски океани. Во разговор со кустосот на науки при ТЕД, Дејвид Биело, Весково дискутира за технологијата што ги овозможува истражувањата - подводно пловило од титаниум замислено да издржи необични услови - и ни покажува снимка од никогаш порано видено суштество, која била направена при неговото патување до дното на Индискиот Океан.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 07:51
ALEKSANDAR MITEVSKI approved Macedonian subtitles for What's at the bottom of the ocean -- and how we're getting there | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for What's at the bottom of the ocean -- and how we're getting there | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for What's at the bottom of the ocean -- and how we're getting there | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for What's at the bottom of the ocean -- and how we're getting there | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for What's at the bottom of the ocean -- and how we're getting there | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for What's at the bottom of the ocean -- and how we're getting there | ||
Stefan Mitikj edited Macedonian subtitles for What's at the bottom of the ocean -- and how we're getting there | ||
Stefan Mitikj edited Macedonian subtitles for What's at the bottom of the ocean -- and how we're getting there |