WEBVTT 00:00:00.730 --> 00:00:04.208 Давид Биело: Па, Виктор, со што се занимаваш во последно време? NOTE Paragraph 00:00:05.042 --> 00:00:07.684 Виктор Весково: Тоа е дното на Атлантскиот Океан, 00:00:07.708 --> 00:00:10.684 и изгледа како дете премногу сум го читал Жил Верн, 00:00:10.708 --> 00:00:14.559 па последниве 4 години предводев тим кој ја конструираше 00:00:14.583 --> 00:00:18.143 најнапредната нуркачка направа на светот, 00:00:18.167 --> 00:00:20.809 и умеам лично да управувам со неа. 00:00:20.833 --> 00:00:23.101 Ова беше декември минатата година, 00:00:23.125 --> 00:00:25.768 за прв пат - дното на Атлантскиот Океан. NOTE Paragraph 00:00:25.792 --> 00:00:27.726 ДБ: Никој пред тебе не го видел ова? NOTE Paragraph 00:00:27.750 --> 00:00:29.476 Само ти. ВВ: Не. 00:00:29.500 --> 00:00:30.893 Но сега и сите други. NOTE Paragraph 00:00:30.917 --> 00:00:33.434 ДБ: Кој прави вакви работи? 00:00:33.458 --> 00:00:34.726 Па - NOTE Paragraph 00:00:34.750 --> 00:00:38.476 ВВ: Мислам дека сите ги имаат видено напредоците во последниве 10-15 години. 00:00:38.500 --> 00:00:41.893 Имате еден куп луѓе што имаат средства за истражување на вселената, 00:00:41.917 --> 00:00:44.268 како СпејсЕкс или Блу Ориџин 00:00:44.292 --> 00:00:45.559 тие луѓе. 00:00:45.583 --> 00:00:47.351 Ние одиме во спротивниот правец. 00:00:47.375 --> 00:00:48.643 Ова е прекрасна ера 00:00:48.667 --> 00:00:50.893 на индивидуалци кои ги трошат своите ресурси 00:00:50.917 --> 00:00:53.268 да се развијат технологии кои ќе нѐ носат на места 00:00:53.292 --> 00:00:55.101 што не биле истражени досега, 00:00:55.125 --> 00:00:56.976 а светските океани се - 00:00:57.000 --> 00:01:00.684 дури е клише да се каже, тие се 70 % од целата планета, 00:01:00.708 --> 00:01:03.143 и од тоа, 95 % се неистражени. 00:01:03.167 --> 00:01:05.476 Па, преку експедицијава сакаме 00:01:05.500 --> 00:01:07.937 да конструираме и демонстрираме подводно пловило 00:01:07.937 --> 00:01:10.545 кое може да оди до секоја точка на дното на планетата 00:01:10.545 --> 00:01:14.708 за да ги истражи преостанатите 60 % кои не се истражени. NOTE Paragraph 00:01:14.868 --> 00:01:17.559 ДБ: Ти треба екстра алатка за да го направиш тоа, така? NOTE Paragraph 00:01:17.583 --> 00:01:18.851 ВВ: Точно. 00:01:18.875 --> 00:01:21.476 Алатката е подморницата „Лимитинг фактор“. 00:01:21.500 --> 00:01:22.976 Тоа е модерно пловило 00:01:23.000 --> 00:01:25.454 носено од бродот за поддршка, „Прешер драп“. 00:01:25.478 --> 00:01:28.268 Има титаниумска сфера за две лица, дебела 90 мм, 00:01:28.292 --> 00:01:29.893 што ја одржува на една атмосфера, 00:01:29.917 --> 00:01:32.601 и може во повеќе наврати да нурнува 00:01:32.625 --> 00:01:35.143 до најдлабоката точка на океанот. NOTE Paragraph 00:01:35.167 --> 00:01:39.351 ДБ: Значи како СпејсЕкс за истражување океани? NOTE Paragraph 00:01:39.375 --> 00:01:41.976 ВВ: Да, налик на СпејсЕкс за истражување океани, 00:01:42.000 --> 00:01:43.684 но јас управувам со моите возила. NOTE Paragraph 00:01:43.708 --> 00:01:45.559 (смеа) NOTE Paragraph 00:01:45.583 --> 00:01:48.726 ДБ: Ќе го земеш со себе Илон или...? NOTE Paragraph 00:01:48.750 --> 00:01:50.809 ВВ: Да, можам да земам некој долу. 00:01:50.833 --> 00:01:52.309 Па Илон, ако слушаш, 00:01:52.333 --> 00:01:55.184 ќе те повозам со моево ако ти ме повозиш со твоето. NOTE Paragraph 00:01:55.208 --> 00:01:57.000 (смеа) NOTE Paragraph 00:01:58.125 --> 00:02:00.851 ДБ: Па, кажи ни како е таму долу. 00:02:00.875 --> 00:02:04.168 Зборуваме за место каде притисокот е многу силен. 00:02:04.168 --> 00:02:07.080 Тоа е како да ја ставиш Ајфеловата кула врз прстот на ногата. NOTE Paragraph 00:02:07.080 --> 00:02:08.213 ВВ: Посилен е и од тоа. 00:02:08.213 --> 00:02:09.518 Околу 16,000 паскали. 00:02:09.542 --> 00:02:11.934 Имаме титаниумска сфера 00:02:11.958 --> 00:02:14.987 која овозможува повторливо нурнување до екстремни длабочини 00:02:14.987 --> 00:02:16.059 и испливување. 00:02:16.083 --> 00:02:17.559 Тоа досега не е направено. 00:02:17.583 --> 00:02:19.643 „Челинџер дип“ бил нурнат двапати, 00:02:19.667 --> 00:02:22.934 еднаш во 1960 и еднаш во 2012 г., од Џејмс Камерон. 00:02:22.958 --> 00:02:26.268 Тие се спуштија и се вратија горе. Тоа беше експериментално пловило. 00:02:26.292 --> 00:02:28.768 Ова е првото комерцијално одобрено подводно пловило 00:02:28.792 --> 00:02:32.018 кое може да оди горе-долу илјадници пати со две лица, 00:02:32.042 --> 00:02:33.309 вклучувајќи научник. 00:02:33.333 --> 00:02:35.184 Горди сме што го однесовме долу 00:02:35.208 --> 00:02:37.393 Британецот кој има нурнато најдлабоко 00:02:37.417 --> 00:02:40.393 пред 3 недели, Др. Алан Џејмисон од универзитетот Њукасл. 00:02:40.417 --> 00:02:43.018 Тој беше долу со нас, кај Јаванската бразда. NOTE Paragraph 00:02:43.042 --> 00:02:47.934 ДБ: Па, не те плашат многу работи, претпоставувам. NOTE Paragraph 00:02:47.958 --> 00:02:50.059 ВВ: Па, многу е поинаку да се нурка. 00:02:50.083 --> 00:02:53.184 Ако си клаустрофобичен, не би сакал да си во подморницата. 00:02:53.208 --> 00:02:54.559 Одиме прилично длабоко 00:02:54.583 --> 00:02:58.018 и мисиите траат од 8 до 9 часа во затворен простор. 00:02:58.042 --> 00:03:00.518 Поразлично е од мојата претходна кариера, 00:03:00.542 --> 00:03:03.184 искачување на планини, каде имате отворен простор, 00:03:03.208 --> 00:03:05.018 каде ветрот дува и е многу студено. 00:03:05.042 --> 00:03:07.268 Ова е обратно. Ова е многу потехничко. 00:03:07.292 --> 00:03:10.257 Овде многу поважна е прецизноста при употреба на инструментите 00:03:10.257 --> 00:03:12.143 и решавање на сите евентуални проблеми. 00:03:12.167 --> 00:03:14.726 Но ако нешто тргне наопаку во пловилото, 00:03:14.750 --> 00:03:16.143 нема да знаете. NOTE Paragraph 00:03:16.167 --> 00:03:17.476 (смеа) NOTE Paragraph 00:03:17.500 --> 00:03:19.976 ДБ: Сакаш да кажеш, се плашиш од пукнатини. NOTE Paragraph 00:03:20.000 --> 00:03:22.851 ВВ: Пукнатините не чинат, но ако се случат, 00:03:22.875 --> 00:03:25.059 не е толку страшно. Кога би било страшно, 00:03:25.083 --> 00:03:26.809 не би знаеле. 00:03:26.833 --> 00:03:29.684 Ни пожар во капсулата не чини. 00:03:29.708 --> 00:03:31.768 Всушност, ова е многу безбедно пловило. 00:03:31.792 --> 00:03:34.268 Јас не верувам на многу работи во животот, 00:03:34.292 --> 00:03:36.265 но му верувам на титаниумот, математиката, 00:03:36.265 --> 00:03:38.318 и верувам во анализа на конечни елементи, 00:03:38.318 --> 00:03:39.518 што е начин на утврдување 00:03:39.542 --> 00:03:41.601 дали работи како оваа ќе ги преживеат 00:03:41.625 --> 00:03:43.768 овие неверојатни притисоци и услови. NOTE Paragraph 00:03:43.792 --> 00:03:46.934 ДБ: А оваа сфера е совршено направена, така? 00:03:46.958 --> 00:03:48.934 Ова е навистина уникатно пловило. NOTE Paragraph 00:03:48.958 --> 00:03:50.434 ВВ: Тоа е трикот - 00:03:50.458 --> 00:03:52.309 правење на титаниумска сфера 00:03:52.333 --> 00:03:55.476 прецизна во граници на 0.1% 00:03:55.500 --> 00:03:57.059 Титаниум е тежок метал за работа 00:03:57.083 --> 00:03:59.143 и многу луѓе не го разбираат, 00:03:59.167 --> 00:04:00.518 но ние имавме многу среќа. 00:04:00.542 --> 00:04:03.643 Нашиот извонреден тим успеа да направи речиси совршена сфера. 00:04:03.667 --> 00:04:06.101 Кога се подложува нешто под притисок, 00:04:06.125 --> 00:04:08.588 тоа е најцврстата геометрија што можете да ја имате. 00:04:08.588 --> 00:04:10.805 Кога сум во пловилото, кога се затвора отворот, 00:04:10.805 --> 00:04:13.351 уверен сум дека ќе нурнам и ќе се вратам назад. NOTE Paragraph 00:04:13.375 --> 00:04:15.596 ДБ: Двапати проверуваш дали отворот е затворен? NOTE Paragraph 00:04:15.596 --> 00:04:18.067 ВВ: Има само две правила при нуркање со подморница. 00:04:18.067 --> 00:04:20.114 Број еден: цврсто затвори го отворот. 00:04:20.114 --> 00:04:23.184 Број два: врати се на правилото број еден. NOTE Paragraph 00:04:23.208 --> 00:04:26.601 ДБ: Значи, Атлантски Океан: поминато. 00:04:26.625 --> 00:04:28.393 Јужен Океан: поминато. NOTE Paragraph 00:04:28.417 --> 00:04:30.893 ВВ: Никој нема нуркано во Јужниот Океан претходно. 00:04:30.917 --> 00:04:32.226 Знам и зошто. 00:04:32.250 --> 00:04:33.643 Навистина е непријателски. 00:04:33.667 --> 00:04:34.976 Времето е одвратно. 00:04:35.000 --> 00:04:37.226 Зборот „судир“ ми паѓа на памет. 00:04:37.250 --> 00:04:39.101 Но, и тоа го направивме, да. NOTE Paragraph 00:04:39.125 --> 00:04:40.643 Мило ми е што заврши - ДБ: Да - NOTE Paragraph 00:04:40.667 --> 00:04:42.018 ВВ: Благодарам. NOTE Paragraph 00:04:42.042 --> 00:04:43.184 (аплауз) NOTE Paragraph 00:04:43.208 --> 00:04:45.101 ДБ: Како да јурите низ него. 00:04:45.125 --> 00:04:47.559 И сега Индискиот Океан, како што спомна Кели. NOTE Paragraph 00:04:47.583 --> 00:04:49.309 ВВ: Да, тоа беше пред три недели. 00:04:49.333 --> 00:04:51.934 Имавме доволно среќа всушност да ја решиме мистеријата. 00:04:51.958 --> 00:04:53.893 Ако некој ме прашаше пред три недели, 00:04:53.917 --> 00:04:56.351 „Која е најдлабоката точка во Индискиот Океан?" - 00:04:56.375 --> 00:04:57.643 никој не знаеше. 00:04:57.667 --> 00:04:58.976 Имаше двајца кандидати, 00:04:59.000 --> 00:05:01.643 еден кај Западна Австралија и еден во Јаванската бразда. 00:05:01.667 --> 00:05:04.101 Имаме прекрасен брод со извонреден сонар. 00:05:04.127 --> 00:05:07.684 Испративме сонди на дното и проверивме. 00:05:07.708 --> 00:05:10.309 Всушност, се наоѓа во центарот на Јаванската бразда, 00:05:10.333 --> 00:05:12.143 каде никој не помисли дека е. 00:05:12.167 --> 00:05:14.976 Секојпат кога ќе завршевме со едно од главните нуркања, 00:05:15.000 --> 00:05:17.257 моравме да одиме на Википедија и да коригираме, 00:05:17.257 --> 00:05:18.643 затоа што беше неточно. NOTE Paragraph 00:05:18.667 --> 00:05:20.309 (смеа) NOTE Paragraph 00:05:20.333 --> 00:05:23.393 ДБ: Веројатно спуштањето трае подолго 00:05:23.417 --> 00:05:25.684 отколку престојот долу? NOTE Paragraph 00:05:25.708 --> 00:05:28.601 VV: Не, ние долу остануваме всушност доста долго. 00:05:28.625 --> 00:05:31.476 Во пловилото имам кислород за 4 дена. 00:05:31.500 --> 00:05:33.059 Ако сум долу 4 дена, 00:05:33.083 --> 00:05:35.893 и нешто тргне наопаку, веројатно нема да го искористам. 00:05:35.917 --> 00:05:38.976 Спуштањето до најдлабокиот дел на океанот трае околу 3 часа, 00:05:39.000 --> 00:05:41.309 па остануваме долу околу 3-4 часа 00:05:41.333 --> 00:05:42.917 и уште 3 часа до површината. 00:05:42.917 --> 00:05:45.976 Не треба да се останува таму повеќе од 10 или 11 часа. NOTE Paragraph 00:05:46.023 --> 00:05:49.559 ДБ: Добро. Дното на Индискиот Океан. 00:05:49.583 --> 00:05:53.851 Ова е нешто што никој, освен ти, го нема видено. NOTE Paragraph 00:05:53.875 --> 00:05:57.893 VV: Ова се слики од една од нашите сонди. 00:05:57.917 --> 00:06:00.851 На дното десно можете да видите „газриба“ - 00:06:00.875 --> 00:06:02.476 така всушност се вика. NOTE Paragraph 00:06:02.500 --> 00:06:03.518 (смеа) NOTE Paragraph 00:06:03.542 --> 00:06:06.339 Но од лево се гледа суштество кое никогаш не било видено. 00:06:06.339 --> 00:06:10.184 Тоа е, всушност медуза што живее на дното наречена трупест асцидијан, 00:06:10.208 --> 00:06:12.643 и ниедна не изгледала вака порано. 00:06:12.667 --> 00:06:15.393 Всушност има мало дете на дното на нејзиниот труп. 00:06:15.417 --> 00:06:17.559 Едноставно си отплива. 00:06:17.583 --> 00:06:20.059 При секое нуркање, 00:06:20.083 --> 00:06:22.726 иако сме само долу само неколку часа, 00:06:22.750 --> 00:06:24.643 откриваме 3-4 нови видови, 00:06:24.667 --> 00:06:27.976 затоа што овие места биле изолирани милијарди години 00:06:28.000 --> 00:06:31.351 и ниту еден човек досега не било таму за да ги снима 00:06:31.375 --> 00:06:32.643 или зема примероци. 00:06:32.667 --> 00:06:34.518 Ова е извонредно за нас - NOTE Paragraph 00:06:34.542 --> 00:06:36.893 (аплауз) NOTE Paragraph 00:06:36.917 --> 00:06:38.226 Се надеваме - 00:06:38.250 --> 00:06:41.601 главната цел на нашата мисија е да се направи оваа алатка. 00:06:41.625 --> 00:06:43.268 Оваа алатка е врата, 00:06:43.292 --> 00:06:44.601 затоа што со оваа алатка, 00:06:44.625 --> 00:06:46.809 ќе може да направиме и други такви 00:06:46.833 --> 00:06:49.184 и да ги однесеме научниците долу на 1000 нуркања 00:06:49.208 --> 00:06:51.434 да ја отворат вратата на истражувањето 00:06:51.458 --> 00:06:54.518 и да најдат работи што немавме поим дека постојат. NOTE Paragraph 00:06:54.542 --> 00:06:59.434 ДБ: Повеќе луѓе биле во вселената отколку на дното на океанот. 00:06:59.458 --> 00:07:01.101 Ти си еден од трите. 00:07:01.125 --> 00:07:04.018 Ќе го зголемиш тој број. NOTE Paragraph 00:07:04.042 --> 00:07:07.309 ВВ: Да, три лица имаат нурнато до дното на Тихиот океан. 00:07:07.333 --> 00:07:09.476 УСС Трст во 1960 година со две лица. 00:07:09.500 --> 00:07:12.018 Џејмс Камерон во 2012 со неговиот Дип Си Џелинџер - 00:07:12.042 --> 00:07:13.601 благодарам, Џим. 00:07:13.625 --> 00:07:15.590 Ова е технологија од третата генерација. 00:07:15.590 --> 00:07:18.476 Ние не само што ќе одиме долу за две недели, 00:07:18.500 --> 00:07:21.132 туку и ќе се обидеме да го сториме тоа повеќепати. 00:07:21.537 --> 00:07:23.988 Ако успееме, ќе ја докажеме технологијата 00:07:23.988 --> 00:07:27.476 и таа врата не само што ќе се отвори, туку и ќе остане отворена. NOTE Paragraph 00:07:27.500 --> 00:07:30.768 (аплауз) NOTE Paragraph 00:07:30.792 --> 00:07:32.101 ДБ: Фантастично. Со среќа. NOTE Paragraph 00:07:32.125 --> 00:07:33.976 ВВ: Благодарам многу. ДБ: Благодарам. NOTE Paragraph 00:07:34.000 --> 00:07:35.268 ВВ: Благодарам на сите. NOTE Paragraph 00:07:35.292 --> 00:07:37.833 (аплауз)