Давид Биело: Па, Виктор,
со што се занимаваш во последно време?
Виктор Весково: Тоа е дното на
Атлантскиот Океан,
и изгледа како дете премногу
сум го читал Жил Верн,
па последниве 4 години
предводев тим кој ја конструираше
најнапредната нуркачка
направа на светот,
и умеам лично
да управувам со неа.
Ова беше декември минатата година,
за прв пат -
дното на Атлантскиот Океан.
ДБ: Никој пред тебе не го
видел ова?
Само ти.
ВВ: Не.
Но сега и сите други.
ДБ: Кој прави вакви работи?
Па -
ВВ: Мислам дека сите ги имаат видено
напредоците во последниве 10-15 години.
Имате еден куп луѓе што имаат
средства за истражување на вселената,
како СпејсЕкс или Блу Ориџин
тие луѓе.
Ние одиме во спротивниот правец.
Ова е прекрасна ера
на индивидуалци кои ги
трошат своите ресурси
да се развијат технологии
кои ќе нѐ носат на места
што не биле истражени досега,
а светските океани се -
дури е клише да се каже,
тие се 70 % од целата планета,
и од тоа, 95 % се неистражени.
Па, преку експедицијава сакаме
да конструираме и демонстрираме
подводно пловило
кое може да оди до секоја точка
на дното на планетата
за да ги истражи преостанатите 60 %
кои не се истражени.
ДБ: Ти треба екстра алатка
за да го направиш тоа, така?
ВВ: Точно.
Алатката е подморницата
„Лимитинг фактор“.
Тоа е модерно пловило
носено од бродот за поддршка,
„Прешер драп“.
Има титаниумска сфера за две
лица, дебела 90 мм,
што ја одржува на една атмосфера,
и може во повеќе наврати да нурнува
до најдлабоката
точка на океанот.
ДБ: Значи како СпејсЕкс
за истражување океани?
ВВ: Да, налик на СпејсЕкс
за истражување океани,
но јас управувам со моите возила.
(смеа)
ДБ: Ќе го земеш со себе Илон или...?
ВВ: Да, можам да земам некој долу.
Па Илон, ако слушаш,
ќе те повозам со моево
ако ти ме повозиш со твоето.
(смеа)
ДБ: Па, кажи ни како е таму долу.
Зборуваме за место каде притисокот
е многу силен.
Тоа е како да ја ставиш Ајфеловата
кула врз прстот на ногата.
ВВ: Посилен е и од тоа.
Околу 16,000 паскали.
Имаме титаниумска сфера
која овозможува повторливо нурнување
до екстремни длабочини
и испливување.
Тоа досега не е направено.
„Челинџер дип“ бил нурнат двапати,
еднаш во 1960 и еднаш во 2012 г.,
од Џејмс Камерон.
Тие се спуштија и се вратија горе.
Тоа беше експериментално пловило.
Ова е првото комерцијално
одобрено подводно пловило
кое може да оди горе-долу
илјадници пати со две лица,
вклучувајќи научник.
Горди сме што го однесовме долу
Британецот кој има
нурнато најдлабоко
пред 3 недели,
Др. Алан Џејмисон од универзитетот Њукасл.
Тој беше долу со нас,
кај Јаванската бразда.
ДБ: Па, не те плашат многу работи,
претпоставувам.
ВВ: Па, многу е поинаку
да се нурка.
Ако си клаустрофобичен,
не би сакал да си во подморницата.
Одиме прилично длабоко
и мисиите траат од 8 до 9 часа
во затворен простор.
Поразлично е од мојата
претходна кариера,
искачување на планини,
каде имате отворен простор,
каде ветрот дува
и е многу студено.
Ова е обратно.
Ова е многу потехничко.
Овде многу поважна е прецизноста при
употреба на инструментите
и решавање на сите
евентуални проблеми.
Но ако нешто тргне наопаку
во пловилото,
нема да знаете.
(смеа)
ДБ: Сакаш да кажеш,
се плашиш од пукнатини.
ВВ: Пукнатините не чинат,
но ако се случат,
не е толку страшно.
Кога би било страшно,
не би знаеле.
Ни пожар во капсулата не чини.
Всушност, ова е многу безбедно пловило.
Јас не верувам
на многу работи во животот,
но му верувам на титаниумот,
математиката,
и верувам во анализа на конечни елементи,
што е начин на утврдување
дали работи како оваа
ќе ги преживеат
овие неверојатни
притисоци и услови.
ДБ: А оваа сфера е совршено
направена, така?
Ова е навистина уникатно пловило.
ВВ: Тоа е трикот -
правење на титаниумска сфера
прецизна во граници на 0.1%
Титаниум е тежок метал за работа
и многу луѓе
не го разбираат,
но ние имавме многу среќа.
Нашиот извонреден тим успеа
да направи речиси совршена сфера.
Кога се подложува
нешто под притисок,
тоа е најцврстата геометрија
што можете да ја имате.
Кога сум во пловилото,
кога се затвора отворот,
уверен сум дека ќе нурнам
и ќе се вратам назад.
ДБ: Двапати проверуваш
дали отворот е затворен?
ВВ: Има само две правила при
нуркање со подморница.
Број еден: цврсто затвори го отворот.
Број два: врати се на правилото број еден.
ДБ: Значи, Атлантски Океан: поминато.
Јужен Океан: поминато.
ВВ: Никој нема нуркано
во Јужниот Океан претходно.
Знам и зошто.
Навистина е непријателски.
Времето е одвратно.
Зборот „судир“ ми паѓа на памет.
Но, и тоа го направивме, да.
Мило ми е што заврши -
ДБ: Да -
ВВ: Благодарам.
(аплауз)
ДБ: Како да јурите низ него.
И сега Индискиот Океан,
како што спомна Кели.
ВВ: Да, тоа беше пред три недели.
Имавме доволно среќа
всушност да ја решиме мистеријата.
Ако некој ме прашаше пред три недели,
„Која е најдлабоката точка
во Индискиот Океан?" -
никој не знаеше.
Имаше двајца кандидати,
еден кај Западна Австралија
и еден во Јаванската бразда.
Имаме прекрасен брод
со извонреден сонар.
Испративме сонди на дното
и проверивме.
Всушност, се наоѓа во центарот
на Јаванската бразда,
каде никој не помисли дека е.
Секојпат кога ќе завршевме
со едно од главните нуркања,
моравме да одиме
на Википедија и да коригираме,
затоа што беше неточно.
(смеа)
ДБ: Веројатно спуштањето трае подолго
отколку престојот долу?
VV: Не, ние долу остануваме
всушност доста долго.
Во пловилото имам кислород за 4 дена.
Ако сум долу 4 дена,
и нешто тргне наопаку,
веројатно нема да го искористам.
Спуштањето до најдлабокиот
дел на океанот трае околу 3 часа,
па остануваме долу околу 3-4 часа
и уште 3 часа
до површината.
Не треба да се останува таму
повеќе од 10 или 11 часа.
ДБ: Добро. Дното
на Индискиот Океан.
Ова е нешто што никој,
освен ти, го нема видено.
VV: Ова се слики
од една од нашите сонди.
На дното десно можете
да видите „газриба“ -
така всушност се вика.
(смеа)
Но од лево се гледа
суштество кое никогаш не било видено.
Тоа е, всушност медуза што живее на дното
наречена трупест асцидијан,
и ниедна не
изгледала вака порано.
Всушност има мало дете
на дното на нејзиниот труп.
Едноставно си отплива.
При секое нуркање,
иако сме само долу
само неколку часа,
откриваме 3-4 нови видови,
затоа што овие места
биле изолирани милијарди години
и ниту еден човек досега
не било таму за да ги снима
или зема примероци.
Ова е извонредно за нас -
(аплауз)
Се надеваме -
главната цел на нашата мисија
е да се направи оваа алатка.
Оваа алатка е врата,
затоа што со оваа алатка,
ќе може да направиме
и други такви
и да ги однесеме научниците
долу на 1000 нуркања
да ја отворат вратата на истражувањето
и да најдат работи што
немавме поим дека постојат.
ДБ: Повеќе луѓе биле
во вселената отколку на дното на океанот.
Ти си еден од трите.
Ќе го зголемиш тој број.
ВВ: Да, три лица имаат нурнато
до дното на Тихиот океан.
УСС Трст во 1960 година
со две лица.
Џејмс Камерон во 2012
со неговиот Дип Си Џелинџер -
благодарам, Џим.
Ова е технологија
од третата генерација.
Ние не само што ќе одиме долу
за две недели,
туку и ќе се обидеме да го сториме
тоа повеќепати.
Ако успееме,
ќе ја докажеме технологијата
и таа врата не само што ќе се отвори,
туку и ќе остане отворена.
(аплауз)
ДБ: Фантастично. Со среќа.
ВВ: Благодарам многу.
ДБ: Благодарам.
ВВ: Благодарам на сите.
(аплауз)