Тони Робинс: Зошто го правиме она што го правиме
-
0:00 - 0:01(Аплауз)
-
0:02 - 0:05Благодарам. Морам да кажам дека истовремено сум пред предизвик и возбуден.
-
0:05 - 0:08Возбуден сум затоа што имам шанса да дадам нешто.
-
0:08 - 0:12Мојот предизвик е што најкраткиот мој семинар трае 50 часа.
-
0:12 - 0:13(Смеење)
-
0:13 - 0:16Не претерувам. Работам во викенди.
-
0:16 - 0:17Работам повеќе од тоа, тренирам луѓе
-
0:17 - 0:20но преку вклопување. Како сте научиле странски јазик?
-
0:20 - 0:22Не го учевте само со учење на правилата,
-
0:22 - 0:25навлегувате и го повторувате толку често сè додека не стане секојдневие.
-
0:25 - 0:28И крајната цел зашто сум овде, освен што сум луд,
-
0:28 - 0:30е дека навистина можам да...
-
0:30 - 0:32Не сум овде да ве мотивирам, тоа не ви треба.
-
0:32 - 0:34И многупати луѓето помислуваат дека токму тоа јас го правам,
-
0:34 - 0:37а јас го работам токму спротивното. Тогаш се случува,
-
0:38 - 0:39луѓето да ми речат: "Не ми треба мотивација."
-
0:39 - 0:41И јас велам, "Интересно. Јас тоа не работам."
-
0:41 - 0:45Јас сум типот "Зошто". Сакам да знам зошто ги правите работите.
-
0:45 - 0:47Кој е вашиот мотив за дејствување?
-
0:48 - 0:51Што ве води во животот денес? Не пред 10 години.
-
0:51 - 0:53Или дали сеуште одите по истата шема. Затоа што верувам
-
0:53 - 0:56дека невидливата внатрешна сила,
-
0:56 - 0:58кога е активирана, е најважната работа на светот.
-
0:58 - 1:02Овде сум зашто верувам дека емоцијата е силата на животот.
-
1:02 - 1:04Сите ние овде имаме прекрасни мисли.
-
1:04 - 1:06Се сложувате? Најголемиот дел од нас имаат одлични мисли, нели?
-
1:07 - 1:09Не знам за останатите видови, но ние сите знаеме како да размислуваме.
-
1:09 - 1:10И со мислите можеме да рационализираме сè.
-
1:11 - 1:14Можеме да направиме многу работи. Се сложувам со кажаното од
-
1:14 - 1:17пред неколку дена дека луѓето работат за сопствениот интерес.
-
1:17 - 1:19Но сите знаеме дека тоа понекогаш е глупост.
-
1:20 - 1:22Вие не работите за сопствен интерес постојано,
-
1:23 - 1:24бидејќи кога емоциите ќе се внесат,
-
1:24 - 1:26релациите го меннуваат начинот на кој функционираат.
-
1:27 - 1:29И прекрасно е кога размислуваме интелектуално
-
1:29 - 1:31за тоа каков е животот на овој свет, и особено
-
1:31 - 1:33делот од нас кои сме многу паметни, можеме оваа игра да ја играме во нашата глава.
-
1:33 - 1:35Но навистина сакам да знам што е она што ве води.
-
1:35 - 1:37И би сакал да ве поканам
-
1:37 - 1:40на крајот на овој говор, да испитате каде сте денес,
-
1:40 - 1:43од две причини. Една: за да можете да придонесете повеќе. А друга:
-
1:44 - 1:46не само да ги разбереме другите луѓе повеќе,
-
1:46 - 1:49туку и да ги цениме повеќе, и да создаваме онакви врски
-
1:49 - 1:51кои можат да ги избегнат дел од предизвиците
-
1:51 - 1:52со кои се среќаваме денес.
-
1:52 - 1:54Тие само ќе се зголемуваат
-
1:54 - 1:55со најновата технологија која нè поврзува,
-
1:56 - 1:59бидејќи нè пресретнува. И ова пресретнување
-
1:59 - 2:02не секогаш создава поглед на "секој денес разбира секого,
-
2:02 - 2:04и секој цени секого".
-
2:04 - 2:08Имав опсесија скоро 30 години, и таа опсесија беше,
-
2:09 - 2:11"Што ја прави разликата во квалитетот на животот на луѓето?
-
2:12 - 2:13Што ја прави разликата во нивното делување?"
-
2:13 - 2:14Зашто тоа е она што почнав да го работам.
-
2:14 - 2:15Морам да направам резултати сега.
-
2:15 - 2:18Тоа е она што го работев последниве 30 години. Добивам телефонски повик
-
2:18 - 2:21кога спортистот „гори“ на националната телевизија,
-
2:21 - 2:23кога бил во предност пет поини
-
2:23 - 2:24а сега неможе да поведе.
-
2:25 - 2:26И морам да сторам нешто токму сега за да има резултат
-
2:26 - 2:28или ништо не е важно. Ми се јавуваат
-
2:29 - 2:30кога дете се спрема да се самоубие,
-
2:31 - 2:33и морам да сторам нешто токму сега. И за 29 години,
-
2:33 - 2:36среќен сум да кажам дека немам изгубено никого за 29 години.
-
2:36 - 2:38Тоа не значи дека нема да се случи еден ден. Но досега не се случило,
-
2:38 - 2:40а причината е разбирањето на човечките потреби за кои сакам да зборувам.
-
2:40 - 2:43Значи, кога добивам повици за изведби, тоа е една работа.
-
2:43 - 2:45Како правите одредена промена?
-
2:46 - 2:49Но исто така, се обидувам да видам што е тоа
-
2:49 - 2:51што ја обликува човековата способност да придонесува,
-
2:52 - 2:55да стори нешто над своите можности. Можеби вистинското прашање е,
-
2:55 - 2:58го набљудувам животот и велам дека има две главни лекции.
-
2:58 - 3:00Едната е науката за постигнувањето,
-
3:00 - 3:02преку која се што е направено е усовршено до неверојатно ниво.
-
3:03 - 3:05"Како го земате невидливото и го правите видливо," нели?
-
3:05 - 3:07Како ги примате вашите соништа и ги реализирате?
-
3:07 - 3:09Без оглед дали е тоа вашиот бизнис, придонес кон општеството, пари,
-
3:10 - 3:11без оглед дали е за вас, за вашето тело, вашата фамилија.
-
3:12 - 3:14Но другата лекција на животот која ретко е усовршена е уметноста на исполнувањето.
-
3:14 - 3:17Бидејќи науката е полесна, нели?
-
3:17 - 3:19Ги знаеме правилата. Вие го пишувате кодот. Го следите
-
3:20 - 3:21и ги добивате резултатите. Штом ќе ја научите играта
-
3:21 - 3:23едноставно ја владеете, зарем не?
-
3:24 - 3:26Но кога ќе дојдеме до исполнувањето, тоа е веќе уметност.
-
3:26 - 3:28А причината за тоа, е во вреднувањето
-
3:28 - 3:31и во придонесувањето. Вие самите можете толку многу да чувствувате.
-
3:32 - 3:35Имав интересен опит да се обидам да одговорам на прашањето
-
3:35 - 3:36на вистинско прашање, а тоа е која е разликата
-
3:36 - 3:39во нечиј живот доколку на некого гледате како овие луѓе
-
3:39 - 3:42на кои сте им дале сè? На пример сите работи
-
3:42 - 3:44кои рекле дека им требаат. Сте им дале компјутер не од 100 долари,
-
3:44 - 3:46сте им го дале најдобриот компјутер. Сте им дале љубов,
-
3:46 - 3:47сте им пружиле уживање. Сте им пружиле утеха.
-
3:48 - 3:50А овие луѓе честопати, дел од нив ги познавате,
-
3:51 - 3:53остануваат до крајот на животот со сета љубов, образование, пари
-
3:53 - 3:56и сè друго, го поминуваат животот во рехабилитациски клиники.
-
3:57 - 3:59А потоа сретнувате луѓе кои минале низ неверојатни болки,
-
4:00 - 4:03психолошки, сексуални, духовни, емотивно злоупотребувани,
-
4:03 - 4:05и не секогаш, но честопати, тие стануваат дел од луѓето
-
4:05 - 4:08кои најмногу придонесуваат во општеството.
-
4:08 - 4:11Прашањето кое навистина треба да си го поставиме е, што е тоа?
-
4:12 - 4:14Што е она што нè обликува? А живееме со култура на опоравување.
-
4:15 - 4:17Најголемиот дел од нас не го прават тоа, но културата е култура на опоравување.
-
4:17 - 4:19А што сакам да кажам со тоа е мисловниот склоп дека ние сме нашето минато.
-
4:20 - 4:22И секој од вас во оваа просторија, не би бил во оваа просторија
-
4:22 - 4:23доколку сте ја прифатиле таа теорија,
-
4:23 - 4:25но, најголемиот дел од општеството мисли дека биографијата е судбина.
-
4:26 - 4:29Минатото е изедначено со иднината. Доколку сеуште живеете таму.
-
4:29 - 4:30Но она што луѓето овде знаат,
-
4:31 - 4:32и она што самите треба да се потсетиме
-
4:32 - 4:34дека можете да знаете нешто, да знаете што да правите
-
4:35 - 4:36а потоа да не ја користиме, ниту применуваме.
-
4:37 - 4:38Навистина, ќе се потсетуваме самите
-
4:38 - 4:41дека одлуката е врвната моќ. Тоа и навистина е.
-
4:41 - 4:43Сега, кога ќе ги запрашате луѓето,
-
4:43 - 4:44дали не сте успеале нешто да постигнете?
-
4:44 - 4:46Колкумина некогаш не успејале да постигнат
-
4:46 - 4:47нешто значајно во вашиот живот? Кажете, "Јас."
-
4:48 - 4:49Публика: Јас
-
4:49 - 4:50ТР: Благодарам за одличната интеракција.
-
4:51 - 4:52(Смеење)
-
4:52 - 4:55Но доколку ги прашате луѓето, зошто не сте успеале да постигнете нешто?
-
4:55 - 4:57Некој кој работи за вас, кој го познавате, или ваш партнер,
-
4:57 - 4:59или дури и вие самите. Кога нема да постигнете цел,
-
4:59 - 5:01која е причината која луѓето ја кажуваат дека не успеале?
-
5:01 - 5:03Што ви кажуваат? Немале доволно...
-
5:04 - 5:06Немале знаење. Немале пари.
-
5:06 - 5:11Немале време. Немале технологија.
-
5:11 - 5:14Го немав вистинскиот менаџер. Го немав...
-
5:14 - 5:18Ал Гор: Врховниот суд. (Смеење).
-
5:28 - 5:30ТР: И...
-
5:30 - 5:32(Аплауз)
-
5:32 - 5:33и...
-
5:33 - 5:36(Аплауз)
-
5:36 - 5:38Што сите овие работи, дури и Врховниот Суд, имаат заедничко?
-
5:38 - 5:40(Смеење).
-
5:41 - 5:45Потврдуваат дека ви недостасуваат средства. Може да се во право.
-
5:45 - 5:47Може да ги немате парите, може да го немате Врховниот Суд,
-
5:48 - 5:50но тоа не е клучниот фактор.
-
5:50 - 5:56(Аплауз).
-
5:56 - 5:57Поправете ме ако грешам.
-
5:59 - 6:01Клучниот фактор никогаш не се средствата, туку обем на средства и снаодливост..
-
6:02 - 6:04Мислев, поконкретно, од само излитена фраза,
-
6:04 - 6:09дека доколку имате емоција, човечка емоција, нешто што сум искусил
-
6:09 - 6:12од вас завчера, нешто што е толку длабоко внатрешно
-
6:13 - 6:15како ниедно претходно искуство, и кога би комуницирале со таа емоција
-
6:15 - 6:16верувам дека би победиле.
-
6:17 - 6:22(Аплауз)
-
6:22 - 6:26Но, мене ми лесно да му кажам што би требало да направи.
-
6:26 - 6:28(Смеење)
-
6:28 - 6:35"Овој Робинс е идиот." Но знам дека кога ја гледавме дебатата,
-
6:36 - 6:38имаше емоции кои ја блокираа способноста на луѓето
-
6:38 - 6:40да ги сфатат интелектот и капацитетот на овој човек.
-
6:40 - 6:42И начинот на кој тоа допре до некои луѓе тој ден --
-
6:42 - 6:45бидејќи знам дека луѓето сакаа да гласаат на ваша страна но не гласаа,
-
6:46 - 6:49и бев лут. Но имаше емоција која постоеше.
-
6:49 - 6:50Колкумина од вас знаат за што зборувам? Кажете, "Јас."
-
6:51 - 6:52Публика: Јас
-
6:52 - 6:54ТР: Значи, емоцијата е. И доколку ја добиеме вистинската емоција,
-
6:55 - 6:57можеме да се натераме да направиме било што. Можеме да се пробиеме.
-
6:57 - 6:59Доколку сте доволно креативни, доволно разиграни, доволно забавни,
-
6:59 - 7:00можете ли да допрете до било кого? Да или не?
-
7:01 - 7:02Публика: Да.
-
7:02 - 7:03ТР: Доколку немате пари, но сте креативни и доволно уверени,
-
7:03 - 7:06ќe најдете начин. Ова е најмоќната алатка.
-
7:06 - 7:09Но ова не е приказната која луѓето ја кажуваат, нели?
-
7:09 - 7:11Приказните кои луѓето ни ги кажуваат се куп од различни приказни.
-
7:11 - 7:13Тие ни кажуваат дека ги немаме средствата, но на крајот,
-
7:13 - 7:15доколку погледнете овде,
-
7:16 - 7:17кои се главните причини што не успеале?
-
7:18 - 7:21Следниот слајд. И сега ми ја расипа шемата, ова копиле.
-
7:21 - 7:25(Смеење).
-
7:25 - 7:26Но го ценам трудот.
-
7:26 - 7:28(Смеење).
-
7:28 - 7:31Што ги утврдува вашите средства? Рековме дека одлуките ја обликуваат судбината,
-
7:31 - 7:35тоа е мојот фокус овде. Доколку одлуките ја обликуваат судбината, тогаш ја утврдуваат
-
7:35 - 7:37само три одлуки. На што ќе се фокусирате?
-
7:37 - 7:39Потребно е да одлучите на што ќе се фокусирате.
-
7:39 - 7:41Во овој момент, свесно или несвесно. Штом ќе одлучите
-
7:42 - 7:43да се фокусирате на нешто - дајте му значење,
-
7:44 - 7:46и без оглед на значењето, тоа предизвикува емоција.
-
7:46 - 7:49Дали е ова крајот или почетокот? Дали господ ме казнува
-
7:49 - 7:51или ме наградува, или дали е ова коцкање?
-
7:52 - 7:55Емоцијата го создава она што ќе го превземеме како дејство.
-
7:55 - 7:56Размислете за вашиот живот.
-
7:57 - 7:58Одлуките кои ја обликувале вашата судбина.
-
7:59 - 8:01Ова звучи навистина тешко, но во последните пет или десет години,
-
8:02 - 8:03петнаесет години, колку одлуки што сте ги донеле
-
8:03 - 8:05сте можеле да ги одлучите поинаку,
-
8:05 - 8:08со што вашиот живот би бил целосно различен? Колкумина можат се сетат?
-
8:08 - 8:09Подобро или полошо? Кажете, "Јас".
-
8:10 - 8:11Публика: Јас
-
8:11 - 8:13ТР: Значи заклучокот е, можеби одлуката била каде да се вработите,
-
8:13 - 8:14и таму сте ја запознале љубовта на вашиот живот.
-
8:15 - 8:17Можеби била одлука за кариера. Генијалците од Google кои ги сретнав овде
-
8:18 - 8:19разбрав дека нивната првична одлука
-
8:20 - 8:22била да ја продадат технологијата. Што доколку ја донеле таа одлука
-
8:23 - 8:25наместо да изградат сопствена култура? Колку поинаков би бил овој свет?
-
8:25 - 8:27Колку нивните животи би биле поинакви? Нивното влијание?
-
8:28 - 8:30Историјата на нашиот свет е во овие одлуки.
-
8:30 - 8:33Кога жена ќе стане и ќе рече, "Не седнувам во задниот дел од автобусот,"
-
8:34 - 8:37таа не влијаела само на нејзиниот живот. Оваа одлука ја обликувала нашата култура.
-
8:37 - 8:40Или кога некој ќе застане пред тенк. Или да сте на местото
-
8:41 - 8:42на Ленс Армстронг, и некој ви каже,
-
8:43 - 8:45"Имате рак на тестисите." Тоа е навистина тешко за било кој маж,
-
8:46 - 8:47особено доколку возите велосипед.
-
8:47 - 8:49(Смеење).
-
8:49 - 8:51Тоа го имате во вашата глава, во вашите дробови.
-
8:51 - 8:53Но која била неговата одлука на што да се фокусира?
-
8:54 - 8:55Поинаква од најголемиот дел од луѓето. Што тоа значело?
-
8:55 - 8:57Тоа не бил крајот, тоа бил почетокот Што ќе правам?
-
8:57 - 9:00Продолжува и освојува седум шампионски титули а никогаш не бил шампион
-
9:00 - 9:02пред да заболи од рак, зашто добил емотивен фитнес,
-
9:03 - 9:06психолошка сила. Тоа е разликата во човечките суштества
-
9:06 - 9:08од вкупно три милиони кои ги имам сретнато наоколу.
-
9:08 - 9:10Тоа е моето истражување. Имав три милиони луѓе
-
9:11 - 9:13од осумдесет различни земји со кои сум се сретнал
-
9:13 - 9:17во последните 29 години. По некое време, шемите стануваат препознатливи.
-
9:17 - 9:19Гледате дека Јужна Америка и Африка
-
9:19 - 9:22може да се поврзат на одреден начин, нели? Други велат,
-
9:22 - 9:25"О, тоа звучи смешно." Едноставно е. Што го оформи Ленс?
-
9:25 - 9:30Што вас ве оформува? Две невидливи сили. Едната е состојбата во која се наоѓаме.
-
9:31 - 9:32Сите сме имале време.
-
9:32 - 9:34Доколку сте имале време и сте сториле нешто и потоа
-
9:34 - 9:35сте помислиле, не можам да верувам дека го реков тоа,
-
9:36 - 9:38не можам да верувам дека го сторив тоа, беше глупаво. Кој се препознава?
-
9:38 - 9:39Кажете: "Јас."
-
9:39 - 9:40Публика: Јас.
-
9:40 - 9:42ТР: Дали некогаш сте сториле нешто, и потоа сте рекле, "Јас бев!"
-
9:42 - 9:44(Смеење).
-
9:44 - 9:46Нели? Тоа не е вашата способност, тоа е вашата состојба.
-
9:47 - 9:49Вашиот модел за светот е она што ве оформува долгорочно.
-
9:50 - 9:53Вашиот модел за светот е филтерот. Тоа нè обликува нас.
-
9:53 - 9:54Тоа е она што ги тера луѓето да носат одлуки.
-
9:55 - 9:56Кога сакаме да влијаеме на други, мораме да знаеме
-
9:56 - 9:57што друго веќе влијае на нив.
-
9:58 - 9:59И тоа се состои од три дела.
-
10:00 - 10:02Прво, која е вашата цел? Што сакате да постигнете?
-
10:02 - 10:04Што, лично верувам, не се вашите желби.
-
10:04 - 10:06Можете да ги добиете вашите желби и цели. Колкумина од вас некогаш постигнале цел
-
10:06 - 10:08или желба и помислиле, зарем ова е сè ?
-
10:08 - 10:09Колкумина се препознаваат? Кажете: "Јас."
-
10:09 - 10:10Публика: Јас.
-
10:10 - 10:13ТР: Тоа се потребите кои ги имаме. Постојат шест човечки потреби.
-
10:13 - 10:16Второ, штом откриете која е целта која ве води
-
10:16 - 10:19и ја разоткриете, вие не ја формирате, туку ја разоткривате
-
10:19 - 10:20тогаш откривате која е вашата мапа:
-
10:20 - 10:23кои се верувањата кои ви кажуваат како да ги добиете овие потреби.
-
10:23 - 10:25Некои луѓе мислат дека за да дојдат до тие потеби треба да го уништат светот,
-
10:25 - 10:28некои луѓе како да изградат нешто, да создадат нешто, да сакаат некого.
-
10:29 - 10:32И тука е и горивото кое ќе го изберете. Значи накратко, шест потреби.
-
10:32 - 10:34Ќе ви кажам кои се. Прво: сигурност.
-
10:34 - 10:36Овие не се цели или желби, овие се универзални.
-
10:37 - 10:38Секому е потребна сигурност дека може да избегне болка
-
10:38 - 10:40и барем малку да се чувствува удобно. Како го постигнувате тоа?
-
10:40 - 10:44Контролирање други? Развивање вештина? Откажување? Цигара?
-
10:45 - 10:47И доколку сте целосно сигурни, иронично,
-
10:47 - 10:48иако на сите тоа ни е потребно,
-
10:48 - 10:50е како да не сте до крај сигурни за вашето здравје, или за вашите деца,
-
10:50 - 10:52или пари, за тоа не размислувате многу.
-
10:52 - 10:53Не сте сигурни дали плафонот ќе издржи да не падне,
-
10:53 - 10:54нема да слушате ниту еден спикер.
-
10:55 - 10:58Но доколку трагаме по сигурност поинаку, доколку постигнеме целосна сигурност,
-
10:59 - 11:00што добиваме? Што чувствувате кога сте сигурни?
-
11:00 - 11:01Што ќе се случи? Кога ќе се случи?
-
11:01 - 11:02Како ќе се случи? Што би чувствувале?
-
11:03 - 11:06Ќе полудите од досада. Затоа, господ,
-
11:06 - 11:07(Смеење)
-
11:07 - 11:10ни дал втора човечка потреба, а тоа е несигурноста.
-
11:10 - 11:12Потребна ни е разлика. Ни треба изненадување.
-
11:13 - 11:14Колкумина овде сакаат изненадувања? Кажете, "Јас."
-
11:15 - 11:16Публика: Јас.
-
11:16 - 11:17ТР: Глупости. Ги сакате само изненадувањата кои ги посакувате.
-
11:17 - 11:19(Смеење).
-
11:19 - 11:22Оние кои не ги сакате, ги нарекувате проблем, но ви требаат.
-
11:22 - 11:25Затоа, разликата е важна. Дали некогаш сте изнајмиле филм
-
11:25 - 11:29кој веќе сте го гледале? Кому му се случило ова?
-
11:29 - 11:31(Смеење).
-
11:31 - 11:33Во ред. Зошто го правите ова? Сигурни сте дека е добар,
-
11:33 - 11:35сте го читале претходно, сте го гледале, но се надевате
-
11:35 - 11:37дека минало доволно време да го подзаборавите, дека има разлика.
-
11:38 - 11:41Третата човечка потреба е критична. Значајност. Сите сакаме да бидеме
-
11:41 - 11:44важни, посебни, единствени. Можете да го постигнете со правење повеќе пари.
-
11:44 - 11:46Можете да го постигнете со зголемување на духовноста.
-
11:46 - 11:48Можете да го постигнете доколку направите
-
11:48 - 11:51повеќе тетоважи и пирсови на места кои не сакаме да ги знаеме.
-
11:52 - 11:55Што и да е потребно. Најбрзиот начин за ова,
-
11:55 - 11:57доколку немате минато, култура, верувања и средства,
-
11:57 - 12:00е насилството. Доколку ви ставам пиштол на челото
-
12:00 - 12:02многу брзо станувам значаен.
-
12:02 - 12:05Од нула до десет. Колку? Десет. Колку сум сигурен
-
12:05 - 12:08дека ќе ме слушате? 10. Колкава е несигурноста?
-
12:09 - 12:10Кој знае што ќе е следно? Навистина возбудливо.
-
12:10 - 12:13Како искачување во пештера или
-
12:13 - 12:15спуштање надолу. Целосна разлика и несигурност.
-
12:15 - 12:18Значајно е, нели? Сакате да го ризикувате животот за тоа.
-
12:19 - 12:21Затоа насилството секогаш било и ќе биде околу нас
-
12:21 - 12:23освен доколку свесно не се промениме како вид.
-
12:24 - 12:25Можете да се стекнете со значајност на милион начини,
-
12:25 - 12:27но за да бидете значајни, потребно е да сте уникатни и различни.
-
12:27 - 12:30Еве што ни треба: поврзување и љубов - четвртата потреба.
-
12:31 - 12:33Сите ги сакаме. Многумина остануваат во врска
-
12:33 - 12:35бидејќи љубовта е застрашувачка. Не сакаат да се повредени.
-
12:35 - 12:38Кој од овде бил повреден во интимна врска? Речете, "Јас".
-
12:38 - 12:39(Смеење).
-
12:39 - 12:41Доколку не кренете рака, ви се случило нешто друго.
-
12:41 - 12:42(Смеење).
-
12:42 - 12:43И повторно ќе бидете повредени.
-
12:43 - 12:45Зарем не се радувате што дојдовте овде?
-
12:45 - 12:46(Смеење).
-
12:46 - 12:49Но вистината е дека приврзаност и љубов ни се потребни. Можеме да ги постигнеме преку интимност,
-
12:49 - 12:52преку пријателство, преку молитва, прошетка во природа.
-
12:53 - 12:55Доколку ништо не помага, земете си куче. Не мачка. Земете куче,
-
12:55 - 12:57зашто ако заминете накратко на две минути, исто како да ве немало
-
12:57 - 12:59шест месеци, кога ќе се појавите пет минути подоцна, нели?
-
12:59 - 13:00(Смеење).
-
13:00 - 13:02Овие четири потреби, секој човек бара начин да ги добие.
-
13:03 - 13:05Дури и ако се лажете себеси, треба да имате подвоени личности.
-
13:06 - 13:09Првите четири потреби се наречени
-
13:09 - 13:11потреби на личноста, јас така ги нарекувам.
-
13:11 - 13:13Последните две потреби се потреби на духот.
-
13:14 - 13:16И овде доаѓа исполнувањето. Нема да постигнете исполнување
-
13:16 - 13:19од првите четири. Ќе најдете начин, пушење, пиење, било што,
-
13:19 - 13:20за да ги постигнете првите четири, но последните две, број пет:
-
13:21 - 13:23мора да се развивате. Сите го знаеме одговорот.
-
13:23 - 13:26Доколку не се развивате што сте? Доколку врската не се развива,
-
13:26 - 13:28доколку бизнисот не се развива, доколку вие не се развивате,
-
13:28 - 13:29не е важно колку пари имате,
-
13:29 - 13:31колку пријатели имате, колку луѓе ве сакаат,
-
13:31 - 13:34ќе се чувствувате пеколно. Причината зашто се развиваме,
-
13:34 - 13:36е да имаме нешто за да му дадеме вредност.
-
13:37 - 13:39Бидејќи шестата потреба е да придонесуваме повеќе за сите.
-
13:40 - 13:41Бидејќи сите знаеме, иако звучи старомодно,
-
13:42 - 13:45тајната на животот е во давањето. Знаеме дека животот не е за мене,
-
13:45 - 13:47туку е за нас. Оваа култура го знае тоа. Оваа соба го знае тоа.
-
13:47 - 13:50Возбудливо е. Кога го гледате Никола овде зборувајќи за
-
13:50 - 13:52неговиот компјутер од сто долари, највозбудливото нешто е,
-
13:52 - 13:55овде е гениј, но сега се здоби со порив.
-
13:56 - 13:58Можете да ја почувствувате разликата во него и тоа е прекрасно.
-
13:59 - 14:01Тој порив може да трогне други луѓе. Во мојот живот,
-
14:01 - 14:03јас бев трогнат кога имав 11 години.
-
14:03 - 14:06Ден на благодарноста: без пари, без храна. Немаше да гладуваме,
-
14:06 - 14:09но татко ми ја оплеска целата работа. Мајка ми му кажа
-
14:09 - 14:12колку ја оплескал работата. Некој дојде на врата
-
14:12 - 14:14и ни донесе јадење. Татко ми донесе три одлуки.
-
14:15 - 14:17Јасно ми беше кои се. Неговиот фокус беше: "Ова е милостина.
-
14:18 - 14:20Што тоа значи? Јас сум безвреден, што треба да правам?
-
14:21 - 14:23Ја напуштам фамилијата". Тоа и го направи. Едно од најболните
-
14:24 - 14:27искуства во животот. Моите три одлуки ме наведоа на поинаков пат
-
14:28 - 14:31Си реков, "Фокусирај се дека има храна". Каков концепт...
-
14:31 - 14:32(Смеење).
-
14:32 - 14:33Второ, ова е она што ми го промени животот,
-
14:33 - 14:36она што ме оформи како човечко суштество, "Нечиј подарок,
-
14:36 - 14:39дури и не знам ни кој беше". Татко ми секогаш велеше,
-
14:39 - 14:42"Никој не дава ништо". И одеднаш, некој непознат,
-
14:42 - 14:44без да ни побара нешто, едноставно ни дава храна,
-
14:44 - 14:47и се грижи за нас. Ма натера да верувам во ова: "Што значи тоа
-
14:47 - 14:50кога странец се грижи?" И она што ме натера да одлучам,
-
14:51 - 14:52доколку непознати се грижат за мене и мојата фамилија, и јас се грижам за нив.
-
14:53 - 14:54Што ќе правам? Ќе направам било што
-
14:54 - 14:57за да направам разлика. На 17 години, еден ден излегов
-
14:57 - 14:59на денот на благодарноста. Со години имав за цел да
-
14:59 - 15:00имам доволно пари за да нахранам две фамилии.
-
15:00 - 15:02Најзабавната работа која ја имам направено во животот, најтрогателната.
-
15:03 - 15:05Следната година нахранив четири. Никому не кажав што правам.
-
15:05 - 15:07Следната година осум. Не го правев тоа заради поени,
-
15:08 - 15:09но после осмата, си помислив, би можел да побарам помош.
-
15:09 - 15:11(Смеење).
-
15:11 - 15:13Доволно сигурен, излегов и што сторив?
-
15:13 - 15:15Ги вклучив пријателите и создадов компании
-
15:15 - 15:17а потоа стигнав до 11 компании и изградив фондација.
-
15:17 - 15:19Сега, 18 години подоцна, гордо можам да кажам, минатата година
-
15:19 - 15:22нахранивме два милиони луѓе во 35 земји преку фондацијата,
-
15:23 - 15:24за време на празниците. Ден на благодарноста, Божик,
-
15:24 - 15:25(Аплауз).
-
15:25 - 15:26во повеќе разни земји низ светот.
-
15:26 - 15:27Беше фантастично.
-
15:27 - 15:28(Аплауз).
-
15:28 - 15:29Ви благодарам.
-
15:29 - 15:30(Аплауз).
-
15:30 - 15:32Не ви кажувам за да се фалам, туку затоа што сум горд
-
15:32 - 15:35на луѓето, бидејќи се радуваат што придонесуваат
-
15:35 - 15:38штом ќе добијат шанса да го искусат, а не само да зборуваат за тоа.
-
15:39 - 15:43За крај, а и времето ми истекува, целта која ве оформува,
-
15:44 - 15:45е различна за луѓето. Ги имаме истите потреби,
-
15:46 - 15:48но дали сте навистина чудаци? Дали тоа најмногу го цените,
-
15:48 - 15:52или несигурноста? Овој човек не може да биде навистина чудак
-
15:52 - 15:55доколку се искачил низ тие пештери. Дали сте водени од значајност
-
15:55 - 15:57или од љубов? Нам ни требаат сите шест, но каков и да е
-
15:57 - 15:59вашиот систем за водење, ве носи во различен правец.
-
15:59 - 16:01Кога се насочувате, имате одлука или судбина.
-
16:02 - 16:05Второто парче е мапата. Сфатете ја како оперативен систем
-
16:05 - 16:07кој кажува како да стигнете таму. И мапата на некои луѓе, е
-
16:08 - 16:10"Јас ќе спасам животи, дури и ако умрам за други луѓе,"
-
16:10 - 16:11и тие се пожарникари. Нечиј друг е,
-
16:12 - 16:14"Би убил луѓе за да го направам тоа." Тие се обидуваат да ги постигнат
-
16:14 - 16:18истите потреби на значајност, нели? Тие бараат заслуга од Господ
-
16:18 - 16:20или заслуга од фамилијата, но тие имаат различна мапа.
-
16:20 - 16:22И има седум различни верувања. Не можам да ги наведам
-
16:22 - 16:25зашто сум готов. Последното парче е емоција.
-
16:25 - 16:28Би рекол дека еден од деловите на мапата е времето. За некои луѓе замислата
-
16:28 - 16:31за долг период е 100 години. За некои други е три секунди,
-
16:31 - 16:32што важи за мене.
-
16:32 - 16:33(Смеење).
-
16:33 - 16:35И последната која ја спомнав, ви припадна вам.
-
16:35 - 16:37Доколку имате цел, и имате мапа и да речеме,
-
16:38 - 16:41Не можам да користам Google зашто користам Мекинтош а за него
-
16:41 - 16:43сеуште не е готов, па доколку користите MapQuest, колкумина од вас
-
16:43 - 16:45погрешиле користејќи MapQuest некогаш?
-
16:45 - 16:46(Смеење).
-
16:46 - 16:48Ја користите оваа работа и таа не ви помага. Замислете,
-
16:48 - 16:51доколку вашите верувања не ви гарантираат дека ќе ве одведат каде што сакате?
-
16:51 - 16:52(Смеење).
-
16:52 - 16:54Последната работа е емоцијата.
-
16:54 - 16:58Ќе ви кажам за емоцијата. Постојат 6.000 емоции
-
16:58 - 17:00за кои имаме зборови во Англискиот јазик,
-
17:00 - 17:02кои се само јазично претставување,
-
17:02 - 17:06кое се менува со јазикот. Но доколку вашите доминантни емоции,
-
17:06 - 17:09доколку имав повеќе време, да имам 20.000 луѓе, или 1.000
-
17:09 - 17:11и кога би ги запишале сите емоции кои ги искусиле
-
17:11 - 17:13во текот на една седмица. И да им дадам доволно време.
-
17:14 - 17:15На една страна ги запишуваат охрабрувачките емоции,
-
17:15 - 17:16на другата страна безохрабрувачките.
-
17:16 - 17:18Погодете колку емоции луѓето искусуваат? Помалку од 12.
-
17:19 - 17:22И половина од нив ги тераат да се чувствуваат за никаде. Затоа даваат пет или шест
-
17:22 - 17:25позитивни чувства, нели? Тие се чувствуваат "среќни, среќни,
-
17:25 - 17:28возбудени, о боже, фрустрирани, фрустрирани, извонредно, депримирани".
-
17:29 - 17:31Колкумина од вас познаваат некого кој без оглед на сè
-
17:31 - 17:33наоѓа начин да се изнервира? Колкумина познаваат некој ваков?
-
17:33 - 17:34(Смеење).
-
17:34 - 17:38Или, без оглед на сè, наоѓаат начин да бидат среќни или возбудени.
-
17:38 - 17:40Колкумина познааваат некој ваков? Ајде.
-
17:40 - 17:43Кога се случи 9/11, и со ова завршувам, јас бев на Хаваи.
-
17:44 - 17:47Бев со 2.000 луѓе од 45 земји. Преведувавме
-
17:47 - 17:49истовремено на четири јазици, беше семинар
-
17:49 - 17:52кој траеше една седмица. Претходната ноќ беше наречена
-
17:52 - 17:55"Емотивно управување." Се разбудив, немав план за работа, и реков,
-
17:56 - 17:58имавме огномет, правевме глупости, се забавувавме,
-
17:59 - 18:01и при крајот застанав, имав во план што ќе кажам
-
18:01 - 18:03но никогаш не правам како ќе кажам. И тогаш реков,
-
18:03 - 18:07"Кога луѓето навистина започнуваат да живеат? Кога ќе се соочат со смртта."
-
18:07 - 18:08И потоа пројдов детално низ целата оваа работа,
-
18:09 - 18:11кога би сте си заминале од овој остров, и за девет дена од денес
-
18:11 - 18:14би починале, кому би се јавиле, што би рекле,
-
18:14 - 18:18што би сториле? Тоа всушност беше вечерта кога 9/11 се случи.
-
18:19 - 18:21Една жена дојде на семинарот и кога дојде,
-
18:21 - 18:24нејзиниот претходен дечко бил киднапиран и убиен.
-
18:25 - 18:28Нејзиниот пријател, новиот дечко, сакал да се венчаат, но таа рекла не.
-
18:28 - 18:30Тој рекол, "Доколку заминеш и отидеш на Хаваи, со нас е готово."
-
18:30 - 18:32Таа рекла, "Готово е." Кога завршив таа вечер, таа му се јавила
-
18:32 - 18:35и оставила порака, ова е вистинска приказна, во Светскиот Трговски Центар
-
18:35 - 18:38каде тој работи. Му рекла: "Злато, те сакам, и само сакам да знаеш
-
18:39 - 18:42сакам да се венчаме, Тоа беше глупаво од мене". Таа заспала,
-
18:42 - 18:45бидејќи било 03:00 часот за нас, кога тој и се јавил
-
18:45 - 18:47од зградата и рекол: "Злато, не можам да ти кажам што значи ова."
-
18:48 - 18:50Рекол, "Не знам како да ти го кажам ова,
-
18:50 - 18:52но ти ми го даде најубавиот подарок затоа што јас ќе умрам."
-
18:53 - 18:55И таа ни ја пушташе снимката на сите нас во просторијата.
-
18:55 - 18:58Подоцна беше гостин на Larry King и тој рече, "Веројатно се прашувате
-
18:58 - 19:00како ли ова можело да ви се случи двапати. И тој и рече,
-
19:00 - 19:03"Се што можам да кажам, ова е господова порака за тебе.
-
19:03 - 19:06Отсега натаму, секој ден давај сè од себе, сакај се себе.
-
19:06 - 19:10Не дозволувај нешто да те сопре." Таа заврши, а еден маж стана
-
19:10 - 19:12и и рече, "Јас сум од Пакистан, муслиман,
-
19:13 - 19:15сакам да ве фатам за рака и да речам
-
19:15 - 19:19дека жалам, но, навистина, ова е надокнада." Не можам да ви го кажам остатокот
-
19:19 - 19:22зашто ми истече времето.
-
19:22 - 19:28(Смеење).
-
19:32 - 19:3410 секунди.
-
19:34 - 19:37(Аплауз).
-
19:37 - 19:3910 секунди. Сакам да ве испочитувам до крај. 10 секунди.
-
19:39 - 19:41Она што можам да кажам, го доведов мажот на сцената
-
19:41 - 19:44со еден друг маж од Њујорк кој работел во Светскиот Трговски Центар,
-
19:44 - 19:46зашто имаше околу 200 Њујорчани таму. Повеќе од 50
-
19:46 - 19:49ги изгубиле целите компании, нивните пријатели, ги означуваа на нивните
-
19:49 - 19:52мобилни уреди, еден финансиски брокер, оваа жена од претходно,
-
19:53 - 19:5430 пријатели отпишани затоа што починале.
-
19:55 - 19:58И тогаш на луѓето им реков, "На што ќе се фокусираме?
-
19:59 - 20:01Што значи ова и што ќе правиме?"
-
20:02 - 20:04Ја поведов групата и ги натерав луѓето да се фокусираат,
-
20:04 - 20:06доколку не сте изгубиле никого тој ден, да се фокусирате на тоа
-
20:06 - 20:08како да заслужите некој друг. И од сите луѓе,
-
20:08 - 20:10тогаш една жена стана и беше толку лута што пискаше и викаше.
-
20:11 - 20:12Потоа дознав дека не е од Њујорк, не била американка,
-
20:13 - 20:15таа не познавала никого таму. Ја прашав, "Дали секогаш се лутите?"
-
20:16 - 20:18Таа рече, "Да." Виновните луѓе добија вина, тажните луѓе добија тага.
-
20:19 - 20:22Ги земав овие двајца мажи и направив она што се вика индиректно преговарање.
-
20:22 - 20:25Маж евреин со фамилија на окупирана територија, некој во Њујорк
-
20:25 - 20:28кој би умрел кога би бил на работа тој ден, и овој човек
-
20:28 - 20:29кој сакал да биде терорист и си призна.
-
20:30 - 20:31И здружувањето кое се случи го снимивме,
-
20:32 - 20:34и ќе бидам среќен да ви го пратиме, за да можете да видите
-
20:34 - 20:35што всушност се случи наместо јас да опишам.
-
20:36 - 20:37Двајцата од нив, не само што се зближија и
-
20:38 - 20:39ги променија своите верувања и етика за светот,
-
20:39 - 20:41туку работеа заедно за да ја пренесат, во изминатите четири години,
-
20:42 - 20:44во различни џами и синагоги, идејата
-
20:44 - 20:46како да се создаде мир. И тој напиша книга, која се вика
-
20:46 - 20:50"Мојот џихад, Мојот начин на мир." Значи, трансформацијата може да се случи.
-
20:50 - 20:55Затоа мојата порака до вас е: истражете ја вашата мрежа, мрежата овде,
-
20:56 - 21:00потребите, верувањата, емоциите кои ве контролираат вас.
-
21:00 - 21:03Од две причини: за да имате повеќе да давате, и да постигнувате,
-
21:03 - 21:05сите сакаме тоа да го направиме. Но сакам да кажам давајте,
-
21:05 - 21:07бидејќи тоа ќе ве исполни. И второ,
-
21:07 - 21:10за да го цените, не само да разберете, тоа е разумно,
-
21:10 - 21:13тоа е свеста, но ценете што ги води другите луѓе.
-
21:13 - 21:15Тоа е единствениот начин на кој нашиот свет ќе се промени. Бидете благословени.
-
21:15 - 21:17Ви благодарам. Се надевам дека ова беше корисно.
-
21:17 - 21:20(Аплауз).
- Title:
- Тони Робинс: Зошто го правиме она што го правиме
- Speaker:
- Tony Robbins
- Description:
-
Тони Робинс ги образложува "невидливите сили" кои ги мотивираат нашите активности.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 21:27