(Аплауз)
Благодарам. Морам да кажам дека истовремено сум пред предизвик и возбуден.
Возбуден сум затоа што имам шанса да дадам нешто.
Мојот предизвик е што најкраткиот мој семинар трае 50 часа.
(Смеење)
Не претерувам. Работам во викенди.
Работам повеќе од тоа, тренирам луѓе
но преку вклопување. Како сте научиле странски јазик?
Не го учевте само со учење на правилата,
навлегувате и го повторувате толку често сè додека не стане секојдневие.
И крајната цел зашто сум овде, освен што сум луд,
е дека навистина можам да...
Не сум овде да ве мотивирам, тоа не ви треба.
И многупати луѓето помислуваат дека токму тоа јас го правам,
а јас го работам токму спротивното. Тогаш се случува,
луѓето да ми речат: "Не ми треба мотивација."
И јас велам, "Интересно. Јас тоа не работам."
Јас сум типот "Зошто". Сакам да знам зошто ги правите работите.
Кој е вашиот мотив за дејствување?
Што ве води во животот денес? Не пред 10 години.
Или дали сеуште одите по истата шема. Затоа што верувам
дека невидливата внатрешна сила,
кога е активирана, е најважната работа на светот.
Овде сум зашто верувам дека емоцијата е силата на животот.
Сите ние овде имаме прекрасни мисли.
Се сложувате? Најголемиот дел од нас имаат одлични мисли, нели?
Не знам за останатите видови, но ние сите знаеме како да размислуваме.
И со мислите можеме да рационализираме сè.
Можеме да направиме многу работи. Се сложувам со кажаното од
пред неколку дена дека луѓето работат за сопствениот интерес.
Но сите знаеме дека тоа понекогаш е глупост.
Вие не работите за сопствен интерес постојано,
бидејќи кога емоциите ќе се внесат,
релациите го меннуваат начинот на кој функционираат.
И прекрасно е кога размислуваме интелектуално
за тоа каков е животот на овој свет, и особено
делот од нас кои сме многу паметни, можеме оваа игра да ја играме во нашата глава.
Но навистина сакам да знам што е она што ве води.
И би сакал да ве поканам
на крајот на овој говор, да испитате каде сте денес,
од две причини. Една: за да можете да придонесете повеќе. А друга:
не само да ги разбереме другите луѓе повеќе,
туку и да ги цениме повеќе, и да создаваме онакви врски
кои можат да ги избегнат дел од предизвиците
со кои се среќаваме денес.
Тие само ќе се зголемуваат
со најновата технологија која нè поврзува,
бидејќи нè пресретнува. И ова пресретнување
не секогаш создава поглед на "секој денес разбира секого,
и секој цени секого".
Имав опсесија скоро 30 години, и таа опсесија беше,
"Што ја прави разликата во квалитетот на животот на луѓето?
Што ја прави разликата во нивното делување?"
Зашто тоа е она што почнав да го работам.
Морам да направам резултати сега.
Тоа е она што го работев последниве 30 години. Добивам телефонски повик
кога спортистот „гори“ на националната телевизија,
кога бил во предност пет поини
а сега неможе да поведе.
И морам да сторам нешто токму сега за да има резултат
или ништо не е важно. Ми се јавуваат
кога дете се спрема да се самоубие,
и морам да сторам нешто токму сега. И за 29 години,
среќен сум да кажам дека немам изгубено никого за 29 години.
Тоа не значи дека нема да се случи еден ден. Но досега не се случило,
а причината е разбирањето на човечките потреби за кои сакам да зборувам.
Значи, кога добивам повици за изведби, тоа е една работа.
Како правите одредена промена?
Но исто така, се обидувам да видам што е тоа
што ја обликува човековата способност да придонесува,
да стори нешто над своите можности. Можеби вистинското прашање е,
го набљудувам животот и велам дека има две главни лекции.
Едната е науката за постигнувањето,
преку која се што е направено е усовршено до неверојатно ниво.
"Како го земате невидливото и го правите видливо," нели?
Како ги примате вашите соништа и ги реализирате?
Без оглед дали е тоа вашиот бизнис, придонес кон општеството, пари,
без оглед дали е за вас, за вашето тело, вашата фамилија.
Но другата лекција на животот која ретко е усовршена е уметноста на исполнувањето.
Бидејќи науката е полесна, нели?
Ги знаеме правилата. Вие го пишувате кодот. Го следите
и ги добивате резултатите. Штом ќе ја научите играта
едноставно ја владеете, зарем не?
Но кога ќе дојдеме до исполнувањето, тоа е веќе уметност.
А причината за тоа, е во вреднувањето
и во придонесувањето. Вие самите можете толку многу да чувствувате.
Имав интересен опит да се обидам да одговорам на прашањето
на вистинско прашање, а тоа е која е разликата
во нечиј живот доколку на некого гледате како овие луѓе
на кои сте им дале сè? На пример сите работи
кои рекле дека им требаат. Сте им дале компјутер не од 100 долари,
сте им го дале најдобриот компјутер. Сте им дале љубов,
сте им пружиле уживање. Сте им пружиле утеха.
А овие луѓе честопати, дел од нив ги познавате,
остануваат до крајот на животот со сета љубов, образование, пари
и сè друго, го поминуваат животот во рехабилитациски клиники.
А потоа сретнувате луѓе кои минале низ неверојатни болки,
психолошки, сексуални, духовни, емотивно злоупотребувани,
и не секогаш, но честопати, тие стануваат дел од луѓето
кои најмногу придонесуваат во општеството.
Прашањето кое навистина треба да си го поставиме е, што е тоа?
Што е она што нè обликува? А живееме со култура на опоравување.
Најголемиот дел од нас не го прават тоа, но културата е култура на опоравување.
А што сакам да кажам со тоа е мисловниот склоп дека ние сме нашето минато.
И секој од вас во оваа просторија, не би бил во оваа просторија
доколку сте ја прифатиле таа теорија,
но, најголемиот дел од општеството мисли дека биографијата е судбина.
Минатото е изедначено со иднината. Доколку сеуште живеете таму.
Но она што луѓето овде знаат,
и она што самите треба да се потсетиме
дека можете да знаете нешто, да знаете што да правите
а потоа да не ја користиме, ниту применуваме.
Навистина, ќе се потсетуваме самите
дека одлуката е врвната моќ. Тоа и навистина е.
Сега, кога ќе ги запрашате луѓето,
дали не сте успеале нешто да постигнете?
Колкумина некогаш не успејале да постигнат
нешто значајно во вашиот живот? Кажете, "Јас."
Публика: Јас
ТР: Благодарам за одличната интеракција.
(Смеење)
Но доколку ги прашате луѓето, зошто не сте успеале да постигнете нешто?
Некој кој работи за вас, кој го познавате, или ваш партнер,
или дури и вие самите. Кога нема да постигнете цел,
која е причината која луѓето ја кажуваат дека не успеале?
Што ви кажуваат? Немале доволно...
Немале знаење. Немале пари.
Немале време. Немале технологија.
Го немав вистинскиот менаџер. Го немав...
Ал Гор: Врховниот суд. (Смеење).
ТР: И...
(Аплауз)
и...
(Аплауз)
Што сите овие работи, дури и Врховниот Суд, имаат заедничко?
(Смеење).
Потврдуваат дека ви недостасуваат средства. Може да се во право.
Може да ги немате парите, може да го немате Врховниот Суд,
но тоа не е клучниот фактор.
(Аплауз).
Поправете ме ако грешам.
Клучниот фактор никогаш не се средствата, туку обем на средства и снаодливост..
Мислев, поконкретно, од само излитена фраза,
дека доколку имате емоција, човечка емоција, нешто што сум искусил
од вас завчера, нешто што е толку длабоко внатрешно
како ниедно претходно искуство, и кога би комуницирале со таа емоција
верувам дека би победиле.
(Аплауз)
Но, мене ми лесно да му кажам што би требало да направи.
(Смеење)
"Овој Робинс е идиот." Но знам дека кога ја гледавме дебатата,
имаше емоции кои ја блокираа способноста на луѓето
да ги сфатат интелектот и капацитетот на овој човек.
И начинот на кој тоа допре до некои луѓе тој ден --
бидејќи знам дека луѓето сакаа да гласаат на ваша страна но не гласаа,
и бев лут. Но имаше емоција која постоеше.
Колкумина од вас знаат за што зборувам? Кажете, "Јас."
Публика: Јас
ТР: Значи, емоцијата е. И доколку ја добиеме вистинската емоција,
можеме да се натераме да направиме било што. Можеме да се пробиеме.
Доколку сте доволно креативни, доволно разиграни, доволно забавни,
можете ли да допрете до било кого? Да или не?
Публика: Да.
ТР: Доколку немате пари, но сте креативни и доволно уверени,
ќe најдете начин. Ова е најмоќната алатка.
Но ова не е приказната која луѓето ја кажуваат, нели?
Приказните кои луѓето ни ги кажуваат се куп од различни приказни.
Тие ни кажуваат дека ги немаме средствата, но на крајот,
доколку погледнете овде,
кои се главните причини што не успеале?
Следниот слајд. И сега ми ја расипа шемата, ова копиле.
(Смеење).
Но го ценам трудот.
(Смеење).
Што ги утврдува вашите средства? Рековме дека одлуките ја обликуваат судбината,
тоа е мојот фокус овде. Доколку одлуките ја обликуваат судбината, тогаш ја утврдуваат
само три одлуки. На што ќе се фокусирате?
Потребно е да одлучите на што ќе се фокусирате.
Во овој момент, свесно или несвесно. Штом ќе одлучите
да се фокусирате на нешто - дајте му значење,
и без оглед на значењето, тоа предизвикува емоција.
Дали е ова крајот или почетокот? Дали господ ме казнува
или ме наградува, или дали е ова коцкање?
Емоцијата го создава она што ќе го превземеме како дејство.
Размислете за вашиот живот.
Одлуките кои ја обликувале вашата судбина.
Ова звучи навистина тешко, но во последните пет или десет години,
петнаесет години, колку одлуки што сте ги донеле
сте можеле да ги одлучите поинаку,
со што вашиот живот би бил целосно различен? Колкумина можат се сетат?
Подобро или полошо? Кажете, "Јас".
Публика: Јас
ТР: Значи заклучокот е, можеби одлуката била каде да се вработите,
и таму сте ја запознале љубовта на вашиот живот.
Можеби била одлука за кариера. Генијалците од Google кои ги сретнав овде
разбрав дека нивната првична одлука
била да ја продадат технологијата. Што доколку ја донеле таа одлука
наместо да изградат сопствена култура? Колку поинаков би бил овој свет?
Колку нивните животи би биле поинакви? Нивното влијание?
Историјата на нашиот свет е во овие одлуки.
Кога жена ќе стане и ќе рече, "Не седнувам во задниот дел од автобусот,"
таа не влијаела само на нејзиниот живот. Оваа одлука ја обликувала нашата култура.
Или кога некој ќе застане пред тенк. Или да сте на местото
на Ленс Армстронг, и некој ви каже,
"Имате рак на тестисите." Тоа е навистина тешко за било кој маж,
особено доколку возите велосипед.
(Смеење).
Тоа го имате во вашата глава, во вашите дробови.
Но која била неговата одлука на што да се фокусира?
Поинаква од најголемиот дел од луѓето. Што тоа значело?
Тоа не бил крајот, тоа бил почетокот Што ќе правам?
Продолжува и освојува седум шампионски титули а никогаш не бил шампион
пред да заболи од рак, зашто добил емотивен фитнес,
психолошка сила. Тоа е разликата во човечките суштества
од вкупно три милиони кои ги имам сретнато наоколу.
Тоа е моето истражување. Имав три милиони луѓе
од осумдесет различни земји со кои сум се сретнал
во последните 29 години. По некое време, шемите стануваат препознатливи.
Гледате дека Јужна Америка и Африка
може да се поврзат на одреден начин, нели? Други велат,
"О, тоа звучи смешно." Едноставно е. Што го оформи Ленс?
Што вас ве оформува? Две невидливи сили. Едната е состојбата во која се наоѓаме.
Сите сме имале време.
Доколку сте имале време и сте сториле нешто и потоа
сте помислиле, не можам да верувам дека го реков тоа,
не можам да верувам дека го сторив тоа, беше глупаво. Кој се препознава?
Кажете: "Јас."
Публика: Јас.
ТР: Дали некогаш сте сториле нешто, и потоа сте рекле, "Јас бев!"
(Смеење).
Нели? Тоа не е вашата способност, тоа е вашата состојба.
Вашиот модел за светот е она што ве оформува долгорочно.
Вашиот модел за светот е филтерот. Тоа нè обликува нас.
Тоа е она што ги тера луѓето да носат одлуки.
Кога сакаме да влијаеме на други, мораме да знаеме
што друго веќе влијае на нив.
И тоа се состои од три дела.
Прво, која е вашата цел? Што сакате да постигнете?
Што, лично верувам, не се вашите желби.
Можете да ги добиете вашите желби и цели. Колкумина од вас некогаш постигнале цел
или желба и помислиле, зарем ова е сè ?
Колкумина се препознаваат? Кажете: "Јас."
Публика: Јас.
ТР: Тоа се потребите кои ги имаме. Постојат шест човечки потреби.
Второ, штом откриете која е целта која ве води
и ја разоткриете, вие не ја формирате, туку ја разоткривате
тогаш откривате која е вашата мапа:
кои се верувањата кои ви кажуваат како да ги добиете овие потреби.
Некои луѓе мислат дека за да дојдат до тие потеби треба да го уништат светот,
некои луѓе како да изградат нешто, да создадат нешто, да сакаат некого.
И тука е и горивото кое ќе го изберете. Значи накратко, шест потреби.
Ќе ви кажам кои се. Прво: сигурност.
Овие не се цели или желби, овие се универзални.
Секому е потребна сигурност дека може да избегне болка
и барем малку да се чувствува удобно. Како го постигнувате тоа?
Контролирање други? Развивање вештина? Откажување? Цигара?
И доколку сте целосно сигурни, иронично,
иако на сите тоа ни е потребно,
е како да не сте до крај сигурни за вашето здравје, или за вашите деца,
или пари, за тоа не размислувате многу.
Не сте сигурни дали плафонот ќе издржи да не падне,
нема да слушате ниту еден спикер.
Но доколку трагаме по сигурност поинаку, доколку постигнеме целосна сигурност,
што добиваме? Што чувствувате кога сте сигурни?
Што ќе се случи? Кога ќе се случи?
Како ќе се случи? Што би чувствувале?
Ќе полудите од досада. Затоа, господ,
(Смеење)
ни дал втора човечка потреба, а тоа е несигурноста.
Потребна ни е разлика. Ни треба изненадување.
Колкумина овде сакаат изненадувања? Кажете, "Јас."
Публика: Јас.
ТР: Глупости. Ги сакате само изненадувањата кои ги посакувате.
(Смеење).
Оние кои не ги сакате, ги нарекувате проблем, но ви требаат.
Затоа, разликата е важна. Дали некогаш сте изнајмиле филм
кој веќе сте го гледале? Кому му се случило ова?
(Смеење).
Во ред. Зошто го правите ова? Сигурни сте дека е добар,
сте го читале претходно, сте го гледале, но се надевате
дека минало доволно време да го подзаборавите, дека има разлика.
Третата човечка потреба е критична. Значајност. Сите сакаме да бидеме
важни, посебни, единствени. Можете да го постигнете со правење повеќе пари.
Можете да го постигнете со зголемување на духовноста.
Можете да го постигнете доколку направите
повеќе тетоважи и пирсови на места кои не сакаме да ги знаеме.
Што и да е потребно. Најбрзиот начин за ова,
доколку немате минато, култура, верувања и средства,
е насилството. Доколку ви ставам пиштол на челото
многу брзо станувам значаен.
Од нула до десет. Колку? Десет. Колку сум сигурен
дека ќе ме слушате? 10. Колкава е несигурноста?
Кој знае што ќе е следно? Навистина возбудливо.
Како искачување во пештера или
спуштање надолу. Целосна разлика и несигурност.
Значајно е, нели? Сакате да го ризикувате животот за тоа.
Затоа насилството секогаш било и ќе биде околу нас
освен доколку свесно не се промениме како вид.
Можете да се стекнете со значајност на милион начини,
но за да бидете значајни, потребно е да сте уникатни и различни.
Еве што ни треба: поврзување и љубов - четвртата потреба.
Сите ги сакаме. Многумина остануваат во врска
бидејќи љубовта е застрашувачка. Не сакаат да се повредени.
Кој од овде бил повреден во интимна врска? Речете, "Јас".
(Смеење).
Доколку не кренете рака, ви се случило нешто друго.
(Смеење).
И повторно ќе бидете повредени.
Зарем не се радувате што дојдовте овде?
(Смеење).
Но вистината е дека приврзаност и љубов ни се потребни. Можеме да ги постигнеме преку интимност,
преку пријателство, преку молитва, прошетка во природа.
Доколку ништо не помага, земете си куче. Не мачка. Земете куче,
зашто ако заминете накратко на две минути, исто како да ве немало
шест месеци, кога ќе се појавите пет минути подоцна, нели?
(Смеење).
Овие четири потреби, секој човек бара начин да ги добие.
Дури и ако се лажете себеси, треба да имате подвоени личности.
Првите четири потреби се наречени
потреби на личноста, јас така ги нарекувам.
Последните две потреби се потреби на духот.
И овде доаѓа исполнувањето. Нема да постигнете исполнување
од првите четири. Ќе најдете начин, пушење, пиење, било што,
за да ги постигнете првите четири, но последните две, број пет:
мора да се развивате. Сите го знаеме одговорот.
Доколку не се развивате што сте? Доколку врската не се развива,
доколку бизнисот не се развива, доколку вие не се развивате,
не е важно колку пари имате,
колку пријатели имате, колку луѓе ве сакаат,
ќе се чувствувате пеколно. Причината зашто се развиваме,
е да имаме нешто за да му дадеме вредност.
Бидејќи шестата потреба е да придонесуваме повеќе за сите.
Бидејќи сите знаеме, иако звучи старомодно,
тајната на животот е во давањето. Знаеме дека животот не е за мене,
туку е за нас. Оваа култура го знае тоа. Оваа соба го знае тоа.
Возбудливо е. Кога го гледате Никола овде зборувајќи за
неговиот компјутер од сто долари, највозбудливото нешто е,
овде е гениј, но сега се здоби со порив.
Можете да ја почувствувате разликата во него и тоа е прекрасно.
Тој порив може да трогне други луѓе. Во мојот живот,
јас бев трогнат кога имав 11 години.
Ден на благодарноста: без пари, без храна. Немаше да гладуваме,
но татко ми ја оплеска целата работа. Мајка ми му кажа
колку ја оплескал работата. Некој дојде на врата
и ни донесе јадење. Татко ми донесе три одлуки.
Јасно ми беше кои се. Неговиот фокус беше: "Ова е милостина.
Што тоа значи? Јас сум безвреден, што треба да правам?
Ја напуштам фамилијата". Тоа и го направи. Едно од најболните
искуства во животот. Моите три одлуки ме наведоа на поинаков пат
Си реков, "Фокусирај се дека има храна". Каков концепт...
(Смеење).
Второ, ова е она што ми го промени животот,
она што ме оформи како човечко суштество, "Нечиј подарок,
дури и не знам ни кој беше". Татко ми секогаш велеше,
"Никој не дава ништо". И одеднаш, некој непознат,
без да ни побара нешто, едноставно ни дава храна,
и се грижи за нас. Ма натера да верувам во ова: "Што значи тоа
кога странец се грижи?" И она што ме натера да одлучам,
доколку непознати се грижат за мене и мојата фамилија, и јас се грижам за нив.
Што ќе правам? Ќе направам било што
за да направам разлика. На 17 години, еден ден излегов
на денот на благодарноста. Со години имав за цел да
имам доволно пари за да нахранам две фамилии.
Најзабавната работа која ја имам направено во животот, најтрогателната.
Следната година нахранив четири. Никому не кажав што правам.
Следната година осум. Не го правев тоа заради поени,
но после осмата, си помислив, би можел да побарам помош.
(Смеење).
Доволно сигурен, излегов и што сторив?
Ги вклучив пријателите и создадов компании
а потоа стигнав до 11 компании и изградив фондација.
Сега, 18 години подоцна, гордо можам да кажам, минатата година
нахранивме два милиони луѓе во 35 земји преку фондацијата,
за време на празниците. Ден на благодарноста, Божик,
(Аплауз).
во повеќе разни земји низ светот.
Беше фантастично.
(Аплауз).
Ви благодарам.
(Аплауз).
Не ви кажувам за да се фалам, туку затоа што сум горд
на луѓето, бидејќи се радуваат што придонесуваат
штом ќе добијат шанса да го искусат, а не само да зборуваат за тоа.
За крај, а и времето ми истекува, целта која ве оформува,
е различна за луѓето. Ги имаме истите потреби,
но дали сте навистина чудаци? Дали тоа најмногу го цените,
или несигурноста? Овој човек не може да биде навистина чудак
доколку се искачил низ тие пештери. Дали сте водени од значајност
или од љубов? Нам ни требаат сите шест, но каков и да е
вашиот систем за водење, ве носи во различен правец.
Кога се насочувате, имате одлука или судбина.
Второто парче е мапата. Сфатете ја како оперативен систем
кој кажува како да стигнете таму. И мапата на некои луѓе, е
"Јас ќе спасам животи, дури и ако умрам за други луѓе,"
и тие се пожарникари. Нечиј друг е,
"Би убил луѓе за да го направам тоа." Тие се обидуваат да ги постигнат
истите потреби на значајност, нели? Тие бараат заслуга од Господ
или заслуга од фамилијата, но тие имаат различна мапа.
И има седум различни верувања. Не можам да ги наведам
зашто сум готов. Последното парче е емоција.
Би рекол дека еден од деловите на мапата е времето. За некои луѓе замислата
за долг период е 100 години. За некои други е три секунди,
што важи за мене.
(Смеење).
И последната која ја спомнав, ви припадна вам.
Доколку имате цел, и имате мапа и да речеме,
Не можам да користам Google зашто користам Мекинтош а за него
сеуште не е готов, па доколку користите MapQuest, колкумина од вас
погрешиле користејќи MapQuest некогаш?
(Смеење).
Ја користите оваа работа и таа не ви помага. Замислете,
доколку вашите верувања не ви гарантираат дека ќе ве одведат каде што сакате?
(Смеење).
Последната работа е емоцијата.
Ќе ви кажам за емоцијата. Постојат 6.000 емоции
за кои имаме зборови во Англискиот јазик,
кои се само јазично претставување,
кое се менува со јазикот. Но доколку вашите доминантни емоции,
доколку имав повеќе време, да имам 20.000 луѓе, или 1.000
и кога би ги запишале сите емоции кои ги искусиле
во текот на една седмица. И да им дадам доволно време.
На една страна ги запишуваат охрабрувачките емоции,
на другата страна безохрабрувачките.
Погодете колку емоции луѓето искусуваат? Помалку од 12.
И половина од нив ги тераат да се чувствуваат за никаде. Затоа даваат пет или шест
позитивни чувства, нели? Тие се чувствуваат "среќни, среќни,
возбудени, о боже, фрустрирани, фрустрирани, извонредно, депримирани".
Колкумина од вас познаваат некого кој без оглед на сè
наоѓа начин да се изнервира? Колкумина познаваат некој ваков?
(Смеење).
Или, без оглед на сè, наоѓаат начин да бидат среќни или возбудени.
Колкумина познааваат некој ваков? Ајде.
Кога се случи 9/11, и со ова завршувам, јас бев на Хаваи.
Бев со 2.000 луѓе од 45 земји. Преведувавме
истовремено на четири јазици, беше семинар
кој траеше една седмица. Претходната ноќ беше наречена
"Емотивно управување." Се разбудив, немав план за работа, и реков,
имавме огномет, правевме глупости, се забавувавме,
и при крајот застанав, имав во план што ќе кажам
но никогаш не правам како ќе кажам. И тогаш реков,
"Кога луѓето навистина започнуваат да живеат? Кога ќе се соочат со смртта."
И потоа пројдов детално низ целата оваа работа,
кога би сте си заминале од овој остров, и за девет дена од денес
би починале, кому би се јавиле, што би рекле,
што би сториле? Тоа всушност беше вечерта кога 9/11 се случи.
Една жена дојде на семинарот и кога дојде,
нејзиниот претходен дечко бил киднапиран и убиен.
Нејзиниот пријател, новиот дечко, сакал да се венчаат, но таа рекла не.
Тој рекол, "Доколку заминеш и отидеш на Хаваи, со нас е готово."
Таа рекла, "Готово е." Кога завршив таа вечер, таа му се јавила
и оставила порака, ова е вистинска приказна, во Светскиот Трговски Центар
каде тој работи. Му рекла: "Злато, те сакам, и само сакам да знаеш
сакам да се венчаме, Тоа беше глупаво од мене". Таа заспала,
бидејќи било 03:00 часот за нас, кога тој и се јавил
од зградата и рекол: "Злато, не можам да ти кажам што значи ова."
Рекол, "Не знам како да ти го кажам ова,
но ти ми го даде најубавиот подарок затоа што јас ќе умрам."
И таа ни ја пушташе снимката на сите нас во просторијата.
Подоцна беше гостин на Larry King и тој рече, "Веројатно се прашувате
како ли ова можело да ви се случи двапати. И тој и рече,
"Се што можам да кажам, ова е господова порака за тебе.
Отсега натаму, секој ден давај сè од себе, сакај се себе.
Не дозволувај нешто да те сопре." Таа заврши, а еден маж стана
и и рече, "Јас сум од Пакистан, муслиман,
сакам да ве фатам за рака и да речам
дека жалам, но, навистина, ова е надокнада." Не можам да ви го кажам остатокот
зашто ми истече времето.
(Смеење).
10 секунди.
(Аплауз).
10 секунди. Сакам да ве испочитувам до крај. 10 секунди.
Она што можам да кажам, го доведов мажот на сцената
со еден друг маж од Њујорк кој работел во Светскиот Трговски Центар,
зашто имаше околу 200 Њујорчани таму. Повеќе од 50
ги изгубиле целите компании, нивните пријатели, ги означуваа на нивните
мобилни уреди, еден финансиски брокер, оваа жена од претходно,
30 пријатели отпишани затоа што починале.
И тогаш на луѓето им реков, "На што ќе се фокусираме?
Што значи ова и што ќе правиме?"
Ја поведов групата и ги натерав луѓето да се фокусираат,
доколку не сте изгубиле никого тој ден, да се фокусирате на тоа
како да заслужите некој друг. И од сите луѓе,
тогаш една жена стана и беше толку лута што пискаше и викаше.
Потоа дознав дека не е од Њујорк, не била американка,
таа не познавала никого таму. Ја прашав, "Дали секогаш се лутите?"
Таа рече, "Да." Виновните луѓе добија вина, тажните луѓе добија тага.
Ги земав овие двајца мажи и направив она што се вика индиректно преговарање.
Маж евреин со фамилија на окупирана територија, некој во Њујорк
кој би умрел кога би бил на работа тој ден, и овој човек
кој сакал да биде терорист и си призна.
И здружувањето кое се случи го снимивме,
и ќе бидам среќен да ви го пратиме, за да можете да видите
што всушност се случи наместо јас да опишам.
Двајцата од нив, не само што се зближија и
ги променија своите верувања и етика за светот,
туку работеа заедно за да ја пренесат, во изминатите четири години,
во различни џами и синагоги, идејата
како да се создаде мир. И тој напиша книга, која се вика
"Мојот џихад, Мојот начин на мир." Значи, трансформацијата може да се случи.
Затоа мојата порака до вас е: истражете ја вашата мрежа, мрежата овде,
потребите, верувањата, емоциите кои ве контролираат вас.
Од две причини: за да имате повеќе да давате, и да постигнувате,
сите сакаме тоа да го направиме. Но сакам да кажам давајте,
бидејќи тоа ќе ве исполни. И второ,
за да го цените, не само да разберете, тоа е разумно,
тоа е свеста, но ценете што ги води другите луѓе.
Тоа е единствениот начин на кој нашиот свет ќе се промени. Бидете благословени.
Ви благодарам. Се надевам дека ова беше корисно.
(Аплауз).