WEBVTT 00:00:00.000 --> 00:00:01.000 (Аплауз) 00:00:02.000 --> 00:00:05.000 Благодарам. Морам да кажам дека истовремено сум пред предизвик и возбуден. 00:00:05.000 --> 00:00:08.000 Возбуден сум затоа што имам шанса да дадам нешто. 00:00:08.000 --> 00:00:12.000 Мојот предизвик е што најкраткиот мој семинар трае 50 часа. 00:00:12.000 --> 00:00:13.000 (Смеење) 00:00:13.000 --> 00:00:16.000 Не претерувам. Работам во викенди. 00:00:16.000 --> 00:00:17.000 Работам повеќе од тоа, тренирам луѓе 00:00:17.000 --> 00:00:20.000 но преку вклопување. Како сте научиле странски јазик? 00:00:20.000 --> 00:00:22.000 Не го учевте само со учење на правилата, 00:00:22.000 --> 00:00:25.000 навлегувате и го повторувате толку често сè додека не стане секојдневие. NOTE Paragraph 00:00:25.000 --> 00:00:28.000 И крајната цел зашто сум овде, освен што сум луд, 00:00:28.000 --> 00:00:30.000 е дека навистина можам да... 00:00:30.000 --> 00:00:32.000 Не сум овде да ве мотивирам, тоа не ви треба. 00:00:32.000 --> 00:00:34.000 И многупати луѓето помислуваат дека токму тоа јас го правам, 00:00:34.000 --> 00:00:37.000 а јас го работам токму спротивното. Тогаш се случува, 00:00:38.000 --> 00:00:39.000 луѓето да ми речат: "Не ми треба мотивација." 00:00:39.000 --> 00:00:41.000 И јас велам, "Интересно. Јас тоа не работам." 00:00:41.000 --> 00:00:45.000 Јас сум типот "Зошто". Сакам да знам зошто ги правите работите. NOTE Paragraph 00:00:45.000 --> 00:00:47.000 Кој е вашиот мотив за дејствување? 00:00:48.000 --> 00:00:51.000 Што ве води во животот денес? Не пред 10 години. 00:00:51.000 --> 00:00:53.000 Или дали сеуште одите по истата шема. Затоа што верувам 00:00:53.000 --> 00:00:56.000 дека невидливата внатрешна сила, 00:00:56.000 --> 00:00:58.000 кога е активирана, е најважната работа на светот. 00:00:58.000 --> 00:01:02.000 Овде сум зашто верувам дека емоцијата е силата на животот. 00:01:02.000 --> 00:01:04.000 Сите ние овде имаме прекрасни мисли. 00:01:04.000 --> 00:01:06.000 Се сложувате? Најголемиот дел од нас имаат одлични мисли, нели? 00:01:07.000 --> 00:01:09.000 Не знам за останатите видови, но ние сите знаеме како да размислуваме. 00:01:09.000 --> 00:01:10.000 И со мислите можеме да рационализираме сè. 00:01:11.000 --> 00:01:14.000 Можеме да направиме многу работи. Се сложувам со кажаното од 00:01:14.000 --> 00:01:17.000 пред неколку дена дека луѓето работат за сопствениот интерес. NOTE Paragraph 00:01:17.000 --> 00:01:19.000 Но сите знаеме дека тоа понекогаш е глупост. 00:01:20.000 --> 00:01:22.000 Вие не работите за сопствен интерес постојано, 00:01:23.000 --> 00:01:24.000 бидејќи кога емоциите ќе се внесат, 00:01:24.000 --> 00:01:26.000 релациите го меннуваат начинот на кој функционираат. 00:01:27.000 --> 00:01:29.000 И прекрасно е кога размислуваме интелектуално 00:01:29.000 --> 00:01:31.000 за тоа каков е животот на овој свет, и особено 00:01:31.000 --> 00:01:33.000 делот од нас кои сме многу паметни, можеме оваа игра да ја играме во нашата глава. 00:01:33.000 --> 00:01:35.000 Но навистина сакам да знам што е она што ве води. NOTE Paragraph 00:01:35.000 --> 00:01:37.000 И би сакал да ве поканам 00:01:37.000 --> 00:01:40.000 на крајот на овој говор, да испитате каде сте денес, 00:01:40.000 --> 00:01:43.000 од две причини. Една: за да можете да придонесете повеќе. А друга: 00:01:44.000 --> 00:01:46.000 не само да ги разбереме другите луѓе повеќе, 00:01:46.000 --> 00:01:49.000 туку и да ги цениме повеќе, и да создаваме онакви врски 00:01:49.000 --> 00:01:51.000 кои можат да ги избегнат дел од предизвиците 00:01:51.000 --> 00:01:52.000 со кои се среќаваме денес. 00:01:52.000 --> 00:01:54.000 Тие само ќе се зголемуваат 00:01:54.000 --> 00:01:55.000 со најновата технологија која нè поврзува, 00:01:56.000 --> 00:01:59.000 бидејќи нè пресретнува. И ова пресретнување 00:01:59.000 --> 00:02:02.000 не секогаш создава поглед на "секој денес разбира секого, 00:02:02.000 --> 00:02:04.000 и секој цени секого". NOTE Paragraph 00:02:04.000 --> 00:02:08.000 Имав опсесија скоро 30 години, и таа опсесија беше, 00:02:09.000 --> 00:02:11.000 "Што ја прави разликата во квалитетот на животот на луѓето? 00:02:12.000 --> 00:02:13.000 Што ја прави разликата во нивното делување?" 00:02:13.000 --> 00:02:14.000 Зашто тоа е она што почнав да го работам. 00:02:14.000 --> 00:02:15.000 Морам да направам резултати сега. 00:02:15.000 --> 00:02:18.000 Тоа е она што го работев последниве 30 години. Добивам телефонски повик 00:02:18.000 --> 00:02:21.000 кога спортистот „гори“ на националната телевизија, 00:02:21.000 --> 00:02:23.000 кога бил во предност пет поини 00:02:23.000 --> 00:02:24.000 а сега неможе да поведе. 00:02:25.000 --> 00:02:26.000 И морам да сторам нешто токму сега за да има резултат 00:02:26.000 --> 00:02:28.000 или ништо не е важно. Ми се јавуваат 00:02:29.000 --> 00:02:30.000 кога дете се спрема да се самоубие, 00:02:31.000 --> 00:02:33.000 и морам да сторам нешто токму сега. И за 29 години, 00:02:33.000 --> 00:02:36.000 среќен сум да кажам дека немам изгубено никого за 29 години. 00:02:36.000 --> 00:02:38.000 Тоа не значи дека нема да се случи еден ден. Но досега не се случило, 00:02:38.000 --> 00:02:40.000 а причината е разбирањето на човечките потреби за кои сакам да зборувам. NOTE Paragraph 00:02:40.000 --> 00:02:43.000 Значи, кога добивам повици за изведби, тоа е една работа. 00:02:43.000 --> 00:02:45.000 Како правите одредена промена? 00:02:46.000 --> 00:02:49.000 Но исто така, се обидувам да видам што е тоа 00:02:49.000 --> 00:02:51.000 што ја обликува човековата способност да придонесува, 00:02:52.000 --> 00:02:55.000 да стори нешто над своите можности. Можеби вистинското прашање е, 00:02:55.000 --> 00:02:58.000 го набљудувам животот и велам дека има две главни лекции. 00:02:58.000 --> 00:03:00.000 Едната е науката за постигнувањето, 00:03:00.000 --> 00:03:02.000 преку која се што е направено е усовршено до неверојатно ниво. 00:03:03.000 --> 00:03:05.000 "Како го земате невидливото и го правите видливо," нели? 00:03:05.000 --> 00:03:07.000 Како ги примате вашите соништа и ги реализирате? 00:03:07.000 --> 00:03:09.000 Без оглед дали е тоа вашиот бизнис, придонес кон општеството, пари, 00:03:10.000 --> 00:03:11.000 без оглед дали е за вас, за вашето тело, вашата фамилија. NOTE Paragraph 00:03:12.000 --> 00:03:14.000 Но другата лекција на животот која ретко е усовршена е уметноста на исполнувањето. 00:03:14.000 --> 00:03:17.000 Бидејќи науката е полесна, нели? 00:03:17.000 --> 00:03:19.000 Ги знаеме правилата. Вие го пишувате кодот. Го следите 00:03:20.000 --> 00:03:21.000 и ги добивате резултатите. Штом ќе ја научите играта 00:03:21.000 --> 00:03:23.000 едноставно ја владеете, зарем не? 00:03:24.000 --> 00:03:26.000 Но кога ќе дојдеме до исполнувањето, тоа е веќе уметност. 00:03:26.000 --> 00:03:28.000 А причината за тоа, е во вреднувањето 00:03:28.000 --> 00:03:31.000 и во придонесувањето. Вие самите можете толку многу да чувствувате. 00:03:32.000 --> 00:03:35.000 Имав интересен опит да се обидам да одговорам на прашањето 00:03:35.000 --> 00:03:36.000 на вистинско прашање, а тоа е која е разликата 00:03:36.000 --> 00:03:39.000 во нечиј живот доколку на некого гледате како овие луѓе 00:03:39.000 --> 00:03:42.000 на кои сте им дале сè? На пример сите работи 00:03:42.000 --> 00:03:44.000 кои рекле дека им требаат. Сте им дале компјутер не од 100 долари, 00:03:44.000 --> 00:03:46.000 сте им го дале најдобриот компјутер. Сте им дале љубов, 00:03:46.000 --> 00:03:47.000 сте им пружиле уживање. Сте им пружиле утеха. 00:03:48.000 --> 00:03:50.000 А овие луѓе честопати, дел од нив ги познавате, 00:03:51.000 --> 00:03:53.000 остануваат до крајот на животот со сета љубов, образование, пари 00:03:53.000 --> 00:03:56.000 и сè друго, го поминуваат животот во рехабилитациски клиники. 00:03:57.000 --> 00:03:59.000 А потоа сретнувате луѓе кои минале низ неверојатни болки, 00:04:00.000 --> 00:04:03.000 психолошки, сексуални, духовни, емотивно злоупотребувани, 00:04:03.000 --> 00:04:05.000 и не секогаш, но честопати, тие стануваат дел од луѓето 00:04:05.000 --> 00:04:08.000 кои најмногу придонесуваат во општеството. NOTE Paragraph 00:04:08.000 --> 00:04:11.000 Прашањето кое навистина треба да си го поставиме е, што е тоа? 00:04:12.000 --> 00:04:14.000 Што е она што нè обликува? А живееме со култура на опоравување. 00:04:15.000 --> 00:04:17.000 Најголемиот дел од нас не го прават тоа, но културата е култура на опоравување. 00:04:17.000 --> 00:04:19.000 А што сакам да кажам со тоа е мисловниот склоп дека ние сме нашето минато. 00:04:20.000 --> 00:04:22.000 И секој од вас во оваа просторија, не би бил во оваа просторија 00:04:22.000 --> 00:04:23.000 доколку сте ја прифатиле таа теорија, 00:04:23.000 --> 00:04:25.000 но, најголемиот дел од општеството мисли дека биографијата е судбина. 00:04:26.000 --> 00:04:29.000 Минатото е изедначено со иднината. Доколку сеуште живеете таму. 00:04:29.000 --> 00:04:30.000 Но она што луѓето овде знаат, 00:04:31.000 --> 00:04:32.000 и она што самите треба да се потсетиме 00:04:32.000 --> 00:04:34.000 дека можете да знаете нешто, да знаете што да правите 00:04:35.000 --> 00:04:36.000 а потоа да не ја користиме, ниту применуваме. NOTE Paragraph 00:04:37.000 --> 00:04:38.000 Навистина, ќе се потсетуваме самите 00:04:38.000 --> 00:04:41.000 дека одлуката е врвната моќ. Тоа и навистина е. 00:04:41.000 --> 00:04:43.000 Сега, кога ќе ги запрашате луѓето, 00:04:43.000 --> 00:04:44.000 дали не сте успеале нешто да постигнете? 00:04:44.000 --> 00:04:46.000 Колкумина некогаш не успејале да постигнат 00:04:46.000 --> 00:04:47.000 нешто значајно во вашиот живот? Кажете, "Јас." NOTE Paragraph 00:04:48.000 --> 00:04:49.000 Публика: Јас NOTE Paragraph 00:04:49.000 --> 00:04:50.000 ТР: Благодарам за одличната интеракција. 00:04:51.000 --> 00:04:52.000 (Смеење) NOTE Paragraph 00:04:52.000 --> 00:04:55.000 Но доколку ги прашате луѓето, зошто не сте успеале да постигнете нешто? 00:04:55.000 --> 00:04:57.000 Некој кој работи за вас, кој го познавате, или ваш партнер, 00:04:57.000 --> 00:04:59.000 или дури и вие самите. Кога нема да постигнете цел, 00:04:59.000 --> 00:05:01.000 која е причината која луѓето ја кажуваат дека не успеале? 00:05:01.000 --> 00:05:03.000 Што ви кажуваат? Немале доволно... 00:05:04.000 --> 00:05:06.000 Немале знаење. Немале пари. 00:05:06.000 --> 00:05:11.000 Немале време. Немале технологија. 00:05:11.000 --> 00:05:14.000 Го немав вистинскиот менаџер. Го немав... NOTE Paragraph 00:05:14.000 --> 00:05:18.000 Ал Гор: Врховниот суд. (Смеење). NOTE Paragraph 00:05:28.000 --> 00:05:30.000 ТР: И... 00:05:30.000 --> 00:05:32.000 (Аплауз) 00:05:32.000 --> 00:05:33.000 и... 00:05:33.000 --> 00:05:36.000 (Аплауз) 00:05:36.000 --> 00:05:38.000 Што сите овие работи, дури и Врховниот Суд, имаат заедничко? 00:05:38.000 --> 00:05:40.000 (Смеење). 00:05:41.000 --> 00:05:45.000 Потврдуваат дека ви недостасуваат средства. Може да се во право. 00:05:45.000 --> 00:05:47.000 Може да ги немате парите, може да го немате Врховниот Суд, 00:05:48.000 --> 00:05:50.000 но тоа не е клучниот фактор. 00:05:50.000 --> 00:05:56.000 (Аплауз). 00:05:56.000 --> 00:05:57.000 Поправете ме ако грешам. 00:05:59.000 --> 00:06:01.000 Клучниот фактор никогаш не се средствата, туку обем на средства и снаодливост.. 00:06:02.000 --> 00:06:04.000 Мислев, поконкретно, од само излитена фраза, 00:06:04.000 --> 00:06:09.000 дека доколку имате емоција, човечка емоција, нешто што сум искусил 00:06:09.000 --> 00:06:12.000 од вас завчера, нешто што е толку длабоко внатрешно 00:06:13.000 --> 00:06:15.000 како ниедно претходно искуство, и кога би комуницирале со таа емоција 00:06:15.000 --> 00:06:16.000 верувам дека би победиле. 00:06:17.000 --> 00:06:22.000 (Аплауз) NOTE Paragraph 00:06:22.000 --> 00:06:26.000 Но, мене ми лесно да му кажам што би требало да направи. 00:06:26.000 --> 00:06:28.000 (Смеење) 00:06:28.000 --> 00:06:35.000 "Овој Робинс е идиот." Но знам дека кога ја гледавме дебатата, 00:06:36.000 --> 00:06:38.000 имаше емоции кои ја блокираа способноста на луѓето 00:06:38.000 --> 00:06:40.000 да ги сфатат интелектот и капацитетот на овој човек. 00:06:40.000 --> 00:06:42.000 И начинот на кој тоа допре до некои луѓе тој ден -- 00:06:42.000 --> 00:06:45.000 бидејќи знам дека луѓето сакаа да гласаат на ваша страна но не гласаа, 00:06:46.000 --> 00:06:49.000 и бев лут. Но имаше емоција која постоеше. 00:06:49.000 --> 00:06:50.000 Колкумина од вас знаат за што зборувам? Кажете, "Јас." NOTE Paragraph 00:06:51.000 --> 00:06:52.000 Публика: Јас NOTE Paragraph 00:06:52.000 --> 00:06:54.000 ТР: Значи, емоцијата е. И доколку ја добиеме вистинската емоција, 00:06:55.000 --> 00:06:57.000 можеме да се натераме да направиме било што. Можеме да се пробиеме. 00:06:57.000 --> 00:06:59.000 Доколку сте доволно креативни, доволно разиграни, доволно забавни, 00:06:59.000 --> 00:07:00.000 можете ли да допрете до било кого? Да или не? NOTE Paragraph 00:07:01.000 --> 00:07:02.000 Публика: Да. NOTE Paragraph 00:07:02.000 --> 00:07:03.000 ТР: Доколку немате пари, но сте креативни и доволно уверени, 00:07:03.000 --> 00:07:06.000 ќe најдете начин. Ова е најмоќната алатка. 00:07:06.000 --> 00:07:09.000 Но ова не е приказната која луѓето ја кажуваат, нели? 00:07:09.000 --> 00:07:11.000 Приказните кои луѓето ни ги кажуваат се куп од различни приказни. 00:07:11.000 --> 00:07:13.000 Тие ни кажуваат дека ги немаме средствата, но на крајот, 00:07:13.000 --> 00:07:15.000 доколку погледнете овде, 00:07:16.000 --> 00:07:17.000 кои се главните причини што не успеале? 00:07:18.000 --> 00:07:21.000 Следниот слајд. И сега ми ја расипа шемата, ова копиле. 00:07:21.000 --> 00:07:25.000 (Смеење). 00:07:25.000 --> 00:07:26.000 Но го ценам трудот. 00:07:26.000 --> 00:07:28.000 (Смеење). NOTE Paragraph 00:07:28.000 --> 00:07:31.000 Што ги утврдува вашите средства? Рековме дека одлуките ја обликуваат судбината, 00:07:31.000 --> 00:07:35.000 тоа е мојот фокус овде. Доколку одлуките ја обликуваат судбината, тогаш ја утврдуваат 00:07:35.000 --> 00:07:37.000 само три одлуки. На што ќе се фокусирате? 00:07:37.000 --> 00:07:39.000 Потребно е да одлучите на што ќе се фокусирате. 00:07:39.000 --> 00:07:41.000 Во овој момент, свесно или несвесно. Штом ќе одлучите 00:07:42.000 --> 00:07:43.000 да се фокусирате на нешто - дајте му значење, 00:07:44.000 --> 00:07:46.000 и без оглед на значењето, тоа предизвикува емоција. 00:07:46.000 --> 00:07:49.000 Дали е ова крајот или почетокот? Дали господ ме казнува 00:07:49.000 --> 00:07:51.000 или ме наградува, или дали е ова коцкање? 00:07:52.000 --> 00:07:55.000 Емоцијата го создава она што ќе го превземеме како дејство. NOTE Paragraph 00:07:55.000 --> 00:07:56.000 Размислете за вашиот живот. 00:07:57.000 --> 00:07:58.000 Одлуките кои ја обликувале вашата судбина. 00:07:59.000 --> 00:08:01.000 Ова звучи навистина тешко, но во последните пет или десет години, 00:08:02.000 --> 00:08:03.000 петнаесет години, колку одлуки што сте ги донеле 00:08:03.000 --> 00:08:05.000 сте можеле да ги одлучите поинаку, 00:08:05.000 --> 00:08:08.000 со што вашиот живот би бил целосно различен? Колкумина можат се сетат? 00:08:08.000 --> 00:08:09.000 Подобро или полошо? Кажете, "Јас". NOTE Paragraph 00:08:10.000 --> 00:08:11.000 Публика: Јас NOTE Paragraph 00:08:11.000 --> 00:08:13.000 ТР: Значи заклучокот е, можеби одлуката била каде да се вработите, 00:08:13.000 --> 00:08:14.000 и таму сте ја запознале љубовта на вашиот живот. 00:08:15.000 --> 00:08:17.000 Можеби била одлука за кариера. Генијалците од Google кои ги сретнав овде 00:08:18.000 --> 00:08:19.000 разбрав дека нивната првична одлука 00:08:20.000 --> 00:08:22.000 била да ја продадат технологијата. Што доколку ја донеле таа одлука 00:08:23.000 --> 00:08:25.000 наместо да изградат сопствена култура? Колку поинаков би бил овој свет? 00:08:25.000 --> 00:08:27.000 Колку нивните животи би биле поинакви? Нивното влијание? 00:08:28.000 --> 00:08:30.000 Историјата на нашиот свет е во овие одлуки. 00:08:30.000 --> 00:08:33.000 Кога жена ќе стане и ќе рече, "Не седнувам во задниот дел од автобусот," 00:08:34.000 --> 00:08:37.000 таа не влијаела само на нејзиниот живот. Оваа одлука ја обликувала нашата култура. 00:08:37.000 --> 00:08:40.000 Или кога некој ќе застане пред тенк. Или да сте на местото 00:08:41.000 --> 00:08:42.000 на Ленс Армстронг, и некој ви каже, 00:08:43.000 --> 00:08:45.000 "Имате рак на тестисите." Тоа е навистина тешко за било кој маж, 00:08:46.000 --> 00:08:47.000 особено доколку возите велосипед. 00:08:47.000 --> 00:08:49.000 (Смеење). 00:08:49.000 --> 00:08:51.000 Тоа го имате во вашата глава, во вашите дробови. 00:08:51.000 --> 00:08:53.000 Но која била неговата одлука на што да се фокусира? 00:08:54.000 --> 00:08:55.000 Поинаква од најголемиот дел од луѓето. Што тоа значело? 00:08:55.000 --> 00:08:57.000 Тоа не бил крајот, тоа бил почетокот Што ќе правам? 00:08:57.000 --> 00:09:00.000 Продолжува и освојува седум шампионски титули а никогаш не бил шампион 00:09:00.000 --> 00:09:02.000 пред да заболи од рак, зашто добил емотивен фитнес, 00:09:03.000 --> 00:09:06.000 психолошка сила. Тоа е разликата во човечките суштества 00:09:06.000 --> 00:09:08.000 од вкупно три милиони кои ги имам сретнато наоколу. NOTE Paragraph 00:09:08.000 --> 00:09:10.000 Тоа е моето истражување. Имав три милиони луѓе 00:09:11.000 --> 00:09:13.000 од осумдесет различни земји со кои сум се сретнал 00:09:13.000 --> 00:09:17.000 во последните 29 години. По некое време, шемите стануваат препознатливи. 00:09:17.000 --> 00:09:19.000 Гледате дека Јужна Америка и Африка 00:09:19.000 --> 00:09:22.000 може да се поврзат на одреден начин, нели? Други велат, 00:09:22.000 --> 00:09:25.000 "О, тоа звучи смешно." Едноставно е. Што го оформи Ленс? 00:09:25.000 --> 00:09:30.000 Што вас ве оформува? Две невидливи сили. Едната е состојбата во која се наоѓаме. 00:09:31.000 --> 00:09:32.000 Сите сме имале време. 00:09:32.000 --> 00:09:34.000 Доколку сте имале време и сте сториле нешто и потоа 00:09:34.000 --> 00:09:35.000 сте помислиле, не можам да верувам дека го реков тоа, 00:09:36.000 --> 00:09:38.000 не можам да верувам дека го сторив тоа, беше глупаво. Кој се препознава? 00:09:38.000 --> 00:09:39.000 Кажете: "Јас." NOTE Paragraph 00:09:39.000 --> 00:09:40.000 Публика: Јас. NOTE Paragraph 00:09:40.000 --> 00:09:42.000 ТР: Дали некогаш сте сториле нешто, и потоа сте рекле, "Јас бев!" 00:09:42.000 --> 00:09:44.000 (Смеење). 00:09:44.000 --> 00:09:46.000 Нели? Тоа не е вашата способност, тоа е вашата состојба. 00:09:47.000 --> 00:09:49.000 Вашиот модел за светот е она што ве оформува долгорочно. 00:09:50.000 --> 00:09:53.000 Вашиот модел за светот е филтерот. Тоа нè обликува нас. 00:09:53.000 --> 00:09:54.000 Тоа е она што ги тера луѓето да носат одлуки. 00:09:55.000 --> 00:09:56.000 Кога сакаме да влијаеме на други, мораме да знаеме 00:09:56.000 --> 00:09:57.000 што друго веќе влијае на нив. 00:09:58.000 --> 00:09:59.000 И тоа се состои од три дела. 00:10:00.000 --> 00:10:02.000 Прво, која е вашата цел? Што сакате да постигнете? 00:10:02.000 --> 00:10:04.000 Што, лично верувам, не се вашите желби. 00:10:04.000 --> 00:10:06.000 Можете да ги добиете вашите желби и цели. Колкумина од вас некогаш постигнале цел 00:10:06.000 --> 00:10:08.000 или желба и помислиле, зарем ова е сè ? 00:10:08.000 --> 00:10:09.000 Колкумина се препознаваат? Кажете: "Јас." NOTE Paragraph 00:10:09.000 --> 00:10:10.000 Публика: Јас. NOTE Paragraph 00:10:10.000 --> 00:10:13.000 ТР: Тоа се потребите кои ги имаме. Постојат шест човечки потреби. 00:10:13.000 --> 00:10:16.000 Второ, штом откриете која е целта која ве води 00:10:16.000 --> 00:10:19.000 и ја разоткриете, вие не ја формирате, туку ја разоткривате 00:10:19.000 --> 00:10:20.000 тогаш откривате која е вашата мапа: 00:10:20.000 --> 00:10:23.000 кои се верувањата кои ви кажуваат како да ги добиете овие потреби. 00:10:23.000 --> 00:10:25.000 Некои луѓе мислат дека за да дојдат до тие потеби треба да го уништат светот, 00:10:25.000 --> 00:10:28.000 некои луѓе како да изградат нешто, да создадат нешто, да сакаат некого. 00:10:29.000 --> 00:10:32.000 И тука е и горивото кое ќе го изберете. Значи накратко, шест потреби. NOTE Paragraph 00:10:32.000 --> 00:10:34.000 Ќе ви кажам кои се. Прво: сигурност. 00:10:34.000 --> 00:10:36.000 Овие не се цели или желби, овие се универзални. 00:10:37.000 --> 00:10:38.000 Секому е потребна сигурност дека може да избегне болка 00:10:38.000 --> 00:10:40.000 и барем малку да се чувствува удобно. Како го постигнувате тоа? 00:10:40.000 --> 00:10:44.000 Контролирање други? Развивање вештина? Откажување? Цигара? 00:10:45.000 --> 00:10:47.000 И доколку сте целосно сигурни, иронично, 00:10:47.000 --> 00:10:48.000 иако на сите тоа ни е потребно, 00:10:48.000 --> 00:10:50.000 е како да не сте до крај сигурни за вашето здравје, или за вашите деца, 00:10:50.000 --> 00:10:52.000 или пари, за тоа не размислувате многу. 00:10:52.000 --> 00:10:53.000 Не сте сигурни дали плафонот ќе издржи да не падне, 00:10:53.000 --> 00:10:54.000 нема да слушате ниту еден спикер. 00:10:55.000 --> 00:10:58.000 Но доколку трагаме по сигурност поинаку, доколку постигнеме целосна сигурност, 00:10:59.000 --> 00:11:00.000 што добиваме? Што чувствувате кога сте сигурни? 00:11:00.000 --> 00:11:01.000 Што ќе се случи? Кога ќе се случи? 00:11:01.000 --> 00:11:02.000 Како ќе се случи? Што би чувствувале? 00:11:03.000 --> 00:11:06.000 Ќе полудите од досада. Затоа, господ, 00:11:06.000 --> 00:11:07.000 (Смеење) 00:11:07.000 --> 00:11:10.000 ни дал втора човечка потреба, а тоа е несигурноста. 00:11:10.000 --> 00:11:12.000 Потребна ни е разлика. Ни треба изненадување. 00:11:13.000 --> 00:11:14.000 Колкумина овде сакаат изненадувања? Кажете, "Јас." NOTE Paragraph 00:11:15.000 --> 00:11:16.000 Публика: Јас. NOTE Paragraph 00:11:16.000 --> 00:11:17.000 ТР: Глупости. Ги сакате само изненадувањата кои ги посакувате. 00:11:17.000 --> 00:11:19.000 (Смеење). 00:11:19.000 --> 00:11:22.000 Оние кои не ги сакате, ги нарекувате проблем, но ви требаат. 00:11:22.000 --> 00:11:25.000 Затоа, разликата е важна. Дали некогаш сте изнајмиле филм 00:11:25.000 --> 00:11:29.000 кој веќе сте го гледале? Кому му се случило ова? 00:11:29.000 --> 00:11:31.000 (Смеење). 00:11:31.000 --> 00:11:33.000 Во ред. Зошто го правите ова? Сигурни сте дека е добар, 00:11:33.000 --> 00:11:35.000 сте го читале претходно, сте го гледале, но се надевате 00:11:35.000 --> 00:11:37.000 дека минало доволно време да го подзаборавите, дека има разлика. NOTE Paragraph 00:11:38.000 --> 00:11:41.000 Третата човечка потреба е критична. Значајност. Сите сакаме да бидеме 00:11:41.000 --> 00:11:44.000 важни, посебни, единствени. Можете да го постигнете со правење повеќе пари. 00:11:44.000 --> 00:11:46.000 Можете да го постигнете со зголемување на духовноста. 00:11:46.000 --> 00:11:48.000 Можете да го постигнете доколку направите 00:11:48.000 --> 00:11:51.000 повеќе тетоважи и пирсови на места кои не сакаме да ги знаеме. 00:11:52.000 --> 00:11:55.000 Што и да е потребно. Најбрзиот начин за ова, 00:11:55.000 --> 00:11:57.000 доколку немате минато, култура, верувања и средства, 00:11:57.000 --> 00:12:00.000 е насилството. Доколку ви ставам пиштол на челото 00:12:00.000 --> 00:12:02.000 многу брзо станувам значаен. 00:12:02.000 --> 00:12:05.000 Од нула до десет. Колку? Десет. Колку сум сигурен 00:12:05.000 --> 00:12:08.000 дека ќе ме слушате? 10. Колкава е несигурноста? 00:12:09.000 --> 00:12:10.000 Кој знае што ќе е следно? Навистина возбудливо. 00:12:10.000 --> 00:12:13.000 Како искачување во пештера или 00:12:13.000 --> 00:12:15.000 спуштање надолу. Целосна разлика и несигурност. 00:12:15.000 --> 00:12:18.000 Значајно е, нели? Сакате да го ризикувате животот за тоа. 00:12:19.000 --> 00:12:21.000 Затоа насилството секогаш било и ќе биде околу нас 00:12:21.000 --> 00:12:23.000 освен доколку свесно не се промениме како вид. 00:12:24.000 --> 00:12:25.000 Можете да се стекнете со значајност на милион начини, 00:12:25.000 --> 00:12:27.000 но за да бидете значајни, потребно е да сте уникатни и различни. NOTE Paragraph 00:12:27.000 --> 00:12:30.000 Еве што ни треба: поврзување и љубов - четвртата потреба. 00:12:31.000 --> 00:12:33.000 Сите ги сакаме. Многумина остануваат во врска 00:12:33.000 --> 00:12:35.000 бидејќи љубовта е застрашувачка. Не сакаат да се повредени. 00:12:35.000 --> 00:12:38.000 Кој од овде бил повреден во интимна врска? Речете, "Јас". 00:12:38.000 --> 00:12:39.000 (Смеење). 00:12:39.000 --> 00:12:41.000 Доколку не кренете рака, ви се случило нешто друго. 00:12:41.000 --> 00:12:42.000 (Смеење). 00:12:42.000 --> 00:12:43.000 И повторно ќе бидете повредени. 00:12:43.000 --> 00:12:45.000 Зарем не се радувате што дојдовте овде? 00:12:45.000 --> 00:12:46.000 (Смеење). 00:12:46.000 --> 00:12:49.000 Но вистината е дека приврзаност и љубов ни се потребни. Можеме да ги постигнеме преку интимност, 00:12:49.000 --> 00:12:52.000 преку пријателство, преку молитва, прошетка во природа. 00:12:53.000 --> 00:12:55.000 Доколку ништо не помага, земете си куче. Не мачка. Земете куче, 00:12:55.000 --> 00:12:57.000 зашто ако заминете накратко на две минути, исто како да ве немало 00:12:57.000 --> 00:12:59.000 шест месеци, кога ќе се појавите пет минути подоцна, нели? 00:12:59.000 --> 00:13:00.000 (Смеење). NOTE Paragraph 00:13:00.000 --> 00:13:02.000 Овие четири потреби, секој човек бара начин да ги добие. 00:13:03.000 --> 00:13:05.000 Дури и ако се лажете себеси, треба да имате подвоени личности. 00:13:06.000 --> 00:13:09.000 Првите четири потреби се наречени 00:13:09.000 --> 00:13:11.000 потреби на личноста, јас така ги нарекувам. 00:13:11.000 --> 00:13:13.000 Последните две потреби се потреби на духот. 00:13:14.000 --> 00:13:16.000 И овде доаѓа исполнувањето. Нема да постигнете исполнување 00:13:16.000 --> 00:13:19.000 од првите четири. Ќе најдете начин, пушење, пиење, било што, 00:13:19.000 --> 00:13:20.000 за да ги постигнете првите четири, но последните две, број пет: 00:13:21.000 --> 00:13:23.000 мора да се развивате. Сите го знаеме одговорот. 00:13:23.000 --> 00:13:26.000 Доколку не се развивате што сте? Доколку врската не се развива, 00:13:26.000 --> 00:13:28.000 доколку бизнисот не се развива, доколку вие не се развивате, 00:13:28.000 --> 00:13:29.000 не е важно колку пари имате, 00:13:29.000 --> 00:13:31.000 колку пријатели имате, колку луѓе ве сакаат, 00:13:31.000 --> 00:13:34.000 ќе се чувствувате пеколно. Причината зашто се развиваме, 00:13:34.000 --> 00:13:36.000 е да имаме нешто за да му дадеме вредност. NOTE Paragraph 00:13:37.000 --> 00:13:39.000 Бидејќи шестата потреба е да придонесуваме повеќе за сите. 00:13:40.000 --> 00:13:41.000 Бидејќи сите знаеме, иако звучи старомодно, 00:13:42.000 --> 00:13:45.000 тајната на животот е во давањето. Знаеме дека животот не е за мене, 00:13:45.000 --> 00:13:47.000 туку е за нас. Оваа култура го знае тоа. Оваа соба го знае тоа. 00:13:47.000 --> 00:13:50.000 Возбудливо е. Кога го гледате Никола овде зборувајќи за 00:13:50.000 --> 00:13:52.000 неговиот компјутер од сто долари, највозбудливото нешто е, 00:13:52.000 --> 00:13:55.000 овде е гениј, но сега се здоби со порив. 00:13:56.000 --> 00:13:58.000 Можете да ја почувствувате разликата во него и тоа е прекрасно. 00:13:59.000 --> 00:14:01.000 Тој порив може да трогне други луѓе. Во мојот живот, 00:14:01.000 --> 00:14:03.000 јас бев трогнат кога имав 11 години. 00:14:03.000 --> 00:14:06.000 Ден на благодарноста: без пари, без храна. Немаше да гладуваме, 00:14:06.000 --> 00:14:09.000 но татко ми ја оплеска целата работа. Мајка ми му кажа 00:14:09.000 --> 00:14:12.000 колку ја оплескал работата. Некој дојде на врата 00:14:12.000 --> 00:14:14.000 и ни донесе јадење. Татко ми донесе три одлуки. 00:14:15.000 --> 00:14:17.000 Јасно ми беше кои се. Неговиот фокус беше: "Ова е милостина. 00:14:18.000 --> 00:14:20.000 Што тоа значи? Јас сум безвреден, што треба да правам? 00:14:21.000 --> 00:14:23.000 Ја напуштам фамилијата". Тоа и го направи. Едно од најболните 00:14:24.000 --> 00:14:27.000 искуства во животот. Моите три одлуки ме наведоа на поинаков пат 00:14:28.000 --> 00:14:31.000 Си реков, "Фокусирај се дека има храна". Каков концепт... 00:14:31.000 --> 00:14:32.000 (Смеење). NOTE Paragraph 00:14:32.000 --> 00:14:33.000 Второ, ова е она што ми го промени животот, 00:14:33.000 --> 00:14:36.000 она што ме оформи како човечко суштество, "Нечиј подарок, 00:14:36.000 --> 00:14:39.000 дури и не знам ни кој беше". Татко ми секогаш велеше, 00:14:39.000 --> 00:14:42.000 "Никој не дава ништо". И одеднаш, некој непознат, 00:14:42.000 --> 00:14:44.000 без да ни побара нешто, едноставно ни дава храна, 00:14:44.000 --> 00:14:47.000 и се грижи за нас. Ма натера да верувам во ова: "Што значи тоа 00:14:47.000 --> 00:14:50.000 кога странец се грижи?" И она што ме натера да одлучам, 00:14:51.000 --> 00:14:52.000 доколку непознати се грижат за мене и мојата фамилија, и јас се грижам за нив. 00:14:53.000 --> 00:14:54.000 Што ќе правам? Ќе направам било што 00:14:54.000 --> 00:14:57.000 за да направам разлика. На 17 години, еден ден излегов 00:14:57.000 --> 00:14:59.000 на денот на благодарноста. Со години имав за цел да 00:14:59.000 --> 00:15:00.000 имам доволно пари за да нахранам две фамилии. 00:15:00.000 --> 00:15:02.000 Најзабавната работа која ја имам направено во животот, најтрогателната. 00:15:03.000 --> 00:15:05.000 Следната година нахранив четири. Никому не кажав што правам. 00:15:05.000 --> 00:15:07.000 Следната година осум. Не го правев тоа заради поени, 00:15:08.000 --> 00:15:09.000 но после осмата, си помислив, би можел да побарам помош. 00:15:09.000 --> 00:15:11.000 (Смеење). NOTE Paragraph 00:15:11.000 --> 00:15:13.000 Доволно сигурен, излегов и што сторив? 00:15:13.000 --> 00:15:15.000 Ги вклучив пријателите и создадов компании 00:15:15.000 --> 00:15:17.000 а потоа стигнав до 11 компании и изградив фондација. 00:15:17.000 --> 00:15:19.000 Сега, 18 години подоцна, гордо можам да кажам, минатата година 00:15:19.000 --> 00:15:22.000 нахранивме два милиони луѓе во 35 земји преку фондацијата, 00:15:23.000 --> 00:15:24.000 за време на празниците. Ден на благодарноста, Божик, 00:15:24.000 --> 00:15:25.000 (Аплауз). 00:15:25.000 --> 00:15:26.000 во повеќе разни земји низ светот. 00:15:26.000 --> 00:15:27.000 Беше фантастично. 00:15:27.000 --> 00:15:28.000 (Аплауз). 00:15:28.000 --> 00:15:29.000 Ви благодарам. 00:15:29.000 --> 00:15:30.000 (Аплауз). 00:15:30.000 --> 00:15:32.000 Не ви кажувам за да се фалам, туку затоа што сум горд 00:15:32.000 --> 00:15:35.000 на луѓето, бидејќи се радуваат што придонесуваат 00:15:35.000 --> 00:15:38.000 штом ќе добијат шанса да го искусат, а не само да зборуваат за тоа. NOTE Paragraph 00:15:39.000 --> 00:15:43.000 За крај, а и времето ми истекува, целта која ве оформува, 00:15:44.000 --> 00:15:45.000 е различна за луѓето. Ги имаме истите потреби, 00:15:46.000 --> 00:15:48.000 но дали сте навистина чудаци? Дали тоа најмногу го цените, 00:15:48.000 --> 00:15:52.000 или несигурноста? Овој човек не може да биде навистина чудак 00:15:52.000 --> 00:15:55.000 доколку се искачил низ тие пештери. Дали сте водени од значајност 00:15:55.000 --> 00:15:57.000 или од љубов? Нам ни требаат сите шест, но каков и да е 00:15:57.000 --> 00:15:59.000 вашиот систем за водење, ве носи во различен правец. 00:15:59.000 --> 00:16:01.000 Кога се насочувате, имате одлука или судбина. 00:16:02.000 --> 00:16:05.000 Второто парче е мапата. Сфатете ја како оперативен систем 00:16:05.000 --> 00:16:07.000 кој кажува како да стигнете таму. И мапата на некои луѓе, е 00:16:08.000 --> 00:16:10.000 "Јас ќе спасам животи, дури и ако умрам за други луѓе," 00:16:10.000 --> 00:16:11.000 и тие се пожарникари. Нечиј друг е, 00:16:12.000 --> 00:16:14.000 "Би убил луѓе за да го направам тоа." Тие се обидуваат да ги постигнат 00:16:14.000 --> 00:16:18.000 истите потреби на значајност, нели? Тие бараат заслуга од Господ 00:16:18.000 --> 00:16:20.000 или заслуга од фамилијата, но тие имаат различна мапа. NOTE Paragraph 00:16:20.000 --> 00:16:22.000 И има седум различни верувања. Не можам да ги наведам 00:16:22.000 --> 00:16:25.000 зашто сум готов. Последното парче е емоција. 00:16:25.000 --> 00:16:28.000 Би рекол дека еден од деловите на мапата е времето. За некои луѓе замислата 00:16:28.000 --> 00:16:31.000 за долг период е 100 години. За некои други е три секунди, 00:16:31.000 --> 00:16:32.000 што важи за мене. 00:16:32.000 --> 00:16:33.000 (Смеење). 00:16:33.000 --> 00:16:35.000 И последната која ја спомнав, ви припадна вам. 00:16:35.000 --> 00:16:37.000 Доколку имате цел, и имате мапа и да речеме, 00:16:38.000 --> 00:16:41.000 Не можам да користам Google зашто користам Мекинтош а за него 00:16:41.000 --> 00:16:43.000 сеуште не е готов, па доколку користите MapQuest, колкумина од вас 00:16:43.000 --> 00:16:45.000 погрешиле користејќи MapQuest некогаш? 00:16:45.000 --> 00:16:46.000 (Смеење). 00:16:46.000 --> 00:16:48.000 Ја користите оваа работа и таа не ви помага. Замислете, 00:16:48.000 --> 00:16:51.000 доколку вашите верувања не ви гарантираат дека ќе ве одведат каде што сакате? 00:16:51.000 --> 00:16:52.000 (Смеење). NOTE Paragraph 00:16:52.000 --> 00:16:54.000 Последната работа е емоцијата. 00:16:54.000 --> 00:16:58.000 Ќе ви кажам за емоцијата. Постојат 6.000 емоции 00:16:58.000 --> 00:17:00.000 за кои имаме зборови во Англискиот јазик, 00:17:00.000 --> 00:17:02.000 кои се само јазично претставување, 00:17:02.000 --> 00:17:06.000 кое се менува со јазикот. Но доколку вашите доминантни емоции, 00:17:06.000 --> 00:17:09.000 доколку имав повеќе време, да имам 20.000 луѓе, или 1.000 00:17:09.000 --> 00:17:11.000 и кога би ги запишале сите емоции кои ги искусиле 00:17:11.000 --> 00:17:13.000 во текот на една седмица. И да им дадам доволно време. 00:17:14.000 --> 00:17:15.000 На една страна ги запишуваат охрабрувачките емоции, 00:17:15.000 --> 00:17:16.000 на другата страна безохрабрувачките. 00:17:16.000 --> 00:17:18.000 Погодете колку емоции луѓето искусуваат? Помалку од 12. 00:17:19.000 --> 00:17:22.000 И половина од нив ги тераат да се чувствуваат за никаде. Затоа даваат пет или шест 00:17:22.000 --> 00:17:25.000 позитивни чувства, нели? Тие се чувствуваат "среќни, среќни, 00:17:25.000 --> 00:17:28.000 возбудени, о боже, фрустрирани, фрустрирани, извонредно, депримирани". 00:17:29.000 --> 00:17:31.000 Колкумина од вас познаваат некого кој без оглед на сè 00:17:31.000 --> 00:17:33.000 наоѓа начин да се изнервира? Колкумина познаваат некој ваков? 00:17:33.000 --> 00:17:34.000 (Смеење). 00:17:34.000 --> 00:17:38.000 Или, без оглед на сè, наоѓаат начин да бидат среќни или возбудени. 00:17:38.000 --> 00:17:40.000 Колкумина познааваат некој ваков? Ајде. NOTE Paragraph 00:17:40.000 --> 00:17:43.000 Кога се случи 9/11, и со ова завршувам, јас бев на Хаваи. 00:17:44.000 --> 00:17:47.000 Бев со 2.000 луѓе од 45 земји. Преведувавме 00:17:47.000 --> 00:17:49.000 истовремено на четири јазици, беше семинар 00:17:49.000 --> 00:17:52.000 кој траеше една седмица. Претходната ноќ беше наречена 00:17:52.000 --> 00:17:55.000 "Емотивно управување." Се разбудив, немав план за работа, и реков, 00:17:56.000 --> 00:17:58.000 имавме огномет, правевме глупости, се забавувавме, 00:17:59.000 --> 00:18:01.000 и при крајот застанав, имав во план што ќе кажам 00:18:01.000 --> 00:18:03.000 но никогаш не правам како ќе кажам. И тогаш реков, 00:18:03.000 --> 00:18:07.000 "Кога луѓето навистина започнуваат да живеат? Кога ќе се соочат со смртта." 00:18:07.000 --> 00:18:08.000 И потоа пројдов детално низ целата оваа работа, 00:18:09.000 --> 00:18:11.000 кога би сте си заминале од овој остров, и за девет дена од денес 00:18:11.000 --> 00:18:14.000 би починале, кому би се јавиле, што би рекле, 00:18:14.000 --> 00:18:18.000 што би сториле? Тоа всушност беше вечерта кога 9/11 се случи. 00:18:19.000 --> 00:18:21.000 Една жена дојде на семинарот и кога дојде, 00:18:21.000 --> 00:18:24.000 нејзиниот претходен дечко бил киднапиран и убиен. 00:18:25.000 --> 00:18:28.000 Нејзиниот пријател, новиот дечко, сакал да се венчаат, но таа рекла не. NOTE Paragraph 00:18:28.000 --> 00:18:30.000 Тој рекол, "Доколку заминеш и отидеш на Хаваи, со нас е готово." 00:18:30.000 --> 00:18:32.000 Таа рекла, "Готово е." Кога завршив таа вечер, таа му се јавила 00:18:32.000 --> 00:18:35.000 и оставила порака, ова е вистинска приказна, во Светскиот Трговски Центар 00:18:35.000 --> 00:18:38.000 каде тој работи. Му рекла: "Злато, те сакам, и само сакам да знаеш 00:18:39.000 --> 00:18:42.000 сакам да се венчаме, Тоа беше глупаво од мене". Таа заспала, 00:18:42.000 --> 00:18:45.000 бидејќи било 03:00 часот за нас, кога тој и се јавил 00:18:45.000 --> 00:18:47.000 од зградата и рекол: "Злато, не можам да ти кажам што значи ова." 00:18:48.000 --> 00:18:50.000 Рекол, "Не знам како да ти го кажам ова, 00:18:50.000 --> 00:18:52.000 но ти ми го даде најубавиот подарок затоа што јас ќе умрам." 00:18:53.000 --> 00:18:55.000 И таа ни ја пушташе снимката на сите нас во просторијата. 00:18:55.000 --> 00:18:58.000 Подоцна беше гостин на Larry King и тој рече, "Веројатно се прашувате 00:18:58.000 --> 00:19:00.000 како ли ова можело да ви се случи двапати. И тој и рече, 00:19:00.000 --> 00:19:03.000 "Се што можам да кажам, ова е господова порака за тебе. 00:19:03.000 --> 00:19:06.000 Отсега натаму, секој ден давај сè од себе, сакај се себе. 00:19:06.000 --> 00:19:10.000 Не дозволувај нешто да те сопре." Таа заврши, а еден маж стана 00:19:10.000 --> 00:19:12.000 и и рече, "Јас сум од Пакистан, муслиман, 00:19:13.000 --> 00:19:15.000 сакам да ве фатам за рака и да речам 00:19:15.000 --> 00:19:19.000 дека жалам, но, навистина, ова е надокнада." Не можам да ви го кажам остатокот 00:19:19.000 --> 00:19:22.000 зашто ми истече времето. 00:19:22.000 --> 00:19:28.000 (Смеење). 00:19:32.000 --> 00:19:34.000 10 секунди. 00:19:34.000 --> 00:19:37.000 (Аплауз). NOTE Paragraph 00:19:37.000 --> 00:19:39.000 10 секунди. Сакам да ве испочитувам до крај. 10 секунди. 00:19:39.000 --> 00:19:41.000 Она што можам да кажам, го доведов мажот на сцената 00:19:41.000 --> 00:19:44.000 со еден друг маж од Њујорк кој работел во Светскиот Трговски Центар, 00:19:44.000 --> 00:19:46.000 зашто имаше околу 200 Њујорчани таму. Повеќе од 50 00:19:46.000 --> 00:19:49.000 ги изгубиле целите компании, нивните пријатели, ги означуваа на нивните 00:19:49.000 --> 00:19:52.000 мобилни уреди, еден финансиски брокер, оваа жена од претходно, 00:19:53.000 --> 00:19:54.000 30 пријатели отпишани затоа што починале. 00:19:55.000 --> 00:19:58.000 И тогаш на луѓето им реков, "На што ќе се фокусираме? 00:19:59.000 --> 00:20:01.000 Што значи ова и што ќе правиме?" NOTE Paragraph 00:20:02.000 --> 00:20:04.000 Ја поведов групата и ги натерав луѓето да се фокусираат, 00:20:04.000 --> 00:20:06.000 доколку не сте изгубиле никого тој ден, да се фокусирате на тоа 00:20:06.000 --> 00:20:08.000 како да заслужите некој друг. И од сите луѓе, 00:20:08.000 --> 00:20:10.000 тогаш една жена стана и беше толку лута што пискаше и викаше. 00:20:11.000 --> 00:20:12.000 Потоа дознав дека не е од Њујорк, не била американка, 00:20:13.000 --> 00:20:15.000 таа не познавала никого таму. Ја прашав, "Дали секогаш се лутите?" 00:20:16.000 --> 00:20:18.000 Таа рече, "Да." Виновните луѓе добија вина, тажните луѓе добија тага. 00:20:19.000 --> 00:20:22.000 Ги земав овие двајца мажи и направив она што се вика индиректно преговарање. 00:20:22.000 --> 00:20:25.000 Маж евреин со фамилија на окупирана територија, некој во Њујорк 00:20:25.000 --> 00:20:28.000 кој би умрел кога би бил на работа тој ден, и овој човек 00:20:28.000 --> 00:20:29.000 кој сакал да биде терорист и си призна. 00:20:30.000 --> 00:20:31.000 И здружувањето кое се случи го снимивме, 00:20:32.000 --> 00:20:34.000 и ќе бидам среќен да ви го пратиме, за да можете да видите 00:20:34.000 --> 00:20:35.000 што всушност се случи наместо јас да опишам. 00:20:36.000 --> 00:20:37.000 Двајцата од нив, не само што се зближија и 00:20:38.000 --> 00:20:39.000 ги променија своите верувања и етика за светот, 00:20:39.000 --> 00:20:41.000 туку работеа заедно за да ја пренесат, во изминатите четири години, 00:20:42.000 --> 00:20:44.000 во различни џами и синагоги, идејата 00:20:44.000 --> 00:20:46.000 како да се создаде мир. И тој напиша книга, која се вика 00:20:46.000 --> 00:20:50.000 "Мојот џихад, Мојот начин на мир." Значи, трансформацијата може да се случи. NOTE Paragraph 00:20:50.000 --> 00:20:55.000 Затоа мојата порака до вас е: истражете ја вашата мрежа, мрежата овде, 00:20:56.000 --> 00:21:00.000 потребите, верувањата, емоциите кои ве контролираат вас. 00:21:00.000 --> 00:21:03.000 Од две причини: за да имате повеќе да давате, и да постигнувате, 00:21:03.000 --> 00:21:05.000 сите сакаме тоа да го направиме. Но сакам да кажам давајте, 00:21:05.000 --> 00:21:07.000 бидејќи тоа ќе ве исполни. И второ, 00:21:07.000 --> 00:21:10.000 за да го цените, не само да разберете, тоа е разумно, 00:21:10.000 --> 00:21:13.000 тоа е свеста, но ценете што ги води другите луѓе. 00:21:13.000 --> 00:21:15.000 Тоа е единствениот начин на кој нашиот свет ќе се промени. Бидете благословени. 00:21:15.000 --> 00:21:17.000 Ви благодарам. Се надевам дека ова беше корисно. 00:21:17.000 --> 00:21:20.000 (Аплауз).