Руфус Гриском + Алиса Волкмен: Ајде да зборуваме за табуата околу родителството
-
0:03 - 0:06Алиса Волкмен: Овде почнува нашата приказна -
-
0:06 - 0:08драматичните моменти при раѓањето
-
0:08 - 0:10на нашиот прв син, Деклан
-
0:10 - 0:12Очигледно многу значаен момент
-
0:12 - 0:14кој ни го смени животот на многу начини.
-
0:14 - 0:16Овој настан имаше и многу неочекувано влијание
-
0:16 - 0:19врз нашиот живот, што не натера да размислиме
-
0:19 - 0:21и доведе до раѓањето на нашата бизнис идеја,
-
0:21 - 0:23па една година подоцна го основавме Babble,
-
0:23 - 0:25веб страница за родители.
-
0:25 - 0:27Руфус Гриском: Сега мислам дека нашата приказна
-
0:27 - 0:30започна неколку години порано. (АВ:
-
0:30 - 0:33РГ: Можеби се сеќавате, ние се заљубивме до уши.
-
0:33 - 0:35АВ: Навистина.
-
0:35 - 0:37РГ: Во тоа време водевме сосема друг тип на веб страница.
-
0:37 - 0:39Страницата се викаше Nerve.com
-
0:39 - 0:42која беше - чие мото беше „писмена порнографија“
-
0:42 - 0:45Во теорија, а се надевам и во пракса,
-
0:45 - 0:47беше паметен онлајн магазин
-
0:47 - 0:50за секс и култура.
-
0:50 - 0:53АВ: Од кој се роди сајт за средби.
-
0:53 - 0:55Секако може да ги разберете шегите на наша сметка. По секс доаѓаат бебиња.
-
0:55 - 0:58Ги следите упатствата на Nerve и би требале да завршите на Babble,
-
0:58 - 1:00како што ни се случи нам.
-
1:00 - 1:03И можеби третата веб страница ќе ни биде за геријатрија. Ќе видиме.
-
1:04 - 1:07РГ: Но за нас, континуитетот од Nerve до Babble
-
1:07 - 1:09не беше само затоа што сме во тој период од животот,
-
1:09 - 1:11што секако е релевантно,
-
1:11 - 1:13но повеќе беше заради
-
1:13 - 1:15нашата желба многу искрено да зборуваме за теми
-
1:15 - 1:18за кои луѓето тешко зборуваат искрено.
-
1:18 - 1:20Ни се чини дека
-
1:20 - 1:23кога луѓето почнуваат да кријат нешто, тие почнуваат да лажат за некои работи,
-
1:23 - 1:25а тогаш станува навистина интересно,
-
1:25 - 1:27тоа е темата која сакаме да ја разработиме.
-
1:27 - 1:29И се изненадивме кога разбравме, како млади родители,
-
1:29 - 1:32дека можеби има повеќе табуа за родителството
-
1:32 - 1:34отколку за сексот.
-
1:34 - 1:36АВ: Навистина. Па, како што рековме,
-
1:36 - 1:38првите години беа навистина прекрасни,
-
1:38 - 1:40но беа и навистина тешки.
-
1:40 - 1:42И ни се чини дека дел од таа тешкотија
-
1:42 - 1:45е заради лажниот маркетинг околу родителството.
-
1:45 - 1:47(Смеа)
-
1:47 - 1:50Се претплативме на многу магазини, си го сработивме домашното,
-
1:50 - 1:53но навистина, каде и да погледневме, бевме опкружени со вакви слики.
-
1:53 - 1:55И влеговме во родителството
-
1:55 - 1:57очекувајќи животите да ни изгледаат така.
-
1:57 - 2:00Сонцето секогаш сјае, а нашите деца никогаш нема да плачат.
-
2:00 - 2:03Секогаш би имала совршена фризура и секогаш би била добро одморена.
-
2:04 - 2:06А реалноста воопшто не беше таква.
-
2:06 - 2:09РГ: Кога ќе ги спуштевме сјајните списанија за родителство
-
2:09 - 2:11кои ги разгледувавме, со сите овие убави слики,
-
2:11 - 2:13и ќе ја видевме сцената во нашата дневна соба,
-
2:13 - 2:15тоа изгледаше вака некако.
-
2:15 - 2:17Ова се нашите три сина.
-
2:17 - 2:19И секако, сите не секогаш плачат и врескаат.
-
2:19 - 2:21Но со три момчиња, има разумна веројатност
-
2:21 - 2:23дека барем едно од нив нема да се однесува
-
2:23 - 2:25баш онака како што би требало.
-
2:25 - 2:28АВ: Да, може да видите каде ни се разидуваше реалноста од замислата за родителство.
-
2:28 - 2:31Навистина се чувствуваме дека она што го очекувавме
-
2:31 - 2:34немаше никаква врска со она што ни се случуваше.
-
2:34 - 2:37Така се решивме дека навистина сакаме да искрено да им го пренесеме ова на новите родители.
-
2:37 - 2:40Навистина сакавме да им дозволиме да разберат
-
2:40 - 2:43на искрен начин како родителството навистина изгледа.
-
2:43 - 2:45РГ: Така денес, она што би сакале да го направиме
-
2:45 - 2:48е да споделиме со вас четири табуа околу родителството.
-
2:48 - 2:50Секако, има многу повеќе од четири работи
-
2:50 - 2:52што не смеете да ги кажете за родителството.
-
2:52 - 2:54Но денеска би сакале да ги споделиме со вас
-
2:54 - 2:57овие четири што ни се посебно важни нам.
-
2:57 - 3:00Првото табу:
-
3:00 - 3:03не смеете да кажете дека не сте го засакале вашето бебе
-
3:03 - 3:05во првата минута од неговиот живот.
-
3:05 - 3:08Живо се сеќавам, како седев таму во болницата.
-
3:08 - 3:11Бевме во процесот на раѓање на нашето прво дете.
-
3:11 - 3:13АВ: Ние или јас?
-
3:13 - 3:15РГ: Извини.
-
3:15 - 3:17Погрешно употребена заменка.
-
3:17 - 3:19Алиса многу дарежливо беше во процес
-
3:19 - 3:21на раѓање на нашето прво дете - (АВ: Благодарам)
-
3:21 - 3:23- и јас бев спремен со ракавица на „фаќач“ во безбол.
-
3:23 - 3:25Бев таму со раширени раце.
-
3:25 - 3:27Сестрата ми одеше во пресрет
-
3:27 - 3:29со ова навистина прекрасно дете.
-
3:29 - 3:31И се сеќавам, додека таа ми се приближува,
-
3:31 - 3:34на гласовите од пријателите кои ми велеа:
-
3:34 - 3:36„Во моментот кога ќе ти го дадат бебето,
-
3:36 - 3:39ќе почуствуваш таква љубов што ќе те обземе целиот
-
3:39 - 3:41што е многу посилна од
-
3:41 - 3:44било што што некогаш си го почувствувал во животот.“
-
3:44 - 3:46Така, се подготвував за овој момент.
-
3:46 - 3:48Бебето доаѓаше,
-
3:48 - 3:50а јас бев спремен да ме прегази овој
-
3:50 - 3:53камион од љубов.
-
3:53 - 3:56Но, наместо тоа, кога ми го ставија бебето во рацете,
-
3:56 - 3:58тоа беше извонреден момент.
-
3:58 - 4:01Оваа слика е буквално од неколку секунди
-
4:01 - 4:04откако ми го дадоа бебето и го донесов.
-
4:04 - 4:06Можете да видите, нашите очи светкаат.
-
4:06 - 4:09Бев преплавен со љубов кон жена ми,
-
4:09 - 4:11со длабока, длабока благодарност
-
4:11 - 4:13што имавме, како што изгледаше, здраво дете.
-
4:13 - 4:15И секако, беше надреално.
-
4:15 - 4:17Мислам, мораше да ја проверам нараквицата на детето да се осигурам.
-
4:17 - 4:19Не ми се веруваше - „Сигурна ли си дека ова е наше дете?“
-
4:19 - 4:22И сето ова беше навистина извонредно.
-
4:22 - 4:25Но она што го чуствував кон детето во тој момент беше длабока приврзаност,
-
4:25 - 4:28но ништо налик на она што го чувствувам кон него сега, пет години подоцна.
-
4:28 - 4:30Овде направивме нешто
-
4:30 - 4:32што е еретично.
-
4:32 - 4:35Направивме табела
-
4:35 - 4:38за нашата љубов кон нашето дете низ времето.
-
4:38 - 4:40(смеа)
-
4:40 - 4:43Ова, како што знаете, е вистинска ерес.
-
4:43 - 4:45Не е дозволено да се прави табела за љубовта.
-
4:45 - 4:47Причината за тоа е бидејќи
-
4:47 - 4:49размислуваме за љубовта како нешто бинарно.
-
4:49 - 4:51Или сте вљубени или не сте.
-
4:51 - 4:53Или сакате или не сакате.
-
4:53 - 4:56А мислам дека во реалноста љубовта е процес.
-
4:56 - 4:58И мислам дека проблемот со замислата на љубовта
-
4:58 - 5:00како нешто бинарно
-
5:00 - 5:02е она што не прави
-
5:02 - 5:04прекумерно загрижени
-
5:04 - 5:07дали љубовта е лажлива, или несоодветна, или што и да е.
-
5:07 - 5:10И очигледно јас зборувам за искуството на таткото.
-
5:10 - 5:12Но мислам дека многу мажи имаат чувство
-
5:12 - 5:15во првите месеци, можеби првата година,
-
5:15 - 5:18дека нивната емотивна реакција на некој начин е несоодветна.
-
5:18 - 5:20АВ: Мило ми е што Руфус го спомна ова,
-
5:20 - 5:23затоа што можете да видите таму кај што тој паѓа пониско во првите години
-
5:23 - 5:26јас работев за двајцата.
-
5:26 - 5:28Но на шега велиме
-
5:28 - 5:30дека во првите неколку месеци од животите на сите наши деца
-
5:30 - 5:32тој е Чичко Руфус.
-
5:32 - 5:34(Смеа)
-
5:34 - 5:36РГ: Јас сум многу приврзан чичко, многу приврзан.
-
5:36 - 5:39АВ: Да, јас често се шегувам со Руфус кога си доаѓа дома
-
5:39 - 5:42дека не сум сигурна дека би го нашол нашето дете
-
5:42 - 5:44во група со други бебиња.
-
5:44 - 5:46Така, всушност направив еден мал тест за Руфус овде.
-
5:46 - 5:48РГ: Уф оф.
-
5:48 - 5:51АВ: Не сакам да го посрамотам премногу. Но ќе му дадам три секунди.
-
5:51 - 5:54РГ: Ова не е фер. Ова е трик прашање. Го нема горе, нели?
-
5:54 - 5:57АВ: Нашиот двомесечен син е некаде овде.
-
5:57 - 5:59И сакам да видам дали Руфус ќе може брзо да го препознае.
-
5:59 - 6:01РГ: Најлево. (АВ: Не!)
-
6:01 - 6:08(смеа)
-
6:08 - 6:10РГ: Сурово.
-
6:10 - 6:12АВ: Немам што повеќе да кажам.
-
6:12 - 6:14(Смеа)
-
6:14 - 6:16Ќе се префрлам на второто табу.
-
6:16 - 6:19Не смеете да зборувате колку може да бидете осамени по раѓањето на детето.
-
6:19 - 6:21Уживав додека бев бремена; го сакав тој период.
-
6:21 - 6:24Се чувствував неверојатно поврзана со заедницата околу мене.
-
6:24 - 6:27Изгледаше дека сите се заинтересирани за мојата бременост,
-
6:27 - 6:30сите околу мене, ја следеа до крајниот термин.
-
6:31 - 6:34Се чувствував како да сум сад со иднината на човештвото.
-
6:34 - 6:37Тоа продолжи и додека бев во болницата; беше навистина восхитувачко.
-
6:37 - 6:40Бев преплавена со подароци и цвеќиња и посетители.
-
6:40 - 6:43Беше навистина прекрасно искуство.
-
6:43 - 6:45Но кога си дојдов дома,
-
6:45 - 6:47одеднаш се почувствував отсечена од светот
-
6:47 - 6:50и затворена во себе и од другите.
-
6:50 - 6:52Навистина бев изненадена од тие чувства.
-
6:52 - 6:54Секако очекував да биде тешко,
-
6:54 - 6:56очекував непреспани ноќи, постојано хранење,
-
6:56 - 6:58но не очекував да се чувствувам
-
6:58 - 7:01изолирано и осамено, како што се чувствував тогаш.
-
7:01 - 7:03И навистина бев изненадена дека никој не ми кажал
-
7:03 - 7:05дека ќе се чувствувам вака.
-
7:05 - 7:07И се јавив на сестра ми со
-
7:07 - 7:10која сум многу блиска - и која има три деца -
-
7:10 - 7:12и ја прашав: „Зошто не ми кажа
-
7:12 - 7:14дека ќе се чувствувам вака,
-
7:14 - 7:17дека ќе се - ќе се чувствувам неверојатно изолирано?“
-
7:18 - 7:20А таа ми кажа - ова никогаш нема да го заборавам -
-
7:20 - 7:22„Тоа не е нешто што сакаш да и го кажеш на жена
-
7:22 - 7:25која за прв пат станува мајка“
-
7:25 - 7:27РГ: И секако, ние мислиме
-
7:27 - 7:30дека тоа е точно она што треба да им се каже
-
7:30 - 7:33на жените кои за прв пат стануваат мајки.
-
7:33 - 7:36И дека ова, секако, една од темите за нас
-
7:36 - 7:38е што мислиме
-
7:38 - 7:40дека брутална искреност
-
7:40 - 7:42е од клучно значење за нас колективно
-
7:42 - 7:44да станеме одлични родители.
-
7:44 - 7:46И тешко е да не помислите
-
7:46 - 7:48дека дел од она што доведува до ова чувство на изолираност
-
7:48 - 7:50е нашиот современ свет.
-
7:50 - 7:52Искуството на Алиса не е единствено.
-
7:52 - 7:54Така 58% од испитаните мајки
-
7:54 - 7:56пријавиле дека се чувствуваат осамено.
-
7:56 - 7:58Од нив, 67% се нај осамени кога децата им
-
7:58 - 8:01се помали од 5 години - можеби поточно кога тие се помали од 2 години.
-
8:01 - 8:03Додека се подготвувавме за презентацијава
-
8:03 - 8:05истражувавме како некои други култури низ светот
-
8:05 - 8:08се справуваат со овој период,
-
8:08 - 8:10бидејќи овде, во Западниот свет,
-
8:10 - 8:13помалку од 50% од нас живееме блиску до нашите семејства
-
8:13 - 8:16што мислам дека делумно е причина зошто ова е толку тежок период.
-
8:16 - 8:18Така, да видиме еден од многуте примери:
-
8:18 - 8:20во јужна Индија
-
8:20 - 8:22има еден обичај кој се вика џолабхари,
-
8:22 - 8:25во кој кога жените во седмиот или осмиот месец од бременоста
-
8:25 - 8:27се враќаат кај своите мајки
-
8:27 - 8:29и поминуваат серија ритуали и церемонии,
-
8:29 - 8:32се пораѓаат и се враќаат дома во своето нуклеарно семејство
-
8:32 - 8:34неколку месеца по раѓањето на детето.
-
8:34 - 8:36Тоа е само еден од многуте начини на
-
8:36 - 8:39кој мислиме дека другите култури се справуваат со овој осамен период.
-
8:39 - 8:41АВ: И табу број три:
-
8:41 - 8:44Не смеете да зборувате за вашиот спонтан абортус - но денес ќе зборувам за мојот.
-
8:44 - 8:46Откако ни се роди Деклан,
-
8:46 - 8:48некако ги искалибриравме нашите очекувања.
-
8:48 - 8:51Мислевме дека можеме да поминеме низ сево ова повторно
-
8:51 - 8:54и мислевме дека знаеме што не’ чека.
-
8:54 - 8:57И бевме среќни што успеав да останам трудна.
-
8:57 - 8:59Наскоро разбравме дека чекаме момче.
-
8:59 - 9:01И кога бев во петтиот месец од бременоста,
-
9:01 - 9:03дознавме дека сме го изгубиле детето.
-
9:03 - 9:06Ова е всушност последната мала слика што ја имаме од него.
-
9:07 - 9:09И очигледно ова беше многу тежок период -
-
9:09 - 9:12навистина болен период.
-
9:12 - 9:15Додека поминував низ тој процес на жалење,
-
9:15 - 9:18ме зачудуваше тоа што не сакав да видам никого.
-
9:18 - 9:21Навистина сакав да одлазам во некоја дупка.
-
9:21 - 9:23И навистина не знаев
-
9:23 - 9:26како ќе се вратам во мојата заедница.
-
9:26 - 9:29И сфатив, мислам, зошто се чувствував така,
-
9:29 - 9:31дека од длабочината на душата
-
9:31 - 9:34чувствував многу срам -
-
9:34 - 9:36бев посрамена, искрено -
-
9:36 - 9:38дека на некој начин не сум успеала
-
9:38 - 9:41да го остварам она за што генетски сум проектирана.
-
9:41 - 9:43И секако, тоа ме натера да мислам,
-
9:43 - 9:45ако не можев да раѓам повеќе,
-
9:45 - 9:47што тоа ќе значеше за мојот брак,
-
9:47 - 9:49и за мене самата како жена.
-
9:49 - 9:51Тоа беше навистина тежок период.
-
9:51 - 9:53И како што почнував повеќе да се опоравувам,
-
9:53 - 9:56почнав да излегувам од таа дупка и да зборувам со други луѓе.
-
9:56 - 9:58Бев навистина вчудоневидена од
-
9:58 - 10:00сите приказни што почнаа да ме преплавуваат.
-
10:00 - 10:02Луѓе со кои комуницирав дневно,
-
10:02 - 10:04со кои работев, пријатели,
-
10:04 - 10:06членови на семејството кои ги познавав со години,
-
10:06 - 10:08никогаш ми не ми ги беа кажале своите приказни.
-
10:08 - 10:11И се сеќавам дека се чувствував како овие приказни да излегоа од никаде.
-
10:11 - 10:13Изгледаше дека налетав на
-
10:13 - 10:16ова тајно друштво на жени од кои сега и самата бев дел,
-
10:16 - 10:19што ме утешуваше, но во исто време и навистина ме загрижуваше.
-
10:20 - 10:22И мислам,
-
10:22 - 10:24спонтаниот абортус е невидлива загуба.
-
10:24 - 10:26Нема нешто многу поддршка од заедницата за тоа.
-
10:26 - 10:28Нема никакви церемонии,
-
10:28 - 10:30ритуали или обреди.
-
10:30 - 10:33И мислам, кога некој ќе умре, има погреб, се слави неговиот живот
-
10:33 - 10:35и има голема поддршка од средината.
-
10:35 - 10:37А во случај на спонтан абортус жените ја немаат таа подршка.
-
10:37 - 10:39РГ: Што е навистина штета бидејќи, секако,
-
10:39 - 10:41тоа е многу често и многу трауматско искуство.
-
10:41 - 10:4415 до 20% од сите бремености завршуваат со спонтан абортус.
-
10:44 - 10:46Ова ме вџашува.
-
10:46 - 10:48Во една анкета, 74% од жените рекоа
-
10:48 - 10:51дека чувствувале дека спонтаниот абортус бил делумно по нивна вина, што е ужасно.
-
10:51 - 10:53И изненадувачки, 22%
-
10:53 - 10:55рекоа дека би го скриле спонтаниот абортус од сопругот.
-
10:55 - 10:57Па, табу број четири:
-
10:57 - 11:00Не смеете да кажете дека средната вредност на вашата среќа
-
11:00 - 11:03опаднала откако ви се родило детето.
-
11:03 - 11:06Сите велат дека секој аспект од мојот живот
-
11:06 - 11:08станал драматично подобар
-
11:08 - 11:10откако учествував
-
11:10 - 11:13во чудото наречено раѓање и семејство.
-
11:14 - 11:17Никогаш нема да го заборавам, се уште јасно се сеќавам.
-
11:17 - 11:20кога нашиот прв син, Деклан, имаше 9 месеци,
-
11:20 - 11:22и јас седев на каучот и
-
11:22 - 11:25ја читав прекрасната книга на Даниел Гилберт: „Сопнување од среќата“.
-
11:25 - 11:27Стигнав некаде до две третини од книгата и
-
11:27 - 11:30на десната страна - на десната страница -
-
11:30 - 11:32имаше дијаграм
-
11:32 - 11:34кој го означивме овде како
-
11:34 - 11:36„Најзастрашувачкиот можен дијаграм
-
11:36 - 11:38за тазе родител“.
-
11:38 - 11:41Овој дијаграм е составен од четири целосно независни студии.
-
11:41 - 11:44Во основа, се јавува овој стрмен пад
-
11:44 - 11:46на брачното задоволство
-
11:46 - 11:49кое е блиску поврзано, како што сите знаеме, со пошироката среќа,
-
11:49 - 11:51и тоа не расне се додека
-
11:51 - 11:54вашето прво дете не отиде на факултет.
-
11:54 - 11:57И така, седам и гледам во наредните две декади од мојот живот,
-
11:57 - 11:59оваа бездна за среќата
-
11:59 - 12:02кон која право го возиме нашиот хипотетички кабриолет.
-
12:02 - 12:05Бевме очајни.
-
12:05 - 12:07АВ: Па може да замислите, мислам секако, првите неколку месеци беа тешки,
-
12:07 - 12:09но поминавме низ нив,
-
12:09 - 12:11и навистина бевме шокирано кога ја видовме оваа студија
-
12:11 - 12:14Така навистина сакавме подлабоко да ја рагледаме
-
12:14 - 12:16надевајќи се дека ќе најдеме нејзина позитивна страна.
-
12:16 - 12:18РГ: Во вакви случаи е одлично што водиме сајт за родители,
-
12:18 - 12:21зашто испративме еден неверојатен новинар
-
12:21 - 12:24да оди и да ги интервјуира сите научници кои
-
12:24 - 12:26ги спровеле овие четири студии.
-
12:26 - 12:28И си рековме, нешто не е во ред овде.
-
12:28 - 12:30Нешто фали во овие студии.
-
12:30 - 12:33Невозможно е да биде толку лошо.
-
12:34 - 12:37Така, Лиз Мичел беше одлична.
-
12:37 - 12:40Таа ги интервјуираше четирите научници,
-
12:40 - 12:42а и Даниел Гилберт исто така.
-
12:42 - 12:44И навистина најдовме позитивна страна.
-
12:44 - 12:46Ова е наше нагаѓање за тоа
-
12:46 - 12:49како најверојатно изгледа оваа основна линија на средната вредност
-
12:49 - 12:51на среќата во текот на животот.
-
12:51 - 12:53Средната вредност на среќа, секако, е несоодветна величина
-
12:53 - 12:55бидејќи не ни кажува
-
12:55 - 12:57какви се поединечните искуства кои ги содржи.
-
12:57 - 13:00И ова е како ние мислиме дека изгледа
-
13:00 - 13:02кога ќе се додадат
-
13:02 - 13:05поединечните моментални искуства.
-
13:05 - 13:07Така, сите се сеќаваме, како деца
-
13:07 - 13:10најмалото нешто - а ова го гледаме и на лицата на нашите деца -
-
13:10 - 13:12најмалото нешто
-
13:12 - 13:14може да ги лансира до овие височини на
-
13:14 - 13:16потполен восхит,
-
13:16 - 13:18за потоа наредното најмало нешто
-
13:18 - 13:20да направи да пропаднат во длабочините на очајот.
-
13:20 - 13:23Ова е навистина извонредно да се набљудува, а и самите се сеќаваме на него.
-
13:23 - 13:25И секако, како раснеме,
-
13:25 - 13:27излегува како годините да се еден вид литум,
-
13:27 - 13:30Како остаруваме, стануваме постабилни.
-
13:30 - 13:33И дел од она што се случува, мислам, во дваесеттите и триесеттите години од животот,
-
13:33 - 13:35е дека почнуваме да учиме да ја заштитуваме нашата среќа.
-
13:35 - 13:37Почнуваме да сфаќаме дека
-
13:37 - 13:40„Еј, можам да одам на оваа жива свирка
-
13:40 - 13:42и да доживеам искуство кое потполно ќе ме смени
-
13:42 - 13:45од кое целото тело ќе ми се наежи,
-
13:45 - 13:47но поверојатно е дека ќе се чувствам клаустрофобично и
-
13:47 - 13:50дека нема да може да дојдам до пиво.
-
13:50 - 13:52Па затоа не одам.
-
13:52 - 13:55Имам добар систем дома. Не одам.“.
-
13:55 - 13:58Така, нашата средна вредност на среќата расне
-
13:58 - 14:00но ги губиме оние трансцендентни моменти.
-
14:00 - 14:03АВ: ДА, и тогаш доаѓа првото дете.
-
14:03 - 14:05И тогаш навистина повторно се препуштаме
-
14:05 - 14:07на овие издигнувања и падови -
-
14:07 - 14:10издигнувањата би биле првите чекори, првата насмевка,
-
14:10 - 14:12вашето дете чита ви чита за прв пат -
-
14:12 - 14:15а падовите би биле нашата куќа секоја вечер помеѓу шест и седум.
-
14:17 - 14:19Но сфаќате дека повторно се препуштате
-
14:19 - 14:22да изгубите контрола на навистина прекрасен начин,
-
14:22 - 14:24за кој мислиме дека дава големо значење на нашите животи
-
14:24 - 14:26и е навистина задоволувачки.
-
14:26 - 14:28РГ: И така, всушнот,
-
14:28 - 14:30ние ја менуваме средната вредност на среќата.
-
14:30 - 14:32Се менуваме со оној вид на сигурност и безбедност
-
14:32 - 14:34кое го дава одредено ниво на задоволство
-
14:34 - 14:37за овие трансцендентни моменти.
-
14:37 - 14:39Така, каде сме ние двајца
-
14:39 - 14:41со фамилија со нашите три мали момчиња
-
14:41 - 14:43во целава збрка?
-
14:43 - 14:45Има уште еден фактор во нашиот случај.
-
14:45 - 14:47Прекршивме уште едно табу
-
14:47 - 14:49во нашите животи.
-
14:49 - 14:52А ова е бонус табу.
-
14:52 - 14:55АВ: Брзо бонус табу за вас, дека не би требало да работиме заедно,
-
14:55 - 14:57посебно не со три деца -
-
14:57 - 14:59а ние работиме.
-
14:59 - 15:02РГ: На почетокот имавме резервации кон ова.
-
15:02 - 15:05Сите знаат, апсолутно правило е - не смеете да работите со сопругот/-та.
-
15:05 - 15:08Всушност, кога прв пат отидовме да бараме пари да започнеме со Babble,
-
15:08 - 15:10инвеститорите ни рекоа:
-
15:10 - 15:12„Категорички одбиваме да инвестираме
-
15:12 - 15:14во компании основани од сопружници
-
15:14 - 15:16бидејќи постои поголема шанса за пропаст.
-
15:16 - 15:18Тоа е лоша идеја. Не правете го тоа“
-
15:18 - 15:20А ние очигледно продолживме. Продолживме.
-
15:20 - 15:23Ги собравме парите, и сме пресреќни што успеавме.
-
15:23 - 15:25бидејќи во оваа фаза од животот
-
15:25 - 15:28ресурсот кој неверојатно многу ни недостасува е времето.
-
15:28 - 15:31А ако навистина го сакате она што го работите секој ден - а ние го сакаме -
-
15:31 - 15:33и ако исто толку се сакате меѓусебе,
-
15:33 - 15:36ова е единствениот начин на кој ние знаевме како да направиме нешто.
-
15:36 - 15:38И така, последното прашање што сакаме да го поставиме е:
-
15:38 - 15:41Дали може колективно да го закривиме дијаграмот на среќата нагоре?
-
15:41 - 15:44Прекрасно е што ги имаме овие трансцендентни моменти на радост,
-
15:44 - 15:47но понекогаш се пребрзи.
-
15:47 - 15:50И што со онаа линија на средната вредност на среќата?
-
15:50 - 15:52Дали може малку да ја поместиме нагоре?
-
15:52 - 15:55АВ: Ние мислиме дека овој јаз на среќата, за кој зборувавме,
-
15:55 - 15:57всушност настанува као резултат на влегување во родителството -
-
15:57 - 15:59или било кое долготрајно партнерство -
-
15:59 - 16:01со погрешни очекувања.
-
16:01 - 16:04А ако ги имате вистинските очекувања и добро се справувате со нив,
-
16:04 - 16:07мислиме дека тоа би било навистина пријатно искуство.
-
16:07 - 16:09РГ: И така ова -
-
16:09 - 16:11Мислиме дека многу родители,
-
16:11 - 16:13кога стигнуваат до оваа фаза - барем во нашиот случај -
-
16:13 - 16:16е како да се пакуваат за пат во Европа за кој се навистина возбудени.
-
16:16 - 16:18Но кога ќе излезат од авионот
-
16:18 - 16:20сфаќаат дека дошле на пешачење низ Непал.
-
16:20 - 16:23А одењето низ Непал е извонредно искуство,
-
16:23 - 16:25особено ако сте добро спакувани и
-
16:25 - 16:27знаете што ве очекува и сте возбудени.
-
16:27 - 16:29Поентата на сето ова за нас денес е
-
16:29 - 16:32се надевам не само искреност заради искреност,
-
16:32 - 16:35туку надеж дека со поголема искреност околу овие искуства,
-
16:35 - 16:37дека можеме колективно барем малку да ја закривиме
-
16:37 - 16:40онаа линија на среќа нагоре.
-
16:40 - 16:42РГ + АВ: Благодарам.
-
16:42 - 16:47(Аплауз)
- Title:
- Руфус Гриском + Алиса Волкмен: Ајде да зборуваме за табуата околу родителството
- Speaker:
- Rufus Griscom + Alisa Volkman
- Description:
-
Основачите на babble.com Руфус Гриском и Алиса Волкмен, ни излoжуваат 4 факти што родителите никогаш не ги признаваат - и зошто би требале да го направат тоа. Искрен говор, интересен и за оние кои самите не се родители.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 16:48