Алиса Волкмен: Овде почнува нашата приказна -
драматичните моменти при раѓањето
на нашиот прв син, Деклан
Очигледно многу значаен момент
кој ни го смени животот на многу начини.
Овој настан имаше и многу неочекувано влијание
врз нашиот живот, што не натера да размислиме
и доведе до раѓањето на нашата бизнис идеја,
па една година подоцна го основавме Babble,
веб страница за родители.
Руфус Гриском: Сега мислам дека нашата приказна
започна неколку години порано. (АВ:
РГ: Можеби се сеќавате, ние се заљубивме до уши.
АВ: Навистина.
РГ: Во тоа време водевме сосема друг тип на веб страница.
Страницата се викаше Nerve.com
која беше - чие мото беше „писмена порнографија“
Во теорија, а се надевам и во пракса,
беше паметен онлајн магазин
за секс и култура.
АВ: Од кој се роди сајт за средби.
Секако може да ги разберете шегите на наша сметка. По секс доаѓаат бебиња.
Ги следите упатствата на Nerve и би требале да завршите на Babble,
како што ни се случи нам.
И можеби третата веб страница ќе ни биде за геријатрија. Ќе видиме.
РГ: Но за нас, континуитетот од Nerve до Babble
не беше само затоа што сме во тој период од животот,
што секако е релевантно,
но повеќе беше заради
нашата желба многу искрено да зборуваме за теми
за кои луѓето тешко зборуваат искрено.
Ни се чини дека
кога луѓето почнуваат да кријат нешто, тие почнуваат да лажат за некои работи,
а тогаш станува навистина интересно,
тоа е темата која сакаме да ја разработиме.
И се изненадивме кога разбравме, како млади родители,
дека можеби има повеќе табуа за родителството
отколку за сексот.
АВ: Навистина. Па, како што рековме,
првите години беа навистина прекрасни,
но беа и навистина тешки.
И ни се чини дека дел од таа тешкотија
е заради лажниот маркетинг околу родителството.
(Смеа)
Се претплативме на многу магазини, си го сработивме домашното,
но навистина, каде и да погледневме, бевме опкружени со вакви слики.
И влеговме во родителството
очекувајќи животите да ни изгледаат така.
Сонцето секогаш сјае, а нашите деца никогаш нема да плачат.
Секогаш би имала совршена фризура и секогаш би била добро одморена.
А реалноста воопшто не беше таква.
РГ: Кога ќе ги спуштевме сјајните списанија за родителство
кои ги разгледувавме, со сите овие убави слики,
и ќе ја видевме сцената во нашата дневна соба,
тоа изгледаше вака некако.
Ова се нашите три сина.
И секако, сите не секогаш плачат и врескаат.
Но со три момчиња, има разумна веројатност
дека барем едно од нив нема да се однесува
баш онака како што би требало.
АВ: Да, може да видите каде ни се разидуваше реалноста од замислата за родителство.
Навистина се чувствуваме дека она што го очекувавме
немаше никаква врска со она што ни се случуваше.
Така се решивме дека навистина сакаме да искрено да им го пренесеме ова на новите родители.
Навистина сакавме да им дозволиме да разберат
на искрен начин како родителството навистина изгледа.
РГ: Така денес, она што би сакале да го направиме
е да споделиме со вас четири табуа околу родителството.
Секако, има многу повеќе од четири работи
што не смеете да ги кажете за родителството.
Но денеска би сакале да ги споделиме со вас
овие четири што ни се посебно важни нам.
Првото табу:
не смеете да кажете дека не сте го засакале вашето бебе
во првата минута од неговиот живот.
Живо се сеќавам, како седев таму во болницата.
Бевме во процесот на раѓање на нашето прво дете.
АВ: Ние или јас?
РГ: Извини.
Погрешно употребена заменка.
Алиса многу дарежливо беше во процес
на раѓање на нашето прво дете - (АВ: Благодарам)
- и јас бев спремен со ракавица на „фаќач“ во безбол.
Бев таму со раширени раце.
Сестрата ми одеше во пресрет
со ова навистина прекрасно дете.
И се сеќавам, додека таа ми се приближува,
на гласовите од пријателите кои ми велеа:
„Во моментот кога ќе ти го дадат бебето,
ќе почуствуваш таква љубов што ќе те обземе целиот
што е многу посилна од
било што што некогаш си го почувствувал во животот.“
Така, се подготвував за овој момент.
Бебето доаѓаше,
а јас бев спремен да ме прегази овој
камион од љубов.
Но, наместо тоа, кога ми го ставија бебето во рацете,
тоа беше извонреден момент.
Оваа слика е буквално од неколку секунди
откако ми го дадоа бебето и го донесов.
Можете да видите, нашите очи светкаат.
Бев преплавен со љубов кон жена ми,
со длабока, длабока благодарност
што имавме, како што изгледаше, здраво дете.
И секако, беше надреално.
Мислам, мораше да ја проверам нараквицата на детето да се осигурам.
Не ми се веруваше - „Сигурна ли си дека ова е наше дете?“
И сето ова беше навистина извонредно.
Но она што го чуствував кон детето во тој момент беше длабока приврзаност,
но ништо налик на она што го чувствувам кон него сега, пет години подоцна.
Овде направивме нешто
што е еретично.
Направивме табела
за нашата љубов кон нашето дете низ времето.
(смеа)
Ова, како што знаете, е вистинска ерес.
Не е дозволено да се прави табела за љубовта.
Причината за тоа е бидејќи
размислуваме за љубовта како нешто бинарно.
Или сте вљубени или не сте.
Или сакате или не сакате.
А мислам дека во реалноста љубовта е процес.
И мислам дека проблемот со замислата на љубовта
како нешто бинарно
е она што не прави
прекумерно загрижени
дали љубовта е лажлива, или несоодветна, или што и да е.
И очигледно јас зборувам за искуството на таткото.
Но мислам дека многу мажи имаат чувство
во првите месеци, можеби првата година,
дека нивната емотивна реакција на некој начин е несоодветна.
АВ: Мило ми е што Руфус го спомна ова,
затоа што можете да видите таму кај што тој паѓа пониско во првите години
јас работев за двајцата.
Но на шега велиме
дека во првите неколку месеци од животите на сите наши деца
тој е Чичко Руфус.
(Смеа)
РГ: Јас сум многу приврзан чичко, многу приврзан.
АВ: Да, јас често се шегувам со Руфус кога си доаѓа дома
дека не сум сигурна дека би го нашол нашето дете
во група со други бебиња.
Така, всушност направив еден мал тест за Руфус овде.
РГ: Уф оф.
АВ: Не сакам да го посрамотам премногу. Но ќе му дадам три секунди.
РГ: Ова не е фер. Ова е трик прашање. Го нема горе, нели?
АВ: Нашиот двомесечен син е некаде овде.
И сакам да видам дали Руфус ќе може брзо да го препознае.
РГ: Најлево. (АВ: Не!)
(смеа)
РГ: Сурово.
АВ: Немам што повеќе да кажам.
(Смеа)
Ќе се префрлам на второто табу.
Не смеете да зборувате колку може да бидете осамени по раѓањето на детето.
Уживав додека бев бремена; го сакав тој период.
Се чувствував неверојатно поврзана со заедницата околу мене.
Изгледаше дека сите се заинтересирани за мојата бременост,
сите околу мене, ја следеа до крајниот термин.
Се чувствував како да сум сад со иднината на човештвото.
Тоа продолжи и додека бев во болницата; беше навистина восхитувачко.
Бев преплавена со подароци и цвеќиња и посетители.
Беше навистина прекрасно искуство.
Но кога си дојдов дома,
одеднаш се почувствував отсечена од светот
и затворена во себе и од другите.
Навистина бев изненадена од тие чувства.
Секако очекував да биде тешко,
очекував непреспани ноќи, постојано хранење,
но не очекував да се чувствувам
изолирано и осамено, како што се чувствував тогаш.
И навистина бев изненадена дека никој не ми кажал
дека ќе се чувствувам вака.
И се јавив на сестра ми со
која сум многу блиска - и која има три деца -
и ја прашав: „Зошто не ми кажа
дека ќе се чувствувам вака,
дека ќе се - ќе се чувствувам неверојатно изолирано?“
А таа ми кажа - ова никогаш нема да го заборавам -
„Тоа не е нешто што сакаш да и го кажеш на жена
која за прв пат станува мајка“
РГ: И секако, ние мислиме
дека тоа е точно она што треба да им се каже
на жените кои за прв пат стануваат мајки.
И дека ова, секако, една од темите за нас
е што мислиме
дека брутална искреност
е од клучно значење за нас колективно
да станеме одлични родители.
И тешко е да не помислите
дека дел од она што доведува до ова чувство на изолираност
е нашиот современ свет.
Искуството на Алиса не е единствено.
Така 58% од испитаните мајки
пријавиле дека се чувствуваат осамено.
Од нив, 67% се нај осамени кога децата им
се помали од 5 години - можеби поточно кога тие се помали од 2 години.
Додека се подготвувавме за презентацијава
истражувавме како некои други култури низ светот
се справуваат со овој период,
бидејќи овде, во Западниот свет,
помалку од 50% од нас живееме блиску до нашите семејства
што мислам дека делумно е причина зошто ова е толку тежок период.
Така, да видиме еден од многуте примери:
во јужна Индија
има еден обичај кој се вика џолабхари,
во кој кога жените во седмиот или осмиот месец од бременоста
се враќаат кај своите мајки
и поминуваат серија ритуали и церемонии,
се пораѓаат и се враќаат дома во своето нуклеарно семејство
неколку месеца по раѓањето на детето.
Тоа е само еден од многуте начини на
кој мислиме дека другите култури се справуваат со овој осамен период.
АВ: И табу број три:
Не смеете да зборувате за вашиот спонтан абортус - но денес ќе зборувам за мојот.
Откако ни се роди Деклан,
некако ги искалибриравме нашите очекувања.
Мислевме дека можеме да поминеме низ сево ова повторно
и мислевме дека знаеме што не’ чека.
И бевме среќни што успеав да останам трудна.
Наскоро разбравме дека чекаме момче.
И кога бев во петтиот месец од бременоста,
дознавме дека сме го изгубиле детето.
Ова е всушност последната мала слика што ја имаме од него.
И очигледно ова беше многу тежок период -
навистина болен период.
Додека поминував низ тој процес на жалење,
ме зачудуваше тоа што не сакав да видам никого.
Навистина сакав да одлазам во некоја дупка.
И навистина не знаев
како ќе се вратам во мојата заедница.
И сфатив, мислам, зошто се чувствував така,
дека од длабочината на душата
чувствував многу срам -
бев посрамена, искрено -
дека на некој начин не сум успеала
да го остварам она за што генетски сум проектирана.
И секако, тоа ме натера да мислам,
ако не можев да раѓам повеќе,
што тоа ќе значеше за мојот брак,
и за мене самата како жена.
Тоа беше навистина тежок период.
И како што почнував повеќе да се опоравувам,
почнав да излегувам од таа дупка и да зборувам со други луѓе.
Бев навистина вчудоневидена од
сите приказни што почнаа да ме преплавуваат.
Луѓе со кои комуницирав дневно,
со кои работев, пријатели,
членови на семејството кои ги познавав со години,
никогаш ми не ми ги беа кажале своите приказни.
И се сеќавам дека се чувствував како овие приказни да излегоа од никаде.
Изгледаше дека налетав на
ова тајно друштво на жени од кои сега и самата бев дел,
што ме утешуваше, но во исто време и навистина ме загрижуваше.
И мислам,
спонтаниот абортус е невидлива загуба.
Нема нешто многу поддршка од заедницата за тоа.
Нема никакви церемонии,
ритуали или обреди.
И мислам, кога некој ќе умре, има погреб, се слави неговиот живот
и има голема поддршка од средината.
А во случај на спонтан абортус жените ја немаат таа подршка.
РГ: Што е навистина штета бидејќи, секако,
тоа е многу често и многу трауматско искуство.
15 до 20% од сите бремености завршуваат со спонтан абортус.
Ова ме вџашува.
Во една анкета, 74% од жените рекоа
дека чувствувале дека спонтаниот абортус бил делумно по нивна вина, што е ужасно.
И изненадувачки, 22%
рекоа дека би го скриле спонтаниот абортус од сопругот.
Па, табу број четири:
Не смеете да кажете дека средната вредност на вашата среќа
опаднала откако ви се родило детето.
Сите велат дека секој аспект од мојот живот
станал драматично подобар
откако учествував
во чудото наречено раѓање и семејство.
Никогаш нема да го заборавам, се уште јасно се сеќавам.
кога нашиот прв син, Деклан, имаше 9 месеци,
и јас седев на каучот и
ја читав прекрасната книга на Даниел Гилберт: „Сопнување од среќата“.
Стигнав некаде до две третини од книгата и
на десната страна - на десната страница -
имаше дијаграм
кој го означивме овде како
„Најзастрашувачкиот можен дијаграм
за тазе родител“.
Овој дијаграм е составен од четири целосно независни студии.
Во основа, се јавува овој стрмен пад
на брачното задоволство
кое е блиску поврзано, како што сите знаеме, со пошироката среќа,
и тоа не расне се додека
вашето прво дете не отиде на факултет.
И така, седам и гледам во наредните две декади од мојот живот,
оваа бездна за среќата
кон која право го возиме нашиот хипотетички кабриолет.
Бевме очајни.
АВ: Па може да замислите, мислам секако, првите неколку месеци беа тешки,
но поминавме низ нив,
и навистина бевме шокирано кога ја видовме оваа студија
Така навистина сакавме подлабоко да ја рагледаме
надевајќи се дека ќе најдеме нејзина позитивна страна.
РГ: Во вакви случаи е одлично што водиме сајт за родители,
зашто испративме еден неверојатен новинар
да оди и да ги интервјуира сите научници кои
ги спровеле овие четири студии.
И си рековме, нешто не е во ред овде.
Нешто фали во овие студии.
Невозможно е да биде толку лошо.
Така, Лиз Мичел беше одлична.
Таа ги интервјуираше четирите научници,
а и Даниел Гилберт исто така.
И навистина најдовме позитивна страна.
Ова е наше нагаѓање за тоа
како најверојатно изгледа оваа основна линија на средната вредност
на среќата во текот на животот.
Средната вредност на среќа, секако, е несоодветна величина
бидејќи не ни кажува
какви се поединечните искуства кои ги содржи.
И ова е како ние мислиме дека изгледа
кога ќе се додадат
поединечните моментални искуства.
Така, сите се сеќаваме, како деца
најмалото нешто - а ова го гледаме и на лицата на нашите деца -
најмалото нешто
може да ги лансира до овие височини на
потполен восхит,
за потоа наредното најмало нешто
да направи да пропаднат во длабочините на очајот.
Ова е навистина извонредно да се набљудува, а и самите се сеќаваме на него.
И секако, како раснеме,
излегува како годините да се еден вид литум,
Како остаруваме, стануваме постабилни.
И дел од она што се случува, мислам, во дваесеттите и триесеттите години од животот,
е дека почнуваме да учиме да ја заштитуваме нашата среќа.
Почнуваме да сфаќаме дека
„Еј, можам да одам на оваа жива свирка
и да доживеам искуство кое потполно ќе ме смени
од кое целото тело ќе ми се наежи,
но поверојатно е дека ќе се чувствам клаустрофобично и
дека нема да може да дојдам до пиво.
Па затоа не одам.
Имам добар систем дома. Не одам.“.
Така, нашата средна вредност на среќата расне
но ги губиме оние трансцендентни моменти.
АВ: ДА, и тогаш доаѓа првото дете.
И тогаш навистина повторно се препуштаме
на овие издигнувања и падови -
издигнувањата би биле првите чекори, првата насмевка,
вашето дете чита ви чита за прв пат -
а падовите би биле нашата куќа секоја вечер помеѓу шест и седум.
Но сфаќате дека повторно се препуштате
да изгубите контрола на навистина прекрасен начин,
за кој мислиме дека дава големо значење на нашите животи
и е навистина задоволувачки.
РГ: И така, всушнот,
ние ја менуваме средната вредност на среќата.
Се менуваме со оној вид на сигурност и безбедност
кое го дава одредено ниво на задоволство
за овие трансцендентни моменти.
Така, каде сме ние двајца
со фамилија со нашите три мали момчиња
во целава збрка?
Има уште еден фактор во нашиот случај.
Прекршивме уште едно табу
во нашите животи.
А ова е бонус табу.
АВ: Брзо бонус табу за вас, дека не би требало да работиме заедно,
посебно не со три деца -
а ние работиме.
РГ: На почетокот имавме резервации кон ова.
Сите знаат, апсолутно правило е - не смеете да работите со сопругот/-та.
Всушност, кога прв пат отидовме да бараме пари да започнеме со Babble,
инвеститорите ни рекоа:
„Категорички одбиваме да инвестираме
во компании основани од сопружници
бидејќи постои поголема шанса за пропаст.
Тоа е лоша идеја. Не правете го тоа“
А ние очигледно продолживме. Продолживме.
Ги собравме парите, и сме пресреќни што успеавме.
бидејќи во оваа фаза од животот
ресурсот кој неверојатно многу ни недостасува е времето.
А ако навистина го сакате она што го работите секој ден - а ние го сакаме -
и ако исто толку се сакате меѓусебе,
ова е единствениот начин на кој ние знаевме како да направиме нешто.
И така, последното прашање што сакаме да го поставиме е:
Дали може колективно да го закривиме дијаграмот на среќата нагоре?
Прекрасно е што ги имаме овие трансцендентни моменти на радост,
но понекогаш се пребрзи.
И што со онаа линија на средната вредност на среќата?
Дали може малку да ја поместиме нагоре?
АВ: Ние мислиме дека овој јаз на среќата, за кој зборувавме,
всушност настанува као резултат на влегување во родителството -
или било кое долготрајно партнерство -
со погрешни очекувања.
А ако ги имате вистинските очекувања и добро се справувате со нив,
мислиме дека тоа би било навистина пријатно искуство.
РГ: И така ова -
Мислиме дека многу родители,
кога стигнуваат до оваа фаза - барем во нашиот случај -
е како да се пакуваат за пат во Европа за кој се навистина возбудени.
Но кога ќе излезат од авионот
сфаќаат дека дошле на пешачење низ Непал.
А одењето низ Непал е извонредно искуство,
особено ако сте добро спакувани и
знаете што ве очекува и сте возбудени.
Поентата на сето ова за нас денес е
се надевам не само искреност заради искреност,
туку надеж дека со поголема искреност околу овие искуства,
дека можеме колективно барем малку да ја закривиме
онаа линија на среќа нагоре.
РГ + АВ: Благодарам.
(Аплауз)