Џејмс Ренди прави оштар напад врз гатачките измами
-
0:01 - 0:03Добро утро.
-
0:03 - 0:06Драго ми е што гледам толку многу фини луѓе во публиката
-
0:06 - 0:08и толку многу насмеани лица.
-
0:09 - 0:11Јас имам многу невообичаена позадина,
-
0:11 - 0:13став и пристап
-
0:13 - 0:15кон реалниот свет
-
0:15 - 0:17бидејќи сум волшебник.
-
0:17 - 0:20Го преферирам тој збор наместо магионичар,
-
0:20 - 0:22бидејќи, да бев магионичар, ќе значеше дека
-
0:22 - 0:24употребувам магии и ритуали
-
0:24 - 0:27и чудни гестови
-
0:27 - 0:30за да изведам вистинска магија.
-
0:30 - 0:32Не, јас не го правам тоа; Јас сум волшебник,
-
0:32 - 0:35а тоа е некој што се преправа дека е
-
0:35 - 0:38вистински магионичар.
-
0:38 - 0:41И како го правиме тоа?
-
0:41 - 0:43Ние се потпираме на фактот дека
-
0:43 - 0:45публиката, како на пример вие овде,
-
0:45 - 0:47ќе прават претпоставки.
-
0:47 - 0:49На пример, кога се качив на бинава,
-
0:49 - 0:51и го земав микрофонот од масичката,
-
0:51 - 0:53и го вклучив,
-
0:53 - 0:55вие претпоставивте дека ова е микрофон, а ова не е микрофон.
-
0:55 - 0:57(смеа)
-
0:57 - 0:59Всушност, ова е нешто со што половината од вас
-
0:59 - 1:02и повеќе сте веќе запознаени.
-
1:02 - 1:05Ова е машинка за бричење.
-
1:05 - 1:07И, не функционира баш добро како микрофон.
-
1:07 - 1:09Сум пробал многу пати.
-
1:09 - 1:11Втората претпоставка што ја направивте --
-
1:11 - 1:13и сето ова е мала лекција за да ви покажам
-
1:13 - 1:15дека и вие правите претпоставки --
-
1:15 - 1:17не само што можете да правите, туку и редовно правите --
-
1:17 - 1:19кога ќе ви бидат правилно сугерирани.
-
1:19 - 1:21Ете, вие верувате дека гледам во вас.
-
1:21 - 1:24Погрешно, Не гледам во вас. Не можам да ве видам.
-
1:24 - 1:27Знам дека сте таму, ми кажаа зад сценава, дека е полна сала со луѓе.
-
1:27 - 1:29Знам дека сте таму бидејќи можам да ве чујам,
-
1:29 - 1:32но, не можам да ве видам бидејќи ми требаат очила.
-
1:32 - 1:34Ова не се очила, ова се празни рамки,
-
1:34 - 1:36доста празни рамки.
-
1:36 - 1:39И сега, зошто би се појавил возрасен човек пред вас
-
1:39 - 1:41кој што носи празни рамки за очила?
-
1:41 - 1:43За да ве прелаже дами и господа,
-
1:43 - 1:46да ве измами, да ви покаже дека и вие исто така
-
1:46 - 1:48правите претпоставки.
-
1:48 - 1:50Никогаш не го заборавајте тоа.
-
1:50 - 1:52Сега, морам првин нешто да направам, да земам вистински очила,
-
1:52 - 1:54за да можам да ве видам,
-
1:54 - 1:57што би било веројатно корисно.
-
1:57 - 1:59Ве немам видено.. Ех, всушност и не било толку корисно..
-
1:59 - 2:01(смеа)
-
2:01 - 2:03Сега морам да направам нешто
-
2:03 - 2:05невообичаено за еден магионичар.
-
2:05 - 2:07Ќе земам лекови.
-
2:07 - 2:09Ова е полно шишенце
-
2:09 - 2:11Калм Форте.
-
2:11 - 2:13Ќе ви го објаснам за некој момент.
-
2:13 - 2:15Игнонирајте ги упатствата.
-
2:15 - 2:17Тоа е само нешто што владата мора да го стави
-
2:17 - 2:20за да ве збуни уште повеќе.
-
2:20 - 2:22Ќе земам доволно од овие. Мммм.
-
2:23 - 2:25Всушност, ги испив сите апчиња.
-
2:32 - 2:3532 таблетки Калм Форте.
-
2:35 - 2:38Сега, кога го направив тоа, ќе ви го објаснам малку подоцна --
-
2:38 - 2:40Мора да ви кажам дека
-
2:40 - 2:42јас сум актер.
-
2:42 - 2:45Јас сум актер кој глуми една специфична улога.
-
2:45 - 2:47Ја глумам улогата на еден магионичар,
-
2:47 - 2:50или волшебник ако повеќе сакате, вистински волшебник.
-
2:50 - 2:53Ако на сценава пред вас се појавеше некој
-
2:53 - 2:55кој што би тврдел
-
2:55 - 2:58дека е древен Дански принц наречен Хамлет,
-
2:58 - 3:00вие би биле навредени
-
3:00 - 3:02и би биле во право.
-
3:02 - 3:04Зошто некој би помислил дека вие би поверувале
-
3:04 - 3:06нешто толку чудно?
-
3:06 - 3:08Но, во светот постои еден
-
3:08 - 3:11широк круг на луѓе
-
3:11 - 3:13кои ќе ви кажат
-
3:13 - 3:15дека поседуваат психички, магични моќи,
-
3:15 - 3:17кои можат да ја предвидат иднината,
-
3:17 - 3:19и можат да контактираат со мртвите.
-
3:19 - 3:21А да, исто така велат
-
3:21 - 3:23дека знаат астрологија
-
3:23 - 3:25а и други методи на претскажување.
-
3:25 - 3:27И со задоволство ви го продаваат тоа. Да.
-
3:27 - 3:29И исто така велат
-
3:29 - 3:31дека можат да ви дадат перпетуум мобиле машини
-
3:31 - 3:33и системи кои генерираат енергија од ништо.
-
3:33 - 3:35Тие тврдат дека се видовити,
-
3:35 - 3:37или гатачи, што и да треба.
-
3:37 - 3:40Но, една работа која стана доста популарна
-
3:40 - 3:42од неодамна,
-
3:42 - 3:44е бизнисот
-
3:44 - 3:46на зборување со мртвите.
-
3:47 - 3:49Од моето скромно знаење,
-
3:49 - 3:52„мртов“ значи
-
3:52 - 3:55неспособен да комуницира.
-
3:55 - 3:57Можеби ќе се согласите со мене за тоа.
-
3:57 - 4:00Но овие луѓе ви велат дека не само што
-
4:00 - 4:02можат да им зборуваат на мртвите --
-
4:02 - 4:04туку,
-
4:04 - 4:06можат и да ги слушаат,
-
4:06 - 4:09и да ги пренесуваат нивните пораки на живите.
-
4:09 - 4:11Се прашувам дали ова е вистина.
-
4:11 - 4:13Не верувам
-
4:13 - 4:15бидејќи оваа група луѓе
-
4:15 - 4:18ги користи истите трикови кои ги користиме и ние магионичарите
-
4:18 - 4:20потполно истите
-
4:20 - 4:23истите физички методи, истите психички методи.
-
4:23 - 4:26И тие успешно и доста темелно
-
4:26 - 4:28измамуваат милиони луѓе низ целата планета
-
4:28 - 4:30предизвикувајќи им штета.
-
4:30 - 4:32Тие ги измамуваат овие луѓе.
-
4:32 - 4:34Ги чинат многу пари.
-
4:34 - 4:36Ги чинат многу емоционални страдања.
-
4:36 - 4:38Милијарди долари се трошат
-
4:38 - 4:41секоја година во цел свет
-
4:41 - 4:43на овие шарлатани.
-
4:43 - 4:45И сега, имам 2 прашања
-
4:45 - 4:47кои би сакал да им ги поставам на овие луѓе
-
4:47 - 4:49кога би имал можност за тоа.
-
4:49 - 4:52Првото прашање: Кога би сакал да ги замолам да им се јават таму горе --
-
4:52 - 4:54бидејќи сепак ги слушаат преку увото..
-
4:54 - 4:56Тие ги слушаат духовите.
-
4:56 - 4:59Би ве прашал да се јавите на духот на мојата баба
-
4:59 - 5:01бидејќи, кога почина, таа го сокри
-
5:01 - 5:03тестаментот. Но, никој од нас не знае каде.
-
5:03 - 5:06И, ние ја прашуваме баба: „Каде е тестаментот бабо?“
-
5:06 - 5:09И што вели таа? Таа вели, „јас сум во рајот и тука е прекрасно.
-
5:09 - 5:11Тука сум со сите мои стари пријатели, кои исто така се починати,
-
5:11 - 5:13и со мојата фамилија,
-
5:13 - 5:16и сите мачиња и кучиња што ги имав како мала.
-
5:16 - 5:19И ве сакам, и секогаш ќе бидам со вас.
-
5:19 - 5:21Збогум.“
-
5:21 - 5:23И таа не одговори на поставеното прашање.
-
5:23 - 5:25Каде е тестаментот?
-
5:25 - 5:27Можеше лесно да каже,
-
5:27 - 5:29„А, се наоѓа во библиотеката, на втората полица, зад енциклопедијата.“
-
5:29 - 5:32Но таа не го кажа тоа.
-
5:32 - 5:35Не ни кажа ниедна корисна информација.
-
5:35 - 5:37Плативме многу пари за таа информација,
-
5:37 - 5:39но не ја добивме.
-
5:39 - 5:42Второто прашање кое сакам да го поставам е исто така едноставно.
-
5:42 - 5:44Да претпоставиме дека ќе побарам да го контактираат
-
5:44 - 5:47мојот починат дедо на пример.
-
5:47 - 5:49Зошто гатачиве инсистираат да велат --
-
5:49 - 5:51запамтете, духовите им зборат во нивното уво --
-
5:51 - 5:55зошто велат „моето име почнува со Ј или М?“
-
5:56 - 5:58Што е тоа? Играме криенка?
-
5:58 - 6:00Го бркаме одговорот? Што е тоа?
-
6:00 - 6:03Некој квиз од 20 прашања? Или уште полошо 120 прашања?
-
6:03 - 6:06Не, тоа е една сурова, злобна,
-
6:07 - 6:10тотално несовесна --
-
6:10 - 6:13ќе се смирам, не се тревожете --
-
6:13 - 6:15игра која ја играат овие луѓе.
-
6:15 - 6:18И тие ги искористуваат наивните и неискусните
-
6:18 - 6:21ожалостените и очајните.
-
6:21 - 6:23Има еден процес
-
6:23 - 6:26кој се нарекува „ладно читање“.
-
6:27 - 6:29Има едно типче
-
6:30 - 6:32што се вика Ван Прааг, Џејмс Ван Прааг.
-
6:32 - 6:34Тој е еден од големите практиканти на овој тип работи.
-
6:34 - 6:37Џон Едвард, Силвија Браун
-
6:37 - 6:40и Розмари Алтеа, тие се другите.
-
6:40 - 6:43Всушност, има стотици и стотици насекаде во светот,
-
6:43 - 6:45но во оваа земја, Џејмс Ван Прааг е многу познат.
-
6:45 - 6:47И што прави тој? Тој сака да ви раскажува
-
6:47 - 6:49како починале починатите,
-
6:49 - 6:52оние со кои тој комуницира преку неговото уво.
-
6:52 - 6:55И она што го вели, најчесто е,
-
6:55 - 6:58„Еве, еве, ми кажува дека, пред да почине,
-
6:59 - 7:01имал тешкотии со дишењето.“
-
7:01 - 7:03Народе, тоа е најнормално во моментот на смрт.
-
7:03 - 7:05(смеа)
-
7:05 - 7:07Престанувате да дишете, и потоа сте мртви.
-
7:07 - 7:09Толку е едноставно.
-
7:09 - 7:12И токму такви информации би ви кажале починатите?
-
7:12 - 7:14Не верувам баш.
-
7:14 - 7:16Исто така, овие луѓе сакаат и да погодуваат и велат нешто како..
-
7:16 - 7:18„зошто примам нешто како електрицитет?
-
7:18 - 7:21ми кажува Електрицитет.
-
7:21 - 7:23Да не бил електричар?“ Не.
-
7:23 - 7:25„Да не имал машинка за бричење на струја?“ Не.
-
7:25 - 7:27И продолжуваат така да погодуваат.
-
7:27 - 7:29И тоа трае.
-
7:29 - 7:31Луѓето често не прашуваат
-
7:31 - 7:33во нашата фондација - Џејмс Ренди Образовна фондација,
-
7:33 - 7:36ме прашуваат - „Зошто пак толку се грижите за сето ова г. Ренди?
-
7:36 - 7:38Нели е тоа само добра забава?“
-
7:38 - 7:41Не, воопшто не е забава. Тоа е сурова фарса.
-
7:41 - 7:44Можеби ќе ви донесе малку мир,
-
7:44 - 7:46но тој мир
-
7:46 - 7:48трае околу 20тина минути.
-
7:48 - 7:50И потоа се погледнувате во огледало и велите,
-
7:50 - 7:52платив доста пари за ова гатање пред малку.
-
7:52 - 7:55И што ми кажа таа? Те сакам“
-
7:55 - 7:57Секогаш го велат тоа.
-
7:57 - 7:59Воопшто не добивате никакви информации,
-
7:59 - 8:01не добивате никаква вредност за парите што сте ги потрошиле.
-
8:01 - 8:03Силвија Браун е исто така голем играч на ова поле.
-
8:03 - 8:05Ние ја нарекуваме „Канџи.“
-
8:05 - 8:07Силвија Браун - благодарам-
-
8:07 - 8:10Силвија Браун е голем оператор на ова поле
-
8:10 - 8:12во денешно време.
-
8:12 - 8:15И таа, Силвија Браун, колку за илустрација,
-
8:15 - 8:18зема 700 долари
-
8:18 - 8:21за 20 минутно гатање преку телефон.
-
8:21 - 8:23Таа дури и нема потреба да оди таму на лице место.
-
8:23 - 8:25А и треба да чекате и до 2 години
-
8:25 - 8:27бидејќи е презафатена со други гатања.
-
8:27 - 8:29Плаќате со кредитна картичка или сл.,
-
8:29 - 8:31и потоа во следните 2 години
-
8:31 - 8:33го очекувате нејзиниот повик.
-
8:33 - 8:35Знаете дека е таа. „Здраво, овде е Силвија Браун.“
-
8:35 - 8:37Тоа е таа. Веднаш ја познавате.
-
8:39 - 8:42Сега, Монтел Вилијамс е интелигентен човек.
-
8:42 - 8:45Сите сме го видиле на телевизија.
-
8:45 - 8:47Тој е добро образуван и паметен.
-
8:47 - 8:49Тој знае што прави Силвија Браун,
-
8:49 - 8:51но воопшто не му е гајле.
-
8:51 - 8:54Едноставно му е сеедно.
-
8:55 - 8:58Бидејќи, во крајна линија, спонзорите го обожаваат тоа,
-
8:58 - 9:00и тој ја прикажува на телевизија
-
9:00 - 9:02во јавноста - цело време.
-
9:02 - 9:05И што добивате од Силвија Браун за тие 700 долари.
-
9:05 - 9:08Таа ви ги кажува имињата на вашите ангели-чувари - тоа е прво.
-
9:08 - 9:11Всушност, како и би можеле да функционираме без нив?
-
9:11 - 9:14Исто, ви ги кажува и имињата што сте ги имале во претходните животи,
-
9:14 - 9:16и ви кажува што сте биле во тие претходни животи.
-
9:16 - 9:18Замислете?
-
9:18 - 9:20Излегува дека сите жени
-
9:20 - 9:22на кои им гатала
-
9:22 - 9:25биле Вавилонски принцези или нешто слично.
-
9:25 - 9:27А сите мажи биле старо-Грчки воини
-
9:27 - 9:30кои се бореле со Агамемнон.
-
9:30 - 9:32Никој од нив
-
9:32 - 9:34не излегува дека бил некое сираче на улиците во Лондон,
-
9:34 - 9:36кој умрел мизерно.
-
9:36 - 9:39Тоа очигледно не заслужило да се реинкарнира.
-
9:39 - 9:42И уште нешто чудно народе - можеби сте го приметиле -
-
9:42 - 9:45бидејќи и сте ги гледале овие луѓе на телевизија -
-
9:45 - 9:48тие никогаш не комуницираат со некој од пеколот.
-
9:49 - 9:52Сите доаѓаат од рајот, но никогаш од пеколот.
-
9:52 - 9:54Ако се јават на некој мој пријател,
-
9:54 - 9:56тие нема да ... Всушност, ја сваќате поентата.
-
9:56 - 9:58(смеа)
-
9:59 - 10:02Но, Силвија Браун е исклучок,
-
10:02 - 10:04на еден начин,
-
10:04 - 10:07бидејќи мојата фондација,
-
10:07 - 10:10нуди награда вредна еден милион долари.
-
10:10 - 10:12Може многу лесно да ја добиете.
-
10:12 - 10:14Се што треба да направите е да докажете било кој паранормален, окултен
-
10:14 - 10:16или натприроден настан од било кој тип
-
10:16 - 10:18под адекватни услови за набљудување.
-
10:18 - 10:20Многу е лесно да ги добиете тие милион долари.
-
10:20 - 10:22Силвија Браун е исклучок во тоа што
-
10:22 - 10:25таа е единствениот професионален гатач
-
10:25 - 10:27во целиот свет
-
10:27 - 10:30која што го прафати нашиот предизвик.
-
10:30 - 10:33И го направи тоа во живо на шоуто на Лари Кинг на СиЕнЕн
-
10:33 - 10:36пред 6 и пол години.
-
10:36 - 10:39И од тогаш ни се нема јавено. Чудно.
-
10:39 - 10:42Оправданието и беше дека не можела да стапи во контакт со мене.
-
10:42 - 10:44Замислете?
-
10:44 - 10:46Професионален гатач кој збори со мртвите,
-
10:47 - 10:49не може да ме контактира мене?
-
10:49 - 10:51(смеа)
-
10:51 - 10:53Но можеби приметивте, јас сум жив.
-
10:53 - 10:55И тоа прилично добар.
-
10:56 - 10:59Не можела да ме добие. А сега вели дека не ни сака да ме добие,
-
10:59 - 11:02бидејќи сум безбожник.
-
11:02 - 11:04Но, нели е тоа уште една причина повеќе
-
11:04 - 11:06за да ми ги земеш тие милион долари Силвија?
-
11:06 - 11:09Шала на страна, овие луѓе мора да се сопрат.
-
11:09 - 11:11Мора да се спречат бидејќи сето тоа е сурова фарса.
-
11:11 - 11:14Постојано ни доаѓаат луѓе во фондацијата.
-
11:14 - 11:17Уништени финансиски и емоционално
-
11:17 - 11:19бидејќи ги вложиле своите пари
-
11:19 - 11:21и својата верба во тие луѓе.
-
11:21 - 11:23Сега, ако се сеќавате, испив едни апчиња пред малку,
-
11:23 - 11:25па треба да ви го објаснам и тоа.
-
11:25 - 11:28Хомеопатија, да откриеме што е тоа всушност.
-
11:28 - 11:30Хмм. Сигурно сте чуле.
-
11:30 - 11:33Тоа е алтернативна медицина, нели.
-
11:33 - 11:36Хомеопатијата всушност се состои од - всушност и ова е хомеопатија.
-
11:36 - 11:39Ова е Калм Форте,
-
11:39 - 11:4232 таблетки за спиење - заборавив да ви го кажам тоа.
-
11:42 - 11:44Пред малку испив
-
11:44 - 11:47таблетки за спиење кои треба да ме успијат 6 и пол дена.
-
11:47 - 11:49(смеа)
-
11:49 - 11:516 и пол дена! Тоа мора да е фатална доза.
-
11:51 - 11:53И тука позади вели,
-
11:53 - 11:55„во случај на предозираност,
-
11:55 - 11:57веднаш контактирајте со токсикологија“
-
11:57 - 11:59и ви оставаат 0800 број.
-
11:59 - 12:01Останете мирни. Ќе бидам добар.
-
12:01 - 12:03Не ми треба помош
-
12:03 - 12:05бидејќи го правам ова
-
12:05 - 12:08за публика низ целиот свет
-
12:08 - 12:10во последниве 10 години,
-
12:10 - 12:13земам фатална доза на хомеопатски таблетки за спиење.
-
12:13 - 12:15И зошто не делуваат на мене?
-
12:15 - 12:17(смеа)
-
12:17 - 12:20(аплауз)
-
12:20 - 12:22Одговорот може да ве изненади.
-
12:22 - 12:24Што е хомеопатија?
-
12:24 - 12:26Тоа е процес во кој се зема лек кој вистински делува
-
12:26 - 12:28и се раствара
-
12:28 - 12:30многу повеќе од границата на Авогардо.
-
12:30 - 12:32Всушност се раствара толку многу
-
12:32 - 12:35што на крајот не останува ништо од лекот.
-
12:35 - 12:37Ова не е само метафора
-
12:37 - 12:40туку е факт.
-
12:40 - 12:42Тоа е исто како да сте земале
-
12:42 - 12:46една таблетка Аспирин од 325 грама,
-
12:46 - 12:49да сте ја фрлиле на сред Охридско езеро,
-
12:49 - 12:52да сте го промешале езерото, нормално со гооолема лажица,
-
12:52 - 12:54и да почекате 2 години
-
12:54 - 12:57додека смесата не се изедначи.
-
12:57 - 12:59Потоа, кога ќе ве боли глава,
-
12:59 - 13:02земате голтка од оваа езерска вода и воала! ви поминало.
-
13:02 - 13:04(смеа)
-
13:04 - 13:07Но тоа е така. Тоа е хомеопатија.
-
13:07 - 13:10И уште нешто што го тврдат - ќе го сакате ова -
-
13:10 - 13:13колку е поразреден лекот,
-
13:13 - 13:15толку е помоќен.
-
13:15 - 13:18Не ви кажав.. разбравме за едно момче во Флорида.
-
13:18 - 13:20Кутрото момче беше на хомеопатски лекарства.
-
13:20 - 13:22И умре од предозираност.
-
13:22 - 13:24Заборави да го земе лекот.
-
13:24 - 13:26(смеа)
-
13:26 - 13:28Замислете?
-
13:30 - 13:33Ова е смешно. Апсолутно бесмислено.
-
13:33 - 13:35И навистина не ми е јасно што правиме,
-
13:35 - 13:38што веруваме во овие бесмислици сиве овие години.
-
13:38 - 13:40Дозволете да ви кажам,
-
13:40 - 13:42дека Џејмс Ренди образовната фондација
-
13:42 - 13:44мавта со голем морков,
-
13:44 - 13:47но фактот што никој досега
-
13:47 - 13:49не посегнал да го гризне
-
13:49 - 13:51не значи и дека натприродни моќи не постојат.
-
13:51 - 13:54Можеби и постојат, некаде.
-
13:54 - 13:57Можеби тие луѓе се богати и без тоа.
-
13:57 - 13:59Гледајќи ја Силвија Браун, и претпоставувам дека е така.
-
13:59 - 14:01Знаете, 700 долари за 20минутно читање
-
14:01 - 14:03преку телефон
-
14:03 - 14:05тоа е повеќе отколку заработката на адвокатите.
-
14:06 - 14:08Тоа е огромна сума на пари.
-
14:08 - 14:11Веројатно на овие луѓе не им требаат тие милион долари,
-
14:11 - 14:13но нели мислите дека сепак би ги земале
-
14:13 - 14:15ако ништо друго, тогаш за да направат да изгледам смешен,
-
14:15 - 14:18и да се ослободат од овој безбожник
-
14:18 - 14:21за кој Силвија Браун зборува цело време?
-
14:21 - 14:23Сепак мислам дека мора нешто да се стори околку ова.
-
14:23 - 14:26Навистина би ми помогнале вашите предлози
-
14:26 - 14:29како да воспоставам контакт со властите во оваа држава
-
14:29 - 14:31со локалните власти
-
14:31 - 14:33за да ги натерам да сторат нешто.
-
14:33 - 14:36Ако најдете - сега разбирам -
-
14:36 - 14:38гледаме како и денес луѓето ни зборуваат
-
14:38 - 14:40за епидемијата на Сида
-
14:40 - 14:42и за децата што гладуваат низ целиот свет
-
14:42 - 14:45и загадените извори на вода со кои треба да живееме.
-
14:45 - 14:47Овие проблеми се многу важни,
-
14:47 - 14:49со врвен приоритет.
-
14:49 - 14:52И мора да сториме нешто околу нив.
-
14:52 - 14:54Но во исто време...
-
14:54 - 14:56Како што кажа Артур Кларк
-
14:56 - 14:58„Скапувањето на човечкиот ум.“
-
14:58 - 15:00Бизнисот на верување во паранормалното и окултното
-
15:00 - 15:02и натприродното
-
15:02 - 15:04сите тие глупости,
-
15:04 - 15:06средновековен начин на размислување,
-
15:06 - 15:08сепак мислам дека мора нешто да се стори околу тоа,
-
15:08 - 15:10и мислам дека решението е во образованието.
-
15:10 - 15:12Медиумите
-
15:12 - 15:14се најмногу виновни за тоа.
-
15:14 - 15:16Тие бессрамно ги промовираат
-
15:16 - 15:18сите тие глупости
-
15:18 - 15:21бидејќи со тоа ги задоволуваат спонзорите.
-
15:22 - 15:24На крај сето се сведува на пари.
-
15:24 - 15:26Тоа е она што тие го гледаат.
-
15:26 - 15:28Навистина мора да сториме нешто околу ова.
-
15:28 - 15:30Спремен сум да ги чујам вашите предлози,
-
15:30 - 15:32и би сакал да дојдете
-
15:32 - 15:35на нашата интернет страница.
-
15:35 - 15:38www.randi.org
-
15:38 - 15:40Одете таму и погледнете во архивата,
-
15:40 - 15:42и ќе почнете да разбирате и многу повеќе
-
15:42 - 15:44од она што ви го раскажав денес.
-
15:44 - 15:46Ќе видите какви се записи имаме.
-
15:46 - 15:48Нема ништо толку жално како
-
15:48 - 15:50кога ќе најдете едно семејство таму
-
15:50 - 15:53кое вели дека мајката го дала целото семејно богатство.
-
15:53 - 15:55Ги продала ЦД-ата,
-
15:55 - 15:58ги продала акциите.
-
15:58 - 16:00Тоа е навистина жално да се чуе,
-
16:00 - 16:03и уште повеќе што тоа воопшто не им помогнало,
-
16:03 - 16:05и не им решило ниту еден проблем.
-
16:05 - 16:07Да, можеби постои скапување на Американскиот ум
-
16:07 - 16:10и умовите низ целата планета
-
16:10 - 16:13ако не почнеме да размислуваме разумно за овие нешта.
-
16:14 - 16:16Ние го понудивме морковот,
-
16:16 - 16:18и го мавтаме пред сите
-
16:18 - 16:20Чекаме да дојдат видовитите и да го загризаат.
-
16:20 - 16:22А да, сепак доаѓаат многу такви по морковот
-
16:22 - 16:24стотици и стотици секоја година.
-
16:24 - 16:26Но тоа се обично фолиранти
-
16:26 - 16:28и луѓе кои мислат дека исто така можат да зборат со мртвите,
-
16:28 - 16:30но тие се аматери, тие не знаат како воопшто
-
16:30 - 16:33да ги покажат нивните таканаречени моќи.
-
16:33 - 16:35Професионалците не доаѓаат кај нас,
-
16:35 - 16:37освен тој случај со Силвија Браун
-
16:37 - 16:39кој што ви го раскажав предмалку.
-
16:40 - 16:43Таа најпрвин прифати, но потоа се откажа.
-
16:43 - 16:46Дами и Господа,
-
16:46 - 16:49јас сум Џејмс Ренди
-
16:49 - 16:52и јас чекам.
-
16:52 - 16:54Ви благодарам
-
16:54 - 16:57(аплауз)
- Title:
- Џејмс Ренди прави оштар напад врз гатачките измами
- Speaker:
- James Randi
- Description:
-
Легендарниот скептик Џејмс Ренди на сцена зема фатална доза хомеопатски таблети за спиење, и почнува 18 минутно обвинение против ирационалните верувања. Тој ги предизвикува светските гатачи на еден натпревар: Ако докажете дека тоа што го правите е вистинито, јас ќе ви дадам милион долари. (Сеуште никој не ја зел наградата.)
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 16:59