1 00:00:01,000 --> 00:00:03,000 Добро утро. 2 00:00:03,000 --> 00:00:06,000 Драго ми е што гледам толку многу фини луѓе во публиката 3 00:00:06,000 --> 00:00:08,000 и толку многу насмеани лица. 4 00:00:09,000 --> 00:00:11,000 Јас имам многу невообичаена позадина, 5 00:00:11,000 --> 00:00:13,000 став и пристап 6 00:00:13,000 --> 00:00:15,000 кон реалниот свет 7 00:00:15,000 --> 00:00:17,000 бидејќи сум волшебник. 8 00:00:17,000 --> 00:00:20,000 Го преферирам тој збор наместо магионичар, 9 00:00:20,000 --> 00:00:22,000 бидејќи, да бев магионичар, ќе значеше дека 10 00:00:22,000 --> 00:00:24,000 употребувам магии и ритуали 11 00:00:24,000 --> 00:00:27,000 и чудни гестови 12 00:00:27,000 --> 00:00:30,000 за да изведам вистинска магија. 13 00:00:30,000 --> 00:00:32,000 Не, јас не го правам тоа; Јас сум волшебник, 14 00:00:32,000 --> 00:00:35,000 а тоа е некој што се преправа дека е 15 00:00:35,000 --> 00:00:38,000 вистински магионичар. 16 00:00:38,000 --> 00:00:41,000 И како го правиме тоа? 17 00:00:41,000 --> 00:00:43,000 Ние се потпираме на фактот дека 18 00:00:43,000 --> 00:00:45,000 публиката, како на пример вие овде, 19 00:00:45,000 --> 00:00:47,000 ќе прават претпоставки. 20 00:00:47,000 --> 00:00:49,000 На пример, кога се качив на бинава, 21 00:00:49,000 --> 00:00:51,000 и го земав микрофонот од масичката, 22 00:00:51,000 --> 00:00:53,000 и го вклучив, 23 00:00:53,000 --> 00:00:55,000 вие претпоставивте дека ова е микрофон, а ова не е микрофон. 24 00:00:55,000 --> 00:00:57,000 (смеа) 25 00:00:57,000 --> 00:00:59,000 Всушност, ова е нешто со што половината од вас 26 00:00:59,000 --> 00:01:02,000 и повеќе сте веќе запознаени. 27 00:01:02,000 --> 00:01:05,000 Ова е машинка за бричење. 28 00:01:05,000 --> 00:01:07,000 И, не функционира баш добро како микрофон. 29 00:01:07,000 --> 00:01:09,000 Сум пробал многу пати. 30 00:01:09,000 --> 00:01:11,000 Втората претпоставка што ја направивте -- 31 00:01:11,000 --> 00:01:13,000 и сето ова е мала лекција за да ви покажам 32 00:01:13,000 --> 00:01:15,000 дека и вие правите претпоставки -- 33 00:01:15,000 --> 00:01:17,000 не само што можете да правите, туку и редовно правите -- 34 00:01:17,000 --> 00:01:19,000 кога ќе ви бидат правилно сугерирани. 35 00:01:19,000 --> 00:01:21,000 Ете, вие верувате дека гледам во вас. 36 00:01:21,000 --> 00:01:24,000 Погрешно, Не гледам во вас. Не можам да ве видам. 37 00:01:24,000 --> 00:01:27,000 Знам дека сте таму, ми кажаа зад сценава, дека е полна сала со луѓе. 38 00:01:27,000 --> 00:01:29,000 Знам дека сте таму бидејќи можам да ве чујам, 39 00:01:29,000 --> 00:01:32,000 но, не можам да ве видам бидејќи ми требаат очила. 40 00:01:32,000 --> 00:01:34,000 Ова не се очила, ова се празни рамки, 41 00:01:34,000 --> 00:01:36,000 доста празни рамки. 42 00:01:36,000 --> 00:01:39,000 И сега, зошто би се појавил возрасен човек пред вас 43 00:01:39,000 --> 00:01:41,000 кој што носи празни рамки за очила? 44 00:01:41,000 --> 00:01:43,000 За да ве прелаже дами и господа, 45 00:01:43,000 --> 00:01:46,000 да ве измами, да ви покаже дека и вие исто така 46 00:01:46,000 --> 00:01:48,000 правите претпоставки. 47 00:01:48,000 --> 00:01:50,000 Никогаш не го заборавајте тоа. 48 00:01:50,000 --> 00:01:52,000 Сега, морам првин нешто да направам, да земам вистински очила, 49 00:01:52,000 --> 00:01:54,000 за да можам да ве видам, 50 00:01:54,000 --> 00:01:57,000 што би било веројатно корисно. 51 00:01:57,000 --> 00:01:59,000 Ве немам видено.. Ех, всушност и не било толку корисно.. 52 00:01:59,000 --> 00:02:01,000 (смеа) 53 00:02:01,000 --> 00:02:03,000 Сега морам да направам нешто 54 00:02:03,000 --> 00:02:05,000 невообичаено за еден магионичар. 55 00:02:05,000 --> 00:02:07,000 Ќе земам лекови. 56 00:02:07,000 --> 00:02:09,000 Ова е полно шишенце 57 00:02:09,000 --> 00:02:11,000 Калм Форте. 58 00:02:11,000 --> 00:02:13,000 Ќе ви го објаснам за некој момент. 59 00:02:13,000 --> 00:02:15,000 Игнонирајте ги упатствата. 60 00:02:15,000 --> 00:02:17,000 Тоа е само нешто што владата мора да го стави 61 00:02:17,000 --> 00:02:20,000 за да ве збуни уште повеќе. 62 00:02:20,000 --> 00:02:22,000 Ќе земам доволно од овие. Мммм. 63 00:02:23,000 --> 00:02:25,000 Всушност, ги испив сите апчиња. 64 00:02:32,000 --> 00:02:35,000 32 таблетки Калм Форте. 65 00:02:35,000 --> 00:02:38,000 Сега, кога го направив тоа, ќе ви го објаснам малку подоцна -- 66 00:02:38,000 --> 00:02:40,000 Мора да ви кажам дека 67 00:02:40,000 --> 00:02:42,000 јас сум актер. 68 00:02:42,000 --> 00:02:45,000 Јас сум актер кој глуми една специфична улога. 69 00:02:45,000 --> 00:02:47,000 Ја глумам улогата на еден магионичар, 70 00:02:47,000 --> 00:02:50,000 или волшебник ако повеќе сакате, вистински волшебник. 71 00:02:50,000 --> 00:02:53,000 Ако на сценава пред вас се појавеше некој 72 00:02:53,000 --> 00:02:55,000 кој што би тврдел 73 00:02:55,000 --> 00:02:58,000 дека е древен Дански принц наречен Хамлет, 74 00:02:58,000 --> 00:03:00,000 вие би биле навредени 75 00:03:00,000 --> 00:03:02,000 и би биле во право. 76 00:03:02,000 --> 00:03:04,000 Зошто некој би помислил дека вие би поверувале 77 00:03:04,000 --> 00:03:06,000 нешто толку чудно? 78 00:03:06,000 --> 00:03:08,000 Но, во светот постои еден 79 00:03:08,000 --> 00:03:11,000 широк круг на луѓе 80 00:03:11,000 --> 00:03:13,000 кои ќе ви кажат 81 00:03:13,000 --> 00:03:15,000 дека поседуваат психички, магични моќи, 82 00:03:15,000 --> 00:03:17,000 кои можат да ја предвидат иднината, 83 00:03:17,000 --> 00:03:19,000 и можат да контактираат со мртвите. 84 00:03:19,000 --> 00:03:21,000 А да, исто така велат 85 00:03:21,000 --> 00:03:23,000 дека знаат астрологија 86 00:03:23,000 --> 00:03:25,000 а и други методи на претскажување. 87 00:03:25,000 --> 00:03:27,000 И со задоволство ви го продаваат тоа. Да. 88 00:03:27,000 --> 00:03:29,000 И исто така велат 89 00:03:29,000 --> 00:03:31,000 дека можат да ви дадат перпетуум мобиле машини 90 00:03:31,000 --> 00:03:33,000 и системи кои генерираат енергија од ништо. 91 00:03:33,000 --> 00:03:35,000 Тие тврдат дека се видовити, 92 00:03:35,000 --> 00:03:37,000 или гатачи, што и да треба. 93 00:03:37,000 --> 00:03:40,000 Но, една работа која стана доста популарна 94 00:03:40,000 --> 00:03:42,000 од неодамна, 95 00:03:42,000 --> 00:03:44,000 е бизнисот 96 00:03:44,000 --> 00:03:46,000 на зборување со мртвите. 97 00:03:47,000 --> 00:03:49,000 Од моето скромно знаење, 98 00:03:49,000 --> 00:03:52,000 „мртов“ значи 99 00:03:52,000 --> 00:03:55,000 неспособен да комуницира. 100 00:03:55,000 --> 00:03:57,000 Можеби ќе се согласите со мене за тоа. 101 00:03:57,000 --> 00:04:00,000 Но овие луѓе ви велат дека не само што 102 00:04:00,000 --> 00:04:02,000 можат да им зборуваат на мртвите -- 103 00:04:02,000 --> 00:04:04,000 туку, 104 00:04:04,000 --> 00:04:06,000 можат и да ги слушаат, 105 00:04:06,000 --> 00:04:09,000 и да ги пренесуваат нивните пораки на живите. 106 00:04:09,000 --> 00:04:11,000 Се прашувам дали ова е вистина. 107 00:04:11,000 --> 00:04:13,000 Не верувам 108 00:04:13,000 --> 00:04:15,000 бидејќи оваа група луѓе 109 00:04:15,000 --> 00:04:18,000 ги користи истите трикови кои ги користиме и ние магионичарите 110 00:04:18,000 --> 00:04:20,000 потполно истите 111 00:04:20,000 --> 00:04:23,000 истите физички методи, истите психички методи. 112 00:04:23,000 --> 00:04:26,000 И тие успешно и доста темелно 113 00:04:26,000 --> 00:04:28,000 измамуваат милиони луѓе низ целата планета 114 00:04:28,000 --> 00:04:30,000 предизвикувајќи им штета. 115 00:04:30,000 --> 00:04:32,000 Тие ги измамуваат овие луѓе. 116 00:04:32,000 --> 00:04:34,000 Ги чинат многу пари. 117 00:04:34,000 --> 00:04:36,000 Ги чинат многу емоционални страдања. 118 00:04:36,000 --> 00:04:38,000 Милијарди долари се трошат 119 00:04:38,000 --> 00:04:41,000 секоја година во цел свет 120 00:04:41,000 --> 00:04:43,000 на овие шарлатани. 121 00:04:43,000 --> 00:04:45,000 И сега, имам 2 прашања 122 00:04:45,000 --> 00:04:47,000 кои би сакал да им ги поставам на овие луѓе 123 00:04:47,000 --> 00:04:49,000 кога би имал можност за тоа. 124 00:04:49,000 --> 00:04:52,000 Првото прашање: Кога би сакал да ги замолам да им се јават таму горе -- 125 00:04:52,000 --> 00:04:54,000 бидејќи сепак ги слушаат преку увото.. 126 00:04:54,000 --> 00:04:56,000 Тие ги слушаат духовите. 127 00:04:56,000 --> 00:04:59,000 Би ве прашал да се јавите на духот на мојата баба 128 00:04:59,000 --> 00:05:01,000 бидејќи, кога почина, таа го сокри 129 00:05:01,000 --> 00:05:03,000 тестаментот. Но, никој од нас не знае каде. 130 00:05:03,000 --> 00:05:06,000 И, ние ја прашуваме баба: „Каде е тестаментот бабо?“ 131 00:05:06,000 --> 00:05:09,000 И што вели таа? Таа вели, „јас сум во рајот и тука е прекрасно. 132 00:05:09,000 --> 00:05:11,000 Тука сум со сите мои стари пријатели, кои исто така се починати, 133 00:05:11,000 --> 00:05:13,000 и со мојата фамилија, 134 00:05:13,000 --> 00:05:16,000 и сите мачиња и кучиња што ги имав како мала. 135 00:05:16,000 --> 00:05:19,000 И ве сакам, и секогаш ќе бидам со вас. 136 00:05:19,000 --> 00:05:21,000 Збогум.“ 137 00:05:21,000 --> 00:05:23,000 И таа не одговори на поставеното прашање. 138 00:05:23,000 --> 00:05:25,000 Каде е тестаментот? 139 00:05:25,000 --> 00:05:27,000 Можеше лесно да каже, 140 00:05:27,000 --> 00:05:29,000 „А, се наоѓа во библиотеката, на втората полица, зад енциклопедијата.“ 141 00:05:29,000 --> 00:05:32,000 Но таа не го кажа тоа. 142 00:05:32,000 --> 00:05:35,000 Не ни кажа ниедна корисна информација. 143 00:05:35,000 --> 00:05:37,000 Плативме многу пари за таа информација, 144 00:05:37,000 --> 00:05:39,000 но не ја добивме. 145 00:05:39,000 --> 00:05:42,000 Второто прашање кое сакам да го поставам е исто така едноставно. 146 00:05:42,000 --> 00:05:44,000 Да претпоставиме дека ќе побарам да го контактираат 147 00:05:44,000 --> 00:05:47,000 мојот починат дедо на пример. 148 00:05:47,000 --> 00:05:49,000 Зошто гатачиве инсистираат да велат -- 149 00:05:49,000 --> 00:05:51,000 запамтете, духовите им зборат во нивното уво -- 150 00:05:51,000 --> 00:05:55,000 зошто велат „моето име почнува со Ј или М?“ 151 00:05:56,000 --> 00:05:58,000 Што е тоа? Играме криенка? 152 00:05:58,000 --> 00:06:00,000 Го бркаме одговорот? Што е тоа? 153 00:06:00,000 --> 00:06:03,000 Некој квиз од 20 прашања? Или уште полошо 120 прашања? 154 00:06:03,000 --> 00:06:06,000 Не, тоа е една сурова, злобна, 155 00:06:07,000 --> 00:06:10,000 тотално несовесна -- 156 00:06:10,000 --> 00:06:13,000 ќе се смирам, не се тревожете -- 157 00:06:13,000 --> 00:06:15,000 игра која ја играат овие луѓе. 158 00:06:15,000 --> 00:06:18,000 И тие ги искористуваат наивните и неискусните 159 00:06:18,000 --> 00:06:21,000 ожалостените и очајните. 160 00:06:21,000 --> 00:06:23,000 Има еден процес 161 00:06:23,000 --> 00:06:26,000 кој се нарекува „ладно читање“. 162 00:06:27,000 --> 00:06:29,000 Има едно типче 163 00:06:30,000 --> 00:06:32,000 што се вика Ван Прааг, Џејмс Ван Прааг. 164 00:06:32,000 --> 00:06:34,000 Тој е еден од големите практиканти на овој тип работи. 165 00:06:34,000 --> 00:06:37,000 Џон Едвард, Силвија Браун 166 00:06:37,000 --> 00:06:40,000 и Розмари Алтеа, тие се другите. 167 00:06:40,000 --> 00:06:43,000 Всушност, има стотици и стотици насекаде во светот, 168 00:06:43,000 --> 00:06:45,000 но во оваа земја, Џејмс Ван Прааг е многу познат. 169 00:06:45,000 --> 00:06:47,000 И што прави тој? Тој сака да ви раскажува 170 00:06:47,000 --> 00:06:49,000 како починале починатите, 171 00:06:49,000 --> 00:06:52,000 оние со кои тој комуницира преку неговото уво. 172 00:06:52,000 --> 00:06:55,000 И она што го вели, најчесто е, 173 00:06:55,000 --> 00:06:58,000 „Еве, еве, ми кажува дека, пред да почине, 174 00:06:59,000 --> 00:07:01,000 имал тешкотии со дишењето.“ 175 00:07:01,000 --> 00:07:03,000 Народе, тоа е најнормално во моментот на смрт. 176 00:07:03,000 --> 00:07:05,000 (смеа) 177 00:07:05,000 --> 00:07:07,000 Престанувате да дишете, и потоа сте мртви. 178 00:07:07,000 --> 00:07:09,000 Толку е едноставно. 179 00:07:09,000 --> 00:07:12,000 И токму такви информации би ви кажале починатите? 180 00:07:12,000 --> 00:07:14,000 Не верувам баш. 181 00:07:14,000 --> 00:07:16,000 Исто така, овие луѓе сакаат и да погодуваат и велат нешто како.. 182 00:07:16,000 --> 00:07:18,000 „зошто примам нешто како електрицитет? 183 00:07:18,000 --> 00:07:21,000 ми кажува Електрицитет. 184 00:07:21,000 --> 00:07:23,000 Да не бил електричар?“ Не. 185 00:07:23,000 --> 00:07:25,000 „Да не имал машинка за бричење на струја?“ Не. 186 00:07:25,000 --> 00:07:27,000 И продолжуваат така да погодуваат. 187 00:07:27,000 --> 00:07:29,000 И тоа трае. 188 00:07:29,000 --> 00:07:31,000 Луѓето често не прашуваат 189 00:07:31,000 --> 00:07:33,000 во нашата фондација - Џејмс Ренди Образовна фондација, 190 00:07:33,000 --> 00:07:36,000 ме прашуваат - „Зошто пак толку се грижите за сето ова г. Ренди? 191 00:07:36,000 --> 00:07:38,000 Нели е тоа само добра забава?“ 192 00:07:38,000 --> 00:07:41,000 Не, воопшто не е забава. Тоа е сурова фарса. 193 00:07:41,000 --> 00:07:44,000 Можеби ќе ви донесе малку мир, 194 00:07:44,000 --> 00:07:46,000 но тој мир 195 00:07:46,000 --> 00:07:48,000 трае околу 20тина минути. 196 00:07:48,000 --> 00:07:50,000 И потоа се погледнувате во огледало и велите, 197 00:07:50,000 --> 00:07:52,000 платив доста пари за ова гатање пред малку. 198 00:07:52,000 --> 00:07:55,000 И што ми кажа таа? Те сакам“ 199 00:07:55,000 --> 00:07:57,000 Секогаш го велат тоа. 200 00:07:57,000 --> 00:07:59,000 Воопшто не добивате никакви информации, 201 00:07:59,000 --> 00:08:01,000 не добивате никаква вредност за парите што сте ги потрошиле. 202 00:08:01,000 --> 00:08:03,000 Силвија Браун е исто така голем играч на ова поле. 203 00:08:03,000 --> 00:08:05,000 Ние ја нарекуваме „Канџи.“ 204 00:08:05,000 --> 00:08:07,000 Силвија Браун - благодарам- 205 00:08:07,000 --> 00:08:10,000 Силвија Браун е голем оператор на ова поле 206 00:08:10,000 --> 00:08:12,000 во денешно време. 207 00:08:12,000 --> 00:08:15,000 И таа, Силвија Браун, колку за илустрација, 208 00:08:15,000 --> 00:08:18,000 зема 700 долари 209 00:08:18,000 --> 00:08:21,000 за 20 минутно гатање преку телефон. 210 00:08:21,000 --> 00:08:23,000 Таа дури и нема потреба да оди таму на лице место. 211 00:08:23,000 --> 00:08:25,000 А и треба да чекате и до 2 години 212 00:08:25,000 --> 00:08:27,000 бидејќи е презафатена со други гатања. 213 00:08:27,000 --> 00:08:29,000 Плаќате со кредитна картичка или сл., 214 00:08:29,000 --> 00:08:31,000 и потоа во следните 2 години 215 00:08:31,000 --> 00:08:33,000 го очекувате нејзиниот повик. 216 00:08:33,000 --> 00:08:35,000 Знаете дека е таа. „Здраво, овде е Силвија Браун.“ 217 00:08:35,000 --> 00:08:37,000 Тоа е таа. Веднаш ја познавате. 218 00:08:39,000 --> 00:08:42,000 Сега, Монтел Вилијамс е интелигентен човек. 219 00:08:42,000 --> 00:08:45,000 Сите сме го видиле на телевизија. 220 00:08:45,000 --> 00:08:47,000 Тој е добро образуван и паметен. 221 00:08:47,000 --> 00:08:49,000 Тој знае што прави Силвија Браун, 222 00:08:49,000 --> 00:08:51,000 но воопшто не му е гајле. 223 00:08:51,000 --> 00:08:54,000 Едноставно му е сеедно. 224 00:08:55,000 --> 00:08:58,000 Бидејќи, во крајна линија, спонзорите го обожаваат тоа, 225 00:08:58,000 --> 00:09:00,000 и тој ја прикажува на телевизија 226 00:09:00,000 --> 00:09:02,000 во јавноста - цело време. 227 00:09:02,000 --> 00:09:05,000 И што добивате од Силвија Браун за тие 700 долари. 228 00:09:05,000 --> 00:09:08,000 Таа ви ги кажува имињата на вашите ангели-чувари - тоа е прво. 229 00:09:08,000 --> 00:09:11,000 Всушност, како и би можеле да функционираме без нив? 230 00:09:11,000 --> 00:09:14,000 Исто, ви ги кажува и имињата што сте ги имале во претходните животи, 231 00:09:14,000 --> 00:09:16,000 и ви кажува што сте биле во тие претходни животи. 232 00:09:16,000 --> 00:09:18,000 Замислете? 233 00:09:18,000 --> 00:09:20,000 Излегува дека сите жени 234 00:09:20,000 --> 00:09:22,000 на кои им гатала 235 00:09:22,000 --> 00:09:25,000 биле Вавилонски принцези или нешто слично. 236 00:09:25,000 --> 00:09:27,000 А сите мажи биле старо-Грчки воини 237 00:09:27,000 --> 00:09:30,000 кои се бореле со Агамемнон. 238 00:09:30,000 --> 00:09:32,000 Никој од нив 239 00:09:32,000 --> 00:09:34,000 не излегува дека бил некое сираче на улиците во Лондон, 240 00:09:34,000 --> 00:09:36,000 кој умрел мизерно. 241 00:09:36,000 --> 00:09:39,000 Тоа очигледно не заслужило да се реинкарнира. 242 00:09:39,000 --> 00:09:42,000 И уште нешто чудно народе - можеби сте го приметиле - 243 00:09:42,000 --> 00:09:45,000 бидејќи и сте ги гледале овие луѓе на телевизија - 244 00:09:45,000 --> 00:09:48,000 тие никогаш не комуницираат со некој од пеколот. 245 00:09:49,000 --> 00:09:52,000 Сите доаѓаат од рајот, но никогаш од пеколот. 246 00:09:52,000 --> 00:09:54,000 Ако се јават на некој мој пријател, 247 00:09:54,000 --> 00:09:56,000 тие нема да ... Всушност, ја сваќате поентата. 248 00:09:56,000 --> 00:09:58,000 (смеа) 249 00:09:59,000 --> 00:10:02,000 Но, Силвија Браун е исклучок, 250 00:10:02,000 --> 00:10:04,000 на еден начин, 251 00:10:04,000 --> 00:10:07,000 бидејќи мојата фондација, 252 00:10:07,000 --> 00:10:10,000 нуди награда вредна еден милион долари. 253 00:10:10,000 --> 00:10:12,000 Може многу лесно да ја добиете. 254 00:10:12,000 --> 00:10:14,000 Се што треба да направите е да докажете било кој паранормален, окултен 255 00:10:14,000 --> 00:10:16,000 или натприроден настан од било кој тип 256 00:10:16,000 --> 00:10:18,000 под адекватни услови за набљудување. 257 00:10:18,000 --> 00:10:20,000 Многу е лесно да ги добиете тие милион долари. 258 00:10:20,000 --> 00:10:22,000 Силвија Браун е исклучок во тоа што 259 00:10:22,000 --> 00:10:25,000 таа е единствениот професионален гатач 260 00:10:25,000 --> 00:10:27,000 во целиот свет 261 00:10:27,000 --> 00:10:30,000 која што го прафати нашиот предизвик. 262 00:10:30,000 --> 00:10:33,000 И го направи тоа во живо на шоуто на Лари Кинг на СиЕнЕн 263 00:10:33,000 --> 00:10:36,000 пред 6 и пол години. 264 00:10:36,000 --> 00:10:39,000 И од тогаш ни се нема јавено. Чудно. 265 00:10:39,000 --> 00:10:42,000 Оправданието и беше дека не можела да стапи во контакт со мене. 266 00:10:42,000 --> 00:10:44,000 Замислете? 267 00:10:44,000 --> 00:10:46,000 Професионален гатач кој збори со мртвите, 268 00:10:47,000 --> 00:10:49,000 не може да ме контактира мене? 269 00:10:49,000 --> 00:10:51,000 (смеа) 270 00:10:51,000 --> 00:10:53,000 Но можеби приметивте, јас сум жив. 271 00:10:53,000 --> 00:10:55,000 И тоа прилично добар. 272 00:10:56,000 --> 00:10:59,000 Не можела да ме добие. А сега вели дека не ни сака да ме добие, 273 00:10:59,000 --> 00:11:02,000 бидејќи сум безбожник. 274 00:11:02,000 --> 00:11:04,000 Но, нели е тоа уште една причина повеќе 275 00:11:04,000 --> 00:11:06,000 за да ми ги земеш тие милион долари Силвија? 276 00:11:06,000 --> 00:11:09,000 Шала на страна, овие луѓе мора да се сопрат. 277 00:11:09,000 --> 00:11:11,000 Мора да се спречат бидејќи сето тоа е сурова фарса. 278 00:11:11,000 --> 00:11:14,000 Постојано ни доаѓаат луѓе во фондацијата. 279 00:11:14,000 --> 00:11:17,000 Уништени финансиски и емоционално 280 00:11:17,000 --> 00:11:19,000 бидејќи ги вложиле своите пари 281 00:11:19,000 --> 00:11:21,000 и својата верба во тие луѓе. 282 00:11:21,000 --> 00:11:23,000 Сега, ако се сеќавате, испив едни апчиња пред малку, 283 00:11:23,000 --> 00:11:25,000 па треба да ви го објаснам и тоа. 284 00:11:25,000 --> 00:11:28,000 Хомеопатија, да откриеме што е тоа всушност. 285 00:11:28,000 --> 00:11:30,000 Хмм. Сигурно сте чуле. 286 00:11:30,000 --> 00:11:33,000 Тоа е алтернативна медицина, нели. 287 00:11:33,000 --> 00:11:36,000 Хомеопатијата всушност се состои од - всушност и ова е хомеопатија. 288 00:11:36,000 --> 00:11:39,000 Ова е Калм Форте, 289 00:11:39,000 --> 00:11:42,000 32 таблетки за спиење - заборавив да ви го кажам тоа. 290 00:11:42,000 --> 00:11:44,000 Пред малку испив 291 00:11:44,000 --> 00:11:47,000 таблетки за спиење кои треба да ме успијат 6 и пол дена. 292 00:11:47,000 --> 00:11:49,000 (смеа) 293 00:11:49,000 --> 00:11:51,000 6 и пол дена! Тоа мора да е фатална доза. 294 00:11:51,000 --> 00:11:53,000 И тука позади вели, 295 00:11:53,000 --> 00:11:55,000 „во случај на предозираност, 296 00:11:55,000 --> 00:11:57,000 веднаш контактирајте со токсикологија“ 297 00:11:57,000 --> 00:11:59,000 и ви оставаат 0800 број. 298 00:11:59,000 --> 00:12:01,000 Останете мирни. Ќе бидам добар. 299 00:12:01,000 --> 00:12:03,000 Не ми треба помош 300 00:12:03,000 --> 00:12:05,000 бидејќи го правам ова 301 00:12:05,000 --> 00:12:08,000 за публика низ целиот свет 302 00:12:08,000 --> 00:12:10,000 во последниве 10 години, 303 00:12:10,000 --> 00:12:13,000 земам фатална доза на хомеопатски таблетки за спиење. 304 00:12:13,000 --> 00:12:15,000 И зошто не делуваат на мене? 305 00:12:15,000 --> 00:12:17,000 (смеа) 306 00:12:17,000 --> 00:12:20,000 (аплауз) 307 00:12:20,000 --> 00:12:22,000 Одговорот може да ве изненади. 308 00:12:22,000 --> 00:12:24,000 Што е хомеопатија? 309 00:12:24,000 --> 00:12:26,000 Тоа е процес во кој се зема лек кој вистински делува 310 00:12:26,000 --> 00:12:28,000 и се раствара 311 00:12:28,000 --> 00:12:30,000 многу повеќе од границата на Авогардо. 312 00:12:30,000 --> 00:12:32,000 Всушност се раствара толку многу 313 00:12:32,000 --> 00:12:35,000 што на крајот не останува ништо од лекот. 314 00:12:35,000 --> 00:12:37,000 Ова не е само метафора 315 00:12:37,000 --> 00:12:40,000 туку е факт. 316 00:12:40,000 --> 00:12:42,000 Тоа е исто како да сте земале 317 00:12:42,000 --> 00:12:46,000 една таблетка Аспирин од 325 грама, 318 00:12:46,000 --> 00:12:49,000 да сте ја фрлиле на сред Охридско езеро, 319 00:12:49,000 --> 00:12:52,000 да сте го промешале езерото, нормално со гооолема лажица, 320 00:12:52,000 --> 00:12:54,000 и да почекате 2 години 321 00:12:54,000 --> 00:12:57,000 додека смесата не се изедначи. 322 00:12:57,000 --> 00:12:59,000 Потоа, кога ќе ве боли глава, 323 00:12:59,000 --> 00:13:02,000 земате голтка од оваа езерска вода и воала! ви поминало. 324 00:13:02,000 --> 00:13:04,000 (смеа) 325 00:13:04,000 --> 00:13:07,000 Но тоа е така. Тоа е хомеопатија. 326 00:13:07,000 --> 00:13:10,000 И уште нешто што го тврдат - ќе го сакате ова - 327 00:13:10,000 --> 00:13:13,000 колку е поразреден лекот, 328 00:13:13,000 --> 00:13:15,000 толку е помоќен. 329 00:13:15,000 --> 00:13:18,000 Не ви кажав.. разбравме за едно момче во Флорида. 330 00:13:18,000 --> 00:13:20,000 Кутрото момче беше на хомеопатски лекарства. 331 00:13:20,000 --> 00:13:22,000 И умре од предозираност. 332 00:13:22,000 --> 00:13:24,000 Заборави да го земе лекот. 333 00:13:24,000 --> 00:13:26,000 (смеа) 334 00:13:26,000 --> 00:13:28,000 Замислете? 335 00:13:30,000 --> 00:13:33,000 Ова е смешно. Апсолутно бесмислено. 336 00:13:33,000 --> 00:13:35,000 И навистина не ми е јасно што правиме, 337 00:13:35,000 --> 00:13:38,000 што веруваме во овие бесмислици сиве овие години. 338 00:13:38,000 --> 00:13:40,000 Дозволете да ви кажам, 339 00:13:40,000 --> 00:13:42,000 дека Џејмс Ренди образовната фондација 340 00:13:42,000 --> 00:13:44,000 мавта со голем морков, 341 00:13:44,000 --> 00:13:47,000 но фактот што никој досега 342 00:13:47,000 --> 00:13:49,000 не посегнал да го гризне 343 00:13:49,000 --> 00:13:51,000 не значи и дека натприродни моќи не постојат. 344 00:13:51,000 --> 00:13:54,000 Можеби и постојат, некаде. 345 00:13:54,000 --> 00:13:57,000 Можеби тие луѓе се богати и без тоа. 346 00:13:57,000 --> 00:13:59,000 Гледајќи ја Силвија Браун, и претпоставувам дека е така. 347 00:13:59,000 --> 00:14:01,000 Знаете, 700 долари за 20минутно читање 348 00:14:01,000 --> 00:14:03,000 преку телефон 349 00:14:03,000 --> 00:14:05,000 тоа е повеќе отколку заработката на адвокатите. 350 00:14:06,000 --> 00:14:08,000 Тоа е огромна сума на пари. 351 00:14:08,000 --> 00:14:11,000 Веројатно на овие луѓе не им требаат тие милион долари, 352 00:14:11,000 --> 00:14:13,000 но нели мислите дека сепак би ги земале 353 00:14:13,000 --> 00:14:15,000 ако ништо друго, тогаш за да направат да изгледам смешен, 354 00:14:15,000 --> 00:14:18,000 и да се ослободат од овој безбожник 355 00:14:18,000 --> 00:14:21,000 за кој Силвија Браун зборува цело време? 356 00:14:21,000 --> 00:14:23,000 Сепак мислам дека мора нешто да се стори околку ова. 357 00:14:23,000 --> 00:14:26,000 Навистина би ми помогнале вашите предлози 358 00:14:26,000 --> 00:14:29,000 како да воспоставам контакт со властите во оваа држава 359 00:14:29,000 --> 00:14:31,000 со локалните власти 360 00:14:31,000 --> 00:14:33,000 за да ги натерам да сторат нешто. 361 00:14:33,000 --> 00:14:36,000 Ако најдете - сега разбирам - 362 00:14:36,000 --> 00:14:38,000 гледаме како и денес луѓето ни зборуваат 363 00:14:38,000 --> 00:14:40,000 за епидемијата на Сида 364 00:14:40,000 --> 00:14:42,000 и за децата што гладуваат низ целиот свет 365 00:14:42,000 --> 00:14:45,000 и загадените извори на вода со кои треба да живееме. 366 00:14:45,000 --> 00:14:47,000 Овие проблеми се многу важни, 367 00:14:47,000 --> 00:14:49,000 со врвен приоритет. 368 00:14:49,000 --> 00:14:52,000 И мора да сториме нешто околу нив. 369 00:14:52,000 --> 00:14:54,000 Но во исто време... 370 00:14:54,000 --> 00:14:56,000 Како што кажа Артур Кларк 371 00:14:56,000 --> 00:14:58,000 „Скапувањето на човечкиот ум.“ 372 00:14:58,000 --> 00:15:00,000 Бизнисот на верување во паранормалното и окултното 373 00:15:00,000 --> 00:15:02,000 и натприродното 374 00:15:02,000 --> 00:15:04,000 сите тие глупости, 375 00:15:04,000 --> 00:15:06,000 средновековен начин на размислување, 376 00:15:06,000 --> 00:15:08,000 сепак мислам дека мора нешто да се стори околу тоа, 377 00:15:08,000 --> 00:15:10,000 и мислам дека решението е во образованието. 378 00:15:10,000 --> 00:15:12,000 Медиумите 379 00:15:12,000 --> 00:15:14,000 се најмногу виновни за тоа. 380 00:15:14,000 --> 00:15:16,000 Тие бессрамно ги промовираат 381 00:15:16,000 --> 00:15:18,000 сите тие глупости 382 00:15:18,000 --> 00:15:21,000 бидејќи со тоа ги задоволуваат спонзорите. 383 00:15:22,000 --> 00:15:24,000 На крај сето се сведува на пари. 384 00:15:24,000 --> 00:15:26,000 Тоа е она што тие го гледаат. 385 00:15:26,000 --> 00:15:28,000 Навистина мора да сториме нешто околу ова. 386 00:15:28,000 --> 00:15:30,000 Спремен сум да ги чујам вашите предлози, 387 00:15:30,000 --> 00:15:32,000 и би сакал да дојдете 388 00:15:32,000 --> 00:15:35,000 на нашата интернет страница. 389 00:15:35,000 --> 00:15:38,000 www.randi.org 390 00:15:38,000 --> 00:15:40,000 Одете таму и погледнете во архивата, 391 00:15:40,000 --> 00:15:42,000 и ќе почнете да разбирате и многу повеќе 392 00:15:42,000 --> 00:15:44,000 од она што ви го раскажав денес. 393 00:15:44,000 --> 00:15:46,000 Ќе видите какви се записи имаме. 394 00:15:46,000 --> 00:15:48,000 Нема ништо толку жално како 395 00:15:48,000 --> 00:15:50,000 кога ќе најдете едно семејство таму 396 00:15:50,000 --> 00:15:53,000 кое вели дека мајката го дала целото семејно богатство. 397 00:15:53,000 --> 00:15:55,000 Ги продала ЦД-ата, 398 00:15:55,000 --> 00:15:58,000 ги продала акциите. 399 00:15:58,000 --> 00:16:00,000 Тоа е навистина жално да се чуе, 400 00:16:00,000 --> 00:16:03,000 и уште повеќе што тоа воопшто не им помогнало, 401 00:16:03,000 --> 00:16:05,000 и не им решило ниту еден проблем. 402 00:16:05,000 --> 00:16:07,000 Да, можеби постои скапување на Американскиот ум 403 00:16:07,000 --> 00:16:10,000 и умовите низ целата планета 404 00:16:10,000 --> 00:16:13,000 ако не почнеме да размислуваме разумно за овие нешта. 405 00:16:14,000 --> 00:16:16,000 Ние го понудивме морковот, 406 00:16:16,000 --> 00:16:18,000 и го мавтаме пред сите 407 00:16:18,000 --> 00:16:20,000 Чекаме да дојдат видовитите и да го загризаат. 408 00:16:20,000 --> 00:16:22,000 А да, сепак доаѓаат многу такви по морковот 409 00:16:22,000 --> 00:16:24,000 стотици и стотици секоја година. 410 00:16:24,000 --> 00:16:26,000 Но тоа се обично фолиранти 411 00:16:26,000 --> 00:16:28,000 и луѓе кои мислат дека исто така можат да зборат со мртвите, 412 00:16:28,000 --> 00:16:30,000 но тие се аматери, тие не знаат како воопшто 413 00:16:30,000 --> 00:16:33,000 да ги покажат нивните таканаречени моќи. 414 00:16:33,000 --> 00:16:35,000 Професионалците не доаѓаат кај нас, 415 00:16:35,000 --> 00:16:37,000 освен тој случај со Силвија Браун 416 00:16:37,000 --> 00:16:39,000 кој што ви го раскажав предмалку. 417 00:16:40,000 --> 00:16:43,000 Таа најпрвин прифати, но потоа се откажа. 418 00:16:43,000 --> 00:16:46,000 Дами и Господа, 419 00:16:46,000 --> 00:16:49,000 јас сум Џејмс Ренди 420 00:16:49,000 --> 00:16:52,000 и јас чекам. 421 00:16:52,000 --> 00:16:54,000 Ви благодарам 422 00:16:54,000 --> 00:16:57,000 (аплауз)