Аријана Хафингтон: Како да се успее? Спијте повеќе
-
0:00 - 0:02Мојата голема идеја
-
0:02 - 0:04е многу, многу мала идеја
-
0:04 - 0:06која може да отклучи
-
0:06 - 0:09милијарди големи идеи
-
0:09 - 0:12кои во моментов спијат во нас.
-
0:12 - 0:14А мојата мала идеја која може да го направи тоа
-
0:14 - 0:16е спиењето.
-
0:16 - 0:18(смеење)
-
0:18 - 0:22(аплауз)
-
0:22 - 0:25Ова е соба со жени од тип-А.
-
0:26 - 0:28Ова е соба
-
0:28 - 0:31со жени кои малку спијат.
-
0:31 - 0:33Јас на потешкиот начин ја научив
-
0:33 - 0:35вредноста на спиењето.
-
0:35 - 0:37Пред две и пол години,
-
0:37 - 0:39се онесвестив од изнемоштеност.
-
0:39 - 0:42Си ја удрив главата од бирото, си ја скршив коската на образот,
-
0:42 - 0:45имав пет конци на моето десно око.
-
0:45 - 0:47Патувањето го започнав така што
-
0:47 - 0:50одново ја открив вредноста на спиењето.
-
0:50 - 0:52И за таа цел,
-
0:52 - 0:54јас учев,
-
0:54 - 0:56се запознав со доктори, научници,
-
0:56 - 0:58и овде сум да ви кажам
-
0:58 - 1:01дека патот до попродуктивен,
-
1:01 - 1:03поинспиративен, посреќен живот
-
1:03 - 1:06е да спиете доволно.
-
1:06 - 1:11(аплауз)
-
1:11 - 1:14А ние жените ќе ја поведеме
-
1:14 - 1:17оваа нова револуција, овој феминистички поим.
-
1:18 - 1:21Ние буквално ќе го преспиеме нашиот пат до врвот, буквално.
-
1:21 - 1:23(смеење)
-
1:23 - 1:28(аплауз)
-
1:28 - 1:30Бидејќи за жал,
-
1:30 - 1:32за мажите
-
1:32 - 1:35недостатокот од сон стана симбол за машкоста.
-
1:36 - 1:38Неодамна бев на вечера со еден маж
-
1:38 - 1:40кој се фалеше дека спиел само
-
1:40 - 1:42четири часа претходната ноќ.
-
1:42 - 1:45А јас се мислев да му речам -- ама не му реков --
-
1:45 - 1:47сакав да му речам, „Знаеш што?“
-
1:47 - 1:49да си преспал пет часа,
-
1:49 - 1:52оваа вечера ќе беше многу поинтересна“.
-
1:52 - 1:55(смеење)
-
1:55 - 1:57Моментно постои еден вид на натпревар во
-
1:57 - 1:59недостаток од сон.
-
1:59 - 2:02Особено овде во Вашингтон, ако се обидете да закажете доручек,
-
2:02 - 2:04и речете, „Може ли во осум часот?“
-
2:04 - 2:06веројатно ќе ви речат, „Осум часот е премногу доцна за мене,
-
2:06 - 2:08но во ред е, би можел до тогаш да играм тенис
-
2:08 - 2:11и да завршам неколку конференциски разговори и да се најдеме во осум.“
-
2:11 - 2:13И тие мислат дека тоа значи
-
2:13 - 2:16дека се неверојатно зафатени и продуктивни,
-
2:16 - 2:19но вистината е дека не се,
-
2:19 - 2:21бидејќи ние до сега,
-
2:21 - 2:23сме имале одлични лидери
-
2:23 - 2:26во бизнисот, во финансиите, во политиката,
-
2:26 - 2:29кои донесувале ужасни одлуки.
-
2:29 - 2:31Значи високиот IQ
-
2:31 - 2:34не значи дека вие сте добар лидер,
-
2:34 - 2:36бидејќи суштината на лидерството
-
2:36 - 2:38е да се види сантата од мраз
-
2:38 - 2:41пред Титаник да удри во неа.
-
2:41 - 2:44А ние имавме многу санти мраз
-
2:44 - 2:46кои удрија во нашите Титаници.
-
2:46 - 2:48Всушност, имам чувство
-
2:48 - 2:50дека ако финансиската компанија Lehman Brothers (Браќата Лиман)
-
2:50 - 2:52беше Браќата и Сестрите Лиман,
-
2:52 - 2:54тие можеби сеуште ќе постоеја.
-
2:54 - 2:57(аплауз)
-
2:57 - 2:59Додека сите браќа беа зафатени
-
2:59 - 3:02едноставно хипер-поврзани 24/7,
-
3:02 - 3:05можеби некој сестра ќе ја забележеше сантата мраз,
-
3:05 - 3:09бидејќи таа ќе се разбудеше после седум и пол или осум часовен сон
-
3:09 - 3:11и ќе беше способна да ја види
-
3:11 - 3:13големата слика.
-
3:13 - 3:15Па додека се соочуваме
-
3:15 - 3:17со мноштво од кризи
-
3:17 - 3:20во светот во овој момент,
-
3:20 - 3:23она што е добро за нас на личен план,
-
3:23 - 3:26она што ќе ни донесе повеќе радост, благодарност,
-
3:26 - 3:28ефективност во нашите животи
-
3:28 - 3:31и она што ќе биде најдобро за нашите кариери,
-
3:31 - 3:34е истото што е најдобро и за светот.
-
3:34 - 3:37Затоа ве убедувам
-
3:37 - 3:39затворете ги очите
-
3:39 - 3:41и откријте ги големите идеи
-
3:41 - 3:43кои лежат во вас,
-
3:43 - 3:46исклучете ги вашите мотори и откријте ја моќта на спиењето.
-
3:46 - 3:48Ви благодарам.
-
3:48 - 3:50(аплауз)
- Title:
- Аријана Хафингтон: Како да се успее? Спијте повеќе
- Speaker:
- Arianna Huffington
- Description:
-
Во овој краток говор, Аријана Хафингтон споделува една мала идеја која може да ги разбуди оние поголемите: моќта на доброто спиење. Наместо да се фалиме со недостатокот од сон, таа не убедува да ги затвориме очите и да ја видиме големата слика: Ние можеме да го преспиеме нашиот пат до зголемена продуктивност и среќа -- и попаметно донесување на одлуки.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 03:50