1 00:00:00,000 --> 00:00:02,000 Мојата голема идеја 2 00:00:02,000 --> 00:00:04,000 е многу, многу мала идеја 3 00:00:04,000 --> 00:00:06,000 која може да отклучи 4 00:00:06,000 --> 00:00:09,000 милијарди големи идеи 5 00:00:09,000 --> 00:00:12,000 кои во моментов спијат во нас. 6 00:00:12,000 --> 00:00:14,000 А мојата мала идеја која може да го направи тоа 7 00:00:14,000 --> 00:00:16,000 е спиењето. 8 00:00:16,000 --> 00:00:18,000 (смеење) 9 00:00:18,000 --> 00:00:22,000 (аплауз) 10 00:00:22,000 --> 00:00:25,000 Ова е соба со жени од тип-А. 11 00:00:26,000 --> 00:00:28,000 Ова е соба 12 00:00:28,000 --> 00:00:31,000 со жени кои малку спијат. 13 00:00:31,000 --> 00:00:33,000 Јас на потешкиот начин ја научив 14 00:00:33,000 --> 00:00:35,000 вредноста на спиењето. 15 00:00:35,000 --> 00:00:37,000 Пред две и пол години, 16 00:00:37,000 --> 00:00:39,000 се онесвестив од изнемоштеност. 17 00:00:39,000 --> 00:00:42,000 Си ја удрив главата од бирото, си ја скршив коската на образот, 18 00:00:42,000 --> 00:00:45,000 имав пет конци на моето десно око. 19 00:00:45,000 --> 00:00:47,000 Патувањето го започнав така што 20 00:00:47,000 --> 00:00:50,000 одново ја открив вредноста на спиењето. 21 00:00:50,000 --> 00:00:52,000 И за таа цел, 22 00:00:52,000 --> 00:00:54,000 јас учев, 23 00:00:54,000 --> 00:00:56,000 се запознав со доктори, научници, 24 00:00:56,000 --> 00:00:58,000 и овде сум да ви кажам 25 00:00:58,000 --> 00:01:01,000 дека патот до попродуктивен, 26 00:01:01,000 --> 00:01:03,000 поинспиративен, посреќен живот 27 00:01:03,000 --> 00:01:06,000 е да спиете доволно. 28 00:01:06,000 --> 00:01:11,000 (аплауз) 29 00:01:11,000 --> 00:01:14,000 А ние жените ќе ја поведеме 30 00:01:14,000 --> 00:01:17,000 оваа нова револуција, овој феминистички поим. 31 00:01:18,000 --> 00:01:21,000 Ние буквално ќе го преспиеме нашиот пат до врвот, буквално. 32 00:01:21,000 --> 00:01:23,000 (смеење) 33 00:01:23,000 --> 00:01:28,000 (аплауз) 34 00:01:28,000 --> 00:01:30,000 Бидејќи за жал, 35 00:01:30,000 --> 00:01:32,000 за мажите 36 00:01:32,000 --> 00:01:35,000 недостатокот од сон стана симбол за машкоста. 37 00:01:36,000 --> 00:01:38,000 Неодамна бев на вечера со еден маж 38 00:01:38,000 --> 00:01:40,000 кој се фалеше дека спиел само 39 00:01:40,000 --> 00:01:42,000 четири часа претходната ноќ. 40 00:01:42,000 --> 00:01:45,000 А јас се мислев да му речам -- ама не му реков -- 41 00:01:45,000 --> 00:01:47,000 сакав да му речам, „Знаеш што?“ 42 00:01:47,000 --> 00:01:49,000 да си преспал пет часа, 43 00:01:49,000 --> 00:01:52,000 оваа вечера ќе беше многу поинтересна“. 44 00:01:52,000 --> 00:01:55,000 (смеење) 45 00:01:55,000 --> 00:01:57,000 Моментно постои еден вид на натпревар во 46 00:01:57,000 --> 00:01:59,000 недостаток од сон. 47 00:01:59,000 --> 00:02:02,000 Особено овде во Вашингтон, ако се обидете да закажете доручек, 48 00:02:02,000 --> 00:02:04,000 и речете, „Може ли во осум часот?“ 49 00:02:04,000 --> 00:02:06,000 веројатно ќе ви речат, „Осум часот е премногу доцна за мене, 50 00:02:06,000 --> 00:02:08,000 но во ред е, би можел до тогаш да играм тенис 51 00:02:08,000 --> 00:02:11,000 и да завршам неколку конференциски разговори и да се најдеме во осум.“ 52 00:02:11,000 --> 00:02:13,000 И тие мислат дека тоа значи 53 00:02:13,000 --> 00:02:16,000 дека се неверојатно зафатени и продуктивни, 54 00:02:16,000 --> 00:02:19,000 но вистината е дека не се, 55 00:02:19,000 --> 00:02:21,000 бидејќи ние до сега, 56 00:02:21,000 --> 00:02:23,000 сме имале одлични лидери 57 00:02:23,000 --> 00:02:26,000 во бизнисот, во финансиите, во политиката, 58 00:02:26,000 --> 00:02:29,000 кои донесувале ужасни одлуки. 59 00:02:29,000 --> 00:02:31,000 Значи високиот IQ 60 00:02:31,000 --> 00:02:34,000 не значи дека вие сте добар лидер, 61 00:02:34,000 --> 00:02:36,000 бидејќи суштината на лидерството 62 00:02:36,000 --> 00:02:38,000 е да се види сантата од мраз 63 00:02:38,000 --> 00:02:41,000 пред Титаник да удри во неа. 64 00:02:41,000 --> 00:02:44,000 А ние имавме многу санти мраз 65 00:02:44,000 --> 00:02:46,000 кои удрија во нашите Титаници. 66 00:02:46,000 --> 00:02:48,000 Всушност, имам чувство 67 00:02:48,000 --> 00:02:50,000 дека ако финансиската компанија Lehman Brothers (Браќата Лиман) 68 00:02:50,000 --> 00:02:52,000 беше Браќата и Сестрите Лиман, 69 00:02:52,000 --> 00:02:54,000 тие можеби сеуште ќе постоеја. 70 00:02:54,000 --> 00:02:57,000 (аплауз) 71 00:02:57,000 --> 00:02:59,000 Додека сите браќа беа зафатени 72 00:02:59,000 --> 00:03:02,000 едноставно хипер-поврзани 24/7, 73 00:03:02,000 --> 00:03:05,000 можеби некој сестра ќе ја забележеше сантата мраз, 74 00:03:05,000 --> 00:03:09,000 бидејќи таа ќе се разбудеше после седум и пол или осум часовен сон 75 00:03:09,000 --> 00:03:11,000 и ќе беше способна да ја види 76 00:03:11,000 --> 00:03:13,000 големата слика. 77 00:03:13,000 --> 00:03:15,000 Па додека се соочуваме 78 00:03:15,000 --> 00:03:17,000 со мноштво од кризи 79 00:03:17,000 --> 00:03:20,000 во светот во овој момент, 80 00:03:20,000 --> 00:03:23,000 она што е добро за нас на личен план, 81 00:03:23,000 --> 00:03:26,000 она што ќе ни донесе повеќе радост, благодарност, 82 00:03:26,000 --> 00:03:28,000 ефективност во нашите животи 83 00:03:28,000 --> 00:03:31,000 и она што ќе биде најдобро за нашите кариери, 84 00:03:31,000 --> 00:03:34,000 е истото што е најдобро и за светот. 85 00:03:34,000 --> 00:03:37,000 Затоа ве убедувам 86 00:03:37,000 --> 00:03:39,000 затворете ги очите 87 00:03:39,000 --> 00:03:41,000 и откријте ги големите идеи 88 00:03:41,000 --> 00:03:43,000 кои лежат во вас, 89 00:03:43,000 --> 00:03:46,000 исклучете ги вашите мотори и откријте ја моќта на спиењето. 90 00:03:46,000 --> 00:03:48,000 Ви благодарам. 91 00:03:48,000 --> 00:03:50,000 (аплауз)