Мојата голема идеја
е многу, многу мала идеја
која може да отклучи
милијарди големи идеи
кои во моментов спијат во нас.
А мојата мала идеја која може да го направи тоа
е спиењето.
(смеење)
(аплауз)
Ова е соба со жени од тип-А.
Ова е соба
со жени кои малку спијат.
Јас на потешкиот начин ја научив
вредноста на спиењето.
Пред две и пол години,
се онесвестив од изнемоштеност.
Си ја удрив главата од бирото, си ја скршив коската на образот,
имав пет конци на моето десно око.
Патувањето го започнав така што
одново ја открив вредноста на спиењето.
И за таа цел,
јас учев,
се запознав со доктори, научници,
и овде сум да ви кажам
дека патот до попродуктивен,
поинспиративен, посреќен живот
е да спиете доволно.
(аплауз)
А ние жените ќе ја поведеме
оваа нова револуција, овој феминистички поим.
Ние буквално ќе го преспиеме нашиот пат до врвот, буквално.
(смеење)
(аплауз)
Бидејќи за жал,
за мажите
недостатокот од сон стана симбол за машкоста.
Неодамна бев на вечера со еден маж
кој се фалеше дека спиел само
четири часа претходната ноќ.
А јас се мислев да му речам -- ама не му реков --
сакав да му речам, „Знаеш што?“
да си преспал пет часа,
оваа вечера ќе беше многу поинтересна“.
(смеење)
Моментно постои еден вид на натпревар во
недостаток од сон.
Особено овде во Вашингтон, ако се обидете да закажете доручек,
и речете, „Може ли во осум часот?“
веројатно ќе ви речат, „Осум часот е премногу доцна за мене,
но во ред е, би можел до тогаш да играм тенис
и да завршам неколку конференциски разговори и да се најдеме во осум.“
И тие мислат дека тоа значи
дека се неверојатно зафатени и продуктивни,
но вистината е дека не се,
бидејќи ние до сега,
сме имале одлични лидери
во бизнисот, во финансиите, во политиката,
кои донесувале ужасни одлуки.
Значи високиот IQ
не значи дека вие сте добар лидер,
бидејќи суштината на лидерството
е да се види сантата од мраз
пред Титаник да удри во неа.
А ние имавме многу санти мраз
кои удрија во нашите Титаници.
Всушност, имам чувство
дека ако финансиската компанија Lehman Brothers (Браќата Лиман)
беше Браќата и Сестрите Лиман,
тие можеби сеуште ќе постоеја.
(аплауз)
Додека сите браќа беа зафатени
едноставно хипер-поврзани 24/7,
можеби некој сестра ќе ја забележеше сантата мраз,
бидејќи таа ќе се разбудеше после седум и пол или осум часовен сон
и ќе беше способна да ја види
големата слика.
Па додека се соочуваме
со мноштво од кризи
во светот во овој момент,
она што е добро за нас на личен план,
она што ќе ни донесе повеќе радост, благодарност,
ефективност во нашите животи
и она што ќе биде најдобро за нашите кариери,
е истото што е најдобро и за светот.
Затоа ве убедувам
затворете ги очите
и откријте ги големите идеи
кои лежат во вас,
исклучете ги вашите мотори и откријте ја моќта на спиењето.
Ви благодарам.
(аплауз)