Естер Перел: Неверството во поинакво светло... Говор за секој кој некогаш љубел
-
0:01 - 0:02Зошто изневеруваме?
-
0:04 - 0:07И зошто среќните луѓе изневеруваат?
-
0:09 - 0:13И, кога велиме „неверство“,
на што точно мислиме? -
0:14 - 0:21Дали е тоа мување, љубовна приказна,
платен секс, преку Интернет, -
0:21 - 0:23масажа со среќен завршеток?
-
0:24 - 0:29Зошто мислиме дека мажите изневеруваат
од досада и страв од интимност, -
0:29 - 0:34но, жените изневеруваат поради
осаменост и жед за интимност? -
0:36 - 0:40И, дали аферата секогаш
претставува крај на една врска? -
0:41 - 0:44Во последните десет години,
го пропатував светот -
0:44 - 0:48и опсежно работев со стотици двојки
-
0:48 - 0:50кои беа распарчени од неверство.
-
0:51 - 0:55Постои еден едноставен чин на прекршок,
-
0:55 - 0:59кој може да ја лиши двојката
од нивната врска, -
0:59 - 1:03нивната среќа, и нивниот идентитет: афера.
-
1:04 - 1:09Па сепак, овој премногу вообичаен
чин е толку слабо разбран. -
1:11 - 1:15Затоа, овој говор е за секој
кој некогаш љубел. -
1:18 - 1:22Прељубата постои откако е измислен бракот,
-
1:22 - 1:24па исто така, и табуто против неа.
-
1:25 - 1:31Всушност, неверството поседува жилавост
на која бракот може само да ѝ завидува, -
1:31 - 1:34до таа мера, поради што ова е
единствениот заповед -
1:34 - 1:38кој што е споменат два пати во Библијата:
-
1:38 - 1:42еднаш за неговото правење, и еднаш
само за размислувањето на него. -
1:42 - 1:45(Смеа)
-
1:45 - 1:49Па, како се помируваме со нешто
кое е универзално забрането, -
1:49 - 1:51а сепак и универзално се практикува?
-
1:53 - 1:58Низ историјата, мажите практично
имале дозвола да изневеруваат -
1:58 - 2:00со мали последици,
-
2:00 - 2:05и биле поддржани од биолошки
и еволутивни теории -
2:05 - 2:07кои ја поддржувале нивната
потреба за талкање, -
2:07 - 2:11така што двојниот сандард е
стар колку и самата прељуба. -
2:12 - 2:18Но, кој знае што навистина се
случува под чаршафите, нели? -
2:18 - 2:20Затоа што кога станува збор за секс,
-
2:20 - 2:24мажите осеќаат притисок дека треба
да се фалат и да претеруваат, -
2:24 - 2:29а жените е да се кријат, минимизираат
и одрекуваат, -
2:29 - 2:34што и не е така изненадувачки доколку земете во
предвид дека сèуште постојат девет земји во светот -
2:34 - 2:37каде што жените можат да бидат убиени
поради „скршнување“. -
2:38 - 2:42Моногамијата порано значеше
една личност за цел живот. -
2:43 - 2:46Денес, моногамијата значи еден
по еден. -
2:46 - 2:48(Смеа)
-
2:48 - 2:50(Аплауз)
-
2:51 - 2:54Мислам, најверојатно многумина
од вас имаат кажано, -
2:54 - 2:57„Јас сум моногамен во сите мои врски.“
-
2:57 - 3:00(Смеа)
-
3:01 - 3:02Порано се венчававме,
-
3:02 - 3:04и имавме секс за прв пат.
-
3:05 - 3:06Но, сега се венчавме,
-
3:06 - 3:08и престануваме да имаме секс со други.
-
3:09 - 3:14Факт е дека моногамијата
не е поврзана со љубовта. -
3:14 - 3:17Мажите се потпирале на женската лојалност
-
3:17 - 3:20во цел да знаат чии се тие деца,
-
3:20 - 3:22и кој ги добива кравите кога ќе умрам.
-
3:24 - 3:26Сега, секој сака да знае
-
3:26 - 3:28колкав процент од луѓето изневеруваат.
-
3:28 - 3:32Ова прашање ми го поставуваат уште откако
пристигнав на конференцијава. -
3:32 - 3:34(Смеа)
-
3:34 - 3:36Се однесува на вас.
-
3:36 - 3:41Но, дефиницијата за неверство
продолжува да се проширува: -
3:41 - 3:46„секстинг“, гледање порно, да се биде
тајно активен на апликациите за состаноци. -
3:46 - 3:51Затоа, затоа што не постои универзално
прифатена дефиниција -
3:51 - 3:54за тоа што претставува неверството,
-
3:54 - 4:00проценките варираат многу, од 26% до 75%.
-
4:01 - 4:04Но, капак на тоа, ние постојано си
противречиме сами на себе. -
4:04 - 4:08Така, 95% од нас ќе речат дека
е ужасно страшно -
4:08 - 4:11нашиот партнер да излаже за
тоа дека има афера, -
4:11 - 4:13но, речиси истиот процент од нас ќе рече
-
4:13 - 4:16дека тоа е точно она што би го
направиле доколку би имале афера. -
4:16 - 4:19(Смеа)
-
4:20 - 4:24Мене ми се допаѓа оваа дефиниција
за тоа што е афера, -
4:24 - 4:27ги сплотува трите клучни елементи:
-
4:27 - 4:33тајна врска, која ја претставува
јадрената структура на една афера; -
4:33 - 4:38емоционална поврзаност до некој степен;
-
4:38 - 4:39и сексуална алхемија.
-
4:40 - 4:43„Алхемија“ е клучниот збор тука,
-
4:43 - 4:50Затоа што еротската возбуда е таква што, бакнежот
кој само што замислувате дека го давате, -
4:50 - 4:53може да биде толку моќен и магичен
-
4:53 - 4:56како и часови вистинско водење љубов.
-
4:57 - 4:59Како што и Марсел Пруст има кажано,
-
4:59 - 5:05„Нашата имагинација е одговорна
за љубовта, не другата личност.“ -
5:06 - 5:10Така, никогаш не било полесно
да се изневерува, -
5:10 - 5:13и никогаш не било
потешко да се чува тајна. -
5:14 - 5:18И никогаш неверството не изнудувало
толку висока психолошка цена. -
5:20 - 5:23Кога бракот претставувал
економска организација, -
5:23 - 5:26неверството ја загрозувало
нашата економска стабилност. -
5:27 - 5:30Но, сега кога бракот претставува
романтичен договор, -
5:30 - 5:34неверството ја загрозува
нашата емоционална сигурност. -
5:34 - 5:38Иронично, порано сме
посегнувале по неверство - -
5:38 - 5:41но тоа било местото каде што
сме барале чиста љубов. -
5:41 - 5:43Но, сега, кога бараме љубов во бракот,
-
5:43 - 5:45прељубата го уништува.
-
5:47 - 5:51Постојат три начини преку кои сметам
дека неверството може да повреди денес. -
5:54 - 6:00Ние си имаме некој романтичен идеал според
кој се вртиме кон една личност -
6:00 - 6:03да ни исполни бескрајна листа на потреби:
-
6:03 - 6:06да биде мојот најголем љубовник,
мојот најдобар пријател, -
6:06 - 6:10најдобриот партнер,
да имам доверба во него, -
6:10 - 6:13да биде мој емоционален сопатник,
подеднакво интелигентен со мене. -
6:14 - 6:18А, јас сум тоа: Јас сум одбрана,
јас сум единствена, -
6:18 - 6:21jaс сум неопходна, јас сум незаменлива,
-
6:21 - 6:22јас сум вистинската.
-
6:23 - 6:27А, неверството ми кажува дека не сум.
-
6:27 - 6:29Тоа е највисоката форма на предавство.
-
6:30 - 6:33Неверството ја распарчува големата
амбиција на љубовта. -
6:35 - 6:40Но, ако низ историјата, неверството
отсекогаш било болно, -
6:40 - 6:42тоа денес често пати е трауматично,
-
6:42 - 6:45затоа што му се заканува на нашето
чувство за тоа кои сме ние. -
6:45 - 6:48Така, мојот пациент Фернандо -
тој е очаен. -
6:48 - 6:51Тој вели: „Мислев дека го
познавам мојот живот. -
6:51 - 6:55Мислев дека знам која си ти,
кои сме ние како двојка, кој сум јас. -
6:55 - 6:57Сега, се прашувам за сè.“
-
6:58 - 7:02Неверство - нарушување на
довербата, криза на идентитетот. -
7:02 - 7:05„Дали некогаш ќе можам повторно
да ти верувам?“, прашува тој. -
7:05 - 7:07„Дали ќе можам повторно
некому да му верувам?“ -
7:09 - 7:12И ова е токму тоа што
мојата пациентка Хедер ми го кажува, -
7:12 - 7:15кога ми ја раскажува
нејзината приказна со Ник. -
7:15 - 7:16Венчани, две деца.
-
7:16 - 7:19Ник само што заминал на бизнис - патување,
-
7:19 - 7:22а Хедер си игра на нејзиниот
iPad со момчињата, -
7:22 - 7:25кога гледа една порака како
се појавува на екранот: -
7:25 - 7:27„Едвај чекам да те видам.“
-
7:28 - 7:30Чудно, си вели, само што се видовме.
-
7:31 - 7:32И потоа, уште една порака:
-
7:33 - 7:35„Едвај чекам да те држам в прегратки.“
-
7:36 - 7:38И Хедер сфаќа дека
-
7:38 - 7:40тие не се за неа.
-
7:40 - 7:44Таа исто така, ми кажува дека и
нејзиниот татко имал афери, -
7:44 - 7:48и нејзината мајка - таа наоѓала
по некоја сметка во џеповите, -
7:48 - 7:50по малку кармин на јаката.
-
7:51 - 7:55Хедер започнува да копа,
-
7:55 - 7:58и наоѓа стотици пораки,
-
7:58 - 8:01и разменети фотографии и искажани страсти.
-
8:01 - 8:04Живописни детали од
двегодишната афера на Ник -
8:04 - 8:07се распостилаат пред неа во реално време.
-
8:08 - 8:09И, тоа ме натера
да помислам: -
8:09 - 8:14Аферите во дигиталната ера се
смрт од илјадници посекотини. -
8:16 - 8:19Но, потоа имаме уште еден парадокс
со кој се соочуваме овие денови. -
8:19 - 8:21Поради овој романтичен идеал,
-
8:21 - 8:26ние се потпираме на верноста на
нашиот партнер со преголема жестокост. -
8:27 - 8:31Но, исто така, никогаш не сме
биле посклони кон „застранување“, -
8:31 - 8:33и не поради тоа што ние
имаме нови желби денес, -
8:33 - 8:35туку, затоа што живееме во ера
-
8:35 - 8:39во која веруваме дека имаме
право да ги следиме нашите желби, -
8:39 - 8:42затоа што ова е културата во која
јас заслужувам да бидам среќна. -
8:43 - 8:47И, доколку порано се разведувавме
затоа што не бевме среќни, -
8:47 - 8:50денес се разведуваме затоа што
би можеле да бидеме посреќни. -
8:52 - 8:55И доколку разводот го носеше целиот срам,
-
8:55 - 8:59денес, одбирањето да се остане
кога може да се замине -
8:59 - 9:00е новиот срам.
-
9:00 - 9:03Така Хедер - таа не може да зборува
со нејзините пријателки -
9:03 - 9:06затоа што се плаши дека тие ќе
ја осудуваат што сèуште го сака Ник, -
9:06 - 9:10и каде и да се сврти,
го добива истиот совет: -
9:10 - 9:13Остави го. Фрли го кучето на улица.
-
9:14 - 9:19И ако беше обратно, Ник ќе
се најдеше во истата ситуација. -
9:19 - 9:21Останувањето е новиот срам.
-
9:23 - 9:26Па, ако можеме да се разведеме,
-
9:26 - 9:28тогаш зошто сèуште имаме афери?
-
9:30 - 9:35Типичната претпоставка е дека
ако некој изневерува, -
9:35 - 9:38тогаш или нешто не е во ред со
вашата врска или со Вас. -
9:39 - 9:43Но, милиони луѓе не можат
да бидат патолошки болни. -
9:44 - 9:48Логиката оди вака: Ако имаш
сè што ти треба дома, -
9:48 - 9:52тогаш нема потреба да
бараш на друго место, -
9:52 - 9:55под претпоставка дека
постои такво нешто како совршен брак, -
9:55 - 9:58кој ќе нè заштити од
желбата за „застранување“. -
9:59 - 10:02Но, што ако страста има
ограничен рок на траење? -
10:04 - 10:07Што ако постои нешто
кое дури ни добрите врски -
10:07 - 10:09никогаш не можат
да го обезбедат? -
10:10 - 10:13Ако и среќните луѓе изневеруваат,
-
10:13 - 10:15зошто го прават тоа?
-
10:17 - 10:20Поголемиот дел од луѓето со кои работам
-
10:20 - 10:22не се воопшто хронични љубовџии.
-
10:22 - 10:26Често пати, тоа се луѓе кои се
длабоко моногамни во своите верувања, -
10:26 - 10:28или барем за својот партнер.
-
10:29 - 10:32Но, се наоѓаат себе си во конфликт
-
10:32 - 10:35помеѓу нивните вредности
и нивното однесување. -
10:36 - 10:40Често пати, тоа се луѓе кои всушност
биле верни со децении, -
10:40 - 10:43но еден ден ја поминуваат линијата
-
10:43 - 10:45која никогаш не верувале
дека ќе ја поминат, -
10:45 - 10:48и се ставаат во ризик да изгубат сè.
-
10:49 - 10:51Но, за искра од што?
-
10:52 - 10:55Аферите претставуваат чин на предавство,
-
10:55 - 10:58и исто така се и израз на копнеж и загуба.
-
10:59 - 11:03Во срцето на аферата,
често пати ќе најдете -
11:03 - 11:07копнеж и желба за емоционална поврзаност,
-
11:07 - 11:13за нешто ново, за слобода, за автономија,
за сексуален интензитет, -
11:13 - 11:16желба за повторно присвојување
на изгубените делови од себе си, -
11:16 - 11:22или обид да се поврати виталноста
во лицето на загубата и трагедијата. -
11:23 - 11:26Размислувам за уште
една моја пациентка, Прија, -
11:26 - 11:28која е среќно омажена,
-
11:28 - 11:30си го сака сопругот,
-
11:30 - 11:32и никогаш не би сакала
да го повреди човекот. -
11:33 - 11:35Но, таа исто така ми кажува
-
11:35 - 11:38дека секогаш го правела тоа
што се очекувало од неа: -
11:38 - 11:42добро девојче, добра сопруга, добра мајка,
-
11:42 - 11:45се грижи за нејзините родители-имигранти.
-
11:45 - 11:49Прија, таа „падна“ на арбористот
кој го отстранил дрвото од нејзиниот двор -
11:49 - 11:51по ураганот „Сенди“.
-
11:52 - 11:56А тој, со неговите тетоважи и
камион - тој е целосна спротивност на неа. -
11:58 - 12:03Но, на 47, аферата на Прија е за
тинејџерството кое никогаш го немала. -
12:04 - 12:09Нејзината приказна истакнува
дека кога го бараме погледот на другиот, -
12:09 - 12:14не секогаш тоа значи дека се
оддалечуваме од нашиот партнер, -
12:14 - 12:17туку од личноста во која ние
самите се имаме претворено. -
12:18 - 12:21И не е толку во тоа што ние
бараме во другата личност, -
12:21 - 12:25колку што го бараме
нашето друго јас. -
12:27 - 12:29Насекаде во светот
-
12:29 - 12:32потои еден збор кој луѓето кои
имаат афери ми го кажуваат. -
12:33 - 12:35Се чувствуваат живи.
-
12:36 - 12:40И тие често ќе ми раскажат
приказни за неодамнешна загуба, -
12:40 - 12:42за родител кој починал,
-
12:42 - 12:44и пријател кој отишол премногу рано,
-
12:44 - 12:46и за лоши вести од докторот.
-
12:47 - 12:52Смртта и смртноста често пати
живеат во сенката на една афера, -
12:52 - 12:55затоа што тие ги поставуваат овие прашања.
-
12:55 - 12:58Дали ова е тоа? Постои ли нешто повеќе?
-
12:58 - 13:01Дали вака ќе продолжам уште 25 години?
-
13:02 - 13:04Дали некогаш повторно
ќе го почувствувам тоа? -
13:06 - 13:11И тоа ме наведе да помислам
дека можеби овие прашања -
13:11 - 13:14се тие кои ги тераат
луѓето да ја поминат таа линија, -
13:14 - 13:18и дека некои афери се само
обид за заглушување на мртвилото, -
13:18 - 13:20како против-мерка на смртта.
-
13:22 - 13:25И наспроти она што можеби го мислите,
-
13:25 - 13:30аферите помалку се случуваат
поради секс, а повеќе поради желба: -
13:30 - 13:33желба за внимание, желба да
се чувствувате посебно, -
13:33 - 13:35желба да се чувствувате важни.
-
13:36 - 13:38И самата структура на аферата,
-
13:38 - 13:41фактот дека никогаш нема да
можете да го имате својот љубовник, -
13:42 - 13:43ве тера да сакате.
-
13:43 - 13:46Тоа само по себе е машина за желби,
-
13:46 - 13:49затоа што нецелосноста, двосмисленоста,
-
13:49 - 13:52ве тера да го сакате тоа
кое не можете да го имате. -
13:53 - 13:55Сега, некои од вас
најверојатно си мислат -
13:55 - 13:59дека аферите не се случуваат
во отворените врски, -
13:59 - 14:00но, се случуваат.
-
14:00 - 14:04Најпрво, муабетот за моногамијата не е ист
-
14:04 - 14:06како муабетот за неверството.
-
14:06 - 14:10Но, факт е дека се чини оти и
тогаш кога ние ја имаме -
14:10 - 14:13слободата да имаме
други сексуални партнери, -
14:13 - 14:17ние сèуште сме намамени
од моќта на забранетото, -
14:17 - 14:20дека ако го правиме тоа кое
не би требало да го правиме, -
14:20 - 14:23тогаш чувствуваме дека
навистина го правиме тоа кое го сакаме. -
14:25 - 14:29И, исто така, им имам кажано
некои работи на некои мои пациенти: -
14:29 - 14:34дека, ако во нивните
односи можат да донесат -
14:34 - 14:37една десеттина од храброста,
имагинацијата и еланот -
14:37 - 14:39кои ги внесуваат во нивните афери,
-
14:39 - 14:41тие најверојатно никогаш
не би морале да ме посетат. -
14:41 - 14:43(Смеа)
-
14:44 - 14:47Па, како заздравуваме од афера?
-
14:48 - 14:50Желбата извира подлабоко.
-
14:50 - 14:52Предавството остава длабоки траги.
-
14:53 - 14:55Но, може да биде излечено.
-
14:56 - 14:59И, некои афери претставуваат
камбана на смртта -
14:59 - 15:02за врски кои веќе малку по малку умираат.
-
15:03 - 15:06Но, некои други ќе нè
вивнат во нови можности. -
15:06 - 15:08Факт е дека поголемиот дел од двојките
-
15:08 - 15:10кои искусиле афери - останале заедно.
-
15:11 - 15:13Но, некои од нив едвај ќе преживеат,
-
15:13 - 15:18а некои дури и ќе можат да ја
претворат кризата во можност. -
15:19 - 15:22Тие ќе можат да го претворат
ова во корисно искуство. -
15:22 - 15:26И, всушност мислам и дека
тоа повеќе е така за измамениот партнер, -
15:26 - 15:28кој често вели:
-
15:28 - 15:29„Ти мислиш дека јас не сакав повеќе?
-
15:29 - 15:32Но, јас не сум тој/таа
што го направи тоа.“ -
15:32 - 15:34Но, сега кога аферата е откриена,
-
15:34 - 15:36и тие, исто така,
имаат право да бараат повеќе, -
15:36 - 15:39и не мораат повеќе да
го задржуваат статусот кво, -
15:39 - 15:42кој и онака не би им бил од корист.
-
15:44 - 15:47Забележав дека многу двојки,
-
15:47 - 15:49во самата разрешница на аферата,
-
15:49 - 15:54поради ова ново безредие кое
всушност може да доведе до нов ред, -
15:54 - 15:57се случуваат многу длабоки,
искрени и отворени разговори -
15:57 - 15:59какви што немале со децении.
-
16:00 - 16:03И, партнерите кои биле
сексуално незаинтересирани -
16:03 - 16:05одненадеж стануваат страствено незаситни,
-
16:05 - 16:08што не ни знаат од каде доаѓа сето тоа.
-
16:09 - 16:13Нешто од стравот од
загуба ќе ја разгори желбата, -
16:13 - 16:16и ќе направи пат за
целосно нов вид вистина. -
16:18 - 16:21Па, кога ќе се открие некоја афера,
-
16:21 - 16:24што поспецифично можат
да направат двојките? -
16:26 - 16:30Од траумата знаеме дека
излекувањето започнува -
16:30 - 16:34кога злосторникот ја
признава својата вина. -
16:35 - 16:39Така, за партнерот кој имал афера,
-
16:39 - 16:41за Ник,
-
16:41 - 16:42една работа е да ја заврши аферата,
-
16:42 - 16:47но, останатото е есенцијалниот,
важен акт на изразување -
16:47 - 16:50вина и каење за тоа што
ја повредил сопругата. -
16:51 - 16:52Но, вистината е
-
16:52 - 16:55дека имам забележано дека голем
број од луѓето кои имаат афери -
16:55 - 16:59може да се чувствуваат ужасно виновно
поради тоа што го повредиле својот партнер, -
16:59 - 17:03но, не се чувствуваат виновно поради
искусувањето на самата афера. -
17:03 - 17:04И, таа разлика е важна.
-
17:05 - 17:09А, Ник - тој треба да биде
претпазлив во врската. -
17:09 - 17:12Тој, барем некое време, треба да
стане заштитник на ограничувањата. -
17:12 - 17:15Одговорноста е негова за да ја издигне,
-
17:15 - 17:17затоа што, ако размисли,
-
17:17 - 17:20тој може да ја ослободи
Хедер од опсесијата, -
17:20 - 17:23и од тоа да се осигура
дека аферата не е заборавена, -
17:23 - 17:26и дека во неа започнува
да положува доверба. -
17:28 - 17:29Но, за Хедер,
-
17:29 - 17:31или за измамените партнери,
-
17:31 - 17:37најосновно е да прават работи кои ќе
им ја вратат смислата за вредност сами кон себе, -
17:37 - 17:40да се опкружат со љубов, и
пријатели и активности -
17:40 - 17:44кои носат радост, и значење и идентитет.
-
17:44 - 17:46Но, што е уште поважно,
-
17:46 - 17:51е да ја потиснат љубопитноста за
„копање“ непријатни детали: -
17:51 - 17:53Каде беше? Каде го правевте тоа?
-
17:53 - 17:56Колку често? Дали е таа подобра
од мене во кревет? -
17:56 - 17:58- Прашања кои нанесуваат
само уште повеќе болка, -
17:58 - 18:00и кои ве држат будни ноќе.
-
18:01 - 18:05И наместо да се осврнат кон она што
јас го нарекувам „истражувачки прашања“, -
18:05 - 18:09тие кои „копаат“ по мотивите и значењето:
-
18:09 - 18:11Што ти значеше оваа афера?
-
18:11 - 18:14Дали можеше да го изразиш,
или да го искусиш таму -
18:14 - 18:16тоа што повеќе не можеше
да го направиш со мене? -
18:16 - 18:19Како ти беше кога доаѓаше дома?
-
18:19 - 18:23Што е она кое го цениш кај нас?
-
18:23 - 18:25Мило ти е што ова заврши?
-
18:26 - 18:31Секоја афера ќе ѝ даде нова
дефиниција на врската, -
18:31 - 18:34и секоја двојка ќе одлучи кое ќе биде
-
18:34 - 18:36наследството добиено од самата афера.
-
18:38 - 18:41Но, аферите се тука за да
останат, и не си одат никаде. -
18:42 - 18:45И дилемите за љубовта и страста,
-
18:45 - 18:51тие не носат едноставни одговори
на црно-бело, добро-лошо, -
18:51 - 18:53и на жртва и злосторник.
-
18:54 - 18:58Предавството во врските
доаѓа во многу облици. -
18:58 - 19:01Постојат многу начини на кои
можеме да го предадеме партнерот: -
19:01 - 19:03со потценување, со запоставување,
-
19:03 - 19:05со незаинтересираност, со насилство.
-
19:06 - 19:09Сексуалното предавство е само еден
од начините да се повреди партнерот. -
19:09 - 19:12Со други зборови, жртвата на една афера
-
19:12 - 19:15не секогаш е жртвата во бракот.
-
19:18 - 19:20Сега, ме ислушавте,
-
19:20 - 19:22и знам дека си мислите:
-
19:22 - 19:26Таа има француски нагласок,
мора да е "ЗА" афери. -
19:27 - 19:30(Смеа)
-
19:32 - 19:33Па, грешите.
-
19:34 - 19:35Не сум Французинка.
-
19:36 - 19:38(Смеа)
-
19:38 - 19:41(Аплауз)
-
19:42 - 19:43И не сум за афери.
-
19:45 - 19:49Но, затоа што сметам дека може
да произлезе некое добро од една афера, -
19:49 - 19:52често пати ми го поставуваат
ова чудно прашање: -
19:52 - 19:54Дали некогаш би ја препорачала?
-
19:56 - 19:59Не би препорачала на
некому да има афера повеќе -
19:59 - 20:01отколку да препорачам некому да има рак,
-
20:01 - 20:04па сепак, знаеме дека
луѓето кои биле болни -
20:04 - 20:09често пати зборуваат за тоа како нивната
болест придонела да добијат нов поглед на нештата. -
20:09 - 20:12Најчестото прашање кое ми го поставуваат
откако пристигнав на конференцијава, -
20:12 - 20:15и кога кажав дека ќе зборувам за
изневерувањето, е: за или против? -
20:16 - 20:18Ја велам, „Да.“
-
20:18 - 20:21(Смеа)
-
20:22 - 20:26Гледам на аферите од две перспективи:
-
20:26 - 20:29повредување и предавство од една страна,
-
20:29 - 20:33созревање и себе-откривање од друга --
-
20:33 - 20:36што ти направи тебе и што
значеше тоа за мене. -
20:37 - 20:41Така, кога некоја двојка доаѓа кај
мене во разрешницата од една афера -
20:41 - 20:43која што е откриена,
-
20:43 - 20:45јас често пати им го кажувам следното:
-
20:45 - 20:48Денес, на Западот,
-
20:48 - 20:53повеќето од нас ќе имааат
две или три врски, -
20:53 - 20:54или бракови,
-
20:54 - 20:58а, некои од нас ќе го направат
тоа со истата личност. -
20:59 - 21:01Вашиот прв брак е завршен.
-
21:02 - 21:04Дали би сакале да
создадете втор брак заедно? -
21:05 - 21:07Ви благодарам.
-
21:07 - 21:13(Аплауз)
- Title:
- Естер Перел: Неверството во поинакво светло... Говор за секој кој некогаш љубел
- Speaker:
- Естер Перел
- Description:
-
Неверството претставува највисок облик на предавство. Но, дали мора така да биде? Терапевтот за врски, Естер Перел, истражува зошто луѓето изневеруваат, и открива зошто аферите се толку трауматични: затоа што ѝ се закануваат на нашата емоционална сигурност. Во неверството - таа забележува нешто неочекувано - израз на чезнеење и загуба. Говор кој мора да го погледне секој кој некогаш изневерил, или го изневериле, или пак, кој едноставно сака да го освежи својот поглед за тоа како да ги разбере врските.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 21:31