WEBVTT 00:00:00.928 --> 00:00:02.349 Зошто изневеруваме? 00:00:04.420 --> 00:00:06.928 И зошто среќните луѓе изневеруваат? 00:00:08.641 --> 00:00:13.447 И, кога велиме „неверство“, на што точно мислиме? 00:00:14.207 --> 00:00:20.586 Дали е тоа мување, љубовна приказна, платен секс, преку Интернет, 00:00:20.586 --> 00:00:22.625 масажа со среќен завршеток? 00:00:24.356 --> 00:00:29.494 Зошто мислиме дека мажите изневеруваат од досада и страв од интимност, 00:00:29.494 --> 00:00:34.256 но, жените изневеруваат поради осаменост и жед за интимност? 00:00:35.769 --> 00:00:39.999 И, дали аферата секогаш претставува крај на една врска? NOTE Paragraph 00:00:41.294 --> 00:00:44.490 Во последните десет години, го пропатував светот 00:00:44.490 --> 00:00:47.535 и опсежно работев со стотици двојки 00:00:47.535 --> 00:00:49.722 кои беа распарчени од неверство. 00:00:50.999 --> 00:00:54.602 Постои еден едноставен чин на прекршок, 00:00:54.641 --> 00:00:58.990 кој може да ја лиши двојката од нивната врска, 00:00:59.015 --> 00:01:03.245 нивната среќа, и нивниот идентитет: афера. 00:01:03.903 --> 00:01:09.117 Па сепак, овој премногу вообичаен чин е толку слабо разбран. 00:01:10.593 --> 00:01:15.224 Затоа, овој говор е за секој кој некогаш љубел. NOTE Paragraph 00:01:17.681 --> 00:01:21.525 Прељубата постои откако е измислен бракот, 00:01:21.525 --> 00:01:24.070 па исто така, и табуто против неа. 00:01:25.094 --> 00:01:30.827 Всушност, неверството поседува жилавост на која бракот може само да ѝ завидува, 00:01:30.827 --> 00:01:34.285 до таа мера, поради што ова е единствениот заповед 00:01:34.289 --> 00:01:38.221 кој што е споменат два пати во Библијата: 00:01:38.221 --> 00:01:42.325 еднаш за неговото правење, и еднаш само за размислувањето на него. 00:01:42.349 --> 00:01:44.595 (Смеа) 00:01:44.619 --> 00:01:48.922 Па, како се помируваме со нешто кое е универзално забрането, 00:01:48.922 --> 00:01:51.367 а сепак и универзално се практикува? NOTE Paragraph 00:01:53.058 --> 00:01:58.036 Низ историјата, мажите практично имале дозвола да изневеруваат 00:01:58.036 --> 00:02:00.331 со мали последици, 00:02:00.331 --> 00:02:04.739 и биле поддржани од биолошки и еволутивни теории 00:02:04.739 --> 00:02:07.315 кои ја поддржувале нивната потреба за талкање, 00:02:07.315 --> 00:02:11.292 така што двојниот сандард е стар колку и самата прељуба. 00:02:12.403 --> 00:02:17.716 Но, кој знае што навистина се случува под чаршафите, нели? 00:02:17.920 --> 00:02:19.752 Затоа што кога станува збор за секс, 00:02:19.776 --> 00:02:23.939 мажите осеќаат притисок дека треба да се фалат и да претеруваат, 00:02:23.939 --> 00:02:28.704 а жените е да се кријат, минимизираат и одрекуваат, 00:02:28.704 --> 00:02:33.710 што и не е така изненадувачки доколку земете во предвид дека сèуште постојат девет земји во светот 00:02:33.710 --> 00:02:36.764 каде што жените можат да бидат убиени поради „скршнување“. NOTE Paragraph 00:02:37.825 --> 00:02:42.420 Моногамијата порано значеше една личност за цел живот. 00:02:42.912 --> 00:02:45.905 Денес, моногамијата значи еден по еден. 00:02:46.268 --> 00:02:48.133 (Смеа) 00:02:48.158 --> 00:02:50.023 (Аплауз) NOTE Paragraph 00:02:51.484 --> 00:02:54.300 Мислам, најверојатно многумина од вас имаат кажано, 00:02:54.300 --> 00:02:56.888 „Јас сум моногамен во сите мои врски.“ 00:02:57.460 --> 00:02:59.863 (Смеа) NOTE Paragraph 00:03:00.617 --> 00:03:02.260 Порано се венчававме, 00:03:02.260 --> 00:03:04.169 и имавме секс за прв пат. 00:03:04.614 --> 00:03:06.076 Но, сега се венчавме, 00:03:06.076 --> 00:03:08.003 и престануваме да имаме секс со други. 00:03:09.455 --> 00:03:13.677 Факт е дека моногамијата не е поврзана со љубовта. 00:03:14.332 --> 00:03:16.895 Мажите се потпирале на женската лојалност 00:03:16.919 --> 00:03:19.959 во цел да знаат чии се тие деца, 00:03:19.959 --> 00:03:22.300 и кој ги добива кравите кога ќе умрам. NOTE Paragraph 00:03:24.095 --> 00:03:26.465 Сега, секој сака да знае 00:03:26.465 --> 00:03:28.403 колкав процент од луѓето изневеруваат. 00:03:28.403 --> 00:03:31.914 Ова прашање ми го поставуваат уште откако пристигнав на конференцијава. 00:03:31.914 --> 00:03:34.236 (Смеа) 00:03:34.260 --> 00:03:35.640 Се однесува на вас. 00:03:36.466 --> 00:03:40.959 Но, дефиницијата за неверство продолжува да се проширува: 00:03:40.959 --> 00:03:46.021 „секстинг“, гледање порно, да се биде тајно активен на апликациите за состаноци. 00:03:46.332 --> 00:03:50.817 Затоа, затоа што не постои универзално прифатена дефиниција 00:03:50.817 --> 00:03:53.956 за тоа што претставува неверството, 00:03:53.956 --> 00:03:59.586 проценките варираат многу, од 26% до 75%. 00:04:00.728 --> 00:04:03.959 Но, капак на тоа, ние постојано си противречиме сами на себе. 00:04:04.173 --> 00:04:07.792 Така, 95% од нас ќе речат дека е ужасно страшно 00:04:07.792 --> 00:04:10.969 нашиот партнер да излаже за тоа дека има афера, 00:04:10.969 --> 00:04:13.190 но, речиси истиот процент од нас ќе рече 00:04:13.214 --> 00:04:16.348 дека тоа е точно она што би го направиле доколку би имале афера. 00:04:16.372 --> 00:04:18.808 (Смеа) NOTE Paragraph 00:04:19.872 --> 00:04:23.577 Мене ми се допаѓа оваа дефиниција за тоа што е афера, 00:04:23.577 --> 00:04:27.326 ги сплотува трите клучни елементи: 00:04:27.326 --> 00:04:33.032 тајна врска, која ја претставува јадрената структура на една афера; 00:04:33.032 --> 00:04:37.826 емоционална поврзаност до некој степен; 00:04:37.826 --> 00:04:39.466 и сексуална алхемија. 00:04:40.355 --> 00:04:43.337 „Алхемија“ е клучниот збор тука, 00:04:43.337 --> 00:04:50.265 Затоа што еротската возбуда е таква што, бакнежот кој само што замислувате дека го давате, 00:04:50.265 --> 00:04:53.349 може да биде толку моќен и магичен 00:04:53.349 --> 00:04:55.839 како и часови вистинско водење љубов. 00:04:57.069 --> 00:04:59.315 Како што и Марсел Пруст има кажано, 00:04:59.340 --> 00:05:04.640 „Нашата имагинација е одговорна за љубовта, не другата личност.“ NOTE Paragraph 00:05:05.902 --> 00:05:09.758 Така, никогаш не било полесно да се изневерува, 00:05:09.762 --> 00:05:13.235 и никогаш не било потешко да се чува тајна. 00:05:13.999 --> 00:05:18.459 И никогаш неверството не изнудувало толку висока психолошка цена. 00:05:19.975 --> 00:05:23.342 Кога бракот претставувал економска организација, 00:05:23.342 --> 00:05:26.308 неверството ја загрозувало нашата економска стабилност. 00:05:27.083 --> 00:05:29.959 Но, сега кога бракот претставува романтичен договор, 00:05:29.959 --> 00:05:33.779 неверството ја загрозува нашата емоционална сигурност. 00:05:33.779 --> 00:05:38.040 Иронично, порано сме посегнувале по неверство - 00:05:38.040 --> 00:05:41.269 но тоа било местото каде што сме барале чиста љубов. 00:05:41.293 --> 00:05:43.482 Но, сега, кога бараме љубов во бракот, 00:05:43.482 --> 00:05:45.142 прељубата го уништува. NOTE Paragraph 00:05:46.943 --> 00:05:51.347 Постојат три начини преку кои сметам дека неверството може да повреди денес. 00:05:53.800 --> 00:05:59.613 Ние си имаме некој романтичен идеал според кој се вртиме кон една личност 00:05:59.613 --> 00:06:02.810 да ни исполни бескрајна листа на потреби: 00:06:02.810 --> 00:06:06.410 да биде мојот најголем љубовник, мојот најдобар пријател, 00:06:06.410 --> 00:06:09.563 најдобриот партнер, да имам доверба во него, 00:06:09.563 --> 00:06:12.977 да биде мој емоционален сопатник, подеднакво интелигентен со мене. 00:06:13.625 --> 00:06:17.929 А, јас сум тоа: Јас сум одбрана, јас сум единствена, 00:06:17.929 --> 00:06:21.245 jaс сум неопходна, јас сум незаменлива, 00:06:21.245 --> 00:06:22.435 јас сум вистинската. 00:06:23.356 --> 00:06:26.514 А, неверството ми кажува дека не сум. 00:06:27.308 --> 00:06:29.197 Тоа е највисоката форма на предавство. 00:06:29.999 --> 00:06:33.125 Неверството ја распарчува големата амбиција на љубовта. 00:06:34.680 --> 00:06:39.561 Но, ако низ историјата, неверството отсекогаш било болно, 00:06:39.561 --> 00:06:41.919 тоа денес често пати е трауматично, 00:06:41.919 --> 00:06:44.990 затоа што му се заканува на нашето чувство за тоа кои сме ние. NOTE Paragraph 00:06:45.054 --> 00:06:47.823 Така, мојот пациент Фернандо - тој е очаен. 00:06:47.847 --> 00:06:50.595 Тој вели: „Мислев дека го познавам мојот живот. 00:06:50.595 --> 00:06:54.801 Мислев дека знам која си ти, кои сме ние како двојка, кој сум јас. 00:06:54.801 --> 00:06:57.022 Сега, се прашувам за сè.“ 00:06:57.632 --> 00:07:02.089 Неверство - нарушување на довербата, криза на идентитетот. 00:07:02.089 --> 00:07:05.124 „Дали некогаш ќе можам повторно да ти верувам?“, прашува тој. 00:07:05.148 --> 00:07:07.450 „Дали ќе можам повторно некому да му верувам?“ NOTE Paragraph 00:07:08.824 --> 00:07:11.905 И ова е токму тоа што мојата пациентка Хедер ми го кажува, 00:07:11.905 --> 00:07:14.532 кога ми ја раскажува нејзината приказна со Ник. 00:07:14.532 --> 00:07:15.982 Венчани, две деца. 00:07:15.982 --> 00:07:18.659 Ник само што заминал на бизнис - патување, 00:07:18.659 --> 00:07:21.930 а Хедер си игра на нејзиниот iPad со момчињата, 00:07:21.930 --> 00:07:25.127 кога гледа една порака како се појавува на екранот: 00:07:25.127 --> 00:07:27.395 „Едвај чекам да те видам.“ 00:07:27.625 --> 00:07:30.054 Чудно, си вели, само што се видовме. 00:07:30.863 --> 00:07:32.379 И потоа, уште една порака: 00:07:32.903 --> 00:07:35.140 „Едвај чекам да те држам в прегратки.“ 00:07:35.999 --> 00:07:38.243 И Хедер сфаќа дека 00:07:38.243 --> 00:07:39.611 тие не се за неа. 00:07:40.435 --> 00:07:43.808 Таа исто така, ми кажува дека и нејзиниот татко имал афери, 00:07:43.812 --> 00:07:47.753 и нејзината мајка - таа наоѓала по некоја сметка во џеповите, 00:07:47.777 --> 00:07:49.935 по малку кармин на јаката. 00:07:51.221 --> 00:07:54.610 Хедер започнува да копа, 00:07:54.610 --> 00:07:57.673 и наоѓа стотици пораки, 00:07:57.673 --> 00:08:01.086 и разменети фотографии и искажани страсти. 00:08:01.420 --> 00:08:04.118 Живописни детали од двегодишната афера на Ник 00:08:04.118 --> 00:08:07.300 се распостилаат пред неа во реално време. 00:08:07.559 --> 00:08:09.272 И, тоа ме натера да помислам: 00:08:09.272 --> 00:08:14.318 Аферите во дигиталната ера се смрт од илјадници посекотини. NOTE Paragraph 00:08:15.854 --> 00:08:19.113 Но, потоа имаме уште еден парадокс со кој се соочуваме овие денови. 00:08:19.113 --> 00:08:21.417 Поради овој романтичен идеал, 00:08:21.417 --> 00:08:26.475 ние се потпираме на верноста на нашиот партнер со преголема жестокост. 00:08:26.999 --> 00:08:30.544 Но, исто така, никогаш не сме биле посклони кон „застранување“, 00:08:30.544 --> 00:08:33.255 и не поради тоа што ние имаме нови желби денес, 00:08:33.255 --> 00:08:35.001 туку, затоа што живееме во ера 00:08:35.001 --> 00:08:38.682 во која веруваме дека имаме право да ги следиме нашите желби, 00:08:38.682 --> 00:08:42.138 затоа што ова е културата во која јас заслужувам да бидам среќна. 00:08:43.268 --> 00:08:47.031 И, доколку порано се разведувавме затоа што не бевме среќни, 00:08:47.035 --> 00:08:50.104 денес се разведуваме затоа што би можеле да бидеме посреќни. 00:08:51.562 --> 00:08:54.847 И доколку разводот го носеше целиот срам, 00:08:54.847 --> 00:08:58.738 денес, одбирањето да се остане кога може да се замине 00:08:58.738 --> 00:09:00.102 е новиот срам. 00:09:00.257 --> 00:09:03.168 Така Хедер - таа не може да зборува со нејзините пријателки 00:09:03.168 --> 00:09:06.429 затоа што се плаши дека тие ќе ја осудуваат што сèуште го сака Ник, 00:09:06.429 --> 00:09:09.977 и каде и да се сврти, го добива истиот совет: 00:09:09.977 --> 00:09:12.602 Остави го. Фрли го кучето на улица. 00:09:13.744 --> 00:09:18.737 И ако беше обратно, Ник ќе се најдеше во истата ситуација. 00:09:19.070 --> 00:09:21.364 Останувањето е новиот срам. NOTE Paragraph 00:09:23.395 --> 00:09:26.359 Па, ако можеме да се разведеме, 00:09:26.359 --> 00:09:28.455 тогаш зошто сèуште имаме афери? 00:09:29.999 --> 00:09:34.563 Типичната претпоставка е дека ако некој изневерува, 00:09:34.563 --> 00:09:38.408 тогаш или нешто не е во ред со вашата врска или со Вас. 00:09:39.440 --> 00:09:42.686 Но, милиони луѓе не можат да бидат патолошки болни. 00:09:44.383 --> 00:09:48.291 Логиката оди вака: Ако имаш сè што ти треба дома, 00:09:48.291 --> 00:09:51.715 тогаш нема потреба да бараш на друго место, 00:09:51.715 --> 00:09:55.182 под претпоставка дека постои такво нешто како совршен брак, 00:09:55.187 --> 00:09:58.038 кој ќе нè заштити од желбата за „застранување“. 00:09:59.165 --> 00:10:02.499 Но, што ако страста има ограничен рок на траење? 00:10:03.624 --> 00:10:07.338 Што ако постои нешто кое дури ни добрите врски 00:10:07.338 --> 00:10:09.363 никогаш не можат да го обезбедат? 00:10:10.187 --> 00:10:13.202 Ако и среќните луѓе изневеруваат, 00:10:13.202 --> 00:10:14.798 зошто го прават тоа? NOTE Paragraph 00:10:16.765 --> 00:10:19.641 Поголемиот дел од луѓето со кои работам 00:10:19.641 --> 00:10:22.425 не се воопшто хронични љубовџии. 00:10:22.429 --> 00:10:26.475 Често пати, тоа се луѓе кои се длабоко моногамни во своите верувања, 00:10:26.475 --> 00:10:28.048 или барем за својот партнер. 00:10:28.865 --> 00:10:31.501 Но, се наоѓаат себе си во конфликт 00:10:31.501 --> 00:10:34.540 помеѓу нивните вредности и нивното однесување. 00:10:35.572 --> 00:10:39.935 Често пати, тоа се луѓе кои всушност биле верни со децении, 00:10:39.935 --> 00:10:42.574 но еден ден ја поминуваат линијата 00:10:42.574 --> 00:10:45.047 која никогаш не верувале дека ќе ја поминат, 00:10:45.047 --> 00:10:47.794 и се ставаат во ризик да изгубат сè. 00:10:48.730 --> 00:10:50.635 Но, за искра од што? 00:10:51.969 --> 00:10:54.609 Аферите претставуваат чин на предавство, 00:10:54.609 --> 00:10:57.705 и исто така се и израз на копнеж и загуба. 00:10:58.610 --> 00:11:02.528 Во срцето на аферата, често пати ќе најдете 00:11:02.528 --> 00:11:06.789 копнеж и желба за емоционална поврзаност, 00:11:06.789 --> 00:11:12.559 за нешто ново, за слобода, за автономија, за сексуален интензитет, 00:11:12.559 --> 00:11:16.226 желба за повторно присвојување на изгубените делови од себе си, 00:11:16.226 --> 00:11:21.540 или обид да се поврати виталноста во лицето на загубата и трагедијата. NOTE Paragraph 00:11:22.849 --> 00:11:25.766 Размислувам за уште една моја пациентка, Прија, 00:11:25.766 --> 00:11:28.382 која е среќно омажена, 00:11:28.382 --> 00:11:29.847 си го сака сопругот, 00:11:29.847 --> 00:11:32.230 и никогаш не би сакала да го повреди човекот. 00:11:32.713 --> 00:11:34.831 Но, таа исто така ми кажува 00:11:34.831 --> 00:11:38.005 дека секогаш го правела тоа што се очекувало од неа: 00:11:38.005 --> 00:11:41.685 добро девојче, добра сопруга, добра мајка, 00:11:41.685 --> 00:11:44.677 се грижи за нејзините родители-имигранти. 00:11:44.677 --> 00:11:49.189 Прија, таа „падна“ на арбористот кој го отстранил дрвото од нејзиниот двор 00:11:49.214 --> 00:11:50.675 по ураганот „Сенди“. 00:11:51.524 --> 00:11:56.087 А тој, со неговите тетоважи и камион - тој е целосна спротивност на неа. 00:11:57.547 --> 00:12:02.769 Но, на 47, аферата на Прија е за тинејџерството кое никогаш го немала. 00:12:03.753 --> 00:12:09.030 Нејзината приказна истакнува дека кога го бараме погледот на другиот, 00:12:09.030 --> 00:12:13.748 не секогаш тоа значи дека се оддалечуваме од нашиот партнер, 00:12:13.748 --> 00:12:16.585 туку од личноста во која ние самите се имаме претворено. 00:12:17.728 --> 00:12:21.274 И не е толку во тоа што ние бараме во другата личност, 00:12:21.274 --> 00:12:24.816 колку што го бараме нашето друго јас. NOTE Paragraph 00:12:27.045 --> 00:12:28.602 Насекаде во светот 00:12:28.602 --> 00:12:32.458 потои еден збор кој луѓето кои имаат афери ми го кажуваат. 00:12:33.030 --> 00:12:34.911 Се чувствуваат живи. 00:12:36.046 --> 00:12:40.286 И тие често ќе ми раскажат приказни за неодамнешна загуба, 00:12:40.286 --> 00:12:42.141 за родител кој починал, 00:12:42.141 --> 00:12:44.341 и пријател кој отишол премногу рано, 00:12:44.341 --> 00:12:46.141 и за лоши вести од докторот. 00:12:47.482 --> 00:12:52.138 Смртта и смртноста често пати живеат во сенката на една афера, 00:12:52.138 --> 00:12:54.608 затоа што тие ги поставуваат овие прашања. 00:12:54.632 --> 00:12:57.536 Дали ова е тоа? Постои ли нешто повеќе? 00:12:57.901 --> 00:13:00.957 Дали вака ќе продолжам уште 25 години? 00:13:01.870 --> 00:13:04.362 Дали некогаш повторно ќе го почувствувам тоа? 00:13:06.377 --> 00:13:10.788 И тоа ме наведе да помислам дека можеби овие прашања 00:13:10.788 --> 00:13:13.947 се тие кои ги тераат луѓето да ја поминат таа линија, 00:13:13.947 --> 00:13:17.939 и дека некои афери се само обид за заглушување на мртвилото, 00:13:17.939 --> 00:13:19.735 како против-мерка на смртта. NOTE Paragraph 00:13:21.999 --> 00:13:24.867 И наспроти она што можеби го мислите, 00:13:24.867 --> 00:13:29.903 аферите помалку се случуваат поради секс, а повеќе поради желба: 00:13:29.903 --> 00:13:33.392 желба за внимание, желба да се чувствувате посебно, 00:13:33.392 --> 00:13:35.308 желба да се чувствувате важни. 00:13:35.847 --> 00:13:38.447 И самата структура на аферата, 00:13:38.447 --> 00:13:41.499 фактот дека никогаш нема да можете да го имате својот љубовник, 00:13:41.503 --> 00:13:42.938 ве тера да сакате. 00:13:42.938 --> 00:13:45.959 Тоа само по себе е машина за желби, 00:13:45.959 --> 00:13:48.747 затоа што нецелосноста, двосмисленоста, 00:13:48.747 --> 00:13:51.522 ве тера да го сакате тоа кое не можете да го имате. NOTE Paragraph 00:13:53.121 --> 00:13:55.177 Сега, некои од вас најверојатно си мислат 00:13:55.177 --> 00:13:58.807 дека аферите не се случуваат во отворените врски, 00:13:58.807 --> 00:13:59.998 но, се случуваат. 00:14:00.432 --> 00:14:03.562 Најпрво, муабетот за моногамијата не е ист 00:14:03.562 --> 00:14:05.743 како муабетот за неверството. 00:14:06.468 --> 00:14:09.959 Но, факт е дека се чини оти и тогаш кога ние ја имаме 00:14:09.959 --> 00:14:12.632 слободата да имаме други сексуални партнери, 00:14:12.632 --> 00:14:16.720 ние сèуште сме намамени од моќта на забранетото, 00:14:16.720 --> 00:14:20.207 дека ако го правиме тоа кое не би требало да го правиме, 00:14:20.207 --> 00:14:23.316 тогаш чувствуваме дека навистина го правиме тоа кое го сакаме. 00:14:25.331 --> 00:14:28.935 И, исто така, им имам кажано некои работи на некои мои пациенти: 00:14:28.935 --> 00:14:33.536 дека, ако во нивните односи можат да донесат 00:14:33.536 --> 00:14:37.167 една десеттина од храброста, имагинацијата и еланот 00:14:37.167 --> 00:14:38.879 кои ги внесуваат во нивните афери, 00:14:38.879 --> 00:14:41.484 тие најверојатно никогаш не би морале да ме посетат. 00:14:41.484 --> 00:14:43.148 (Смеа) NOTE Paragraph 00:14:44.362 --> 00:14:46.647 Па, како заздравуваме од афера? 00:14:48.428 --> 00:14:50.347 Желбата извира подлабоко. 00:14:50.371 --> 00:14:52.242 Предавството остава длабоки траги. 00:14:53.266 --> 00:14:54.821 Но, може да биде излечено. 00:14:55.999 --> 00:14:58.920 И, некои афери претставуваат камбана на смртта 00:14:58.944 --> 00:15:01.682 за врски кои веќе малку по малку умираат. 00:15:02.753 --> 00:15:05.769 Но, некои други ќе нè вивнат во нови можности. 00:15:05.953 --> 00:15:07.936 Факт е дека поголемиот дел од двојките 00:15:07.936 --> 00:15:10.150 кои искусиле афери - останале заедно. 00:15:10.766 --> 00:15:13.399 Но, некои од нив едвај ќе преживеат, 00:15:13.399 --> 00:15:18.103 а некои дури и ќе можат да ја претворат кризата во можност. 00:15:18.817 --> 00:15:22.460 Тие ќе можат да го претворат ова во корисно искуство. 00:15:22.484 --> 00:15:26.198 И, всушност мислам и дека тоа повеќе е така за измамениот партнер, 00:15:26.222 --> 00:15:27.558 кој често вели: 00:15:27.558 --> 00:15:29.365 „Ти мислиш дека јас не сакав повеќе? 00:15:29.365 --> 00:15:31.697 Но, јас не сум тој/таа што го направи тоа.“ 00:15:31.968 --> 00:15:34.110 Но, сега кога аферата е откриена, 00:15:34.110 --> 00:15:36.374 и тие, исто така, имаат право да бараат повеќе, 00:15:36.374 --> 00:15:38.886 и не мораат повеќе да го задржуваат статусот кво, 00:15:38.886 --> 00:15:41.800 кој и онака не би им бил од корист. NOTE Paragraph 00:15:44.221 --> 00:15:47.110 Забележав дека многу двојки, 00:15:47.110 --> 00:15:49.251 во самата разрешница на аферата, 00:15:49.251 --> 00:15:53.587 поради ова ново безредие кое всушност може да доведе до нов ред, 00:15:53.587 --> 00:15:57.169 се случуваат многу длабоки, искрени и отворени разговори 00:15:57.169 --> 00:15:58.824 какви што немале со децении. 00:15:59.743 --> 00:16:02.680 И, партнерите кои биле сексуално незаинтересирани 00:16:02.680 --> 00:16:05.279 одненадеж стануваат страствено незаситни, 00:16:05.279 --> 00:16:07.814 што не ни знаат од каде доаѓа сето тоа. 00:16:08.568 --> 00:16:12.521 Нешто од стравот од загуба ќе ја разгори желбата, 00:16:12.521 --> 00:16:15.840 и ќе направи пат за целосно нов вид вистина. NOTE Paragraph 00:16:18.133 --> 00:16:21.004 Па, кога ќе се открие некоја афера, 00:16:21.004 --> 00:16:24.165 што поспецифично можат да направат двојките? 00:16:26.133 --> 00:16:30.204 Од траумата знаеме дека излекувањето започнува 00:16:30.204 --> 00:16:34.196 кога злосторникот ја признава својата вина. 00:16:35.339 --> 00:16:39.050 Така, за партнерот кој имал афера, 00:16:39.050 --> 00:16:40.582 за Ник, 00:16:40.582 --> 00:16:42.387 една работа е да ја заврши аферата, 00:16:42.387 --> 00:16:47.109 но, останатото е есенцијалниот, важен акт на изразување 00:16:47.109 --> 00:16:50.315 вина и каење за тоа што ја повредил сопругата. 00:16:50.889 --> 00:16:52.264 Но, вистината е 00:16:52.264 --> 00:16:55.285 дека имам забележано дека голем број од луѓето кои имаат афери 00:16:55.285 --> 00:16:59.373 може да се чувствуваат ужасно виновно поради тоа што го повредиле својот партнер, 00:16:59.373 --> 00:17:02.596 но, не се чувствуваат виновно поради искусувањето на самата афера. 00:17:02.596 --> 00:17:04.166 И, таа разлика е важна. 00:17:05.230 --> 00:17:08.856 А, Ник - тој треба да биде претпазлив во врската. 00:17:08.903 --> 00:17:12.326 Тој, барем некое време, треба да стане заштитник на ограничувањата. 00:17:12.326 --> 00:17:14.949 Одговорноста е негова за да ја издигне, 00:17:14.949 --> 00:17:16.929 затоа што, ако размисли, 00:17:16.929 --> 00:17:19.939 тој може да ја ослободи Хедер од опсесијата, 00:17:19.939 --> 00:17:23.149 и од тоа да се осигура дека аферата не е заборавена, 00:17:23.149 --> 00:17:26.332 и дека во неа започнува да положува доверба. NOTE Paragraph 00:17:27.570 --> 00:17:29.429 Но, за Хедер, 00:17:29.429 --> 00:17:31.174 или за измамените партнери, 00:17:31.174 --> 00:17:36.512 најосновно е да прават работи кои ќе им ја вратат смислата за вредност сами кон себе, 00:17:36.512 --> 00:17:40.245 да се опкружат со љубов, и пријатели и активности 00:17:40.249 --> 00:17:43.652 кои носат радост, и значење и идентитет. 00:17:43.936 --> 00:17:45.869 Но, што е уште поважно, 00:17:45.869 --> 00:17:50.772 е да ја потиснат љубопитноста за „копање“ непријатни детали: 00:17:50.772 --> 00:17:52.969 Каде беше? Каде го правевте тоа? 00:17:52.969 --> 00:17:55.991 Колку често? Дали е таа подобра од мене во кревет? 00:17:55.991 --> 00:17:58.475 - Прашања кои нанесуваат само уште повеќе болка, 00:17:58.475 --> 00:17:59.959 и кои ве држат будни ноќе. 00:18:00.674 --> 00:18:05.350 И наместо да се осврнат кон она што јас го нарекувам „истражувачки прашања“, 00:18:05.350 --> 00:18:08.650 тие кои „копаат“ по мотивите и значењето: 00:18:08.654 --> 00:18:11.127 Што ти значеше оваа афера? 00:18:11.127 --> 00:18:13.899 Дали можеше да го изразиш, или да го искусиш таму 00:18:13.899 --> 00:18:16.254 тоа што повеќе не можеше да го направиш со мене? 00:18:16.254 --> 00:18:19.186 Како ти беше кога доаѓаше дома? 00:18:19.186 --> 00:18:22.585 Што е она кое го цениш кај нас? 00:18:22.585 --> 00:18:24.737 Мило ти е што ова заврши? NOTE Paragraph 00:18:26.404 --> 00:18:30.725 Секоја афера ќе ѝ даде нова дефиниција на врската, 00:18:30.725 --> 00:18:33.607 и секоја двојка ќе одлучи кое ќе биде 00:18:33.607 --> 00:18:36.142 наследството добиено од самата афера. 00:18:37.649 --> 00:18:41.411 Но, аферите се тука за да останат, и не си одат никаде. 00:18:42.316 --> 00:18:44.959 И дилемите за љубовта и страста, 00:18:44.959 --> 00:18:50.929 тие не носат едноставни одговори на црно-бело, добро-лошо, 00:18:50.929 --> 00:18:52.903 и на жртва и злосторник. 00:18:54.221 --> 00:18:57.636 Предавството во врските доаѓа во многу облици. 00:18:57.636 --> 00:19:00.650 Постојат многу начини на кои можеме да го предадеме партнерот: 00:19:00.650 --> 00:19:02.819 со потценување, со запоставување, 00:19:02.819 --> 00:19:05.292 со незаинтересираност, со насилство. 00:19:05.999 --> 00:19:09.437 Сексуалното предавство е само еден од начините да се повреди партнерот. 00:19:09.437 --> 00:19:12.041 Со други зборови, жртвата на една афера 00:19:12.041 --> 00:19:14.983 не секогаш е жртвата во бракот. NOTE Paragraph 00:19:17.840 --> 00:19:20.048 Сега, ме ислушавте, 00:19:20.048 --> 00:19:22.423 и знам дека си мислите: 00:19:22.423 --> 00:19:26.197 Таа има француски нагласок, мора да е "ЗА" афери. 00:19:26.697 --> 00:19:29.999 (Смеа) 00:19:31.761 --> 00:19:33.265 Па, грешите. 00:19:33.619 --> 00:19:35.174 Не сум Французинка. 00:19:35.666 --> 00:19:38.119 (Смеа) 00:19:38.143 --> 00:19:41.023 (Аплауз) 00:19:41.602 --> 00:19:43.269 И не сум за афери. 00:19:44.674 --> 00:19:49.058 Но, затоа што сметам дека може да произлезе некое добро од една афера, 00:19:49.058 --> 00:19:52.389 често пати ми го поставуваат ова чудно прашање: 00:19:52.413 --> 00:19:54.150 Дали некогаш би ја препорачала? 00:19:55.514 --> 00:19:58.505 Не би препорачала на некому да има афера повеќе 00:19:58.505 --> 00:20:01.049 отколку да препорачам некому да има рак, 00:20:01.049 --> 00:20:03.752 па сепак, знаеме дека луѓето кои биле болни 00:20:03.752 --> 00:20:08.550 често пати зборуваат за тоа како нивната болест придонела да добијат нов поглед на нештата. 00:20:08.569 --> 00:20:11.906 Најчестото прашање кое ми го поставуваат откако пристигнав на конференцијава, 00:20:11.906 --> 00:20:15.417 и кога кажав дека ќе зборувам за изневерувањето, е: за или против? 00:20:16.488 --> 00:20:17.749 Ја велам, „Да.“ 00:20:18.162 --> 00:20:20.583 (Смеа) NOTE Paragraph 00:20:21.868 --> 00:20:25.505 Гледам на аферите од две перспективи: 00:20:25.505 --> 00:20:29.153 повредување и предавство од една страна, 00:20:29.153 --> 00:20:32.509 созревање и себе-откривање од друга -- 00:20:32.509 --> 00:20:35.605 што ти направи тебе и што значеше тоа за мене. 00:20:36.621 --> 00:20:41.289 Така, кога некоја двојка доаѓа кај мене во разрешницата од една афера 00:20:41.289 --> 00:20:43.092 која што е откриена, 00:20:43.092 --> 00:20:45.420 јас често пати им го кажувам следното: 00:20:45.420 --> 00:20:47.825 Денес, на Западот, 00:20:47.825 --> 00:20:52.704 повеќето од нас ќе имааат две или три врски, 00:20:52.704 --> 00:20:54.403 или бракови, 00:20:54.403 --> 00:20:57.538 а, некои од нас ќе го направат тоа со истата личност. 00:20:58.666 --> 00:21:00.911 Вашиот прв брак е завршен. 00:21:01.633 --> 00:21:04.474 Дали би сакале да создадете втор брак заедно? NOTE Paragraph 00:21:05.164 --> 00:21:06.595 Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:21:06.619 --> 00:21:13.253 (Аплауз)