Стивен Пинкер за митот за насилството
-
0:00 - 0:04Ваквите слики, од концентрациониот логор Аушвиц,
-
0:04 - 0:09се врежаа во нашата свест во текот на 20от век
-
0:09 - 0:14и ни дадоа нов увид во тоа кои сме,
-
0:14 - 0:17од каде сме дојдени и во какви времиња живееме.
-
0:17 - 0:21Во текот на 20от век, бевме сведоци на ѕверствата
-
0:21 - 0:26на Сталин, Хитлер, Мао, Пол Пот, Руанда и други геноциди,
-
0:26 - 0:30и иако 21от век наполни само седум години,
-
0:30 - 0:34веќе сме сведоци на тековниот геноцид во Дарфур
-
0:34 - 0:36и секојдневните ужаси во Ирак.
-
0:37 - 0:40Ова не доведува до заедничко разбирање на нашата состојба,
-
0:40 - 0:44имено: дека модерниот живот ни има донесено ужасно насилство, и можеби
-
0:44 - 0:47дека нашите предци живееле во состојба на хармонија која сме ја напуштиле на наша штета.
-
0:47 - 0:52Еве еден пример
-
0:52 - 0:55од колумна за Денот на благодарноста од весникот Бостон глоуб
-
0:55 - 0:58од пред неколку години, каде што авторот вели, „Индијанскиот начин на живот
-
0:59 - 1:02бил тежок, но не постоеле проблеми со вработувањето,
-
1:02 - 1:04хармонијата во заедницата била силна, злоупотребата на супстанции непозната,
-
1:05 - 1:08криминалот практично непостоечки, ретките борби меѓу племињата
-
1:09 - 1:12биле главно ритуални и ретко доведувале до големи
-
1:12 - 1:16крвопролевања.“ Сите ја знаеме оваа шеќерна водичка.
-
1:17 - 1:20Така ги учиме нашите деца; слушаме на телевизија
-
1:20 - 1:25и во приказните. Бидејќи темата на оваа сесија
-
1:25 - 1:28е, „Сè што знаете е неточно“, ќе ви претставам докази
-
1:28 - 1:31дека овој конкретен дел од нашето заедничко сфаќање е погрешно:
-
1:31 - 1:35дека фактички нашите предци били многу понасилни од нас,
-
1:35 - 1:38дека насилството ебило во опаѓање веќе подолг временски период,
-
1:39 - 1:42и дека денес веројатно живееме во најмирниот период од постоењето на нашиот вид.
-
1:42 - 1:46Сега, во деценијата на Дарфур и Ирак,
-
1:47 - 1:50ваквата изјава би можела да се смета за некаде меѓу халуцинаторна
-
1:50 - 1:53и опсцена. Но ќе се обидам да ве убедам
-
1:53 - 1:59дека тоа и точната слика. Намалувањето на насилството
-
1:59 - 2:02е фрактален феномен. Се забележува во текот на милениумите,
-
2:02 - 2:05вековите, децениите и годините,
-
2:06 - 2:08иако се чини дека главната пресвртница е со почетокот
-
2:08 - 2:12на Рационализмот во 16от век. Ова се забележува
-
2:12 - 2:15ширум светот, иако невоедначено.
-
2:16 - 2:18Ова е особено се забележува на Западот, започнувајќи со Англија
-
2:19 - 2:21и Холандија за време на Просветлувањето.
-
2:22 - 2:25Дозволете да ве поведам на патување од неколку степени на 10 --
-
2:26 - 2:28од размерот на милениум до размерот на година --
-
2:28 - 2:32да се обидам да ве убедам во ова. До пред 10,.000 години, сите луѓе
-
2:32 - 2:35живееле како ловци и собирачи, без постојани населби
-
2:35 - 2:38или влада. Ова е состојба што обично се смета
-
2:38 - 2:43за исконска хармонија. Но археологот
-
2:44 - 2:48Лоренс Кили, анализирајќи ги стапките на смртност
-
2:48 - 2:51кај денешните ловци-собирачи -- нашиот најдобар извор
-
2:52 - 2:58на информации за ваквиот начин на живот -- води кон сосем поинаков заклучок.
-
2:58 - 3:00Еве еден негов график на кој што
-
3:00 - 3:03се гледа процентот на смртност кај мажите како резултат од борба
-
3:03 - 3:07во поголем број вакви општества.
-
3:08 - 3:14Црвените столбови соодветствуваат на веројатноста дека некој маж ќе биде убиен
-
3:14 - 3:17од некој друг маж, наместо да умре од природна
-
3:17 - 3:21смрт, во поголем број собирачки општества
-
3:21 - 3:24во висорамнините на Нова Гвинеја и амазонската џунгла.
-
3:25 - 3:28Тие се движат од стапка од скоро 60 проценти веројатност дека еден маж ќе загине
-
3:28 - 3:31убиен од друг маж, до, во случајот со Гебуси,
-
3:32 - 3:36само 15 проценти веројатност. Малиот син столб во долниот
-
3:36 - 3:39лев агол ја прикажува истата статистика од САД
-
3:40 - 3:44и Европа во 20от век, и ги вклучува сите смртни случаи
-
3:44 - 3:49во обете светски војни. Доколку стапката на смртност во племенските војни се задржала
-
3:49 - 3:55во текот на 20от век, би станало збор за две милијарди смртни случаи, наместо 100 милиони.
-
3:55 - 3:58Исто така, на размерот на милениум, можеме да го погледнеме
-
3:58 - 4:03начинот на живот на раните цивилизации како оние опишани
-
4:03 - 4:08во Библијата. Во овој наводен извор за морални вредности
-
4:08 - 4:12можеме да прочитаме што можело да се очекува во војна,
-
4:12 - 4:15како на пример следново од Броеви 31: „И тие војуваа
-
4:15 - 4:18продив Мидианитите кога Бог му нареди на Мојсие,
-
4:18 - 4:21и тие ги убија сите мажи. И Мојсие им рече,
-
4:21 - 4:25„Дали ги спасивте сите жени живи? Сега, затоа, убијте ги сите
-
4:25 - 4:28машки деца и убијте ја секоја жена што познала маж
-
4:28 - 4:32со тоа што спиела со него, но сите женски деца што не познале маж
-
4:32 - 4:35со тоа што спиеле со него, зачувајте ги за вас.“ Со други зборови,
-
4:35 - 4:40убијте ги мажите, убијте ги децата, ако видите девици
-
4:40 - 4:42тогаш може да ги оставите живи, за да можете да ги силувате.
-
4:43 - 4:47Во Библијата има четири или пет вакви пасуси.
-
4:47 - 4:50Исто така, во Библијата забележуваме дека смртната казна
-
4:50 - 4:55била вообичаената мерка за кривични дела како што се хомосексуалноста,
-
4:55 - 4:59неверството, богохулието, идолизирањето, пререкувањето на родителите --
-
4:59 - 5:03(Смеење) -- и собирање прачки во сабота.
-
5:03 - 5:06Добро, да се спуштиме сега долу
-
5:06 - 5:09за еден ред величини и да погледнеме на размер на век.
-
5:09 - 5:13Иако немаме статистика за војните од
-
5:14 - 5:15Средниот век до современието,
-
5:15 - 5:18од конвенционалната историја знаеме -- доказите
-
5:18 - 5:22ни се пред нос дека има намалување
-
5:22 - 5:25во општествено прифатливите облици на насилство.
-
5:25 - 5:29На пример, знаеме дека сакатењето и мачењето
-
5:29 - 5:32како вообичаени облици на казнување на криминалците. За прекршоци за
-
5:32 - 5:36кои денес следи мала парична казна, во тогашно време би биле казнети
-
5:36 - 5:40со отсекување на јазикот, сечење уши, ослепување,
-
5:40 - 5:42отсекување рака, и така натаму.
-
5:42 - 5:46Постоеле голем број инвентивни облици на садистички смртни казни:
-
5:47 - 5:49горење на живи луѓе, вадење на цревата, извлекување на тркало,
-
5:50 - 5:52расчеречување со коњи, и така натаму.
-
5:53 - 5:57Смртната казна била санкција за голем број ненасилни дела:
-
5:57 - 6:01критикување на кралот, крадење векна леб. Ропството, се разбира,
-
6:02 - 6:05било претпочитаното средство за заштеда на труд, а свирепоста
-
6:06 - 6:09била популарна разонода. Можеби најживописен пример
-
6:09 - 6:12била практиката на горење мачки, при која мачката била
-
6:12 - 6:15носена на бина и врзана била спуштана во оган,
-
6:15 - 6:20при што публиката се смеела и кикотела, додека мачката, завивајќи од болка
-
6:21 - 6:23горела жива.
-
6:23 - 6:26Што е со обичните убиствата? Па, за тоа имаме добри статистики,
-
6:26 - 6:32бидејќи голем број општини ја заведувале причината за смртта.
-
6:32 - 6:36Криминологот Мануел Ејзнер
-
6:37 - 6:39ги има истражувано историските податоци ширум Европа
-
6:39 - 6:44за стапките на убиства во секое село, град и општина
-
6:44 - 6:46за кои што можел да најде податоци, а истите ги дополнил
-
6:46 - 6:49со национални податоци од времето кога државите започнале со водење статистика.
-
6:50 - 6:57Нив ги нанесол на логаритамски график, од 100 смртни случаи
-
6:57 - 7:03на 100,000 луѓе годишно, што е приближната стапка на
-
7:03 - 7:08убиства во Средниот век. Оваа бројка паѓа на помалку од
-
7:08 - 7:12едно убиство на 100.,000 луѓе годишно
-
7:13 - 7:17во седум или осум европски земји. Потоа има мало покачување
-
7:17 - 7:21во 1960те. Луѓето што тврдеа дека рокенролот ќе доведе
-
7:21 - 7:24до опаѓање на моралните вредности всушност имале право до некаде.
-
7:25 - 7:28Но, станува збор за намалување од скоро два реда величини
-
7:29 - 7:31во бројот на убиства од Средниот век до денес,
-
7:32 - 7:35а до клучна пресвртница доаѓа во раниот 16ти век.
-
7:37 - 7:39Да го погледнеме сега размерот на децении.
-
7:39 - 7:41Според невладините организации
-
7:42 - 7:46што водат ваква статистика, од 1945 година во Европа и Америка
-
7:46 - 7:49се бележи драстично намалување на бројот на војни меѓу државите,
-
7:50 - 7:54на смртоносните етнички судири или погроми, како и на воените удари
-
7:54 - 7:58дури и во Јужна Америка. Ширум светот, се забележува драстично опаѓање
-
7:58 - 8:03на бројот на жртви во војните меѓу државите. Жолтите столбови овде го прикажуваат бројот
-
8:04 - 8:08на смртни случаи по војна од 1950 година наваму.
-
8:09 - 8:13Како што можете да видите, бројот на жртви опаѓа од 65.000 жртви
-
8:13 - 8:17по конфликт по година во 1950те, до помалку од 2.000 смртни
-
8:17 - 8:21случаи по конфликт по година во текот на оваа деценија, колку и да е таа ужасна.
-
8:21 - 8:24Дури и на размер на година може да се забележи намалување на насилството.
-
8:25 - 8:28Од крајот на Студената војна избувнале помалку граѓански војни,
-
8:28 - 8:34помалку геноциди -- навистина, намалување од 90 проценти од највисоките вредности од повоенитениот период --
-
8:34 - 8:40па дури и тренд спротивен на зголемувањето во убиствата и насилниот криминал од 1960те.
-
8:40 - 8:44Овие податоци се од Воедначената статистика за криминалот на ФБИ: можете да забележите
-
8:44 - 8:47дека има прилично ниска стапка на насилство во '50те и '60те
-
8:48 - 8:52потоа таа остварува голем подем во наредните децении, за да започне
-
8:52 - 8:56со оштар пад, почнувајќи во 1990те, враќајќи се
-
8:56 - 9:00скоро на нивото од 1960 година.
-
9:00 - 9:02Претседателе Клинтон, доколку сте овде, ви благодарам.
-
9:02 - 9:04(Смеа)
-
9:04 - 9:07Затоа, моето прашање е: зошто толку многу луѓе грешат
-
9:07 - 9:11за нешто олку важно? Мислам дека постојат повеќе причини.
-
9:11 - 9:14Една од нив е дека имаме подобро известување: „Асошиејтид прес
-
9:14 - 9:18подобро ги евидентира војните ширум Земјата
-
9:18 - 9:22отколку што тоа го правеле монасите од 16 век.“
-
9:22 - 9:27Нам, когнитивните психолози, позната ни е следнава когнитивната илузија: колку ни е полесно
-
9:27 - 9:30да се сетиме за конкретен пример за нешто,
-
9:30 - 9:33толку поголема веројатност му припишуваме.
-
9:33 - 9:36Сликите од крвавите настани за кои што читаме во весниците
-
9:37 - 9:41ни се врежуваат во сеќавањето повеќе отколку вестите за многу повеќе луѓе што умираат
-
9:41 - 9:46од старост во својот кревет. Во пазарот на јавното мислење
-
9:47 - 9:52постои правило: никој никогаш не привлекол публика, поборници
-
9:52 - 9:53или донатори велејќи
-
9:54 - 9:56„се чини дека работите одат на подобро и подобро.“
-
9:56 - 9:57(Смеа)
-
9:57 - 9:59во современиот интелектуален живот чувствуваме вина заради начинот на кој
-
10:00 - 10:03сме ги третирале домородците, која не ни дозволува да признаеме
-
10:03 - 10:05дека западната култура има било какви доблести.
-
10:06 - 10:10Исто така, се разбира, нашите промени во стандардите можат да ги претекнат промените
-
10:11 - 10:13во однесувањето. Една од причините за намалувањето на насилството
-
10:14 - 10:17е тоа што на луѓето им се има смачено крвопролевањето и свирепоста во нивното време.
-
10:17 - 10:20Тоа е процес што се чини дека продолжува,
-
10:20 - 10:24но доколку го претекне однесувањето според стандардите на денешницата,
-
10:24 - 10:27работите тогаш изгледаат поварварски отколку што би биле
-
10:27 - 10:31според историски стандарди. Затоа денес, се вознемируваме -- и тоа со право --
-
10:31 - 10:37доколку над неколку убијци се изведе смртна казна
-
10:37 - 10:41во Тексас по истекот на 15 годишен апелациски процес. Ние не земаме предвид
-
10:42 - 10:45дека пред неколку стотици години тие би биле живи изгорени
-
10:45 - 10:48заради критика на кралот, по судење
-
10:48 - 10:51што траело 10 минути -- и навистина, дека тоа би се повторувало
-
10:51 - 10:55одново и наново. Денес смртната казна ја сметаме
-
10:56 - 10:59за доказ за тоа колку ниско може да падне нашето однесување,
-
10:59 - 11:01наместо за тоа колку сме ги кренале нашите стандарди.
-
11:03 - 11:06Добро, зошто се намалило насилството? Никој не знае навистина,
-
11:06 - 11:10но имам сретнато четири објаснувања кои што помагаат
-
11:11 - 11:14во разбирањето. Првото е: можеби
-
11:14 - 11:17Томас Хобс бил во право. Тој има речено дека
-
11:17 - 11:22животот во природата бил „самечки, сиромашен, гаден, животински
-
11:22 - 11:26и кус.“ Не затоа што, тврди тој,
-
11:26 - 11:29луѓето имаат некоја исконска жед за крв,
-
11:29 - 11:32или агресивни инстинкти или територијален императив,
-
11:33 - 11:36туку заради логикта на анархија. При анархија
-
11:36 - 11:40луѓето се под притисок да го нападнат својот сосед,
-
11:40 - 11:43пред тој да ги нападне нив. Во поскоро време, Томас Шелинг
-
11:43 - 11:45дава аналогија за некој човек што слушнал звуци во
-
11:46 - 11:48визбата. Како добар Американец, тој го зел пиштолот
-
11:48 - 11:51и слегол по скалите.
-
11:52 - 11:54И што ќе види таму, ако не крадец со пиштол во раката.
-
11:55 - 11:56Обајцата си мислат,
-
11:56 - 12:00„Не сакам да го убијам човеков, но тој ќе ме убие мене.
-
12:00 - 12:04Можеби е подобро да пукам пред тој да пука во мене,
-
12:04 - 12:06особено бидејќи, дури и тој да не сака да ме убие,
-
12:06 - 12:09веројатно е уплашен дека јас ќе го убијам
-
12:09 - 12:11пред тој да ме убие.“ И така натаму.
-
12:12 - 12:16Луѓето што се ловци-собирачи експлицитно минуваат низ овој тек на размислување,
-
12:17 - 12:20и често ги напаѓаат своите соседи од страв дека тие ќе ги нападнат први.
-
12:22 - 12:25Еден начин за справување со овој проблем е преку обесхрабрување:
-
12:25 - 12:30не напаѓате први, но имате јавно објавена политикиа
-
12:30 - 12:33дека немилосрдно ќе возвратите доколку ве нападнат.
-
12:33 - 12:35Она што е важно е дека ваквата политика е
-
12:35 - 12:39изложена на проверка, така што функционира само
-
12:40 - 12:44доколку е кредибилна. За да стане таква, морате да се осветите за сите навреди
-
12:45 - 12:49да ги порамните сите сметки, што доведува до постојана крвна освета.
-
12:49 - 12:54Животот станува како мафијашки филм. Решението на Хобс,
-
12:54 - 12:58„Левиатанот“, беше дека доколку авторитетот за легитимна употреба
-
12:58 - 13:03на насилство биде доделен на единствена демократска агенција -- еден левиатан --
-
13:04 - 13:07тогаш ќе се намали примамливоста за напад,
-
13:07 - 13:10бидејќи секоја агресија ќе се казни,
-
13:10 - 13:15со што користа од неа е нула. Тоа би ја отстранила потребата
-
13:15 - 13:19да нападнете превентивно од страв тие да не ве нападнат први.
-
13:19 - 13:23Исто така, се отстранува потребата за брза одмазда со
-
13:23 - 13:26цел да дадете кредибилитет на вашите закани. На тој, начин, ова би довело
-
13:26 - 13:32до мир. Ајзнер -- човекот што ги проучуваше стапките на убиства
-
13:32 - 13:34кои што не ги видовте во претходниот слајд --
-
13:35 - 13:38сметаше дека почетокот на намалувањето на бројот на убиства во Европа
-
13:39 - 13:43се поклопува со подемот на централизираните држави.
-
13:43 - 13:46Ова дава одредена потврда на теоријата за левиатанот.
-
13:46 - 13:50Исто така, за поддршка служи и фактот дека денес гледеаме ерупција на насилство
-
13:50 - 13:54во зоните на анархија: во пропаднатите држави, урнати империи,
-
13:54 - 13:58регионите на границите, мафиите, уличните банди и така натаму.
-
14:00 - 14:03Второто објаснување е дека во многу места и времиња
-
14:03 - 14:06постои раширено убедување дека животот е евтин.
-
14:07 - 14:11Порано, кога страдањето и раната смрт биле вообичаени
-
14:11 - 14:15во секојдневниот живот, на луѓето не им паѓало многу тешко истите
-
14:15 - 14:19да им ги нанесат на други. Со напредокот на технологијата и економската ефикасност
-
14:19 - 14:23животот станува подолг и попријатен, со што тој станува повреден земено воопшто.
-
14:23 - 14:26Ова е аргументот на политичкиот научник Џејмс Пејн.
-
14:27 - 14:31Трето објаснување почива на концептот „игра со ненулта сума,“
-
14:31 - 14:35што новинарот Роберт Рајт го има разработено во книгата
-
14:35 - 14:38Не-Нула. Рајт укажува на тоа дека во одредени околности
-
14:39 - 14:42соработката, вклучувајќи го и ненасилството, може да им користи на обете страни
-
14:42 - 14:48при нивниот контакт, како при користа од трговија, кога две страни ги разменуваат
-
14:48 - 14:52своите вишоци и обете користат, или пак кога две страни
-
14:52 - 14:55ќе го положат оружјето и поделат придобивките од мирот
-
14:55 - 14:58што произлегуваат од тоа што не мораат постојано да се борат.
-
14:59 - 15:01Рајт тврди дека технологијата го има зголемено бројот
-
15:01 - 15:05на игри со позитивна сума во кои што луѓето често се впуштаат
-
15:06 - 15:09со овозможување на размена на стоки, услуги и идеи
-
15:09 - 15:12преку поголеми далечини и меѓу поголеми групи луѓе.
-
15:13 - 15:16На тој начин, другите луѓе вредат повеќе живи отколку мртви
-
15:16 - 15:21и насилството опаѓа од себични причини. Како што вели Рајт,
-
15:22 - 15:24„Меѓу многуте причини заради кои што сметам дека не би требало да им фрлиме бомби
-
15:24 - 15:27на јапонците е тоа што тие ми го имаат направено возилото.“
-
15:27 - 15:29(Смеа)
-
15:29 - 15:33Четвртото објаснување е илустрирано во насловот на книгата
-
15:33 - 15:36„Кругот што се шири“, од филозофот Петар Сингер,
-
15:37 - 15:40кој тврди дека еволуцијата ги обдарила луѓето со чувство
-
15:40 - 15:45на емпатија: способност да се однесуваат со интересите на останатите слично
-
15:45 - 15:49како што се однесуваме кон сопствените. За жал, по правило
-
15:49 - 15:53ние тоа го правиме само со мал круг на пријатели и семејство.
-
15:53 - 15:56Луѓето надвор од тој круг ги третираме како да не се сосем луѓе,
-
15:56 - 16:00како да можеме неказнето да ги експлоатираме. Но со текот на времето,
-
16:00 - 16:04овој круг постојано се шири. Преку историските податоци можеме да видиме
-
16:04 - 16:07како се шири од село, до клан, до племе,
-
16:08 - 16:11до народ, до други раси, до обата пола
-
16:11 - 16:13и, како што тврди Сингер, нешто што ќе го прошириме на сите
-
16:13 - 16:18сетилни битија. Прашањето е,
-
16:18 - 16:21доколку ова се има случено, што е она што влијае на ваквото проширување?
-
16:21 - 16:24Постојат поголем број можности. Ширечки кругови на
-
16:24 - 16:28реципроцитет во смисол на аргументите на Роберт Рајт.
-
16:29 - 16:33Логиката на златното правило: колку повеќе размислуваме за другите луѓе и
-
16:33 - 16:37контактираме со нив, толку повеќе сваќаме дека е невозможно да го
-
16:37 - 16:41одбраниме привилигирањето на сопствените интереси во однос на нивните,
-
16:41 - 16:44барем не доколку сакаме да не слушаат. Ако некој тврди дека
-
16:44 - 16:47неговите интереси се специјални во споредба со туѓите,
-
16:47 - 16:49тоа е како да вели дека местото на кое што стои
-
16:50 - 16:52во моментот е специјален дел од универзумот
-
16:53 - 16:55затоа што тој тогаш се наоѓа таму.
-
16:56 - 17:00Тоа може исто така да биде водено од космополитанизмот: преку историите
-
17:00 - 17:04и новинарството и мемоарите и реалистична белетристика и патувањата
-
17:04 - 17:08и писменоста, што овозможува да се префрлиме во животите
-
17:08 - 17:12на другите луѓе кои што порано можеби би ги третирале како пониски од луѓе,
-
17:12 - 17:16и исто така да ја увидиме случајноста на сопственото место
-
17:16 - 17:19во животот; за улогата на среќата во животните околности.
-
17:21 - 17:24Што и да е причината, намалувањето на насилството
-
17:24 - 17:28има далекусежни последици. Треба да се запрашаме не само „Зошто
-
17:28 - 17:32има војна“ туку и „Зошто има мир?“ Не само
-
17:33 - 17:36„Што не чини што правиме?“ туку и „Што правиме што чини?“
-
17:37 - 17:38Бидејќи доколку сме направиле нешто како што треба,
-
17:39 - 17:41навистина би било добро да дознаеме што е тоа.
-
17:41 - 17:42Ви благодарам многу.
-
17:42 - 17:53(Аплауз).
-
17:53 - 17:57Крис Андерсон: Уживав во предавањето. Мислам дека многумина овде би рекле
-
17:57 - 18:00дека ширењето на -- она за што зборувавте,
-
18:00 - 18:03за кое што зборува Петер Сингер, е резултат на технологијата,
-
18:03 - 18:07преку поголемата видливост на другите и на чувството дека светот
-
18:07 - 18:10се намалува. Дали има малку вистина и во ова?
-
18:11 - 18:14Стивен Пинкер. Многу. Се вклопува и во теоријата на Рајт,
-
18:15 - 18:18дека ни овозможува да уживаме во придобивките од соработката
-
18:19 - 18:22во поголеми и поголеми кругови. Но, исто така, мислам дека ни помага
-
18:24 - 18:27да замислиме што значи да се биде некој друг. Кога човек чита за
-
18:27 - 18:30ужасните измачувања вообичаени во Средниот век, си мисли,
-
18:30 - 18:32како можеле да прават такви работи,
-
18:32 - 18:34како можеле да не сочувствуваат со луѓето
-
18:35 - 18:37што им ги ваделе цревата? Но, јасно е дека,
-
18:38 - 18:41што се однесува до нив, тие биле други суштества
-
18:41 - 18:44што немаат чувства како нивните. Било што, сметам,
-
18:44 - 18:46што ни овозможува да замислиме како ги менуваме местата
-
18:47 - 18:50со некој друг доведува до подобрување на нашиот моралниот однос
-
18:50 - 18:51кон тој човек.
-
18:51 - 18:55КА: Добро, Стив, би сакал во текот на наредната година секој сопственик на
-
18:55 - 18:57новински медиум да го чуе ова предавање. Мислам дека е навистина важно. Ви благодарам многу.
-
18:57 - 18:58СП: Ми беше задоволство.
- Title:
- Стивен Пинкер за митот за насилството
- Speaker:
- Steven Pinker
- Description:
-
Стивен Пинкер го анализира опаѓањето на насилството од библиско време до денешницата и тврди дека, иако навидум нелогично или дури опсцено заради Ирак и Дарфур, ние живееме во најмирниот период во историјата на постоењето на нашиот вид.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 18:58