WEBVTT 00:00:00.000 --> 00:00:04.000 Ваквите слики, од концентрациониот логор Аушвиц, 00:00:04.000 --> 00:00:09.000 се врежаа во нашата свест во текот на 20от век 00:00:09.000 --> 00:00:14.000 и ни дадоа нов увид во тоа кои сме, 00:00:14.000 --> 00:00:17.000 од каде сме дојдени и во какви времиња живееме. 00:00:17.000 --> 00:00:21.000 Во текот на 20от век, бевме сведоци на ѕверствата 00:00:21.000 --> 00:00:26.000 на Сталин, Хитлер, Мао, Пол Пот, Руанда и други геноциди, 00:00:26.000 --> 00:00:30.000 и иако 21от век наполни само седум години, 00:00:30.000 --> 00:00:34.000 веќе сме сведоци на тековниот геноцид во Дарфур 00:00:34.000 --> 00:00:36.000 и секојдневните ужаси во Ирак. 00:00:37.000 --> 00:00:40.000 Ова не доведува до заедничко разбирање на нашата состојба, 00:00:40.000 --> 00:00:44.000 имено: дека модерниот живот ни има донесено ужасно насилство, и можеби 00:00:44.000 --> 00:00:47.000 дека нашите предци живееле во состојба на хармонија која сме ја напуштиле на наша штета. NOTE Paragraph 00:00:47.000 --> 00:00:52.000 Еве еден пример 00:00:52.000 --> 00:00:55.000 од колумна за Денот на благодарноста од весникот Бостон глоуб 00:00:55.000 --> 00:00:58.000 од пред неколку години, каде што авторот вели, „Индијанскиот начин на живот 00:00:59.000 --> 00:01:02.000 бил тежок, но не постоеле проблеми со вработувањето, 00:01:02.000 --> 00:01:04.000 хармонијата во заедницата била силна, злоупотребата на супстанции непозната, 00:01:05.000 --> 00:01:08.000 криминалот практично непостоечки, ретките борби меѓу племињата 00:01:09.000 --> 00:01:12.000 биле главно ритуални и ретко доведувале до големи 00:01:12.000 --> 00:01:16.000 крвопролевања.“ Сите ја знаеме оваа шеќерна водичка. 00:01:17.000 --> 00:01:20.000 Така ги учиме нашите деца; слушаме на телевизија 00:01:20.000 --> 00:01:25.000 и во приказните. Бидејќи темата на оваа сесија 00:01:25.000 --> 00:01:28.000 е, „Сè што знаете е неточно“, ќе ви претставам докази 00:01:28.000 --> 00:01:31.000 дека овој конкретен дел од нашето заедничко сфаќање е погрешно: 00:01:31.000 --> 00:01:35.000 дека фактички нашите предци били многу понасилни од нас, 00:01:35.000 --> 00:01:38.000 дека насилството ебило во опаѓање веќе подолг временски период, 00:01:39.000 --> 00:01:42.000 и дека денес веројатно живееме во најмирниот период од постоењето на нашиот вид. NOTE Paragraph 00:01:42.000 --> 00:01:46.000 Сега, во деценијата на Дарфур и Ирак, 00:01:47.000 --> 00:01:50.000 ваквата изјава би можела да се смета за некаде меѓу халуцинаторна 00:01:50.000 --> 00:01:53.000 и опсцена. Но ќе се обидам да ве убедам 00:01:53.000 --> 00:01:59.000 дека тоа и точната слика. Намалувањето на насилството 00:01:59.000 --> 00:02:02.000 е фрактален феномен. Се забележува во текот на милениумите, 00:02:02.000 --> 00:02:05.000 вековите, децениите и годините, 00:02:06.000 --> 00:02:08.000 иако се чини дека главната пресвртница е со почетокот 00:02:08.000 --> 00:02:12.000 на Рационализмот во 16от век. Ова се забележува 00:02:12.000 --> 00:02:15.000 ширум светот, иако невоедначено. 00:02:16.000 --> 00:02:18.000 Ова е особено се забележува на Западот, започнувајќи со Англија 00:02:19.000 --> 00:02:21.000 и Холандија за време на Просветлувањето. NOTE Paragraph 00:02:22.000 --> 00:02:25.000 Дозволете да ве поведам на патување од неколку степени на 10 -- 00:02:26.000 --> 00:02:28.000 од размерот на милениум до размерот на година -- 00:02:28.000 --> 00:02:32.000 да се обидам да ве убедам во ова. До пред 10,.000 години, сите луѓе 00:02:32.000 --> 00:02:35.000 живееле како ловци и собирачи, без постојани населби 00:02:35.000 --> 00:02:38.000 или влада. Ова е состојба што обично се смета 00:02:38.000 --> 00:02:43.000 за исконска хармонија. Но археологот 00:02:44.000 --> 00:02:48.000 Лоренс Кили, анализирајќи ги стапките на смртност 00:02:48.000 --> 00:02:51.000 кај денешните ловци-собирачи -- нашиот најдобар извор 00:02:52.000 --> 00:02:58.000 на информации за ваквиот начин на живот -- води кон сосем поинаков заклучок. NOTE Paragraph 00:02:58.000 --> 00:03:00.000 Еве еден негов график на кој што 00:03:00.000 --> 00:03:03.000 се гледа процентот на смртност кај мажите како резултат од борба 00:03:03.000 --> 00:03:07.000 во поголем број вакви општества. 00:03:08.000 --> 00:03:14.000 Црвените столбови соодветствуваат на веројатноста дека некој маж ќе биде убиен 00:03:14.000 --> 00:03:17.000 од некој друг маж, наместо да умре од природна 00:03:17.000 --> 00:03:21.000 смрт, во поголем број собирачки општества 00:03:21.000 --> 00:03:24.000 во висорамнините на Нова Гвинеја и амазонската џунгла. 00:03:25.000 --> 00:03:28.000 Тие се движат од стапка од скоро 60 проценти веројатност дека еден маж ќе загине 00:03:28.000 --> 00:03:31.000 убиен од друг маж, до, во случајот со Гебуси, 00:03:32.000 --> 00:03:36.000 само 15 проценти веројатност. Малиот син столб во долниот 00:03:36.000 --> 00:03:39.000 лев агол ја прикажува истата статистика од САД 00:03:40.000 --> 00:03:44.000 и Европа во 20от век, и ги вклучува сите смртни случаи 00:03:44.000 --> 00:03:49.000 во обете светски војни. Доколку стапката на смртност во племенските војни се задржала 00:03:49.000 --> 00:03:55.000 во текот на 20от век, би станало збор за две милијарди смртни случаи, наместо 100 милиони. NOTE Paragraph 00:03:55.000 --> 00:03:58.000 Исто така, на размерот на милениум, можеме да го погледнеме 00:03:58.000 --> 00:04:03.000 начинот на живот на раните цивилизации како оние опишани 00:04:03.000 --> 00:04:08.000 во Библијата. Во овој наводен извор за морални вредности 00:04:08.000 --> 00:04:12.000 можеме да прочитаме што можело да се очекува во војна, 00:04:12.000 --> 00:04:15.000 како на пример следново од Броеви 31: „И тие војуваа 00:04:15.000 --> 00:04:18.000 продив Мидианитите кога Бог му нареди на Мојсие, 00:04:18.000 --> 00:04:21.000 и тие ги убија сите мажи. И Мојсие им рече, 00:04:21.000 --> 00:04:25.000 „Дали ги спасивте сите жени живи? Сега, затоа, убијте ги сите 00:04:25.000 --> 00:04:28.000 машки деца и убијте ја секоја жена што познала маж 00:04:28.000 --> 00:04:32.000 со тоа што спиела со него, но сите женски деца што не познале маж 00:04:32.000 --> 00:04:35.000 со тоа што спиеле со него, зачувајте ги за вас.“ Со други зборови, 00:04:35.000 --> 00:04:40.000 убијте ги мажите, убијте ги децата, ако видите девици 00:04:40.000 --> 00:04:42.000 тогаш може да ги оставите живи, за да можете да ги силувате. 00:04:43.000 --> 00:04:47.000 Во Библијата има четири или пет вакви пасуси. 00:04:47.000 --> 00:04:50.000 Исто така, во Библијата забележуваме дека смртната казна 00:04:50.000 --> 00:04:55.000 била вообичаената мерка за кривични дела како што се хомосексуалноста, 00:04:55.000 --> 00:04:59.000 неверството, богохулието, идолизирањето, пререкувањето на родителите -- 00:04:59.000 --> 00:05:03.000 (Смеење) -- и собирање прачки во сабота. 00:05:03.000 --> 00:05:06.000 Добро, да се спуштиме сега долу 00:05:06.000 --> 00:05:09.000 за еден ред величини и да погледнеме на размер на век. 00:05:09.000 --> 00:05:13.000 Иако немаме статистика за војните од 00:05:14.000 --> 00:05:15.000 Средниот век до современието, 00:05:15.000 --> 00:05:18.000 од конвенционалната историја знаеме -- доказите 00:05:18.000 --> 00:05:22.000 ни се пред нос дека има намалување 00:05:22.000 --> 00:05:25.000 во општествено прифатливите облици на насилство. NOTE Paragraph 00:05:25.000 --> 00:05:29.000 На пример, знаеме дека сакатењето и мачењето 00:05:29.000 --> 00:05:32.000 како вообичаени облици на казнување на криминалците. За прекршоци за 00:05:32.000 --> 00:05:36.000 кои денес следи мала парична казна, во тогашно време би биле казнети 00:05:36.000 --> 00:05:40.000 со отсекување на јазикот, сечење уши, ослепување, 00:05:40.000 --> 00:05:42.000 отсекување рака, и така натаму. 00:05:42.000 --> 00:05:46.000 Постоеле голем број инвентивни облици на садистички смртни казни: 00:05:47.000 --> 00:05:49.000 горење на живи луѓе, вадење на цревата, извлекување на тркало, 00:05:50.000 --> 00:05:52.000 расчеречување со коњи, и така натаму. 00:05:53.000 --> 00:05:57.000 Смртната казна била санкција за голем број ненасилни дела: 00:05:57.000 --> 00:06:01.000 критикување на кралот, крадење векна леб. Ропството, се разбира, 00:06:02.000 --> 00:06:05.000 било претпочитаното средство за заштеда на труд, а свирепоста 00:06:06.000 --> 00:06:09.000 била популарна разонода. Можеби најживописен пример 00:06:09.000 --> 00:06:12.000 била практиката на горење мачки, при која мачката била 00:06:12.000 --> 00:06:15.000 носена на бина и врзана била спуштана во оган, 00:06:15.000 --> 00:06:20.000 при што публиката се смеела и кикотела, додека мачката, завивајќи од болка 00:06:21.000 --> 00:06:23.000 горела жива. NOTE Paragraph 00:06:23.000 --> 00:06:26.000 Што е со обичните убиствата? Па, за тоа имаме добри статистики, 00:06:26.000 --> 00:06:32.000 бидејќи голем број општини ја заведувале причината за смртта. 00:06:32.000 --> 00:06:36.000 Криминологот Мануел Ејзнер 00:06:37.000 --> 00:06:39.000 ги има истражувано историските податоци ширум Европа 00:06:39.000 --> 00:06:44.000 за стапките на убиства во секое село, град и општина 00:06:44.000 --> 00:06:46.000 за кои што можел да најде податоци, а истите ги дополнил 00:06:46.000 --> 00:06:49.000 со национални податоци од времето кога државите започнале со водење статистика. 00:06:50.000 --> 00:06:57.000 Нив ги нанесол на логаритамски график, од 100 смртни случаи 00:06:57.000 --> 00:07:03.000 на 100,000 луѓе годишно, што е приближната стапка на 00:07:03.000 --> 00:07:08.000 убиства во Средниот век. Оваа бројка паѓа на помалку од 00:07:08.000 --> 00:07:12.000 едно убиство на 100.,000 луѓе годишно 00:07:13.000 --> 00:07:17.000 во седум или осум европски земји. Потоа има мало покачување 00:07:17.000 --> 00:07:21.000 во 1960те. Луѓето што тврдеа дека рокенролот ќе доведе 00:07:21.000 --> 00:07:24.000 до опаѓање на моралните вредности всушност имале право до некаде. 00:07:25.000 --> 00:07:28.000 Но, станува збор за намалување од скоро два реда величини 00:07:29.000 --> 00:07:31.000 во бројот на убиства од Средниот век до денес, 00:07:32.000 --> 00:07:35.000 а до клучна пресвртница доаѓа во раниот 16ти век. NOTE Paragraph 00:07:37.000 --> 00:07:39.000 Да го погледнеме сега размерот на децении. 00:07:39.000 --> 00:07:41.000 Според невладините организации 00:07:42.000 --> 00:07:46.000 што водат ваква статистика, од 1945 година во Европа и Америка 00:07:46.000 --> 00:07:49.000 се бележи драстично намалување на бројот на војни меѓу државите, 00:07:50.000 --> 00:07:54.000 на смртоносните етнички судири или погроми, како и на воените удари 00:07:54.000 --> 00:07:58.000 дури и во Јужна Америка. Ширум светот, се забележува драстично опаѓање 00:07:58.000 --> 00:08:03.000 на бројот на жртви во војните меѓу државите. Жолтите столбови овде го прикажуваат бројот 00:08:04.000 --> 00:08:08.000 на смртни случаи по војна од 1950 година наваму. 00:08:09.000 --> 00:08:13.000 Како што можете да видите, бројот на жртви опаѓа од 65.000 жртви 00:08:13.000 --> 00:08:17.000 по конфликт по година во 1950те, до помалку од 2.000 смртни 00:08:17.000 --> 00:08:21.000 случаи по конфликт по година во текот на оваа деценија, колку и да е таа ужасна. 00:08:21.000 --> 00:08:24.000 Дури и на размер на година може да се забележи намалување на насилството. 00:08:25.000 --> 00:08:28.000 Од крајот на Студената војна избувнале помалку граѓански војни, 00:08:28.000 --> 00:08:34.000 помалку геноциди -- навистина, намалување од 90 проценти од највисоките вредности од повоенитениот период -- 00:08:34.000 --> 00:08:40.000 па дури и тренд спротивен на зголемувањето во убиствата и насилниот криминал од 1960те. 00:08:40.000 --> 00:08:44.000 Овие податоци се од Воедначената статистика за криминалот на ФБИ: можете да забележите 00:08:44.000 --> 00:08:47.000 дека има прилично ниска стапка на насилство во '50те и '60те 00:08:48.000 --> 00:08:52.000 потоа таа остварува голем подем во наредните децении, за да започне 00:08:52.000 --> 00:08:56.000 со оштар пад, почнувајќи во 1990те, враќајќи се 00:08:56.000 --> 00:09:00.000 скоро на нивото од 1960 година. 00:09:00.000 --> 00:09:02.000 Претседателе Клинтон, доколку сте овде, ви благодарам. 00:09:02.000 --> 00:09:04.000 (Смеа) NOTE Paragraph 00:09:04.000 --> 00:09:07.000 Затоа, моето прашање е: зошто толку многу луѓе грешат 00:09:07.000 --> 00:09:11.000 за нешто олку важно? Мислам дека постојат повеќе причини. 00:09:11.000 --> 00:09:14.000 Една од нив е дека имаме подобро известување: „Асошиејтид прес 00:09:14.000 --> 00:09:18.000 подобро ги евидентира војните ширум Земјата 00:09:18.000 --> 00:09:22.000 отколку што тоа го правеле монасите од 16 век.“ 00:09:22.000 --> 00:09:27.000 Нам, когнитивните психолози, позната ни е следнава когнитивната илузија: колку ни е полесно 00:09:27.000 --> 00:09:30.000 да се сетиме за конкретен пример за нешто, 00:09:30.000 --> 00:09:33.000 толку поголема веројатност му припишуваме. 00:09:33.000 --> 00:09:36.000 Сликите од крвавите настани за кои што читаме во весниците 00:09:37.000 --> 00:09:41.000 ни се врежуваат во сеќавањето повеќе отколку вестите за многу повеќе луѓе што умираат 00:09:41.000 --> 00:09:46.000 од старост во својот кревет. Во пазарот на јавното мислење 00:09:47.000 --> 00:09:52.000 постои правило: никој никогаш не привлекол публика, поборници 00:09:52.000 --> 00:09:53.000 или донатори велејќи 00:09:54.000 --> 00:09:56.000 „се чини дека работите одат на подобро и подобро.“ 00:09:56.000 --> 00:09:57.000 (Смеа) NOTE Paragraph 00:09:57.000 --> 00:09:59.000 во современиот интелектуален живот чувствуваме вина заради начинот на кој 00:10:00.000 --> 00:10:03.000 сме ги третирале домородците, која не ни дозволува да признаеме 00:10:03.000 --> 00:10:05.000 дека западната култура има било какви доблести. 00:10:06.000 --> 00:10:10.000 Исто така, се разбира, нашите промени во стандардите можат да ги претекнат промените 00:10:11.000 --> 00:10:13.000 во однесувањето. Една од причините за намалувањето на насилството 00:10:14.000 --> 00:10:17.000 е тоа што на луѓето им се има смачено крвопролевањето и свирепоста во нивното време. 00:10:17.000 --> 00:10:20.000 Тоа е процес што се чини дека продолжува, 00:10:20.000 --> 00:10:24.000 но доколку го претекне однесувањето според стандардите на денешницата, 00:10:24.000 --> 00:10:27.000 работите тогаш изгледаат поварварски отколку што би биле 00:10:27.000 --> 00:10:31.000 според историски стандарди. Затоа денес, се вознемируваме -- и тоа со право -- 00:10:31.000 --> 00:10:37.000 доколку над неколку убијци се изведе смртна казна 00:10:37.000 --> 00:10:41.000 во Тексас по истекот на 15 годишен апелациски процес. Ние не земаме предвид 00:10:42.000 --> 00:10:45.000 дека пред неколку стотици години тие би биле живи изгорени 00:10:45.000 --> 00:10:48.000 заради критика на кралот, по судење 00:10:48.000 --> 00:10:51.000 што траело 10 минути -- и навистина, дека тоа би се повторувало 00:10:51.000 --> 00:10:55.000 одново и наново. Денес смртната казна ја сметаме 00:10:56.000 --> 00:10:59.000 за доказ за тоа колку ниско може да падне нашето однесување, 00:10:59.000 --> 00:11:01.000 наместо за тоа колку сме ги кренале нашите стандарди. NOTE Paragraph 00:11:03.000 --> 00:11:06.000 Добро, зошто се намалило насилството? Никој не знае навистина, 00:11:06.000 --> 00:11:10.000 но имам сретнато четири објаснувања кои што помагаат 00:11:11.000 --> 00:11:14.000 во разбирањето. Првото е: можеби 00:11:14.000 --> 00:11:17.000 Томас Хобс бил во право. Тој има речено дека 00:11:17.000 --> 00:11:22.000 животот во природата бил „самечки, сиромашен, гаден, животински 00:11:22.000 --> 00:11:26.000 и кус.“ Не затоа што, тврди тој, 00:11:26.000 --> 00:11:29.000 луѓето имаат некоја исконска жед за крв, 00:11:29.000 --> 00:11:32.000 или агресивни инстинкти или територијален императив, 00:11:33.000 --> 00:11:36.000 туку заради логикта на анархија. При анархија 00:11:36.000 --> 00:11:40.000 луѓето се под притисок да го нападнат својот сосед, 00:11:40.000 --> 00:11:43.000 пред тој да ги нападне нив. Во поскоро време, Томас Шелинг 00:11:43.000 --> 00:11:45.000 дава аналогија за некој човек што слушнал звуци во 00:11:46.000 --> 00:11:48.000 визбата. Како добар Американец, тој го зел пиштолот 00:11:48.000 --> 00:11:51.000 и слегол по скалите. 00:11:52.000 --> 00:11:54.000 И што ќе види таму, ако не крадец со пиштол во раката. 00:11:55.000 --> 00:11:56.000 Обајцата си мислат, 00:11:56.000 --> 00:12:00.000 „Не сакам да го убијам човеков, но тој ќе ме убие мене. 00:12:00.000 --> 00:12:04.000 Можеби е подобро да пукам пред тој да пука во мене, 00:12:04.000 --> 00:12:06.000 особено бидејќи, дури и тој да не сака да ме убие, 00:12:06.000 --> 00:12:09.000 веројатно е уплашен дека јас ќе го убијам 00:12:09.000 --> 00:12:11.000 пред тој да ме убие.“ И така натаму. 00:12:12.000 --> 00:12:16.000 Луѓето што се ловци-собирачи експлицитно минуваат низ овој тек на размислување, 00:12:17.000 --> 00:12:20.000 и често ги напаѓаат своите соседи од страв дека тие ќе ги нападнат први. NOTE Paragraph 00:12:22.000 --> 00:12:25.000 Еден начин за справување со овој проблем е преку обесхрабрување: 00:12:25.000 --> 00:12:30.000 не напаѓате први, но имате јавно објавена политикиа 00:12:30.000 --> 00:12:33.000 дека немилосрдно ќе возвратите доколку ве нападнат. 00:12:33.000 --> 00:12:35.000 Она што е важно е дека ваквата политика е 00:12:35.000 --> 00:12:39.000 изложена на проверка, така што функционира само 00:12:40.000 --> 00:12:44.000 доколку е кредибилна. За да стане таква, морате да се осветите за сите навреди 00:12:45.000 --> 00:12:49.000 да ги порамните сите сметки, што доведува до постојана крвна освета. 00:12:49.000 --> 00:12:54.000 Животот станува како мафијашки филм. Решението на Хобс, 00:12:54.000 --> 00:12:58.000 „Левиатанот“, беше дека доколку авторитетот за легитимна употреба 00:12:58.000 --> 00:13:03.000 на насилство биде доделен на единствена демократска агенција -- еден левиатан -- 00:13:04.000 --> 00:13:07.000 тогаш ќе се намали примамливоста за напад, 00:13:07.000 --> 00:13:10.000 бидејќи секоја агресија ќе се казни, 00:13:10.000 --> 00:13:15.000 со што користа од неа е нула. Тоа би ја отстранила потребата 00:13:15.000 --> 00:13:19.000 да нападнете превентивно од страв тие да не ве нападнат први. 00:13:19.000 --> 00:13:23.000 Исто така, се отстранува потребата за брза одмазда со 00:13:23.000 --> 00:13:26.000 цел да дадете кредибилитет на вашите закани. На тој, начин, ова би довело 00:13:26.000 --> 00:13:32.000 до мир. Ајзнер -- човекот што ги проучуваше стапките на убиства 00:13:32.000 --> 00:13:34.000 кои што не ги видовте во претходниот слајд -- 00:13:35.000 --> 00:13:38.000 сметаше дека почетокот на намалувањето на бројот на убиства во Европа 00:13:39.000 --> 00:13:43.000 се поклопува со подемот на централизираните држави. 00:13:43.000 --> 00:13:46.000 Ова дава одредена потврда на теоријата за левиатанот. 00:13:46.000 --> 00:13:50.000 Исто така, за поддршка служи и фактот дека денес гледеаме ерупција на насилство 00:13:50.000 --> 00:13:54.000 во зоните на анархија: во пропаднатите држави, урнати империи, 00:13:54.000 --> 00:13:58.000 регионите на границите, мафиите, уличните банди и така натаму. NOTE Paragraph 00:14:00.000 --> 00:14:03.000 Второто објаснување е дека во многу места и времиња 00:14:03.000 --> 00:14:06.000 постои раширено убедување дека животот е евтин. 00:14:07.000 --> 00:14:11.000 Порано, кога страдањето и раната смрт биле вообичаени 00:14:11.000 --> 00:14:15.000 во секојдневниот живот, на луѓето не им паѓало многу тешко истите 00:14:15.000 --> 00:14:19.000 да им ги нанесат на други. Со напредокот на технологијата и економската ефикасност 00:14:19.000 --> 00:14:23.000 животот станува подолг и попријатен, со што тој станува повреден земено воопшто. 00:14:23.000 --> 00:14:26.000 Ова е аргументот на политичкиот научник Џејмс Пејн. NOTE Paragraph 00:14:27.000 --> 00:14:31.000 Трето објаснување почива на концептот „игра со ненулта сума,“ 00:14:31.000 --> 00:14:35.000 што новинарот Роберт Рајт го има разработено во книгата 00:14:35.000 --> 00:14:38.000 Не-Нула. Рајт укажува на тоа дека во одредени околности 00:14:39.000 --> 00:14:42.000 соработката, вклучувајќи го и ненасилството, може да им користи на обете страни 00:14:42.000 --> 00:14:48.000 при нивниот контакт, како при користа од трговија, кога две страни ги разменуваат 00:14:48.000 --> 00:14:52.000 своите вишоци и обете користат, или пак кога две страни 00:14:52.000 --> 00:14:55.000 ќе го положат оружјето и поделат придобивките од мирот 00:14:55.000 --> 00:14:58.000 што произлегуваат од тоа што не мораат постојано да се борат. 00:14:59.000 --> 00:15:01.000 Рајт тврди дека технологијата го има зголемено бројот 00:15:01.000 --> 00:15:05.000 на игри со позитивна сума во кои што луѓето често се впуштаат 00:15:06.000 --> 00:15:09.000 со овозможување на размена на стоки, услуги и идеи 00:15:09.000 --> 00:15:12.000 преку поголеми далечини и меѓу поголеми групи луѓе. 00:15:13.000 --> 00:15:16.000 На тој начин, другите луѓе вредат повеќе живи отколку мртви 00:15:16.000 --> 00:15:21.000 и насилството опаѓа од себични причини. Како што вели Рајт, 00:15:22.000 --> 00:15:24.000 „Меѓу многуте причини заради кои што сметам дека не би требало да им фрлиме бомби 00:15:24.000 --> 00:15:27.000 на јапонците е тоа што тие ми го имаат направено возилото.“ 00:15:27.000 --> 00:15:29.000 (Смеа) NOTE Paragraph 00:15:29.000 --> 00:15:33.000 Четвртото објаснување е илустрирано во насловот на книгата 00:15:33.000 --> 00:15:36.000 „Кругот што се шири“, од филозофот Петар Сингер, 00:15:37.000 --> 00:15:40.000 кој тврди дека еволуцијата ги обдарила луѓето со чувство 00:15:40.000 --> 00:15:45.000 на емпатија: способност да се однесуваат со интересите на останатите слично 00:15:45.000 --> 00:15:49.000 како што се однесуваме кон сопствените. За жал, по правило 00:15:49.000 --> 00:15:53.000 ние тоа го правиме само со мал круг на пријатели и семејство. 00:15:53.000 --> 00:15:56.000 Луѓето надвор од тој круг ги третираме како да не се сосем луѓе, 00:15:56.000 --> 00:16:00.000 како да можеме неказнето да ги експлоатираме. Но со текот на времето, 00:16:00.000 --> 00:16:04.000 овој круг постојано се шири. Преку историските податоци можеме да видиме 00:16:04.000 --> 00:16:07.000 како се шири од село, до клан, до племе, 00:16:08.000 --> 00:16:11.000 до народ, до други раси, до обата пола 00:16:11.000 --> 00:16:13.000 и, како што тврди Сингер, нешто што ќе го прошириме на сите 00:16:13.000 --> 00:16:18.000 сетилни битија. Прашањето е, 00:16:18.000 --> 00:16:21.000 доколку ова се има случено, што е она што влијае на ваквото проширување? NOTE Paragraph 00:16:21.000 --> 00:16:24.000 Постојат поголем број можности. Ширечки кругови на 00:16:24.000 --> 00:16:28.000 реципроцитет во смисол на аргументите на Роберт Рајт. 00:16:29.000 --> 00:16:33.000 Логиката на златното правило: колку повеќе размислуваме за другите луѓе и 00:16:33.000 --> 00:16:37.000 контактираме со нив, толку повеќе сваќаме дека е невозможно да го 00:16:37.000 --> 00:16:41.000 одбраниме привилигирањето на сопствените интереси во однос на нивните, 00:16:41.000 --> 00:16:44.000 барем не доколку сакаме да не слушаат. Ако некој тврди дека 00:16:44.000 --> 00:16:47.000 неговите интереси се специјални во споредба со туѓите, 00:16:47.000 --> 00:16:49.000 тоа е како да вели дека местото на кое што стои 00:16:50.000 --> 00:16:52.000 во моментот е специјален дел од универзумот 00:16:53.000 --> 00:16:55.000 затоа што тој тогаш се наоѓа таму. 00:16:56.000 --> 00:17:00.000 Тоа може исто така да биде водено од космополитанизмот: преку историите 00:17:00.000 --> 00:17:04.000 и новинарството и мемоарите и реалистична белетристика и патувањата 00:17:04.000 --> 00:17:08.000 и писменоста, што овозможува да се префрлиме во животите 00:17:08.000 --> 00:17:12.000 на другите луѓе кои што порано можеби би ги третирале како пониски од луѓе, 00:17:12.000 --> 00:17:16.000 и исто така да ја увидиме случајноста на сопственото место 00:17:16.000 --> 00:17:19.000 во животот; за улогата на среќата во животните околности. NOTE Paragraph 00:17:21.000 --> 00:17:24.000 Што и да е причината, намалувањето на насилството 00:17:24.000 --> 00:17:28.000 има далекусежни последици. Треба да се запрашаме не само „Зошто 00:17:28.000 --> 00:17:32.000 има војна“ туку и „Зошто има мир?“ Не само 00:17:33.000 --> 00:17:36.000 „Што не чини што правиме?“ туку и „Што правиме што чини?“ 00:17:37.000 --> 00:17:38.000 Бидејќи доколку сме направиле нешто како што треба, 00:17:39.000 --> 00:17:41.000 навистина би било добро да дознаеме што е тоа. 00:17:41.000 --> 00:17:42.000 Ви благодарам многу. 00:17:42.000 --> 00:17:53.000 (Аплауз). NOTE Paragraph 00:17:53.000 --> 00:17:57.000 Крис Андерсон: Уживав во предавањето. Мислам дека многумина овде би рекле 00:17:57.000 --> 00:18:00.000 дека ширењето на -- она за што зборувавте, 00:18:00.000 --> 00:18:03.000 за кое што зборува Петер Сингер, е резултат на технологијата, 00:18:03.000 --> 00:18:07.000 преку поголемата видливост на другите и на чувството дека светот 00:18:07.000 --> 00:18:10.000 се намалува. Дали има малку вистина и во ова? NOTE Paragraph 00:18:11.000 --> 00:18:14.000 Стивен Пинкер. Многу. Се вклопува и во теоријата на Рајт, 00:18:15.000 --> 00:18:18.000 дека ни овозможува да уживаме во придобивките од соработката 00:18:19.000 --> 00:18:22.000 во поголеми и поголеми кругови. Но, исто така, мислам дека ни помага 00:18:24.000 --> 00:18:27.000 да замислиме што значи да се биде некој друг. Кога човек чита за 00:18:27.000 --> 00:18:30.000 ужасните измачувања вообичаени во Средниот век, си мисли, 00:18:30.000 --> 00:18:32.000 како можеле да прават такви работи, 00:18:32.000 --> 00:18:34.000 како можеле да не сочувствуваат со луѓето 00:18:35.000 --> 00:18:37.000 што им ги ваделе цревата? Но, јасно е дека, 00:18:38.000 --> 00:18:41.000 што се однесува до нив, тие биле други суштества 00:18:41.000 --> 00:18:44.000 што немаат чувства како нивните. Било што, сметам, 00:18:44.000 --> 00:18:46.000 што ни овозможува да замислиме како ги менуваме местата 00:18:47.000 --> 00:18:50.000 со некој друг доведува до подобрување на нашиот моралниот однос 00:18:50.000 --> 00:18:51.000 кон тој човек. NOTE Paragraph 00:18:51.000 --> 00:18:55.000 КА: Добро, Стив, би сакал во текот на наредната година секој сопственик на 00:18:55.000 --> 00:18:57.000 новински медиум да го чуе ова предавање. Мислам дека е навистина важно. Ви благодарам многу. NOTE Paragraph 00:18:57.000 --> 00:18:58.000 СП: Ми беше задоволство.