1 00:00:00,000 --> 00:00:04,000 Ваквите слики, од концентрациониот логор Аушвиц, 2 00:00:04,000 --> 00:00:09,000 се врежаа во нашата свест во текот на 20от век 3 00:00:09,000 --> 00:00:14,000 и ни дадоа нов увид во тоа кои сме, 4 00:00:14,000 --> 00:00:17,000 од каде сме дојдени и во какви времиња живееме. 5 00:00:17,000 --> 00:00:21,000 Во текот на 20от век, бевме сведоци на ѕверствата 6 00:00:21,000 --> 00:00:26,000 на Сталин, Хитлер, Мао, Пол Пот, Руанда и други геноциди, 7 00:00:26,000 --> 00:00:30,000 и иако 21от век наполни само седум години, 8 00:00:30,000 --> 00:00:34,000 веќе сме сведоци на тековниот геноцид во Дарфур 9 00:00:34,000 --> 00:00:36,000 и секојдневните ужаси во Ирак. 10 00:00:37,000 --> 00:00:40,000 Ова не доведува до заедничко разбирање на нашата состојба, 11 00:00:40,000 --> 00:00:44,000 имено: дека модерниот живот ни има донесено ужасно насилство, и можеби 12 00:00:44,000 --> 00:00:47,000 дека нашите предци живееле во состојба на хармонија која сме ја напуштиле на наша штета. 13 00:00:47,000 --> 00:00:52,000 Еве еден пример 14 00:00:52,000 --> 00:00:55,000 од колумна за Денот на благодарноста од весникот Бостон глоуб 15 00:00:55,000 --> 00:00:58,000 од пред неколку години, каде што авторот вели, „Индијанскиот начин на живот 16 00:00:59,000 --> 00:01:02,000 бил тежок, но не постоеле проблеми со вработувањето, 17 00:01:02,000 --> 00:01:04,000 хармонијата во заедницата била силна, злоупотребата на супстанции непозната, 18 00:01:05,000 --> 00:01:08,000 криминалот практично непостоечки, ретките борби меѓу племињата 19 00:01:09,000 --> 00:01:12,000 биле главно ритуални и ретко доведувале до големи 20 00:01:12,000 --> 00:01:16,000 крвопролевања.“ Сите ја знаеме оваа шеќерна водичка. 21 00:01:17,000 --> 00:01:20,000 Така ги учиме нашите деца; слушаме на телевизија 22 00:01:20,000 --> 00:01:25,000 и во приказните. Бидејќи темата на оваа сесија 23 00:01:25,000 --> 00:01:28,000 е, „Сè што знаете е неточно“, ќе ви претставам докази 24 00:01:28,000 --> 00:01:31,000 дека овој конкретен дел од нашето заедничко сфаќање е погрешно: 25 00:01:31,000 --> 00:01:35,000 дека фактички нашите предци били многу понасилни од нас, 26 00:01:35,000 --> 00:01:38,000 дека насилството ебило во опаѓање веќе подолг временски период, 27 00:01:39,000 --> 00:01:42,000 и дека денес веројатно живееме во најмирниот период од постоењето на нашиот вид. 28 00:01:42,000 --> 00:01:46,000 Сега, во деценијата на Дарфур и Ирак, 29 00:01:47,000 --> 00:01:50,000 ваквата изјава би можела да се смета за некаде меѓу халуцинаторна 30 00:01:50,000 --> 00:01:53,000 и опсцена. Но ќе се обидам да ве убедам 31 00:01:53,000 --> 00:01:59,000 дека тоа и точната слика. Намалувањето на насилството 32 00:01:59,000 --> 00:02:02,000 е фрактален феномен. Се забележува во текот на милениумите, 33 00:02:02,000 --> 00:02:05,000 вековите, децениите и годините, 34 00:02:06,000 --> 00:02:08,000 иако се чини дека главната пресвртница е со почетокот 35 00:02:08,000 --> 00:02:12,000 на Рационализмот во 16от век. Ова се забележува 36 00:02:12,000 --> 00:02:15,000 ширум светот, иако невоедначено. 37 00:02:16,000 --> 00:02:18,000 Ова е особено се забележува на Западот, започнувајќи со Англија 38 00:02:19,000 --> 00:02:21,000 и Холандија за време на Просветлувањето. 39 00:02:22,000 --> 00:02:25,000 Дозволете да ве поведам на патување од неколку степени на 10 -- 40 00:02:26,000 --> 00:02:28,000 од размерот на милениум до размерот на година -- 41 00:02:28,000 --> 00:02:32,000 да се обидам да ве убедам во ова. До пред 10,.000 години, сите луѓе 42 00:02:32,000 --> 00:02:35,000 живееле како ловци и собирачи, без постојани населби 43 00:02:35,000 --> 00:02:38,000 или влада. Ова е состојба што обично се смета 44 00:02:38,000 --> 00:02:43,000 за исконска хармонија. Но археологот 45 00:02:44,000 --> 00:02:48,000 Лоренс Кили, анализирајќи ги стапките на смртност 46 00:02:48,000 --> 00:02:51,000 кај денешните ловци-собирачи -- нашиот најдобар извор 47 00:02:52,000 --> 00:02:58,000 на информации за ваквиот начин на живот -- води кон сосем поинаков заклучок. 48 00:02:58,000 --> 00:03:00,000 Еве еден негов график на кој што 49 00:03:00,000 --> 00:03:03,000 се гледа процентот на смртност кај мажите како резултат од борба 50 00:03:03,000 --> 00:03:07,000 во поголем број вакви општества. 51 00:03:08,000 --> 00:03:14,000 Црвените столбови соодветствуваат на веројатноста дека некој маж ќе биде убиен 52 00:03:14,000 --> 00:03:17,000 од некој друг маж, наместо да умре од природна 53 00:03:17,000 --> 00:03:21,000 смрт, во поголем број собирачки општества 54 00:03:21,000 --> 00:03:24,000 во висорамнините на Нова Гвинеја и амазонската џунгла. 55 00:03:25,000 --> 00:03:28,000 Тие се движат од стапка од скоро 60 проценти веројатност дека еден маж ќе загине 56 00:03:28,000 --> 00:03:31,000 убиен од друг маж, до, во случајот со Гебуси, 57 00:03:32,000 --> 00:03:36,000 само 15 проценти веројатност. Малиот син столб во долниот 58 00:03:36,000 --> 00:03:39,000 лев агол ја прикажува истата статистика од САД 59 00:03:40,000 --> 00:03:44,000 и Европа во 20от век, и ги вклучува сите смртни случаи 60 00:03:44,000 --> 00:03:49,000 во обете светски војни. Доколку стапката на смртност во племенските војни се задржала 61 00:03:49,000 --> 00:03:55,000 во текот на 20от век, би станало збор за две милијарди смртни случаи, наместо 100 милиони. 62 00:03:55,000 --> 00:03:58,000 Исто така, на размерот на милениум, можеме да го погледнеме 63 00:03:58,000 --> 00:04:03,000 начинот на живот на раните цивилизации како оние опишани 64 00:04:03,000 --> 00:04:08,000 во Библијата. Во овој наводен извор за морални вредности 65 00:04:08,000 --> 00:04:12,000 можеме да прочитаме што можело да се очекува во војна, 66 00:04:12,000 --> 00:04:15,000 како на пример следново од Броеви 31: „И тие војуваа 67 00:04:15,000 --> 00:04:18,000 продив Мидианитите кога Бог му нареди на Мојсие, 68 00:04:18,000 --> 00:04:21,000 и тие ги убија сите мажи. И Мојсие им рече, 69 00:04:21,000 --> 00:04:25,000 „Дали ги спасивте сите жени живи? Сега, затоа, убијте ги сите 70 00:04:25,000 --> 00:04:28,000 машки деца и убијте ја секоја жена што познала маж 71 00:04:28,000 --> 00:04:32,000 со тоа што спиела со него, но сите женски деца што не познале маж 72 00:04:32,000 --> 00:04:35,000 со тоа што спиеле со него, зачувајте ги за вас.“ Со други зборови, 73 00:04:35,000 --> 00:04:40,000 убијте ги мажите, убијте ги децата, ако видите девици 74 00:04:40,000 --> 00:04:42,000 тогаш може да ги оставите живи, за да можете да ги силувате. 75 00:04:43,000 --> 00:04:47,000 Во Библијата има четири или пет вакви пасуси. 76 00:04:47,000 --> 00:04:50,000 Исто така, во Библијата забележуваме дека смртната казна 77 00:04:50,000 --> 00:04:55,000 била вообичаената мерка за кривични дела како што се хомосексуалноста, 78 00:04:55,000 --> 00:04:59,000 неверството, богохулието, идолизирањето, пререкувањето на родителите -- 79 00:04:59,000 --> 00:05:03,000 (Смеење) -- и собирање прачки во сабота. 80 00:05:03,000 --> 00:05:06,000 Добро, да се спуштиме сега долу 81 00:05:06,000 --> 00:05:09,000 за еден ред величини и да погледнеме на размер на век. 82 00:05:09,000 --> 00:05:13,000 Иако немаме статистика за војните од 83 00:05:14,000 --> 00:05:15,000 Средниот век до современието, 84 00:05:15,000 --> 00:05:18,000 од конвенционалната историја знаеме -- доказите 85 00:05:18,000 --> 00:05:22,000 ни се пред нос дека има намалување 86 00:05:22,000 --> 00:05:25,000 во општествено прифатливите облици на насилство. 87 00:05:25,000 --> 00:05:29,000 На пример, знаеме дека сакатењето и мачењето 88 00:05:29,000 --> 00:05:32,000 како вообичаени облици на казнување на криминалците. За прекршоци за 89 00:05:32,000 --> 00:05:36,000 кои денес следи мала парична казна, во тогашно време би биле казнети 90 00:05:36,000 --> 00:05:40,000 со отсекување на јазикот, сечење уши, ослепување, 91 00:05:40,000 --> 00:05:42,000 отсекување рака, и така натаму. 92 00:05:42,000 --> 00:05:46,000 Постоеле голем број инвентивни облици на садистички смртни казни: 93 00:05:47,000 --> 00:05:49,000 горење на живи луѓе, вадење на цревата, извлекување на тркало, 94 00:05:50,000 --> 00:05:52,000 расчеречување со коњи, и така натаму. 95 00:05:53,000 --> 00:05:57,000 Смртната казна била санкција за голем број ненасилни дела: 96 00:05:57,000 --> 00:06:01,000 критикување на кралот, крадење векна леб. Ропството, се разбира, 97 00:06:02,000 --> 00:06:05,000 било претпочитаното средство за заштеда на труд, а свирепоста 98 00:06:06,000 --> 00:06:09,000 била популарна разонода. Можеби најживописен пример 99 00:06:09,000 --> 00:06:12,000 била практиката на горење мачки, при која мачката била 100 00:06:12,000 --> 00:06:15,000 носена на бина и врзана била спуштана во оган, 101 00:06:15,000 --> 00:06:20,000 при што публиката се смеела и кикотела, додека мачката, завивајќи од болка 102 00:06:21,000 --> 00:06:23,000 горела жива. 103 00:06:23,000 --> 00:06:26,000 Што е со обичните убиствата? Па, за тоа имаме добри статистики, 104 00:06:26,000 --> 00:06:32,000 бидејќи голем број општини ја заведувале причината за смртта. 105 00:06:32,000 --> 00:06:36,000 Криминологот Мануел Ејзнер 106 00:06:37,000 --> 00:06:39,000 ги има истражувано историските податоци ширум Европа 107 00:06:39,000 --> 00:06:44,000 за стапките на убиства во секое село, град и општина 108 00:06:44,000 --> 00:06:46,000 за кои што можел да најде податоци, а истите ги дополнил 109 00:06:46,000 --> 00:06:49,000 со национални податоци од времето кога државите започнале со водење статистика. 110 00:06:50,000 --> 00:06:57,000 Нив ги нанесол на логаритамски график, од 100 смртни случаи 111 00:06:57,000 --> 00:07:03,000 на 100,000 луѓе годишно, што е приближната стапка на 112 00:07:03,000 --> 00:07:08,000 убиства во Средниот век. Оваа бројка паѓа на помалку од 113 00:07:08,000 --> 00:07:12,000 едно убиство на 100.,000 луѓе годишно 114 00:07:13,000 --> 00:07:17,000 во седум или осум европски земји. Потоа има мало покачување 115 00:07:17,000 --> 00:07:21,000 во 1960те. Луѓето што тврдеа дека рокенролот ќе доведе 116 00:07:21,000 --> 00:07:24,000 до опаѓање на моралните вредности всушност имале право до некаде. 117 00:07:25,000 --> 00:07:28,000 Но, станува збор за намалување од скоро два реда величини 118 00:07:29,000 --> 00:07:31,000 во бројот на убиства од Средниот век до денес, 119 00:07:32,000 --> 00:07:35,000 а до клучна пресвртница доаѓа во раниот 16ти век. 120 00:07:37,000 --> 00:07:39,000 Да го погледнеме сега размерот на децении. 121 00:07:39,000 --> 00:07:41,000 Според невладините организации 122 00:07:42,000 --> 00:07:46,000 што водат ваква статистика, од 1945 година во Европа и Америка 123 00:07:46,000 --> 00:07:49,000 се бележи драстично намалување на бројот на војни меѓу државите, 124 00:07:50,000 --> 00:07:54,000 на смртоносните етнички судири или погроми, како и на воените удари 125 00:07:54,000 --> 00:07:58,000 дури и во Јужна Америка. Ширум светот, се забележува драстично опаѓање 126 00:07:58,000 --> 00:08:03,000 на бројот на жртви во војните меѓу државите. Жолтите столбови овде го прикажуваат бројот 127 00:08:04,000 --> 00:08:08,000 на смртни случаи по војна од 1950 година наваму. 128 00:08:09,000 --> 00:08:13,000 Како што можете да видите, бројот на жртви опаѓа од 65.000 жртви 129 00:08:13,000 --> 00:08:17,000 по конфликт по година во 1950те, до помалку од 2.000 смртни 130 00:08:17,000 --> 00:08:21,000 случаи по конфликт по година во текот на оваа деценија, колку и да е таа ужасна. 131 00:08:21,000 --> 00:08:24,000 Дури и на размер на година може да се забележи намалување на насилството. 132 00:08:25,000 --> 00:08:28,000 Од крајот на Студената војна избувнале помалку граѓански војни, 133 00:08:28,000 --> 00:08:34,000 помалку геноциди -- навистина, намалување од 90 проценти од највисоките вредности од повоенитениот период -- 134 00:08:34,000 --> 00:08:40,000 па дури и тренд спротивен на зголемувањето во убиствата и насилниот криминал од 1960те. 135 00:08:40,000 --> 00:08:44,000 Овие податоци се од Воедначената статистика за криминалот на ФБИ: можете да забележите 136 00:08:44,000 --> 00:08:47,000 дека има прилично ниска стапка на насилство во '50те и '60те 137 00:08:48,000 --> 00:08:52,000 потоа таа остварува голем подем во наредните децении, за да започне 138 00:08:52,000 --> 00:08:56,000 со оштар пад, почнувајќи во 1990те, враќајќи се 139 00:08:56,000 --> 00:09:00,000 скоро на нивото од 1960 година. 140 00:09:00,000 --> 00:09:02,000 Претседателе Клинтон, доколку сте овде, ви благодарам. 141 00:09:02,000 --> 00:09:04,000 (Смеа) 142 00:09:04,000 --> 00:09:07,000 Затоа, моето прашање е: зошто толку многу луѓе грешат 143 00:09:07,000 --> 00:09:11,000 за нешто олку важно? Мислам дека постојат повеќе причини. 144 00:09:11,000 --> 00:09:14,000 Една од нив е дека имаме подобро известување: „Асошиејтид прес 145 00:09:14,000 --> 00:09:18,000 подобро ги евидентира војните ширум Земјата 146 00:09:18,000 --> 00:09:22,000 отколку што тоа го правеле монасите од 16 век.“ 147 00:09:22,000 --> 00:09:27,000 Нам, когнитивните психолози, позната ни е следнава когнитивната илузија: колку ни е полесно 148 00:09:27,000 --> 00:09:30,000 да се сетиме за конкретен пример за нешто, 149 00:09:30,000 --> 00:09:33,000 толку поголема веројатност му припишуваме. 150 00:09:33,000 --> 00:09:36,000 Сликите од крвавите настани за кои што читаме во весниците 151 00:09:37,000 --> 00:09:41,000 ни се врежуваат во сеќавањето повеќе отколку вестите за многу повеќе луѓе што умираат 152 00:09:41,000 --> 00:09:46,000 од старост во својот кревет. Во пазарот на јавното мислење 153 00:09:47,000 --> 00:09:52,000 постои правило: никој никогаш не привлекол публика, поборници 154 00:09:52,000 --> 00:09:53,000 или донатори велејќи 155 00:09:54,000 --> 00:09:56,000 „се чини дека работите одат на подобро и подобро.“ 156 00:09:56,000 --> 00:09:57,000 (Смеа) 157 00:09:57,000 --> 00:09:59,000 во современиот интелектуален живот чувствуваме вина заради начинот на кој 158 00:10:00,000 --> 00:10:03,000 сме ги третирале домородците, која не ни дозволува да признаеме 159 00:10:03,000 --> 00:10:05,000 дека западната култура има било какви доблести. 160 00:10:06,000 --> 00:10:10,000 Исто така, се разбира, нашите промени во стандардите можат да ги претекнат промените 161 00:10:11,000 --> 00:10:13,000 во однесувањето. Една од причините за намалувањето на насилството 162 00:10:14,000 --> 00:10:17,000 е тоа што на луѓето им се има смачено крвопролевањето и свирепоста во нивното време. 163 00:10:17,000 --> 00:10:20,000 Тоа е процес што се чини дека продолжува, 164 00:10:20,000 --> 00:10:24,000 но доколку го претекне однесувањето според стандардите на денешницата, 165 00:10:24,000 --> 00:10:27,000 работите тогаш изгледаат поварварски отколку што би биле 166 00:10:27,000 --> 00:10:31,000 според историски стандарди. Затоа денес, се вознемируваме -- и тоа со право -- 167 00:10:31,000 --> 00:10:37,000 доколку над неколку убијци се изведе смртна казна 168 00:10:37,000 --> 00:10:41,000 во Тексас по истекот на 15 годишен апелациски процес. Ние не земаме предвид 169 00:10:42,000 --> 00:10:45,000 дека пред неколку стотици години тие би биле живи изгорени 170 00:10:45,000 --> 00:10:48,000 заради критика на кралот, по судење 171 00:10:48,000 --> 00:10:51,000 што траело 10 минути -- и навистина, дека тоа би се повторувало 172 00:10:51,000 --> 00:10:55,000 одново и наново. Денес смртната казна ја сметаме 173 00:10:56,000 --> 00:10:59,000 за доказ за тоа колку ниско може да падне нашето однесување, 174 00:10:59,000 --> 00:11:01,000 наместо за тоа колку сме ги кренале нашите стандарди. 175 00:11:03,000 --> 00:11:06,000 Добро, зошто се намалило насилството? Никој не знае навистина, 176 00:11:06,000 --> 00:11:10,000 но имам сретнато четири објаснувања кои што помагаат 177 00:11:11,000 --> 00:11:14,000 во разбирањето. Првото е: можеби 178 00:11:14,000 --> 00:11:17,000 Томас Хобс бил во право. Тој има речено дека 179 00:11:17,000 --> 00:11:22,000 животот во природата бил „самечки, сиромашен, гаден, животински 180 00:11:22,000 --> 00:11:26,000 и кус.“ Не затоа што, тврди тој, 181 00:11:26,000 --> 00:11:29,000 луѓето имаат некоја исконска жед за крв, 182 00:11:29,000 --> 00:11:32,000 или агресивни инстинкти или територијален императив, 183 00:11:33,000 --> 00:11:36,000 туку заради логикта на анархија. При анархија 184 00:11:36,000 --> 00:11:40,000 луѓето се под притисок да го нападнат својот сосед, 185 00:11:40,000 --> 00:11:43,000 пред тој да ги нападне нив. Во поскоро време, Томас Шелинг 186 00:11:43,000 --> 00:11:45,000 дава аналогија за некој човек што слушнал звуци во 187 00:11:46,000 --> 00:11:48,000 визбата. Како добар Американец, тој го зел пиштолот 188 00:11:48,000 --> 00:11:51,000 и слегол по скалите. 189 00:11:52,000 --> 00:11:54,000 И што ќе види таму, ако не крадец со пиштол во раката. 190 00:11:55,000 --> 00:11:56,000 Обајцата си мислат, 191 00:11:56,000 --> 00:12:00,000 „Не сакам да го убијам човеков, но тој ќе ме убие мене. 192 00:12:00,000 --> 00:12:04,000 Можеби е подобро да пукам пред тој да пука во мене, 193 00:12:04,000 --> 00:12:06,000 особено бидејќи, дури и тој да не сака да ме убие, 194 00:12:06,000 --> 00:12:09,000 веројатно е уплашен дека јас ќе го убијам 195 00:12:09,000 --> 00:12:11,000 пред тој да ме убие.“ И така натаму. 196 00:12:12,000 --> 00:12:16,000 Луѓето што се ловци-собирачи експлицитно минуваат низ овој тек на размислување, 197 00:12:17,000 --> 00:12:20,000 и често ги напаѓаат своите соседи од страв дека тие ќе ги нападнат први. 198 00:12:22,000 --> 00:12:25,000 Еден начин за справување со овој проблем е преку обесхрабрување: 199 00:12:25,000 --> 00:12:30,000 не напаѓате први, но имате јавно објавена политикиа 200 00:12:30,000 --> 00:12:33,000 дека немилосрдно ќе возвратите доколку ве нападнат. 201 00:12:33,000 --> 00:12:35,000 Она што е важно е дека ваквата политика е 202 00:12:35,000 --> 00:12:39,000 изложена на проверка, така што функционира само 203 00:12:40,000 --> 00:12:44,000 доколку е кредибилна. За да стане таква, морате да се осветите за сите навреди 204 00:12:45,000 --> 00:12:49,000 да ги порамните сите сметки, што доведува до постојана крвна освета. 205 00:12:49,000 --> 00:12:54,000 Животот станува како мафијашки филм. Решението на Хобс, 206 00:12:54,000 --> 00:12:58,000 „Левиатанот“, беше дека доколку авторитетот за легитимна употреба 207 00:12:58,000 --> 00:13:03,000 на насилство биде доделен на единствена демократска агенција -- еден левиатан -- 208 00:13:04,000 --> 00:13:07,000 тогаш ќе се намали примамливоста за напад, 209 00:13:07,000 --> 00:13:10,000 бидејќи секоја агресија ќе се казни, 210 00:13:10,000 --> 00:13:15,000 со што користа од неа е нула. Тоа би ја отстранила потребата 211 00:13:15,000 --> 00:13:19,000 да нападнете превентивно од страв тие да не ве нападнат први. 212 00:13:19,000 --> 00:13:23,000 Исто така, се отстранува потребата за брза одмазда со 213 00:13:23,000 --> 00:13:26,000 цел да дадете кредибилитет на вашите закани. На тој, начин, ова би довело 214 00:13:26,000 --> 00:13:32,000 до мир. Ајзнер -- човекот што ги проучуваше стапките на убиства 215 00:13:32,000 --> 00:13:34,000 кои што не ги видовте во претходниот слајд -- 216 00:13:35,000 --> 00:13:38,000 сметаше дека почетокот на намалувањето на бројот на убиства во Европа 217 00:13:39,000 --> 00:13:43,000 се поклопува со подемот на централизираните држави. 218 00:13:43,000 --> 00:13:46,000 Ова дава одредена потврда на теоријата за левиатанот. 219 00:13:46,000 --> 00:13:50,000 Исто така, за поддршка служи и фактот дека денес гледеаме ерупција на насилство 220 00:13:50,000 --> 00:13:54,000 во зоните на анархија: во пропаднатите држави, урнати империи, 221 00:13:54,000 --> 00:13:58,000 регионите на границите, мафиите, уличните банди и така натаму. 222 00:14:00,000 --> 00:14:03,000 Второто објаснување е дека во многу места и времиња 223 00:14:03,000 --> 00:14:06,000 постои раширено убедување дека животот е евтин. 224 00:14:07,000 --> 00:14:11,000 Порано, кога страдањето и раната смрт биле вообичаени 225 00:14:11,000 --> 00:14:15,000 во секојдневниот живот, на луѓето не им паѓало многу тешко истите 226 00:14:15,000 --> 00:14:19,000 да им ги нанесат на други. Со напредокот на технологијата и економската ефикасност 227 00:14:19,000 --> 00:14:23,000 животот станува подолг и попријатен, со што тој станува повреден земено воопшто. 228 00:14:23,000 --> 00:14:26,000 Ова е аргументот на политичкиот научник Џејмс Пејн. 229 00:14:27,000 --> 00:14:31,000 Трето објаснување почива на концептот „игра со ненулта сума,“ 230 00:14:31,000 --> 00:14:35,000 што новинарот Роберт Рајт го има разработено во книгата 231 00:14:35,000 --> 00:14:38,000 Не-Нула. Рајт укажува на тоа дека во одредени околности 232 00:14:39,000 --> 00:14:42,000 соработката, вклучувајќи го и ненасилството, може да им користи на обете страни 233 00:14:42,000 --> 00:14:48,000 при нивниот контакт, како при користа од трговија, кога две страни ги разменуваат 234 00:14:48,000 --> 00:14:52,000 своите вишоци и обете користат, или пак кога две страни 235 00:14:52,000 --> 00:14:55,000 ќе го положат оружјето и поделат придобивките од мирот 236 00:14:55,000 --> 00:14:58,000 што произлегуваат од тоа што не мораат постојано да се борат. 237 00:14:59,000 --> 00:15:01,000 Рајт тврди дека технологијата го има зголемено бројот 238 00:15:01,000 --> 00:15:05,000 на игри со позитивна сума во кои што луѓето често се впуштаат 239 00:15:06,000 --> 00:15:09,000 со овозможување на размена на стоки, услуги и идеи 240 00:15:09,000 --> 00:15:12,000 преку поголеми далечини и меѓу поголеми групи луѓе. 241 00:15:13,000 --> 00:15:16,000 На тој начин, другите луѓе вредат повеќе живи отколку мртви 242 00:15:16,000 --> 00:15:21,000 и насилството опаѓа од себични причини. Како што вели Рајт, 243 00:15:22,000 --> 00:15:24,000 „Меѓу многуте причини заради кои што сметам дека не би требало да им фрлиме бомби 244 00:15:24,000 --> 00:15:27,000 на јапонците е тоа што тие ми го имаат направено возилото.“ 245 00:15:27,000 --> 00:15:29,000 (Смеа) 246 00:15:29,000 --> 00:15:33,000 Четвртото објаснување е илустрирано во насловот на книгата 247 00:15:33,000 --> 00:15:36,000 „Кругот што се шири“, од филозофот Петар Сингер, 248 00:15:37,000 --> 00:15:40,000 кој тврди дека еволуцијата ги обдарила луѓето со чувство 249 00:15:40,000 --> 00:15:45,000 на емпатија: способност да се однесуваат со интересите на останатите слично 250 00:15:45,000 --> 00:15:49,000 како што се однесуваме кон сопствените. За жал, по правило 251 00:15:49,000 --> 00:15:53,000 ние тоа го правиме само со мал круг на пријатели и семејство. 252 00:15:53,000 --> 00:15:56,000 Луѓето надвор од тој круг ги третираме како да не се сосем луѓе, 253 00:15:56,000 --> 00:16:00,000 како да можеме неказнето да ги експлоатираме. Но со текот на времето, 254 00:16:00,000 --> 00:16:04,000 овој круг постојано се шири. Преку историските податоци можеме да видиме 255 00:16:04,000 --> 00:16:07,000 како се шири од село, до клан, до племе, 256 00:16:08,000 --> 00:16:11,000 до народ, до други раси, до обата пола 257 00:16:11,000 --> 00:16:13,000 и, како што тврди Сингер, нешто што ќе го прошириме на сите 258 00:16:13,000 --> 00:16:18,000 сетилни битија. Прашањето е, 259 00:16:18,000 --> 00:16:21,000 доколку ова се има случено, што е она што влијае на ваквото проширување? 260 00:16:21,000 --> 00:16:24,000 Постојат поголем број можности. Ширечки кругови на 261 00:16:24,000 --> 00:16:28,000 реципроцитет во смисол на аргументите на Роберт Рајт. 262 00:16:29,000 --> 00:16:33,000 Логиката на златното правило: колку повеќе размислуваме за другите луѓе и 263 00:16:33,000 --> 00:16:37,000 контактираме со нив, толку повеќе сваќаме дека е невозможно да го 264 00:16:37,000 --> 00:16:41,000 одбраниме привилигирањето на сопствените интереси во однос на нивните, 265 00:16:41,000 --> 00:16:44,000 барем не доколку сакаме да не слушаат. Ако некој тврди дека 266 00:16:44,000 --> 00:16:47,000 неговите интереси се специјални во споредба со туѓите, 267 00:16:47,000 --> 00:16:49,000 тоа е како да вели дека местото на кое што стои 268 00:16:50,000 --> 00:16:52,000 во моментот е специјален дел од универзумот 269 00:16:53,000 --> 00:16:55,000 затоа што тој тогаш се наоѓа таму. 270 00:16:56,000 --> 00:17:00,000 Тоа може исто така да биде водено од космополитанизмот: преку историите 271 00:17:00,000 --> 00:17:04,000 и новинарството и мемоарите и реалистична белетристика и патувањата 272 00:17:04,000 --> 00:17:08,000 и писменоста, што овозможува да се префрлиме во животите 273 00:17:08,000 --> 00:17:12,000 на другите луѓе кои што порано можеби би ги третирале како пониски од луѓе, 274 00:17:12,000 --> 00:17:16,000 и исто така да ја увидиме случајноста на сопственото место 275 00:17:16,000 --> 00:17:19,000 во животот; за улогата на среќата во животните околности. 276 00:17:21,000 --> 00:17:24,000 Што и да е причината, намалувањето на насилството 277 00:17:24,000 --> 00:17:28,000 има далекусежни последици. Треба да се запрашаме не само „Зошто 278 00:17:28,000 --> 00:17:32,000 има војна“ туку и „Зошто има мир?“ Не само 279 00:17:33,000 --> 00:17:36,000 „Што не чини што правиме?“ туку и „Што правиме што чини?“ 280 00:17:37,000 --> 00:17:38,000 Бидејќи доколку сме направиле нешто како што треба, 281 00:17:39,000 --> 00:17:41,000 навистина би било добро да дознаеме што е тоа. 282 00:17:41,000 --> 00:17:42,000 Ви благодарам многу. 283 00:17:42,000 --> 00:17:53,000 (Аплауз). 284 00:17:53,000 --> 00:17:57,000 Крис Андерсон: Уживав во предавањето. Мислам дека многумина овде би рекле 285 00:17:57,000 --> 00:18:00,000 дека ширењето на -- она за што зборувавте, 286 00:18:00,000 --> 00:18:03,000 за кое што зборува Петер Сингер, е резултат на технологијата, 287 00:18:03,000 --> 00:18:07,000 преку поголемата видливост на другите и на чувството дека светот 288 00:18:07,000 --> 00:18:10,000 се намалува. Дали има малку вистина и во ова? 289 00:18:11,000 --> 00:18:14,000 Стивен Пинкер. Многу. Се вклопува и во теоријата на Рајт, 290 00:18:15,000 --> 00:18:18,000 дека ни овозможува да уживаме во придобивките од соработката 291 00:18:19,000 --> 00:18:22,000 во поголеми и поголеми кругови. Но, исто така, мислам дека ни помага 292 00:18:24,000 --> 00:18:27,000 да замислиме што значи да се биде некој друг. Кога човек чита за 293 00:18:27,000 --> 00:18:30,000 ужасните измачувања вообичаени во Средниот век, си мисли, 294 00:18:30,000 --> 00:18:32,000 како можеле да прават такви работи, 295 00:18:32,000 --> 00:18:34,000 како можеле да не сочувствуваат со луѓето 296 00:18:35,000 --> 00:18:37,000 што им ги ваделе цревата? Но, јасно е дека, 297 00:18:38,000 --> 00:18:41,000 што се однесува до нив, тие биле други суштества 298 00:18:41,000 --> 00:18:44,000 што немаат чувства како нивните. Било што, сметам, 299 00:18:44,000 --> 00:18:46,000 што ни овозможува да замислиме како ги менуваме местата 300 00:18:47,000 --> 00:18:50,000 со некој друг доведува до подобрување на нашиот моралниот однос 301 00:18:50,000 --> 00:18:51,000 кон тој човек. 302 00:18:51,000 --> 00:18:55,000 КА: Добро, Стив, би сакал во текот на наредната година секој сопственик на 303 00:18:55,000 --> 00:18:57,000 новински медиум да го чуе ова предавање. Мислам дека е навистина важно. Ви благодарам многу. 304 00:18:57,000 --> 00:18:58,000 СП: Ми беше задоволство.