Вашите зборови можат да го предвидат вашето ментално здравје
-
0:01 - 0:06Имаме историски записи од кои знаеме
како се облекувале древните грци, -
0:06 - 0:07како живееле,
-
0:07 - 0:09како се бореле ...
-
0:09 - 0:11но како размислувале?
-
0:11 - 0:16Постои сфаќање кое вели дека
суштината на човечката мисла -- -
0:16 - 0:18нашата способност да замислуваме,
-
0:18 - 0:19да бидеме свесни,
-
0:19 - 0:20да сонуваме --
-
0:20 - 0:22отсекогаш била иста.
-
0:23 - 0:24Другото сфаќање
-
0:24 - 0:28е дека социјалните трансформации
кои ја обликувале нашата култура -
0:28 - 0:32истовремено ја промениле и
структурата на човечката мисла. -
0:33 - 0:35Постојат различни мислења
за ова. -
0:35 - 0:38Всушност, ова е долга филозофска
дебата. -
0:39 - 0:41Но, дали ова прашање е воопшто
податливо за науката? -
0:43 - 0:45Исто како што можеме да го реконструираме
-
0:45 - 0:50изгледот на древните грчки градови,
-
0:50 - 0:53користејќи само неколку тули,
-
0:53 - 0:57можеме и да ја реконструираме човечката
мисла, овојпат користејќи -
0:57 - 0:59ги записите на културата.
-
1:00 - 1:01Всушност,
-
1:01 - 1:03правејќи еден вид на психолошка анализа
-
1:03 - 1:07на некои од најдревните книги
на човечката култура, -
1:07 - 1:13Џулијан Џејнс, во 70-тите, предложил
многу необична и радикална теза: -
1:13 - 1:15дека само пред 3.000 години,
-
1:15 - 1:20луѓето биле она што денес
го нарекуваме шизофреничари. -
1:22 - 1:23Ова тврдење го поткрепил
-
1:23 - 1:27со фактот дека во овие книги
биле опишани луѓе, -
1:27 - 1:29од различни традиции и од
различни краеви на светот, -
1:29 - 1:32кои се однесувале така како
-
1:32 - 1:35да слушаат и им се покоруваат на гласови
-
1:35 - 1:38за кои мислеле дека доаѓаат од Боговите,
-
1:38 - 1:39или од музите ...
-
1:40 - 1:43ова денес го нарекуваме халуцинации.
-
1:44 - 1:47И како што одминувало времето,
-
1:47 - 1:50луѓето почнале да сфаќаат дека
тие се креаторите, -
1:50 - 1:53дека гласовите се всушност нивни.
-
1:53 - 1:56И на овој начин, тие стекнале
интроспекција: -
1:56 - 1:59способноста да размислуваат
за нивните мисли. -
2:00 - 2:03Теоријата на Џејнс е дека свесноста,
-
2:03 - 2:06барем онака како што ја дефинираме денес,
-
2:06 - 2:10она чувство дека ние управуваме со
нашето постоење -- -
2:10 - 2:13е прилично скорашен производ
на културниот развој. -
2:13 - 2:15Теоријава е прилично спектакуларна,
-
2:15 - 2:17но очигледно има проблем,
-
2:17 - 2:21а тоа е дека се базира само на неколку
многу специфични примери. -
2:21 - 2:23Оттука, прашањето е дали теоријата,
-
2:23 - 2:28која вели дека интроспекцијата се појавила
пред само 3.000, -
2:28 - 2:31може да биде испитана на квантитативен
и објективен начин. -
2:32 - 2:35Очигледно е дека не е лесно
да се тестира оваа теза. -
2:35 - 2:39Многу би ни било полесно
доколку Платон се разбудил и напишал, -
2:39 - 2:40"Здраво, јас сум Платон,
-
2:40 - 2:43и од денес јас имам целосно
интроспективна свесност." -
2:43 - 2:46(Смеа)
-
2:46 - 2:49Ова всушност ни кажува што
е суштината на проблемот. -
2:49 - 2:54Треба да откриеме како настанал
концепт што никогаш не бил изговорен. -
2:54 - 2:59Зборот интроспекција не се појавува
ниту еднаш -
2:59 - 3:01во книгите кои сакаме да ги анализираме.
-
3:02 - 3:06Ние ова го решивме така што го
создадовме просторот на зборови. -
3:07 - 3:10Ова е огромен простор
кој ги содржи сите зборови -
3:10 - 3:13на таков начин што растојанието
помеѓу било кои два збора -
3:13 - 3:16ни кажува колку тие се поврзани.
-
3:16 - 3:18На пример,
-
3:18 - 3:21зборовите "куче" и "мачка" би требало
да се многу блиску еден до друг, -
3:21 - 3:25но зборовите "грејпфрут" и "логаритам"
би требало да се многу далеку. -
3:25 - 3:29Ова важи за било кои два збора во
рамки на просторот. -
3:30 - 3:33Исто така, на повеќе начини можеме
да го конструираме просторот. -
3:33 - 3:35Можеме да ги прашаме стручњаците,
-
3:35 - 3:37исто како кога прегледуваме речник.
-
3:37 - 3:38Или пак можеме
-
3:38 - 3:42да се водиме од претпоставката
дека кога два збора се поврзани, -
3:42 - 3:44тие се појавуваат во исти реченици,
-
3:44 - 3:46во исти пасуси,
-
3:46 - 3:48во исти документи,
-
3:48 - 3:51многу почесто отколку ако
е чиста случајност. -
3:52 - 3:54Оваа едноставна хипотеза,
-
3:54 - 3:56овој едноставен метод,
-
3:56 - 3:57користејќи програмерски трикови
-
3:57 - 3:59оти станува збор за многу
-
3:59 - 4:02сложен повеќе-димензионален
простор, -
4:02 - 4:03излезе дека е доста ефикасен.
-
4:04 - 4:07Само за да видите колку добро
функционира ова, -
4:07 - 4:11ова е резултатот кој го добиваме кога
ќе анализираме некои познати зборови. -
4:12 - 4:13Најпрвин може да видите
-
4:13 - 4:16дека зборовите автоматски се организираат
во семантички групи. -
4:16 - 4:18Имате овошје, делови на телото,
-
4:18 - 4:21компјутерски делови, научните
термини итн. -
4:21 - 4:25Алгоритамот ни кажува дека ние и
хиерархиски ги организираме концептите. -
4:26 - 4:27На пример,
-
4:27 - 4:31може да видите дека научните термини
се групираат во две подкатегории, -
4:31 - 4:33термини од астрономијата и
од физиката. -
4:33 - 4:36Потоа имате многу суптилни работи.
-
4:36 - 4:38На пример, зборот астрономија,
-
4:38 - 4:39кој навидум е на чудна локација,
-
4:39 - 4:42е всушност токму онаму каде
што треба да биде, -
4:42 - 4:43помеѓу она што е,
-
4:43 - 4:44наука
-
4:44 - 4:46и помеѓу она што го опишува,
-
4:46 - 4:47астрономски термини.
-
4:48 - 4:50И вака можеме до бескрај.
-
4:50 - 4:52Всушност, ако се задлабочите
во ова, -
4:52 - 4:54и почнете да правите шеми,
-
4:54 - 4:57ќе имате чувство како да
пишувате поезија. -
4:58 - 5:00А тоа е така затоа што, на некој начин,
-
5:00 - 5:03да чекориш во овој простор
е како да чекориш во умот. -
5:04 - 5:06И последното е
-
5:06 - 5:10дека овој алгоритам
ги потврдува нашите претпоставки -
5:10 - 5:14за тоа кои зборови би требало да
се најмногу поврзани со интроспекцијата. -
5:14 - 5:15На пример,
-
5:15 - 5:19зборови како "себство," "вина,"
"разум," "емоција," -
5:19 - 5:21се многу блиску до "интроспекција,"
-
5:21 - 5:22но други зборови,
-
5:22 - 5:24како "црвена," "фудбал," "свеќа,"
"банана," -
5:24 - 5:26се многу далеку.
-
5:26 - 5:29Откако ќе го изградиме просторот,
-
5:29 - 5:32прашањето за потеклото
на интроспекцијата, -
5:32 - 5:34или потеклото на било кој концепт
-
5:34 - 5:39кое претходно можеби изгледало
апстрактно или некако нејасно, -
5:39 - 5:40сега станува конкретно --
-
5:40 - 5:43станува податливо за
квантитивно изучување. -
5:44 - 5:47Се што треба да направиме е да
ги земеме книгите, -
5:47 - 5:48да ги дигитализираме,
-
5:48 - 5:51да ги извадиме зборовите
-
5:51 - 5:53да ги проектираме во просторот,
-
5:53 - 5:57и да се запрашаме која група на
зборови кружи најдолго и најблиску -
5:57 - 6:00околку концептот интроспекција.
-
6:01 - 6:02На овој начин,
-
6:02 - 6:05можеме да ја анализираме
историјата на интроспекцијата -
6:05 - 6:06во древната грчка традиција,
-
6:06 - 6:09за која имаме најдобри
пишани записи. -
6:10 - 6:12Значи ги зедовме сите книги --
-
6:12 - 6:14ги подредивме според времето --
-
6:14 - 6:16од секоја книга ги извадивме зборовите,
-
6:16 - 6:18ги проектиравме во просторот,
-
6:18 - 6:21и потоа гледавме колку секој збор
е блиску до интроспекцијата, -
6:21 - 6:22и пресметувавме просек.
-
6:23 - 6:26Потоа, се запрашавме дали,
како што одминува времето, -
6:26 - 6:29овие книги се приближуваат
сѐ повеќе и повеќе -
6:29 - 6:31до концептот интроспекција.
-
6:31 - 6:35И токму тоа се случува
во рамки на древната грчка традиција. -
6:36 - 6:39Може да видите дека најстарите книги
од времето на Хомер, -
6:39 - 6:42се малку поврзани со интроспекцијата.
-
6:42 - 6:44Но отприлика четири века пред
нашата ера, -
6:45 - 6:49настанува драстично приближување,
книгите од овој период -
6:49 - 6:52пет пати се поблиску до
-
6:52 - 6:53концептот интроспекција.
-
6:54 - 6:57И интересно е тоа
-
6:57 - 6:58што сега, истото ова
-
6:58 - 7:02можеме да го испитаме и во
други традиции. -
7:03 - 7:06Истата оваа анализа ја спроведовме
и во Јудео-Христијанската традиција, -
7:06 - 7:09и ја откривме буквално истата шема.
-
7:10 - 7:13И повторно, најстарите книги од
Стариот Завет се малку поврзани, -
7:13 - 7:16а потоа книгите од Новиот Завет
се приближуваат брзо -
7:16 - 7:18и се многу поблиску до интроспекцијата.
-
7:18 - 7:20И тогаш го имаме врвот на интроспекцијата
-
7:20 - 7:22во "Исповедите на Свети Августин,"
-
7:22 - 7:24четири века после Исус Христос.
-
7:25 - 7:27И ова е многу важно,
-
7:27 - 7:30зашто Свети Августин, се смета,
од страна на научниците, -
7:30 - 7:32филолозите, историчарите,
-
7:32 - 7:35како еден од основачите
на интроспекцијата. -
7:35 - 7:38Всушност, некои сметаат дека тој
е таткото на модерната психологија. -
7:39 - 7:41Значи нашиот алгоритам,
-
7:41 - 7:44кој како предност го има тоа
што е квантитативен, -
7:44 - 7:45објективен,
-
7:45 - 7:47и се разбира, исклучиво брз --
-
7:47 - 7:49пресметува во дел од секундата --
-
7:49 - 7:53може да ги искристализира најважните
заклучоци -
7:53 - 7:55од ова долго истражување.
-
7:56 - 8:00На некој начин ова е убавината
на науката, -
8:00 - 8:03сега оваа идеја може да се преведе
-
8:03 - 8:06и да се воопшти во многу
други подрачја. -
8:07 - 8:12Исто онака како што прашувавме за
минатото на човековата свесност, -
8:12 - 8:15сега можеме да си го поставиме можеби
најпредизвикувачкото прашање, -
8:15 - 8:19дали оваа метода може да ни каже
нешто за иднината на нашата свесност. -
8:20 - 8:21Да бидам попрецизен,
-
8:21 - 8:23дали зборовите кои денес ги изговараме
-
8:23 - 8:29можат да ни кажат за тоа каде
ќе бидат нашите умови за неколку дена, -
8:29 - 8:30за неколку месеци
-
8:30 - 8:31или за неколку години од сега.
-
8:32 - 8:35И исто како што многумина од нас
сега носат сензори -
8:35 - 8:36за мерење на пулсот,
-
8:36 - 8:38на дишењето,
-
8:38 - 8:39на гените,
-
8:39 - 8:43во надеж дека ова ќе ни помогне
да спречиме болести, -
8:43 - 8:47на истиот овој начин можеби, анализирањето
на зборовите кои ги изговараме, -
8:47 - 8:49твитаме, испраќаме, пишуваме,
-
8:49 - 8:54ќе ни каже предвреме, дали нешто
не е во ред со нашиот ум. -
8:55 - 8:57И со Џилермо Сечи,
-
8:57 - 9:00мојот сопатник во оваа авантура,
-
9:00 - 9:01се нафативме на задачата.
-
9:02 - 9:08Го анализиравме снимениот
говор на 34 млади луѓе -
9:08 - 9:11кои имаа висок ризик да заболат
од шизофренија. -
9:11 - 9:14Го меревме говорот во првиот наврат,
-
9:14 - 9:18и потоа се запрашавме дали особините
на говорот можат да го предвидат, -
9:18 - 9:20во рамки на три години,
-
9:20 - 9:22јавувањето на психоза.
-
9:23 - 9:26Но, и покрај нашите надежи,
-
9:26 - 9:29доживеавме неколку неуспеси.
-
9:30 - 9:34Едноставно немаше доволно
информации во семантиката -
9:34 - 9:36за да може да се предвиди
иднината на умот. -
9:37 - 9:38Можно беше да се разликуваат
-
9:38 - 9:43шизофреничарите од нормалните
субјекти, -
9:43 - 9:45слично како кај древните текстови,
-
9:45 - 9:48но не можеше да се предвиди
почетокот на психозата. -
9:49 - 9:51И тогаш ни текна
-
9:51 - 9:55дека можеби не е толку важно
што зборуваат -
9:55 - 9:57туку како зборуваат.
-
9:58 - 9:59Поточно,
-
9:59 - 10:02не беше важно во која семантичка група
се нивните зборови, -
10:02 - 10:04туку колку далеку и колку брзо скокаат
-
10:04 - 10:07од една семантичка група во друга.
-
10:07 - 10:09Оттука, смисливме една мерка,
-
10:09 - 10:11која ја нарековме семантичка кохерентност,
-
10:11 - 10:16која во основа мери колку долго говорот се
задржува во рамки на една семантичка тема, -
10:16 - 10:18во рамки на една семантичка категорија.
-
10:19 - 10:23И излезе дека за оваа група од 34
луѓе, -
10:23 - 10:27алгоритамот водејќи се од семантичката
кохерентност можеше да предвиди -
10:27 - 10:30со 100 процентна сигурност
-
10:30 - 10:32кој ќе развие психоза, а кој не.
-
10:33 - 10:36Ова е нешто што не можеше
да се постигне -- -
10:36 - 10:37ниту одблизу --
-
10:37 - 10:41со другите клинички мерки.
-
10:43 - 10:46И се сеќавам многу јасно,
додека работев на ова, -
10:46 - 10:48бев на мојот компјутер
-
10:48 - 10:51кога видов еден куп твитови од Поло --
-
10:51 - 10:54Поло ми беше прв студент
кога бев во Буенос Аирес, -
10:54 - 10:56а кога се случи ова тој живееше
во Њујорк. -
10:56 - 10:59Имаше нешто во неговите твитови --
-
10:59 - 11:02не можев да кажам што бидејќи
немаше нешто очигледно -- -
11:02 - 11:04но ми се јави силно претчувство,
-
11:04 - 11:07силна интуиција, дека нешто не е
во ред. -
11:08 - 11:11Го кренав телефонот и му се јавив на Поло.
-
11:11 - 11:13Излезе дека не му е добро.
-
11:13 - 11:15Овој едноставен факт,
-
11:15 - 11:18читањето меѓу редови,
-
11:18 - 11:22тоа што преку неговите зборови ги
насетив неговите чувства, -
11:22 - 11:25беше едноставен, но многу ефикасен
начин да помогнам. -
11:26 - 11:28Она што сакам да ви кажам
-
11:28 - 11:30е дека сме се поблизу до решението
-
11:30 - 11:34на тоа како да ја претвориме оваа
интуиција што сите ја имаме, -
11:34 - 11:36што сите ја делиме,
-
11:36 - 11:37во алгоритам.
-
11:38 - 11:40Ако успееме,
-
11:40 - 11:44во иднина можеби ќе имаме многу поразлична
дијагностика на менталното здравје, -
11:44 - 11:50која ќе се заснова на објективна,
квантитативна и автоматизирана анализа -
11:50 - 11:52на зборовите што ги пишуваме
-
11:52 - 11:53и на зборовите што ги изговараме.
-
11:53 - 11:54Благодарам
-
11:54 - 12:01(Аплауз)
- Title:
- Вашите зборови можат да го предвидат вашето ментално здравје
- Speaker:
- Мариано Сигман
- Description:
-
Може ли, начинот на кој зборуваш и пишуваш денес, да го предвиди твоето идно ментално здравје, па дури и настанокот на психоза? Во овој фасцинантен говор, невронаучникот Мариано Сигман се навраќа на древна Грција и потеклото на интроспекцијата за да покаже како зборовите говорат за нашиот внатрешен живот. Воедно, тој зборува за алгоритам кој ги мапира зборовите и кој би можел да ја предвиди појавата на шизофренија. "Во иднина можеби ќе имаме многу поразлична дијагностика на менталното здравје," вели Сигман, "базирана на објективна, квантитативна и автоматизирана анализа на зборовите кои ги пишуваме и на оние кои ги изговараме."
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 12:14
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI approved Macedonian subtitles for Your words may predict your future mental health | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Your words may predict your future mental health | |
![]() |
Julia Kalaputi accepted Macedonian subtitles for Your words may predict your future mental health | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Your words may predict your future mental health | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Your words may predict your future mental health | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Your words may predict your future mental health | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Your words may predict your future mental health | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Your words may predict your future mental health |