WEBVTT 00:00:01.006 --> 00:00:06.156 Имаме историски записи од кои знаеме како се облекувале древните грци, 00:00:06.180 --> 00:00:07.434 како живееле, 00:00:07.458 --> 00:00:08.980 како се бореле ... 00:00:09.004 --> 00:00:10.528 но како размислувале? NOTE Paragraph 00:00:11.432 --> 00:00:15.872 Постои сфаќање кое вели дека суштината на човечката мисла -- 00:00:15.896 --> 00:00:17.768 нашата способност да замислуваме, 00:00:17.792 --> 00:00:19.189 да бидеме свесни, 00:00:19.213 --> 00:00:20.444 да сонуваме -- 00:00:20.468 --> 00:00:22.087 отсекогаш била иста. 00:00:22.872 --> 00:00:24.371 Другото сфаќање 00:00:24.395 --> 00:00:28.118 е дека социјалните трансформации кои ја обликувале нашата култура 00:00:28.142 --> 00:00:31.927 истовремено ја промениле и структурата на човечката мисла. NOTE Paragraph 00:00:32.911 --> 00:00:35.435 Постојат различни мислења за ова. 00:00:35.459 --> 00:00:38.176 Всушност, ова е долга филозофска дебата. 00:00:38.644 --> 00:00:41.371 Но, дали ова прашање е воопшто податливо за науката? NOTE Paragraph 00:00:42.834 --> 00:00:45.340 Исто како што можеме да го реконструираме 00:00:45.364 --> 00:00:50.136 изгледот на древните грчки градови, 00:00:50.160 --> 00:00:52.548 користејќи само неколку тули, 00:00:52.572 --> 00:00:56.698 можеме и да ја реконструираме човечката мисла, овојпат користејќи 00:00:56.722 --> 00:00:58.865 ги записите на културата. NOTE Paragraph 00:00:59.905 --> 00:01:01.079 Всушност, 00:01:01.103 --> 00:01:03.309 правејќи еден вид на психолошка анализа 00:01:03.333 --> 00:01:06.877 на некои од најдревните книги на човечката култура, 00:01:06.901 --> 00:01:12.856 Џулијан Џејнс, во 70-тите, предложил многу необична и радикална теза: 00:01:12.880 --> 00:01:15.293 дека само пред 3.000 години, 00:01:15.317 --> 00:01:20.205 луѓето биле она што денес го нарекуваме шизофреничари. 00:01:21.753 --> 00:01:23.261 Ова тврдење го поткрепил 00:01:23.285 --> 00:01:26.586 со фактот дека во овие книги биле опишани луѓе, 00:01:26.610 --> 00:01:28.514 од различни традиции и од различни краеви на светот, 00:01:28.538 --> 00:01:31.554 кои се однесувале така како 00:01:31.578 --> 00:01:35.110 да слушаат и им се покоруваат на гласови 00:01:35.134 --> 00:01:38.174 за кои мислеле дека доаѓаат од Боговите, 00:01:38.198 --> 00:01:39.396 или од музите ... 00:01:40.063 --> 00:01:42.832 ова денес го нарекуваме халуцинации. 00:01:43.888 --> 00:01:46.514 И како што одминувало времето, 00:01:46.538 --> 00:01:50.189 луѓето почнале да сфаќаат дека тие се креаторите, 00:01:50.213 --> 00:01:52.728 дека гласовите се всушност нивни. 00:01:53.316 --> 00:01:56.031 И на овој начин, тие стекнале интроспекција: 00:01:56.055 --> 00:01:58.538 способноста да размислуваат за нивните мисли. NOTE Paragraph 00:01:59.785 --> 00:02:03.182 Теоријата на Џејнс е дека свесноста, 00:02:03.206 --> 00:02:06.372 барем онака како што ја дефинираме денес, 00:02:06.396 --> 00:02:09.936 она чувство дека ние управуваме со нашето постоење -- 00:02:09.960 --> 00:02:12.697 е прилично скорашен производ на културниот развој. 00:02:13.456 --> 00:02:15.242 Теоријава е прилично спектакуларна, 00:02:15.266 --> 00:02:16.699 но очигледно има проблем, 00:02:16.723 --> 00:02:20.715 а тоа е дека се базира само на неколку многу специфични примери. 00:02:21.085 --> 00:02:22.848 Оттука, прашањето е дали теоријата, 00:02:22.872 --> 00:02:27.623 која вели дека интроспекцијата се појавила пред само 3.000, 00:02:27.647 --> 00:02:30.631 може да биде испитана на квантитативен и објективен начин. NOTE Paragraph 00:02:31.543 --> 00:02:35.106 Очигледно е дека не е лесно да се тестира оваа теза. 00:02:35.130 --> 00:02:38.590 Многу би ни било полесно доколку Платон се разбудил и напишал, 00:02:38.614 --> 00:02:40.273 "Здраво, јас сум Платон, 00:02:40.297 --> 00:02:43.186 и од денес јас имам целосно интроспективна свесност." NOTE Paragraph 00:02:43.210 --> 00:02:45.503 (Смеа) NOTE Paragraph 00:02:45.527 --> 00:02:48.860 Ова всушност ни кажува што е суштината на проблемот. 00:02:49.467 --> 00:02:53.522 Треба да откриеме како настанал концепт што никогаш не бил изговорен. 00:02:54.434 --> 00:02:58.744 Зборот интроспекција не се појавува ниту еднаш 00:02:58.768 --> 00:03:00.687 во книгите кои сакаме да ги анализираме. NOTE Paragraph 00:03:01.728 --> 00:03:05.815 Ние ова го решивме така што го создадовме просторот на зборови. 00:03:06.571 --> 00:03:09.858 Ова е огромен простор кој ги содржи сите зборови 00:03:09.882 --> 00:03:12.684 на таков начин што растојанието помеѓу било кои два збора 00:03:12.708 --> 00:03:15.591 ни кажува колку тие се поврзани. 00:03:16.460 --> 00:03:17.611 На пример, 00:03:17.635 --> 00:03:20.952 зборовите "куче" и "мачка" би требало да се многу блиску еден до друг, 00:03:20.952 --> 00:03:25.007 но зборовите "грејпфрут" и "логаритам" би требало да се многу далеку. 00:03:25.007 --> 00:03:28.705 Ова важи за било кои два збора во рамки на просторот. NOTE Paragraph 00:03:29.626 --> 00:03:32.967 Исто така, на повеќе начини можеме да го конструираме просторот. 00:03:32.991 --> 00:03:34.634 Можеме да ги прашаме стручњаците, 00:03:34.658 --> 00:03:36.554 исто како кога прегледуваме речник. 00:03:36.896 --> 00:03:38.324 Или пак можеме 00:03:38.348 --> 00:03:42.063 да се водиме од претпоставката дека кога два збора се поврзани, 00:03:42.087 --> 00:03:44.436 тие се појавуваат во исти реченици, 00:03:44.460 --> 00:03:45.913 во исти пасуси, 00:03:45.937 --> 00:03:47.707 во исти документи, 00:03:47.731 --> 00:03:50.913 многу почесто отколку ако е чиста случајност. 00:03:52.231 --> 00:03:54.281 Оваа едноставна хипотеза, 00:03:54.305 --> 00:03:55.611 овој едноставен метод, 00:03:55.635 --> 00:03:57.242 користејќи програмерски трикови 00:03:57.266 --> 00:03:58.655 оти станува збор за многу 00:03:58.679 --> 00:04:01.743 сложен повеќе-димензионален простор, 00:04:01.767 --> 00:04:03.432 излезе дека е доста ефикасен. NOTE Paragraph 00:04:04.155 --> 00:04:06.957 Само за да видите колку добро функционира ова, 00:04:06.981 --> 00:04:10.893 ова е резултатот кој го добиваме кога ќе анализираме некои познати зборови. 00:04:11.607 --> 00:04:12.792 Најпрвин може да видите 00:04:12.816 --> 00:04:16.094 дека зборовите автоматски се организираат во семантички групи. 00:04:16.118 --> 00:04:18.335 Имате овошје, делови на телото, 00:04:18.359 --> 00:04:20.784 компјутерски делови, научните термини итн. NOTE Paragraph 00:04:21.119 --> 00:04:25.341 Алгоритамот ни кажува дека ние и хиерархиски ги организираме концептите. 00:04:25.852 --> 00:04:27.003 На пример, 00:04:27.027 --> 00:04:30.624 може да видите дека научните термини се групираат во две подкатегории, 00:04:30.648 --> 00:04:33.178 термини од астрономијата и од физиката. 00:04:33.338 --> 00:04:35.584 Потоа имате многу суптилни работи. 00:04:35.608 --> 00:04:37.513 На пример, зборот астрономија, 00:04:37.537 --> 00:04:39.352 кој навидум е на чудна локација, 00:04:39.376 --> 00:04:41.694 е всушност токму онаму каде што треба да биде, 00:04:41.694 --> 00:04:43.043 помеѓу она што е, 00:04:43.067 --> 00:04:44.337 наука 00:04:44.361 --> 00:04:45.897 и помеѓу она што го опишува, 00:04:45.921 --> 00:04:47.413 астрономски термини. NOTE Paragraph 00:04:48.182 --> 00:04:50.073 И вака можеме до бескрај. 00:04:50.097 --> 00:04:52.157 Всушност, ако се задлабочите во ова, 00:04:52.181 --> 00:04:54.039 и почнете да правите шеми, 00:04:54.063 --> 00:04:57.229 ќе имате чувство како да пишувате поезија. 00:04:58.018 --> 00:04:59.900 А тоа е така затоа што, на некој начин, 00:04:59.924 --> 00:05:02.864 да чекориш во овој простор е како да чекориш во умот. NOTE Paragraph 00:05:04.027 --> 00:05:05.644 И последното е 00:05:05.668 --> 00:05:09.708 дека овој алгоритам ги потврдува нашите претпоставки 00:05:09.732 --> 00:05:13.628 за тоа кои зборови би требало да се најмногу поврзани со интроспекцијата. 00:05:13.652 --> 00:05:14.875 На пример, 00:05:14.899 --> 00:05:18.878 зборови како "себство," "вина," "разум," "емоција," 00:05:18.902 --> 00:05:20.791 се многу блиску до "интроспекција," 00:05:20.815 --> 00:05:21.966 но други зборови, 00:05:21.990 --> 00:05:24.157 како "црвена," "фудбал," "свеќа," "банана," 00:05:24.181 --> 00:05:25.633 се многу далеку. NOTE Paragraph 00:05:26.054 --> 00:05:28.816 Откако ќе го изградиме просторот, 00:05:28.840 --> 00:05:31.666 прашањето за потеклото на интроспекцијата, 00:05:31.690 --> 00:05:34.023 или потеклото на било кој концепт 00:05:34.047 --> 00:05:38.826 кое претходно можеби изгледало апстрактно или некако нејасно, 00:05:38.850 --> 00:05:40.454 сега станува конкретно -- 00:05:40.478 --> 00:05:43.216 станува податливо за квантитивно изучување. NOTE Paragraph 00:05:44.216 --> 00:05:46.978 Се што треба да направиме е да ги земеме книгите, 00:05:47.002 --> 00:05:48.383 да ги дигитализираме, 00:05:48.407 --> 00:05:51.216 да ги извадиме зборовите 00:05:51.240 --> 00:05:53.209 да ги проектираме во просторот, 00:05:53.233 --> 00:05:56.987 и да се запрашаме која група на зборови кружи најдолго и најблиску 00:05:57.011 --> 00:06:00.003 околку концептот интроспекција. NOTE Paragraph 00:06:00.760 --> 00:06:01.956 На овој начин, 00:06:01.980 --> 00:06:04.672 можеме да ја анализираме историјата на интроспекцијата 00:06:04.672 --> 00:06:06.267 во древната грчка традиција, 00:06:06.267 --> 00:06:08.663 за која имаме најдобри пишани записи. 00:06:09.631 --> 00:06:11.886 Значи ги зедовме сите книги -- 00:06:11.910 --> 00:06:14.068 ги подредивме според времето -- 00:06:14.068 --> 00:06:15.970 од секоја книга ги извадивме зборовите, 00:06:15.994 --> 00:06:17.955 ги проектиравме во просторот, 00:06:17.979 --> 00:06:21.011 и потоа гледавме колку секој збор е блиску до интроспекцијата, 00:06:21.035 --> 00:06:22.265 и пресметувавме просек. 00:06:22.590 --> 00:06:25.788 Потоа, се запрашавме дали, како што одминува времето, 00:06:25.812 --> 00:06:29.064 овие книги се приближуваат сѐ повеќе и повеќе 00:06:29.088 --> 00:06:30.842 до концептот интроспекција. NOTE Paragraph 00:06:30.866 --> 00:06:34.667 И токму тоа се случува во рамки на древната грчка традиција. 00:06:35.698 --> 00:06:38.825 Може да видите дека најстарите книги од времето на Хомер, 00:06:38.849 --> 00:06:42.261 се малку поврзани со интроспекцијата. 00:06:42.285 --> 00:06:44.491 Но отприлика четири века пред нашата ера, 00:06:44.515 --> 00:06:49.223 настанува драстично приближување, книгите од овој период 00:06:49.247 --> 00:06:51.747 пет пати се поблиску до 00:06:51.771 --> 00:06:53.453 концептот интроспекција. 00:06:54.159 --> 00:06:56.583 И интересно е тоа 00:06:56.607 --> 00:06:57.805 што сега, истото ова 00:06:57.829 --> 00:07:01.976 можеме да го испитаме и во други традиции. NOTE Paragraph 00:07:02.572 --> 00:07:06.138 Истата оваа анализа ја спроведовме и во Јудео-Христијанската традиција, 00:07:06.162 --> 00:07:08.883 и ја откривме буквално истата шема. 00:07:09.548 --> 00:07:13.447 И повторно, најстарите книги од Стариот Завет се малку поврзани, 00:07:13.447 --> 00:07:15.935 а потоа книгите од Новиот Завет се приближуваат брзо 00:07:15.935 --> 00:07:17.984 и се многу поблиску до интроспекцијата. 00:07:18.008 --> 00:07:20.040 И тогаш го имаме врвот на интроспекцијата 00:07:20.064 --> 00:07:22.191 во "Исповедите на Свети Августин," 00:07:22.215 --> 00:07:24.072 четири века после Исус Христос. 00:07:24.897 --> 00:07:26.841 И ова е многу важно, 00:07:26.865 --> 00:07:30.238 зашто Свети Августин, се смета, од страна на научниците, 00:07:30.262 --> 00:07:32.434 филолозите, историчарите, 00:07:32.458 --> 00:07:34.536 како еден од основачите на интроспекцијата. 00:07:35.060 --> 00:07:38.357 Всушност, некои сметаат дека тој е таткото на модерната психологија. NOTE Paragraph 00:07:39.012 --> 00:07:40.851 Значи нашиот алгоритам, 00:07:40.875 --> 00:07:43.717 кој како предност го има тоа што е квантитативен, 00:07:43.741 --> 00:07:45.004 објективен, 00:07:45.028 --> 00:07:47.044 и се разбира, исклучиво брз -- 00:07:47.068 --> 00:07:49.465 пресметува во дел од секундата -- 00:07:49.489 --> 00:07:52.992 може да ги искристализира најважните заклучоци 00:07:53.016 --> 00:07:55.238 од ова долго истражување. 00:07:56.317 --> 00:07:59.968 На некој начин ова е убавината на науката, 00:07:59.992 --> 00:08:03.468 сега оваа идеја може да се преведе 00:08:03.492 --> 00:08:06.063 и да се воопшти во многу други подрачја. NOTE Paragraph 00:08:06.769 --> 00:08:11.536 Исто онака како што прашувавме за минатото на човековата свесност, 00:08:11.560 --> 00:08:14.966 сега можеме да си го поставиме можеби најпредизвикувачкото прашање, 00:08:14.990 --> 00:08:19.127 дали оваа метода може да ни каже нешто за иднината на нашата свесност. 00:08:19.550 --> 00:08:21.020 Да бидам попрецизен, 00:08:21.044 --> 00:08:23.460 дали зборовите кои денес ги изговараме 00:08:23.484 --> 00:08:28.681 можат да ни кажат за тоа каде ќе бидат нашите умови за неколку дена, 00:08:28.705 --> 00:08:29.856 за неколку месеци 00:08:29.880 --> 00:08:31.482 или за неколку години од сега. NOTE Paragraph 00:08:31.597 --> 00:08:34.617 И исто како што многумина од нас сега носат сензори 00:08:34.641 --> 00:08:36.427 за мерење на пулсот, 00:08:36.451 --> 00:08:37.720 на дишењето, 00:08:37.744 --> 00:08:39.411 на гените, 00:08:39.435 --> 00:08:43.086 во надеж дека ова ќе ни помогне да спречиме болести, 00:08:43.110 --> 00:08:46.631 на истиот овој начин можеби, анализирањето на зборовите кои ги изговараме, 00:08:46.655 --> 00:08:49.338 твитаме, испраќаме, пишуваме, 00:08:49.362 --> 00:08:54.170 ќе ни каже предвреме, дали нешто не е во ред со нашиот ум. 00:08:55.087 --> 00:08:56.621 И со Џилермо Сечи, 00:08:56.645 --> 00:08:59.646 мојот сопатник во оваа авантура, 00:08:59.670 --> 00:09:01.225 се нафативме на задачата. 00:09:02.228 --> 00:09:07.760 Го анализиравме снимениот говор на 34 млади луѓе 00:09:07.784 --> 00:09:10.585 кои имаа висок ризик да заболат од шизофренија. NOTE Paragraph 00:09:11.434 --> 00:09:14.089 Го меревме говорот во првиот наврат, 00:09:14.089 --> 00:09:17.581 и потоа се запрашавме дали особините на говорот можат да го предвидат, 00:09:17.605 --> 00:09:20.101 во рамки на три години, 00:09:20.125 --> 00:09:22.160 јавувањето на психоза. 00:09:23.427 --> 00:09:25.793 Но, и покрај нашите надежи, 00:09:25.817 --> 00:09:28.934 доживеавме неколку неуспеси. 00:09:29.793 --> 00:09:33.675 Едноставно немаше доволно информации во семантиката 00:09:33.699 --> 00:09:36.492 за да може да се предвиди иднината на умот. 00:09:36.516 --> 00:09:38.325 Можно беше да се разликуваат 00:09:38.349 --> 00:09:42.524 шизофреничарите од нормалните субјекти, 00:09:42.548 --> 00:09:45.260 слично како кај древните текстови, 00:09:45.284 --> 00:09:48.278 но не можеше да се предвиди почетокот на психозата. NOTE Paragraph 00:09:49.164 --> 00:09:50.870 И тогаш ни текна 00:09:50.894 --> 00:09:54.982 дека можеби не е толку важно што зборуваат 00:09:55.006 --> 00:09:56.679 туку како зборуваат. 00:09:57.679 --> 00:09:58.899 Поточно, 00:09:58.923 --> 00:10:01.750 не беше важно во која семантичка група се нивните зборови, 00:10:01.774 --> 00:10:04.374 туку колку далеку и колку брзо скокаат 00:10:04.398 --> 00:10:06.699 од една семантичка група во друга. 00:10:07.247 --> 00:10:08.978 Оттука, смисливме една мерка, 00:10:09.002 --> 00:10:11.391 која ја нарековме семантичка кохерентност, 00:10:11.415 --> 00:10:16.219 која во основа мери колку долго говорот се задржува во рамки на една семантичка тема, 00:10:16.243 --> 00:10:18.142 во рамки на една семантичка категорија. NOTE Paragraph 00:10:19.294 --> 00:10:23.341 И излезе дека за оваа група од 34 луѓе, 00:10:23.365 --> 00:10:27.024 алгоритамот водејќи се од семантичката кохерентност можеше да предвиди 00:10:27.048 --> 00:10:29.548 со 100 процентна сигурност 00:10:29.572 --> 00:10:32.079 кој ќе развие психоза, а кој не. 00:10:32.976 --> 00:10:35.913 Ова е нешто што не можеше да се постигне -- 00:10:35.937 --> 00:10:37.445 ниту одблизу -- 00:10:37.469 --> 00:10:40.595 со другите клинички мерки. NOTE Paragraph 00:10:42.525 --> 00:10:46.104 И се сеќавам многу јасно, додека работев на ова, 00:10:46.128 --> 00:10:48.445 бев на мојот компјутер 00:10:48.469 --> 00:10:51.104 кога видов еден куп твитови од Поло -- 00:10:51.128 --> 00:10:54.295 Поло ми беше прв студент кога бев во Буенос Аирес, 00:10:54.319 --> 00:10:56.389 а кога се случи ова тој живееше во Њујорк. 00:10:56.413 --> 00:10:58.501 Имаше нешто во неговите твитови -- 00:10:58.525 --> 00:11:02.026 не можев да кажам што бидејќи немаше нешто очигледно -- 00:11:02.050 --> 00:11:04.071 но ми се јави силно претчувство, 00:11:04.095 --> 00:11:07.050 силна интуиција, дека нешто не е во ред. 00:11:08.347 --> 00:11:11.070 Го кренав телефонот и му се јавив на Поло. 00:11:11.094 --> 00:11:13.013 Излезе дека не му е добро. 00:11:13.362 --> 00:11:15.299 Овој едноставен факт, 00:11:15.323 --> 00:11:17.814 читањето меѓу редови, 00:11:17.838 --> 00:11:22.100 тоа што преку неговите зборови ги насетив неговите чувства, 00:11:22.124 --> 00:11:24.743 беше едноставен, но многу ефикасен начин да помогнам. NOTE Paragraph 00:11:25.987 --> 00:11:27.625 Она што сакам да ви кажам 00:11:27.649 --> 00:11:30.157 е дека сме се поблизу до решението 00:11:30.181 --> 00:11:34.467 на тоа како да ја претвориме оваа интуиција што сите ја имаме, 00:11:34.491 --> 00:11:35.856 што сите ја делиме, 00:11:35.880 --> 00:11:37.077 во алгоритам. 00:11:38.102 --> 00:11:39.563 Ако успееме, 00:11:39.587 --> 00:11:44.237 во иднина можеби ќе имаме многу поразлична дијагностика на менталното здравје, 00:11:44.261 --> 00:11:49.666 која ќе се заснова на објективна, квантитативна и автоматизирана анализа 00:11:49.666 --> 00:11:51.529 на зборовите што ги пишуваме 00:11:51.529 --> 00:11:53.176 и на зборовите што ги изговараме. NOTE Paragraph 00:11:53.200 --> 00:11:54.351 Благодарам NOTE Paragraph 00:11:54.375 --> 00:12:01.258 (Аплауз)