Џон Ронсон: Чудни одговори на тестот за психопати
-
0:00 - 0:04Оваа приказна започнува: Бев во куќата на една пријателка,
-
0:04 - 0:08и на нејзината полица се наоѓаше еден DSM прирачник,
-
0:08 - 0:11којшто е прирачник за менталните растројства.
-
0:11 - 0:13Го наведува секое познато ментално растројство.
-
0:13 - 0:17Порано во 50-тите, беше едно многу тенко книвче.
-
0:17 - 0:20И започна да станува поголем и поголем и поголем,
-
0:20 - 0:23и сега е долг 886 страници.
-
0:23 - 0:27Во моментов во него се наведени 374 ментални растројства.
-
0:27 - 0:29Така прелистував низ него,
-
0:29 - 0:31прашувајќи се дали имам некое ментално растројство,
-
0:31 - 0:34и излезе дека имам 12.
-
0:34 - 0:35(Смеа)
-
0:35 - 0:37Имам генерализирано анксиозно растројство,
-
0:37 - 0:38кое што е дадено.
-
0:38 - 0:40Имам кошмарно растројство,
-
0:40 - 0:42кое што се утврдува
-
0:42 - 0:46доколку имате повторувачки соништа во кои ве бркаат или ве прогласуваат за пропалица --
-
0:46 - 0:50и сите мои соништа вклучуваат луѓе кои ме бркаат по улицата
-
0:50 - 0:51и ми викаат, "Ти си пропалица."
-
0:51 - 0:53(Смеа)
-
0:53 - 0:56Имам родител-дете релациски проблеми,
-
0:56 - 0:58за што ги обвинувам моите родители.
-
0:58 - 1:00(Смеа)
-
1:00 - 1:03Се зезам. Не се зезам.
-
1:03 - 1:04Се зезам.
-
1:04 - 1:06И имам симулирање на симптоми.
-
1:06 - 1:07И мислам дека прилично ретко се
-
1:07 - 1:11јавува истовремено и симулирање на симптоми и анксиозно растројство,
-
1:11 - 1:13бидејќи симулирањето ме прави многу анксиозен.
-
1:13 - 1:15Како и да е гледав низ книгава прашувајќи
-
1:15 - 1:18се дали сум полуд од она што си мислев или пак,
-
1:18 - 1:21можеби не е добро да си дијагностицирате сами ментално растројство
-
1:21 - 1:23доколку не сте обучен професионалец,
-
1:23 - 1:28или можеби психијатриската професија си има една чудна желба
-
1:28 - 1:33да го етикетира како ментално растројство она што во основа е нормално човечко однесување.
-
1:33 - 1:35Не знаев кои од овие нешта е точно но, си
-
1:35 - 1:37мислев дека е некако интересно.
-
1:37 - 1:40И си мислев дека можеби треба да го слушнам ставот на
-
1:40 - 1:41некој критичар на психијатрија.
-
1:41 - 1:46И токму поради тоа имав ручек со Скиентолозите.
-
1:46 - 1:47Тоа беше еден човек по име Брајан
-
1:47 - 1:50кој води еден одличен тим од Скиентолози
-
1:50 - 1:55кои се одлучни да ја уништат психијатријата секаде онаму каде што се наоѓа.
-
1:55 - 1:56Тие се нарекуваат CCHR.
-
1:56 - 1:59И му реков: „Можеш ли да ми докажеш
-
1:59 - 2:03дека психијатријата е псеудо-наука на која не може да ѝ се верува?“
-
2:03 - 2:05И тој рече: „Да, можеме да ти докажеме.“
-
2:05 - 2:07И јас реков: „Како?“
-
2:07 - 2:10Тој рече: „Ќе те запознаеме со Тони.“
-
2:10 - 2:12А јас реков: „Кој е Тони?“
-
2:12 - 2:16И тој рече: „Тони е во Бродмур.“
-
2:16 - 2:18Треба да знаете дека Бродмур е Бродмур Болницата.
-
2:18 - 2:23Беше позната како Бродмур засолниште за лудите криминалци.
-
2:23 - 2:26Таму ги испраќаат сериските убијци
-
2:26 - 2:28и луѓето кои не можат да си помогнат самите на себе.
-
2:28 - 2:30И му реков на Брајан: „Што сторил Тони?“
-
2:30 - 2:33Тој рече: „Речиси ништо.
-
2:33 - 2:36Претепал некого или нешто
-
2:36 - 2:42и одлучи да глуми лудило за да избегне затворска казна.
-
2:42 - 2:46Но, толку добро одглумил што сега е заглавен во Бродмур
-
2:46 - 2:49и никој не сака да поверува дека е нормален.
-
2:49 - 2:53Дали би сакал да влезеш во Бродмур за да се сретнеш со Тони?“
-
2:53 - 2:54Па така реков: „Да, ве молам.“
-
2:54 - 2:57Така се качив на возот до Бродмур.
-
2:57 - 3:01Почнав неконтролирано да се прозевам кај Кемптон Парк,
-
3:01 - 3:04нешто што очигледно и кучињата го прават кога се нервозни -
-
3:04 - 3:06се прозеваат неконтролирано.
-
3:06 - 3:07И стигнавме до Бродмур.
-
3:07 - 3:12И ме носеа низ една порта, па втора, па трета, па четврта,
-
3:12 - 3:13сè до велнес центарот
-
3:13 - 3:15каде што се среќавате со пациентите.
-
3:15 - 3:19Изгледа како џиновски Хамптон Ин.
-
3:19 - 3:23Целиот е со праски, борови и со смирувачки бои.
-
3:23 - 3:28И единствените нападни бои се црвените копчиња за узбуна.
-
3:28 - 3:31И пациентите почнаа да влегуваат.
-
3:31 - 3:36Беа со прилично голема килажа и носеа тренерки
-
3:36 - 3:38и изгледаа прилично доцилно.
-
3:38 - 3:40Брајан Скиентологот ми шепна,
-
3:40 - 3:42„Под лекарства се,“
-
3:42 - 3:45кое што пак за Скиентолозите е како најголемото зло на светот
-
3:45 - 3:48но, јас си мислев дека веројатно е добра идеја.
-
3:48 - 3:50(Смеа)
-
3:50 - 3:52И потоа Брајан рече: „Еве го Тони.“
-
3:52 - 3:54И човекот доаѓа накај нас.
-
3:54 - 3:58Тој не беше со покачена килажа, беше во многу добра физичка форма.
-
3:58 - 4:00И не носеше тренерки,
-
4:00 - 4:03туку носеше деловно одело.
-
4:03 - 4:05Потоа ги крена рацете
-
4:05 - 4:07како да доаѓа од Ученикот (филм).
-
4:07 - 4:10Изгледаше како човек кој сакаше со неговата облека
-
4:10 - 4:14да ме убеди дека всушност тој е многу нормален.
-
4:14 - 4:16Потоа седна.
-
4:16 - 4:19И реков: „И вистина ли е дека овде си завршил глумејќи?“
-
4:19 - 4:22И тој рече: „Да. Да. Апсолутно. Претепав некого кога имав 17.
-
4:22 - 4:25И бев во притвор чекајќи судење
-
4:25 - 4:26и мојот цимер од ќелијата ми рече:
-
4:26 - 4:28’Знаеш што треба да направиш?
-
4:28 - 4:29Глуми лудило.
-
4:29 - 4:33Кажи им дека си луд. Ќе те испратат во некоја удобна болница.
-
4:33 - 4:35Сестрите ќе ти носат пици.
-
4:35 - 4:37Ќе имаш свој Плејстејшн‘.“
-
4:37 - 4:39И реков: „И како го изведе тоа?“
-
4:39 - 4:42Тој рече: „Побарав да се видам со затворскиот психијатар.
-
4:42 - 4:44Само што изгледав еден филм кој се викаше ’Судар‘
-
4:44 - 4:48во кој луѓето добиваат сексуално задоволство од удирање на колите во ѕидови.
-
4:48 - 4:49И така му реков на психијатарот,
-
4:49 - 4:53’Сексуално се возбудувам кога удирам со кола во ѕид‘.“
-
4:53 - 4:55И реков: „Што друго?“
-
4:55 - 4:57Тој рече: „А, да. Му кажав на психијатарот
-
4:57 - 5:01дека сакам да гледам како умираат жени
-
5:01 - 5:03бидејќи тоа ќе ме направи да се чувствувам понормален.“
-
5:03 - 5:05И реков: „Од каде ја доби оваа идеја?“
-
5:05 - 5:08Тој рече: „А, од биографијата на Тед Банди
-
5:08 - 5:09која што ја имаше во затворската библиотека.“
-
5:09 - 5:14Како и да е премногу добро го одглумил лудилото, рече тој.
-
5:14 - 5:16И не го испратиле во некоја удобна болница.
-
5:16 - 5:18Го испратиле во Бродмур.
-
5:18 - 5:20И веднаш штом пристигнал овде
-
5:20 - 5:23го разгледал местото и побарал да се види со психијатарот,
-
5:23 - 5:24рекол: „Настана огромно недоразбирање.
-
5:24 - 5:27Јас не сум ментално болен.“
-
5:27 - 5:29Реков: „Колку време си овде?“
-
5:29 - 5:33Тој рече: „Ако едноставно си го одлежев времето во затвор за мојот првичен злочин
-
5:33 - 5:35ќе добиев пет години.
-
5:35 - 5:41Вака во Бродмур сум 12 години.“
-
5:41 - 5:45Тони рече дека е многу потешко да ги убедиш луѓето дека си нормален
-
5:45 - 5:47отколку да ги убедиш дека си луд.
-
5:47 - 5:49Рече: „Мислев дека најдобриот начин за да изгледаш нормално
-
5:49 - 5:52е да зборуваш со луѓето нормално за нормални работи
-
5:52 - 5:54како фудбал или за програмата на ТВ.
-
5:54 - 5:56Се претплатив на списанието Нов Научник
-
5:56 - 5:58и неодамна имаше една статија
-
5:58 - 6:02за тоа како армијата на САД обучувала бумбари кои треба да ги надушкуваат експлозивите.
-
6:02 - 6:03Па така ѝ реков на сестрата:
-
6:03 - 6:06’Дали знаеш дека армијата на САД обучува бумбари кои ќе
-
6:06 - 6:08треба да надушкуваат експлозиви?‘
-
6:08 - 6:09Кога ги прочитав моите лекарски записи,
-
6:09 - 6:11видов дека напишале:
-
6:11 - 6:15’Верува дека пчелите можат да надушкаат експлозиви‘.“
-
6:15 - 6:17Тој рече: „Знаеш, тие секогаш бараат
-
6:17 - 6:20невербални знаци кои би им кажале нешто за мојата ментална состојба.
-
6:20 - 6:23Како изгледа тоа да седиш на здрав начин?
-
6:23 - 6:26Како изгледа тоа да ги прекрстиш нозете на здрав начин?
-
6:26 - 6:28Едноставно е невозможно.“
-
6:28 - 6:29И кога Тони ми го кажа тоа,
-
6:29 - 6:32јас си помислив: „Дали јас седам како новинар?
-
6:32 - 6:36Дали ги прекрстувам моите нозе како новинар?“
-
6:36 - 6:41Тој рече: „Знаете, од едната страна го имам Стоквелскиот убиец кој ги дави своите жртви,
-
6:41 - 6:45а од другата страна го имам силувачот познат како ’Со прсти низ лалињата‘.
-
6:45 - 6:48Па затоа често си седам во мојата соба бидејќи ми е прилично страв од нив.
-
6:48 - 6:51А тие ова го земаат како знак за моето лудило.
-
6:51 - 6:54Тие велат дека тоа докажува дека сум повлечен и грандиозен.“
-
6:54 - 6:58Значи само во Бродмур несакањето да се дружите со сериски убијци
-
6:58 - 7:00би било знак на лудило.
-
7:00 - 7:03Како и да е тој ми изгледаше како целосно нормален - но, што знаев јас?
-
7:03 - 7:07И кога стигнав дома му испратив е-маил на неговиот лекар, Ентони Мејден.
-
7:07 - 7:08Реков: „Што е работава?“
-
7:08 - 7:13А тој рече: „Да. Ние се согласивме дека Тони одглумил лудило за да избегне затворска казна
-
7:13 - 7:18бидејќи неговите халуцинации кои уште на почетокот изгледаа како клише
-
7:18 - 7:20едноставно исчезнаа уште во моментот кога тој стапна во Бродмур.
-
7:20 - 7:22Како и да е ние го испитавме.
-
7:22 - 7:27И дојдовме до заклучок дека тој е психопат.“
-
7:27 - 7:29И всушност, глумењето на лудило
-
7:29 - 7:33е токму она подмолно и манипулативно однесување карактеристично за психопатот.
-
7:33 - 7:36Се наоѓа на листата: подмолност и манипулативност.
-
7:36 - 7:38Значи, глумењето дека нешто не е во ред со вашиот мозок
-
7:38 - 7:41е доказ дека нешто не е во ред со вашиот мозок.
-
7:41 - 7:42И зборував со други експерти
-
7:42 - 7:46за деловниот костум тие рекоа -- класичен психопат.
-
7:46 - 7:48Зборува за првата и втората точка од листата --
-
7:48 - 7:53слаткоречивост, површен шарм и грандиозно чувство на себе-вреднување.
-
7:53 - 7:56И јас реков: „Па добро, а тоа што не сака да се дружи со другите пациенти?“
-
7:56 - 8:00Класичен психопат -- зборува за грандиозност и исто така недостаток на емпатија.
-
8:00 - 8:04Значи сите работи кои се чинеа како најнормални кај Тони
-
8:04 - 8:07беа докази, според неговите лекари,
-
8:07 - 8:09дека тој е луд на овој нов и поинаков начин.
-
8:09 - 8:11Тој беше психопат.
-
8:11 - 8:12И неговиот лекар ми рече:
-
8:12 - 8:14„Ако сакаш да знаеш повеќе за психопатите,
-
8:14 - 8:17можеш да одиш на курс за препознавање на психопати
-
8:17 - 8:21воден од страна на Роберт Харе којшто ја создаде психопатската листа.“
-
8:21 - 8:22И така отидов.
-
8:22 - 8:24Отидов на курс за препознавање на психопати
-
8:24 - 8:28и сега сум сертифициран --
-
8:28 - 8:31и морам да кажам, екстремно вешт --
-
8:31 - 8:33препознавач на психопати.
-
8:33 - 8:35Еве ви ја статистиката:
-
8:35 - 8:40Еден во сто обични луѓе е психопат.
-
8:40 - 8:44Во оваа просторија има 1,500 луѓе.
-
8:44 - 8:50Петнаесетмина од вас се психопати.
-
8:50 - 8:52Иако таа бројка се зголемува до четири проценти
-
8:52 - 8:55кај менаџерите и бизнис лидерите.
-
8:55 - 8:58Па така, мислам дека има многу добра шанса
-
8:58 - 9:03дека во оваа просторија има околу 30 или 40 психопати.
-
9:03 - 9:05До крајот на вечерта би можело да биде масакр.
-
9:05 - 9:09(Смеа) (Се смее)
-
9:09 - 9:14Харе рече дека тоа е така бидејќи капитализмот во својата најбезобзирна форма
-
9:14 - 9:17го наградува психопатското однесување --
-
9:17 - 9:22недостатокот на емпатија, слаткоречивоста,
-
9:22 - 9:24подмолноста, манипулативноста.
-
9:24 - 9:27Всушност, капитализмот можеби во својата најмалигна форма
-
9:27 - 9:32е физичка манифестација на психопатијата.
-
9:32 - 9:33Како еден вид на психопатија
-
9:33 - 9:38која што влијае врз сите нас.
-
9:38 - 9:40И Харе ми рече: „Знаеш што? Заборави за тој ’некојси‘ дечко во Бродмур
-
9:40 - 9:42кој можеби глумел или можеби не глумел лудило.
-
9:42 - 9:44На кого му е гајле? Тоа не е вистинската приказна.
-
9:44 - 9:46Вистинската приказна, рече тој, е корпоративната психопатија.
-
9:46 - 9:51Подобро да отидеш да интервјуираш некои од корпоративните психопати.“
-
9:51 - 9:54И така се обидов. Им пишав на луѓето од Енрон.
-
9:54 - 9:56Им реков: „Може ли да дојдам да ве интервјуирам во затвор
-
9:56 - 9:58за да откријам дали сте психопати?“
-
9:58 - 10:02Тие не ми одговорија.
-
10:02 - 10:04Потоа го променив курсот.
-
10:04 - 10:08Му пишав на „Моторната пила Ал“ Дунлап,
-
10:08 - 10:11стечајниот управник од 1990-тите.
-
10:11 - 10:16Тој доаѓаше во компаниите кои пропаѓаа и отпушташе 30 проценти од работната сила,
-
10:16 - 10:19едноставно ги опустосуваше Американските гратчиња.
-
10:19 - 10:20Така му пишав и му реков:
-
10:20 - 10:22„Верувам дека можеби имате многу специјална мозочна аномалија
-
10:22 - 10:25која што ве прави специјален
-
10:25 - 10:29и наклонет кон предаторство и бестрашност.
-
10:29 - 10:31Може ли да дојдам и да ве интервјуирам
-
10:31 - 10:33за вашата специјална мозочна аномалија?"
-
10:33 - 10:36И тој рече: „Слободно дојди.“
-
10:36 - 10:39Така отидов во грандиозната палата на Ал Дунлап во Флорида
-
10:39 - 10:44која беше полна со скулптури од предаторски животни.
-
10:44 - 10:47Имаше лавови и тигри.
-
10:47 - 10:48Ме прошета низ градината.
-
10:48 - 10:51Таму имаше соколи и орли.
-
10:51 - 10:52Ми велеше: „Онаму се наоѓаат ајкулите.“
-
10:52 - 10:55Ова го кажуваше на помалку женствен начин.
-
10:55 - 11:01„Имаш уште ајкули и имаш тигри.“
-
11:01 - 11:03Беше како во Нарнија.
-
11:03 - 11:06(Смеа)
-
11:06 - 11:09И потоа отидовме во неговата кујна.
-
11:09 - 11:13Значи, Ал Дунлап доаѓал кога требало да се спасат компании кои веќе пропаѓале.
-
11:13 - 11:15Вообичаено отпуштал 30 проценти од работната сила.
-
11:15 - 11:18И прилично често ги отпуштал луѓето со шега.
-
11:18 - 11:21На пример, една позната приказна за него,
-
11:21 - 11:24некој дошол кај него и му рекол: „Само што си купив нова кола.“
-
11:24 - 11:26А тој рекол: „Можеби имаш нова кола
-
11:26 - 11:32но, јас ќе ти кажам што немаш, немаш работа.“
-
11:32 - 11:35Така во неговата кујна -- тој стоеше таму со неговата жена, Џуди
-
11:35 - 11:38и неговиот телохранител Шон -- и јас реков: „Знаете дека ви пишав во мојот е-маил
-
11:38 - 11:41дека можеби имате специјална мозочна аномалија која што ве прави специјален?“
-
11:41 - 11:43Тој рече: „Да, тоа е неверојатна теорија.
-
11:43 - 11:46Како во Ѕвездени Патеки. Одиш онаму каде што друг човек не стапнал претходно.“
-
11:46 - 11:54И јас реков: „Па, некои психолози ќе речат дека
-
11:54 - 11:57ова ве прави ...“ (Мрмори)
-
11:57 - 11:59(Смеа)
-
11:59 - 12:00И тој рече: „Што?“
-
12:00 - 12:02И реков: „Психопат.“
-
12:02 - 12:07И реков: „Имам листа на психопатски особини во мојот џеб.
-
12:07 - 12:09Може да ги поминеме заедно?“
-
12:09 - 12:12Изгледаше заинтересирано иако не беше баш задоволен
-
12:12 - 12:13и рече: „Добро, ајде.“
-
12:13 - 12:16И реков: „Добро. Грандиозно чувство на себе-вреднување.“
-
12:16 - 12:19Кое што, морам да кажам, тешко ќе беше за него да го негира тој факт
-
12:19 - 12:22бидејќи стоеше под една џиновска маслена слика на која се наоѓаше токму тој.
-
12:22 - 12:27(Смеа)
-
12:27 - 12:30Тој рече: „Па добро, мораш да веруваш во себе!“
-
12:30 - 12:33И јас реков: „Манипулатор.“
-
12:33 - 12:36Тој рече: „Тоа е лидерство.“
-
12:36 - 12:38И јас реков: „Плиток афект:
-
12:38 - 12:40неспособност за доживување на повеќе емоции.“
-
12:40 - 12:43Тој рече: „Па кој сака да му сметаат некакви си безсмислени емоции?“
-
12:43 - 12:46Така тој ја разгледуваше психопатската листа
-
12:46 - 12:49во основа претворајќи ја во „Кој ми го помести сирењето?“
-
12:49 - 12:53(Смеа)
-
12:53 - 12:56Но, приметив дека нешто ми се случува тој ден додека бев со Ал Дунлап.
-
12:56 - 12:58Секој пат кога ќе ми кажеше нешто што беше некако нормално --
-
12:58 - 13:02како кога рече не за деликвенција во детство.
-
13:02 - 13:03Рече дека го примиле во Вест Поинт,
-
13:03 - 13:06а тие пак не примаат деликвенти во Вест Поинт.
-
13:06 - 13:09Тој кажа не за многу краткорочни брачни врски.
-
13:09 - 13:11Тој досега се женел само двапати.
-
13:11 - 13:14До душа, неговата прва жена во нејзините документи за развод
-
13:14 - 13:16напишала дека еднаш тој и се заканувал со нож
-
13:16 - 13:19и напишала дека отсекогаш го интересирало каков вкус имало човечкото месо
-
13:19 - 13:23но, во лошите бракови за време на жестока расправија луѓето си кажуваат секакви глупости едни на други
-
13:23 - 13:26и неговиот втор брак траел 41 година.
-
13:26 - 13:29И така секогаш кога ќе ми кажеше нешто кое што не звучи на психопат
-
13:29 - 13:33си мислев во себе, па добро тоа нема да го ставам во книгата.
-
13:33 - 13:37И така сфатив дека тоа што станав препознавач на психопати
-
13:37 - 13:40ме направи да бидам малку психопат.
-
13:40 - 13:45Тоа е така бидејќи очајно сакав да го турнам во кутијата означена со налепницата психопат.
-
13:45 - 13:50Очајно сакав да го дефинирам според неговите најлуди рабови.
-
13:50 - 13:53И сфатив, оф Боже мој. Ова го правам веќе 20 години.
-
13:53 - 13:55Тоа го прават сите новинари.
-
13:55 - 13:59Патуваме околу светот со нашите бележници во раце,
-
13:59 - 14:00и ги чекаме бисерите.
-
14:00 - 14:05А бисерите се секогаш најдалечните аспекти од
-
14:05 - 14:07личноста на нашиот испитаник.
-
14:07 - 14:10А ние ги сошиваме едни со други како средновековни монаси.
-
14:10 - 14:14А она што е нормално не го ни забележуваме.
-
14:14 - 14:21Ова е земја која што одредени растројства неоправдано премногу ги дијагностицира.
-
14:21 - 14:24Биполарно детство -- деца кои имаат четири години
-
14:24 - 14:26се етикетираат како биполарни
-
14:26 - 14:29поради тоа што имаат напади на бес,
-
14:29 - 14:33а кое им дава висок резултат на биполарната листа.
-
14:33 - 14:37Кога се вратив во Лондон, ми се јави Тони.
-
14:37 - 14:40Рече, "Зошто не ми одговараше кога ти вртев?"
-
14:40 - 14:44Реков: „Па овие велат дека си психопат.“
-
14:44 - 14:46И тој рече: „Не сум психопат.“
-
14:46 - 14:49Тој рече: „Знаеш што, еден предмет од листата е недостаток на каење
-
14:49 - 14:52но, друг предмет од листата наведен е подмолност, манипулативност.
-
14:52 - 14:55И кога ќе им кажеш дека се каеш поради злосторството,
-
14:55 - 14:57тие велат: ’За психопатот е типично
-
14:57 - 15:00подмолно да каже дека се кае тогаш кога не се кае.‘
-
15:00 - 15:03Исто како гатање. Знаат се да испревртат наопаку.“
-
15:03 - 15:06Тој рече: „Наскоро ќе треба да одам на суд.
-
15:06 - 15:08Би сакал ли да дојдеш?“
-
15:08 - 15:10Реков дека ќе дојдам.
-
15:10 - 15:13Така отидов на неговото судење.
-
15:13 - 15:18И после 14 години во Бродмур, тие го ослободија.
-
15:18 - 15:21Тие одлучија дека не треба да биде затворен бесконечно
-
15:21 - 15:24само поради тоа што има висок резултат на листа
-
15:24 - 15:29која што може да значи дека ќе има поголема шанса од просекот за рецидив.
-
15:29 - 15:31И така го ослободија.
-
15:31 - 15:33И надвор во ходникот тој ми рече:
-
15:33 - 15:34„Знаеш што, Џон?
-
15:34 - 15:37Секој е по малку психопат.“
-
15:37 - 15:41Тој рече: „Ти си. Јас сум. Добро очигледно е дека јас сум.“
-
15:41 - 15:43Јас реков: „Што ќе правиш сега?“
-
15:43 - 15:46Тој рече: „Ќе одам во Белгија
-
15:46 - 15:48бидејќи таму има една жена која ми се допаѓа.
-
15:48 - 15:51Но, таа е мажена, па затоа ќе морам да ја раздвојам од нејзиниот сопруг.“
-
15:51 - 15:56(Смеа)
-
15:56 - 15:59Како и да е тоа беше пред две години
-
15:59 - 16:01и токму таму заврши мојата книга.
-
16:01 - 16:05И во последните 20 месеци сè беше добро.
-
16:05 - 16:07Ништо лошо не се случи.
-
16:07 - 16:09Тој живееше со девојка надвор од Лондон.
-
16:09 - 16:11Според Брајан Скиентологот, тој
-
16:11 - 16:15надоместуваше за изгубеното време -- кое што знам дека звучи безнадежно
-
16:15 - 16:16но, не мора да значи дека е безнадежно.
-
16:16 - 16:19За жал, после 20 месеци,
-
16:19 - 16:21тој се врати во затвор на еден месец.
-
16:21 - 16:26Учествуваше во тепачка во еден бар --
-
16:26 - 16:28и заврши во затвор на еден месец
-
16:28 - 16:29кое што знам дека е лошо
-
16:29 - 16:32но, барем едниот месец значи дека без оглед на причината за тепачката
-
16:32 - 16:35сепак не било нешто сериозно.
-
16:35 - 16:38И тогаш тој ми се јави.
-
16:38 - 16:42И знаете што, мислам дека е исправно тоа што Тони е на слобода.
-
16:42 - 16:46Бидејќи не треба да ги дефинирате луѓето според нивните најлуди аспекти.
-
16:46 - 16:50А Тони е всушност полу-психопат.
-
16:50 - 16:55Тој е сивата област во свет кој што не ги сака сивите области.
-
16:55 - 17:00Но, во сивите области ќе ја најдете комплексноста,
-
17:00 - 17:03тоа е место каде ќе го најдете човечкото
-
17:03 - 17:06и тоа е место каде ќе ја најдете вистината.
-
17:06 - 17:08И Тони ми рече:
-
17:08 - 17:12„Џон, може ли да те честам пијачка во некој бар?
-
17:12 - 17:15Сакам само да ти заблагодарам за сè што стори за мене.“
-
17:15 - 17:21И јас не отидов. Што ќе направевте вие?
-
17:21 - 17:22Ви благодарам.
-
17:22 - 17:39(Аплауз)
- Title:
- Џон Ронсон: Чудни одговори на тестот за психопати
- Speaker:
- Jon Ronson
- Description:
-
Има ли апсолутна линија која што ги дели лудите од нормалните? Раскажувајќи на начин од кој ќе се наежите, Џон Ронсон, автор на Тестот за Психопати, ни ги осветлува сивите области помеѓу овие две состојби. (Со звук миксан во живо од страна на Џулиан Трежр и анимација од Еван Грант.)
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 18:01
![]() |
Jenny Zurawell approved Macedonian subtitles for Strange answers to the psychopath test | |
![]() |
Dimitar Dimitrovski accepted Macedonian subtitles for Strange answers to the psychopath test | |
![]() |
Dimitar Dimitrovski edited Macedonian subtitles for Strange answers to the psychopath test | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Strange answers to the psychopath test | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Strange answers to the psychopath test | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Strange answers to the psychopath test | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Strange answers to the psychopath test | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Strange answers to the psychopath test |