Како да зборувате во свое име
-
0:01 - 0:04Да се проговори гласно е тешка работа.
-
0:05 - 0:10Вистинската смисла на оваа фраза
ја сфатив пред еден месец, -
0:10 - 0:12кога со жена ми станавме родители.
-
0:13 - 0:15Мигот беше прекрасен.
-
0:15 - 0:17Чудесен и волшебен,
-
0:17 - 0:20но истотака страшен и ужасен.
-
0:20 - 0:25Особено беше страшно кога
се вративме од болница дома -
0:25 - 0:26и не бевме сигурни
-
0:26 - 0:30дали нашето бебе добива
доволно мајчино млеко. -
0:31 - 0:34Сакавме да му се јавиме на педијатарот,
-
0:34 - 0:37но не сакавме на почетокот
да оставиме лош впечаток -
0:37 - 0:39на луди и невротични родители.
-
0:39 - 0:41И така, останавме загрижени.
-
0:41 - 0:42И чекавме.
-
0:42 - 0:44Кога отидовме кај лекарот следниот ден,
-
0:44 - 0:49веднаш му дадоа на бебето вештачко млеко
зашто беше дехидрирано. -
0:49 - 0:51Нашиот син е добар сега,
-
0:51 - 0:54а лекарот нѐ посоветува да го контактираме
кога има потреба. -
0:54 - 0:56Во тој миг,
-
0:56 - 0:58требаше да проговорам гласно,
но не реков ништо. -
0:59 - 1:02Но, понекогаш зборуваме кога не треба,
-
1:02 - 1:06и го сфатив тоа пред 10 год,
кога го извисив брат ми близнак. -
1:07 - 1:09Мојот брат близнак прави
документарни филмови, -
1:09 - 1:11и на почетокот на кариерата
-
1:11 - 1:13имаше една понуда од
дистрибутерска компанија. -
1:13 - 1:15Беше возбуден,
-
1:15 - 1:17и подготвен да ја прифати понудата.
-
1:17 - 1:20Но, како истражувач на преговори
-
1:20 - 1:23го натерав да им даде своја понуда
-
1:23 - 1:26и му помогнав да направи совршена.
-
1:26 - 1:28И таа беше совршена---
-
1:28 - 1:30и совршено навредлива.
-
1:30 - 1:32Во компанијата беа толку навредени
-
1:32 - 1:34што буквално ја повлекоа понудата
-
1:34 - 1:36и брат ми остана без ништо.
-
1:36 - 1:40Имам прашувано луѓе по светот
за дилемата околку зборувањето, -
1:40 - 1:42кога треба да се потврдат себе си,
-
1:42 - 1:44кога треба да наметнат интереси,
-
1:44 - 1:46да искажат мислење
-
1:46 - 1:48или да остварат амбиции.
-
1:49 - 1:53Одговорите беа разноврсни,
-
1:53 - 1:56но истотака и универзални.
-
1:56 - 1:59Смеам да го поправам шефот кога греши?
-
1:59 - 2:03Смеам да се судрам со наметливи колеги?
-
2:03 - 2:06Смеам да вратам на бесчувствителните
досетки на пријателите? -
2:06 - 2:10Смеам да ѝ кажам на личноста
која ја сакам за своите стравови? -
2:11 - 2:14Низ овие искуства дојдов до сознание
-
2:14 - 2:18дека сите ние имаме нешто што се вика
домен на прифатено однесување. -
2:18 - 2:21Понекогаш сме пресилни,
се напнуваме премногу. -
2:21 - 2:25Тоа се случи со брат ми.
-
2:25 - 2:29Направената понуда беше надвор
од доменот на прифатено однесување. -
2:30 - 2:31Понекогаш сме преслаби.
-
2:31 - 2:33Тоа се случи со мене и жена ми.
-
2:33 - 2:36Овој домен на прифтено однесување--
-
2:36 - 2:39кога остануваме во нашиот домен,
наградени сме. -
2:39 - 2:41Кога отстапуваме од доменот
тогаш сме казнувани. -
2:41 - 2:46На разни начини,отпуштани сме,
понижени или осудувани. -
2:46 - 2:49Губиме покачувања,унапредувања или зделки.
-
2:50 - 2:53Најпрво треба да знаеме:
-
2:53 - 2:54Кој е нашиот домен?
-
2:55 - 2:59Но нашиот домен не е фиксиран
-
2:59 - 3:01туку прилично динамичен.
-
3:01 - 3:05Се шири и се стеснува во
зависност од содржината. -
3:05 - 3:09Има една работа која кој го
одредува доменот пред сѐ, -
3:10 - 3:11а тоа е моќта.
-
3:11 - 3:14Вашата моќ го одредува вашиот домен.
-
3:14 - 3:15Што претставува моќта?
-
3:15 - 3:17Моќта има различни облици.
-
3:17 - 3:20Во преговорите моќта се алтернативите.
-
3:20 - 3:22Брат ми немаше алтернативи,
-
3:22 - 3:23му недостсуваше моќ.
-
3:23 - 3:25Компанијата имаше бројни алтернативи,
-
3:25 - 3:26таа имаше моќ.
-
3:26 - 3:29Понекогаш тоа е да се биде нов во земјата,
како имигрант -
3:29 - 3:31или нов во организацијата
-
3:31 - 3:32или нов во искуството,
-
3:32 - 3:34како јас и жена ми како родители.
-
3:34 - 3:36Понекогаш тоа е на работа,
-
3:36 - 3:39каде некој е шеф, а некој потчинет.
-
3:39 - 3:40Понекогаш тоа е во врска,
-
3:40 - 3:43каде едниот повеќе вложува од другиот.
-
3:43 - 3:47Најважното нешто кога имаме многу моќ е
-
3:47 - 3:49што нашиот домен е многу широк.
-
3:49 - 3:51Имаме слобода на однесување.
-
3:52 - 3:54Но кога немаме моќ,доменот ни се стеснува.
-
3:55 - 3:56Немаме доволно слобода.
-
3:57 - 4:00Проблемот е кога доменот се стеснува
-
4:00 - 4:04и создава т.н. слаба двојна обврзаност.
-
4:04 - 4:07Слаба двојна обврзаност се случува
-
4:07 - 4:10кога, ако прозбориме,
никој не нѐ забележува, -
4:11 - 4:13но ако прозбориме, казнети сме.
-
4:13 - 4:16Многумина чуле за `двојна обврзаност`
-
4:16 - 4:19и ја поврзале со родот.
-
4:19 - 4:23Родова двојна обврзаност е кога жените
кои не зборуваат не се забележани, -
4:23 - 4:26а жени кои зборуваат се казнувани.
-
4:26 - 4:31А суштината е дека жените имаат
исти потреби за зборување како и мажите, -
4:31 - 4:33но имаат огрничувања.
-
4:34 - 4:37Моите истражувања во
овие 2 децении покажаа -
4:37 - 4:41дека она што изгледа како родова разлика
-
4:41 - 4:43не е родова двојна обврзаност,
-
4:43 - 4:46туку вистински слаба двојна обврзаност.
-
4:46 - 4:48А она што изгледа како родова разлика
-
4:48 - 4:51се само преобратени разлики во моќта.
-
4:51 - 4:54Често гледаме разлики меѓу маж и жена,
-
4:54 - 4:55или меѓу мажи и жени,
-
4:55 - 4:59и мислиме:„Биолошка причина.
Тоа е нешто фундаментално различно -
4:59 - 5:00во врска со полот.“
-
5:00 - 5:02Но во бројните студии
-
5:02 - 5:06открив дека подобро објаснуавање
за половите разлики -
5:07 - 5:08е всушност моќта.
-
5:08 - 5:11Значи,тоа е слабата двојна обврзаност.
-
5:12 - 5:17Слабата двојна обврзаност
покажува дека имаме мал домен, -
5:17 - 5:19и ни недостасува моќ.
-
5:19 - 5:20Имаме широк домен,
-
5:20 - 5:22и двојната обврзаност е многу обемна.
-
5:22 - 5:25Треба да најдеме начини
да го прошириме доменот. -
5:25 - 5:26Изминативе 2 децении,
-
5:26 - 5:29со моите колеги откривме
две нешта кои се значајни: -
5:30 - 5:34Прво:изгледаме моќно во нашите очи.
-
5:34 - 5:38Второ: изгледате моќно
во очите на другите. -
5:38 - 5:39Кога се чувствувам моќно,
-
5:40 - 5:42се чувствувам сигурен, не плашлив;
-
5:42 - 5:44Го проширувам својот домен.
-
5:44 - 5:46Кога луѓето ме гледаат моќен,
-
5:47 - 5:49тие ми овозможуваат поширок домен.
-
5:49 - 5:54Значи, ни требаат алатки да го прошириме
доменот на прифатено однесување. -
5:54 - 5:56Ќе ви посочам неколку алатки.
-
5:56 - 5:58Да се проговори гласно е ризично,
-
5:59 - 6:02но овие алатки ќе го намалат тој ризик.
-
6:03 - 6:09Првата алатка ја открив во преговарањата,
-
6:09 - 6:10во едно важно откритие.
-
6:10 - 6:14Во принцип,жените прават помалку
амбициозни понуди -
6:14 - 6:18и добиваат полоши резултати
од мажите кога преговараат. -
6:18 - 6:21Но Хана Рили Боуелс
и Емили Аманатула открија -
6:21 - 6:25една ситуција во која жените
добиваат исто колку мажите -
6:25 - 6:27и се еднакво амбициозни.
-
6:27 - 6:31Тоа е кога се залагаат за други.
-
6:31 - 6:33Кога се залагаат за други
-
6:33 - 6:38го откриваат својот
домен и го шират во нивната свест -
6:38 - 6:40Стануваат поубедливи.
-
6:40 - 6:43Ова е ефектот наречен
„ефект на мајката мечка“ -
6:43 - 6:46Како мечката кога ги брани своите малечки,
-
6:46 - 6:50кога се залагаме за други,
го откриваме сопствениот глас. -
6:50 - 6:53Но,понекогаш треба да се заложиме за нас.
-
6:53 - 6:55Како го правиме тоа?
-
6:55 - 6:59Една од најважните алатки
кога се залагаме за себе е -
6:59 - 7:01она што го викаме заземање перспектива.
-
7:01 - 7:04Заземањето перспектива е лесно навистина:
-
7:04 - 7:08лесно е да се гледа светот
низ очите на другите. -
7:09 - 7:13Тоа е основната алатка со
која го прошируваме доменот. -
7:13 - 7:15Кога ја земам твојата перспектива
-
7:15 - 7:17и мислам за тоа што ти сакаш,
-
7:17 - 7:20веројатно ќе ми го дадеш
тоа што јас сакам. -
7:21 - 7:23Но има еден проблем:
-
7:23 - 7:25тешко е да се заземат перспективи.
-
7:25 - 7:27Да направиме еден обид.
-
7:27 - 7:30Сакам да ја држите раката вака:
-
7:30 - 7:31со кренат прст.
-
7:32 - 7:36Напишете ја буквата Е на вашите чела
-
7:36 - 7:38колку што можете побрзо.
-
7:40 - 7:43Добро,изгледа дека можеме
да го направиме тоа на 2 начини. -
7:43 - 7:47Ова беше осмислено како
тест за заземање перспективи. -
7:47 - 7:49Ќе ви покажам две слики
-
7:49 - 7:51со некој кој ја има буквата Е на челото---
-
7:51 - 7:53мојата поранешна студентка, Ерика Хал.
-
7:53 - 7:55Можете да видите овде,
-
7:55 - 7:57тоа е правилната буква Е.
-
7:57 - 8:00Ја напишав Е да изгледа како Е некому.
-
8:00 - 8:02Тоа е перспективата на Е
-
8:02 - 8:05бидејќи изгледа како Е од
нечија друга перспектива. -
8:05 - 8:08Но ова Е овде е буквата
фокусирана кон себе. -
8:09 - 8:11Ние често сме фокусирани на себе.
-
8:11 - 8:14Особено сме кон себе фокусирани
во време на кризи. -
8:14 - 8:16Сакам да ви кажам за една посебна криза.
-
8:16 - 8:19Човек влегува во банка во Ватсонвил,
Калифорнија. -
8:20 - 8:23Вели:„ Дајте ми 2.000 долари,
-
8:23 - 8:25или ќе ја разнесам банката со бомба.“
-
8:26 - 8:28Менаџерот на банката не му ги даде парите.
-
8:28 - 8:29Таа се приврати наназад.
-
8:30 - 8:31Ја зеде неговата перспектива
-
8:31 - 8:34и забележа нешто нвистина важно.
-
8:34 - 8:36Тој побара одредена сума на пари.
-
8:36 - 8:38Таа рече:
-
8:39 - 8:41„Зошто барате 2.000 долари?“
-
8:41 - 8:44Тој одговори:„Ќе го убијат мојот пријател
-
8:44 - 8:46ако не набавам 2.000 долари.“
-
8:46 - 8:49Таа рече:„Ах, не сакате да ограбите банка-
-
8:49 - 8:51ви треба заем.“
-
8:51 - 8:52(Смеа)
-
8:52 - 8:54„Зошто не дојдете во мојата канцеларија,
-
8:54 - 8:56ќе пополниме документи.“
-
8:56 - 8:57(Смеа)
-
8:57 - 9:02Нејзиното брзо завземање нa перспектива
јa смири напнатата ситуација. -
9:02 - 9:04Кога завземаме нечија перспектива,
-
9:04 - 9:09ни овозможува да бидеме амбициозни,
убедливи, но сепак допадливи. -
9:09 - 9:12Еве друг начин да се биде убедлив
и допадлив истовремено- -
9:12 - 9:15-сигнална флексибилност.
-
9:15 - 9:19Замислете дека продавате коли
и сакате некому да продадете возило. -
9:20 - 9:24Има поголема веројатност да продадете
ако понудите две опции. -
9:24 - 9:26Да речеме опција А:
-
9:26 - 9:2924.000 долари за колата
и 5 години гаранција. -
9:29 - 9:30Или опција Б:
-
9:31 - 9:3323.000 долари за колата
и 3 години гаранција. -
9:34 - 9:37Моите истражувања покажуваат дека,
кога давате избор меѓу опциите, -
9:37 - 9:39тоа ја намалува нивната одбрана
-
9:39 - 9:42и веројатно е дека ќе ја прифатат
понудата. -
9:42 - 9:44Ова не е само случај кај продажбите,
-
9:44 - 9:46успева и кај родителите.
-
9:46 - 9:47Кога внука ми имаше 4 год.
-
9:47 - 9:50не сакаше да се облекува и одбиваше сѐ.
-
9:50 - 9:53Снаа ми имаше брилијантна идеја.
-
9:53 - 9:56Што ако ѝ дадам на ќерка ми избор?
-
9:56 - 9:58Оваа или онаа маичка? Добро, оваа.
-
9:58 - 10:00Овие или тие панталони? Добро, тие.
-
10:00 - 10:01Функционираше перфектно.
-
10:01 - 10:05Детето брзо се облекуваше, без отпор.
-
10:05 - 10:08Кога прашував низ светот
-
10:08 - 10:10кога им е најудобно на луѓето да зборуват,
-
10:10 - 10:11одговор број еден беше:
-
10:11 - 10:16„Кога имам социјална поддршка од
публиката, кога имам сојузници.“ -
10:16 - 10:20Значи,сакаме сојузници на наша страна.
-
10:20 - 10:21Како го правиме тоа?
-
10:22 - 10:24Еден начин е да се биде мајка-мечка.
-
10:24 - 10:26Кога се залагаме за други,
-
10:26 - 10:29го шириме доменот во своите очи
и очите на другите, -
10:29 - 10:31но исто добиваме и силни сојузници.
-
10:32 - 10:37Друг начин да се добијат сојузници,
особено на високи места -
10:37 - 10:39е да бараме совет од други луѓе.
-
10:39 - 10:45Кога бараме совет од други, им се допаѓаме
зашто им се доворуваме, -
10:45 - 10:47и покажуваме понизност.
-
10:47 - 10:50Ова навистина помага да се реши
друг вид на двојна обврзаност, -
10:51 - 10:53а тоа е двојна обврзаност
за само-промовирање. -
10:53 - 10:55Овој вид на двојна обврзаност
-
10:55 - 10:58е кога не се рекламираме
со нашите достигнувања, -
10:58 - 10:59никој не забележува.
-
10:59 - 11:02ко го мправиме тоа,
не им се допаѓаме на другите. -
11:02 - 11:05Но,ако побараме совет за некое
од нашите достигнувања, -
11:05 - 11:10ќе бидеме компетентни во нивните очи
и ќе им се допаднеме. -
11:10 - 11:13Ова е многу моќно,
-
11:13 - 11:15делува дури и кога гледате дека доаѓа.
-
11:15 - 11:20Имав многу прилики во животот
кога сум бил предупредуван -
11:20 - 11:24дека некоја слаба личност има препорака
да ме праша за совет. -
11:24 - 11:27Сакам да ви посочам
три работи во однс на ова: -
11:27 - 11:30Прво,знаев дека ќе побараат совет.
-
11:30 - 11:34Второ,правев истражувања
на стратешки придобивки -
11:34 - 11:35на барање совет.
-
11:36 - 11:38Трето, сѐ уште беше успешно.
-
11:38 - 11:40Ја земав нивната перспектива,
-
11:40 - 11:42се вложував во нивните барања,
-
11:42 - 11:46им се посветувв повеќе
бидејќи им требаше совет. -
11:46 - 11:50Друг момемнт кога се чувствуваме
дека треба да зборуваме -
11:50 - 11:52е кога имаме знаење.
-
11:52 - 11:54Знењето ни дава кредибилитет.
-
11:55 - 11:58Кога имаме голема моќ, имаме кредибилитет.
-
11:58 - 11:59Ни требаат само добри докази.
-
12:00 - 12:03Кога немаме моќ, немаме кредибилитет.
-
12:03 - 12:05Ни требаат одлични докази.
-
12:05 - 12:09Еден начин како да дојдеме до стручност
-
12:09 - 12:11е да ја потхрануваме нашата страст.
-
12:12 - 12:16Во следните пет дена, секој од вас,
одете до некој пријател, -
12:16 - 12:17и само речете им:
-
12:17 - 12:20„Сакам да ми опишеш една своја страст.“
-
12:21 - 12:23Имаше луѓе кои го правеа ова насекаде
-
12:23 - 12:25и ги прашував:
-
12:25 - 12:27„Што забележавте кај оние
-
12:27 - 12:29кои ги опишува своите страсти?“
-
12:29 - 12:31Одговорот е секогаш ист.
-
12:31 - 12:33„Очите им светнаа шиурум отворени.“
-
12:33 - 12:36„Задоволно се насмевнаа.“
-
12:36 - 12:37„Гестикулираа-
-
12:37 - 12:40морав да се тргнам зашто
рацете им беа насекаде.“ -
12:40 - 12:42„Зборуваа гласно, со повисок тон.“
-
12:42 - 12:43(Смеа)
-
12:43 - 12:46„Се навалуваа како да ми кажуваат тајни.“
-
12:46 - 12:47Тогаш ги прашував:
-
12:47 - 12:50„Како ви беше вам кога слушавте
за нивните страсти?“ -
12:50 - 12:53Ми велеа:„Очите ми светеа.
-
12:53 - 12:54Се смеев.
-
12:54 - 12:55Се навалив.“
-
12:55 - 12:57Кога продираме во нашите страсти,
-
12:57 - 13:01си даваме храброст, во сопствените очи,
да прозбориме -
13:01 - 13:04но исто добиваме дозвола
од другите да прозбориме. -
13:05 - 13:10Продирањето во страстите
успева и кога сме слаби. -
13:11 - 13:15Мажи и жени се осудуваат кога плачат
на работно место. -
13:15 - 13:22Но Лизи Вулф покажа дека,кога ги
прикажуваме силните емоции како страст, -
13:22 - 13:28осудата за плачењето ја снемува
и за мажите и за жените. -
13:29 - 13:32Сакам да завршам со неколку
збора на мојот покоен татко -
13:32 - 13:34кои ги кажа на свадбата на мојот брат.
-
13:35 - 13:36Ова е слика од нас.
-
13:38 - 13:40Татко ми беше психолог, како мене,
-
13:40 - 13:44но неговата вистинска љубов
и стаст беше филмот, -
13:44 - 13:45како брат ми.
-
13:45 - 13:47Татко ми напиша говор за
свадбата на брат ми -
13:48 - 13:51за улогите кои ги играме
во човечката комедија. -
13:51 - 13:53„Колку понежно допираш“-рече,
-
13:53 - 13:57“толку си подобар во збогатувањето
на претставата. -
13:57 - 14:01Оние кои ги прегрнуваат улогите
и се трудат да се подобрат, -
14:02 - 14:05растат, се менуваат
и го прошируваат своето битие. -
14:05 - 14:06Играјте добро,
-
14:06 - 14:08и вашите денови ќе бидат најрадосни.“
-
14:09 - 14:11Она што го велеше татко ми,
-
14:11 - 14:14е дека сите ние имаме улоги
и домени во овој живот. -
14:15 - 14:19Но,тој исто ја кажа и суштината
на неговиот говор: -
14:19 - 14:24тие улоги и домени постојано
се прошируваат и еволуираат. -
14:25 - 14:27Кога сцената го бара тоа,
-
14:27 - 14:29бидете жестока мајка-мечка
-
14:29 - 14:31и понизен трагач по совет.
-
14:32 - 14:36Имајте одлични докази и силни сојузници.
-
14:36 - 14:38Бидете страствен завземач на перспективи.
-
14:39 - 14:40Ако ги употребите овие алатки--
-
14:41 - 14:44а секој од вас може да ги употреби тие алатки,
-
14:44 - 14:48ќе го проширите својот домен
на прифатено однесување -
14:48 - 14:51и вашите денови ќе бидат најрадосни.
-
14:52 - 14:53Благодарам!
-
14:53 - 14:56(Аплауз)
- Title:
- Како да зборувате во свое име
- Speaker:
- Адам Галински
- Description:
-
Да се проговори е тешко, дури и кога знаете дека треба. Научете како да се убедите себе си, како да управувате со непријатните состојби во околината и како да ја проширите сопствената моќ со мудрите совети на социјалниот психолог Адам Галински.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 15:08
Riaki Ponist commented on Macedonian subtitles for How to speak up for yourself | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI approved Macedonian subtitles for How to speak up for yourself | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for How to speak up for yourself | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How to speak up for yourself | ||
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How to speak up for yourself | ||
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How to speak up for yourself | ||
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How to speak up for yourself | ||
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How to speak up for yourself |
Riaki Ponist
Hello, TEDx version of this talk is available in this link:
http://www.amara.org/en/teams/ted/tasks/?team_video=414443
If you are translating or have translated this talk, please consider taking the TEDx version as well.