Return to Video

Џонатан Зитрен: Интернетот како случајни чинови на љубезност

  • 0:00 - 0:02
    Се викам Џонатан Зитрен.
  • 0:02 - 0:05
    Во мојата неодамнешна работа бев малку песимист,
  • 0:05 - 0:09
    па си реков ова утро да се обидам да бидам оптимист
  • 0:09 - 0:11
    и дадам причина за надеж
  • 0:11 - 0:13
    за иднината на интернетот
  • 0:13 - 0:16
    преку испитување на неговата сегашната состојба.
  • 0:16 - 0:20
    Можеби изгледа дека денес има помалку надеж отколку порано.
  • 0:20 - 0:22
    Луѓето се помалку љубезни. Има помалку доверба.
  • 0:22 - 0:26
    Не знам... како едноставен пример
  • 0:26 - 0:28
    може да направиме еден тест.
  • 0:28 - 0:35
    Колку од вас автостопирале?
  • 0:35 - 0:38
    Знам. Колку од вас автостопирале
  • 0:38 - 0:43
    во последниве 10 години?
  • 0:43 - 0:46
    Така. Значи, што се сменило?
  • 0:46 - 0:49
    Не е подобрениот јавен превоз.
  • 0:49 - 0:52
    Значи, тоа е една причина да се претпостави дека како група имаме
  • 0:52 - 0:55
    тенденција да назадуваме и да одиме во погрешна насока.
  • 0:55 - 0:58
    Но, јас сакам да ви дадам три примери
  • 0:58 - 1:01
    и да се обидам да покажам дека тренд-линијата,
  • 1:01 - 1:03
    всушност, оди во спортивната насока
  • 1:03 - 1:06
    и дека интернетот помага во тоа.
  • 1:06 - 1:09
    Значи, пример број еден: самиот интернет.
  • 1:09 - 1:13
    Ова се три од основачите на интернетот.
  • 1:13 - 1:15
    Тие, всушност, учеле заедно во исто средно училиште
  • 1:15 - 1:19
    во едно предградие на Лос Анџелес во 1960-тите.
  • 1:19 - 1:22
    Можеби вие сте биле дел од Францускиот клуб или Клубот за дебати.
  • 1:22 - 1:24
    Тие го имале клубот „Ајде да изградиме глобална мрежа“,
  • 1:24 - 1:27
    кој на крајот се покажа одличен.
  • 1:27 - 1:30
    Тука се сликани за Њусвик (Newsweek), по повод нивната 25-годишнина,
  • 1:30 - 1:33
    за написот „Ретроспектива на интернетот“.
  • 1:33 - 1:35
    Како што можете да заклучите,
  • 1:35 - 1:38
    тие се, во суштина, шегобијци.
  • 1:38 - 1:41
    Имале една голема пречка
  • 1:41 - 1:43
    и една голема слобода
  • 1:43 - 1:46
    при обидот за основање на глобална мрежа.
  • 1:46 - 1:50
    Пречката била тоа што немале пари.
  • 1:50 - 1:53
    Никаков капитал за инвестирање
  • 1:53 - 1:55
    од типот потребен за создавање физичка мрежа
  • 1:55 - 1:57
    од камиони, луѓе
  • 1:57 - 2:00
    и центар за пренесување пакети.
  • 2:00 - 2:02
    Немале ништо од тоа.
  • 2:02 - 2:04
    Но, имале една прекрасна слобода:
  • 2:04 - 2:08
    немале потреба да заработат профит од тоа.
  • 2:08 - 2:12
    Интернетот нема бизнис план и никогаш го немал.
  • 2:12 - 2:14
    Нема претседател на компанија,
  • 2:14 - 2:18
    нема фирма која самата е одговорна за изградбата.
  • 2:18 - 2:20
    Наместо тоа, интернетот е луѓе кои се собираат
  • 2:20 - 2:23
    за да направат нешто за забава,
  • 2:23 - 2:25
    а не затоа што мораат
  • 2:25 - 2:29
    или затоа што очекуваат да заработат нешто од сето тоа.
  • 2:29 - 2:32
    Овој дух на размислување доведе до создавање на мрежна архитектура,
  • 2:32 - 2:34
    структура која беше сосема различна
  • 2:34 - 2:38
    од која било дигитална мрежа тогаш или оттогаш.
  • 2:38 - 2:40
    Толку необична што, всушност,
  • 2:40 - 2:44
    малкумина веруваа дека идеата зад интернетот би можела да профункционира.
  • 2:44 - 2:47
    До 1992 година, АјБиЕм тврдеше
  • 2:47 - 2:50
    дека не е возможно да се изгради корпоративна мрежа
  • 2:50 - 2:53
    користејќи интернет протокол.
  • 2:53 - 2:55
    Дури и денес, некои интернет инженери велат дека
  • 2:55 - 2:59
    сето ова е пробен проект, за кој уште не е донесена конечна одлука.
  • 2:59 - 3:00
    (Смеа)
  • 3:00 - 3:04
    Поради тоа, доколку интернет инженерството имаше маскота,
  • 3:04 - 3:07
    тоа би била матичната пчела.
  • 3:07 - 3:10
    Бидејќи односот на крзното и распонот на крилјата кај матичната пчела
  • 3:10 - 3:12
    е премногу голем за таа да може да лета.
  • 3:12 - 3:17
    А, сепак, од некоја мистериозна причина, пчелата лета.
  • 3:17 - 3:20
    Мило ми е да кажам дека, благодарение на огромно владино финансирање,
  • 3:20 - 3:23
    пред околу три години конечно откривме на кој начин
  • 3:23 - 3:25
    летаат пчелите.
  • 3:25 - 3:27
    (Смеа)
  • 3:27 - 3:29
    Многу е комплицирано, но дознавме дека
  • 3:29 - 3:32
    ги размавтуваат крилја со огромна брзина.
  • 3:32 - 3:35
    (Смеа)
  • 3:35 - 3:39
    Значи, каква е оваа бизарна архитектонска конфигурација,
  • 3:39 - 3:42
    која овозможува мрежата да функционира и да биде толку необична?
  • 3:42 - 3:44
    Па, движењето на податоците
  • 3:44 - 3:47
    од едно до друго место - повторувам, многу се разликува од поштенска доставка.
  • 3:47 - 3:50
    Повеќе наликува на пренесување низ толпа.
  • 3:50 - 3:51
    (Смеа)
  • 3:51 - 3:53
    Замислете дека сте дел од некоја мрежа,
  • 3:53 - 3:56
    на пример, можеби сте на некој спортски настан.
  • 3:56 - 3:58
    Седите во вакви редови
  • 3:58 - 4:00
    и некој сака чаша пиво.
  • 4:00 - 4:03
    Таа се пренесува од рака на рака,
  • 4:03 - 4:05
    и вашата добрососедска должност
  • 4:05 - 4:07
    е да го предадете пивото понатаму,
  • 4:07 - 4:10
    притоа ризикувајќи ги вашите сопствени панталони,
  • 4:10 - 4:12
    за да го донесете до крајната дестинација.
  • 4:12 - 4:14
    Никој не ве плаќа за да го направите ова.
  • 4:14 - 4:17
    Тоа е само дел од вашата соседска должност.
  • 4:17 - 4:21
    И на некој начин, токму така пакетите на податоци се движат низ интернетот,
  • 4:21 - 4:23
    некогаш низ и до 25 или 30 раце,
  • 4:23 - 4:25
    при што субјектите кои учествуваат
  • 4:25 - 4:27
    во пренесувањето на информациите
  • 4:27 - 4:31
    немаат никаква договорна или правна обврска
  • 4:31 - 4:33
    кон првичниот праќач
  • 4:33 - 4:36
    или кон примачот.
  • 4:36 - 4:40
    Се разбира, при пренос низ толпа, тешко е да ја одредиш дестинацијата.
  • 4:40 - 4:42
    Потребно е многу доверба,
  • 4:42 - 4:45
    но не е баш нешто како „Се обидувам да стигнам до Пенсакола, ве молам“.
  • 4:45 - 4:49
    Значи, на интернетот му треба адресирање и насоки.
  • 4:49 - 4:53
    Не постои единствена и целовкупна мапа на интернетот.
  • 4:53 - 4:56
    Наместо тоа, тоа е како сите да седиме во театар,
  • 4:56 - 4:59
    и само низ магла може да ги видиме
  • 4:59 - 5:01
    луѓето кои се веднаш до нас.
  • 5:01 - 5:04
    Па, што правиме за да дознаме кој каде се наоѓа?
  • 5:04 - 5:06
    Се вртиме до личноста од нашата десна страна
  • 5:06 - 5:09
    и им кажуваме што гледаме на нашата лева страна.
  • 5:09 - 5:11
    И обратно.
  • 5:11 - 5:13
    И тие можат да ја го направат истото. И дур да трепнеш,
  • 5:13 - 5:16
    имаш општа слика за тоа каде што се наоѓа.
  • 5:16 - 5:21
    Ова е како интернет адресирањето и рутирањето, всушност, работат.
  • 5:21 - 5:25
    Ова е систем кој се потпира на љубезност и доверба,
  • 5:25 - 5:28
    што, воедно, го прави многу деликатен и ранлив.
  • 5:28 - 5:30
    Во некои ретки, но впечатливи случаи,
  • 5:30 - 5:33
    една лага кажана од страна на само една индивидуа
  • 5:33 - 5:35
    во ова саќе
  • 5:35 - 5:37
    може да доведе до сериозни проблеми.
  • 5:37 - 5:40
    На пример, лани,
  • 5:40 - 5:42
    владата на Пакистан
  • 5:42 - 5:45
    побара од тамошните интернет провајдери
  • 5:45 - 5:49
    да го забранат пристапот до Јутјуб (YouTube) на граѓаните на Пакистан.
  • 5:49 - 5:51
    На веб порталот имало некое видео, кое не ѝ се допаѓало на владата,
  • 5:51 - 5:53
    и сакале тоа да биде блокирано.
  • 5:53 - 5:55
    Ова е честа случка. Многу влади насекаде низ светот
  • 5:55 - 5:57
    често се обидуваат да блокираат,
  • 5:57 - 6:00
    филтрираат и цензорираат различни содржини на интернет.
  • 6:00 - 6:02
    Еден интернет сервис провајдер во Пакистан
  • 6:02 - 6:05
    решил да ја спроведе оваа блокада за своите корисници
  • 6:05 - 6:08
    на еден необичен начин.
  • 6:08 - 6:10
    Рекламирал -
  • 6:10 - 6:13
    на истиот начин на кој вие, доколку сте дел од интернетот,
  • 6:13 - 6:15
    треба да кажете што гледате до вас - рекламирал
  • 6:15 - 6:20
    дека до него... всушност, дека самиот тој
  • 6:20 - 6:22
    е Јутјуб.
  • 6:22 - 6:25
    „Токму така“, вели. „Јас сум Јутјуб“.
  • 6:25 - 6:27
    Тоа значи дека пакетите податоци
  • 6:27 - 6:29
    од корисниците кои го посетувале Јутјуб
  • 6:29 - 6:32
    застанале кај интернет сервис провајдерот, мислејќи дека се таму.
  • 6:32 - 6:34
    А, интернет сервис провајдерот ги отфрлил неотворени,
  • 6:34 - 6:36
    бидејќи целта била да се блокираат.
  • 6:36 - 6:38
    Но, тоа не запре таму.
  • 6:38 - 6:40
    Тоа соопштение
  • 6:40 - 6:42
    отишло еден клик понатаму
  • 6:42 - 6:45
    и се проширило како бран.
  • 6:45 - 6:47
    Кога ќе направиме
  • 6:47 - 6:49
    анализа на овој настан,
  • 6:49 - 6:51
    во еден даден момент
  • 6:51 - 6:53
    Јутјуб си работи нормално,
  • 6:53 - 6:55
    а во следниот момент,
  • 6:55 - 6:58
    се објавува лажниот оглас.
  • 6:58 - 7:00
    И за само две минути
  • 7:00 - 7:02
    одекнува наоколу
  • 7:02 - 7:05
    и Јутјуб е блокиран насекаде во светот.
  • 7:05 - 7:08
    Ако сте во Оксфорд, Англија, и се обидувате да се вклучите на Јутјуб,
  • 7:08 - 7:10
    вашите барања одат во Пакистан
  • 7:10 - 7:13
    и не враќаа никаков резултат.
  • 7:13 - 7:15
    Замислете си го тоа.
  • 7:15 - 7:17
    Една од најпопуларните веб-страници во светот,
  • 7:17 - 7:19
    водена од една од најмоќните компании во светот,
  • 7:19 - 7:23
    а сепак Јутјуб и Гугл
  • 7:23 - 7:26
    не можеа ништо да направат во врска со тоа.
  • 7:26 - 7:30
    Но, некако, по околу два часа,
  • 7:30 - 7:32
    проблемот беше поправен.
  • 7:32 - 7:34
    Како се случи тоа?
  • 7:34 - 7:37
    За да разбереме, одиме кај НАНОГ (NANOG),
  • 7:37 - 7:40
    Северноамериканската група на мрежни оператори.
  • 7:40 - 7:42
    Група луѓе кои,
  • 7:42 - 7:44
    додека денот надвор е прекрасен,
  • 7:44 - 7:46
    влегуваат во соба без прозорци,
  • 7:46 - 7:48
    се сместуваат на своите работни места
  • 7:48 - 7:51
    и читаат мејлови и пораки
  • 7:51 - 7:55
    во фиксиран фонт на букви, како овој,
  • 7:55 - 7:57
    и зборуваат за мрежи.
  • 7:57 - 7:59
    Некои од нив се обични вработени во интернет сервис провајдер фирми
  • 7:59 - 8:01
    низ светот.
  • 8:01 - 8:03
    Еве ја пораката на некој од нив што вели
  • 8:03 - 8:06
    „Изгледа дека имаме киднапирање на Јутјуб!
  • 8:06 - 8:09
    Ова не е вежба. Ова не е само грешка од невнимание
  • 8:09 - 8:11
    од страна на инженерите на Јутјуб. Ви ветувам.
  • 8:11 - 8:13
    Нешто се случува во Пакистан.“
  • 8:13 - 8:17
    И се собираат за да го најдат и решат проблемот.
  • 8:17 - 8:20
    Тоа ви е нешто како, на пример, куќата да ви се запали.
  • 8:20 - 8:24
    Лошата вест е дека нема противпожарна служба.
  • 8:24 - 8:27
    Добрата вест е дека случајни луѓе ќе се појават од никаде,
  • 8:27 - 8:31
    ќе го изгаснат пожарот и ќе си заминат без да очекуваат плата или пофалба.
  • 8:31 - 8:36
    (Аплауз)
  • 8:36 - 8:38
    Се обидував да смислам кој би бил вистинскиот модел со кој би го опишал
  • 8:38 - 8:40
    овој тип на случајни чинови на љубезност
  • 8:40 - 8:42
    од страна на непознати луѓе...
  • 8:42 - 8:47
    (Смеа)
  • 8:47 - 8:50
    Тоа е како кога ќе падне град
  • 8:50 - 8:52
    и луѓето се подготвени да помогнат.
  • 8:52 - 8:56
    Овој модел може да се виде насекаде, кога ќе почнете да го барате.
  • 8:56 - 8:59
    Пример број два: Википедија.
  • 8:59 - 9:02
    Ако човек по име Џимбо ви пријдеше во 2001 година
  • 9:02 - 9:05
    и ви речеше „Имам супер идеа! Ќе почнеме со седум статии, кои секој
  • 9:05 - 9:07
    може да ги уредува во кое било време
  • 9:07 - 9:10
    и така ќе направиме супер енциклопедија! Што мислиш?“.
  • 9:10 - 9:14
    Аха, да. Најглупава идеа на векот.
  • 9:14 - 9:15
    (Смеа)
  • 9:15 - 9:20
    Всушност, Википедија е една толку глупава идеа,
  • 9:20 - 9:23
    што Џимбо никогаш не ја ни имал.
  • 9:23 - 9:25
    Идеата на Џимбо беше за Нупедија.
  • 9:25 - 9:27
    Сосема традиционална енциклопедија. Тој би им плаќал на луѓето,
  • 9:27 - 9:29
    зошто што сакал да биде фин,
  • 9:29 - 9:31
    а луѓето
  • 9:31 - 9:33
    би пишувале статии.
  • 9:33 - 9:35
    Викито било воведено
  • 9:35 - 9:37
    за други да можат да даваат предлози за промени -
  • 9:37 - 9:39
    како второстепена идеа, како од некоја задна соба.
  • 9:39 - 9:42
    Но, излезе дека задната соба се прошири толку многу,
  • 9:42 - 9:44
    што го опфати целиот проект.
  • 9:44 - 9:47
    Па, денес Википедија присутна насекаде,
  • 9:47 - 9:51
    па може да се најде и на менијата во кинески ресторани.
  • 9:51 - 9:57
    (Смеа)
  • 9:57 - 9:59
    Не го измислувам ова.
  • 9:59 - 10:01
    (Смеа)
  • 10:01 - 10:04
    Имам една теорија, која може да ја објаснам подоцна.
  • 10:04 - 10:06
    Доволно е да кажам дека омилена Википедија ми е онаа
  • 10:06 - 10:08
    пржена со пиперки.
  • 10:08 - 10:10
    (Смеа)
  • 10:10 - 10:13
    Но, Википедија не си работи само туку-така, спонатано.
  • 10:13 - 10:15
    Па, како работи?
  • 10:15 - 10:17
    Па, постои една задна соба, без прозорци,
  • 10:17 - 10:19
    метафорички кажано.
  • 10:19 - 10:21
    И таму има еден куп луѓе кои, додека надвор е сончево,
  • 10:21 - 10:24
    порадо би седеле внатре
  • 10:24 - 10:26
    и би ја следеле оваа управна огласна табла,
  • 10:26 - 10:29
    која самата по себе е вики-страница што секој може да ја уредува.
  • 10:29 - 10:32
    Само треба да го кажеш својот проблем.
  • 10:32 - 10:35
    Потсетува на описот на историја како
  • 10:35 - 10:38
    „едно нешто после друго, а крај не се гледа“, нели?
  • 10:38 - 10:42
    Број еден: „Тенденциозно уредување од страна на корисникот Ендивифил“.
  • 10:42 - 10:45
    Ендивифил, ако случајно си во публиката - се извинувам.
  • 10:45 - 10:47
    Не завземам страни.
  • 10:47 - 10:50
    „Анонимец ме напаѓа за возвраќање“.
  • 10:50 - 10:52
    Мојот омилен: „Долга приказна“.
  • 10:52 - 10:53
    (Смеа)
  • 10:53 - 10:57
    Излегува дека има поголем број на луѓе кои ја проверуваат оваа страница
  • 10:57 - 10:59
    и се обидуваат да ги решат проблемите
  • 10:59 - 11:02
    отколку што има проблеми кои се појавуваат на страницата.
  • 11:02 - 11:05
    Тоа е она што Википедија ја одржува во живот.
  • 11:05 - 11:08
    Во секој момент, Википедија е околу
  • 11:08 - 11:13
    45 минути од целосно уништување. Нели?
  • 11:13 - 11:15
    Има спамботови кои се инфилтрираат и секоја статија сакаат да ја претворат
  • 11:15 - 11:17
    во реклама за часовниците Ролекс.
  • 11:17 - 11:18
    (Смеа)
  • 11:18 - 11:21
    Оваа тенка гиковска линија
  • 11:21 - 11:23
    е тоа што ја одржува Википедија.
  • 11:23 - 11:25
    Не бидејќи тоа е работа,
  • 11:25 - 11:27
    не бидејќи тоа е кариера,
  • 11:27 - 11:29
    туку бидејќи тоа е повик.
  • 11:29 - 11:32
    Чувствуваат потреба да го прават ова
  • 11:32 - 11:34
    бидејќи им е важно.
  • 11:34 - 11:36
    Дури се собираат и во групи,
  • 11:36 - 11:38
    како, на пример, Одделение против вандализм -
  • 11:38 - 11:41
    "Учтивост, зрелост, одговорност" -
  • 11:41 - 11:43
    само за да ги одржуваат страниците.
  • 11:43 - 11:46
    Ова ве тера да се запрашате, кој би чувал стража,
  • 11:46 - 11:50
    ако, на пример, за време на викендот се одвива
  • 11:50 - 11:52
    некоја масовна и многу популарна Стар Трек конвенција?
  • 11:52 - 11:57
    (Смеа)
  • 11:57 - 11:59
    Она што може да го согледаме...
  • 11:59 - 12:02
    (Смеа)
  • 12:02 - 12:06
    Она што може да го согледаме преку овој феномен
  • 12:06 - 12:10
    е нешто што лудиот покоен сообраќаен инженер
  • 12:10 - 12:12
    Ханс Мондерман го откри во Холандија
  • 12:12 - 12:14
    и овде, во Јужен Кенсингтон, а тоа е дека понекогаш
  • 12:14 - 12:19
    ако отстраниме некои од надворешните правила и знакови,
  • 12:19 - 12:21
    може да добиеме побезбедна средина,
  • 12:21 - 12:24
    во која луѓето можат да функционираат
  • 12:24 - 12:27
    и во која се почовечни едни со други.
  • 12:27 - 12:29
    Согледуваат дека мораат
  • 12:29 - 12:31
    да превземат одговорност за она што го прават.
  • 12:31 - 12:34
    Википедија го прифати ова.
  • 12:34 - 12:37
    Некои од вас можеби се сеќава на детето Стар Ворс (Војна на ѕвездите)?
  • 12:37 - 12:41
    Кутриот тинејџер кој се снимил со голф палка,
  • 12:41 - 12:43
    преправајќи се дека таа е ласерска сабја.
  • 12:43 - 12:46
    Клипот си го најде патот до интернетот,
  • 12:46 - 12:48
    без негова дозвола и дури без негово знаење, на почетокот.
  • 12:48 - 12:51
    Страшно заразно видео. Екстремно популарно.
  • 12:51 - 12:54
    Многу понижувачко за него.
  • 12:54 - 12:56
    Бидејќи Википедија, сепак, е енциклопедија,
  • 12:56 - 12:59
    мораше да има статија за детето Стар Ворс.
  • 12:59 - 13:01
    Секоја статија на Википедија има и соодветна страница за дискусија.
  • 13:01 - 13:03
    На оваа страница за дискусија се одвиваше
  • 13:03 - 13:06
    една доста опширна расправа - помеѓу корисниците на Википедија -
  • 13:06 - 13:10
    во врска со тоа дали името на детето
  • 13:10 - 13:12
    треба да се појави во статијата.
  • 13:12 - 13:14
    Двете страни имаа аргументи.
  • 13:14 - 13:16
    Овде се само дел од нив.
  • 13:16 - 13:18
    Најпосле одлучија,
  • 13:18 - 13:20
    далеку од едногласно,
  • 13:20 - 13:22
    да не го вклучат неговото вистинско име,
  • 13:22 - 13:25
    и покрај тоа што сите медиуми го направија тоа.
  • 13:25 - 13:28
    Едноставно не мислеа дека тоа е правилно.
  • 13:28 - 13:30
    Тоа беше еден чин на љубезност.
  • 13:30 - 13:32
    И ден денес, на страницата со статијата за детето Стар Ворс
  • 13:32 - 13:34
    има едно предупредување на почетокот,
  • 13:34 - 13:37
    кое вели дека неговото вистинско име не смее да се додаде.
  • 13:37 - 13:39
    Ако го прекршите ова правило, тоа веднаш ќе биде отстрането
  • 13:39 - 13:43
    од страна на луѓе кои можеби не се согласуваат со првобитната одлука,
  • 13:43 - 13:46
    но го почитуваат исходот
  • 13:46 - 13:48
    и работат за да го спроведат,
  • 13:48 - 13:52
    бидејќи веруваат во нешто поголемо од нивното мислење.
  • 13:52 - 13:55
    Од моја гледна точка, како адвокат, мора да кажам дека
  • 13:55 - 13:59
    овие луѓе го редефинираат законот и принципот на почитување на донесените одлуки.
  • 13:59 - 14:02
    Ова не е ограничено само на Википедија.
  • 14:02 - 14:04
    Го гледаме постојано на блогови.
  • 14:04 - 14:07
    Погледнете ја оваа насловна страница на Бизнисвик од 2005.
  • 14:07 - 14:09
    „Блоговите ќе го променат вашиот бизнис“.
  • 14:09 - 14:12
    Знам дека изгледаат смешно. И смешни се.
  • 14:12 - 14:14
    Започнуваат како секакви смешни проекти.
  • 14:14 - 14:16
    Ова ми е еден од омилените блогови од тој тип.
  • 14:16 - 14:19
    Мачки што личат на Хитлер точка ком (Catsthatlooklikehitler.com).
  • 14:19 - 14:20
    (Смеа)
  • 14:20 - 14:23
    Праќаш слика, ако твојата мачка
  • 14:23 - 14:25
    изгледа како Хитлер.
  • 14:25 - 14:32
    (Смеа)
  • 14:32 - 14:34
    Мислам, погледнете ја број четири. Можете ли да замислите да живеете
  • 14:34 - 14:36
    со таа мачка секој ден?
  • 14:36 - 14:37
    (Смеа)
  • 14:37 - 14:41
    Но, вакви будалештини може да видите
  • 14:41 - 14:43
    применети и на луѓе.
  • 14:43 - 14:47
    Ова е блог посветен на неумесни портрети.
  • 14:47 - 14:50
    Овде вели „Идилична ливада со железна ограда“.
  • 14:50 - 14:52
    Дали тоа позади неа е труп на животно?
  • 14:52 - 14:53
    (Смеа)
  • 14:53 - 14:55
    „Знаеш што? Мислам дека тоа е труп на животно
  • 14:55 - 14:57
    зад неа.“
  • 14:57 - 14:59
    И така, едно по друго.
  • 14:59 - 15:03
    Но, стигнувате до ова. „Сликата е отстранета по барање на сопственикот“.
  • 15:03 - 15:05
    Толку. Сликата е отстранета по барање на сопственикот.
  • 15:05 - 15:07
    Некој кој бил иссмеан му пишал
  • 15:07 - 15:10
    на оној што ја одржува страницата,
  • 15:10 - 15:13
    не со правна закана или парична понуда,
  • 15:13 - 15:15
    туку само рекол „Еј, ај ако може?“.
  • 15:15 - 15:17
    И човекот одговорил „Нема проблем“.
  • 15:17 - 15:21
    Верувам дека можеме да градиме онлајн платформи,
  • 15:21 - 15:24
    кои уште повеќе ќе го олеснат
  • 15:24 - 15:26
    гореспоменатиот процес,
  • 15:26 - 15:28
    и ќе ни овозможат на сите да согледаме
  • 15:28 - 15:30
    дека податоците кои ги наоѓаме онлајн
  • 15:30 - 15:34
    не се само податоци кои ги кликнуваме, копираме и ги пренесуваме понатаму,
  • 15:34 - 15:37
    туку податоци кои претставуваат човечка емоција,
  • 15:37 - 15:39
    напор и влијание,
  • 15:39 - 15:41
    и ќе ни овозможат да ги разгледаме од еден етички аспект
  • 15:41 - 15:44
    и да одлучиме што ќе правиме со нив.
  • 15:44 - 15:47
    Мислам дека ова е применливо и во вистинскиот свет.
  • 15:47 - 15:50
    Еден ден може да живееме во свет со уште повеќе цензура -
  • 15:50 - 15:53
    насекаде нешто ве снима и можеби го става тоа онлајн -
  • 15:53 - 15:55
    па би можеле да носиме нешто
  • 15:55 - 15:57
    на што ќе пишува „не сакам да сум сниман“.
  • 15:57 - 16:00
    И би имале технологија
  • 16:00 - 16:02
    што ќе му овозможи на оној што сликал да знае
  • 16:02 - 16:04
    дека некој сака да биде исконтактиран
  • 16:04 - 16:06
    пред сликата да се објави некаде,
  • 16:06 - 16:08
    доколку тоа не е проблем.
  • 16:08 - 16:10
    Па, оној што ја направил сликата може да одлучи
  • 16:10 - 16:14
    како и дали да ја почитува оваа молба.
  • 16:14 - 16:16
    Во вистинскиот свет, може да забележиме вакво филтрирање
  • 16:16 - 16:18
    што се случува во Пакистан.
  • 16:18 - 16:22
    Сега ги имаме средствата потребни да се изгради ваков систем,
  • 16:22 - 16:25
    за луѓето да можат да го пријават филтрирањето кога ќе наидат на него.
  • 16:25 - 16:29
    Нема да биде само... „Не знам, не можев да стигнам таму. Никому ништо.“
  • 16:29 - 16:31
    Туку, одеднаш тоа е колективна свесност
  • 16:31 - 16:34
    за што и каде е блокирано
  • 16:34 - 16:36
    и цензорирано онлајн.
  • 16:36 - 16:40
    Всушност, еве како технологијата го имитира животот,
  • 16:40 - 16:43
    кој ја имитира технологијата, или можеби е обратно.
  • 16:43 - 16:46
    Истражувач при универзитетот во Њујорк направи мали робот од картонски кутии,
  • 16:46 - 16:48
    со нацртана насмевка на лицето
  • 16:48 - 16:51
    мотор кој го движи само напред
  • 16:51 - 16:53
    и знаменце на задната страна
  • 16:53 - 16:55
    со посакуваната дестинација.
  • 16:55 - 16:57
    Пишува „Дали можете да ми помогнете да стигнам до таму?“.
  • 16:57 - 17:01
    Го пуштила на улиците на Менхетен.
  • 17:01 - 17:03
    (Смеа)
  • 17:03 - 17:06
    За што сè не се даваат пари деновиве.
  • 17:06 - 17:08
    Еве ја мапата на преку 43 луѓе,
  • 17:08 - 17:11
    кои помогнале да го насочат роботот - кој не може да врти -
  • 17:11 - 17:13
    и му помогнале да си продолжи по својот пат,
  • 17:13 - 17:15
    од еден до друг крај на паркот Вашингтон Сквер.
  • 17:15 - 17:17
    Ова нè носи до примерот број три: автостопирање.
  • 17:17 - 17:21
    Не сум баш убеден дека автостопирањето е минато.
  • 17:21 - 17:24
    Ја имаме групата за заедничко патување на craigslist.org.
  • 17:24 - 17:28
    Да се викаше „група за автостопирање“,
  • 17:28 - 17:31
    никој жив немаше да ја користи.
  • 17:31 - 17:33
    Но, ова е група за заедничко патување, а тоа во суштина е истата работа.
  • 17:33 - 17:36
    Зошто ја користат луѓето?
  • 17:36 - 17:38
    Не знам. Можеби си мислат дека убијците не планираат однапред?
  • 17:38 - 17:41
    (Смеа)
  • 17:41 - 17:47
    Не. Јас мислам дека вистинскиот одговор
  • 17:47 - 17:49
    е дека кога ќе редефинирате,
  • 17:49 - 17:51
    кога ќе исчекорите надвор од одредениот круг на застарени очекувања,
  • 17:51 - 17:54
    од пропаднат проект на кој му поминало времето
  • 17:54 - 17:57
    и сега фаќа прашина,
  • 17:57 - 17:59
    можете повторно да го потпалите овој вид на човечка љубезност и делење,
  • 17:59 - 18:03
    кој може да се види на места како овде, на craigslist.org.
  • 18:03 - 18:06
    Потоа, ова може да го потенцирате и да го претворите
  • 18:06 - 18:08
    во нешто како
  • 18:08 - 18:10
    Кауч сурфање точка орг (CouchSurfing.org).
  • 18:10 - 18:13
    Каучсурфање - идеа на еден дечко
  • 18:13 - 18:16
    конечно да ги спои луѓето кои одат на далечни патишта
  • 18:16 - 18:19
    и би сакале да спијат на каучот на некој странец, бесплатно,
  • 18:19 - 18:24
    со луѓе кои живеат далеку
  • 18:24 - 18:26
    и би сакале некој да им спие на каучот, бесплатно.
  • 18:26 - 18:30
    Брилијантна идеа.
  • 18:30 - 18:34
    Да, тоа е пчела која лета.
  • 18:34 - 18:36
    Неверојатно е колку успешни приказни од „сурфање за кауч“ има.
  • 18:36 - 18:39
    И, ако се прашувате: не, нема познати жртви
  • 18:39 - 18:43
    како резултат на Каучсурфинг.
  • 18:43 - 18:45
    Сепак, системот на репутација, во моментов
  • 18:45 - 18:48
    работи на тој начин што се дава извештај по искуствотото,
  • 18:48 - 18:51
    па така можеби постои некоја пристрасност при селекцијата.
  • 18:51 - 18:54
    (Смеа)
  • 18:54 - 18:58
    Моето залагање, моето убедување
  • 18:58 - 19:02
    е дека интернетот не е само куп информации.
  • 19:02 - 19:05
    Тоа не е именка. Глагол е.
  • 19:05 - 19:08
    И кога ќе се приклучите на него,
  • 19:08 - 19:10
    ако слушате доволно внимателно и одблиску,
  • 19:10 - 19:14
    ќе отркиете дека
  • 19:14 - 19:16
    таа информација
  • 19:16 - 19:18
    ви кажува нешто.
  • 19:18 - 19:20
    Ви го кажува она што го слушнавме вчера,
  • 19:20 - 19:22
    она што Демостен ни го кажа.
  • 19:22 - 19:25
    Вели „Ајде, да маршираме“. Ви благодарам.
  • 19:25 - 19:29
    (Аплауз)
Title:
Џонатан Зитрен: Интернетот како случајни чинови на љубезност
Speaker:
Jonathan Zittrain
Description:

Мислите дека светот е сè помалку и помалку пријателски настроен? Социјалниот теоретичар Џонатан Зитрен не се согласува со тоа. Тој вели дека интернетот е изграден од милиони чинови на љубезност, љубопитност и доверба.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
19:36
Evgenija Stojchevska added a translation

Macedonian subtitles

Revisions