1 00:00:00,000 --> 00:00:02,000 Се викам Џонатан Зитрен. 2 00:00:02,000 --> 00:00:05,000 Во мојата неодамнешна работа бев малку песимист, 3 00:00:05,000 --> 00:00:09,000 па си реков ова утро да се обидам да бидам оптимист 4 00:00:09,000 --> 00:00:11,000 и дадам причина за надеж 5 00:00:11,000 --> 00:00:13,000 за иднината на интернетот 6 00:00:13,000 --> 00:00:16,000 преку испитување на неговата сегашната состојба. 7 00:00:16,000 --> 00:00:20,000 Можеби изгледа дека денес има помалку надеж отколку порано. 8 00:00:20,000 --> 00:00:22,000 Луѓето се помалку љубезни. Има помалку доверба. 9 00:00:22,000 --> 00:00:26,000 Не знам... како едноставен пример 10 00:00:26,000 --> 00:00:28,000 може да направиме еден тест. 11 00:00:28,000 --> 00:00:35,000 Колку од вас автостопирале? 12 00:00:35,000 --> 00:00:38,000 Знам. Колку од вас автостопирале 13 00:00:38,000 --> 00:00:43,000 во последниве 10 години? 14 00:00:43,000 --> 00:00:46,000 Така. Значи, што се сменило? 15 00:00:46,000 --> 00:00:49,000 Не е подобрениот јавен превоз. 16 00:00:49,000 --> 00:00:52,000 Значи, тоа е една причина да се претпостави дека како група имаме 17 00:00:52,000 --> 00:00:55,000 тенденција да назадуваме и да одиме во погрешна насока. 18 00:00:55,000 --> 00:00:58,000 Но, јас сакам да ви дадам три примери 19 00:00:58,000 --> 00:01:01,000 и да се обидам да покажам дека тренд-линијата, 20 00:01:01,000 --> 00:01:03,000 всушност, оди во спортивната насока 21 00:01:03,000 --> 00:01:06,000 и дека интернетот помага во тоа. 22 00:01:06,000 --> 00:01:09,000 Значи, пример број еден: самиот интернет. 23 00:01:09,000 --> 00:01:13,000 Ова се три од основачите на интернетот. 24 00:01:13,000 --> 00:01:15,000 Тие, всушност, учеле заедно во исто средно училиште 25 00:01:15,000 --> 00:01:19,000 во едно предградие на Лос Анџелес во 1960-тите. 26 00:01:19,000 --> 00:01:22,000 Можеби вие сте биле дел од Францускиот клуб или Клубот за дебати. 27 00:01:22,000 --> 00:01:24,000 Тие го имале клубот „Ајде да изградиме глобална мрежа“, 28 00:01:24,000 --> 00:01:27,000 кој на крајот се покажа одличен. 29 00:01:27,000 --> 00:01:30,000 Тука се сликани за Њусвик (Newsweek), по повод нивната 25-годишнина, 30 00:01:30,000 --> 00:01:33,000 за написот „Ретроспектива на интернетот“. 31 00:01:33,000 --> 00:01:35,000 Како што можете да заклучите, 32 00:01:35,000 --> 00:01:38,000 тие се, во суштина, шегобијци. 33 00:01:38,000 --> 00:01:41,000 Имале една голема пречка 34 00:01:41,000 --> 00:01:43,000 и една голема слобода 35 00:01:43,000 --> 00:01:46,000 при обидот за основање на глобална мрежа. 36 00:01:46,000 --> 00:01:50,000 Пречката била тоа што немале пари. 37 00:01:50,000 --> 00:01:53,000 Никаков капитал за инвестирање 38 00:01:53,000 --> 00:01:55,000 од типот потребен за создавање физичка мрежа 39 00:01:55,000 --> 00:01:57,000 од камиони, луѓе 40 00:01:57,000 --> 00:02:00,000 и центар за пренесување пакети. 41 00:02:00,000 --> 00:02:02,000 Немале ништо од тоа. 42 00:02:02,000 --> 00:02:04,000 Но, имале една прекрасна слобода: 43 00:02:04,000 --> 00:02:08,000 немале потреба да заработат профит од тоа. 44 00:02:08,000 --> 00:02:12,000 Интернетот нема бизнис план и никогаш го немал. 45 00:02:12,000 --> 00:02:14,000 Нема претседател на компанија, 46 00:02:14,000 --> 00:02:18,000 нема фирма која самата е одговорна за изградбата. 47 00:02:18,000 --> 00:02:20,000 Наместо тоа, интернетот е луѓе кои се собираат 48 00:02:20,000 --> 00:02:23,000 за да направат нешто за забава, 49 00:02:23,000 --> 00:02:25,000 а не затоа што мораат 50 00:02:25,000 --> 00:02:29,000 или затоа што очекуваат да заработат нешто од сето тоа. 51 00:02:29,000 --> 00:02:32,000 Овој дух на размислување доведе до создавање на мрежна архитектура, 52 00:02:32,000 --> 00:02:34,000 структура која беше сосема различна 53 00:02:34,000 --> 00:02:38,000 од која било дигитална мрежа тогаш или оттогаш. 54 00:02:38,000 --> 00:02:40,000 Толку необична што, всушност, 55 00:02:40,000 --> 00:02:44,000 малкумина веруваа дека идеата зад интернетот би можела да профункционира. 56 00:02:44,000 --> 00:02:47,000 До 1992 година, АјБиЕм тврдеше 57 00:02:47,000 --> 00:02:50,000 дека не е возможно да се изгради корпоративна мрежа 58 00:02:50,000 --> 00:02:53,000 користејќи интернет протокол. 59 00:02:53,000 --> 00:02:55,000 Дури и денес, некои интернет инженери велат дека 60 00:02:55,000 --> 00:02:59,000 сето ова е пробен проект, за кој уште не е донесена конечна одлука. 61 00:02:59,000 --> 00:03:00,000 (Смеа) 62 00:03:00,000 --> 00:03:04,000 Поради тоа, доколку интернет инженерството имаше маскота, 63 00:03:04,000 --> 00:03:07,000 тоа би била матичната пчела. 64 00:03:07,000 --> 00:03:10,000 Бидејќи односот на крзното и распонот на крилјата кај матичната пчела 65 00:03:10,000 --> 00:03:12,000 е премногу голем за таа да може да лета. 66 00:03:12,000 --> 00:03:17,000 А, сепак, од некоја мистериозна причина, пчелата лета. 67 00:03:17,000 --> 00:03:20,000 Мило ми е да кажам дека, благодарение на огромно владино финансирање, 68 00:03:20,000 --> 00:03:23,000 пред околу три години конечно откривме на кој начин 69 00:03:23,000 --> 00:03:25,000 летаат пчелите. 70 00:03:25,000 --> 00:03:27,000 (Смеа) 71 00:03:27,000 --> 00:03:29,000 Многу е комплицирано, но дознавме дека 72 00:03:29,000 --> 00:03:32,000 ги размавтуваат крилја со огромна брзина. 73 00:03:32,000 --> 00:03:35,000 (Смеа) 74 00:03:35,000 --> 00:03:39,000 Значи, каква е оваа бизарна архитектонска конфигурација, 75 00:03:39,000 --> 00:03:42,000 која овозможува мрежата да функционира и да биде толку необична? 76 00:03:42,000 --> 00:03:44,000 Па, движењето на податоците 77 00:03:44,000 --> 00:03:47,000 од едно до друго место - повторувам, многу се разликува од поштенска доставка. 78 00:03:47,000 --> 00:03:50,000 Повеќе наликува на пренесување низ толпа. 79 00:03:50,000 --> 00:03:51,000 (Смеа) 80 00:03:51,000 --> 00:03:53,000 Замислете дека сте дел од некоја мрежа, 81 00:03:53,000 --> 00:03:56,000 на пример, можеби сте на некој спортски настан. 82 00:03:56,000 --> 00:03:58,000 Седите во вакви редови 83 00:03:58,000 --> 00:04:00,000 и некој сака чаша пиво. 84 00:04:00,000 --> 00:04:03,000 Таа се пренесува од рака на рака, 85 00:04:03,000 --> 00:04:05,000 и вашата добрососедска должност 86 00:04:05,000 --> 00:04:07,000 е да го предадете пивото понатаму, 87 00:04:07,000 --> 00:04:10,000 притоа ризикувајќи ги вашите сопствени панталони, 88 00:04:10,000 --> 00:04:12,000 за да го донесете до крајната дестинација. 89 00:04:12,000 --> 00:04:14,000 Никој не ве плаќа за да го направите ова. 90 00:04:14,000 --> 00:04:17,000 Тоа е само дел од вашата соседска должност. 91 00:04:17,000 --> 00:04:21,000 И на некој начин, токму така пакетите на податоци се движат низ интернетот, 92 00:04:21,000 --> 00:04:23,000 некогаш низ и до 25 или 30 раце, 93 00:04:23,000 --> 00:04:25,000 при што субјектите кои учествуваат 94 00:04:25,000 --> 00:04:27,000 во пренесувањето на информациите 95 00:04:27,000 --> 00:04:31,000 немаат никаква договорна или правна обврска 96 00:04:31,000 --> 00:04:33,000 кон првичниот праќач 97 00:04:33,000 --> 00:04:36,000 или кон примачот. 98 00:04:36,000 --> 00:04:40,000 Се разбира, при пренос низ толпа, тешко е да ја одредиш дестинацијата. 99 00:04:40,000 --> 00:04:42,000 Потребно е многу доверба, 100 00:04:42,000 --> 00:04:45,000 но не е баш нешто како „Се обидувам да стигнам до Пенсакола, ве молам“. 101 00:04:45,000 --> 00:04:49,000 Значи, на интернетот му треба адресирање и насоки. 102 00:04:49,000 --> 00:04:53,000 Не постои единствена и целовкупна мапа на интернетот. 103 00:04:53,000 --> 00:04:56,000 Наместо тоа, тоа е како сите да седиме во театар, 104 00:04:56,000 --> 00:04:59,000 и само низ магла може да ги видиме 105 00:04:59,000 --> 00:05:01,000 луѓето кои се веднаш до нас. 106 00:05:01,000 --> 00:05:04,000 Па, што правиме за да дознаме кој каде се наоѓа? 107 00:05:04,000 --> 00:05:06,000 Се вртиме до личноста од нашата десна страна 108 00:05:06,000 --> 00:05:09,000 и им кажуваме што гледаме на нашата лева страна. 109 00:05:09,000 --> 00:05:11,000 И обратно. 110 00:05:11,000 --> 00:05:13,000 И тие можат да ја го направат истото. И дур да трепнеш, 111 00:05:13,000 --> 00:05:16,000 имаш општа слика за тоа каде што се наоѓа. 112 00:05:16,000 --> 00:05:21,000 Ова е како интернет адресирањето и рутирањето, всушност, работат. 113 00:05:21,000 --> 00:05:25,000 Ова е систем кој се потпира на љубезност и доверба, 114 00:05:25,000 --> 00:05:28,000 што, воедно, го прави многу деликатен и ранлив. 115 00:05:28,000 --> 00:05:30,000 Во некои ретки, но впечатливи случаи, 116 00:05:30,000 --> 00:05:33,000 една лага кажана од страна на само една индивидуа 117 00:05:33,000 --> 00:05:35,000 во ова саќе 118 00:05:35,000 --> 00:05:37,000 може да доведе до сериозни проблеми. 119 00:05:37,000 --> 00:05:40,000 На пример, лани, 120 00:05:40,000 --> 00:05:42,000 владата на Пакистан 121 00:05:42,000 --> 00:05:45,000 побара од тамошните интернет провајдери 122 00:05:45,000 --> 00:05:49,000 да го забранат пристапот до Јутјуб (YouTube) на граѓаните на Пакистан. 123 00:05:49,000 --> 00:05:51,000 На веб порталот имало некое видео, кое не ѝ се допаѓало на владата, 124 00:05:51,000 --> 00:05:53,000 и сакале тоа да биде блокирано. 125 00:05:53,000 --> 00:05:55,000 Ова е честа случка. Многу влади насекаде низ светот 126 00:05:55,000 --> 00:05:57,000 често се обидуваат да блокираат, 127 00:05:57,000 --> 00:06:00,000 филтрираат и цензорираат различни содржини на интернет. 128 00:06:00,000 --> 00:06:02,000 Еден интернет сервис провајдер во Пакистан 129 00:06:02,000 --> 00:06:05,000 решил да ја спроведе оваа блокада за своите корисници 130 00:06:05,000 --> 00:06:08,000 на еден необичен начин. 131 00:06:08,000 --> 00:06:10,000 Рекламирал - 132 00:06:10,000 --> 00:06:13,000 на истиот начин на кој вие, доколку сте дел од интернетот, 133 00:06:13,000 --> 00:06:15,000 треба да кажете што гледате до вас - рекламирал 134 00:06:15,000 --> 00:06:20,000 дека до него... всушност, дека самиот тој 135 00:06:20,000 --> 00:06:22,000 е Јутјуб. 136 00:06:22,000 --> 00:06:25,000 „Токму така“, вели. „Јас сум Јутјуб“. 137 00:06:25,000 --> 00:06:27,000 Тоа значи дека пакетите податоци 138 00:06:27,000 --> 00:06:29,000 од корисниците кои го посетувале Јутјуб 139 00:06:29,000 --> 00:06:32,000 застанале кај интернет сервис провајдерот, мислејќи дека се таму. 140 00:06:32,000 --> 00:06:34,000 А, интернет сервис провајдерот ги отфрлил неотворени, 141 00:06:34,000 --> 00:06:36,000 бидејќи целта била да се блокираат. 142 00:06:36,000 --> 00:06:38,000 Но, тоа не запре таму. 143 00:06:38,000 --> 00:06:40,000 Тоа соопштение 144 00:06:40,000 --> 00:06:42,000 отишло еден клик понатаму 145 00:06:42,000 --> 00:06:45,000 и се проширило како бран. 146 00:06:45,000 --> 00:06:47,000 Кога ќе направиме 147 00:06:47,000 --> 00:06:49,000 анализа на овој настан, 148 00:06:49,000 --> 00:06:51,000 во еден даден момент 149 00:06:51,000 --> 00:06:53,000 Јутјуб си работи нормално, 150 00:06:53,000 --> 00:06:55,000 а во следниот момент, 151 00:06:55,000 --> 00:06:58,000 се објавува лажниот оглас. 152 00:06:58,000 --> 00:07:00,000 И за само две минути 153 00:07:00,000 --> 00:07:02,000 одекнува наоколу 154 00:07:02,000 --> 00:07:05,000 и Јутјуб е блокиран насекаде во светот. 155 00:07:05,000 --> 00:07:08,000 Ако сте во Оксфорд, Англија, и се обидувате да се вклучите на Јутјуб, 156 00:07:08,000 --> 00:07:10,000 вашите барања одат во Пакистан 157 00:07:10,000 --> 00:07:13,000 и не враќаа никаков резултат. 158 00:07:13,000 --> 00:07:15,000 Замислете си го тоа. 159 00:07:15,000 --> 00:07:17,000 Една од најпопуларните веб-страници во светот, 160 00:07:17,000 --> 00:07:19,000 водена од една од најмоќните компании во светот, 161 00:07:19,000 --> 00:07:23,000 а сепак Јутјуб и Гугл 162 00:07:23,000 --> 00:07:26,000 не можеа ништо да направат во врска со тоа. 163 00:07:26,000 --> 00:07:30,000 Но, некако, по околу два часа, 164 00:07:30,000 --> 00:07:32,000 проблемот беше поправен. 165 00:07:32,000 --> 00:07:34,000 Како се случи тоа? 166 00:07:34,000 --> 00:07:37,000 За да разбереме, одиме кај НАНОГ (NANOG), 167 00:07:37,000 --> 00:07:40,000 Северноамериканската група на мрежни оператори. 168 00:07:40,000 --> 00:07:42,000 Група луѓе кои, 169 00:07:42,000 --> 00:07:44,000 додека денот надвор е прекрасен, 170 00:07:44,000 --> 00:07:46,000 влегуваат во соба без прозорци, 171 00:07:46,000 --> 00:07:48,000 се сместуваат на своите работни места 172 00:07:48,000 --> 00:07:51,000 и читаат мејлови и пораки 173 00:07:51,000 --> 00:07:55,000 во фиксиран фонт на букви, како овој, 174 00:07:55,000 --> 00:07:57,000 и зборуваат за мрежи. 175 00:07:57,000 --> 00:07:59,000 Некои од нив се обични вработени во интернет сервис провајдер фирми 176 00:07:59,000 --> 00:08:01,000 низ светот. 177 00:08:01,000 --> 00:08:03,000 Еве ја пораката на некој од нив што вели 178 00:08:03,000 --> 00:08:06,000 „Изгледа дека имаме киднапирање на Јутјуб! 179 00:08:06,000 --> 00:08:09,000 Ова не е вежба. Ова не е само грешка од невнимание 180 00:08:09,000 --> 00:08:11,000 од страна на инженерите на Јутјуб. Ви ветувам. 181 00:08:11,000 --> 00:08:13,000 Нешто се случува во Пакистан.“ 182 00:08:13,000 --> 00:08:17,000 И се собираат за да го најдат и решат проблемот. 183 00:08:17,000 --> 00:08:20,000 Тоа ви е нешто како, на пример, куќата да ви се запали. 184 00:08:20,000 --> 00:08:24,000 Лошата вест е дека нема противпожарна служба. 185 00:08:24,000 --> 00:08:27,000 Добрата вест е дека случајни луѓе ќе се појават од никаде, 186 00:08:27,000 --> 00:08:31,000 ќе го изгаснат пожарот и ќе си заминат без да очекуваат плата или пофалба. 187 00:08:31,000 --> 00:08:36,000 (Аплауз) 188 00:08:36,000 --> 00:08:38,000 Се обидував да смислам кој би бил вистинскиот модел со кој би го опишал 189 00:08:38,000 --> 00:08:40,000 овој тип на случајни чинови на љубезност 190 00:08:40,000 --> 00:08:42,000 од страна на непознати луѓе... 191 00:08:42,000 --> 00:08:47,000 (Смеа) 192 00:08:47,000 --> 00:08:50,000 Тоа е како кога ќе падне град 193 00:08:50,000 --> 00:08:52,000 и луѓето се подготвени да помогнат. 194 00:08:52,000 --> 00:08:56,000 Овој модел може да се виде насекаде, кога ќе почнете да го барате. 195 00:08:56,000 --> 00:08:59,000 Пример број два: Википедија. 196 00:08:59,000 --> 00:09:02,000 Ако човек по име Џимбо ви пријдеше во 2001 година 197 00:09:02,000 --> 00:09:05,000 и ви речеше „Имам супер идеа! Ќе почнеме со седум статии, кои секој 198 00:09:05,000 --> 00:09:07,000 може да ги уредува во кое било време 199 00:09:07,000 --> 00:09:10,000 и така ќе направиме супер енциклопедија! Што мислиш?“. 200 00:09:10,000 --> 00:09:14,000 Аха, да. Најглупава идеа на векот. 201 00:09:14,000 --> 00:09:15,000 (Смеа) 202 00:09:15,000 --> 00:09:20,000 Всушност, Википедија е една толку глупава идеа, 203 00:09:20,000 --> 00:09:23,000 што Џимбо никогаш не ја ни имал. 204 00:09:23,000 --> 00:09:25,000 Идеата на Џимбо беше за Нупедија. 205 00:09:25,000 --> 00:09:27,000 Сосема традиционална енциклопедија. Тој би им плаќал на луѓето, 206 00:09:27,000 --> 00:09:29,000 зошто што сакал да биде фин, 207 00:09:29,000 --> 00:09:31,000 а луѓето 208 00:09:31,000 --> 00:09:33,000 би пишувале статии. 209 00:09:33,000 --> 00:09:35,000 Викито било воведено 210 00:09:35,000 --> 00:09:37,000 за други да можат да даваат предлози за промени - 211 00:09:37,000 --> 00:09:39,000 како второстепена идеа, како од некоја задна соба. 212 00:09:39,000 --> 00:09:42,000 Но, излезе дека задната соба се прошири толку многу, 213 00:09:42,000 --> 00:09:44,000 што го опфати целиот проект. 214 00:09:44,000 --> 00:09:47,000 Па, денес Википедија присутна насекаде, 215 00:09:47,000 --> 00:09:51,000 па може да се најде и на менијата во кинески ресторани. 216 00:09:51,000 --> 00:09:57,000 (Смеа) 217 00:09:57,000 --> 00:09:59,000 Не го измислувам ова. 218 00:09:59,000 --> 00:10:01,000 (Смеа) 219 00:10:01,000 --> 00:10:04,000 Имам една теорија, која може да ја објаснам подоцна. 220 00:10:04,000 --> 00:10:06,000 Доволно е да кажам дека омилена Википедија ми е онаа 221 00:10:06,000 --> 00:10:08,000 пржена со пиперки. 222 00:10:08,000 --> 00:10:10,000 (Смеа) 223 00:10:10,000 --> 00:10:13,000 Но, Википедија не си работи само туку-така, спонатано. 224 00:10:13,000 --> 00:10:15,000 Па, како работи? 225 00:10:15,000 --> 00:10:17,000 Па, постои една задна соба, без прозорци, 226 00:10:17,000 --> 00:10:19,000 метафорички кажано. 227 00:10:19,000 --> 00:10:21,000 И таму има еден куп луѓе кои, додека надвор е сончево, 228 00:10:21,000 --> 00:10:24,000 порадо би седеле внатре 229 00:10:24,000 --> 00:10:26,000 и би ја следеле оваа управна огласна табла, 230 00:10:26,000 --> 00:10:29,000 која самата по себе е вики-страница што секој може да ја уредува. 231 00:10:29,000 --> 00:10:32,000 Само треба да го кажеш својот проблем. 232 00:10:32,000 --> 00:10:35,000 Потсетува на описот на историја како 233 00:10:35,000 --> 00:10:38,000 „едно нешто после друго, а крај не се гледа“, нели? 234 00:10:38,000 --> 00:10:42,000 Број еден: „Тенденциозно уредување од страна на корисникот Ендивифил“. 235 00:10:42,000 --> 00:10:45,000 Ендивифил, ако случајно си во публиката - се извинувам. 236 00:10:45,000 --> 00:10:47,000 Не завземам страни. 237 00:10:47,000 --> 00:10:50,000 „Анонимец ме напаѓа за возвраќање“. 238 00:10:50,000 --> 00:10:52,000 Мојот омилен: „Долга приказна“. 239 00:10:52,000 --> 00:10:53,000 (Смеа) 240 00:10:53,000 --> 00:10:57,000 Излегува дека има поголем број на луѓе кои ја проверуваат оваа страница 241 00:10:57,000 --> 00:10:59,000 и се обидуваат да ги решат проблемите 242 00:10:59,000 --> 00:11:02,000 отколку што има проблеми кои се појавуваат на страницата. 243 00:11:02,000 --> 00:11:05,000 Тоа е она што Википедија ја одржува во живот. 244 00:11:05,000 --> 00:11:08,000 Во секој момент, Википедија е околу 245 00:11:08,000 --> 00:11:13,000 45 минути од целосно уништување. Нели? 246 00:11:13,000 --> 00:11:15,000 Има спамботови кои се инфилтрираат и секоја статија сакаат да ја претворат 247 00:11:15,000 --> 00:11:17,000 во реклама за часовниците Ролекс. 248 00:11:17,000 --> 00:11:18,000 (Смеа) 249 00:11:18,000 --> 00:11:21,000 Оваа тенка гиковска линија 250 00:11:21,000 --> 00:11:23,000 е тоа што ја одржува Википедија. 251 00:11:23,000 --> 00:11:25,000 Не бидејќи тоа е работа, 252 00:11:25,000 --> 00:11:27,000 не бидејќи тоа е кариера, 253 00:11:27,000 --> 00:11:29,000 туку бидејќи тоа е повик. 254 00:11:29,000 --> 00:11:32,000 Чувствуваат потреба да го прават ова 255 00:11:32,000 --> 00:11:34,000 бидејќи им е важно. 256 00:11:34,000 --> 00:11:36,000 Дури се собираат и во групи, 257 00:11:36,000 --> 00:11:38,000 како, на пример, Одделение против вандализм - 258 00:11:38,000 --> 00:11:41,000 "Учтивост, зрелост, одговорност" - 259 00:11:41,000 --> 00:11:43,000 само за да ги одржуваат страниците. 260 00:11:43,000 --> 00:11:46,000 Ова ве тера да се запрашате, кој би чувал стража, 261 00:11:46,000 --> 00:11:50,000 ако, на пример, за време на викендот се одвива 262 00:11:50,000 --> 00:11:52,000 некоја масовна и многу популарна Стар Трек конвенција? 263 00:11:52,000 --> 00:11:57,000 (Смеа) 264 00:11:57,000 --> 00:11:59,000 Она што може да го согледаме... 265 00:11:59,000 --> 00:12:02,000 (Смеа) 266 00:12:02,000 --> 00:12:06,000 Она што може да го согледаме преку овој феномен 267 00:12:06,000 --> 00:12:10,000 е нешто што лудиот покоен сообраќаен инженер 268 00:12:10,000 --> 00:12:12,000 Ханс Мондерман го откри во Холандија 269 00:12:12,000 --> 00:12:14,000 и овде, во Јужен Кенсингтон, а тоа е дека понекогаш 270 00:12:14,000 --> 00:12:19,000 ако отстраниме некои од надворешните правила и знакови, 271 00:12:19,000 --> 00:12:21,000 може да добиеме побезбедна средина, 272 00:12:21,000 --> 00:12:24,000 во која луѓето можат да функционираат 273 00:12:24,000 --> 00:12:27,000 и во која се почовечни едни со други. 274 00:12:27,000 --> 00:12:29,000 Согледуваат дека мораат 275 00:12:29,000 --> 00:12:31,000 да превземат одговорност за она што го прават. 276 00:12:31,000 --> 00:12:34,000 Википедија го прифати ова. 277 00:12:34,000 --> 00:12:37,000 Некои од вас можеби се сеќава на детето Стар Ворс (Војна на ѕвездите)? 278 00:12:37,000 --> 00:12:41,000 Кутриот тинејџер кој се снимил со голф палка, 279 00:12:41,000 --> 00:12:43,000 преправајќи се дека таа е ласерска сабја. 280 00:12:43,000 --> 00:12:46,000 Клипот си го најде патот до интернетот, 281 00:12:46,000 --> 00:12:48,000 без негова дозвола и дури без негово знаење, на почетокот. 282 00:12:48,000 --> 00:12:51,000 Страшно заразно видео. Екстремно популарно. 283 00:12:51,000 --> 00:12:54,000 Многу понижувачко за него. 284 00:12:54,000 --> 00:12:56,000 Бидејќи Википедија, сепак, е енциклопедија, 285 00:12:56,000 --> 00:12:59,000 мораше да има статија за детето Стар Ворс. 286 00:12:59,000 --> 00:13:01,000 Секоја статија на Википедија има и соодветна страница за дискусија. 287 00:13:01,000 --> 00:13:03,000 На оваа страница за дискусија се одвиваше 288 00:13:03,000 --> 00:13:06,000 една доста опширна расправа - помеѓу корисниците на Википедија - 289 00:13:06,000 --> 00:13:10,000 во врска со тоа дали името на детето 290 00:13:10,000 --> 00:13:12,000 треба да се појави во статијата. 291 00:13:12,000 --> 00:13:14,000 Двете страни имаа аргументи. 292 00:13:14,000 --> 00:13:16,000 Овде се само дел од нив. 293 00:13:16,000 --> 00:13:18,000 Најпосле одлучија, 294 00:13:18,000 --> 00:13:20,000 далеку од едногласно, 295 00:13:20,000 --> 00:13:22,000 да не го вклучат неговото вистинско име, 296 00:13:22,000 --> 00:13:25,000 и покрај тоа што сите медиуми го направија тоа. 297 00:13:25,000 --> 00:13:28,000 Едноставно не мислеа дека тоа е правилно. 298 00:13:28,000 --> 00:13:30,000 Тоа беше еден чин на љубезност. 299 00:13:30,000 --> 00:13:32,000 И ден денес, на страницата со статијата за детето Стар Ворс 300 00:13:32,000 --> 00:13:34,000 има едно предупредување на почетокот, 301 00:13:34,000 --> 00:13:37,000 кое вели дека неговото вистинско име не смее да се додаде. 302 00:13:37,000 --> 00:13:39,000 Ако го прекршите ова правило, тоа веднаш ќе биде отстрането 303 00:13:39,000 --> 00:13:43,000 од страна на луѓе кои можеби не се согласуваат со првобитната одлука, 304 00:13:43,000 --> 00:13:46,000 но го почитуваат исходот 305 00:13:46,000 --> 00:13:48,000 и работат за да го спроведат, 306 00:13:48,000 --> 00:13:52,000 бидејќи веруваат во нешто поголемо од нивното мислење. 307 00:13:52,000 --> 00:13:55,000 Од моја гледна точка, како адвокат, мора да кажам дека 308 00:13:55,000 --> 00:13:59,000 овие луѓе го редефинираат законот и принципот на почитување на донесените одлуки. 309 00:13:59,000 --> 00:14:02,000 Ова не е ограничено само на Википедија. 310 00:14:02,000 --> 00:14:04,000 Го гледаме постојано на блогови. 311 00:14:04,000 --> 00:14:07,000 Погледнете ја оваа насловна страница на Бизнисвик од 2005. 312 00:14:07,000 --> 00:14:09,000 „Блоговите ќе го променат вашиот бизнис“. 313 00:14:09,000 --> 00:14:12,000 Знам дека изгледаат смешно. И смешни се. 314 00:14:12,000 --> 00:14:14,000 Започнуваат како секакви смешни проекти. 315 00:14:14,000 --> 00:14:16,000 Ова ми е еден од омилените блогови од тој тип. 316 00:14:16,000 --> 00:14:19,000 Мачки што личат на Хитлер точка ком (Catsthatlooklikehitler.com). 317 00:14:19,000 --> 00:14:20,000 (Смеа) 318 00:14:20,000 --> 00:14:23,000 Праќаш слика, ако твојата мачка 319 00:14:23,000 --> 00:14:25,000 изгледа како Хитлер. 320 00:14:25,000 --> 00:14:32,000 (Смеа) 321 00:14:32,000 --> 00:14:34,000 Мислам, погледнете ја број четири. Можете ли да замислите да живеете 322 00:14:34,000 --> 00:14:36,000 со таа мачка секој ден? 323 00:14:36,000 --> 00:14:37,000 (Смеа) 324 00:14:37,000 --> 00:14:41,000 Но, вакви будалештини може да видите 325 00:14:41,000 --> 00:14:43,000 применети и на луѓе. 326 00:14:43,000 --> 00:14:47,000 Ова е блог посветен на неумесни портрети. 327 00:14:47,000 --> 00:14:50,000 Овде вели „Идилична ливада со железна ограда“. 328 00:14:50,000 --> 00:14:52,000 Дали тоа позади неа е труп на животно? 329 00:14:52,000 --> 00:14:53,000 (Смеа) 330 00:14:53,000 --> 00:14:55,000 „Знаеш што? Мислам дека тоа е труп на животно 331 00:14:55,000 --> 00:14:57,000 зад неа.“ 332 00:14:57,000 --> 00:14:59,000 И така, едно по друго. 333 00:14:59,000 --> 00:15:03,000 Но, стигнувате до ова. „Сликата е отстранета по барање на сопственикот“. 334 00:15:03,000 --> 00:15:05,000 Толку. Сликата е отстранета по барање на сопственикот. 335 00:15:05,000 --> 00:15:07,000 Некој кој бил иссмеан му пишал 336 00:15:07,000 --> 00:15:10,000 на оној што ја одржува страницата, 337 00:15:10,000 --> 00:15:13,000 не со правна закана или парична понуда, 338 00:15:13,000 --> 00:15:15,000 туку само рекол „Еј, ај ако може?“. 339 00:15:15,000 --> 00:15:17,000 И човекот одговорил „Нема проблем“. 340 00:15:17,000 --> 00:15:21,000 Верувам дека можеме да градиме онлајн платформи, 341 00:15:21,000 --> 00:15:24,000 кои уште повеќе ќе го олеснат 342 00:15:24,000 --> 00:15:26,000 гореспоменатиот процес, 343 00:15:26,000 --> 00:15:28,000 и ќе ни овозможат на сите да согледаме 344 00:15:28,000 --> 00:15:30,000 дека податоците кои ги наоѓаме онлајн 345 00:15:30,000 --> 00:15:34,000 не се само податоци кои ги кликнуваме, копираме и ги пренесуваме понатаму, 346 00:15:34,000 --> 00:15:37,000 туку податоци кои претставуваат човечка емоција, 347 00:15:37,000 --> 00:15:39,000 напор и влијание, 348 00:15:39,000 --> 00:15:41,000 и ќе ни овозможат да ги разгледаме од еден етички аспект 349 00:15:41,000 --> 00:15:44,000 и да одлучиме што ќе правиме со нив. 350 00:15:44,000 --> 00:15:47,000 Мислам дека ова е применливо и во вистинскиот свет. 351 00:15:47,000 --> 00:15:50,000 Еден ден може да живееме во свет со уште повеќе цензура - 352 00:15:50,000 --> 00:15:53,000 насекаде нешто ве снима и можеби го става тоа онлајн - 353 00:15:53,000 --> 00:15:55,000 па би можеле да носиме нешто 354 00:15:55,000 --> 00:15:57,000 на што ќе пишува „не сакам да сум сниман“. 355 00:15:57,000 --> 00:16:00,000 И би имале технологија 356 00:16:00,000 --> 00:16:02,000 што ќе му овозможи на оној што сликал да знае 357 00:16:02,000 --> 00:16:04,000 дека некој сака да биде исконтактиран 358 00:16:04,000 --> 00:16:06,000 пред сликата да се објави некаде, 359 00:16:06,000 --> 00:16:08,000 доколку тоа не е проблем. 360 00:16:08,000 --> 00:16:10,000 Па, оној што ја направил сликата може да одлучи 361 00:16:10,000 --> 00:16:14,000 како и дали да ја почитува оваа молба. 362 00:16:14,000 --> 00:16:16,000 Во вистинскиот свет, може да забележиме вакво филтрирање 363 00:16:16,000 --> 00:16:18,000 што се случува во Пакистан. 364 00:16:18,000 --> 00:16:22,000 Сега ги имаме средствата потребни да се изгради ваков систем, 365 00:16:22,000 --> 00:16:25,000 за луѓето да можат да го пријават филтрирањето кога ќе наидат на него. 366 00:16:25,000 --> 00:16:29,000 Нема да биде само... „Не знам, не можев да стигнам таму. Никому ништо.“ 367 00:16:29,000 --> 00:16:31,000 Туку, одеднаш тоа е колективна свесност 368 00:16:31,000 --> 00:16:34,000 за што и каде е блокирано 369 00:16:34,000 --> 00:16:36,000 и цензорирано онлајн. 370 00:16:36,000 --> 00:16:40,000 Всушност, еве како технологијата го имитира животот, 371 00:16:40,000 --> 00:16:43,000 кој ја имитира технологијата, или можеби е обратно. 372 00:16:43,000 --> 00:16:46,000 Истражувач при универзитетот во Њујорк направи мали робот од картонски кутии, 373 00:16:46,000 --> 00:16:48,000 со нацртана насмевка на лицето 374 00:16:48,000 --> 00:16:51,000 мотор кој го движи само напред 375 00:16:51,000 --> 00:16:53,000 и знаменце на задната страна 376 00:16:53,000 --> 00:16:55,000 со посакуваната дестинација. 377 00:16:55,000 --> 00:16:57,000 Пишува „Дали можете да ми помогнете да стигнам до таму?“. 378 00:16:57,000 --> 00:17:01,000 Го пуштила на улиците на Менхетен. 379 00:17:01,000 --> 00:17:03,000 (Смеа) 380 00:17:03,000 --> 00:17:06,000 За што сè не се даваат пари деновиве. 381 00:17:06,000 --> 00:17:08,000 Еве ја мапата на преку 43 луѓе, 382 00:17:08,000 --> 00:17:11,000 кои помогнале да го насочат роботот - кој не може да врти - 383 00:17:11,000 --> 00:17:13,000 и му помогнале да си продолжи по својот пат, 384 00:17:13,000 --> 00:17:15,000 од еден до друг крај на паркот Вашингтон Сквер. 385 00:17:15,000 --> 00:17:17,000 Ова нè носи до примерот број три: автостопирање. 386 00:17:17,000 --> 00:17:21,000 Не сум баш убеден дека автостопирањето е минато. 387 00:17:21,000 --> 00:17:24,000 Ја имаме групата за заедничко патување на craigslist.org. 388 00:17:24,000 --> 00:17:28,000 Да се викаше „група за автостопирање“, 389 00:17:28,000 --> 00:17:31,000 никој жив немаше да ја користи. 390 00:17:31,000 --> 00:17:33,000 Но, ова е група за заедничко патување, а тоа во суштина е истата работа. 391 00:17:33,000 --> 00:17:36,000 Зошто ја користат луѓето? 392 00:17:36,000 --> 00:17:38,000 Не знам. Можеби си мислат дека убијците не планираат однапред? 393 00:17:38,000 --> 00:17:41,000 (Смеа) 394 00:17:41,000 --> 00:17:47,000 Не. Јас мислам дека вистинскиот одговор 395 00:17:47,000 --> 00:17:49,000 е дека кога ќе редефинирате, 396 00:17:49,000 --> 00:17:51,000 кога ќе исчекорите надвор од одредениот круг на застарени очекувања, 397 00:17:51,000 --> 00:17:54,000 од пропаднат проект на кој му поминало времето 398 00:17:54,000 --> 00:17:57,000 и сега фаќа прашина, 399 00:17:57,000 --> 00:17:59,000 можете повторно да го потпалите овој вид на човечка љубезност и делење, 400 00:17:59,000 --> 00:18:03,000 кој може да се види на места како овде, на craigslist.org. 401 00:18:03,000 --> 00:18:06,000 Потоа, ова може да го потенцирате и да го претворите 402 00:18:06,000 --> 00:18:08,000 во нешто како 403 00:18:08,000 --> 00:18:10,000 Кауч сурфање точка орг (CouchSurfing.org). 404 00:18:10,000 --> 00:18:13,000 Каучсурфање - идеа на еден дечко 405 00:18:13,000 --> 00:18:16,000 конечно да ги спои луѓето кои одат на далечни патишта 406 00:18:16,000 --> 00:18:19,000 и би сакале да спијат на каучот на некој странец, бесплатно, 407 00:18:19,000 --> 00:18:24,000 со луѓе кои живеат далеку 408 00:18:24,000 --> 00:18:26,000 и би сакале некој да им спие на каучот, бесплатно. 409 00:18:26,000 --> 00:18:30,000 Брилијантна идеа. 410 00:18:30,000 --> 00:18:34,000 Да, тоа е пчела која лета. 411 00:18:34,000 --> 00:18:36,000 Неверојатно е колку успешни приказни од „сурфање за кауч“ има. 412 00:18:36,000 --> 00:18:39,000 И, ако се прашувате: не, нема познати жртви 413 00:18:39,000 --> 00:18:43,000 како резултат на Каучсурфинг. 414 00:18:43,000 --> 00:18:45,000 Сепак, системот на репутација, во моментов 415 00:18:45,000 --> 00:18:48,000 работи на тој начин што се дава извештај по искуствотото, 416 00:18:48,000 --> 00:18:51,000 па така можеби постои некоја пристрасност при селекцијата. 417 00:18:51,000 --> 00:18:54,000 (Смеа) 418 00:18:54,000 --> 00:18:58,000 Моето залагање, моето убедување 419 00:18:58,000 --> 00:19:02,000 е дека интернетот не е само куп информации. 420 00:19:02,000 --> 00:19:05,000 Тоа не е именка. Глагол е. 421 00:19:05,000 --> 00:19:08,000 И кога ќе се приклучите на него, 422 00:19:08,000 --> 00:19:10,000 ако слушате доволно внимателно и одблиску, 423 00:19:10,000 --> 00:19:14,000 ќе отркиете дека 424 00:19:14,000 --> 00:19:16,000 таа информација 425 00:19:16,000 --> 00:19:18,000 ви кажува нешто. 426 00:19:18,000 --> 00:19:20,000 Ви го кажува она што го слушнавме вчера, 427 00:19:20,000 --> 00:19:22,000 она што Демостен ни го кажа. 428 00:19:22,000 --> 00:19:25,000 Вели „Ајде, да маршираме“. Ви благодарам. 429 00:19:25,000 --> 00:19:29,000 (Аплауз)