Брене Браун: Моќта на ранливоста
-
0:00 - 0:02Ќе започнам со ова:
-
0:02 - 0:04пред две години, ме викна еден организатор на настани
-
0:04 - 0:06поради тоа што требаше да држам говор.
-
0:06 - 0:08Ме повика, и рече,
-
0:08 - 0:10"Имам проблем, навистина не знам како
-
0:10 - 0:12да те опишам на флаерот."
-
0:12 - 0:14И јас реков, "Па добро, што е проблемот?"
-
0:14 - 0:16Таа рече, "Те видов како зборуваше,
-
0:16 - 0:19и би те именувала како истражувач, мислам,
-
0:19 - 0:21меѓутоа страв ми е дека ако те викам истражувач никој нема да дојде,
-
0:21 - 0:23бидејќи ќе мислат дека си досадна и ирелевантна."
-
0:23 - 0:25(Смеа)
-
0:25 - 0:27Во ред.
-
0:27 - 0:29И таа рече, "Но, она што ми се допадна во твојот говор
-
0:29 - 0:31е тоа што ти си раскажувач на приказни.
-
0:31 - 0:34Затоа мислам дека ќе те викам едноставно раскажувач на приказни."
-
0:34 - 0:37И се разбира академскиот, несигурен дел од мене
-
0:37 - 0:39се огласи, "Како ќе ме викаш?
-
0:39 - 0:42И таа рече, "Ќе те викам раскажувач на приказни."
-
0:42 - 0:45Јас реков, "А зошто не магична вила?"
-
0:45 - 0:48(Смеа)
-
0:48 - 0:51Реков, "Дај ми да размислам малку за ова."
-
0:51 - 0:54Пробав да се повикам на мојата храброст.
-
0:54 - 0:57Си помислив, Јас сум раскажувач на приказни.
-
0:57 - 0:59Јас сум квалитативен истражувач.
-
0:59 - 1:01Собирам приказни; тое е она што правам.
-
1:01 - 1:04И можеби приказните се само податоци со душа.
-
1:04 - 1:06И можеби јас сум само раскажувач на приказни.
-
1:06 - 1:08И така реков, "Знаеш што?
-
1:08 - 1:11Зошто не кажеш само дека сум истражувач-раскажувач на приказни."
-
1:11 - 1:14Таа настојуваше, "Хаха. Не постои такво нешто."
-
1:14 - 1:16(Смеа)
-
1:16 - 1:18Значи јас сум истражувач-раскажувач,
-
1:18 - 1:20и денес ќе ви зборувам --
-
1:20 - 1:22ќе зборуваме за ширење на перцепцијата --
-
1:22 - 1:24и сакам да ви зборувам и да кажам неколку приказни
-
1:24 - 1:27за дел од моето истражување
-
1:27 - 1:30кое што фундаментално ја прошири мојата перцепција
-
1:30 - 1:33и вистински всушност го промени начинот на кој што живеам и сакам
-
1:33 - 1:35и работам и одгледувам.
-
1:35 - 1:37И еве како почнува мојата приказна.
-
1:37 - 1:40Кога бев млад истражувач, докторант,
-
1:40 - 1:42во прва година имав професор по истражување
-
1:42 - 1:44кој нѝ кажа,
-
1:44 - 1:46"Вака стојат работите,
-
1:46 - 1:49доколку не можете нешто да измерите, тогаш тоа не постои."
-
1:49 - 1:52Јас мислев дека се зафркава.
-
1:52 - 1:55Реков, "Навистина?", а тој, "Апсолутно."
-
1:55 - 1:57Треба да знаете
-
1:57 - 1:59дека имам диплома во социјална работа, магистратура во социјална работа,
-
1:59 - 2:01и мојот докторат го правев на теми од социјална работа,
-
2:01 - 2:03значи целата моја академска кариера
-
2:03 - 2:05беше опкружена со луѓе
-
2:05 - 2:07кои некако веруваа
-
2:07 - 2:10дека животот е хаотичен, сакај го.
-
2:10 - 2:12Јас сум повеќе за, животот е хаотичен,
-
2:12 - 2:15прочисти го, организирај го,
-
2:15 - 2:17и стави го во кутија.
-
2:17 - 2:19(Смеа)
-
2:19 - 2:22За да мислам дека го најдов мојот пат,
-
2:22 - 2:25дека најдов кариера која ќе ме води --
-
2:25 - 2:28навистина, во социјалната работа важи дека
-
2:28 - 2:31треба да се навикнеме на нелагодноста на работата.
-
2:31 - 2:34Јас сум за, сруши ја нелагодноста
-
2:34 - 2:36надмини ја и извади го најдоброто.
-
2:36 - 2:39Тоа беше мојата мантра.
-
2:39 - 2:41Така бев многу возбудена за ова.
-
2:41 - 2:44Така си помислив, знаеш што, ова е кариера за мене,
-
2:44 - 2:47бидејќи јас сум заинтересирана за некои хаотични теми.
-
2:47 - 2:49Но сакам да можам да ги направам нехаотични.
-
2:49 - 2:51Сакам да ги разберам.
-
2:51 - 2:53Сакам да ги хакнам овие работи
-
2:53 - 2:55за кој што знам дека се важни
-
2:55 - 2:57и да го изложам кодот за да може секој да го види.
-
2:57 - 3:00Така започнав со поврзаноста.
-
3:00 - 3:03Бидејќи, кога работиш како социјален работник 10 години,
-
3:03 - 3:05она што сфаќаш
-
3:05 - 3:08е дека поврзаноста е она поради што сме овде.
-
3:08 - 3:11Тоа е она што им дава цел и значење на нашите животи.
-
3:11 - 3:13Околу тоа сè се врти.
-
3:13 - 3:15Не е важно дали зборувате со луѓе
-
3:15 - 3:18кои работат во социјална правда, ментално здравство, злоупотреба и занемареност,
-
3:18 - 3:20она што знаеме е дека поврзаноста,
-
3:20 - 3:23способноста да се чувствуваш поврзан, е --
-
3:23 - 3:26невробиолошка, така сме создадени --
-
3:26 - 3:28тоа е причината поради која сме овде.
-
3:28 - 3:31И така си помислив, знаеш што, ќе почнам со поврзаноста.
-
3:31 - 3:34Ја знаете онаа ситуација
-
3:34 - 3:36кога добивате оценка од вашиот шеф,
-
3:36 - 3:39и таа ви кажува 37 работи кои ги правите одлично,
-
3:39 - 3:41и една работа -- прилика за раст?
-
3:41 - 3:43(Смеа)
-
3:43 - 3:46И постојано мислите на таа прилика за раст, така.
-
3:47 - 3:50Па очигледно на овој начин се одвиваше и мојата работа,
-
3:50 - 3:53бидејќи, кога ќе ги прашате луѓето за љубов,
-
3:53 - 3:55тие ви кажуваат за скршено срце.
-
3:55 - 3:57Кога ќе ги прашате луѓето за припадност,
-
3:57 - 4:00тие ќе ви ги кажат нивните најтешки искуства
-
4:00 - 4:02кога биле отфрлени.
-
4:02 - 4:04И кога ќе ги прашате луѓето за поврзаност,
-
4:04 - 4:07приказните кои ми ги кажуваа се однесуваа на неповрзаност.
-
4:07 - 4:10Многу брзо -- после шест недели поминати на ова истражување --
-
4:10 - 4:13налетав на ова неименувано нешто
-
4:13 - 4:16кое што апсолутно ја осветли поврзаноста
-
4:16 - 4:19на начин кој што не го разбирав или никогаш го немав видено.
-
4:19 - 4:21Потоа се повлеков од истражувањето
-
4:21 - 4:24и си реков, морам да откријам што е тоа.
-
4:24 - 4:27И излезе дека тоа бил срамот.
-
4:27 - 4:29Срамот можеме лесно да го разбереме
-
4:29 - 4:31како страв од неповрзаност.
-
4:31 - 4:33Има ли нешто во врска со мене
-
4:33 - 4:36за кое што, доколку другите дознаат или слушнат,
-
4:36 - 4:39ќе ме направи недостоен за да бидам поврзан.
-
4:39 - 4:41Она што можам да ви кажам за срамот:
-
4:41 - 4:43универзален è ; сите го имаме.
-
4:43 - 4:45Единствените луѓе кои не доживуваат срам
-
4:45 - 4:47немаат капацитет за човечка емпатија или поврзаност.
-
4:47 - 4:49Никој не сака да зборува за тоа,
-
4:49 - 4:52и колку помалку зборуваш за тоа толку повеќе го имаш.
-
4:54 - 4:56Што лежи позади овој срам,
-
4:56 - 4:58ова "Јас не сум доволно добар", --
-
4:58 - 5:00чувство кое што сите го знаеме:
-
5:00 - 5:02"Не сум доволно бел/а. Не сум доволно слаб/а,
-
5:02 - 5:04доволно богат/а, доволно убав/а, доволно паметен/на,
-
5:04 - 5:06доволно унапреден/а."
-
5:06 - 5:08Она што лежи позади срамот
-
5:08 - 5:11е измачувачката ранливост,
-
5:11 - 5:13идејата дека,
-
5:13 - 5:15за да се случи поврзаност,
-
5:15 - 5:18мораме да дозволиме да бидеме видени,
-
5:18 - 5:20навистина видени.
-
5:20 - 5:23Знаете што чувствувам за ранливоста. Ја мразам ранливоста.
-
5:23 - 5:25Така си реков, ова ми е прилика
-
5:25 - 5:28да ја победам со мојот мерен инструмент.
-
5:28 - 5:31Сега почнувам, сега ќе го разберам ова нешто,
-
5:31 - 5:34ќе потрошам година, целосно ќе го разглобам срамот,
-
5:34 - 5:36ќе разберам како функционира ранливоста,
-
5:36 - 5:39и ќе ја надитрам.
-
5:39 - 5:42Така бев подготвена, и бев навистина возбудена.
-
5:44 - 5:46Како што знаете, нема да заврши добро.
-
5:46 - 5:49(Смеа)
-
5:49 - 5:51Го знаете ова.
-
5:51 - 5:53Можам да ви кажам многу за срамот,
-
5:53 - 5:55но ќе морам да им го земам времето на сите други.
-
5:55 - 5:58Но она што можам да ви го кажам е дека сè се сведува на --
-
5:58 - 6:01и можеби ова е една од најважните работи кои што ги научив
-
6:01 - 6:04во декадата додека го работев ова истражување.
-
6:04 - 6:06Едната година
-
6:06 - 6:08се пролонгираше во шест,
-
6:08 - 6:10илјадници приказни,
-
6:10 - 6:13стотици долги интервјуа, фокус групи.
-
6:13 - 6:15Во еден период луѓе ми праќаа страници од весници
-
6:15 - 6:18и ми ги праќаа нивните приказни --
-
6:18 - 6:21илјадници податоци во тек од шест години.
-
6:21 - 6:23Некако се справив.
-
6:23 - 6:25Некако разбрав, ова е она што претставува срам,
-
6:25 - 6:27вака функционира.
-
6:27 - 6:29Напишав книга,
-
6:29 - 6:31објавив теорија,
-
6:31 - 6:34но нешто не беше во ред --
-
6:34 - 6:36а тоа беше дека,
-
6:36 - 6:38кога ќе ги земев во предвид луѓето што ги интервјуирав
-
6:38 - 6:41и ќе ги поделев на луѓе
-
6:41 - 6:44коишто навистина имаат чувство на вредност --
-
6:44 - 6:46на тоа се сведува сето ова,
-
6:46 - 6:48чувството на вредност --
-
6:48 - 6:51тие имаат силно чувство на љубов и припадност --
-
6:51 - 6:53и луѓе кои што се борат за ова,
-
6:53 - 6:55и луѓе кои што секогаш се прашуваат дали се доволно добри.
-
6:55 - 6:57Имаше само една променлива
-
6:57 - 6:59која што ги одвојуваше луѓето што имаат
-
6:59 - 7:01силно чувство на љубов и припадност
-
7:01 - 7:03од луѓето кои што се борат за овие квалитети.
-
7:03 - 7:05А тоа беше, луѓето кои што имаат
-
7:05 - 7:07силно чувство на љубов и припадност
-
7:07 - 7:10веруваат дека се вредни за љубов и припадност.
-
7:10 - 7:12Тоа е тоа.
-
7:12 - 7:14Тие веруваат дека вредат.
-
7:15 - 7:18И за мене, тешкиот дел
-
7:18 - 7:21од она нешто кое што нè спречува да бидеме поврзани
-
7:21 - 7:24е нашиот страв дека не сме вредни за врска,
-
7:24 - 7:26беше нешто што, лично и професионално,
-
7:26 - 7:29чувствував дека треба да го разберам подобро.
-
7:29 - 7:32Она што направив
-
7:32 - 7:34е ги зедов сите интервјуа
-
7:34 - 7:37каде што видов вредност, каде што видов луѓе што живеат на тој начин,
-
7:37 - 7:40и само ги набљудував.
-
7:40 - 7:42Што имаат заедничко овие луѓе?
-
7:42 - 7:44Имам мала зависност од канцелариски материјал,
-
7:44 - 7:47но тоа е друга приказна.
-
7:47 - 7:50Држев картонска папка и маркер,
-
7:50 - 7:52и се прашував, како да го наречам ова истражување?
-
7:52 - 7:54Првиот збор кој што ми падна на памет
-
7:54 - 7:56беше срдечен.
-
7:56 - 7:59Ова се срдечни луѓе, кои што живеат од ова длабоко чувство на вредност.
-
7:59 - 8:02Така напишав на врвот од картонската папка,
-
8:02 - 8:04и почнав да ги гледам податоците.
-
8:04 - 8:06Всушност, прво направив
-
8:06 - 8:08во тек од 4 дена
-
8:08 - 8:11многу интензивна анализа на податоци,
-
8:11 - 8:14се навраќав, ги вадев интервјуата, приказните, ги вадев инцидентите.
-
8:14 - 8:17Која е темата? Кој е образецот?
-
8:17 - 8:20Маж ми го напушти градот со децата
-
8:20 - 8:23бидејќи секогаш многу длабоко се внесувам,
-
8:23 - 8:25тогаш само пишувам
-
8:25 - 8:28и се наоѓам во истражувачки мод.
-
8:28 - 8:30И ова е она што открив.
-
8:32 - 8:34Она што имаа заедничко
-
8:34 - 8:36беше чувство на храброст.
-
8:36 - 8:39Овде сакам само да направам разлика помеѓу храброст и херојство.
-
8:39 - 8:41Храброст, оригиналната дефиниција за храброст
-
8:41 - 8:43кога за прв пат се појавил во Англискиот јазик --
-
8:43 - 8:46доаѓа од Латинскиот збор cor, што значи срце --
-
8:46 - 8:48а оригиналната дефиниција
-
8:48 - 8:51значи да ја раскажеш приказната за себе со цело срце.
-
8:51 - 8:53Така овие луѓе
-
8:53 - 8:55имаат, многу едноставно, храброст
-
8:55 - 8:57да бидат несовршени.
-
8:58 - 9:00Тие го имаат сочувството
-
9:00 - 9:03да бидат прво љубезни кон себе, а потоа и кон другите,
-
9:03 - 9:06бидејќи, како што се покажа, не можеме да имаме сочувство кон другите
-
9:06 - 9:09доколку не се однесуваме љубезно кон себеси.
-
9:09 - 9:11И последното беше дека тие имаат поврзаност,
-
9:11 - 9:13и -- ова беше тешкиот дел --
-
9:13 - 9:16како резултат на автентичноста,
-
9:16 - 9:19тие беа спремни да се откажат од она што мислеа дека треба да бидат
-
9:19 - 9:21за да бидат она што сè,
-
9:21 - 9:24а кое што дефинитивно мора да го направите
-
9:24 - 9:26за да бидете поврзани.
-
9:28 - 9:30Другото нешто што им беше заедничко
-
9:30 - 9:32беше ова.
-
9:35 - 9:38Тие целосно ја прифаќаа ранливоста.
-
9:40 - 9:43Тие веруваа
-
9:43 - 9:46дека она што ги прави ранливи
-
9:46 - 9:48ги прави и убави.
-
9:50 - 9:52Тие не зборуваа за ранливоста
-
9:52 - 9:54дека е удобна,
-
9:54 - 9:57ниту пак зборуваа дека е измачувачка --
-
9:57 - 9:59како што слушнав претходно во интервјуто за срамот.
-
9:59 - 10:02Тие зборуваа само дека е неопходна.
-
10:03 - 10:05Тие зборуваа за спремноста
-
10:05 - 10:08први да кажат "Те сакам",
-
10:08 - 10:11спремноста
-
10:11 - 10:13да направат нешто
-
10:13 - 10:16каде што не постојат гаранции,
-
10:16 - 10:18спремноста
-
10:18 - 10:20да дишат додека го чекаат повикот од доктор
-
10:20 - 10:22после мамограмот.
-
10:23 - 10:26Тие се спремни да вложат во врска
-
10:26 - 10:29која што може, а и не мора да успее.
-
10:29 - 10:32Тие сметаа дека ова е суштинско.
-
10:32 - 10:35Јас лично сметав дека е предавство.
-
10:35 - 10:38Не можев да верувам дека се заколнав на верност
-
10:38 - 10:40кон истражувањето --
-
10:40 - 10:42дефиницијата за истражувањето
-
10:42 - 10:45е контрола и предвидување, проучување на феномените,
-
10:45 - 10:47поради експлицитна причина
-
10:47 - 10:49а тоа е контрола и предвидување.
-
10:49 - 10:51И сега мојата мисија
-
10:51 - 10:53да контролирам и предвидувам
-
10:53 - 10:56ми го даде одговорот дека треба да живееме со ранливост
-
10:56 - 10:59и да прекинеме со контролирање и предвидување.
-
10:59 - 11:02Ова доведе до малa емоционална криза --
-
11:02 - 11:06(Смеа)
-
11:06 - 11:09-- која што всушност повеќе изгледаше вака.
-
11:09 - 11:11(Смеа)
-
11:11 - 11:13Навистина.
-
11:13 - 11:16Јас ја нарекував криза, мојот терапевт ја нарекуваше духовно будење.
-
11:17 - 11:19Духовно будење звучи подобро отколку емоционална криза,
-
11:19 - 11:21но ве уверувам дека беше криза.
-
11:21 - 11:23Така морав да ги ставам настрана податоците и да најдам терапевт.
-
11:23 - 11:26Да ви кажам нешто: знаете кој сте
-
11:26 - 11:29кога ќе им се јавите на пријателите и ќе речете, "Мислам дека треба да се видам со некого.
-
11:29 - 11:32Имате ли некоја препорака?"
-
11:32 - 11:34Бидејќи пет од моите пријатели изреагираа на ист начин,
-
11:34 - 11:36"Штоооо. Не сакам да ти бидам терапевт."
-
11:36 - 11:39(Смеа)
-
11:39 - 11:41Јас реков, "Што треба да значи тоа?"
-
11:41 - 11:44Тие рекоа, "Само ти кажувам, знаеш.
-
11:44 - 11:46Не доаѓај со твојот инструмент за мерење."
-
11:46 - 11:49Јас реков, "Во ред".
-
11:51 - 11:53Така си најдов терапевт.
-
11:53 - 11:56Мојата прва средба со нејзе, Дајана --
-
11:56 - 11:58ја донесов мојата листа
-
11:58 - 12:01за тоа како живеат срдечните, и седнав.
-
12:01 - 12:03Таа рече, "Како си?"
-
12:03 - 12:06Јас реков, "Одлично. Добро сум."
-
12:06 - 12:08Таа рече, "Што се случува?"
-
12:08 - 12:11Јас сум терапевт кој оди на терапевт,
-
12:11 - 12:13бидејќи мораме да одиме кај нив,
-
12:13 - 12:16бидејќи нивните мерачи за срам се добри.
-
12:16 - 12:18(Смеа)
-
12:18 - 12:20Така реков,
-
12:20 - 12:22"Вака, Јас се измачувам."
-
12:22 - 12:24Таа рече, "Што е маката?"
-
12:24 - 12:27Јас реков, "Паа, имам проблем со ранливоста.
-
12:27 - 12:30И знам дека ранливоста е јадрото
-
12:30 - 12:32на срамот и стравот
-
12:32 - 12:34и нашата борба за вредноста,
-
12:34 - 12:37но се чини дека исто така е родното место
-
12:37 - 12:40на радоста, на креативноста
-
12:40 - 12:42на припадноста, на љубовта.
-
12:42 - 12:44Мислам дека имам проблем,
-
12:44 - 12:47и ми треба малку помош."
-
12:47 - 12:49И реков, "Но само една работа,
-
12:49 - 12:51без спомнување на семејство,
-
12:51 - 12:53без срања од детството."
-
12:53 - 12:55(Смеа)
-
12:55 - 12:58Ми требаат само некои стратегии."
-
12:58 - 13:02(Смеа)
-
13:02 - 13:05(Аплауз)
-
13:05 - 13:07Ви благодарам.
-
13:09 - 13:12Тогаш таа направи вака.
-
13:12 - 13:14(Смеа)
-
13:14 - 13:17Тогаш реков, "Лошо е, нели?
-
13:17 - 13:20Таа рече, "Ниту добро, ниту лошо."
-
13:20 - 13:22(Смеа)
-
13:22 - 13:24"Така è како што è."
-
13:24 - 13:27Јас реков, "Боже мој, ова ќе биде за никаде."
-
13:27 - 13:30(Смеа)
-
13:30 - 13:32Беше, и не беше.
-
13:32 - 13:35Траеше околу една година.
-
13:35 - 13:37И знаете дека има луѓе
-
13:37 - 13:40кои, кога ќе сфатат дека ранливоста и нежноста се важни,
-
13:40 - 13:43тие се предаваат и стануваат такви.
-
13:43 - 13:45А: тоа не сум јас,
-
13:45 - 13:48и Б: јас дури не се дружам со такви луѓе.
-
13:48 - 13:51(Смеа)
-
13:51 - 13:54За мене тоа беше едногодишна улична борба.
-
13:54 - 13:56Борба со голи раце.
-
13:56 - 13:58Ранливоста ме туркаше, јас возвраќав.
-
13:58 - 14:01Ја изгубив битката,
-
14:01 - 14:03но веројатно си го вратив животот.
-
14:03 - 14:05Потоа се вратив на истражувањето
-
14:05 - 14:07и ги поминав следните две години
-
14:07 - 14:10навистина обидувајќи се да разберам, тие срдечните,
-
14:10 - 14:12какви избори прават,
-
14:12 - 14:14и што правиме ние
-
14:14 - 14:16со ранливоста.
-
14:16 - 14:18Зошто се мачиме толку многу со нејзе?
-
14:18 - 14:21Дали сум сама во борбата со ранливоста?
-
14:21 - 14:23Не.
-
14:23 - 14:25Ова е она што научив.
-
14:26 - 14:29Ние се отрпнуваме од ранливоста --
-
14:29 - 14:31додека го чекаме повикот.
-
14:31 - 14:33Интересно беше, објавив нешто на Твитер и на Фејсбук
-
14:33 - 14:35кое што гласеше, "Како би ја дефинирале ранливоста?
-
14:35 - 14:37Што ве прави да се чувствувате ранливи?"
-
14:37 - 14:40Во рок од еден и пол час, имав 150 одговори.
-
14:40 - 14:42Бидејќи сакав да знам
-
14:42 - 14:44каква е ситуацијата меѓу луѓето.
-
14:45 - 14:47Да побарам помош од маж ми,
-
14:47 - 14:50бидејќи сум болна, а штотоку се венчавме;
-
14:50 - 14:53иницирање на секс со маж ми;
-
14:53 - 14:55иницирање на секс со жена ми;
-
14:55 - 14:58да бидам одбиена; да викнам некого за излeгување;
-
14:58 - 15:00чекање на повик од докторот;
-
15:00 - 15:03да бидете отпуштен; отпуштање на луѓе --
-
15:03 - 15:05ова е светот во кој живееме.
-
15:05 - 15:08Живееме во ранлив свет.
-
15:08 - 15:10И еден од начините на кои се справуваме
-
15:10 - 15:12е преку отрпнување од ранливоста.
-
15:12 - 15:14Мислам дека има доказ --
-
15:14 - 15:16и не е единствена причина што тој доказ постои,
-
15:16 - 15:18туку мислам дека е огромна причина -
-
15:18 - 15:22ние сме најзадолжена,
-
15:22 - 15:25најдебела,
-
15:25 - 15:28најзависна и најлекувана
-
15:28 - 15:30возрасна кохорта во историјата на САД.
-
15:33 - 15:36Проблемот е -- ова го научив од истражувањата --
-
15:36 - 15:39дека не можете селективно да отрпнете од емоциите.
-
15:40 - 15:43Не можете да кажете, ова се лошите работи.
-
15:43 - 15:45Еве ја ранливоста, еве ја тагата, еве го срамот,
-
15:45 - 15:47еве го стравот, еве го разочарувањето,
-
15:47 - 15:49не сакам да ги чувствувам овие.
-
15:49 - 15:52Ќе се напијам неколку пива и ќе изедам колачиња со банана и лешник.
-
15:52 - 15:54(Смеа)
-
15:54 - 15:56Не сакам да ги чувствувам нив.
-
15:56 - 15:58Ова смеење значи дека се препознавте.
-
15:58 - 16:01Работа ми е да ви хакнувам во вашите животи.
-
16:01 - 16:03Боже.
-
16:03 - 16:05(Смеа)
-
16:05 - 16:08Не можете да отрпнете од овие тешки чувства
-
16:08 - 16:10без да отрпнете од афектите, нашите емоции.
-
16:10 - 16:12Не можете селективно да отрпнувате.
-
16:12 - 16:15Кога ќе отрпнеме од тие чувства,
-
16:15 - 16:17отрпнуваме од радоста,
-
16:17 - 16:19од благодарноста,
-
16:19 - 16:21отрпнуваме од среќата.
-
16:21 - 16:24Тогаш стануваме мизерни,
-
16:24 - 16:26и бараме цел и значење,
-
16:26 - 16:28и тогаш се чувствуваме ранливи,
-
16:28 - 16:31и тогаш пиеме пиво и јадеме колачиња со банана и лешник.
-
16:31 - 16:34И настанува овој опасен круг.
-
16:36 - 16:39Една од работите за која мислам дека треба да размислиме
-
16:39 - 16:41е зошто и како отрпнуваме.
-
16:41 - 16:44И не мора да биде само зависност.
-
16:44 - 16:46Друго што правиме
-
16:46 - 16:49е претвораме сè што е несигурно во сигурно.
-
16:50 - 16:53Религијата премина од верување во вера и мистерија, во верување
-
16:53 - 16:55во сигурност.
-
16:55 - 16:58Јас сум во право, вие не сте. Замолчете.
-
16:58 - 17:00Тоа е тоа.
-
17:00 - 17:02Само сигурно.
-
17:02 - 17:04Колку повеќе сме исплашени, толку повеќе сме ранливи,
-
17:04 - 17:06толку повеќе сме исплашени.
-
17:06 - 17:08Вака изгледа денешната политика.
-
17:08 - 17:10Не постои дискурс повеќе.
-
17:10 - 17:12Не постои разговор.
-
17:12 - 17:14Постојат само обвинувања.
-
17:14 - 17:17Знаете како е опишано обвинувањето во истражувањето?
-
17:17 - 17:20Начин да се ослободиме од болката и нелагодноста.
-
17:21 - 17:23Ние се усовршуваме.
-
17:23 - 17:26Ако има некој кој сака неговиот живот да изгледа вака, тоа сум јас,
-
17:26 - 17:28но не функционира.
-
17:28 - 17:30Бидејќи она што правиме е земаме сало од нашите задници
-
17:30 - 17:32и го ставаме на нашите образи.
-
17:32 - 17:35(Смеа)
-
17:35 - 17:37За што се надевам дека за сто години,
-
17:37 - 17:39луѓето ќе погледнат назад и ќе речат, "Уау."
-
17:39 - 17:41(Смеа)
-
17:41 - 17:43Ги усовршуваме,што е најопасно,
-
17:43 - 17:45нашите деца.
-
17:45 - 17:47Дозволете ми да ви кажам што мислиме за децата.
-
17:47 - 17:50Тие се предиспонирани за борба кога ќе дојдат овде.
-
17:50 - 17:53Кога ги држите тие перфектни мали бебиња во вашите раце,
-
17:53 - 17:55не смеете да кажете, "Погледни ја, таа е совршена.
-
17:55 - 17:57Обврска ми е да ја одржувам совршена --
-
17:57 - 18:00да обезбедам да влезе во тенискиот тим до петто одделение и во Јеил до седмо."
-
18:00 - 18:02Не смееме да го кажеме ова.
-
18:02 - 18:04Треба да погледнеме и да речеме,
-
18:04 - 18:07"Знаеш што? Ти си несовршено, и си предиспонирано за борба,
-
18:07 - 18:09но вредиш да добиеш љубов и припадност."
-
18:09 - 18:11Тоа е нашата обврска.
-
18:11 - 18:13Покажете ми генерација на деца одгледани така,
-
18:13 - 18:16и ќе ви ставам крај на проблемите кои што ги гледаме денес.
-
18:16 - 18:20Се преправаме дека она што правиме
-
18:20 - 18:23нема влијание врз луѓето.
-
18:23 - 18:25Тоа го правиме во нашите лични животи.
-
18:25 - 18:27Го правиме тоа корпорациски --
-
18:27 - 18:29било да е план за спасување, излив на нафта,
-
18:29 - 18:31повлекување --
-
18:31 - 18:33се преправаме дека она што правиме
-
18:33 - 18:36нема голем удар врз другите луѓе.
-
18:36 - 18:39Би сакала да им кажам на компаниите, ова не ни е прв пат луѓе.
-
18:40 - 18:42Ни треба само да бидете автентични и вистински
-
18:42 - 18:44и да речете, "Жал ни è.
-
18:44 - 18:47Ќе се поправиме."
-
18:50 - 18:52Но постои друг начин, и ќе ве оставам со ова.
-
18:52 - 18:54Ова е она што открив:
-
18:54 - 18:56да дозволиме да бидеме видени,
-
18:56 - 18:58длабоко видени,
-
18:58 - 19:01видени ранливи;
-
19:01 - 19:03да сакаме со цели срца,
-
19:03 - 19:05и покрај тоа што не постојат гаранции --
-
19:05 - 19:07и тоа е навистина тешко,
-
19:07 - 19:10и можам да ви кажам како родител, тоа е измачувачки тешко --
-
19:12 - 19:15да практикувате благодарност и радост
-
19:15 - 19:17во тие момент на страв,
-
19:17 - 19:19кога се прашуваме, "Можам ли да те сакам волку многу?
-
19:19 - 19:21Можам ли да верувам во ова страстно?
-
19:21 - 19:24Можам ли да бидам храбар во врска со ова?"
-
19:24 - 19:26да можам само да застанам и, наместо да катастрофизирам за иднината,
-
19:26 - 19:29само да речам, "Толку многу сум благодарен,
-
19:29 - 19:32бидејќи тоа што ја чувствувам ранливоста значи дека сум жив."
-
19:33 - 19:36И последното, кое што мислам дека е најважно,
-
19:36 - 19:39е да веруваме дека сме доволни.
-
19:39 - 19:41Бидејќи кога работиме од позиција
-
19:41 - 19:44која вели, "Јас сум си доволен,"
-
19:45 - 19:48тогаш прекинуваме да врескаме и почнуваме да слушаме,
-
19:49 - 19:51стануваме попријатни кон луѓето околу нас,
-
19:51 - 19:54и попријатни кон самите себе.
-
19:54 - 19:56Тоа е сè што имам. Ви благодарам.
-
19:56 - 19:59(Аплауз)
- Title:
- Брене Браун: Моќта на ранливоста
- Speaker:
- Brené Brown
- Description:
-
Брене Браун ја изучува човечката поврзаност -- нашата способност за емпатија, припадност, љубов. На еден прониклив, забавен говор на TEDxHouston, таа споделува еден длабок увид од нејзиното истражување, она кое ја однело на личен поход за сопствено запознавање како и разбирање на човештвото. Говор кој вреди да биде слушнат.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 19:59