0:00:00.000,0:00:02.000 Ќе започнам со ова: 0:00:02.000,0:00:04.000 пред две години, ме викна еден организатор на настани 0:00:04.000,0:00:06.000 поради тоа што требаше да држам говор. 0:00:06.000,0:00:08.000 Ме повика, и рече, 0:00:08.000,0:00:10.000 "Имам проблем, навистина не знам како 0:00:10.000,0:00:12.000 да те опишам на флаерот." 0:00:12.000,0:00:14.000 И јас реков, "Па добро, што е проблемот?" 0:00:14.000,0:00:16.000 Таа рече, "Те видов како зборуваше, 0:00:16.000,0:00:19.000 и би те именувала како истражувач, мислам, 0:00:19.000,0:00:21.000 меѓутоа страв ми е дека ако те викам истражувач никој нема да дојде, 0:00:21.000,0:00:23.000 бидејќи ќе мислат дека си досадна и ирелевантна." 0:00:23.000,0:00:25.000 (Смеа) 0:00:25.000,0:00:27.000 Во ред. 0:00:27.000,0:00:29.000 И таа рече, "Но, она што ми се допадна во твојот говор 0:00:29.000,0:00:31.000 е тоа што ти си раскажувач на приказни. 0:00:31.000,0:00:34.000 Затоа мислам дека ќе те викам едноставно раскажувач на приказни." 0:00:34.000,0:00:37.000 И се разбира академскиот, несигурен дел од мене 0:00:37.000,0:00:39.000 се огласи, "Како ќе ме викаш? 0:00:39.000,0:00:42.000 И таа рече, "Ќе те викам раскажувач на приказни." 0:00:42.000,0:00:45.000 Јас реков, "А зошто не магична вила?" 0:00:45.000,0:00:48.000 (Смеа) 0:00:48.000,0:00:51.000 Реков, "Дај ми да размислам малку за ова." 0:00:51.000,0:00:54.000 Пробав да се повикам на мојата храброст. 0:00:54.000,0:00:57.000 Си помислив, Јас сум раскажувач на приказни. 0:00:57.000,0:00:59.000 Јас сум квалитативен истражувач. 0:00:59.000,0:01:01.000 Собирам приказни; тое е она што правам. 0:01:01.000,0:01:04.000 И можеби приказните се само податоци со душа. 0:01:04.000,0:01:06.000 И можеби јас сум само раскажувач на приказни. 0:01:06.000,0:01:08.000 И така реков, "Знаеш што? 0:01:08.000,0:01:11.000 Зошто не кажеш само дека сум истражувач-раскажувач на приказни." 0:01:11.000,0:01:14.000 Таа настојуваше, "Хаха. Не постои такво нешто." 0:01:14.000,0:01:16.000 (Смеа) 0:01:16.000,0:01:18.000 Значи јас сум истражувач-раскажувач, 0:01:18.000,0:01:20.000 и денес ќе ви зборувам -- 0:01:20.000,0:01:22.000 ќе зборуваме за ширење на перцепцијата -- 0:01:22.000,0:01:24.000 и сакам да ви зборувам и да кажам неколку приказни 0:01:24.000,0:01:27.000 за дел од моето истражување 0:01:27.000,0:01:30.000 кое што фундаментално ја прошири мојата перцепција 0:01:30.000,0:01:33.000 и вистински всушност го промени начинот на кој што живеам и сакам 0:01:33.000,0:01:35.000 и работам и одгледувам. 0:01:35.000,0:01:37.000 И еве како почнува мојата приказна. 0:01:37.000,0:01:40.000 Кога бев млад истражувач, докторант, 0:01:40.000,0:01:42.000 во прва година имав професор по истражување 0:01:42.000,0:01:44.000 кој нѝ кажа, 0:01:44.000,0:01:46.000 "Вака стојат работите, 0:01:46.000,0:01:49.000 доколку не можете нешто да измерите, тогаш тоа не постои." 0:01:49.000,0:01:52.000 Јас мислев дека се зафркава. 0:01:52.000,0:01:55.000 Реков, "Навистина?", а тој, "Апсолутно." 0:01:55.000,0:01:57.000 Треба да знаете 0:01:57.000,0:01:59.000 дека имам диплома во социјална работа, магистратура во социјална работа, 0:01:59.000,0:02:01.000 и мојот докторат го правев на теми од социјална работа, 0:02:01.000,0:02:03.000 значи целата моја академска кариера 0:02:03.000,0:02:05.000 беше опкружена со луѓе 0:02:05.000,0:02:07.000 кои некако веруваа 0:02:07.000,0:02:10.000 дека животот е хаотичен, сакај го. 0:02:10.000,0:02:12.000 Јас сум повеќе за, животот е хаотичен, 0:02:12.000,0:02:15.000 прочисти го, организирај го, 0:02:15.000,0:02:17.000 и стави го во кутија. 0:02:17.000,0:02:19.000 (Смеа) 0:02:19.000,0:02:22.000 За да мислам дека го најдов мојот пат, 0:02:22.000,0:02:25.000 дека најдов кариера која ќе ме води -- 0:02:25.000,0:02:28.000 навистина, во социјалната работа важи дека 0:02:28.000,0:02:31.000 треба да се навикнеме на нелагодноста на работата. 0:02:31.000,0:02:34.000 Јас сум за, сруши ја нелагодноста 0:02:34.000,0:02:36.000 надмини ја и извади го најдоброто. 0:02:36.000,0:02:39.000 Тоа беше мојата мантра. 0:02:39.000,0:02:41.000 Така бев многу возбудена за ова. 0:02:41.000,0:02:44.000 Така си помислив, знаеш што, ова е кариера за мене, 0:02:44.000,0:02:47.000 бидејќи јас сум заинтересирана за некои хаотични теми. 0:02:47.000,0:02:49.000 Но сакам да можам да ги направам нехаотични. 0:02:49.000,0:02:51.000 Сакам да ги разберам. 0:02:51.000,0:02:53.000 Сакам да ги хакнам овие работи 0:02:53.000,0:02:55.000 за кој што знам дека се важни 0:02:55.000,0:02:57.000 и да го изложам кодот за да може секој да го види. 0:02:57.000,0:03:00.000 Така започнав со поврзаноста. 0:03:00.000,0:03:03.000 Бидејќи, кога работиш како социјален работник 10 години, 0:03:03.000,0:03:05.000 она што сфаќаш 0:03:05.000,0:03:08.000 е дека поврзаноста е она поради што сме овде. 0:03:08.000,0:03:11.000 Тоа е она што им дава цел и значење на нашите животи. 0:03:11.000,0:03:13.000 Околу тоа сè се врти. 0:03:13.000,0:03:15.000 Не е важно дали зборувате со луѓе 0:03:15.000,0:03:18.000 кои работат во социјална правда, ментално здравство, злоупотреба и занемареност, 0:03:18.000,0:03:20.000 она што знаеме е дека поврзаноста, 0:03:20.000,0:03:23.000 способноста да се чувствуваш поврзан, е -- 0:03:23.000,0:03:26.000 невробиолошка, така сме создадени -- 0:03:26.000,0:03:28.000 тоа е причината поради која сме овде. 0:03:28.000,0:03:31.000 И така си помислив, знаеш што, ќе почнам со поврзаноста. 0:03:31.000,0:03:34.000 Ја знаете онаа ситуација 0:03:34.000,0:03:36.000 кога добивате оценка од вашиот шеф, 0:03:36.000,0:03:39.000 и таа ви кажува 37 работи кои ги правите одлично, 0:03:39.000,0:03:41.000 и една работа -- прилика за раст? 0:03:41.000,0:03:43.000 (Смеа) 0:03:43.000,0:03:46.000 И постојано мислите на таа прилика за раст, така. 0:03:47.000,0:03:50.000 Па очигледно на овој начин се одвиваше и мојата работа, 0:03:50.000,0:03:53.000 бидејќи, кога ќе ги прашате луѓето за љубов, 0:03:53.000,0:03:55.000 тие ви кажуваат за скршено срце. 0:03:55.000,0:03:57.000 Кога ќе ги прашате луѓето за припадност, 0:03:57.000,0:04:00.000 тие ќе ви ги кажат нивните најтешки искуства 0:04:00.000,0:04:02.000 кога биле отфрлени. 0:04:02.000,0:04:04.000 И кога ќе ги прашате луѓето за поврзаност, 0:04:04.000,0:04:07.000 приказните кои ми ги кажуваа се однесуваа на неповрзаност. 0:04:07.000,0:04:10.000 Многу брзо -- после шест недели поминати на ова истражување -- 0:04:10.000,0:04:13.000 налетав на ова неименувано нешто 0:04:13.000,0:04:16.000 кое што апсолутно ја осветли поврзаноста 0:04:16.000,0:04:19.000 на начин кој што не го разбирав или никогаш го немав видено. 0:04:19.000,0:04:21.000 Потоа се повлеков од истражувањето 0:04:21.000,0:04:24.000 и си реков, морам да откријам што е тоа. 0:04:24.000,0:04:27.000 И излезе дека тоа бил срамот. 0:04:27.000,0:04:29.000 Срамот можеме лесно да го разбереме 0:04:29.000,0:04:31.000 како страв од неповрзаност. 0:04:31.000,0:04:33.000 Има ли нешто во врска со мене 0:04:33.000,0:04:36.000 за кое што, доколку другите дознаат или слушнат, 0:04:36.000,0:04:39.000 ќе ме направи недостоен за да бидам поврзан. 0:04:39.000,0:04:41.000 Она што можам да ви кажам за срамот: 0:04:41.000,0:04:43.000 универзален è ; сите го имаме. 0:04:43.000,0:04:45.000 Единствените луѓе кои не доживуваат срам 0:04:45.000,0:04:47.000 немаат капацитет за човечка емпатија или поврзаност. 0:04:47.000,0:04:49.000 Никој не сака да зборува за тоа, 0:04:49.000,0:04:52.000 и колку помалку зборуваш за тоа толку повеќе го имаш. 0:04:54.000,0:04:56.000 Што лежи позади овој срам, 0:04:56.000,0:04:58.000 ова "Јас не сум доволно добар", -- 0:04:58.000,0:05:00.000 чувство кое што сите го знаеме: 0:05:00.000,0:05:02.000 "Не сум доволно бел/а. Не сум доволно слаб/а, 0:05:02.000,0:05:04.000 доволно богат/а, доволно убав/а, доволно паметен/на, 0:05:04.000,0:05:06.000 доволно унапреден/а." 0:05:06.000,0:05:08.000 Она што лежи позади срамот 0:05:08.000,0:05:11.000 е измачувачката ранливост, 0:05:11.000,0:05:13.000 идејата дека, 0:05:13.000,0:05:15.000 за да се случи поврзаност, 0:05:15.000,0:05:18.000 мораме да дозволиме да бидеме видени, 0:05:18.000,0:05:20.000 навистина видени. 0:05:20.000,0:05:23.000 Знаете што чувствувам за ранливоста. Ја мразам ранливоста. 0:05:23.000,0:05:25.000 Така си реков, ова ми е прилика 0:05:25.000,0:05:28.000 да ја победам со мојот мерен инструмент. 0:05:28.000,0:05:31.000 Сега почнувам, сега ќе го разберам ова нешто, 0:05:31.000,0:05:34.000 ќе потрошам година, целосно ќе го разглобам срамот, 0:05:34.000,0:05:36.000 ќе разберам како функционира ранливоста, 0:05:36.000,0:05:39.000 и ќе ја надитрам. 0:05:39.000,0:05:42.000 Така бев подготвена, и бев навистина возбудена. 0:05:44.000,0:05:46.000 Како што знаете, нема да заврши добро. 0:05:46.000,0:05:49.000 (Смеа) 0:05:49.000,0:05:51.000 Го знаете ова. 0:05:51.000,0:05:53.000 Можам да ви кажам многу за срамот, 0:05:53.000,0:05:55.000 но ќе морам да им го земам времето на сите други. 0:05:55.000,0:05:58.000 Но она што можам да ви го кажам е дека сè се сведува на -- 0:05:58.000,0:06:01.000 и можеби ова е една од најважните работи кои што ги научив 0:06:01.000,0:06:04.000 во декадата додека го работев ова истражување. 0:06:04.000,0:06:06.000 Едната година 0:06:06.000,0:06:08.000 се пролонгираше во шест, 0:06:08.000,0:06:10.000 илјадници приказни, 0:06:10.000,0:06:13.000 стотици долги интервјуа, фокус групи. 0:06:13.000,0:06:15.000 Во еден период луѓе ми праќаа страници од весници 0:06:15.000,0:06:18.000 и ми ги праќаа нивните приказни -- 0:06:18.000,0:06:21.000 илјадници податоци во тек од шест години. 0:06:21.000,0:06:23.000 Некако се справив. 0:06:23.000,0:06:25.000 Некако разбрав, ова е она што претставува срам, 0:06:25.000,0:06:27.000 вака функционира. 0:06:27.000,0:06:29.000 Напишав книга, 0:06:29.000,0:06:31.000 објавив теорија, 0:06:31.000,0:06:34.000 но нешто не беше во ред -- 0:06:34.000,0:06:36.000 а тоа беше дека, 0:06:36.000,0:06:38.000 кога ќе ги земев во предвид луѓето што ги интервјуирав 0:06:38.000,0:06:41.000 и ќе ги поделев на луѓе 0:06:41.000,0:06:44.000 коишто навистина имаат чувство на вредност -- 0:06:44.000,0:06:46.000 на тоа се сведува сето ова, 0:06:46.000,0:06:48.000 чувството на вредност -- 0:06:48.000,0:06:51.000 тие имаат силно чувство на љубов и припадност -- 0:06:51.000,0:06:53.000 и луѓе кои што се борат за ова, 0:06:53.000,0:06:55.000 и луѓе кои што секогаш се прашуваат дали се доволно добри. 0:06:55.000,0:06:57.000 Имаше само една променлива 0:06:57.000,0:06:59.000 која што ги одвојуваше луѓето што имаат 0:06:59.000,0:07:01.000 силно чувство на љубов и припадност 0:07:01.000,0:07:03.000 од луѓето кои што се борат за овие квалитети. 0:07:03.000,0:07:05.000 А тоа беше, луѓето кои што имаат 0:07:05.000,0:07:07.000 силно чувство на љубов и припадност 0:07:07.000,0:07:10.000 веруваат дека се вредни за љубов и припадност. 0:07:10.000,0:07:12.000 Тоа е тоа. 0:07:12.000,0:07:14.000 Тие веруваат дека вредат. 0:07:15.000,0:07:18.000 И за мене, тешкиот дел 0:07:18.000,0:07:21.000 од она нешто кое што нè спречува да бидеме поврзани 0:07:21.000,0:07:24.000 е нашиот страв дека не сме вредни за врска, 0:07:24.000,0:07:26.000 беше нешто што, лично и професионално, 0:07:26.000,0:07:29.000 чувствував дека треба да го разберам подобро. 0:07:29.000,0:07:32.000 Она што направив 0:07:32.000,0:07:34.000 е ги зедов сите интервјуа 0:07:34.000,0:07:37.000 каде што видов вредност, каде што видов луѓе што живеат на тој начин, 0:07:37.000,0:07:40.000 и само ги набљудував. 0:07:40.000,0:07:42.000 Што имаат заедничко овие луѓе? 0:07:42.000,0:07:44.000 Имам мала зависност од канцелариски материјал, 0:07:44.000,0:07:47.000 но тоа е друга приказна. 0:07:47.000,0:07:50.000 Држев картонска папка и маркер, 0:07:50.000,0:07:52.000 и се прашував, како да го наречам ова истражување? 0:07:52.000,0:07:54.000 Првиот збор кој што ми падна на памет 0:07:54.000,0:07:56.000 беше срдечен. 0:07:56.000,0:07:59.000 Ова се срдечни луѓе, кои што живеат од ова длабоко чувство на вредност. 0:07:59.000,0:08:02.000 Така напишав на врвот од картонската папка, 0:08:02.000,0:08:04.000 и почнав да ги гледам податоците. 0:08:04.000,0:08:06.000 Всушност, прво направив 0:08:06.000,0:08:08.000 во тек од 4 дена 0:08:08.000,0:08:11.000 многу интензивна анализа на податоци, 0:08:11.000,0:08:14.000 се навраќав, ги вадев интервјуата, приказните, ги вадев инцидентите. 0:08:14.000,0:08:17.000 Која е темата? Кој е образецот? 0:08:17.000,0:08:20.000 Маж ми го напушти градот со децата 0:08:20.000,0:08:23.000 бидејќи секогаш многу длабоко се внесувам, 0:08:23.000,0:08:25.000 тогаш само пишувам 0:08:25.000,0:08:28.000 и се наоѓам во истражувачки мод. 0:08:28.000,0:08:30.000 И ова е она што открив. 0:08:32.000,0:08:34.000 Она што имаа заедничко 0:08:34.000,0:08:36.000 беше чувство на храброст. 0:08:36.000,0:08:39.000 Овде сакам само да направам разлика помеѓу храброст и херојство. 0:08:39.000,0:08:41.000 Храброст, оригиналната дефиниција за храброст 0:08:41.000,0:08:43.000 кога за прв пат се појавил во Англискиот јазик -- 0:08:43.000,0:08:46.000 доаѓа од Латинскиот збор cor, што значи срце -- 0:08:46.000,0:08:48.000 а оригиналната дефиниција 0:08:48.000,0:08:51.000 значи да ја раскажеш приказната за себе со цело срце. 0:08:51.000,0:08:53.000 Така овие луѓе 0:08:53.000,0:08:55.000 имаат, многу едноставно, храброст 0:08:55.000,0:08:57.000 да бидат несовршени. 0:08:58.000,0:09:00.000 Тие го имаат сочувството 0:09:00.000,0:09:03.000 да бидат прво љубезни кон себе, а потоа и кон другите, 0:09:03.000,0:09:06.000 бидејќи, како што се покажа, не можеме да имаме сочувство кон другите 0:09:06.000,0:09:09.000 доколку не се однесуваме љубезно кон себеси. 0:09:09.000,0:09:11.000 И последното беше дека тие имаат поврзаност, 0:09:11.000,0:09:13.000 и -- ова беше тешкиот дел -- 0:09:13.000,0:09:16.000 како резултат на автентичноста, 0:09:16.000,0:09:19.000 тие беа спремни да се откажат од она што мислеа дека треба да бидат 0:09:19.000,0:09:21.000 за да бидат она што сè, 0:09:21.000,0:09:24.000 а кое што дефинитивно мора да го направите 0:09:24.000,0:09:26.000 за да бидете поврзани. 0:09:28.000,0:09:30.000 Другото нешто што им беше заедничко 0:09:30.000,0:09:32.000 беше ова. 0:09:35.000,0:09:38.000 Тие целосно ја прифаќаа ранливоста. 0:09:40.000,0:09:43.000 Тие веруваа 0:09:43.000,0:09:46.000 дека она што ги прави ранливи 0:09:46.000,0:09:48.000 ги прави и убави. 0:09:50.000,0:09:52.000 Тие не зборуваа за ранливоста 0:09:52.000,0:09:54.000 дека е удобна, 0:09:54.000,0:09:57.000 ниту пак зборуваа дека е измачувачка -- 0:09:57.000,0:09:59.000 како што слушнав претходно во интервјуто за срамот. 0:09:59.000,0:10:02.000 Тие зборуваа само дека е неопходна. 0:10:03.000,0:10:05.000 Тие зборуваа за спремноста 0:10:05.000,0:10:08.000 први да кажат "Те сакам", 0:10:08.000,0:10:11.000 спремноста 0:10:11.000,0:10:13.000 да направат нешто 0:10:13.000,0:10:16.000 каде што не постојат гаранции, 0:10:16.000,0:10:18.000 спремноста 0:10:18.000,0:10:20.000 да дишат додека го чекаат повикот од доктор 0:10:20.000,0:10:22.000 после мамограмот. 0:10:23.000,0:10:26.000 Тие се спремни да вложат во врска 0:10:26.000,0:10:29.000 која што може, а и не мора да успее. 0:10:29.000,0:10:32.000 Тие сметаа дека ова е суштинско. 0:10:32.000,0:10:35.000 Јас лично сметав дека е предавство. 0:10:35.000,0:10:38.000 Не можев да верувам дека се заколнав на верност 0:10:38.000,0:10:40.000 кон истражувањето -- 0:10:40.000,0:10:42.000 дефиницијата за истражувањето 0:10:42.000,0:10:45.000 е контрола и предвидување, проучување на феномените, 0:10:45.000,0:10:47.000 поради експлицитна причина 0:10:47.000,0:10:49.000 а тоа е контрола и предвидување. 0:10:49.000,0:10:51.000 И сега мојата мисија 0:10:51.000,0:10:53.000 да контролирам и предвидувам 0:10:53.000,0:10:56.000 ми го даде одговорот дека треба да живееме со ранливост 0:10:56.000,0:10:59.000 и да прекинеме со контролирање и предвидување. 0:10:59.000,0:11:02.000 Ова доведе до малa емоционална криза -- 0:11:02.000,0:11:06.000 (Смеа) 0:11:06.000,0:11:09.000 -- која што всушност повеќе изгледаше вака. 0:11:09.000,0:11:11.000 (Смеа) 0:11:11.000,0:11:13.000 Навистина. 0:11:13.000,0:11:16.000 Јас ја нарекував криза, мојот терапевт ја нарекуваше духовно будење. 0:11:17.000,0:11:19.000 Духовно будење звучи подобро отколку емоционална криза, 0:11:19.000,0:11:21.000 но ве уверувам дека беше криза. 0:11:21.000,0:11:23.000 Така морав да ги ставам настрана податоците и да најдам терапевт. 0:11:23.000,0:11:26.000 Да ви кажам нешто: знаете кој сте 0:11:26.000,0:11:29.000 кога ќе им се јавите на пријателите и ќе речете, "Мислам дека треба да се видам со некого. 0:11:29.000,0:11:32.000 Имате ли некоја препорака?" 0:11:32.000,0:11:34.000 Бидејќи пет од моите пријатели изреагираа на ист начин, 0:11:34.000,0:11:36.000 "Штоооо. Не сакам да ти бидам терапевт." 0:11:36.000,0:11:39.000 (Смеа) 0:11:39.000,0:11:41.000 Јас реков, "Што треба да значи тоа?" 0:11:41.000,0:11:44.000 Тие рекоа, "Само ти кажувам, знаеш. 0:11:44.000,0:11:46.000 Не доаѓај со твојот инструмент за мерење." 0:11:46.000,0:11:49.000 Јас реков, "Во ред". 0:11:51.000,0:11:53.000 Така си најдов терапевт. 0:11:53.000,0:11:56.000 Мојата прва средба со нејзе, Дајана -- 0:11:56.000,0:11:58.000 ја донесов мојата листа 0:11:58.000,0:12:01.000 за тоа како живеат срдечните, и седнав. 0:12:01.000,0:12:03.000 Таа рече, "Како си?" 0:12:03.000,0:12:06.000 Јас реков, "Одлично. Добро сум." 0:12:06.000,0:12:08.000 Таа рече, "Што се случува?" 0:12:08.000,0:12:11.000 Јас сум терапевт кој оди на терапевт, 0:12:11.000,0:12:13.000 бидејќи мораме да одиме кај нив, 0:12:13.000,0:12:16.000 бидејќи нивните мерачи за срам се добри. 0:12:16.000,0:12:18.000 (Смеа) 0:12:18.000,0:12:20.000 Така реков, 0:12:20.000,0:12:22.000 "Вака, Јас се измачувам." 0:12:22.000,0:12:24.000 Таа рече, "Што е маката?" 0:12:24.000,0:12:27.000 Јас реков, "Паа, имам проблем со ранливоста. 0:12:27.000,0:12:30.000 И знам дека ранливоста е јадрото 0:12:30.000,0:12:32.000 на срамот и стравот 0:12:32.000,0:12:34.000 и нашата борба за вредноста, 0:12:34.000,0:12:37.000 но се чини дека исто така е родното место 0:12:37.000,0:12:40.000 на радоста, на креативноста 0:12:40.000,0:12:42.000 на припадноста, на љубовта. 0:12:42.000,0:12:44.000 Мислам дека имам проблем, 0:12:44.000,0:12:47.000 и ми треба малку помош." 0:12:47.000,0:12:49.000 И реков, "Но само една работа, 0:12:49.000,0:12:51.000 без спомнување на семејство, 0:12:51.000,0:12:53.000 без срања од детството." 0:12:53.000,0:12:55.000 (Смеа) 0:12:55.000,0:12:58.000 Ми требаат само некои стратегии." 0:12:58.000,0:13:02.000 (Смеа) 0:13:02.000,0:13:05.000 (Аплауз) 0:13:05.000,0:13:07.000 Ви благодарам. 0:13:09.000,0:13:12.000 Тогаш таа направи вака. 0:13:12.000,0:13:14.000 (Смеа) 0:13:14.000,0:13:17.000 Тогаш реков, "Лошо е, нели? 0:13:17.000,0:13:20.000 Таа рече, "Ниту добро, ниту лошо." 0:13:20.000,0:13:22.000 (Смеа) 0:13:22.000,0:13:24.000 "Така è како што è." 0:13:24.000,0:13:27.000 Јас реков, "Боже мој, ова ќе биде за никаде." 0:13:27.000,0:13:30.000 (Смеа) 0:13:30.000,0:13:32.000 Беше, и не беше. 0:13:32.000,0:13:35.000 Траеше околу една година. 0:13:35.000,0:13:37.000 И знаете дека има луѓе 0:13:37.000,0:13:40.000 кои, кога ќе сфатат дека ранливоста и нежноста се важни, 0:13:40.000,0:13:43.000 тие се предаваат и стануваат такви. 0:13:43.000,0:13:45.000 А: тоа не сум јас, 0:13:45.000,0:13:48.000 и Б: јас дури не се дружам со такви луѓе. 0:13:48.000,0:13:51.000 (Смеа) 0:13:51.000,0:13:54.000 За мене тоа беше едногодишна улична борба. 0:13:54.000,0:13:56.000 Борба со голи раце. 0:13:56.000,0:13:58.000 Ранливоста ме туркаше, јас возвраќав. 0:13:58.000,0:14:01.000 Ја изгубив битката, 0:14:01.000,0:14:03.000 но веројатно си го вратив животот. 0:14:03.000,0:14:05.000 Потоа се вратив на истражувањето 0:14:05.000,0:14:07.000 и ги поминав следните две години 0:14:07.000,0:14:10.000 навистина обидувајќи се да разберам, тие срдечните, 0:14:10.000,0:14:12.000 какви избори прават, 0:14:12.000,0:14:14.000 и што правиме ние 0:14:14.000,0:14:16.000 со ранливоста. 0:14:16.000,0:14:18.000 Зошто се мачиме толку многу со нејзе? 0:14:18.000,0:14:21.000 Дали сум сама во борбата со ранливоста? 0:14:21.000,0:14:23.000 Не. 0:14:23.000,0:14:25.000 Ова е она што научив. 0:14:26.000,0:14:29.000 Ние се отрпнуваме од ранливоста -- 0:14:29.000,0:14:31.000 додека го чекаме повикот. 0:14:31.000,0:14:33.000 Интересно беше, објавив нешто на Твитер и на Фејсбук 0:14:33.000,0:14:35.000 кое што гласеше, "Како би ја дефинирале ранливоста? 0:14:35.000,0:14:37.000 Што ве прави да се чувствувате ранливи?" 0:14:37.000,0:14:40.000 Во рок од еден и пол час, имав 150 одговори. 0:14:40.000,0:14:42.000 Бидејќи сакав да знам 0:14:42.000,0:14:44.000 каква е ситуацијата меѓу луѓето. 0:14:45.000,0:14:47.000 Да побарам помош од маж ми, 0:14:47.000,0:14:50.000 бидејќи сум болна, а штотоку се венчавме; 0:14:50.000,0:14:53.000 иницирање на секс со маж ми; 0:14:53.000,0:14:55.000 иницирање на секс со жена ми; 0:14:55.000,0:14:58.000 да бидам одбиена; да викнам некого за излeгување; 0:14:58.000,0:15:00.000 чекање на повик од докторот; 0:15:00.000,0:15:03.000 да бидете отпуштен; отпуштање на луѓе -- 0:15:03.000,0:15:05.000 ова е светот во кој живееме. 0:15:05.000,0:15:08.000 Живееме во ранлив свет. 0:15:08.000,0:15:10.000 И еден од начините на кои се справуваме 0:15:10.000,0:15:12.000 е преку отрпнување од ранливоста. 0:15:12.000,0:15:14.000 Мислам дека има доказ -- 0:15:14.000,0:15:16.000 и не е единствена причина што тој доказ постои, 0:15:16.000,0:15:18.000 туку мислам дека е огромна причина - 0:15:18.000,0:15:22.000 ние сме најзадолжена, 0:15:22.000,0:15:25.000 најдебела, 0:15:25.000,0:15:28.000 најзависна и најлекувана 0:15:28.000,0:15:30.000 возрасна кохорта во историјата на САД. 0:15:33.000,0:15:36.000 Проблемот е -- ова го научив од истражувањата -- 0:15:36.000,0:15:39.000 дека не можете селективно да отрпнете од емоциите. 0:15:40.000,0:15:43.000 Не можете да кажете, ова се лошите работи. 0:15:43.000,0:15:45.000 Еве ја ранливоста, еве ја тагата, еве го срамот, 0:15:45.000,0:15:47.000 еве го стравот, еве го разочарувањето, 0:15:47.000,0:15:49.000 не сакам да ги чувствувам овие. 0:15:49.000,0:15:52.000 Ќе се напијам неколку пива и ќе изедам колачиња со банана и лешник. 0:15:52.000,0:15:54.000 (Смеа) 0:15:54.000,0:15:56.000 Не сакам да ги чувствувам нив. 0:15:56.000,0:15:58.000 Ова смеење значи дека се препознавте. 0:15:58.000,0:16:01.000 Работа ми е да ви хакнувам во вашите животи. 0:16:01.000,0:16:03.000 Боже. 0:16:03.000,0:16:05.000 (Смеа) 0:16:05.000,0:16:08.000 Не можете да отрпнете од овие тешки чувства 0:16:08.000,0:16:10.000 без да отрпнете од афектите, нашите емоции. 0:16:10.000,0:16:12.000 Не можете селективно да отрпнувате. 0:16:12.000,0:16:15.000 Кога ќе отрпнеме од тие чувства, 0:16:15.000,0:16:17.000 отрпнуваме од радоста, 0:16:17.000,0:16:19.000 од благодарноста, 0:16:19.000,0:16:21.000 отрпнуваме од среќата. 0:16:21.000,0:16:24.000 Тогаш стануваме мизерни, 0:16:24.000,0:16:26.000 и бараме цел и значење, 0:16:26.000,0:16:28.000 и тогаш се чувствуваме ранливи, 0:16:28.000,0:16:31.000 и тогаш пиеме пиво и јадеме колачиња со банана и лешник. 0:16:31.000,0:16:34.000 И настанува овој опасен круг. 0:16:36.000,0:16:39.000 Една од работите за која мислам дека треба да размислиме 0:16:39.000,0:16:41.000 е зошто и како отрпнуваме. 0:16:41.000,0:16:44.000 И не мора да биде само зависност. 0:16:44.000,0:16:46.000 Друго што правиме 0:16:46.000,0:16:49.000 е претвораме сè што е несигурно во сигурно. 0:16:50.000,0:16:53.000 Религијата премина од верување во вера и мистерија, во верување 0:16:53.000,0:16:55.000 во сигурност. 0:16:55.000,0:16:58.000 Јас сум во право, вие не сте. Замолчете. 0:16:58.000,0:17:00.000 Тоа е тоа. 0:17:00.000,0:17:02.000 Само сигурно. 0:17:02.000,0:17:04.000 Колку повеќе сме исплашени, толку повеќе сме ранливи, 0:17:04.000,0:17:06.000 толку повеќе сме исплашени. 0:17:06.000,0:17:08.000 Вака изгледа денешната политика. 0:17:08.000,0:17:10.000 Не постои дискурс повеќе. 0:17:10.000,0:17:12.000 Не постои разговор. 0:17:12.000,0:17:14.000 Постојат само обвинувања. 0:17:14.000,0:17:17.000 Знаете како е опишано обвинувањето во истражувањето? 0:17:17.000,0:17:20.000 Начин да се ослободиме од болката и нелагодноста. 0:17:21.000,0:17:23.000 Ние се усовршуваме. 0:17:23.000,0:17:26.000 Ако има некој кој сака неговиот живот да изгледа вака, тоа сум јас, 0:17:26.000,0:17:28.000 но не функционира. 0:17:28.000,0:17:30.000 Бидејќи она што правиме е земаме сало од нашите задници 0:17:30.000,0:17:32.000 и го ставаме на нашите образи. 0:17:32.000,0:17:35.000 (Смеа) 0:17:35.000,0:17:37.000 За што се надевам дека за сто години, 0:17:37.000,0:17:39.000 луѓето ќе погледнат назад и ќе речат, "Уау." 0:17:39.000,0:17:41.000 (Смеа) 0:17:41.000,0:17:43.000 Ги усовршуваме,што е најопасно, 0:17:43.000,0:17:45.000 нашите деца. 0:17:45.000,0:17:47.000 Дозволете ми да ви кажам што мислиме за децата. 0:17:47.000,0:17:50.000 Тие се предиспонирани за борба кога ќе дојдат овде. 0:17:50.000,0:17:53.000 Кога ги држите тие перфектни мали бебиња во вашите раце, 0:17:53.000,0:17:55.000 не смеете да кажете, "Погледни ја, таа е совршена. 0:17:55.000,0:17:57.000 Обврска ми е да ја одржувам совршена -- 0:17:57.000,0:18:00.000 да обезбедам да влезе во тенискиот тим до петто одделение и во Јеил до седмо." 0:18:00.000,0:18:02.000 Не смееме да го кажеме ова. 0:18:02.000,0:18:04.000 Треба да погледнеме и да речеме, 0:18:04.000,0:18:07.000 "Знаеш што? Ти си несовршено, и си предиспонирано за борба, 0:18:07.000,0:18:09.000 но вредиш да добиеш љубов и припадност." 0:18:09.000,0:18:11.000 Тоа е нашата обврска. 0:18:11.000,0:18:13.000 Покажете ми генерација на деца одгледани така, 0:18:13.000,0:18:16.000 и ќе ви ставам крај на проблемите кои што ги гледаме денес. 0:18:16.000,0:18:20.000 Се преправаме дека она што правиме 0:18:20.000,0:18:23.000 нема влијание врз луѓето. 0:18:23.000,0:18:25.000 Тоа го правиме во нашите лични животи. 0:18:25.000,0:18:27.000 Го правиме тоа корпорациски -- 0:18:27.000,0:18:29.000 било да е план за спасување, излив на нафта, 0:18:29.000,0:18:31.000 повлекување -- 0:18:31.000,0:18:33.000 се преправаме дека она што правиме 0:18:33.000,0:18:36.000 нема голем удар врз другите луѓе. 0:18:36.000,0:18:39.000 Би сакала да им кажам на компаниите, ова не ни е прв пат луѓе. 0:18:40.000,0:18:42.000 Ни треба само да бидете автентични и вистински 0:18:42.000,0:18:44.000 и да речете, "Жал ни è. 0:18:44.000,0:18:47.000 Ќе се поправиме." 0:18:50.000,0:18:52.000 Но постои друг начин, и ќе ве оставам со ова. 0:18:52.000,0:18:54.000 Ова е она што открив: 0:18:54.000,0:18:56.000 да дозволиме да бидеме видени, 0:18:56.000,0:18:58.000 длабоко видени, 0:18:58.000,0:19:01.000 видени ранливи; 0:19:01.000,0:19:03.000 да сакаме со цели срца, 0:19:03.000,0:19:05.000 и покрај тоа што не постојат гаранции -- 0:19:05.000,0:19:07.000 и тоа е навистина тешко, 0:19:07.000,0:19:10.000 и можам да ви кажам како родител, тоа е измачувачки тешко -- 0:19:12.000,0:19:15.000 да практикувате благодарност и радост 0:19:15.000,0:19:17.000 во тие момент на страв, 0:19:17.000,0:19:19.000 кога се прашуваме, "Можам ли да те сакам волку многу? 0:19:19.000,0:19:21.000 Можам ли да верувам во ова страстно? 0:19:21.000,0:19:24.000 Можам ли да бидам храбар во врска со ова?" 0:19:24.000,0:19:26.000 да можам само да застанам и, наместо да катастрофизирам за иднината, 0:19:26.000,0:19:29.000 само да речам, "Толку многу сум благодарен, 0:19:29.000,0:19:32.000 бидејќи тоа што ја чувствувам ранливоста значи дека сум жив." 0:19:33.000,0:19:36.000 И последното, кое што мислам дека е најважно, 0:19:36.000,0:19:39.000 е да веруваме дека сме доволни. 0:19:39.000,0:19:41.000 Бидејќи кога работиме од позиција 0:19:41.000,0:19:44.000 која вели, "Јас сум си доволен," 0:19:45.000,0:19:48.000 тогаш прекинуваме да врескаме и почнуваме да слушаме, 0:19:49.000,0:19:51.000 стануваме попријатни кон луѓето околу нас, 0:19:51.000,0:19:54.000 и попријатни кон самите себе. 0:19:54.000,0:19:56.000 Тоа е сè што имам. Ви благодарам. 0:19:56.000,0:19:59.000 (Аплауз)