Јонг - ха Ким: Биди уметник, токму сега!
-
0:00 - 0:02Темата на мојот денешен говор е,
-
0:02 - 0:05„Станете уметник, токму СЕГА.“
-
0:05 - 0:08Повеќето луѓе кога оваа тема ќе се спомене
-
0:08 - 0:11се стресуваат и не сакаат да зборуваат:
-
0:11 - 0:14„Уметноста не ме исполнува, а и зафатен сум сега.
-
0:14 - 0:16Треба да одам на училиште, да најдам работа,
-
0:16 - 0:18треба да ги однесам децата на часови...“
-
0:18 - 0:24Си мислите, „Премногу сум зафатен/а. Немам време за уметност.“
-
0:24 - 0:27Постојат стотици причини за да не бидеме уметници.
-
0:27 - 0:29Зарем не ви текнуваат во моментов?
-
0:29 - 0:31Имаме бескрајно многу причини за да не бидеме,
-
0:31 - 0:33а немаме ниту една за да бидеме.
-
0:33 - 0:35Не знаеме зошто би биле уметници,
-
0:35 - 0:39но имаме многу причини зошто не можеме да бидеме.
-
0:39 - 0:43Зошто луѓето се дистанцираат од уметноста?
-
0:43 - 0:47Можеби си мислите дека уметноста е за високо надарените
-
0:47 - 0:52или за оние кои имаат темелна и професионална обука.
-
0:52 - 0:57А некои од вас можеби мислат дека се премногу оддалечени од уметноста.
-
0:57 - 1:01Па можеби е така, но сепак јас не се согласувам.
-
1:01 - 1:04Ова е темата на мојот денешен говор.
-
1:04 - 1:05Сите ние се раѓаме како уметници.
-
1:05 - 1:09Ако имате деца, знаете на што мислам.
-
1:09 - 1:13Скоро сè што прават децата е уметност.
-
1:13 - 1:16Цртаат со фломастери по ѕидот.
-
1:16 - 1:19Танцуваат на Son Dam Bi танцот на ТВ,
-
1:19 - 1:23но тоа и не можете да наречете Son Dam Bi танц -- тоа е нивниот детски танц.
-
1:23 - 1:28Тие танцуваат некој чуден танц, а своето пеење им го наметнуваат на сите.
-
1:28 - 1:32Можеби само нивните родители можат да ја поднесат оваа уметност,
-
1:32 - 1:37и бидејќи ваквата уметност тие ја вежбаат цел ден,
-
1:37 - 1:41да бидеме искрени, луѓето се заморуваат по малку.
-
1:41 - 1:44Децата некогаш изведуваат монодрами --
-
1:44 - 1:47домашните игри се навистина монодрами или претстави.
-
1:47 - 1:50Некои пак деца, кога малку ќе пораснат,
-
1:50 - 1:52почнуваат да лажат.
-
1:52 - 1:57Вообичаено родителите ја паметат првата лага на детето.
-
1:57 - 1:59И тогаш се шокирани.
-
1:59 - 2:02„Сега покажуваш кој си навистина, „вели мајката. Се прашува, „Зошто прави сè како татко му?“
-
2:02 - 2:05Па го испрашува, „Каков човек ќе бидеш утре?“
-
2:05 - 2:07Но, не треба да се грижите.
-
2:07 - 2:13Кога детето ќе почне да лаже, во тој момент започнува кажувањето на приказни.
-
2:13 - 2:15Тие зборуваат за работи кои не ги виделе.
-
2:15 - 2:17Тоа е неверојатно. Тоа е прекрасен момент.
-
2:17 - 2:19Родителите би требало да го слават.
-
2:19 - 2:23„Ураа! Моето момче конечно почна да лаже!“
-
2:23 - 2:26Во ред! Тоа е знак за прослава.
-
2:26 - 2:29На пример, детето вели, „Мамо, погоди што? Сретнав вонземјанин кога си доаѓав накај дома.“
-
2:29 - 2:33Типичната мајка би рекла, „Престани да зборуваш глупости.“
-
2:33 - 2:37Но, идеалниот родител би изреагирал вака:
-
2:37 - 2:40„Стварно? Вонземјанин, хм? Како изгледаше? Ти рече нешто?
-
2:40 - 2:42Каде го сретна?“ „А, пред супермаркетот.“
-
2:42 - 2:44Кога разговарате вака,
-
2:44 - 2:51детето мора да смисли нешто друго за да биде доследно на она што го започнало.
-
2:51 - 2:53Многу бргу, приказната се развива.
-
2:53 - 2:57Секако дека ова е детска приказна,
-
2:57 - 3:01но смислувањето на реченици кои одат една по друга
-
3:01 - 3:05е нешто што го прават и професионалните писатели како мене.
-
3:05 - 3:07Во суштина, не постои разлика.
-
3:07 - 3:10Роланд Барт за Флоберовите романи го кажал следново:
-
3:10 - 3:13„Флобер не напиша роман.
-
3:13 - 3:16Тој само ги поврза речениците една по друга.
-
3:16 - 3:20Еросот помеѓу речениците е суштината на Флоберовиот роман.“
-
3:20 - 3:23Токму така -- романот, во основа, е пишување на една реченица,
-
3:23 - 3:27потоа, без нарушување на смислата на првата,
-
3:27 - 3:28се пишува следната реченица.
-
3:28 - 3:30На тој начин ги поврзувате речениците.
-
3:30 - 3:32Погледнете ја оваа реченица:
-
3:32 - 3:34„Едно утро, кога Грегор Самса се разбудил од лош сон, открил дека е трансформиран во монструозна и вошлива бубачка.“
-
3:34 - 3:37Ова е првата реченица од „Метаморфозис“ на Франц Кафка.
-
3:37 - 3:40Преку пишување на една ваква неоправдана реченица,
-
3:40 - 3:42па продолжувањето со друга за да ја оправдате првата,
-
3:42 - 3:47трудот на Кафка стана ремек дело на современата литература.
-
3:47 - 3:50Кафка не го покажал своето дело на татко му.
-
3:50 - 3:52Не бил во добри односи со татко му.
-
3:52 - 3:56Сам ја напишал оваа реченица.
-
3:56 - 3:59Да му ја покажел, веројатно ќе си помислел, "Син ми начисто одлепил."
-
3:59 - 4:01И тоа е точно. Уметноста е уствари благо лудило,
-
4:01 - 4:03а оправдувањето на речениците
-
4:03 - 4:06е многу слично на детското оправдување.
-
4:06 - 4:08Дете кое штотуку почнало да лаже
-
4:08 - 4:11го превзема првиот чекор како раскажувач.
-
4:11 - 4:14Децата создаваат уметност.
-
4:14 - 4:15Не се заморуваат и се забавуваат правејќи го тоа.
-
4:15 - 4:17Деновиве бев на Чеџу островот.
-
4:17 - 4:22Кога децата се на плажа, повеќето од нив сакаат да си играат во водата.
-
4:22 - 4:25Но некои од нив поминуваат многу време во песокот,
-
4:25 - 4:27правејќи планини и мориња -- добро, не мориња,
-
4:27 - 4:31но различни работи -- луѓе и кучиња, и сл.
-
4:31 - 4:32Но родителите им велат,
-
4:32 - 4:34„Сè ќе избришат брановите.“
-
4:34 - 4:36Со други зборови, бескорисно е тоа што го правиш.
-
4:36 - 4:37Нема потреба.
-
4:37 - 4:39Но на децата баш им е гајле.
-
4:39 - 4:40Тие се забавуваат во моментот
-
4:40 - 4:42и продолжуваат да си играат во песокот.
-
4:42 - 4:45Децата тоа не го прават бидејќи некој им кажал така.
-
4:45 - 4:46Не им наредил шефот
-
4:46 - 4:49или некој друг, тие едноставно го прават.
-
4:49 - 4:55Кога сте биле мали, можам да се обложам дека сте уживале во примитивната уметност.
-
4:55 - 4:59Кога ќе побарам од моите студенти да пишуваат за нивниот најсреќен момент,
-
4:59 - 5:05многумина пишуваат за разни уметнички искуства кои ги имале како деца.
-
5:05 - 5:08Како учеле да свират пијано и како свиреле со четири раце со нивниот другар,
-
5:08 - 5:13или како изведувале смешен скеч со нивните пријатели, пришто изгледале како идиоти. За такви работи.
-
5:13 - 5:16Или за моментот кога го развиле првиот филм исликан со стариот фотоапарат.
-
5:16 - 5:18Тие зборуваат за ваквите искуства.
-
5:18 - 5:21Сигурно и вие сте имале вакви моменти.
-
5:21 - 5:23Во ваквите мигови, уметноста нè усреќува,
-
5:23 - 5:24бидејќи не е работа.
-
5:24 - 5:27Работата не ве усреќува, нели? Најчесто е напорна.
-
5:27 - 5:30Францускиот писател Мишел Турниè има една позната изрека.
-
5:30 - 5:32Иако е малку проблематична.
-
5:32 - 5:37„Работата е против човековата природа, бидејќи нè заморува.“
-
5:37 - 5:38Зошто би нè заморувала ако е дел од нашата природа?
-
5:38 - 5:40Играта не нè заморува.
-
5:40 - 5:41Можеме да си играме цела вечер.
-
5:41 - 5:44Ако работиме преку ноќ, треба да ни платат за прекувремена работа.
-
5:44 - 5:47Зошто? Бидејќи нè истоштува и чувствуваме замор.
-
5:47 - 5:51Но, децата се занимаваат со уметност заради забава. Тоа е игра.
-
5:51 - 5:54Тие не цртаат за да го продадат делото на некој клиент
-
5:54 - 5:57и не свират пијано за да го издржуваат своето семејство.
-
5:57 - 6:00Секако, имало деца кои морале да го прават и тоа.
-
6:00 - 6:01Го знаете овој господин така?
-
6:01 - 6:05Тој морал да оди на турнеи низ Европа за да го издржува своето семејство --
-
6:05 - 6:07Волфганг Амадеус Моцарт --
-
6:07 - 6:10но тоа било векови наназад, па можеме да го сметаме како исклучок.
-
6:10 - 6:14За жал, во одреден момент нашата уметност, нашето радосно време завршува.
-
6:14 - 6:18Децата мора да одат на часови, во училиште, да напишат домашна работа
-
6:18 - 6:21и секако одат на часови по пијано или балет,
-
6:21 - 6:23но повеќе не се забавуваат.
-
6:23 - 6:26Ви кажуваат да го правите тоа, и одите на натпревари. Како може тоа да биде забавно?
-
6:26 - 6:32Ако сте во основно училиште и сè уште цртате по ѕид,
-
6:32 - 6:36тогаш сигурно ќе си имате проблеми со мајка ви.
-
6:36 - 6:40Освен тоа, ако продолжите,
-
6:40 - 6:42и како возрасен, да се однесувате како уметник,
-
6:42 - 6:46тогаш постојано сте под притисок --
-
6:46 - 6:52луѓето ќе ги преиспитуваат вашите постапки и ќе бараат да се однесувате соодветно.
-
6:52 - 6:58Еве ја мојата приказна. Бев осмо одделение и се пријавив на натпревар по цртање во училиште во Гјонкбокгунг.
-
6:58 - 7:01Дадов сè од себе, а мојот наставник дојде
-
7:01 - 7:05и ме праша, „Што правиш?“
-
7:05 - 7:06„Цртам внимателно,“ му одговорив.
-
7:06 - 7:08„Зошто користиш само црна боја?“
-
7:08 - 7:11И навистина, јас како споулавен го боев блокчето со црна боја.
-
7:11 - 7:14И му објаснив,
-
7:14 - 7:17„Ова е мрачна ноќ, а враната си седи на гранка.“
-
7:17 - 7:18Тогаш мојот наставник рече,
-
7:18 - 7:23„Стварно? Па, Јонг-ха, веројатно не те бива за цртање, но имаш талент за раскажување.“
-
7:23 - 7:26Камо среќа да го кажеше тоа.
-
7:26 - 7:29Уствари ми кажа, "Копук ниеден,
-
7:29 - 7:30сега ќе си го добиеш." (Смеа)
-
7:30 - 7:33Требаше да нацрташ палата,Гјонкбокгун , или сл.,
-
7:33 - 7:35но јас боев сè во црно,
-
7:35 - 7:37и така ме исфрли од групата.
-
7:37 - 7:39Имаше и многу девојчиња,
-
7:39 - 7:41па бев ептен исплашен.
-
7:41 - 7:45Не ми ги прифатија ниту објаснувањата, ниту изговорите,
-
7:45 - 7:48и навистина си го извлеков подебелиот крај.
-
7:48 - 7:53Да беше идеален наставник, ќе изреагираше онака како што кажав пред малку,
-
7:53 - 7:55„Јанг-ха можеби нема талент за цртање,
-
7:55 - 7:59но има дарба за смислување на приказни,“ и ќе ме охрабреше.
-
7:59 - 8:02Но таквите наставници ретко се наоѓаат.
-
8:02 - 8:05Подоцна, пораснав и отидов во една европска галерија -
-
8:05 - 8:07Бев студент -- и си помислив
-
8:07 - 8:12дека тоа што ми го направи беше навистина нефер. Погледнете на што налетав. (Смеа)
-
8:12 - 8:17Вакви дела биле изложени во Базел, а јас бев казнет
-
8:17 - 8:22и стоев пред палатата со мојот цртеж во уста.
-
8:22 - 8:25Погледнете го ова. Зарем не ви личи на тапет?
-
8:25 - 8:27Современатa уметност, подоцна дознав,
-
8:27 - 8:31не може да се објасни со неубедлива приказна како мојата. Никаде не се спомнуваат врани.
-
8:31 - 8:34Повеќето дела немаат наслов.
-
8:34 - 8:37Како и да е, современата уметност во 20-тиот век настојува
-
8:37 - 8:43да направи нешто необично, а потоа ја пополнува празнината со некакво објаснување и толкување --
-
8:43 - 8:44во суштина, исто како што јас направив.
-
8:44 - 8:47Секако дека моето дело беше многу аматерско,
-
8:47 - 8:50но еве да се осврнеме на некои познати примери.
-
8:50 - 8:53Ова дело е на Пикасо.
-
8:53 - 8:59Го вглавил кормилото во седиштето од велосипедот и го нарекол „Бикова глава." Звучи убедливо, нели?
-
8:59 - 9:03Следно, писоарот е поставен во страна и е наречен „Фонтана."
-
9:03 - 9:05Ова дело е на Дишан.
-
9:05 - 9:09Пополнување на празнината помеѓу објаснувањето и чудниот акт со некаква приказна --
-
9:09 - 9:13со тоа се занимава современата уметност.
-
9:13 - 9:15Пикасо дури и изјавил:
-
9:15 - 9:19„Не го сликам она што го гледам, туку она што го мислам.“
-
9:19 - 9:22Значи не морало да ја сликам палатата.
-
9:22 - 9:26Камо да знаев тогаш што рекол Пикасо. Ќе имав аргументи пред мојот наставник.
-
9:26 - 9:29За жал, малите уметници во нас
-
9:29 - 9:35се осудени на смрт уште пред да започне борбата против угнетувачите на уметноста.
-
9:35 - 9:36Остануваат заробени внатре.
-
9:36 - 9:38Тоа е нашата трагедија.
-
9:38 - 9:43И, што се случува кога малите уметници ќе ги заклучите, ќе ги казните или дури ќе ги убиете?
-
9:43 - 9:44Нашите уметнички желби не исчезнуваат.
-
9:44 - 9:47Сакаме да се изразиме, да се пронајдеме себеси,
-
9:47 - 9:53но кога уметникот е мртов, уметничката желба се пројавува во темна форма.
-
9:53 - 9:55Во караоке баровите, постојано има луѓе кои пеат
-
9:55 - 9:58„She is Gone" или "Hotel California"
-
9:58 - 10:00имитирајќи ги гитарските рифови.
-
10:00 - 10:03Обично звучат грозно. Навистина грозно.
-
10:03 - 10:05Некои луѓе стануваат вакви рокери.
-
10:05 - 10:07А некои луѓе пак, играат по клубовите.
-
10:07 - 10:11Луѓето кои би уживале во раскажувањето на приказни,
-
10:11 - 10:14завршуваат тролајќи на интернет по цела ноќ.
-
10:14 - 10:17И на тој начин, талентот за пишување се пројавува во мрачна форма.
-
10:17 - 10:21Понекогаш татковците се повозбудени од нивните деца,
-
10:21 - 10:24си играат со Лего коцки или составуваат пластични роботи.
-
10:24 - 10:26Велат „Не фаќај, тато ќе го направи.“
-
10:26 - 10:27Детето ќе си отиде,
-
10:27 - 10:31а таткото сам си прави замоци.
-
10:31 - 10:36Ова значи дека нашите уметнички импулси се потиснати, но не се исчезнати.
-
10:36 - 10:40Но честопати се пројавуваат во негативна форма т.е. во вид на завист.
-
10:40 - 10:45Ја знаете песната „Сакам да бидам на ТВ“? Зошто би го сакале тоа?
-
10:45 - 10:49На ТВ има многу луѓе кои го прават она што ние сме сакале да го правиме,
-
10:49 - 10:51но не сме успеале.
-
10:51 - 10:57Танцуваат, глумат -- и колку повеќе го прават тоа толку повеќе се славни.
-
10:57 - 11:00Па почнуваме да им завидуваме.
-
11:00 - 11:04Стануваме диктатори со далечинско и почнуваме да ги критикуваме луѓето на ТВ.
-
11:04 - 11:10„Па и не знае баш да глуми.“ „Ова го нарекуваш пеење? Она не може да погоди ни еден тон.“
-
11:10 - 11:12Со огромна леснотија го кажуваме ова.
-
11:12 - 11:15Стануваме љубоморни, не затоа што сме злобни,
-
11:15 - 11:20туку затоа што во нас има мал уметник кој е потиснат.
-
11:20 - 11:23Така мислам јас.
-
11:23 - 11:25Тогаш што треба
-
11:25 - 11:26да направиме?
-
11:26 - 11:29Треба да си започнеме сопствена уметност.
-
11:29 - 11:30Да го исклучиме телевизорот,
-
11:30 - 11:32да се одлогираме од интернет,
-
11:32 - 11:35да станеме и да почнеме да правиме нешто.
-
11:35 - 11:37Во драмското училиште каде што предавам,
-
11:37 - 11:40имаме предмет наречен Драмска уметност.
-
11:40 - 11:44По овој предмет, сите студенти мораат да направат претстава.
-
11:44 - 11:48Меѓутоа, оние на кои глумата им е главен предмет нема да глумат.
-
11:48 - 11:50Тие може да ја напишат претставата, на пример,
-
11:50 - 11:53а писателите ќе се занимаваат со сценската уметност.
-
11:53 - 11:55Вака ја правите претставата.
-
11:55 - 11:59Студентите отпрвин се сомневаат во своите способности,
-
11:59 - 12:03но подоцна им станува многу интересно. Досега немам видено несреќен учесник.
-
12:03 - 12:07Во училиште, во војска, па дури и во душевна болница, кога ќе ги поттикнете луѓето на ова, потоа тие уживаат.
-
12:07 - 12:12Сум го видел ова во војска, многу луѓе се забавуваа правејќи претстави.
-
12:12 - 12:15Имам и едно друго искуство:
-
12:15 - 12:19На моите часови по пишување, на студентите им давам специјални задачи.
-
12:19 - 12:25Моите студенти се како вас -- на повеќето пишувањето не им е главен предмет.
-
12:25 - 12:29На некои главна им е музиката или уметноста и мислат дека не знаат да пишуваат.
-
12:29 - 12:33На нив им давам празен табак и тема.
-
12:33 - 12:35Може да биде едноставна тема:
-
12:35 - 12:37Пишувајте за најнесреќните моменти од детството.
-
12:37 - 12:41Постои само едно правило: Мора да пишувате божем сте луди.
-
12:41 - 12:44Шетам околу нив и ги охрабрувам.
-
12:44 - 12:48„Ајде! Ајде!“ Треба да пишуваат како луди еден час или два.
-
12:48 - 12:51Може да размислуваат само првите 5 минути.
-
12:51 - 12:54А ги терам да пишуваат како луди, затоа што
-
12:54 - 12:57многу мисли минуваат низ главата и ако пишувате споро,
-
12:57 - 12:59тогаш ќе ви се вовлече уметничкиот демон.
-
12:59 - 13:03Демонот ќе ви каже стотици причини
-
13:03 - 13:06зошто не можете да пишувате:
-
13:06 - 13:09„Луѓето ќе ти се смеат. Ова не е добро напишано!
-
13:09 - 13:11Каква реченица е ова? Види си го ракописот!“
-
13:11 - 13:12Ќе ви каже многу работи.
-
13:12 - 13:15Мора да трчате брзо за да не ве стигне демонот.
-
13:15 - 13:19Најдобрите текстови кои сум ги видел на моите часови
-
13:19 - 13:21не се оние кои биле пишувани долго време,
-
13:21 - 13:25туку оние лудачките кои се пишувани пред мене
-
13:25 - 13:28со пенкало во рок од 40 до 60 минути.
-
13:28 - 13:30Студентите запаѓаат во некаков транс.
-
13:30 - 13:35После 30 или 40 минути, тие пишуваат без да знаат што пишуваат.
-
13:35 - 13:38Во тој момент, зајадливиот демон исчезнува.
-
13:38 - 13:39Можам да кажам дека:
-
13:39 - 13:43не се важни стотиците причини заради кои не можеме да бидеме уметници,
-
13:43 - 13:48туку важна е едната причина заради која мораме да бидеме уметници.
-
13:48 - 13:49Не е важно зошто не можеме.
-
13:49 - 13:52Многу уметници станале уметници поради една причина.
-
13:52 - 13:56Кога ќе го успиеме демонот и ќе започнеме со нашата уметност,
-
13:56 - 13:58се појавуваат надворешните непријатели.
-
13:58 - 14:01Воглавно го имаат ликот на нашите родители (Смеа).
-
14:01 - 14:04Понекогаш го имаат ликот на нашите сопружници,
-
14:04 - 14:06но тоа не се вашите родители/сопружници.
-
14:06 - 14:09Тое се демони. Демони.
-
14:09 - 14:11Тие доаѓаат на земјата набрзина трансформирани
-
14:11 - 14:15за да ве спречат во намерата да бидете уметник.
-
14:15 - 14:17И си имаат магични прашања.
-
14:17 - 14:23Кога ќе кажеме, „Ќе се пробам во глума. Има драмско училиште во близина,“ или
-
14:23 - 14:28„Сакам да научам италијански песни,“ тие ќе прашаат „Навистина? Глума? За што ќе ти е тоа?
-
14:28 - 14:31Магичното прашање е, „За што ќе ти е тоа?“
-
14:31 - 14:35Но уметноста не постои за нешто друго.
-
14:35 - 14:37Самата уметноста е крајната цел.
-
14:37 - 14:41Ни ја чува душата и ни го усреќува животот.
-
14:41 - 14:47Ни помага да се изразиме и да бидеме среќни без помош на алкохол или дрога.
-
14:47 - 14:51За да одговориме на едно такво прагматично прашање,
-
14:51 - 14:54треба да бидеме цврсти.
-
14:54 - 14:58„Па, само поради забава. Жал ми е што ќе се забавувам без тебе,“
-
14:58 - 15:02тоа треба да го кажете. „Во секој случај ќе си се забавувам.“
-
15:02 - 15:07Идеалната иднина која што ја замислувам е место каде што сите ние ќе имаме повеќе идентитети,
-
15:07 - 15:11од кои барем еден е уметнички.
-
15:11 - 15:14Еднаш кога бев во Њујорк се качив во такси. Седнав на задното седиште,
-
15:14 - 15:18и пред мене видов нешто поврзано со некоја претстава.
-
15:18 - 15:19Го прашав таксистот, „Што е ова?“
-
15:19 - 15:23Рече дека тоа му е профил. „Тогаш што сте вие?“ Го прашав. „Глумец,“ ми рече.
-
15:23 - 15:27Беше таксист и глумец. Го прашав, „Какви улоги најчесто глумите?“
-
15:27 - 15:29А тој гордо ми одговори дека го глуми Кралот Лир.
-
15:29 - 15:30Кралот Лир.
-
15:30 - 15:32„Кој може да ми каже кој сум јас?“ -
-
15:32 - 15:35- одлична реченица од Кралот Лир. Тоа е светот за кој јас сонувам.
-
15:35 - 15:39Некој е играч на голф преку ден, а навечер е писател.
-
15:39 - 15:42Или е таксист и глумец, банкар и сликар,
-
15:42 - 15:47тајно или јавно се занимава со својата уметност.
-
15:47 - 15:52Во 1990, Марта Грем, легендата на модерниот танц, дојде во Кореја.
-
15:52 - 15:58Голем уметник, тогаш во нејзините деведесети, пристигна на аеродромот Гимпо,
-
15:58 - 16:01а еден новинар и постави едно типично прашање:
-
16:01 - 16:04„Што треба да направите за да станете извонреден танчер?
-
16:04 - 16:06Имате некој совет за идните корејски танчери?“
-
16:06 - 16:11Таа била генијална. Оваа слика е направена во 1948 и тогаш веќе била познат уметник.
-
16:11 - 16:13Во 1990, ѝ го поставиле ова прашање.
-
16:13 - 16:16И еве што одговори:
-
16:16 - 16:20„Едноставно пробајте.“
-
16:20 - 16:22Јас бев трогнат.
-
16:22 - 16:26Само овие два збора и го напушти аеродромот. Тоа е тоа.
-
16:26 - 16:29И што треба да направиме сега?
-
16:29 - 16:33Ајде да бидеме уметници, токму сега. Уште сега. Како?
-
16:33 - 16:34Едноставно пробајте!
-
16:34 - 16:35Ви благодарам.
-
16:35 - 16:37(Аплауз)
- Title:
- Јонг - ха Ким: Биди уметник, токму сега!
- Speaker:
- Young-ha Kim
- Description:
-
Зошто воопшто престануваме да си играме и да создаваме? Со шарм и хумор, познатиот корејски автор Јонг-ха Ким се повикува на светските уметници со цел да ве охрабри да го ослободите детето во вас -- уметникот кој сака да си игра засекогаш. (Снимено на TEDx Сеул).
- Video Language:
- Korean
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 16:57
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for 김영하: 예술가가 되자, 지금 당장! | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for 김영하: 예술가가 되자, 지금 당장! | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for 김영하: 예술가가 되자, 지금 당장! | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for 김영하: 예술가가 되자, 지금 당장! | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for 김영하: 예술가가 되자, 지금 당장! | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for 김영하: 예술가가 되자, 지금 당장! | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for 김영하: 예술가가 되자, 지금 당장! | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for 김영하: 예술가가 되자, 지금 당장! |